Contract
ОПШТИ УСЛОВИЗА РАБОТЕЊЕ СОХАРТИИ ОД ВРЕДНОСТ НА ШПАРКАСЕ БАНКААДСКОПЈЕ
I. ВОВЕД
Општи одредби
Член 1
Со Општите услови на работење со хартии од вредност на Шпаркасе Банка АД Скопје (во понатамошен текст: Банка) се уредуваат меѓусебните права и обврски на Банката и клиентот, и други прашања поврзани со давање на услуги со хартии од вредност од страна на Банката и тоа:
купување и продавање на хартииод вредност по налог и за сметка на клиентот- берзанско посредување; вршење на трансакциите и активностите за сметка на издавачот на хартиите од вредност потребниза успешна јавна понуда на хартииод вредност, без задолжителеноткупна непродаденихартииод вредност; вршење на трансакциите и активностите за сметка на издавачот на хартиите од вредност потребниза успешна јавна понуда на хартиите од вредност, со задолжителен откуп на непродадените хартии од вредност; дејствување како покровител при котација;
извршување натрансакциииактивностиза сметка натретилица потребниза преземање на едно акционерско друштво во согласност со Законот за преземање на акционерски друштва
чување на хартииод вредност што вклучува отварање и водење на сметки на хартииод вредност, во свое име, а за сметка на клиентиво депозитар, отворање и водење на сметки на хартииод вредност и за своите клиентикои не се сопственици на тие хартииод вредност, а за сметка на нивните клиентии други услугисо хартииод вредност поналогнаклиентот(исплатанадостасанипобарувања одиздавачитеврзоснова надостасанихартииод вредност, камати и дивидендиза сметка насопствениците на тие хартииод вредност, известување за собранија на акционерите и застапување на тие собранија, плаќање на даночниобврски на клиентот врз основа на хартииод вредност кои се во негова сопственост и слично)
прием и пренос на налозиза купување и продавање на хартииод вредност на странскипазари на хартииод вредност
вршење дополнителни услуги за издавачите на хартии од вредност
Дефиниции:
- БЕРЗАНСКО ПОСРЕДУВАЊЕ е купување, односно продажба на хартии од вредност по налог и за сметка на клиентот.
- НАЛОГ е еднострана инструкција на клиентот кој може да биде даден усно, писмено или во електронска форма, а со кој на Банката и се наложува да изврши определена трансакција со хартии од вредност за сметка на клиентот на начин и под услови од овие Општи услови и Договорот за посредување при купопродажба на хартииод вредност.
- ПРИЕМНАНАЛОГОТеприемнаналоготнаклиентотодстрананаБанкатаинегововнесувањево книгананалози.
- И ЗВРШУВАЊЕ НА НАЛОГОТ или ТРАНСАКЦИЈА е променa на сопственоста на хартиите од вредност на секундарниот пазар како резултат на нивно купување или продавање
- ПОРАМНУВАЊЕ НА ОБВРСКИТЕ е процес на исполнување на обврските на овластените учесници на пазарот на хартии од вредност коишто произлегуваат од склучената трговска трансакција на секундарниот пазар, односно извршување на плаќањето од страна на купувачот и пренос на сопственоста на хартиите од вредност од страна на продавачот
- СМЕТКА НА ХАРТИИ ОД ВРЕДНОСТ е сметка за хартии од вредност која што е во сопственост на клиентот, а која што се води во електронска форма во базата на Централниот депозитар за хартииод вредност.
- ЧУВАЊЕ НА ХАРТИИ ОД ВРЕДНОСТ е услуга која вклучува отворање и водење на сметки на хартии од вредност за клиенти во депозитар , отворање и водење на сметки на хартии од вредност и за своите клиенти кои не се сопственици на тие хартии од вредност, а за сметка на нивните клиенти и други услуги со хартии од вредност по налог на клиентот (исплата на достасани побарувања од издавачите врз основа на достасани хартии од вредност, камати и дивиденди за сметка на сопствениците на тие хартии од вредност, известување за собранија на акционерите и застапување на тие собранија, плаќање на даночни обврски на клиентот врз основа на хартии од вредност кои се во негова сопственост и слично);
- ТРГУВАЊЕ СО ХАРТИИ ОД ВРЕДНОСТ е склучување на правни зделкина купување, односно продажба на хартии од вредност.
- ДОГОВОР ЗА ПОСРЕДУВАЊЕ ПРИ КУПОПРОДАЖБА НА ХАРТИ И ОД ВРЕДНОСТ е договор со кој
Банката за платен надомест се обврзува да ги извршува налозите за сметка на клиентот, во понатамошниот текст Договор.
- БЕРЗА е пазар на хартии од вредност кој што на јавноста и е достапен посредно илинепосредно, каде што тргувањето се одвива редовно и којшто е уреден и е под надзор на надлежните органи.
- ДЕПОЗИ ТАР НА ХАРТИ И ОД ВРЕДНОСТ е акционерско друштво, коешто во Република Северна Македонија, врз основа на дозвола од Комисијата за хартии од вредност, извршува услуги на регистрација на хартии од вредност, порамнување на трговски трансакции, нетрговски преноси и други услугиво согласност со соодветните прописи.
- СООДВЕТНИ ПРОПИСИсе законски и подзаконски акти, правила, односно позитивните законски прописи на територијата на Република СевернаМакедонија.
- РАБОТЕНДЕНеден(освенсаботите,неделитеипразниците),во кои Банкатадава услугисохартииодвредност.
- ТАРИФА НА БАНКАТА е секогаш важечка тарифа на Банката.
Пред склучување на посебниот Договор за вршење на одделни услуги со хартии од вредност, Банката му ги дава на Клиентот Општите услови за работење со хартии од вредност.
II. БЕРЗАНСКО ПОСРЕДУВАЊЕ
Налози за купување и/или продажба на хартии од вредност
Член 2
Банката прима налозиод клиентитево рамките насвоето работно време за работа со клиенти,во работниотден.
Член 3
За време на прифаќање на налогот се смета моментот на впишување на налогот во книгата на налози. Книгата на налозисе води во електронска форма во која се евидентираат сите трансакции.
Член 4
Банката може да прима налози за тргување од своите клиенти директно во своите деловни простории и по пошта или телефакс.
Банката може да прима налог од клиент доколкуклиентот претходно со Банката има склучено посебен Договор за посредување прикупопродажба на хартииод вредност. Договорот особено гисодржиследните елементи:
Општи услови за работењето со хартии од вредност на Банката;
Изјава на клиентотдека е запознат со Општите условина работењето пред склучување на Договорот и дека имал можност да се запознае со содржината на Договорот
Содржина на налогот
Член 5
Клиентот со налогот кој што го доставува до Банката, на начин и во форма определена во Договорот, ги определува пред се:
Писмениот налог се доставува во просториите на Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје лично, по факс или по пошта. датум, час и минута на давање на налогот
продажен иликуповен налог, видот на хартијата од вредност издавачот на хартијата од вредност, количинатанахартијатаодвредност, видот на налогот,
рок на важност на налогот,
другисоставниделови,коиштоовозможуваатразликувањенахартиитеодвредностсо истикарактеристикиод претходните алинеи на овој член.
Промена, повлекување и неприфаќање на налогот
Член 6
Доколку клиентот по приемот на налогот од страна на Xxxxxxx, ја промени цената, количината или кој и да е друг елемент од налогот, се смета дека го повлекол иницијалниот налог и дека дал нов налог. Клиентот има право да го повлече налогот. Трансакциите кои се склучени пред повлекувањето на налогот во БЕСТ системот се полноважни. Повлекувањето се врши на еден од начините на кои може да се даде налог. Банката е должна веднаш по барањето за повлекување на налогот од клиентот да го повлече налогот од БЕСТ системот, а потоа и да го евидентира во книгата на налози. Банката има право да наплатиманипулативнитрошоциза неизвршениот налог. Xxxxxxx има право да не го прифати приемот и извршувањето на налогот во случај ако според нејзино мислење налогот, односно неговото извршување, е во спротивност со соодветните прописи илисо деловната политика на Xxxxxxx.
Видови налози
Член 7
Видови налози што клиентот може да и ги даде на Xxxxxxx:
1. Пазарен налог
Пазарен налог е дневен налог без утврдена цена. Клиентот не поставува ценовни ограничувања при купувањето илипродажбата на хартиите од вредност, односно ја прифаќа најдобрата цена на пазарот.
2. Лимитиран налог
Клиентот определува ценовно ограничување (ја дефинира прифатливата цена за купување - највисоката цена или за продавање -најниската цена).
Банкатагиприфаќаследнитевидовилимитираниналозизатргување: Налози без дополнителниилиспецијални услови
Налози со дополнителни услови за реализација:
Налогизвршиилиоткажи-секористисамозахартиитеодвредносткоисетргуваатво режимотна аукциско тргување, во фазата надополнителнотргување. Се реализираединствено по аукциска цена, а нереализираната количина автоматски се отстранува од БЕСТ системот.
Налог со скриена количина – на пазарот е прикажана само видливата количина/делна налогот, а остатокот на налогот е внесен во системот како скриена количина.
Налози со дополнителни услови за рокот на важност:
Дневен налог – важи само на денот на внес на налогот во БЕСТ системот.
Налог со важност до одреден датум – важи се додека не се реализира илинајмногу 30 (триесет) календарски денови.
Налози со специјалниуслови за реализација на количината – се илиништо – налогот се илиништо е дневен налог кој мора да биде ивршенцелосно преку една илиповеќе истовременитрансакции. Налогот може да се користи само за хартии од вредност кои се тргуваат во режимот на континуирано тргување, во главната трговска фаза, а може да се тргува само по цениутврдениво рамки на динамичките лимити.
Извршување на налозите на клиентите
Член 8
Банкатаситеналозинаклиентитегиевидентираигиизвршувасогласносоодветнитепозитивнизаконскипрописи. Согласно Правилата за тргување на Македонска берза, налозите за купување или продавање мора да бидат реализирани преку БЕСТ системот, со исклучок на администраторските блок трансакции.
Банката го извршува налогот на клиентот веднашштом условите на пазарот на хартии од вредност дозволуваат негово извршување.
Банката ги извршува налозите во согласност со приоритетот во книгата на налози.
Банката е должна да го запази следниот редослед на извршување на добиените налози за тргување:
1. налози на клиенти,
2. налози на вработени,
3. налози на Банката.
Провизии и трошоци
Член 9
За извршување на услугите на тргување со хартии од вредност, Клиентот на Банката и плаќа надомест определен со важечката тарифа на Банката, доколкусо Договорот, илисо некој друг акт, не е определено поинаку.
Како трошоци кои произлегуваат и се поврзани со тргувањето со хартии од вредност се пресметуваат и провизиите на Берзата, Депозитарот и сите останати надоместоци и трошоци кои може да произлезат при извршување на услугите.
Уплата и исплата на средства на клиент за купопродажба на хартии од вредност
Член 10
Клиентот пред давањето на налогот за купување, на клиентската сметка на Банката депонира потребни средства во износ кој треба да овозможи покривање на вкупната вредност на потенцијалните трансакции, согласно со налогот, и сите поврзани трошоци и надоместоци опишани во член 9.
Член 11
Паричните средства на клиентотдаденина Банката за купување на хартииод вредност илипаричните средства добиени со продажба на хартииод вредност на клиентот, Банката гичува на посебна сметка отворена за таа намена.
Банката, во случај на отповикување на налогот за купување, во врска со кој клиентот депонирал средства, неискористените средства ќе му ги уплати на клиентот на негова сметка, согласно Договорот, следниот ден по отповикувањето на налогот, ако во Договорот не е определено поинаку, или ако клиентот не одлучи поинаку.
Во случај на нереализирање на налогот, од причина поинаква од отповикувањето на налогот, иливо случај ако има вишок на средства од депонираните средства за порамнување на обврските кои произлегуваат од налогот за купување (во продолжение: неискористени средства), се постапува согласно барањето на клиентот. Депонираните средства, односно неискористените средства, не се сметаат за депозит и за нив не постои камата. Паричните средства на посебната сметка можат да се употребатсамо во согласностсо инструкциитенаклиентот.Xxxxxxx не смее да врши плаќања поврзани со склучените трансакции со хартии од вредност во свое име и за своја сметка од паричните
средства на клиентите и не смее да ги користи паричните средства на еден клиент за сметка на кој било друг клиент. Паричните средства на клиентите не влегуваат во имотот на Банката во случај на стечај или ликвидација и не можат да се користат за намирување на обврските на Банката.
Член 12
Банката се обврзува по порамнувањето на обврските да го уплати износот на примените средства од извршениот налог за продажба, намален за одбитоците во согласност со овие Општи услови за работење и Договорот, на сметката на клиентот, наведен во Договорот, односно налогот, следниот работен ден од приемотнасредствата, освен, ако клиентот и Банката не се договорат поинаку.
Известување
Член 13
Банката е должна да му достави на клиентот извештај за склучување и порамнување на трансакцијата со хартии од вредност во рок од два дена по денот на порамнувањето. Банката му доставува извештај за склучување и порамнување на трансакцијата со хартии од вредност на клиентот на начин кој е определенво Договорот.
Судир на интересите
Член 14
Банката е должна да го извести клиентот за евентуалните судири меѓу интересите на клиентот и интересите на Xxxxxxx, односно интересите на другите клиентина Банката. Банката е должна да работи на начин со која ќе се минимизира можноста за судир на интереси меѓу клиентите, Xxxxxxx, и/или лицата вработени во Банката.
Ризици
Член 15
Банката е должна да се обиде да ги добие сите потребни информации од клиентите во врска со нивното искуство во вложување во хартии од вредност и нивните финансиски можности и цели, значајни за заштита на нивните интереси, по пат на пополнување образец “Формулар за нов клиент”.
Вложувањата во хартии од вредност е врзан и со соодветен ризик поради што клиентот, со самото потпишување на Договорот за посредување при купопродажба на хартии од вредност, потврдува дека е свесен и дека го прифаќа ризикот заради движењата на пазарот и други фактори што влијаат на пазарот на хартии од вредност, врз коишто Банката нема никакво влијание.
III. ЧУВАЊЕ НА ХАРТИИ ОД ВРЕДНОСТ
Член 16
Чување на хартии од вредност е посебна услуга која Банката ја дава врз основа на посебен Договор склучен помеѓу Xxxxxxx и клиентот, а во кој детално се уредуваат правата и обврските помеѓу Банката и клиентот.
Чувањето на хартии од вредност вклучува отварање и водење на сметки на хартии од вредност во свое име, а за
сметка наклиентотво Депозитарот, отварање иводење насметка нахартииод вредност и за своиклиенти кои не се сопственици на тие хартии од вредност, а за сметка на нивните клиенти и други услуги по налог на клиентот, како што се: исплата на достасани побарувања од издавачот врз основа на достасани хартии од вредност, камати и дивиденди за сметка на сопствениците на хартиите од вредност, известување за собранија на акционери и застапување на тие собранија, плаќање на даночните обврски на клиентот врз основа на хартии од вредност кои се во негова сопственост и сл.
Член 17
Пред извршување на оваа услуга Xxxxxxx и клиентот задолжително склучуваат Договор во писмена форма во кој подеталносе уредуваатмеѓусебнитеправа иобврскипридавањето наовојвиднауслугаод странана Банката.
За извршената услуга чување на хартии од вредност, Банката му наплаќа на клиентот надоместок кој се утврдува во Договорот склучен помеѓу Банката и клиентот.
IV. ЗАЕДНИЧКИ ОДРЕДБИ
Водење и чувањена документацијата
Член 18
Xxxxxxx смее во согласност со секогаш важечките прописи да собира, да води, да обработува и да чува податоци поврзани со овие Општи услови на работење.
Банката е должна да води евиденција и да ги чува сите документикои во секое време овозможуваат потврдување дека одредена трансакција е извршена во свое име и за своја сметка илиза сметка на клиентот.
Грижа
Член 19
При извршување на работи според овие Општи услови на работењето Xxxxxxx ќе се однесува со грижа најдобар стопанственик и стручњак, согласно со соодветните позитивни законски прописи.
Член 20
Клиентот се обврзува дека за непречено извршување на услугите со хартии од вредност на Банката, на нејзино барање, ќе и достави соодветна документација, односно направи достапни соодветно потребни информации и податоци. Клиентот е должен да ја известува Банката за сите околности, коишто се важни за извршување на услугите на Банката во согласност со овие Општи услови на работење и Договорот.
Одговорност
Член 21
Без оглед на другите одредби на овие Општи услови на работење:
(I) Банката пред клиентот или трети лица не одговара за евентуалната непосредна или посредна штета, обврските и/или загубата, настанати како последица на исполнувањето на обврските на Банката согласно овие Општи услови на работење и Договорот, освен во случај на нејзино делување со умисла или голема негрижа, чијашто содржина се оценува во согласност со стандардите за грижливост на добра членка на Македонската берза.
(II) Клиентот гарантира дека сите документи, податоци и информации кои ги доставува до Банката при склучување на Договорот се веродостојни, целосни и точни.
Клиентот се обврзува дека на Банката ќе и ја плати секоја штета, трошоци и дека воопшто ќе ја ослободи од сите обврски настанати кон Банката од односот кон кое и да е лице, коишто се последица од извршувањето на услугите според овие Општи услови за работење и Договорот, освен во случај на однесување со умисла или голема негрижа на Банката, чијашто содржина се оценува согласно стандардите за грижливост на добра членка на Македонската берза.
Доцнење со плаќање
Член 22
Клиентот, во случај на доцнење со плаќање на која и да е доспеана и непорамнета обврска, според овие или во врска со овие Општи услови на работење, Договорот или налогот, е должна на Банката да и плати и законска затезна камата.
Промени на Општите услови на работењето
Член 23
Во случај на промена на соодветните прописи или/и одлуки коишто влијаат на исполнувањето на обврските на Банката, според овие или во врска со овие Општи услови на работење, Договорот и налогот (во продолжение: промена на прописи), Банката според сопствена проценка и одлука има право да ги измени, односно да ги дополни овие Општи услови на работење, во согласност со таквата промена на прописите.
Член 24
Без оглед на одредбата од претходниот член на овие Општи услови за работење, Xxxxxxx има право еднострано да ги промени, односно да ги дополни овие Општи услови за работење, доколку со таквите промени, односно дополнувања,
xxxxxxxxx не навлегува во правата и обврските на клиентот (во продолжение: суштински промени), според овие и во врска со овие Општи услови за работење.
Во случај на суштински промени Банката има право да отстапи од наведените Договори, ако клиентот не се
согласува со нив. Се претпоставува дека клиентот се согласува со промените на Општите услови за работење, ако во рок од 7 работни дена од известувањето на Xxxxxxx за суштинските промени писмено не ја извести Банката за тоа дека не се согласува со таквите промени.
Непочитување на обврските
Член 25
Во случај на непочитување на обврските согласно со овие и во врска со овие Општи услови за работење, Договорот и налогот (во продолжение: непочитување на договорните обврски), секоја страна може да отстапи од Договорот и да бара отштета од другата договорна страна.
Траење на договорниот однос
Член 26
Времетраењето на Договорот и условите за отстапување од него во случаите коишто не се наведени во овие Општи услови за работење, странките ги договараат во самиот договор.
Во случај на откажување на наведениот договор, од причини наброени во овие Општи услови за работење и наведениот Договор, наведениот Договор се продолжува до конечното порамнување на сите обврски на клиентоти Xxxxxxx според тој Договор, односно трансакциите, склучени пред откажувањето.
Деловна тајна
Член 27
Заради заштита на интересите на клиентот, Xxxxxxx се обврзува дека сите податоци и информации, кои ги дознала при извршување на Договорот, иливо врска со извршување на Договорот, ќе ги третира како деловна тајна.
Податоците и информациите од став 1 на овој член можат да се соопштат во следните случаи: Заради заштита на интересите на клиентот, Xxxxxxx се обврзува дека сите податоци и информации, кои ги дознала при извршување на Договорот, иливо врска со извршување на Договорот, ќе ги третира како деловна тајна.
Податоците и информациите од став 1 на овој член можат да се соопштат во следните случаи: ако странката далаписменасогласностза нивно
откривање; на писмено барање илиналог на надлежен суд;
на барање на Комисијата за хартииод вредност за вршење на контрола врз работењето на Банката; на писмено барање на Народната банка за потребите на супервизијата;
на Управата за финансиско разузнавање; на писмено барање на друг орган овластен со закон.
Податоците и информациите кои Банката е должнада гидоставува до органии институциисогласно со закон, а кои претставуваат деловна тајна на Банката, се сметаат за службена тајна.
Судска надлежност и избор на правото
Член 28
Евентуалните спорови од договорните односи, коишто се темелат врз овие Општи услови за работење, клиентот и Xxxxxxx ќе ги решаваат договорно, а во случај на судски спор договараат надлежност на стварно надлежниот суд во Скопје.
За проценка на сите договорни односи, коишто се темелат на овие Општи услови за работење се користи македонското право.
Неважење на одредбите
Член 29
Неважењето или неизвршливоста на одделна одредба на овие Општи услови за работење и Договорот, не влијае на важноста и извршноста на другите одредби.
Во случај некоја одредба од овие Општи услови за работење да е неважечка или неизвршлива, Xxxxxxx таквата одредба, ќе ја надомести со нова којашто е најблиска до неважечката, односно одредбата што не може да се исполни.
Отстапување на Договорот и правата
Член 30
Доколку меѓу клиентот и Xxxxxxx не е поинакудоговорено, клиентот не смее без претходна писмена согласност на
Банката во целост или делумно на трето лице да му го отстапи Договорот илисвоите права според овој иливо врска со овој Договор.
Членство во саморегулирачка организација
Член 31
Банката е членна Македонската берза на хартииод вредност АД Скопје и на Централниотдепозитар за хартии од вредност АД Скопје.
V. ПРЕОДНИ И ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ
Член 32
За се што не е утврдено во овие Општи услови за работење се применува постоечката важечка регулатива од областа на хартиите од вредност.
ШпаркасеБанка АДСкопје