Contract
Комора на извршители на Република Македонија
Барање за прибирање на понуди за изнајмување на деловни простории.
Скопје 09.09.2016 година
ИНСТРУКЦИИ ЗА ПОНУДУВАЧИТЕ
1. Договорен орган
Договорен орган е Комората на извршители на РМ – Скопје, (во понатамошниот текст КИРМ Скопје), со седиште на бул.Илинден бр.60 002-2 1000 Скопје, Р.Македонија, телефон за контакт 00-0000-000 факс 00 0000-000 електронска адреса xxxx@xxxx.xx, контакт лице Xxxxxxx Xxxxxxxxxx.
2. Предмет на Договорот
Предмет на овој Договор прибирање на понуди за изнајмување на деловни простории за потребите на Комората на извршители на РМ.
3. Рок на испорака
Понудувачот чија понуда ќе биде избрана од страна на Комисија формирана од Комората на извршители на РМ, ќе има обврска предметот на договорот да го стави на располагање на Комората од 01.01.2017 година
4. Начин на плаќање
Плаќањето на износот на исносот на наемнината и данокот е од 01 до 15 во месецот за тековниот месец.
5.Елементи на понудата
Понудата треба да е составена од - Пополнет образец на Понуда (Прилог 2);
Периодот за достава на понуди е 10 дена од денот на отворањето на Барањето за прибирање на понуди.
Краен рок за поднесување на понудите е 19.09.2016 година, Понудите се поднесуваат електронски на е-маил xxxx@xxxx.xx, пристигнатите понуди по истекот на рокот нема да се земат на разгледување.
Прилог 1:
Спецификација на потреби за деловен простор
Комората на извршители на РМ согласно одлука на Управен одбор, прибира понуди за изнајмување на деловни простории за потребите на Комората со следните карактеристики:
Големина на просторот: од 100 м2 до 150 м2
Локација на просторот: Oпштина Центар, Скопје.
Опрема на прсоторот; информации за број на простории во склоп на просторот, тоалети, кујна, тараса и помошни простории-подрум. Внатрешен инвентар (тела за греење и ладење)
Функционалност на просторот: информации за местоположба (улица, број и спрат), лифт итн.
Напомена: Доколку располагате со фотографии од просторот истите можете да ги доставите во прилог на маилот.
Прилог 2:
ОБРАЗЕЦ НА ПОНУДАТА
Врз основа на барање за прибирање на понуди ја поднесуваме следнава:
1. ПОНУДА
Информации за Понудувачот:
Назив / Име и презиме на понудувачот Контакт информации: Адреса: Телефон: Факс: Е-пошта: Лице за контакт: Одговорно лице: Даночен број:
2. ТЕХНИЧКА И ФИНАНСИСКА ПОНУДА
2.1. Согласни сме да понудиме деловни просории со бараната спецификација и тоа
р.б | Назив | Количина | Цена со ДДВ/персонален данок во денари |
1. | Деловен простор | месечно |
Според тоа, вкупната цена со ДДВ/ персонален данок за изнајмување на деловен простор на месечно ниво изнесува: [со бројки],
[со букви]
Датум и место: Oвластено лице: