Contract
ЗНАЧЕЊЕ НА ПОЕДИНИ ИЗРАЗИ
Осигурувач: Акционерското друштво за осигурување АД “Осигурителна полиса“ Скопје со кое е склучен договор за осигурување.
Осигуреник: Xxxx чија одговорност е осигурена.
Договорувач на осигурувањето: Осигуреникот или некое друго правно или физичко лице кое во полза на осигуреникот склучува договор за осигурување од одговорност при обавувањето на професионалната дејност.
Нарачател: Лице на кое осигуреникот му дава професионална услуга за која е регистрирано.
Полиса за осигурување: Договор за склучено осигурување.
Премија за осигурување: Износ кој договорувачот на осигурувањето го плаќа на осигурувачот врз основа на договорот за осигурување.
Надомест за штета: Сума која осигурувачот ја исплаќа согласно договорот за осигурување.
Стручна грешка: Грешка на осигуреникот која настанува при обавувањето на професионалната дејност од неговата струка.
Груба небрежност: Крајна небрежност, занемарување на
вниманието и грижата која се очекува од секое стручно правно или физичко лице.
ПРЕДМЕТ НА ОСИГУРУВАЊЕ
Член 1
(1) Осигурувачот има обврска да надомести штета која осигуреникот му ја причинува на нарачателот на услугата заради стручна грешка настаната при обавување на регистрираната дејност за која осигуреникот одговара пред законот.
ИСКЛУЧЕНИ РИЗИЦИ
Член 2
(1) Осигурувачот не е во обврска да надомести штета:
1) Xxxx спрема договорот или посебниот договор го преминува обемот на обврската, што произлегува од правните прописи за одговорност.
2) Xxxx има како последица телесна повреда на лица или оштетување на ствари;
3) За штети кои настанале како последица на неисполнување на роковите;
4) Ако штетата намерно ја причини осигуреникот или кај него вработени лица;
5) Ако осигуреникот или кај него вработено лице причини стручна грешка како последица на груба небрежност;
6) Xxxx настанала за време, кога осигуреникот или лица кои за него ги обавуваат работите, немале соодветна регистрација, т.е дозвола за обавување на дејноста;
7) Xxxx настанува заради намерно кршење на законот и другите
прописи, упатства и услови на нарачателот од страна на осигуреникот или намерно непочитување на обврските од договорот;
8) Заради измама или други кривични дела;
9) Заради присилба и заканување;
10) Заради казна (глоба) која се должни да ја платат нарачателот или осигуреникот;
11) Заради губење на податоци или документи (во писмена, печатена или електронска форма) кои биле дадени на чување кај осигуреникот;
12) Xxxx се случила на осигуреникот или неговите партнери ако имаат сопственички удел во друштвото поголем од 25% или имаат право т.е можност по основ на законот или актите на друштвото на управување со друштвото (мнозински партнери) и роднините на осигуреникот или неговите партнери кои се вработени кај осигуреникот и чија професионална одговорност е осигурена.
13) Xxx настануваат како последица на неисполнување на обврските на нарачателот, кои се предвидени со договорот.
14) Xxx произлегуваат од пречекорување на процената на висината на трошоците и казнените камати.
15) Xxx настануваат во врска со плаќањето на услугата;
16) Кои настануваат покрај разумно предвидените штети во рамките на извршената услуга (посредни штети);
17) Како последица на оштетување на угледот или честа;
18) Како последица на неликвидноста или
несолвентноста на осигуреникот;
19) Xxxx настанала како последица на вонредни настани како на пр. војна, терористички дејства, граѓанска војна или слични немири, делување или присутност на природни и елементарни непогоди, нуклеарна радијација или нуклеарна контаминација;
СУМА НА ОСИГУРУВАЊЕ
Член 3
(1) Сумата на осигурување искажана во полисата, претставува горна граница на обврската на осигурувачот по еден штетен настан без оглед на бројот на нарачатели. Во сумата на осигурување се вклучени и трошоците на нарачателот и осигуреникот.
(2) Ако не е поинаку договорено, осигурувачот може за сите осигурени случаи кои ќе настанат во периодот на осигурување од една година, да исплати вкупен надомест за штети до висина на двојната сума на осигурување (годишен агрегат). Во случаи кога годишниот агрегат е исцрпен, осигурувањето може да продолжи само доколку е тоа посебно договорено и доколку е платена дополнителна премија.
ОСИГУРЕН СЛУЧАЈ
Член 4
(1) Се смета дека настанал осигурен случај во моментот кога настапува првото остварување на отштетното побарување од страна на нарачателот.
(2) Осигурувачот има обврска само тогаш кога осигурениот случај настанал за времетраење на осигурувањето, односно ако е посебно договорено и во продолжениот период на поднесување на отштетното побарување, при што стручната
грешка на осигуреникот од која произлегува отштетното побарување, да не настанала пред почетокот на траењето на осигурувањето т.е пред датумот наведен во полисата за осигурување (ретро датум) и штетата да не е истовремено покриена со ниту една друга полиса за осигурување, која ја има, т.е која ја имал осигуреникот. Доколку е договорен период на покритие за стручна грешка настаната во времето од ретро датумот до почетокот на траење на осигурувањето, осигурувачот има обврска само во случај кога осигуреникот не знаел и не можел да знае за стручната грешка направена во тој временски период.
(3) Како отштетно побарување се смета:
1) Xxxx каква судска, извршна или арбитражна постапка, подигната против осигуреникот или осигурувачот, врз основа на која осигуреникот би можел да се смета за одговорен за настанатата штета.
2) Било какво писмено известување на нарачателот на услугата до осигуреникот или осигурувачот според кое смета дека заради стручна грешка при обавувањето на регистрираната дејност осигуреникот е одговорен за настанатата штета.
(4) Осигуреникот е обврзан да го пријави осигурениот случај на осигурувачот веднаш, ако е тоа возможно, а најдоцна во рок од 30 дена од денот на сознанието за отштетното побарување.
(5) Ако од иста работа, пропуст или грешка на осигуреникот произлегуваат повеќе отштетни побарувања, се смета дека настанал еден осигурен случај без оглед на бројот на оштетени лица т.е отштетни барања. Како време на настанување на осигурениот случај се смета првото познато отштетно
побарување. Исто така се смета дека настанал еден осигурен случај ако повеќе отштетни побарувања се последица на повеќе стручни грешки кои е можно да се припишат на исти околности и можно е меѓусебно да бидат поврзани од правен, економски или временски аспект.
(6) Доколку постои сомнеж кога дошло до настанување на стручна грешка, се смета дека до нејзино настанување дошло последниот ден кога требало да се постапи со цел да не настане штета.
(7) Осигуреникот учествува во секоја штета со 10% од признаената штета, а најмалку со минималниот износ наведен во полисата за осигурување, освен ако не е поинаку договорено и не е платена дополнителна премија.
МЕСТО НА ОСИГУРУВАЊЕ
Член 5
(1) Осигурувачот има обврска само за оние осигурени случаи, до кои дошло при обавување на регистрираната дејност на осигуреникот на територија на Република Македонија, ако не е договорено поинаку.
НАДОМЕСТ ОД ОСИГУРУВАЊЕТО
Член 6
(1) Надоместот од осигурувањето (надоместот на штета), се утврдува со одредбите во овие услови за осигурување и е ограничен со висината на сумата за осигурување.
(2) Ако осигуреникот има склучено колективно осигурување од професионална одговорност преку надлежната комора, односно преку здруженија на одредена дејност или дополнително индивидуално
осигурување од професионална одговорност, при настанување на осигурен случај надоместот на штета се исплаќа врз основа на колективното осигурување од професионална одговорност од дејност. Врз основа на индивидуалното осигурување од професионална одговорност на осигуреникот му се исплаќа само износот на непокриениот дел на штетата, ако покритието по првото осигурување не било доволно.
(3) Ако осигуреникот му пружа услуги на нарачателот заедно со други даватели на услуги (соизвршување на услуга), висината на надоместот се одредува пропорционално на односот помеѓу сумата на осигурување на осигуреникот која е договорена во полисата и вкупната сума на осигурување, која за ист ризик произлегува од условите за осигурување на осигуреникот и другите соизвршители.
(4) Без оглед на претходната одредба на овој член, осигуреникот учествува во секоја штета со 10% од признаетиот надомест, а најмалку во минималниот износ наведен во полисата, освен ако не е поинаку договорено и платена дополнителна премија.
БИТНИ ОКОЛНОСТИ ЗА ПРОЦЕНА НА РИЗИК
Член 7
(1) Договорувачот на осигурувањето е должен при склучување на договорот за осигурување да му ги пријави на осигурувачот сите оклоности кои се важни за проценка на ризикот и кои му се познати или не можеле да му останат непознати. Во околностите кои се важни за
оценка на ризикот, спаѓаат посебно околностите, кои му се познати на договорувачот на осигурувањето и врз основ на кои е пресметана и утврдена премијата, како и оние кои се наведени во договорот за осигурување.
(2) За сите промени на околностите за времетраење на договорот за осигурување кои би можеле да бидат важни за проценка на ризикот, осигуреникот е должен веднаш да го извести осигурувачот.
(3) Осигуреникот, по потреба, е должен да му овозможи на осигурувачот преглед и ревизија на околностите потребни за проценка на ризикот.
(4) Доколку при штетниот настан се покаже дека договорувачот на осигурувањето не доставил веродостојни податоци за опасните околности, посебно оние врз основа на кои е пресметана и утврдена премијата, надоместот од осигурувањето се намалува сразмерно на платената премија и премијата која би морала да биде платена со оглед на зголемената опасност.
СКЛУЧУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ ЗА ОСИГУРУВАЊЕ
Член 8
(1) Договорот за осигурување се склучува врз основа на одговорите на договорувачот на осигурувањето во Прашалникот доставен од осигурувачот.
(2) Осигурувачот може после приемот на Прашалникот да побара дополнување или објаснување. Се смета дека дека осигурувачот го примил пополнетиот Прашалник, кога ќе ги добие сите неопходни дополнувања или објаснувања.
(3) Одредбите за склучување на договорот за осигурување се применуваат и кога ќе се измени
постоечкиот договор за осигурување, освен во случај на измена на условите за осигурување или тарифите.
ПОЧЕТОК И КРАЈ НА ОСИГУРИТЕЛНОТО ПОКРИТИЕ
Член 9
(1) Обврската на осигурувачот од договорот за осигурување почнува да важи после истекот на 24-от час од денот кој во полисата е наведен како почеток на осигурувањето, ако е тој ден платена првата премија, односно после истекот на 24-от час од оној ден кога е платена премијата, ако поинаку не е договорено.
(2) Обврските на осигурувачот престануваат после истекот на 24-от час од оној ден кој во полисата е наведен како ден на истек на осигурувањето. Ако во полисата е наведен само денот на почеток на осигурувањето, осигурувањето продолжува од година во година се додека една од договорните страни не се откаже. Откажувањето на осигурувањето мора да се направи писмено 3 месеци пред истекот на тековната година на осигурување.
(3) Осигурувањето може да престане поради престанок на вршење на професијата, отказ на осигуреното лице и во други случаи кога постојат законски пречки за понатамошна важност на договорот за осигурување.
ПЛАЌАЊЕ НА ПРЕМИЈАТА
Член 10
(1) Премијата за осигурување физичкото лице, договорувач на осигурувањето мора да ја плати при приемот на полисата за осигурување, а правното лице договорувач на осигурувањето во
законски рок од денот на испоставување на фактура.
(2) Ако е договорено премијата да се плаќа на рати, истите стасуваат за наплата на датумите наведени во фактурата, т.е анексот . Во случај на настанување на осигурен случај, целата премија доспева за наплата. Ако премијата чие плаќање е договорено на рати не е платена до денот на доспетие, се пресметува казнена камата.
(3) Ако премијата е платена по пошта, за ден на уплата се смета денот кога износот на премијата е правилно уплатен во поштата, а ако премијата е платена со вирман, за ден на плаќање се смета денот кога банката на осигурувачот го примила налогот.
(4) Ако со оглед на договорениот период на осигурување во договорот за осигурување е утврдена пониска премија, а осигурувањето од било која причина престанало да важи пред истекот на тој период, осигурувачот има право да ја бара разликата до онаа премија која договорувачот на осигурувањето требал да ја плати доколку договорот за осигурување би бил склучен на период колку навистина траел.
(5) Во случај на престанок на договорот за осигурување, договорувачот на осигурувањето мора да плати премија за неплатениот период до денот на престанок на важноста на договорот. Ако до денот на престанок на важноста на договорот настанал осигурен случај, за кој осигурувачот мора да плати надомест за штета, договорувачот на осигурувањето мора да ја плати целата премија за тековниот годишен осигурителен период.
(6) На осигуреникот во зависност од односот помеѓу ликвидираните и резервираните штети и полисираната и наплатената
премија во изминатите три години, му се пресметува бонус или малус за наредниот осигурителен период.
Во одредени случаи, доколку тоа е одобрено од Генералниот директор и Секторот за ризици, пресметката за односот помеќу ликвидираните и резервираните штети и полисираната и наплатената премија со цел за утврдување на бонусот или малусот кој би се применил при склучувањето на осигурувањето за наредниот осигурителен период, може да се прави и за пократок период (годишен или двогодишен).
ПОВРАТОК НА ПРЕМИЈАТА
Член 11
(1) Осигурувачот врши повраток на дел од премијата за неискористениот период на осигурување, ако осигурениот ризик престанал да постои по склучувањето на договорот за осигурување.
(2) Ако осигурениот ризик престанал да постои пред почетокот на обврската на осигурувачот, тој врши повраток на целата наплатена премија.
(3) Во други случаеви на престанување на договорот за осигурување пред истекот на периодот на осигурување, за кој е уплатена премија, на осигурувачот му припаѓа премија до оној ден до кој трае неговата обврска по принцип на “про рата темпорис“, ако не е поинаку договорено.
(4) Повратокот на премијата на барање на осигуреникот може да се изврши врз основа на докази за исполнувањето на условите за повраток на премијата.
ДОЛЖНОСТИ НА ОСИГУРЕНИКОТ / ДОГОВОРУВАЧОТ НА ОСИГУРУВАЊЕТО ПО НАСТАНУВАЊЕ НА ОСИГУРЕН СЛУЧАЈ
Член 12
(1) Осигуреникот мора без одложување да го извести осигурувачот за настанување на осигурен случај.
(2) Ако против осигуреникот е поведена постапка заради сомневање за постоење на кривично дело или е подигнато обвинение, или донесено решение во управна постапка, осигуреникот за тоа мора веднаш да го извести осигурувачот, иако веќе го пријавил настанувањето на штетата од претходниот став.
(3) Ако трети лица остваруваат барање за надомест на штета или против него била поднесена тужба за обештетување, осигуреникот мора за тоа, без било какво одложување, да го извести осигурувачот и да му ги достави оригиналите на сите документи кои ги содржат тие барања.
(4) Осигуреникот мора да му го довери застапувањето во судската постапка и да му даде овластување за застапување на она лице кое ќе го одреди осигурувачот.
(5) Осигуреникот мора да му ја препушти обработката на барањата за надомест на штета на осигурувачот. Осигуреникот нема право да ги ги одбие барањата за надомест на штета, а посебно не смее да ги признае.
(6) Ако осигуреникот му оневозможи на осигурувачот да ги реши барањата за надомест на штета со порамнување (спогодба), осигурувачот не е должен да го плати вишокот на надомест на
штета, каматата и трошоците кои заради тоа настануваат.
(7) Доколку оштетеното лице директно се обрати на осигурувачот со барање за надомест на штета, осигуреникот е должен на осигурувачот да му ги пружи сите докази и податоци со кои располага, а кои се неопходни за утврдување на одговорноста за причинетата штета и за оценка на основаноста на побарувањето, обемот и висината.
(8) Доколку осигуреникот не се придржува кон обврските од овој член, ќе ги сноси штетните последици, освен доколку тие би настанале и ако се придржувал до обврските.
ОБВРСКИ НА ОСИГУРУВАЧОТ
Член 13
(1) Осигурувачот е должен при склучување на осигурувањето да му ги достави на договорувачот на осигурувањето важечките услови за осигурување, кои се составен дел на договорот за осигурување.
(2) Осигурувачот е должен да ги проучи барањата за надомест на штета, како по оправданост, така и по висина и да одговори позитивно на оправданите барања, како и да ја обезбеди одбраната на осигуреникот од неоправдани или претерани барања за надомест на штета.
(3) Осигурувачот е должен да исплати надомест на штета во рок од 14 дена од денот кога е утврдена неговата обврска за плаќање и висината на штетата.
(4) Осигурувачот има обврска за трошоците на осигуреникот за водење на судската постапка и за штетата заради трошоците за постапката, кои се доделени на
оштетениот, само тогаш кога од почетокот ја води судската постапка самиот тој или лице кое тој го одредува, но заедно со надоместот на штета само до висина на осигурената сума.
(5) Осигурувачот има обврска за трошоците за одбрана на осигуреникот во кривичната постапка само во случај, ако изрично се согласи на бранители и ако се обврзе да ги помири трошоците, но заедно со надоместот на штета само до висина на осигурената сума.
ПОСТАПКА НА ВЕШТАЧЕЊЕ И ЖАЛБЕНА ПОСТАПКА
Член 14
(1) Секоја договорна страна може да бара вешти лица да ги утврдат спорните факти.
(2) Секоја страна именува вешто лице кое не е во работен однос со страните. Именуваните вешти лица пред почетокот на вештачењето, именуваат трето вешто лице, кое го дава своето мислење само ако мислењата на првите две вешти лица се различни и само во границите на нужните констатации.
(3) Секоја страна ги покрива трошоците на вештото лице кое го именувала, а за третото вешто лице секоја страна покрива половина од трошоците.
(4) Констатациите на вештите лица се задолжителни за двете страни.
(5) Против понудата на осигурувачот за порамнување или одбивање на барањето, дозволена е писмена жалба до комисијата за жалби на осигурувачот, кој го обработил барањето.
(6) Осигурувачот ги обработува и жалбите, во кои се наведува кршење на работниот морал.
Жалбата се поднесува кај онаа организациска единица на осигурувачот кај која настанало кршењето.
ПРОМЕНА НА УСЛОВИТЕ ЗА ОСИГУРУВАЊЕ ИЛИ ТАРИФАТА НА ПРЕМИИ
Член 15
(1) Ако осигурувачот ги измени условите на осигурување или тарифата на премии, за измената мора да го извести осигуреникот најмалку 60 дена пред истекот на тековната година на осигурување.
(2) Договорувачот на осигурувањето има право, во рок од 60 дена после приемот на известувањето, да го откаже договорот за осигурување. Договорот престанува со истекот на тековната година на осигурување.
(3) Ако договорувачот на осигурувањето не го откаже договорот за осигурување, истиот се менува со почетокот на следната година во корелација со новите услови за осигурување и тарифа на премии.
ПРОМЕНА НА АДРЕСАТА
Член 16
(1) Договорувачот на осигурувањето мора да го извести осигурувачот за промена на своето име или адресата, односно фирма и седиште во рок од 15 дена од денот на промената.
(2) Ако договорувачот на осигурувањето ја промени адресата на седиштето или своето име, односно фирма, а за тоа не го известил осигурувачот, доволно е осигурувачот да прати известување, кое мора да му го соопшти на договорувачот на
осигурувањето, на адреса на неговото последно познато седиште, или известувањето да го прати на последното познато име или фирма.
НАЧИН НА ИЗВЕСТУВАЊЕ
Член 17
(1) Договорите за осигурување се важечки само ако се склучени во писмена форма.
(2) Сите известувања и изјави, кои треба да се дадат спрема одредбите од договорот за осигурување, мораат да бидат во писмена форма.
(3) Известување или изјава се дадени правовремено ако пред истекот на рокот се пратат со препорачано писмо.
(4) Xxxxxx, која треба да му се даде на друг, почнува да важи од денот кога другиот ќе ја прими.
ПРАВО НА РЕГРЕС
Член 18
(1) Осигурувачот задржува право на регрес од осигуреникот во случај кога дополнително ќе се утврди дека штетата е предизвикана со намера, измама или грубо невнимание, а за која на осигурувачот од страна на осигуреникот односно оштетениот не му се презентирани точни и вистинити податоци, односно докази за надомест на штетата.
ЗАСТАРУВАЊЕ НА ПОБАРУВАЊЕТО
Член 19
(1) Побарувањата за надомест на штета по склучениот договор за осигурување застаруваат во рок од три години, сметано од денот кога настапил осиугрениот случај.
ПРИМЕНА НА УСЛОВИ И ЗАКОНСКИ ПРОПИСИ
Член 20
(1) Овие услови се применуваат во сите случаи на осигурување од професионална одговорност од дејност, заедно со посебните- дополнителните услови кои се однесуваат на определена професија (доколку такви постојат).
(2) Во врска со прашањата кои не се регулирани со овие Посебни услови за осигурување од професионална одговорност од дејност, ќе се применуваат одредбите од Општите услови за осигурување од одговорност. Доколку поедини одредби од овие Посебни услови се во спротивност со одредбите од Општите услови, ќе се применуваат одредбите од овие Посебни услови.
(3) За односите помеѓу договорувачот на осигурувањето и осигуреникот на една и осигурувачот на друга страна, кои не се регулирани со овие
услови, ќе се употребуваат одредбите од Законот за облигациони односи.
НАДЛЕЖНОСТ ВО СЛУЧАЈ НА СПОР
Член 21
(1) Споровите од овој договор странките ќе се обидат да ги решат по мирен пат. Ако тоа не е можно, за решавање на споровите е надлежен судот во местото на склучување на договорот за осигурување.
ПРАВНА ПОУКА
Член 22
(1) Осигуреникот има право да достави претставка во однос на Друштвото до Агенцијата за супервизија на осигурување (како надлежен орган за супервизија на Друштвото за осигурување).