За потребите на проектот „Силни граѓански организации за позитивни социјални промени“ (Договорен орган: Делегацијата на Европската Унија во поранешна Југословенска Република Македонија во рамките на Оперативната програма за акција за Поддршка за...
Повик 07/2017 за интерес на ГО за менторирање на избрани локални ГО
Опис на проектната задача
АНГАЖМАН НА ГО
за менторирање на избрани локални ГО
За потребите на проектот „Силни граѓански организации за позитивни социјални промени“ (Договорен орган: Делегацијата на Европската Унија во поранешна Југословенска Република Македонија во рамките на Оперативната програма за акција за Поддршка за граѓанските организации, 2015, Инструмент за претпристапна помош) и врз основа на Договорот за грант број IPA/2015/381 941, проектниот тим на ЦОР АЛКА испраќа Опис на проектната задача.
ВОВЕД
Фондација за развој на локалната заедница Штип во партнерство со Центарот за одржлив развој „Алка“ од Скопје и Институтот за Развој на Заедницата, Тетово започна со имплементација на проект насловен „ Силни граѓански организации за позитивни социјални промени “ финансиран од Делегацијата на Европската Унија во поранешна Југословенска Република Македонија. Проектот се финансира во рамки на Оперативната програма за акција за Поддршка на граѓанските организации, 2015, Инструмент за претпристапна помош.
Генерална цел кон која проектот се стреми да придонесе е „Зголемување на влијанието на локалните граѓански организации (ГО) во процесите на донесување на одлуки за позитивни социјални промени“, додека специфични цели кои проектот ќе се стреми да ги исполни се:
Креирање транспарентни и отчетни процедури од ЛС за финансирање на ГО од буџетите и ситмулирање реплицикација на истите меѓу ЛС.
Градење на капацитетите на ГО за: транспарентност и отчетност, учество во процесите за донесување на одлуки, лобирање и застапување, истражување, собирање и обработка на податоци, социјални медиуми, вмрежување и градење на коалиции.
Зајакнување на финансиските и инситуционалните капацитети на локалните ГО за зајакнување на нивната поврзаност со конституентите.
Зајакнување на ефикасноста од вклучувањето на ГО во донесување на јавните политики.
Целни групи на проектот се: Локални ГО од Македонија, 16 Локални самоуправи.
Крајни корисници на проектот се граѓаните на 16 Општини во Република Македонија.
Очекувани резултати на проектот се:
Подготвена методологија за работа преку спроведување на работилници;
Развиени и усвоени методологии за одделување средства од општинските буџети за локални ГО;
Споделување добри практики кои ќе служат како алатка за промоција на развиените методологии, преку спроведување на регионални настани;
Изготвена компаративна анализа за состојбата на ГО и нивната интерна структура, како и управувањето на ЛС, и постоечките процедури на ЛС за финансирање на ГО;
Проценка на потребите за обуки на локалните ГО;
Селектирани 16 локални ГО, вклучени во процес на менторирање;
Избрани 4 искусни ГО за менторирање на избраните локални ГО;
Спроведени обуки за 4 менторски ГО;
Подготовка на план за јакнење на капацитетите на локалните ГО остварени од менторски организации преку работилници;
Подготвени организациски и стратешки документи за локални ГО;
Спроведена менторска евалуација на напредокот на секоја локална ГО според подготвениот план за јакнење на нивните капацитети;
Изготвен план за обуки според потребите на ГО, од страна на проектниот тим;
Подготвени дидактички материјали за обуки кои ги следат потребите на корисниците но и за останатите заинтересирани субјекти;
Спроведени повици за мали грантови за финансиска поддршка на локални ГО;
Потпишани договори за доделени мали грантови;
Адресирани локални проблеми;
Спроведени работилници и обуки за јакнење на капацитетите на грантистите;
Охрабрување на партнерства и вмрежување меѓу ГО;
ГО инволвирани во различни проектни активности;
Подготвка на план за комуникација и видливост;
Изготвени промотивни материјали, публикации и проектни документи;
Завршна конференција за промоција на резултатите од проектот.
Активности на проектот:
Развивање на методологија за распределба на средства до ГО од општинските буџети
Избор на локални самоуправи
Подготовка на методологија
Усвојување на методологии (лобирање и застапување)
Спроведување на регионални настани за споделување добри практики
Јакнење на капацитетите на локалните ГО
Спроведување на истражување и подготовка на компаративна анализа за состојбата на ГО, интерната структура и управување на ЛС, и постоечките процедури на ЛС за финансирање на ГО
Проценка на потребите за обуки за локалните ГО
Менторирање на локалните ГО
Развивање на план за обуки и материјали за обуки
Испорака на обуки
Финансиска поддршка до ГО
Промоција
Завршна конференција
Медиумска покриеност
Подготовка и дистрибуција на промотивни материјали
ЦЕЛИ НА АНГАЖМАНОТ
Основната цел на оваа услуга е ангажман на 4 искусни ГО кои ќе обезбедат менторирање на избрани вкупно 16 ГО. Менторските организации ќе бидат оспособени за спроведување на менторскиот процес. Менторирање на работно место е потребен ангажман каде поискусните колеги ги користат нивните знаења и искуства во поддршката и развојот на понеискусните ГО.
Работни процеси и резултати од ангажманот на менторските ГО
Со цел да се обезбеди наменска и на лице место поддршка на избраните локални ГО, за секоја ГО ќе биде назначена една менторска ГО. Една менторска ГО ќе биде одговорна за најмалку 3, а најмногу 5 локални ГО, врз основа на нивните знаења и капацитети.
Избраните 4 искусни ГО, со по 2 свои членови / експерти, ќе ги споделат своите знаења, капацитети и вештини со 16 локални ГО, со што ќе го зголемат нивниот капацитет преку процес на менторирање на локалните ГО, и ќе придонесат за градење на јако граѓанско општество, кое е партнер во идентификување и обезбедување на решенија за проблемите во заедницата. Исто така, избраните искусни ГО ќе ги споделат добрите практики меѓу локалните 16 ГО и други заинтересирани ГО.
Врската воспоставена меѓу искусните ГО и локалните ГО, се очекува да резултира со понатамошна комуникација и соработка, особено во процесот на градење на партнерства помеѓу нив за адресирање или решавање на идентификувани проблеми важни за заедниците со кои што работат.
Опис на ангажманот на 4те менторски ГО:
Еднодневна обука за менторство – Менторските ГО ќе поминат низ процес на еднодневна обука за менторство и процес на спроведување на план за градење на капацитети на локални ГО. Обуката ќе вклучи основи за менторство, како и кога да се користат различните алатки за менторство преку работилници, менторски средби, поддршка директно во работната средина, поддршка преку Skype и e-mail, препораки за користење на релевантна литература и следење на напредокот на локалните ГО. Обуката ќе бидат доставена од страна на експерт во оваа област.
Менторските организациите треба да подготват план за градење на капацитетите за секоја локална ГО, земајќи ги во предвид конкретните потреби на секоја вклучена ГО. Планот за градење на капацитетите за секоја локална ГО, ќе биде подготвен на работилница каде што тим за оценување на локалните ГО ќе разговара за претходно доставени самооценување на организациите и заедно со менторот ќе ја дефинира позицијата на организацијата на линијата на животниот циклус и нивните развојни приоритетите. Работилницата ќе резултира со подготвен извештај од самооценувањето и план за градење на капацитетите на ГО. Менторството ќе се фокусира главно на подготовка на потребните организациски документи (стратешки планови, правилници, управни одбори, интерните политики, развој на апликација за проекти и др.) На крајот на процесот менторските организации ќе достават извештај за напредокот за секоја вклучена локална ГО во споредба со претходно подготвениот план за градење на капацитетите.
Повеќето работилници ќе бидат организирани за секоја ГО засебно, но кога е можно и со цел да се искористат ресурсите на две или повеќе организации, истите можат да се спојат во една работилница. Индивидуалната работа на менторите, засебно со секоја граѓанска организација ќе овозможи позитивна работна средина и ќе се изгради доверба меѓу менторот и членовите на менторираните ГО, каде што тие можат слободно да ги споделат своите идеи за иднината на сопствената организација.
Временска рамка
Периодот на менторирање на локалните ГО е Јули 2017 до Декември 2017.
Најмногу 1 ден за работилница за оценка на секоја локална ГО, вкупно 3-5 дена во зависност од бројот на менторирани локални ГО (подготвен извештај од оценувањето и подготвен план за градење на капацитетите на локалните ГО);
Најмногу 1 ден за индивидуални средби со секоја локална ГО, за подготовка на потребните организациски документи, вкупно 3-5 дена во зависност од бројот на менторирани локални ГО (Со можност за групирање на средбите);
Најмногу 2 дена за дополнителна посета на локалните ГО (извештај за напредокот за секоја вклучена локална ГО) и
Skype, e-mail, телефонска комуникација со локалните ГО.
Правно лице која ќе ја спроведе задачата
За оваа задача ќе се ангажираат 4 искусни ГО, кои што треба да имаат најмалку 2 години активен статус. Заинтересираните искусни ГО треба да достават Писмо за интерес, Xxxxxx на ГО и Кратка биографија (CV) на два (2) клучни експерти (членови на ГО) кои ќе се вклучат во процесот на менторство на локални ГО.
Критериумите кои менторските ГО треба да ги исполнуваат се: Нивно претходно искуство во работа со локални ГО, стручност на предложените експерти (членови) во подготовка на наведените документи и особено капацитетите за внатрешен менаџмент и подготовка на стратешките документи.
Менторските ГО, треба да достават „Изјава за достапност“ за предложените лица за нивно континуирано присуство и ангажман за наведениот период (Дадена форма во рамките на овој документ).
Плаќање
Плаќањето ќе се врши сукцесивно, по доставена фактура. Фактурите се подготвуваат согласно извршениот ангажман (денови на работа), потврдени со пополнета евиденција за работно време – месечно, за секое ангажирано лице – експерт / член, оверен од ангажираната менторска ГО.
Оценување на понудата
Изборот на ГО кои ќе ја спроведат задачата ќе се изврши по пат на евалуација на финансиска и техничка понуда.
Финансиската понуда не смее да ја надминува максималната планирана буџетска сума во бруто износ од 110.700,00 МКД, за секоја вклучена менторска ГО.
Техничката евалуација ќе се изврши врз база на доставените: Профил на ГО и Листа на претходни активности на ГО поврзани со барањето за овој ангажман и согласно капацитетите на предложените две (2) лица кои ги исполнуваат релевантните критериуми (се докажува со Кратка биографија (CV) на предложените лица.
Скалата на бодување врз чија основа ќе се изврши евалуацијата и избор на понуда е следната:
Финансиска понуда |
Максимум можни бодови |
Понудена цена за ангажман |
60 |
Техничка евалуација |
Максимум можни бодови |
Профилот на правното лице и Листа на претходни активности |
20 |
Соодветност на предложените лица според кратка биографија (CV) |
20 |
Вкупно бодови |
100 |
Начин на доставување на понудите
Доставувањето на понудите се врши по пошта, електронска пошта (xxxxxxx.xxxxxxxx@xxxx.xxx.xx ), лично или по курир на следнава адреса: XXX XXXX, Проект “Силни граѓански организации за позитивни социјални промени”, Бул. Партизански Одреди бр. 62 1/16, Карпош, Скопје.
Формите за понуда не се дефинирани. Краен рок на доставување на понудите е до 27.06.2017 (до крај на ден).
Понудите што ќе пристигнат по наведениот рок, како и оние кои не ги содржат побараните документи, нема да бидат земени во предвид. Секоја заинтересирана ГО може да учествува само со една понуда.
Сите дополнителни појаснувања може да се добијат написмено, на е-маил адреса на Xxxxxxx Xxxxxxxx, xxxxxxx.xxxxxxxx@xxxx.xxx.xx проектен координатор за АЛКА, за проект “Силни граѓански организации за позитивни социјални промени”.
Рок на важност на понудата: најмалку 30 дена;
Со почит,
Арх бр. 10-52/3 19. 05. 2017 SKOPJE |
МП |
Центар за одржлив развој АЛКА Xxxxxxx Xxxxxxxx
|
Изјава за достапност на лицата - тренери
До: Центар за одржлив развој АЛКА
Партизански Одреди 62 1/16, 1000 Скопје
Предмет: Изјава за достапност
Со ова, ____________________________________ како поднесувач на понудата, ја потврдува достапноста на предложените лица за континуирано присуство и ангажман за наведениот период од Јуни до Декември, 2017 година, за проектот „ Силни граѓански организации за позитивни социјални промени.
Со почит,
Арх бр. ________________ 00. 00. 2017 ----------------- |
МП |
____________________________ Граѓанска Организација
____________________________ Име и презиме
___________________________ Потпис
|
|
|
Проектот е финансиран од Европската Унија |
|