1.1 Договорен орган е Државниот завод за ревизија, со седиште во деловниот објект, Палата ,,Емануел Чучков”, на ул. „Јордан Мијалков“ П.Фах 249, Скопје, телефон 02/3 211 262, факс 02/3 126 311, електронска пошта: dzr@dzr.gov.mk, интернет адреса:...
ПОЕДНОСТАВЕНА ТЕНДЕРСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА
ПОСТАПКА СО БАРАЊЕ ЗА ПРИБИРАЊЕ НА ПОНУДИ
[преку ЕСЈН со е-аукција]
ЗА НАБАВКА НА СОФТВЕРИ
ОГЛАС 13/2017
Скопје, август, 2017 година
Инструкции за понудувачите
1. Договорен орган
1.1 Договорен орган е Државниот завод за ревизија, со седиште во деловниот објект, Палата ,,Xxxxxxx Xxxxxx”, на ул. „Xxxxxx Xxxxxxxx“ X.Xxx 249, Скопје, телефон 02/0 000 000, факс 02/3 126 311, електронска пошта: xxx@xxx.xxx.xx, интернет адреса: xxx.xxx.xxx.xx.
1.2. Лице за контакт кај договорниот орган е Xxxxxx Xxxxxxxxx, телефон 000 000000, електронска адреса xxxxxx.xxxxxxxxx@xxx.xxx.xx.
2. Предмет на договорот за јавна набавка
2.1. Предмет на договорот за јавна набавка е набавка на софтвери. Детален опис на предметот на договорот е даден во техничките спецификации во прилог на оваа тендерска документација.
2.2. Предметот на договорот е делив по делови како што е дефинирано во техничката спецификација и тоа:
Дел 1 - Софтвер за обработка на видео, аудио и графички материјали
Дел 2 - Софтвер за евиденција на ИТ инциденти
2.3 Понудувачот може да даде понуда за еден, повеќе или за сите делови од предметот на договорот за јавна набавка. Понудувачот не може да ги дели составните елементи на поединечниот дел. За секој поединечен дел од предметот на договорот ќе се спроведе посебна електронска аукција преку електронскиот систем за јавни набавки (xxxxx://xxx.x-xxxxxxx.xxx.xx). Предмет на секоја аукција ќе биде вкупната цена вклучувајќи ги сите трошоци и попусти и увозни царини, без ДДВ за секој дел од предметот на договорот за јавна набавка.
2.4 Доколку софтверското решение предвидено со дел 2 - Софтвер за евиденција на ИТ инциденти се изработува за потребите на ДЗР, во цената на понудата треба да биде вклучен изворниот код на не исклучива основа.
3. Начин на испорака / извршување на услугата
Носителот на набавката е должен да го изврши предметот на набавката согласно условите од договорот склучен со најповолниот понудувач.
4. Разлики во цена (корекција на цени)
Не се предвидува корекција на цените, односно цените искажани во понудата на најповолниот понудувач ќе бидат фиксни за целото времетраење на договорот за јавна набавка.
5. Рок на испорака / за извршување на услугата
Носителот на набавката е должен да го испорача предметот на договорот во рок согласно условите од договорот склучен со најповолниот понудувач.
6. Начин на плаќање
Плаќањето на предметот на набавката ќе се изврши согласно условите од договорот склучен со најповолниот понудувач.
7. Извор на средства
Средствата за реализација на договорот за јавна набавка кој е предмет на оваа постапка се обезбедени од буџетот на Државен завод за ревизија од сметката на проектот МАК-12/0015 „Имплементација на систем за управување со ревизија“ финансиран од грант на Кралството Норвешка.
8. Применливи прописи
8.1. Оваа постапка се спроведува согласно со Законот за јавните набавки, објавен во „Службен весник на Република Македонија“ број 136/07; 130/08; 97/10; 53/2011, 185/2011, 15/2013, 148/2013, 160/13, 28/14, 43/14, 130/14, 180/14, 78/15, 192/15, 27/16 и 120/16) и донесените подзаконски акти.
8.2. При подготовка на својата понуда, понудувачот треба да ги има предвид важечките прописи од областа на даноците и другите јавни давачки, потребните закони можат да се најдат во соодветните изданија на „Службен весник на Република Македонија„. Дополнителни податоци во однос на важечките прописи од горенаведените области, понудувачот може да ги добие од Управата за јавни приходи, Царинската управа и Министерството за финансии.
9. Право на учество
9.1. Економскиот оператор кој има една или повеќе негативни референци, групата економски оператори во која членува економски оператор кој има негативна референца, како и економскиот оператор кој претставува поврзано друштво со економскиот оператор кој има негативна референца, нема право на учество.
9.2. Право да достави понуда има секое заинтересирано домашно и странско правно и физичко лице - понудувач, кое е регистрирано за вршење на дејноста поврзана со предметот на договорот за јавна набавка.
9.3. Право да достави понуда има и група на понудувачи без обврска за здружување во соодветна правна форма. Договорниот орган нема да бара од групата на понудувачи да се здружи во посебна правна форма доколку истата биде избрана за носител на набавката.
9.4. Составен дел од групната понуда е договор за поднесување групна понуда со кој членовите во групата економски оператори меѓусебно и кон договорниот орган се обврзуваат за извршување на договорот за јавна набавка. Овој договор потребно е да ги содржи следниве податоци: членот на групата кој ќе биде носител на групата, односно кој ќе ја поднесе понудата и ќе ја застапува групата, членот на групата кој во име на групата економски оператори ќе го потпише договорот за јавна набавка, членот на групата кој ќе ја издаде фактурата и сметка на која ќе се вршат плаќањата, краток опис на обврските на секој од членовите на групата економски оператори за извршување на договорот.
9.5. Сите членови на групата на понудувачи се поединечно и солидарно одговорни пред договорниот орган за извршување на своите обврски. Договорниот орган ќе комуницира со претставникот на групата на понудувачи.
Напомена: Во моментот на поднесување на групна понуда, носителот на групата треба да биде регистриран на Електронскиот систем за јавни набавки. 1
Носителот на групата задолжително ги потпишува со дигитален сертификат: понудата, потребните изјави и целокупната документација која самиот ја изготвува и потпишува. Доколку членовите на групата не поседуваат дигитален сертификат, потребните изјави и документацијата која тие ја изготвуваат и потпишуваат може да биде своерачно потпишана и доставена во скенирана електронска форма.
9.6. Економскиот оператор во рамките на иста постапка за доделување на договор за јавна набавка може да учествува само во една понуда. Сите понуди ќе бидат отфрлени ако економскиот оператор:
учествува во повеќе од една самостојна и/или како член во групна понуда или
учествува како подизведувач во друга самостојна и/или како член во групна понуда.
9.7. Економскиот оператор може да учествува како подизведувач во повеќе од една понуда.
9.8. Понудувачот може да ангажира подизведувачи. Доколку понудувачот има намера дел од договорот за јавна набавка да го отстапи на еден или повеќе подизведувачи, во понудата мора да наведе податоци за делот од договорот кој има намера да го отстапи на подизведувачи, како и податоци за сите предложени подизведувачи (фирма, седиште, единствен даночен број и слично). Понудувачот е одговорен пред договорниот орган за извршување на договорот за јавна набавка, без оглед на бројот на подизведувачите.
9.9. Лицата кои учествувале во изработка на тендерската документација не смеат да бидат понудувачи или членови во група на понудувачи во постапката за доделување на договорот.
10. Критериуми за утврдување на способност на понудувачите
За да учествуваат во постапката за доделување на договор, понудувачите мора да ги исполнуваат следниве критериуми за утврдување на нивната способност:
10.1. Лична состојба
во последните 5 години, на понудувачот да не му била изречена правосилна пресуда за учество во злосторничка организација, корупција, измама или перење пари;
на понудувачот да не му е изречена споредна казна забрана за учество во постапки за јавен повик, доделување на договори за јавна набавка и договори за јавно приватно партнерство;
на понудувачот да не му е изречена споредна казна привремена или трајна забрана за вршење на одделна дејност;
понудувачот да не е во постапка за стечај или во постапка за ликвидација;
понудувачот да нема неплатени даноци, придонеси или други јавни давачки; освен ако на економскиот оператор му е одобрено одложено плаќање на даноците, придонесите или другите јавни давачки во согласност со посебните прописи и истите редовно ги плаќa;
на понудувачот да не му е изречена прекршочна санкција - забрана за вршење на професија, дејност или должност, односно привремена забрана за вршење одделна дејност, и
понудувачот е должен да дава точни податоци и да ги доставува податоците што ги бара договорниот орган.
10.2. Способност за вршење на професионална дејност
Понудувачот треба да е регистриран како физичко или правно лице за вршење на дејноста поврзана со предметот на договорот за јавна набавка или да припаѓа на соодветно професионално здружение согласно со прописите на земјата каде што е регистриран.
10.3. При проверката на комплетноста и валидноста на документацијата за утврдување на способноста на економскиот оператор и при евалуација на понудата, комисијата преку ЕСЈН задолжително бара од понудувачите да ги појаснат или дополнат документите за утврдување способност во рок од пет работни дена од крајниот рок за поднесување на понудите.
Економскиот оператор преку ЕСЈН, го прикачува документот со појаснување или дополнување во делот "Појаснување/Дополнување на поднесени документи", во рокот кој го определил договорниот орган а кој не смее да е покус од 3 (три) работни дена, од денот на приемот на барањето од страна на понудувачот.
10.4 Во случај на група економски оператори, сите членови на групата поединечно ја докажуваат својата лична состојба и способноста за вршење професионална дејност.
Ако економски оператори поднесат групна понуда, техничката и професионалната способност се докажува со земање предвид на ресурсите на сите членови во групата.
11. Начин на докажување на способноста на понудувачот
Понудувачот го потврдува исполнувањето на критериумите за утврдување на личната состојба со изјава која ја доставува во прилог на својата понуда. Исполнетоста на останатите критериуми за утврдување на способност, понудувачот ја докажува со доставување на потребната документација утврдена во овој дел од тендерската документација:
11.1. За докажување на личната состојба:
изјава на понудувачот дека во последните 5 години не му била изречена правосилна пресуда за учество во злосторничка организација, корупција, измама или перење пари (ја изготвува во електронска форма и со електронски потпис ја потпишува самиот економски оператор и истата не мора да биде заверена од надлежен орган);
потврда дека не е отворена постапка за стечај од надлежен орган;
потврда дека не е отворена постапка за ликвидација од надлежен орган;
потврда за платени даноци, придонеси и други јавни давачки од надлежен орган од земјата каде економскиот оператор е регистриран
потврда од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица дека не му е изречена споредна казна забрана за учество во постапки за јавен повик, доделување на договори за јавна набавка и договори за јавно-приватно партнерство;
потврда од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица дека не му е изречена споредна казна привремена или трајна забрана за вршење на одделна дејност и
потврда дека со правосилна пресуда не му е изречена прекршочна санкција - забрана за вршење на професија, дејност или должност, односно привремена забрана за вршење одделна дејност.
Понудувачот за докажување на својата лична состојба поднесува изјава дека ги исполнува предвидените критериуми за утврдување на личната состојба, која е дадена во прилог на оваа тендерска документација.
Комисијата ќе побара само од понудувачот чија понуда е утврдена за најповолна да ги достави потребните документи за личната состојба. Документите од точка 11.1 не смеат да бидат постари од 6 месеци од датумот определен како краен рок за поднесување на понуди. Ако договорниот орган се сомнева во документите за утврдување на личната состојба на понудувачот, тој го задржува правото да побара информации директно од надлежните органи кои ги издале документите за утврдување на личната состојба.
Комисијата ќе прифати документи за утврдување на личната состојба кои се издадени и по денот на јавното отворање на понудите, но не подоцна од денот на донесувањето на одлуката за избор на најповолна понуда. Ако економскиот оператор не ги достави бараните документи во утврдениот рок од страна на комисијата за јавна набавка, или истите се невалидни или несоодветни за утврдување на личната состојба, ќе се смета дека понудувачот ја повлекол својата понуда што резултира со издавање негативна референца, а комисијата за јавна набавка ќе го покани наредниот рангиран економски оператор или ќе даде предлог за поништување на постапката.
Изјавата се поднесува во електронска форма преку ЕСЈН и истата треба да биде електронски потпишана со користење на дигитален сертификат од одговорното лице или овластениот потписник на економскиот оператор.
Подетални информации за начинот на дигитално потпишување се содржани во прирачникот “Општи и технички препораки за користење на ЕСЈН за економски оператори и договорни органи“ објавен на почетната страна на ЕСЈН во делот "Документи".
За да се избегнат технички пропусти при утврдување на валидноста на сертификатот, препорачливо е економскиот оператор во понудата да наведе со кој софтверски пакет (Microsoft Office 2003, 2007, 2010, OpenOffice итн.) се потпишани документите.
11.2. За докажување на способноста за вршење на професионална дејност
За докажување на способноста за вршење на професионалната дејност, понудувачот треба да достави со својата понуда:
Документ за регистрирана дејност како доказ дека е регистриран како физичко или правно лице за вршење на дејноста поврзана со предметот на договорот за јавна набавка (ДРД-Образец) или доказ дека припаѓа на соодветно професионално здружение согласно со прописите на земјата каде што е регистриран.
12. Појаснување, измена и дополнување на тендерската документација
12.1 Појаснување на тендерската документација
12.1.1 Економскиот оператор може да побара појаснување на тендерската документација од договорниот орган, исклучиво во електронска форма, преку ЕСЈН, со користење на модулот "Прашања и одговори", најдоцна 3 дена пред крајниот рок за поднесување на понудите.
12.1.2 Појаснувањето договорниот орган ќе го достави преку ЕСЈН, во модулот „Прашања и одговори“, по што сите економски оператори што презеле тендерска документација ќе добијат автоматско електронско известување дека е даден одговор на поставеното прашање и ќе бидат во можност да го прочитаат појаснувањето, без при тоа да се идентификува економскиот оператор што побарал појаснување.
12.2 Измена и дополнување на тендерската документација
12.2.1 Договорниот орган го задржува правото најдоцна 3 дена пред истекот на крајниот рок за поднесување на понудите, по свое наоѓање или врз основа на поднесените прашања за објаснување поднесени од страна на понудувачите, да ја измени или да ја дополни тендерската документација, за што веднаш ќе ги извести сите економски оператори што неа ја подигнале.
12.2.2 Во случај на измена на тендерската документација, договорниот орган ќе го продолжи крајниот рок за доставување на понудата за најмалку 6 дена.
12.2.3 Во случај на измена и дополнување на тендерската документација објавена на ЕСЈН како и продолжување на крајниот рок, договорниот орган е должен да ја објави направената измена преку ЕСЈН, по што сите економски оператори што презеле тендерска документација до моментот на измената ќе добијат автоматско електронско известување дека е објавена измена за конкретниот оглас.
13. Изготвување и поднесување на понудите
13.1. Начин на изготвување на понудата
Понудата се изготвува во согласност со условите предвидени во тендерската документација во електронска форма, со користење на обрасците дадени во прилог.
Доколку понудувачот има намера дел од договорот за јавна набавка да го отстапи на еден или повеќе подизведувачи, во понудата мора да наведе податоци за делот од договорот кој има намера да го отстапи на подизведувачи, како и податоци за сите предложени подизведувачи (фирма, седиште, единствен даночен број и слично). Понудувачот е одговорен пред договорниот орган за извршување на договорот за јавна набавка, без оглед на бројот на подизведувачите.
13.2. Понудата се поднесува во електронска форма преку ЕСЈН и истата треба да биде електронски потпишана со користење на дигитален сертификат од одговорното лице на економскиот оператор или лице овластено од него. Дигиталниот сертификат треба да биде со важност најмалку до моментот на јавното отворање односно крајниот рок за поднесување на понудите.
Доколку понудата ја потпишува лице овластено од одговорното лице, во прилог се доставува и овластување за потпишување на понудата потпишано од одговорното лице.
Подетални информации за начинот на дигитално потпишување се содржани во прирачникот “Општи и технички препораки за користење на ЕСЈН за економски оператори и договорни органи“ објавен на почетната страна на ЕСЈН во делот "Документи".
13.3. Економските оператори можат во хартиена форма да ја поднесат документација во нестандарден формат и големина пред крајниот рок за поднесување на понудите, доколку истите се преобемни за скенирање и прикачување на ЕСЈН.
13.4. Изјава со која понудувачот потврдува дека ги исполнува критериумите за утврдување на личната состојба
Со понудата, понудувачот доставува и електронски потпишана изјава со која потврдува дека ги исполнува критериумите за утврдување на личната состојба во целост утврдени во законот и во тендерската документација и дека ги има на располагање сите документи утврдени во тендерската документација за докажување на исполнувањето на овие критериуми, кои ќе му бидат доставени на договорниот орган доколку неговата понуда биде избрана за најповолна.
13.5. Изјава за сериозност на понудата
Во прилог на понудата, понудувачот доставува и електронски потпишана изјава за сериозност на понудата, при што треба да го користи образецот на изјава даден во прилог на тендерската документација. Доколку дојде до прекршување на дадената изјава за сериозност на понудата, истото ќе резултира со издавање негативна референца против таквиот понудувач на начин и согласно условите утврдени во Законот за јавните набавки.
13.6. Изјава за независнa понуда
Во прилог на понудата, покрај изјавата за сериозност на понудата, понудувачот доставува и електронски потпишана изјава за независнa понуда, при што треба да го користи образецот на изјава даден во прилог на тендерската документација, каде е подетално објаснето нејзиното значење како и кои дејствија ќе се преземат доколку договорниот орган добие сознанија дека дадените наводи се невистинити. Изјавата од ставот на овој член ја потпишува исклучиво одговорното лице, се доставува заедно со понудата и не може дополнително да се достави по истекот на рокот за поднесување на понудите.
Изјавата за независна понуда не може да гласи на ниту едно друго лице освен на одговорното лице. Изјавата се потпишува електронски со прикачување на валиден дигитален сертификат чиј носител е одговорното лице. Доколку образецот е потпишан од лице овластено за дигитално потпишување, тогаш истиот задолжително треба да е своерачно потпишан од одговорното лице, скениран и на таков формат да биде аплициран дигитален потпис.
13.7. Елементи на понудата
Понудата треба да е составена од следниве елементи и според следниов редослед:
Модел на договор - парафиран (Прилог 1),
Образец на понуда (Прилог 2),
Изјава со која понудувачот потврдува дека ги исполнува критериумите за утврдување на личната состојба (Прилог 3),
Изјава за сериозност на понудата (Прилог 4),
Изјава за независна понуда (Прилог 5)
Документ за утврдување на способност за вршење на професионална дејност наведен во точка 11.2. од тендерската документација (ДРД-Образец);
Договор за групна понуда [само за група на економски оператори],
Пополнет образец на листа на доверливи информации (ако нема доверливи информации, образецот не мора да се доставува) (Прилог 6);
Доколку Носителот на набавката не го достави погоре наведените документи Комисијата нема да ги земе во предвид во понатамошно евалуација на понудите.
13.8. Јазик на понудата
Понудата, како и целата кореспонденција и документи поврзани со понудата кои се разменуваат со понудувачот, се пишуваат на македонски јазик со користење на неговото кирилско писмо. Придружните документи и печатената литература кои се дел од понудата може да бидат на друг јазик, под услов да се придружени со точен превод на македонски јазик.
13.9. Период на важност на понудата
Периодот на важност на понудата ќе изнесува 120 дена од денот на јавното отворање, за чие времетраење понудата во сите нејзини елементи е обврзувачка за понудувачот. Понудите кои содржат покус период на важност од тој утврден во оваа точка од тендерската документација ќе бидат отфрлени како неприфатливи.
13.10. Принцип на една понуда
Едно право или физичко лице може да поднесе само една понуда, без оглед дали ја доставува поединечно или како член на група на понудувачи. Во спротивно сите понуди во кои се јавува тоа правно или физичко лице се отфрлаат.
14. Краен рок и место за поднесување на понудите
14.1. Краен рок за поднесување на понудите е 18.09.2017 година во 10.00 часот.
14.2. Понудите се поднесуваат преку ЕСЈН достапен преку следнава веб адреса: xxxxx://xxx.x-xxxxxxx.xxx.xx.
14.3. Понудата која е поднесена по истекот на крајниот рок за поднесување на понудите нема да биде примена во ЕСЈН, односно ќе биде автоматски отфрлена за што и договорниот орган и економскиот оператор ќе бидат известени и истата нема да се прикаже при отворање на понудите.
14.4. Комисијата за јавни набавки ќе пристапи кон отворање на понудите доколку е пристигната и само една понуда. Во таков случај нема да се спроведе електронска аукција. Условот за спроведување на електронска аукција е во постапката да се пристигнати најмалку две прифатливи понуди.
16. Критериум за доделување на договорот
16.1. Критериум за доделување на договорот за јавна набавка е најниска цена. За носител на набавката ќе биде избран оној економски оператор кој ќе понуди најниска цена во текот на електронската аукција, а чија понуда претходно е оценета како прифатлива. Во постапка која завршува со спроведување на електронска аукција не се врши бодување на понудите, туку само рангирање на понудувачите според висината на понудените цени.
16.2. Евалуацијата на понудите ќе се врши согласно со Методологијата за изразување на критериумите за доделување на договорот за јавна набавка во бодови („Службен весник на Република Македонија“ бр. 41/08).
17. Посебни начини за доделување на договорот за јавна набавка
17.1. Договорот за јавна набавка ќе се додели со примена на постапка со барање за прибирање на понуди со објавување на оглас, која ќе заврши со електронска аукција како последна фаза во постапката.
17.2. Оваа постапка ќе се спроведува со користење на електронски средства преку Електронскиот систем за јавни набавки (ЕСЈН) (xxxxx://xxx.x-xxxxxxx.xxx.xx).
17.3. Подетални информации за користењето на електронски средства: За да можете да учествувате во постапката, потребно е да се регистрирате во ЕСЈН и да поседувате дигитален сертификат. Економскиот оператор се регистрира во ЕСЈН со пополнување на регистрациска форма која е составен дел од ЕСЈН2, по што ЕСЈН автоматски ги обработува податоците од регистрациската форма, генерира шифра и истата ја доставува на регистрираната електронска пошта на економскиот оператор. Повеќе информации за начинот на регистрација и користење на системот ќе најдете во Прирачникот за користење на ЕСЈН наменет за економски оператори, кој можете да го преземете од почетната страна на ЕСЈН во делот „Економски оператори“.
17.4. Подетални информации за електронската аукција: Договорниот орган ќе користи електронска аукција како последна фаза во постапката со барање за прибирање на понуди. Предмет на електронската аукција е вкупната цена вклучувајќи ги сите трошоци и попусти и увозни царини, без ДДВ. Почетна цена на електронската аукција е најниската цена, од прифатливите понуди поднесени во првичната фаза од постапката.
Поканите за учество на аукцијата ќе се достават во електронска форма преку ЕСЈН по целосната евалуација на првичните понуди, до сите економски оператори кои доставиле прифатливи понуди во првата фаза од постапката и кои се регистрирани со активиран кориснички профил во ЕСЈН.
Поканата за учество на аукцијата ќе биде електронски испратена во поштенското сандаче на корисничкиот профил на ЕСЈН, на лицето кое ќе поднесе понуда за соодветната постапка по електронски пат. Во поканата за учество на аукцијата ќе бидат содржани следниве податоци: почетната цена на аукцијата, односно најниската цена од првично поднесените понуди; датумот и часот на започнување и завршување на аукцијата; интервалот во кој ќе се спроведува негативното наддавање (минимална и максимална разлика во понудени цени).
Доколку е поднесена само една понуда или само една прифатлива понуда, договорниот орган ќе го покани единствениот понудувач да поднесе конечна цена преку ЕСЈН. Во поканата за поднесување конечна цена се содржани следниве податоци: идентификување на делот на понудата кој ќе биде предмет на поднесување конечна цена, информации кои ќе му бидат достапни пред поднесувањето на конечната цена и временскиот период за поднесување конечна цена. Единствениот понудувач ја поднесува конечната цена во утврденото време само еднаш, а доколку не поднесе конечна цена, првично понудената цена ќе се смета за конечна.
18. Доделување на договорот за јавна набавка
18.1. Договорниот орган, по спроведената електронска аукција како последна фаза во постапката за барање за прибирање на понуди, договорот му го доделува на економскиот оператор чија понуда ќе има најниска цена.
18.2. Доколку две или повеќе понуди имаат иста цена, за најповолен понудувач ќе биде избран оној кој прв ја поднел понудата.
18.3. Доколку никој не поднесе нова цена во текот на електронската аукција, а притоа две или повеќе понуди имаат идентична цена, за најповолна ќе биде избрана пoрано поднесената понуда.
18.4. Во случај во текот на аукцијата да нема негативно наддавање, договорниот орган може да му го додели договорот за јавна набавка на економскиот оператор чија првична прифатлива понуда има најниска цена.
18.5. По завршувањето на електронската аукција и изборот на најповолен понудувач, доколку предметот на набавката или поединечниот дел се состои од повеќе ставки, цената на секоја од поединечните ставки ќе се пресметува со соодветно намалување кое ќе биде еднакво на процентот на намалување на цената на првичната понуда на избраниот најповолен понудувач (пред електронската аукција) и цената на последната понуда (по завршувањето на аукцијата).
18.6 По завршувањето на електронската аукција и изборот на најповолен понудувач, Носителот на набавката е должен да достави коригирана/изменета понуда, согласно вредноста постигната со завршувањето на аукцијата врз основа на која ќе биде склучен договорот за јавна набавка. Останатите карактеристики на понудата остануваат непроменети.
19. Известување за доделување на договорот за јавна набавка
19.1 По завршувањето на електронската аукција на јавниот дел од ЕСЈН автоматски се објавува и до сите учесници на аукцијата автоматски се испраќа известување за економскиот оператор кој што поднел најповолна понуда во текот на негативното наддавање. Известувањето е од информативен карактер и не предизвика правни последици. Исходот од електронската аукција е основ за донесување на одлука за избор на најповолна понуда.
19.2 Избраниот најповолен економски оператор ќе биде известен во електронска форма преку ЕСЈН дека неговата понуда е прифатена, најдоцна во рок од 3 дена од донесувањето на одлуката за избор на најповолна понуда. Во исто време, и сите други економски оператори ќе бидат известени за резултатите од тендерот, одлуката кој е најповолен економски оператор како и за причините за не избор на нивната понуда. Економските оператори што учествувале во постапката имаат право на увид во извештајот од спроведената постапка.
20. Правна заштита
Секој понудувач кој има правен интерес за добивање на договорот за јавна набавка и кој претрпел или би можел да претрпи штета од евентуално прекршување на одредбите од овој закон, може да бара правна заштита против одлуките, дејствијата и пропуштањето за преземање дејствија од страна на договорниот орган во постапката за доделување на договор за јавна набавка, во согласност со условите и постапката предвидени со Законот за јавните набавки. Правото на жалба во постапка која завршува со електронска аукција се остварува по донесување на одлуката за избор на најповолен понудувач или поништување на постапката.
21. Завршување на постапката за доделување на договор за јавна набавка
Постапката за доделување на договор за јавна набавка завршува на денот на конечноста на одлуката за избор или за поништување на постапката.
ТЕХНИЧКА СПЕЦИФИКАЦИЈА
ДЕЛ 1 - СОФТВЕР ЗА ОБРАБОТКА НА ВИДЕО, АУДИО И ГРАФИЧКИ МАТЕРИЈАЛИ
Предмет на оваа набавка е софтвер за обработка на видео, аудио и графички материјали кој треба да овозможи обработка на видео, аудио и графички материјали во контекс на понатамошно подобрување и унапредување на работата на Државниот завод за ревизија.
Во понудата да биде вклучена трајна лиценца за една работна станица и инсталацијата на софтверот на работната станица. На работната станица има инсталирано Microsoft Windows 10 оперативен систем.
Софтвер треба да е Sony Creative Software Vegas Pro 14 / Adobe Premiere Elements / VideoStudio Pro X10, или еквивалент.
Софтвер да ги овозможува следниве минимални карактеристики:
Видео обработка (Video editing) – овозможено детално едитирање на видео записот, преглед на фрејмови, едитирање на повеќе ленти истовремено (multi track), лесно прегледување на едитираниот материјал во континуирана селектирана секвенца.
Видео ефекти (Video effects and compositing) – софтверот да содржи опции за миксање (преклопување) на лентите и меѓусебни ефекти и транзиции. (Masking tools, Color Match tool, FX masking, Compositing modes, Compositor Effects)
Менаџирање со медиуми (Media management and performance) – софтверот да дозволува лесно импортирање/експортирање на проектите (Flexible project interchange), да поддржува работа врз проекти креирани во Avid, Final Cut, DaVinci or Adobe Premiere and After Effects или еквивалентни.
Софтверот да има опција да ги категоризира видео фајловите (categorize media within project, using tags), лесно да ги пребарува (Quick Search) и автоматски да ја внесува промената (update automatically).
Софтверот да поддржува работа во 4K резолуција.
Софтверот да поддржува архивирање на проектите (Project archiving) и на сите материјали или други рпроекти поврзани со проектот.
Аудио обработка (Audio editing)
Софтверот да содржи алатки за снимање и едитирање на аудио записи (Complete multitrack audio environment - audio recording and editing tools). Да дозволува снимање на повеќе аудио траки (ленти) истовремено, со неограничен број на траки.
Софтверот да содржи аудио ефекти за едитирање на селектираните делови од траката, за меѓусебно поврување на траките (variety of automatic crossfade types).
Софтверот да поддржува стандардни VST интерфејси. Исто така, да содржи алатки за ефекти од типот Wave Hammer Compression, EQ, noise gate, reverb, chorus, delay и слични.
Софтверот да поддржува 24-bit/192 kHz (High-resolution audio support).
ДЕЛ 2 - СОФТВЕР ЗА ЕВИДЕНЦИЈА НА ИТ ИНЦИДЕНТИ
Предмет на оваа набавка е софтвер за евиденција на ИТ инциденти кој треба да овозможи ефикасно функционирање на пријавување на ИТ инциденти, следење и разрешувањето на инцидентите и извештаи во контекс на понатамошно подобрување, унапредување и стандардизација на работата на Државниот завод за ревизија.
Софтвер за евиденција на ИТ инциденти е во функција на решавање на инцидентите / проблемите / поплаки на корисниците, како и креирање и спроведување на анкети.
Понудениот софтвер треба да опфати:
дел / модул за креирање на барање (пријава на инцидент / проблем)
дел / модул за автоматизација
дел / модул за извештаи
дел / модул за креирање и спроведување анкети
дел / модул за администрација.
Понудата треба да опфати:
анализа на потребите;
инсталација и имплементација на софтверот;
трајни лиценци за сите вработени во Државниот завод за ревизија минимум 100 корисници;
обука за минимум двајца администратори и двајца корисници;
гаранција/одржување на системот за период од две години
откуп на изворниот код на неисклучива основа.
Општи барања
Целосниот кориснички софтвер треба да е на македонски јазик.
Можност за креирање на ново Барање.
Да овозможи напредно пребарување по: барање, барател, извршител, проблем, дата, година.
Евиденција и преглед на пристигнати барања. Во секое време системот да има можност да дава преглед на пристигнати/внесени барања по датуми, статуси и други клучни параметри.
Преглед на нереализирани активности по известување во секое време.
Електронска дистрибуција на барањата и документите до лица по сектори и одделенија кои се вклучени во постапувањето по истите.
Дефинирање на права и привилегии на пристап по сите нивоа и активности.
Секој вработен треба да има пристап само до документите и информациите согласно доделени улоги и привилегии.
Софтверот мора да осигура поставување на заштита, верификација и автентикација на барањата од корисниците, како и да спречи пристап од неавторизирани лица до информациите.
Софтверот треба да овозможи доставување на е-маил пораки како резултат од секоја фаза на решавање на барањето (распределување на барањето, потсетник и за статус на барањето и аларм нотификации за преземање на одредена активност по барањето).
Софтверот треба да има можност за контрола на историјата на сите промени на податоците, а кои се направени врз база на корисничките барања. Соодветните логови треба да се одржуваат на безбеден начин така да контролата на снимените записи, промените направени на податоците, како и записите направени во базата на податоци од крајните корисници да бидат со временски печат.
Софтверот мора да обезбеди функционалност за безбедно управување со пристапот до информациите.
Софтверот треба да поседува можност за интеграција со Microsoft Active Directory, како и можност за употреба на едно уникатно корисничко име и лозинка за апликативното решение и базата на податоци.
Пристапот до базите на податоци треба да биде ограничен само на овластените администратори на бази на податоци.
Пристапот до контролата на софтверот е ограничен само на овластените технички систем- администратори.
Пристапот до софтверот ќе биде оневозможен по одреден број неуспешни обиди за пристап.
Софтверот треба да содржи механизам за ревизорска трага и логирање на настани: датум и време на случување на настанот, областа во која е случен настанот, која е промената, кој е иницијаторот на настанот.
Форматот на запис на логовите треба да биде стандарден и лесно читлив за да може да се направи потребната анализа.
Софтверот треба да има дел со кој ќе се овозможи администрација со кодни табели и шифрарници, за да се постигне додавање на нови записи, промена или пасивизирање на записи.
Чувањето на документите да биде во база на податоци која овоможува пристап на авторизирани корисници секогаш кога имаат потреба од истите.
Софтверот треба да биде испорачан со вклучен изворниот код. Изворниот код мора да биде соодветно документиран и спакуван во форма која, за договорниот орган, ќе овозможи лесно одржување и понатамошен развој или надградба.
Барања за дел / модул за креирање на барање (пријава на инцидент / проблем):
Поле за внесување на наслов на барањето.
Поле за поврзување на барањето со некој проект/систем. Внеусвањето на проектите/системите да е во модулот за администрација.
Поле за опишување на проблемот.
Поле за тип на проблемот. Внесување на типот на проблемот е во во модулот за администрација.
Поле за статус на проблемот. Внесување на статус на проблемот е во во модулот за администрација.
Дел за прикачување на документи. Можност за прикачување на документ, минимум формати кои се бараат се PDF, JPG, TIFF, DOCX, XLSX.
Барања за дел / модул за автоматизација
дистрибуција на ново пристигнатите барања до извршителите, согласно критериуми внесени во системот односно до работните функции според приоритетите на корисникот;
распределување на документите по вработени/корисници;
централизирано сместување на барањата и документите.
Барања за дел / модул за извештаи
Софтверот треба да содржи дел со кој Државниот завод за ревизија ќе може да ги следи активностите по одреден инцидент и да дава збирни извештаи по барање, баратели, извршители, дата.
Барања за дел / модул за креирање и спроведување анкети
Со овој дел / модул од софтверот треба да се овозможи креирање и спроведување на анкети / истражувања за минимум 100 корисници.
Треба да постои можност да се креира нова анкета/истражување, при што за секоја нова анкета/истражување да постои можност истата да се именува, како и да се даде опис на анкетата/истражувањето.
При креирање на прашањата од анкетата / истражувањето да постои можност да се креираат повеќе типови на прашања, и тоа:
Прашања со можност за давање на еден / повеќе текстуален одговор/и,
Прашања со можност за давање на одговор со избор од повеќе понудени опции,
Прашања со можност за давање на одговор со избор од да / не одговори,
При креирање на анкета / истражувањето да постои можност за избор на анонимност на корисникот која ја пополнува анкетата.
Софтверот да дава можност спроведувањето на анкетите / истражувањата да бидат електронски достапни со On line пополнување.
Софтверот да дава можност на збирни резултати од анкетата /истражувањето. Софтверот да нуди можност за правење на анализа на збирните резултати од анкетата / истражувањето.
Барања за дел / модул за администрација
Софтверот треба да има дел за администрација, кој ќе поддржува: креирање на корисници и групи на корисници, дефинирање и управување на улоги и привилегии, дефинирање на пристап до функциите на системот преку одредена улоги и привилегии, дефинирање на пристап до податоците преку одредена улоги и привилегии, доделување и одржување на пристап до податоците преку одредена улоги и привилегии, подесување на предефинирани вредности, мониторирање и контрола на активни сесии, архивирање, Backup и restore и на податоците и на системот.
Управување со клиенти;
Управување со Организација и вработени;
ИТ инфраструктура на Државниот завод за ревизија
Понуденото решение треба да се постави на постоечката инфраструктура во Државниот завод за ревизија:
Microsoft Active Directory;
Microsoft Windows Server Datacenter 2012;
Microsoft SQL server 2012;
Microsoft Exchange Server 2013.
Microsoft SharePoint Server 2013.
Државниот завод за ревизија ги обезбедува лиценците за претходно наведените софтвери.
Ако за понудениот системот се потребни други дополнителни софтвери или лиценци кои не се во сопственост на Државниот завод за ревизија истите треба да бидат пресметани во износот на понудениот софтвер и да бидат од трајна природа.
Корисниците на системот ќе работат на клиенти машини на кои поседуваат Microsoft Windows 10 и Мicrosoft office 2016.
Имплементација и обука
Имплементацијата треба да вклучи инсталација на серверите и на работните станици од каде ќе пристапуваат корисниците и работната станица на администраторите на системот, доставување на изворниот код соодветно документиран и спакуван во форма која, за договорниот орган, ќе овозможи лесно одржување и понатамошен развој или надградба на софтверот и доставен на ДВД/ЦД и основна обука за користење.
По инсталација на софтверот понудувачот треба да подготви и да реализираат основни обуки за користење на:
Корисници – две лица;
Администратор – две лица;
како и да изготви Упатство за употреба за корисниците и Упатство за администрирање на системот.
Сите трошоци за обуката се на товар на понудувачот.
Обуката се изведува во просториите на Државниот завод за ревизија на македонски јазик.
Материјалот за обуките како и Упатствата, да се достават во печатена и електронска форма на македонски јазик.
Гаранција/одржување на софтверот за период од две години.
Гаранција на системот е 24 месеци, со редовни тромесечни посети од страна на понудувачот (кои се вклучени во цената) за време на периодот на гаранцијата.
Во гарантниот период треба да бидат вклучени сите потребни надградби на софтверот предизвикани од промена на законска регулатива, телефонска поддршка за употреба, отстранување на отстапувањата од специфицираните карактеристики, обука на нови корисници за работа со софтверот, подобрувања во функционалноста до кои ќе дојде со поширока експлоатација кај други корисници, поддршка во реализацијата на активности за обезбедување и податоците со резервни копии и нивно спасување, ажурирање според законските прописи, преинсталација на софтверот во случаи на промена на серверот и работните станици на кои е инсталиран.
Сите потребни интервенции во софтверот ќе се вршат од страна на носителот на набавката по известување од Договорниот орган во рок кој ќе биде дополнително утврден имајќи ги во предвид потребни интервенции во софтверот во соработка помеѓу договорниот орган и носителот на набавката.
Прилог 2 – Модел на договор
Д О Г О В О Р
за набавка на софтвери
(Дел 1 - Софтвер за обработка на видео, аудио и графички материјали
/Дел 2 - Софтвер за евиденција на ИТ инциденти)
Склучен помеѓу:
1. ДРЖАВЕН ЗАВОД ЗА РЕВИЗИЈА Скопје, со седиште во _______ на ул._______________ бр.____, со ЕМБС ______________, претставуван од м-р Тања Таневска, главен државен ревизор /во понатамошниот текст: Договорен орган/
2. _____________________________, ул. ___________________, бр.____, со ЕМБС_______ застапувано од _____________________________ /во понатамошниот текст: Носител на набавка/
I. ПРЕДМЕТ НА ДОГОВОРОТ
член 1
Со овој договор се утврдуваат меѓусебните права и обврски на Договорниот орган и Носителот на набавката во врска со набавка на софтвери (Дел 1 - Софтвер за обработка на видео, аудио и графички материјали/Дел 2 - Софтвер за евиденција на ИТ инциденти) за потребите на Договорниот орган по вид, карактеристики и количини согласно техничката спецификација и понудата на Носителот на набавката доставена по спроведената електронска аукција, кои се составен дел на овој Договор, кои Носителот на набавката се обврзува да ги испорача, а Договорниот орган да ги преземе и плати во согласност со одредбите на овој Договор.
Доколку софтверското решение предвидено со дел 2 - Софтвер за евиденција на ИТ инциденти се изработува за потребите на ДЗР, во цената на понудата треба да биде вклучен изворниот код на не исклучива основа.
II. ВРЕДНОСТ НА ДОГОВОРОТ
член 2
Вкупната вредност на набавката од член 1 на овој договор изнесува _______________денари.
Во цената се вклучени сите трошоци, попусти и други давачки, без ДДВ.
Цената на средствата од овој член е непроменлива до негова целосна реализација.
член 3
Средствата за реализација на договорот за јавна набавка се обезбедени од буџетот на Државен завод за ревизија од сметка на проектот МАК-12/0015 „Имплементација на систем за управување со ревизија“ финансиран од грант на Кралството Норвешка.
III. НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ
член 4
Плаќањето на предметот на набавката од член 1 на овој Договор, ќе се изврши по квалитативен и квантитативен прием на предметот на набавката и по приемот на фактурата со приложена испратница, потпишана од страна на Договорниот орган и Носителот на набавката.
Должничко доверителскиот однос настанува со денот на испораката.
IV. РОК И МЕСТО НА ИСПОРАКА
член 5
Носителот на набавката е должен да го испорача предметот на договорот најдоцна до 15/20. декември 2017 година на следнава локација, седиштето на Договорниот орган, деловен објект, Палата ,,Xxxxxxx Xxxxxx”, на ул. „Јордан Мијалков“ X.Xxx 249, Скопје.
V. КВАЛИТАТИВЕН И КВАНТИТАТИВЕН ПРИЕМ
член 6
Квалитативен и квантитативен прием на материјалите предмет на овој Договор врши Договорниот орган по испратница, потпишана од двете договорни страни.
VI. КВАЛИТЕТ
член 7
Носителот на набавката се обврзува да го испорача предметот на овој договор согласно утврдениот квалитет на декларираните производители на производите и техничката спецификација.
член 8
Доколку Носителот на набавката го испорача предметот на набавка со понизок квалитет или друг вид, Договорниот орган нема да го прими, а истиот ќе биде вратен на товар на Носителот на набавката.
VII. НАДОМЕСТ НА ШТЕТА
член 9
За доцнење на договорените рокови за испорака на предметот на овој Договор, Носителот на набавката се обврзува да му плати на Договорниот орган надомест на штета во висина од 0,5% од вредноста на договорот за секој ден доцнење, сметано од првиот ден на доцнење. Вкупниот износ на казнените пенали не може да премине 10% од вкупната вредност на Договорот.
Доколку до доцнење дојде по вина на Договорниот орган, надомест на штета нема да се применува.
VIII. ВИША СИЛА
член 10
Договорните страни се согласни ниту една договорна страна да не биде одговорна кон другата за загуба, штета, повреда или неизвршување на одредбите од овој Договор, кои се предизвикани со дејство на виша сила.
Под виша сила се подразбира она што е регулирано со Законот за облигациони односи.
Договорните страни се обврзуваат писмено да ја известат другата договорна страна во случај на настапување на виша сила во дејство и ќе договорат нови услови за исполнување или раскинување на Договорот.
IX. ПРЕОДНИ И ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ
член 11
Овој Договор се смета за склучен и стапува во сила на денот на неговото потпишување од двете договорни страни, односно на денот кога е потпишан од договорната страна која последна го потпишала, во случај договорот да не е потпишан во ист ден од двете договорни страни и важи до неговата целосна реализација.
член 12
Кога една од договорните страни не ќе ја исполни својата обврска, другата договорна страна може да бара исполнување на обврските или да го раскине договорот, а во секој случај има право на надомест на штетата.
Кога една од договорните страни не ќе ја исполни својата обврска во определениот рок, другата страна, ќе и остави примерен дополнителен рок за исполнување на обврската.
Ако договорните страни не ја исполнила својата обврска во определениот рок, ниту во дополнителниот рок, другата договорна страна може да го раскине договорот.
член 13
Договорната страна која поради неисполнување на договорните обврски го раскинува договорот, должна е тоа да и го соопшти на другата страна без одлагање.
член 14
Сите евентуални спорови кои можат да произлезат од овој договор, договорните страни ќе ги решаваат спогодбено во духот на добрите деловни обичаи и со меѓусебно договарање, а во случај на спор кој не може да се реши спогодбено, за истиот за надлежен се определува надлежниот суд во Скопје.
член 15
За се што не е предвидено со овој Договор, ќе се применува Законот за облигациони односи и позитивните законски прописи во Република Македонија.
член 16
Овој Договор е изработен во 4 /четири/ еднообразни примероци од кои по 2 /два/ за Договорниот орган и 2 /два/ за Носителот на набавката.
ДОГОВОРЕН ОРГАН НОСИТЕЛ НА НАБАВКА
ДРЖАВЕН ЗАВОД ЗА РЕВИЗИЈА ______________________________
Главен државен ревизор ____________________________
м –р Xxxx Xxxxxxxx (Одговорно лице)
_____________________________
Прилог 1 – Образец на понуда
[меморандум на понудувачот]
Врз основа на огласот број 13/2017 објавен од страна на Државниот завод за ревизија, за доделување на договор за јавна набавка на софтвери, со спроведување на постапка со барање за прибирање на понуди, со електронска аукција преку Електронскиот систем за јавни набавки (xxxxx://xxx.x-xxxxxxx.xxx.xx) и на тендерската документација, ја поднесуваме следнава:
П О Н У Д А
Дел I – Информации за понудувачот
I.1. Име на понудувачот: ______________________________________________________
I.2. Контакт информации
Адреса: ______________________________________________________________
Телефон: ____________________________________________________________
Факс: ________________________________________________________________
Е-пошта: _____________________________________________________________
Лице за контакт: _______________________________________________________
I.3. Одговорно лице: __________________________________________________________
I.4. Даночен број: ____________________________________________________________
Дел II – Техничка понуда
II.1.Согласни сме да ја дадеме оваа понуда за предметот на договорот за јавна набавка согласно условите дефинирани во техничките спецификации.
Дел III – Финансиска понуда
III.1. Вкупната цена на нашата понуда, вклучувајќи ги сите трошоци и попусти, без ДДВ, кој е искажан посебно, изнесува:
Дел |
Вкупна цена без ДДВ |
ДДВ |
ДЕЛ 1 - Софтвер за обработка на видео, аудио и графички материјали |
|
|
ДЕЛ 2 – Софтвер за евиденција на ИТ инциденти |
|
|
III. 2. Детален приказ на вкупната цена на нашата понуда е даден во следнава листа на цени:
ДЕЛ 1 - Софтвер за обработка на видео, аудио и графички материјали
Ред бр. |
Назив |
Количина |
Единечна цена без ДДВ |
Вкупна цена без ДДВ
|
ДДВ |
Вкупна цена со ДДВ
|
1 |
2 |
3 |
4 |
5 (3*4) |
6 |
7(5+6) |
1 |
Софтвер за обработка на видео, аудио и графички материјали |
|
|
|
|
|
ВКУПНО |
|
|
|
|||
|
|
|
|
Вкупната цена на нашата понуда за ДЕЛ 1, вклучувајќи ги сите трошоци и попусти без ДДВ, изнесува:_________________________________[со бројки], односно (______________________________________________[со букви] денари). Вкупниот износ на ДДВ изнесува ________________________________денари.
ДЕЛ 2 – Софтвер за евиденција на ИТ инциденти
Ред бр. |
Назив |
Количина |
Единечна цена без ДДВ |
Вкупна цена без ДДВ
|
ДДВ |
Вкупна цена со ДДВ
|
1 |
2 |
3 |
4 |
5 (3*4) |
6 |
7(5+6) |
1 |
Софтвер за евиденција на ИТ инциденти |
|
|
|
|
|
ВКУПНО |
|
|
|
|||
|
|
|
|
Вкупната цена на нашата понуда за ДЕЛ 2, вклучувајќи ги сите трошоци и попусти без ДДВ, изнесува:_________________________________[со бројки], односно (______________________________________________[со букви] денари). Вкупниот износ на ДДВ изнесува ________________________________денари.
III.3. Изјавуваме дека ги почитуваме законите за заштита на интелектуалната сопственост.
III.4. Ги прифаќаме начинот и рокот на испорака утврдени во тендерската документација.
III.5. Нашата понуда важи за периодот утврден во тендерската документација. Се согласуваме со начинот на плаќање утврден во тендерската документација.
III.6. Со поднесување на оваа понуда, во целост ги прифаќаме условите предвидени во тендерската документација и приложениот модел на договор.
Место и датум ___________________________ |
Одговорно лице ___________________________ (потпис) * |
*Овој образец не се потпишува своерачно, туку исклучиво електронски со прикачување на валиден дигитален сертификат чиј носител е одговорното лице или лице овластено од него.
Прилог 3 – Изјава со која понудувачот потврдува дека ги исполнува критериумите за утврдување на личната состојба
И З Ј А В А
Под целосна материјална и кривична одговорност изјавувам дека понудувачот _____________________________________________________________ [се наведува назив на понудувачот] во целост ги исполнува критериумите за утврдување на личната состојба на понудувачите утврдени во законот и во тендерската документација по огласот број 13/2017 за доделување на договор за јавна набавка на софтвери, објавен од страна на Државниот завод за ревизија во постапка со барање за прибирање на понуди и дека понудувачот ги има на располагање сите документи утврдени во тендерската документација за докажување на исполнувањето на овие критериуми, кои ќе му бидат доставени на договорниот орган доколку нашата понуда биде избрана за најповолна.
Место и датум ___________________________ |
Одговорно лице ___________________________ (потпис) * |
*Овој образец не се потпишува своерачно, туку исклучиво електронски со прикачување на валиден дигитален сертификат чиј носител е одговорното лице или лице овластено од него.
Прилог 4 – Изјава за сериозност на понудата
И З Ј А В А
Јас, долупотпишаниот ______________________________________ [име и презиме], врз основа на член 47 став 1 од Законот за јавните набавки, а во својство на одговорно лице на понудувачот________________________________________________________, изјавувам дека во целост ја гарантирам содржината на понудата на понудата по огласот број 13/2017 и дека понудата е валидна и правно обврзувачка за нас во сите нејзини делови до истекот на периодот на нејзината важност.
Исто така, изјавувам дека сум целосно свесен за последиците од прекршување на оваа изјава во случаите од член 47 став 6 од Законот за јавните набавки, што ќе доведе до издавање негативна референца од страна на договорниот орган против понудувачот во чие име и за чија сметка сум овластен да ја дадам оваа изјава.
Место и датум
___________________________ |
Одговорно лице
___________________________ (потпис) * |
*Овој образец не се потпишува своерачно, туку исклучиво електронски со прикачување на валиден дигитален сертификат чиј носител е одговорното лице или лице овластено од него.
Прилог 5 – Изјава за независна понуда
И З Ј А В А
Јас, долупотпишаниот* ______________________________________ [име и презиме], врз основа на член 129 став 2 од Законот за јавните набавки, а во својство на одговорно лице на понудувачот ______________________________________, под целосна материјална и кривична одговорност изјавувам дека понудата за дел/делови________________во постапката со барање за прибирање на понуди со оглас број 13/2017 за набавка на софтвери, ја поднесувам независно, без договор со други економски оператори на начин кој не е спротивен на прописите за заштита на конкуренцијата.
Истовремено, под целосна материјална и кривична одговорност изјавувам дека при доставувањето на понудата за дел/делови________________во постапката со барање за прибирање на понуди бр. 13/2017 не учествувам со други економски оператори со кои сум капитално, сопственички или роднински поврзан.
Исто така, изјавувам дека сум целосно свесен за последиците од давање на невистинити наводи во изјавата, што може да доведе до поведување на соодветна постапка против понудувачот во чие име и за чија сметка сум овластен да ја дадам оваа изјава.
Место и датум Одговорно лице
________________ ___________________
(потпис)**
*Изјавата за независна понуда не може да гласи на ниту едно друго лице освен на одговорното лице.
** Овој образец се потпишува електронски со прикачување на валиден дигитален сертификат чиј носител е одговорното лице. Доколку образецот е потпишан од лице овластено за дигитално потпишување, тогаш истиот задолжително треба да е своерачно потпишан од одговорното лице, скениран и на таков формат да биде аплициран дигитален потпис.
Прилог 6- ОБРАЗЕЦ НА ЛИСТА НА ДОВЕРЛИВИ ИНФОРМАЦИИ
Информации кои се доверливи |
Бројот на страниците со тие информации |
Причини за доверливост на тие информации |
Временски период во кој тие информации ќе бидат доверливи |
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
Место и датум Одговорно лице*
_____________________
________________
(потпис)
*Овој образец не се потпишува своерачно, туку исклучиво електронски со прикачување на валиден дигитален сертификат чиј носител е одговорното лице или лице овластено од него.
*Ако нема доверливи информации, образецот не мора да се доставува.
1 Доколку е потребно да се издаде негативна референца на групата понудувачи а некој од членовите на групата не е регистриран на ЕСЈН, договорниот орган ќе ја објави негативната референца за сите членови на групата, при што нерегистрираните претходно ќе ги регистрира на ЕСЈН врз основа на доставените податоци од понудата.
2 Линк „Регистрирај се“ во делот „Економски оператори“ на почетната страна на ЕСЈН