ОТВОРЕНА ПОСТАПКА БРOJ 07/2016
ЦАРИНСКА УПРАВА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
ОТВОРЕНА ПОСТАПКА БРOJ 07/2016
ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ЈАВНА НАБАВКА НА МОБИЛНА ЛАБОРАТОРИЈА
ТЕНДЕРСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА ПОСТАПКА КОЈА СЕ СПРОВЕДУВА ВО ХАРТИЕНА ФОРМА И ЗАВРШУВА СО Е-АУКЦИЈА
Скопје, јули 2016 година
ПОКАНА ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ ПОНУДА
Почитувани,
Договорниот орган Царинска управа на Република Македонија, со адреса на ул.,,Лазар Личеноски’’ бр.13, 1000 Скопје, Република Македонија; телефон за контакт:xx000 0 0000 000; електронска адреса:info@customs. xxx.xx; има потреба од јавна набавка на мобилна лабораторија согласно техничката спецификација во прилог на оваа тендерска документација.
За таа цел, договорниот орган спроведува постапка за доделување на договор за јавна набавка на стоки со отворена постапка, во согласност со член 21 од Законот за јавните набавки („Службен весник на Република Македонија“ бр.27/15, 78/15 и 192/15), за што објави оглас број 07/2016.
Ве молиме да ни ја доставите Xxxxxx понуда за горенаведениот предмет на договорот за јавна набавка најдоцна до 05.09.2016 година, до 12:00 часот (по локално време) по пошта на горната адреса или лично со поднесување во архивата на договорниот орган, ул. ,,Лазар Личеноски” бр.13, 1000 Скопје, Република Македонија.
Со оваа покана Ви доставуваме тендерска документација која ги содржи сите информации кои ќе Ви помогнат за изработка на понудата. Тендерската документација се состои од следните делови: инструкции за економските оператори, техничка спецификација, задолжителни одредби што ќе ги содржи договорот за јавна набавка, модел на договор за јавна набавка и образец на понудата, гаранција на понудата, изјава за нeзависна понуда, изјава за гаранција за гарантен период, образец за општи информации и образец на листа на доверливи информации.
Отворањето на понудите ќе биде јавно и ќе се одржи на ден 05.09.2016 година, во 12:00 часот (по локално време), во просториите на Царинска управа на Република Македонија, ул.,,Лазар Личеноски” бр.13, 1000 Скопје, Република Македонија.
Однапред благодариме на соработката.
Во Скопје 13.07.2016 година
Царинска управа на Република Македонија
I. ИНСТРУКЦИИ ЗА ЕКОНОМСКИТЕ ОПЕРАТОРИ
1. ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ
1.1 Дефиниции
1.1.1 Одредени поими употребени во оваа тендерска документа- ција го имаат следново значење:
- „Договор за јавнa набавкa“ е договор од финансиски интерес склу- чен во писмена форма меѓу договорниот орган од една страна и носителот на набавката од друга страна, а чиј предмет е изведување на работи, испорака на стоките или обезбедување на услуги кои претставуваат предмет на договорот;
- „Постапка за доделување на договор за јавна набавка“ е постапка што ја спроведува договорниот орган, чија цел или дејство е купување или стекнување на стоки, услуги или работи;
- „Отворена постапка“ е постапка во која секој економски оператор има право да поднесе понуда;
- „Електронска аукција“ е повторлив процес на негативно наддавање кој се реализира по првична целосна евалуација на понудите, во кој понудувачите имаат можност, исклучиво со користење на електронски средства, да ги ревидираат дадените цени или да подобрат одредени елементи од понудата, така што рангирањето се врши автоматски со помош на електронски средства;
- „Тендерска документација“ е збир на документи, информации и услови кои претставуваат основа за изготвување, доставување и оценување на пријавата за учество, односно понудата;
- „Техничка спецификација“ е збир на технички услови, прописи, препораки и стандарди со кои детално се дефинираат минималните барања од технички аспект кои стоките, услугите или работите предмет на договорот за јавна набавка треба да ги задоволат;
- „Економски оператор“ е секое физичко или правно лице или група на такви лица кои на пазарот нуди стоки, услуги или работи;
- „Поврзан економски оператор“ е економски оператор:
▪ врз кој економскиот оператор со кој е поврзан има доминантно влијание,
▪ кој има доминантно влијание врз економскиот оператор со кој е поврзан или
▪ кој заедно со економскиот оператор со кој е поврзан е предмет на доминантно влијание од страна на трет субјект;
- „Доминантно влијание“ е кога:
▪ едниот економски оператор директно или индиректно е сопственик на повеќе од половина од капиталот во дру- гиот економски оператор и на тој начин го контролира мнозинството гласови врз основа на акциите или удели- те издадени од страна на другиот економски оператор и може да назначи повеќе од половина членови во органите на управување или во надзорниот одбор на другиот економски оператор или
▪ постои роднинска поврзаност помеѓу основачите на двата економски оператори до втор степен.
- „Понудувач“ е секој економски оператор кој поднел понуда;
- „Понуда“ е предлог од понудувачот изготвен врз основа на тен- дерската документација и претставува основа за доделување на договорот за јавна набавка;
- „Техничка понуда“ е дел од понудата со која се докажува исполну- вањето на поставените технички барања и услови од тендерската документација;
- „Финансиска понуда“ е дел од понудата во кој се содржани пону- дените цени согласно со условите од тендерската документација;
- „Алтернативна понуда“ е понуда со која се нудат поинакви карак- теристики на предметот на договорот за јавна набавка од оние утврдени во тендерската документација;
- „Носител на набавката“ е понудувач или група на понудувачи кои склучиле договор за јавна набавка;
- „Евалуација на понуда“ е оцена на поднесена понуда во постапката за доделување на договор за јавна набавка;
- „Прифатлива понуда“ е понуда која е поднесена во утврдениот рок и за која е утврдено дека во потполност ги исполнува сите барања од тендерската документација и техничките спецификации и од- говара на сите критериуми, условите и евентуалните барања за способноста на понудувачите;
- „Соодветна понуда“ е прифатлива понуда која е во рамки на изно- сот што го утврдил договорниот орган со одлуката за јавна набавка или што може да го дообезбеди согласно со член 28 став (4) од Законот за јавните набавки;
- „Одговорно лице“ е функционер кој раководи со државен орган, градоначалник на единицата на локалната самоуправа или ди- ректор на правно лице, односно лице овластено од него;
- „Електронски средства“ е користење на електронска опрема за обработка и чување на податоци (вклучувајќи и дигитална компре- сија), кои се пренесени, испорачани и примени преку кабелски, радио или оптички средства или преку други електромагнетни средства;
- „Електронски систем за јавни набавки“ е единствен компјутери- зиран систем достапен на интернет, кој се користи со цел да се овозможи поголема ефикасност и економичност во областа на јав- ните набавки;
- „Писмено или во писмена форма“ e секој израз кој се состои од зборови или бројки кои можат да се прочитаат, умножат и допол- нително да се соопштат, како и информации кои се пренесуваат и чуваат со помош на електронски средства под услов сигурноста на содржината да е обезбедена и потписот да може да се иден- тификува;
- ,,Вишоци на работи“ се количества на изведени работи што ги преминуваат договорените количества на работи согласно описот од предмерот и пресметката;
- ,,Xxxxxx на работи“ се негативни отстапувања на изведените работи во однос на договорените количества на работи согласно описот од предмерот и пресметката;
- „Непредвидени работи“ се оние работи што со договорот не се опфатени, а кои мораат да се изведат заради пропусти и недостатоци во проектот утврдени од надзорниот орган и од проектантот, како и заради други работи утврдени со закон;
- „Дополнителни работи“ се оние работи што не се договорени, а договорниот орган бара да се изведат;
- „Профил на економски оператор“ е функционалност на Елек- тронскиот систем за јавни набавки со која се олеснува докажу- вањето на исполнетоста на одредени критериуми за утврдување способност од страна на регистрираните економски оператори.
1.2 Договорен орган
1.2.1 Договорен орган е Царинска управа на Република Македонија, со седиште на адреса: xx. ,,Лазар Личеноски” бр.13, 1000 Скопје, Република Македонија; телефон: xx000 0 0000 000; факс xx000 0 0000 000; електронска адреса:xxxx@xxxxxxx.xxx.xx; интернет адреса:xxx.xxxxxxx.xxx.xx.
1.2.2 Лица за контакт кај договорниот орган се Весна Змајшек и Xxxxx Xxxxxxxx, телефон: xx000 0 0000 000, електронска пошта: vesna.zmajsek@ xxxxxxx.xxx.xx и xxxxx.xxxxxxxx@xxxxxxx.xxx.xx.
1.3 Предмет на договорот за јавна набавка
1.3.1 Предмет на договорот за јавна набавка е Набавка на мобилна лабораторија. Детален опис на предметот на договорот е даден во техничката спецификација во прилог на оваа тендерската документација и истата е составен дел на тендерската документација.
1.3.2 Предметот на договорот е неделив. Понудувачот во својата понуда треба да ги вклучи сите составни делови. Во спротивно понудата ќе се смета за неприфатлива. За предметот на договорот ќе се спроведе електронска аукција преку електронскиот систем за јавни набавки (https:/e- xxxxxxx.xxx.xx). Предмет на аукцијата ќе биде вкупната цена, вклучувајќи ги сите трошоци и попусти и увозни царини, без ДДВ за предметот на договорот за јавна набавка.
1.4 Вид на постапка за доделување на договор за јавна набавка
1.4.1 Договорот за јавна набавка ќе се додели со примена на отворена постапка, која ќе заврши со електронска аукција како последна фаза во постапката.
1.4.2 Оваа постапка нема да се спроведува со користење на електронски средства преку Електронскиот систем за јавни набавки (ЕСЈН), освен во делот на електронската аукција која задолжително се спроведува преку ЕСЈН (xxxxx://xxx.x-xxxxxxx.xxx.xx).
1.4.3 Подетални информации за користењето на електронски средства: за да можете да учествувате на електронската аукција, потребно е да се регистрирате во ЕСЈН. Економскиот оператор се регистрира во ЕСЈН со пополнување на регистрациска форма која е составен дел од ЕСЈН1 , по што ЕСЈН автоматски ги обработува податоците од регистрациската форма, генерира шифра и истата ја доставува на регистрираната електронска пошта на економскиот оператор. Повеќе информации за начинот на регистрација и користење на системот ќе најдете во Прирачникот за користење на ЕСЈН наменет за економски оператори, кој можете да го преземете од почетната страна на ЕСЈН во делот „Економски оператори“.
1.4.4 Подетални информации за електронската аукција: Договорниот орган ќе користи електронска аукција како последна фаза во отворената постапка. Предмет на електронската аукција е вкупната цена вклучувајќи ги сите трошоци и попусти и увозни царини, без ДДВ. Почетна цена на електронската аукција е најниската цена од прифатливите понуди подне- сени во првичната фаза од постапката. Поканите за учество на аукцијата ќе
1 Линк „Регистрирај се“ во делот „Економски оператори“ на почетната страна на ЕСЈН
се достават во електронска форма преку ЕСЈН по целосната евалуација на првичните понуди, до сите економски оператори кои доставиле прифатливи понуди во првата фаза од постапката и кои се регистрирани во ЕСЈН.
Поканата за учество на аукцијата ќе биде електронски испратена во поштенското сандаче на корисничкиот профил на ЕСЈН на лицето за контакт наведено во Образецот за понуда кое претходно е регистрирано во ЕСЈН.
Во поканата за учество на аукцијата ќе бидат содржани следниве податоци: почетната цена на аукцијата, односно најниската цена од првично поднесените понуди; датумот и часот на започнување и завршување на аукцијата; интервалот во кој ќе се спроведува негативното наддавање (минимална и максимална разлика во понудени цени).
Доколку е поднесена само една понуда или само една прифатлива понуда, договорниот орган ќе го покани единствениот понудувач да поднесе конечна цена преку ЕСЈН. Во поканата за поднесување конечна цена се содржани следниве податоци: идентификување на делот на понудата кој ќе биде предмет на поднесување конечна цена, информации кои ќе му бидат достапни пред поднесувањето на конечната цена и временскиот период за поднесување конечна цена. Единствениот понудувач ја поднесува конечната цена во утврденото време само еднаш, а доколку не поднесе конечна цена, првично понудената цена ќе се смета за конечна.
1.5 Посебни начини за доделување на договорот за јавна набавка
1.5.1 Оваа постапка ќе заврши со доделување на договор за јавна набавка, односно нема да се користи посебниот начин за доделување на договорот со рамковна спогодба.
1.5.2 Oваа постапка ќе заврши со спроведување на електронска аукција.
1.6 Применливи прописи
1.6.1 Оваа постапка се спроведува согласно со Законот за јавните набавки објавен во „Службен весник на Република Македонија“ (27/15, 78/15 и 192/2015) и донесените подзаконски акти.
1.6.2 При подготовка на својата понуда, понудувачот треба да ги има предвид важечките прописи од областа на даноците и другите јавни давачки, работните односи, работните услови и заштитата при работа и прописите кои ја регулираат материјата која е предмет на набавка. Сите прописи може да се најдат во соодветните изданија на Службен весник на Република Македонија. Дополнителни податоци во однос на важечките прописи од горенаведените области, понудувачот може да добие од Управата за јавни приходи, Царинската управа и Министерството за финансии (за даноците и другите јавни давачки), Министерството за труд и
социјална политика (за работните односи, работните услови и заштитата при работа).
1.7 Извор на средства
1.7.1 Извор на средствата за реализација на договорот за јавна набавка кој е предмет на оваа постапка е Буџетот на Република Македонија.
1.8 Право на учество
1.8.1 Економскиот оператор кој има една или повеќе негативни референци, групата економски оператори во која членува економски оператор кој има негативна референца, како и економскиот оператор кој претставува поврзано друштво со економскиот оператор кој има негативна референца, нема право на учество.
1.8.2 Право да достави понуда има секое заинтересирано домашно и странско правно и физичко лице - понудувач, кое е регистрирано за вршење на дејноста поврзана со предметот на договорот за јавна набавка.
1.8.3 Право да достави понуда има и група на понудувачи без обврска за здружување во соодветна правна форма. Договорниот орган нема да бара од групата на понудувачи да се здружи во посебна правна форма доколку истата биде избрана за носител на набавката.
1.8.4 Составен дел од групната понуда е договор за поднесување групна понуда со кој членовите во групата економски оператори меѓусебно и кон договорниот орган се обврзуваат за извршување на договорот за јавна набавка. Овој договор задолжително треба да ги содржи следниве податоци:
− членот на групата кој ќе биде носител на групата, односно кој ќе ја поднесе понудата и ќе ја застапува групата пред договорниот орган,
− членот на групата кој во име на групата економски опеаратори ќе ја обезбеди гаранцијата на понудата во форма на банкарска гаранција или депонирани средства,
− членот на групата кој во име на групата економски опеаратори ќе го потпише договорот за јавнa набавка,
− членот на групата кој ќе ја издаде фактурата и сметка на која ќе се вршат плаќањата,
− краток опис на обврските на секој од членовите на групата економски опеартори за извршување на договорот,
1.8.5 Сите членови на групата на понудувачи се поединечно и солидарно одговорни пред договорниот орган за извршување на своите обврски. Договорниот орган ќе комуницира со претставникот на групата на понудувачи.
1.8.6 Член во групата економски опеартори не може да се повлече од групата економски оператори до склучување на договорот за јавна нбавка доколку:
− е носител на групата еконономски оператори,
− ја обезбедува гаранцијата на понудата во форма на банкарска гаранција или депонирани средства,
− групата на економски оператори не може да го докаже исполнувањето на критериумите за утврдување на способност што се барале во постапката без тој член или
− другите членови од групата солидарно не ги превземаат обврските на членот од групата кој сака да се повлече од групата економски оператори.
Повлекувањето на член од групата економски опрератори спротивно на наведеното од претходниот став се смета за повлекување на групната понуда .
1.8.7 Економскиот оператор во рамките на иста постапка за доделување на договор за јавна набавка може да учествува само во една понуда. Сите понуди ќе бидат отфрлени ако економскиот оператор:
- учествува во повеќе од една самостојна и/или како член во групна понуда или
- учествува како подизведувач во друга самостојна и/или како член во групна понуда.
1.8.8 Економскиот оператор може да учествува како подизведувач во повеќе од една понуда.
1.8.9 Понудувачот може да ангажира подизведувачи. Доколку економската и финансиската состојба, како и техничката или професионалната способност на понудувачот не е поддржана од други субјекти во вид на подизведувачи, тој нема обврска да доставува документација за утврдување на способност од подизведувачите. Во спротивно, ќе се постапи согласно со членовите 151 и 154 од Законот за јавните набавки, без оглед на тоа дали другите субјекти се јавуваат како подизведувачи или не.
1.8.10 Доколку понудувачот има намера дел од договорот за јавна набавка да го отстапи на еден или повеќе подизведувачи, во понудата мора да наведе податоци за делот од договорот кој има намера да го отстапи на подизведувачи, како и податоци за сите предложени подизведувачи (фирма, седиште, единствен даночен број и слично). Понудувачот е одговорен пред договорниот орган за извршување на договорот за јавна набавка, без оглед на бројот на подизведувачите.
1.8.11 Лицата кои учествувале во изработка на тендерската документација не смеат да бидат понудувачи или членови во група на понудувачи во постапката за доделување на договорот.
1.9 Трошоци за поднесување на понуда
1.9.1 Економскиот оператор ги сноси сите трошоци поврзани со подготовката и со доставувањето на понудата, а договорниот орган не е одговорен за тие трошоци без оглед на водењето и на исходот од постапката за доделување на договор за јавна набавка.
1.10 Критериум за доделување на договорот за јавна набавка
1.10.1 Критериум за доделување на договорот за јавна набавка е најниска цена. За носител на набавката ќе биде избран оној економски оператор кој ќе понуди најниска цена во текот на електронската аукција, а чија понуда претходно е оценета како прифатлива. Во постапка која завршува со спроведување на електронска аукција не се врши бодување на понудите, туку само рангирање на понудувачите според висината на понудените цени.
1.10.2 Евалуацијата на понудите ќе се врши согласно со Методологијата за изразување на критериумите за доделување на договорот за јавна набавка во бодови („Службен весник на Република Македонија“ бр. 41/08).
1.11 Спречување на судир на интереси
1.11.1 За спречување на судир на интересите во постапките за доде- лување на договори за јавни набавки соодветно се применуваат одредбите од Законот за спречување судир на интереси.
1.11.2 Носителот на набавката не смее, при извршување на договорот за јавна набавка, да ангажира лица кои биле вклучени во евалуација на понудите поднесени во постапка за доделување на договор за јавна набавка, во времетраење на договорот. Во тој случај договорот се смета за ништовен.
1.11.3 Во постапката за доделување договор за јавна набавка, претсе- дателот, заменикот на претседателот, членовите и замениците на членовите на комисијата за јавна набавка, како и одговорното лице потпишуваат изјава за непостоење судир на интереси која претставува дел од досието од спро- ведена постапка.
1.11.4 Во случај на судир на интереси кај претседателот, неговиот заменик, членовите и нивните заменици во комисијата за јавна набавка, истите се повлекуваат од работа на комисијата и се заменуваат со други лица.
1.11.5 Во случај на судир на интереси кај одговорното лице, истото со посебно решение овластува друго лице од редот на функционерите или вра-
ботените кај договорниот орган да ги донесе соодветните одлуки и да го пот- пише договорот.
1.12 Начин на комуникација
1.12.1 Секое барање, информација, известување и други документи во постапката се испраќаат во писмена форма. Секој документ се евидентира во моментот на испраќање, односно во моментот на примање.
1.12.2 Документите, освен понудата, се испраќаат (потпишани и скенирани) со електронски средства (е-mail), и/или по пошта на барање на Комисијата за јавна набавка.
1.12.3 Начинот на поднесување на понудата е утврден во точка 4.8 и точка 4.9 од Инструкциите за понудувачите.
1.13 Информации од доверлив карактер
1.13.1 Договорниот орган ќе ги заштити информациите кои економскиот оператор ги има означено како доверливи, особено кога станува збор за деловна тајна или права од интелектуална сопственост, освен во случаите каде по сила на закон договорнот орган е должен да ги достави овие информации до надлежните органи (во случај на жалбена постапка, поведување на управен спор и слично). За таа цел, економскиот оператор треба да направи листа на доверливи информации со користење на Образецот на листа на доверливи информации во прилог на оваа тендерска документација, и истата да ја достави заедно со својата понуда.
1.13.2 Доколку економскиот оператор не ја достави листата на доверливи информации заедно со својата понуда, договорниот орган ќе смета дека предметната понуда не содржи информации од доверлив карактер.
1.13.3 Цената на понудата не се смета за доверлива информација во ниту еден случај.
2. СПОСОБНОСТ НА ЕКОНОМСКИТЕ ОПЕРАТОРИ
2.1 Начин на докажување на способноста
2.1.1 Со понудата економскиот оператор задолжително треба да достави придружна документација со која ќе ги докаже:
− личната состојба,
− способноста за вршење професионална дејност,
2.1.2 Бараната документација се поднесува во оригинал или во копија заверена од економскиот оператор со потпис на одговорното лице, со назнака ,,Верно на оригиналот“.
2.1.3 При проверката на комплетноста и валидноста на документацијата за утврдување на способноста на економскиот оператор и
при евалуација на понудата, комисијата задолжително бара од понудувачите да ги појаснат или дополнат документите за утврдување способност во рок од 5 (пет) работни дена од крајниот рок за поднесување на понудите.
2.1.4 Бараното објаснување економскиот оператор го доставува во писмена форма во рокот кој го определил договорниот орган, а кој не смее да е покус од 5 (пет) работни дена, од денот на приемот на барањето од страна на понудувачот.
2.1.5 Никакви промени во понудата, освен исправката на аритметички грешки, не смеат да се бараат, нудат или да се допуштат од страна на комисијата или од економскиот оператор.
2.1.6 Во случај на група економски оператори, сите членови на групата поединечно ја докажуваат својата лична состојба и способноста за вршење професионална дејност.
2.2 Лична состојба
2.2.1 Договорниот орган ќе го исклучи од постапката за доделување на договор за јавна набавка секој економски оператор:
- на кој во последните 5 години му била изречена правосилна пре- суда за учество во злосторничка организација, корупција, измама или перење пари;
- на кој му е изречена споредна казна забрана за учество во постап- ки за јавен повик, доделување на договори за јавна набавка и до- говори за јавно приватно партнерство;
- на кој му е изречена споредна казна привремена или трајна заб- рана за вршење на одделна дејност;
- кој е во постапка на стечај или во постапка на ликвидација;
- кој има неплатени даноци, придонеси и други јавни давачки, освен ако на економскиот оператор му е одобрено одложено плаќање на даноците, придонесите или другите јавни давачки во согласност со посебните прописи и истите редовно ги плаќа;
- кому му е изречена прекршочна санкција - забрана за вршење на професија, дејност или должност, односно привремена забрана за вршење одделна дејност и
- кој дава лажни податоци или не ги доставува податоците што ги барал договорниот орган.
2.2.2 За докажување на својата лична состојба, економскиот оператор ги доставува следниве документи:
- изјава на економскиот оператор дека во последните 5 години не му била изречена правосилна пресуда за учество во злосторничка организација, корупција, измама или перење пари;
- потврда дека не е отворена постапка за стечај од надлежен орган;
- потврда дека не е отворена постапка за ликвидација од надлежен орган;
- потврда за платени даноци, придонеси и други јавни давачки од надлежен орган од земјата каде економскиот оператор е реги- стриран;
- потврда од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица дека не му е изречена споредна казна забрана за учество во постапки за јавен повик, доделување на договори за јавна набавка и договори за јавно-приватно партнерство,
- потврда од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица дека не му е изречена споредна казна привремена или трајна забрана за вршење на одделна дејност и
- потврда дека со правосилна пресуда не му е изречена прекршочна санкција - забрана за вршење на професија, дејност или должност, односно привремена забрана за вршење одделна дејност.
2.2.3 Изјавата од алинеја 1 од потточка 2.2.2 ја изготвува и потпишува самиот економски оператор и истата не мора да биде заверена од надлежен орган.
2.2.4 Потврдите дека не е отворена постапка за стечај и постапка за ликвидација, како и потврдите од регистарот на казни за сторени кривични дела од xxxxxxx 5 и 6 од потточка 2.2.2, ги издаваат надлежни органи во земјата каде е регистриран економскиот оператор. Во Република Македо- нија надлежен орган за издавање на овие потврди е Централниот регистар на Република Македонија.
2.2.5 Потврдата за платени даноци, придонеси и други давачки ја издава надлежен орган од земјата каде е регистриран економскиот оператор Во Република Македонија надлежен орган за издавање на оваа потврда е Управата за јавни приходи.
2.2.6 Потврдата од алинеја 7 од потточка 2.2.2 ја издава надлежниот орган во државата каде е регистриран економскиот оператор. Во Република Македонија надлежен орган за издавање на оваа потврда е Централниот регистар на Република Македонија.
2.2.7 Документите од потточка 2.2.2 не смеат да бидат постари од 6 (шест) месеци сметано од крајниот рок за доставување на понудите наназад.
2.2.8 Ако земјата во која е регистриран економскиот оператор не ги издава документите наведени во потточка 2.2.2 или ако тие не ги опфаќаат
сите погоренаведени случаи, економскиот оператор може да достави изјава заверена кај надлежен орган.
2.3 Способност за вршење на професионална дејност
2.3.1 За да ја докаже способноста за вршење на професионална деј- ност, економскиот оператор треба да достави документ за регистрирана дејност како доказ дека е регистриран како физичко или правно лице за вршење на дејноста поврзана со предметот на договорот за јавна набавка или доказ дека припаѓа на соодветно професионално здружение согласно со прописите на земјата каде што е регистриран .
3. ПОЈАСНУВАЊЕ, ИЗМЕНА И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ТЕНДЕРСКАТА ДОКУМЕНТАЦИЈА
3.1 Појаснување на тендерската документација
3.1.1 Економскиот оператор може да побара појаснување на тендер- ската документација од договорниот орган, исклучиво во писмена форма, најдоцна 6 (шест) дена пред крајниот рок за поднесување понудите.
3.1.2 Појаснувањето договорниот орган ќе го достави до сите економски оператори што превзеле тендерска документација, без при тоа, да се идентификува економскиот оператор што побарал појаснување.
3.1.3 Појаснувањето, договорниот орган ќе го достави преку Електронскиот систем за јавни набавки (ЕСЈН) преку модулот „Одговор на прашања во хартиена форма“, при што откако ќе се објави одговорот, за истиот ќе биде доставена нотификација до сите економски оператори кои превзеле тендерска документација.
3.2 Измена и дополнување на тендерската документација
3.2.1 Договорниот орган го задржува правото најдоцна 6 (шест) дена пред истекот на крајниот рок за поднесување на понудите, по свое наоѓање или врз основа на прашања за објаснување поднесени од страна на понудувачите, да ја измени или да ја дополни тендерската документација, за што веднаш ќе ги извести сите економски оператори што неа ја подигнале.
3.2.2 Во случај на измена на тендерската документација, договорниот орган ќе го продолжи крајниот рок за доставување на понудата за најмалку 6 (шест) дена.
3.2.3 Во случај на измена и дополнување на тендерската документација објавена на ЕСЈН како и продолжување на крајниот рок, договорниот орган е должен да ја објави направената измена преку ЕСЈН, по што сите економски оператори што презеле тендерска документација до моментот на измената ќе добијат автоматско електронско известување дека е објавена измена за конкретниот оглас.
4. ПОДГОТОВКА И ПОДНЕСУВАЊЕ НА ПОНУДИТЕ
4.1 Содржина на понудата
4.1.1 Понудата треба да биде подготвена врз основа на оригиналната тендерска документација и се состои од следниве елементи:
- пополнет образец на понуда составен од општиот дел и листа на цени;
- документи за утврдување на личната состојба наведени во точка
2.2. од тендерската документација;
- документ за утврдување на способноста за вршење на професи- онална дејност наведени во точка 2.3 од тендерската документација;
- Изјава за сериозност;
- изјава за независна понуда;
- техничка документација на стоката
- договор за групна понуда (само за група на економски оператори);
- пополнет образец за општи информации (образецот не мора да се доставува ако нема групна понуда),
- пополнет образец на листа на доверливи информации (образецот не мора да се доставува ако нема доверливи информации).
4.1.2 Економскиот оператор понудата ја изготвува и доставува врз основа на образецот на понуда даден во оваа тендерска документација.
Доколку на дадениот образец на понуда во оваа тендерска документација економскиот оператор не може целосно и сеопфатно да ја изрази својата понуда, може да користи друг образец на која ќе ја достави својата понуда под услов таквиот образец да ги содржи сите елементи од образецот на понуда даден во оваа тендерска документација. Понудата поднесена на образец на понуда кој не ги содржи сите елементи согласно тендерската документација може да биде отфрлена како неприфатлива.
Доколку тендерската документација врз основа на која се изготвува, доставува и оценува понудата, освен на македонски се подготви и на англис- ки јазик, македонската верзија на тендерската документација ќе се смета за валидна во случај на несовпаѓање на податоците во истата.
4.1.3 Доколку понудувачот има намера дел од договорот за јавна набавка да го отстапи на еден или повеќе подизведувачи, во понудата мора да наведе податоци за делот од договорот кој има намера да го отстапи на подизведувачи, како и податоци за сите предложени подизведувачи (фирма, седиште, единствен даночен број и слично). Понудувачот е одговорен пред договорниот орган за извршување на договорот за јавна набавка, без оглед на бројот на подизведувачите.
4.2 Јазик на понудата
4.2.1 Понудата, како и целата кореспонденција и документи поврзани со понудата се доставува на македонски јазик.
4.2.2 При изразување на цената со букви, странскиот економски опе- ратор во делот на понудата може да се послужи со англиски јазик.
4.2.3 Придружната, печатена литература може да биде и на друг јазик. Договорниот орган го задржува правото во фазата на евалуација на понудите да побара од понудувачот да изврши превод на печатената литература која е поднесена на друг јазик.
4.3 Цена на понудата
4.3.1 Економскиот оператор во листата на цени ја внесува цената за секој дел поединечно.
4.3.2 Понудената цена треба да ги вклучува сите трошоци и попусти на економскиот оператор, да биде искажана без данок на додадена вредност кој се искажува посебно. Понудената цена треба да ги вклучува и увозните царини доколку ги има. Оттука, предмет на евалуација ќе биде вкупната понудена цена со вклучени увозни царински давачки без ДДВ.
4.3.3 Цената на понудата се пишува со бројки и букви. (Доколку понудата е поднесена од странски економски оператор, цената на понудата покрај со бројки, се пишува и со букви на англиски јазик.)
4.3.4 Доколку одделна понуда содржи невообичаено ниска цена која е значително пониска од реалната пазарна цена што предизвикува сомнеж дека договорот ќе биде извршен, договорниот орган од понудувачот бара во писмена форма и пред одбивање на понудата, детали околу понудата за кои смета дека се важни и ги проверува доказите што биле доставени за оправдување на цената на понудата. Ако економскиот оператор не успее да објасни на писмено , кои се причините за таквата цена во рок од 5 (пет) дена од датумот на поднесување на барањето, или пак ако Комисијата не ги прифати неговите причини, понудата ќе биде отфрлена.
4.4 Валута на понудата
4.4.1 Цената на понудата се изразува во денари или во евра. Македонскиот денар ќе се користи како валута за евалуација на понудите. Курсната листа која ќе се користи е курсната листа на Народната банка на Република Македонија, а курсевите за размена се оние кои важеле 14 дена пред крајниот рок за поднесување на понудите.
4.5 Период на важност на понудата
4.5.1 Понудите треба да важат најмалку 365 дена од денот на јавно отворање за чие времетраење понудата во сите нејзини елементи е обвр- зувачка за понудувачот. Доколку денот на отворањето на понудата е нера- ботен, периодот на важноста на понудата се смета од наредниот работен ден. Понудата што важи за пократок период од предвидениот, договорниот орган ја отфрла како понуда што не одговара на условите.
4.5.2 Доколку договорниот орган процени за потребно може да побара од понудувачот продолжување на периодот на важност на понудата.
4.6 Изјава за сериозност на понудата
4.6.1 Во прилог на понудата, понудувачот доставува и потпишана изјава за сериозност на понудата, при што треба да го користи образецот на изјава даден во прилог на тендерската документација. Доколку дојде до прекршување на дадената изјава за сериозност на понудата, истото ќе резултира со исклучување од натамошната постапка и издавање негативна референца против таквиот понудувач на начин и согласно условите утврдени во Законот за јавните набавки.
4.6.2 За објавувањето на негативната референца договорниот орган ќе одлучи со одлуката за избор или за поништување на постапката, а истата ќе биде објавена во рок од 3 (три) работни дена од денот на конечноста на одлуката за избор или за поништување на постапката.
4.6.3 Изјавата за сериозност на понудата не може дополнително да се достави по истекот на рокот за поднесување на понудите.
4.6.4 Секоја понуда што не содржи потпишана изјава за сериозност на понудата ќе биде отфрлена од страна на договорниот орган како неприфатлива.
4.7. Изјава за независнa понуда
4.7.1 Во прилог на понудата понудувачот задолжително доставува и потпишана изјава за независнa понуда, при што треба да го користи образецот на изјава даден во прилог на тендерската документација, каде е подетално објаснето нејзиното значење како и кои дејствија ќе се преземат доколку договорниот орган добие сознанија дека дадените наводи се невистинити.
4.7.2 Изјавата за независнa понуда не може дополнително да се достави по истекот на рокот за поднесување на понудите.
4.7.3 Секоја понуда што не содржи потпишана изјава за независнa понуда ќе биде отфрлена од страна на договорниот орган како неприфатлива.
4.8 Форма и потпишување на понудата
4.8.1 Понудувачот подготвува еден оригинален примерок со ознака
„оригинал“. Понудата се пишува со неизбришливо мастило и ја потпишува одговорно лице од страна на понудувачот или од него овластено лице. Доколку понудата ја потпишува лице овластено од одговорното лице, во прилог се доставува и овластување за потпишување на понудата потпишано од одговорното лице. Сите страници на понудата, освен за неизменетата печатена литература, ги парафира лицето кое ја потпишува понудата. Секое пишување меѓу редовите, бришење или пишување врз претходен текст важи само доколку е парафирано од лицето кое ја потпишува понудата.
4.8.2 Доколку понудувачот има намера дел од договорот за јавна набавка да го отстапи на еден или повеќе подизведувачи, во понудата мора да наведе податоци за делот од договорот кој има намера да го отстапи на подизведувачи, како и податоци за сите предложени подизведувачи (фирма, седиште, единствен даночен број и слично). Понудувачот е одговорен пред договорниот орган за извршување на договорот за јавна набавка, без оглед на бројот на подизведувачите.
4.9 Затворање и обележување на понудите
Понудувачот го приложува оригиналниот примерок на понудата во затворен внатрешен плик кој го содржи називот на понудувачот со целосна и точна адреса.
Внатрешниот плик се приложува во затворен надворешен плик кој:
- е адресиран со точна адреса на договорниот орган,
- содржи назнака : Отворена постапка бр. 07/2016,
- во горниот лев агол стои ознака „Не отварај“, да не се отвора пред времето и датумот за отворањето на понудите.
Доколку двата плика не се затворени и обележани како што се бара, договорниот орган не презема одговорност за затурање или предвремено отворање на понудата.
Понудите кои се отворени предвремено или оштетени и притоа може да се види нејзината содржина поради непридржување кон условите за затворање и обележување на истите, ќе се отфрлат како неуредни.
4.10 Краен рок и место за поднесување на понудите
4.10.1 Краен рок за доставување на понудите е 05.09.2016 година, до 12:00 часот.
4.10.2 Понудите се поднесуваат на следнава адреса: Царинска управа на Република Македонија, ул. ,,Лазар Личеноски” број 13, 1000 Скопје, Република Македонија, со назнака ,,За отворена постапка бр. 07/2016".
4.10.3 Понудата која е поднесена по истекот на крајниот рок за поднесување на понудите, се отфрла како задоцнета и истата ќе му биде вратена на економскиот оператор неотворена.
4.11 Алтернативни понуди
4.11.1 Во оваа постапка за доделување на договор за јавна набавка не се дозволени алтернативни понуди.
4.12 Измена, замена и повлекување на понудата
4.12.1 Понудувачите можат да ги изменат, заменат или повлечат своите понуди по поднесување на понудата, под услов измените, замените или повлекувањата да се доставени до договорниот орган пред крајниот рок за поднесување на понудите наведен во точка 4.10.
4.12.2 Измените, замените и повлекувањата на понудите ќе бидат подготвени, ковертирани, обележани и доставени согласно точка 4.9, со тоа што ковертот соодветно ќе биде обележан со "измена", "замена" или "повлекување".
4.12.3 Понудата не може да биде изменета, заменета или повлечена по крајниот рок за поднесување на понудите предвиден во точка 4.10.
4.12.4 Повлекувањето на понудата во периодот помеѓу крајниот рок за поднесување на понудите и истекувањето на периодот на важност на понудата ќе резултира со наплатување на гаранцијата на понудата и објава на негативна референца во ЕСЈН.
5. ОТВОРАЊЕ И ЕВАЛУАЦИЈА НА ПОНУДИТЕ
5.1 Отворање на понудите
5.1.1 На јавното отворање на понудите може да присуствува секое заинтересирано лице.
5.1.2 Само овластените претставници на понудувачите можат да учествуваат во постапката на јавно отворање на понудите со давање на свои забелешки во записникот од отворањето на понудите.
5.1.3 Овластените претставници на економските оператори на јавното отворање мораат да носат овластување потпишано од одговорното лице на економскиот оператор. Сите овластени претставници на економските оператори, присутни на јавното отворање, треба да потпишат евидентен лист.
5.1.4 Јавното отворање ќе се одржи на 05.09.2016 година, во 12:00 ча- сот, во Царинска управа на Република Македонија, ул. „Лазар Личеноски“ бр.13, 1000 Скопје.
5.1.5 Доставените понуди се отвораат согласно Законот за јавните набавки и тоа: една по една, со читање на името на економскиот оператор,
при што се констатира дали понудите се доставени според точка 4.9 од тендерската документација и дали се во оригинал, а потоа се пристапува кон читање на понудите по истиот редослед по кој тие се отворени, освен понудите, кои согласно Законот за јавните набавки, се исклучуваат од натамошната постапка. При тоа, најпрво ќе се отворат и прочитаат замените, измените и повлекувањата на понудите. После тоа се пристапува кон читање на цените на понудата, вклучувајќи какви било попусти и постоењето на гаранција на понудата Само попустите кои се прочитани на јавното отворање на понудата ќе се разгледуваат при евалуацијата на понудите. Ниту една понуда нема да биде отфрлена на отворањето на понудите, освен задоцнетите понуди.
5.1.6 Комисијата за јавни набавки ќе пристапи кон отворање на пону- дите доколку е пристигната и само една понуда.
5.1.7 Во текот на отворањето на понуди се води записник според Пра- вилникот за постапката на отворањето на понудите и Образецот за водење на записник за отворањето на понудите („Службен весник на Република Македонија“ бр. 154/07).
5.2 Доверливост на процесот на евалуација на понудите
5.2.1 Ниту една информација во врска со разгледувањето, оценката и споредбата на понудите во процесот на евалуација нема да им се откријат на економските оператори или на кои било други лица што не се службено вклучени во тој процес.
5.3 Појаснување на понудите
5.3.1 Во периодот на разгледување и оценување на понудите, комисијата задолжително бара од понудувачите за кои не е објавена негативна референца да ги појаснат или дополнат документите за утврдување на способност. Барањето од договорниот орган за појаснување или дополнување и одговорот се во писмена форма. Никаква промена во техничката или финансиската понуда нема да се бараат, нудат или дозволуваат, освен појаснување на понудата по претходно писмено барање на комисијата и исправка на аритметички грешки.
5.3.2 Секое појаснување доставено од страна на економскиот оператор во поглед на неговата понуда што не е дадено како одговор на барање од до- говорниот орган, нема да се разгледува.
5.4 Исправка на аритметички грешки
5.4.1 Ако понудата е прифатлива и е составена и доставена во соглас- ност со тендерската документација, договорниот орган ги коригира аритметичките грешки на следниот начин:
- ако постои несовпаѓање меѓу зборовите и бројките, преовладува износот што е напишан со зборови,
- ако постои разлика помеѓу единечната цена и вкупната цена, тогаш преовладува единечната цена.
5.4.2 Комисијата за јавни набавки ќе ги корегира грешките во пону- дата според опишаната постапка и таа ќе се смета обврзувачка за него.
5.4.3 Ако економскиот оператор не ја прифати корекцијата на аритметичките грешки, понудата ќе биде отфрлена и ќе биде активирана гаранцијата на понудата и објавена негативна референца во ЕСЈН.
6. ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ ЗА ЈАВНА НАБАВКА
6.1 Доделување на договорот за јавна набавка
6.1.1 Договорниот орган, по спроведената електронска аукција како последна фаза во отворената постапка, договорот му го доделува на еко- номскиот оператор кој понудил најниска цена во текот на негативното над- давање.
6.1.2. Доколку во текот на аукцијата нема негативно наддавање, односно намалување на почетната цена, договорниот орган може да му го додели договорот за јавна набавка на економскиот оператор кој понудил најниска цена во првичната фаза од постапката.
6.1.3 Доколку никој не поднесе нова цена во текот на електронската аукција, а притоа две или повеќе понуди имаат идентична цена, за најпо- волна ќе биде избрана порано поднесената понуда.
6.1.4. Во случај да е поднесена само една прифатлива понуда во првата фаза од постапката, односно да не се исполнети условите за одржување на електронската аукција, договорниот орган задолжително го поканува единствениот понудувач да поднесе конечна цена во ЕСЈН после што може да му го додели договорот за јавна набавка на единствениот економски оператор кој поднел прифатлива понуда или да ја поништи постапката доколку се поднесени цени понераеални од реалните на пазарот.
6.1.5 Доколку во текот на постапката за доделување договор за јавна набавка, најповолната прифатлива понуда согласно условите на постапката е со цена повисока од износот на средства утврден во одлуката за јавна набавка, договорниот орган може да ја измени одлуката и да дообезбеди средства потребни за реализација на договорот, под услов понудената цена да не е понеповолна од реалните цени на пазарот и да не го надминува вредносниот праг пропишан за видот на постапката согласно со Законот за јавните набавки.
6.1.6 По завршувањето на електронската аукција/поднесување на конечна цена во ЕСЈН и изборот на најповолен понудувач, доколку предметот на набавката или поединечниот дел се состои од повеќе ставки, цената на секоја од поединечните ставки ќе се пресметува со соодветно намалување кое ќе биде еднакво на процентот на намалување на цената на
првичната понуда на избраниот најповолен понудувач (пред електронската аукција/пред поднесувањето на конечна цена во ЕСЈН) и цената на последната понуда (по завршувањето на аукцијата / по поднесувањето на конечна цена во ЕСЈН).
6.2 Известување за доделување на договорот за јавна набавка
6.2.1 По завршувањето на електронската аукција на јавниот дел од ЕСЈН автоматски се објавува и до сите учесници на аукцијата автоматски се испраќа известување за економскиот оператор кој поднел најниска цена во текот на негативното наддавање. Известувањето е од информативен карак- тер и не предизвиква правни последици. Исходот од електронската аукција е основ за донесување на одлука за избор на најповолна понуда.
6.2.2 Избраниот најповолен економски оператор ќе биде известен во писмена форма дека неговата понуда е прифатена, најдоцна во рок од 3 (три) дена од донесувањето на одлуката за избор на најповолна понуда. Во исто време, и сите други економски оператори ќе бидат известени за резултатите од спроведената постапка, одлуката кој е најповолен економски оператор како и за причините за неизбор на нивната понуда. Економските оператори што учествувале во постапката имаат право на увид во извештајот од спроведената постапка.
6.3 Правна заштита
6.3.1 Секој економски оператор кој има правен интерес за добивање на договорот за јавна набавка и кој претрпел или би можел да претрпи штета од евентуално прекршување на одредбите од овој закон, може да бара правна заштита против одлуките, дејствијата и пропуштањата за преземање дејствија од страна на договорниот орган во постапката за доделување на договор за јавна набавка, во согласност со условите и постапката предвидени со Законот за јавните набавки. Правото на жалба во постапка која завршува со електронска аукција во однос на утврдување на способноста на понудувачите и целосната евалуација на првичните понуди се остварува по донесување на одлуката за избор на најповолен понудувач или поништување на постапката.
6.3.2 Жалбата треба да ги содржи следниве елементи:
- податоци за подносителот на жалбата (име презиме, назив на економскиот оператор, адреса на престојувалиште и седиште),
- податоци за застапникот или полномошникот,
- назив и седиште на договорниот орган,
- број и датум на постапката за доделување на договор за јавна набавка и податоци за огласот за доделување на договор за јавната набавка,
- број и датум на одлуката за избор на најповолна понуда, поништување на постапката или други одлуки на договорниот орган,
- податоци за дејствијата или пропуштањата за преземање на дејствија од страна на договорниот орган,
- опис на фактичката состојба,
- опис на неправилностите и образложение по истите,
- предлог на докази,
- жалбено барање и/или барање за надомест за трошоците на постапката и
- потпис на овластено лице .
6.3.3 Подносителот на жалбата е должен да приложи и доказ за уплата на надомест за водење на постапката.
6.3.4 Подносителот на жалбата кој нема седиште на територијата на Република Македонија е должен да определи полномошник за прием на писмена.
6.3.5 Жалбата се изјавува до Државната комисија. Жалбата се подне- сува лично или по препорачана пошта истовремено до договорниот орган и до Државната комисија. Денот на поднесување на жалбата по препорачана пошта се смета за ден на поднесување. Во случај на лично поднесување на жалбата договорниот орган е должен да му издаде на подносителот потврда за времето на приемот.
6.3.6 Во постапката пред Државната комисија подносителот на жал- бата, покрај административната такса, плаќа и надоместок за водење на постапката во зависност од висината на понудата, и тоа:
- до 20.000 евра во денарска противвредност, надоместок од 100 евра во денарска противвредност,
- од 20.000 до 100.000евра во денарска противвредност, надоместок од 200 евра во денарска противвредност,
- од 100.000 до 200.000 евра во денарска противвредност, надомес- ток од 300 евра во денарска противвредност или
- над 200.000 евра во денарска противвредност, надоместок од 400 евра во денарска противвредност.
6.3.7 Во случај на непостоење на понуда, висината на надоместокот за водење на постапката се пресметува врз основа на проценетата вредност на договорот за јавна набавка, при што Државната комисија го известува под- носителот на жалбата за висината на надоместокот и рокот во кој треба да достави доказ за негова уплата.
6.3.8 Надоместокот за водење на постапката е приход на Буџетот на Република Македонија.
6.3.9 Договорниот орган не смее да го потпише договорот за јавна набавка и да пристапи кон негово извршување во рок од 12 дена, сметајќи од денот на приемот на одлуката со која се одлучува за поединечно право во постапката за доделување на договорот за јавна набавка, освен:
- во случаите од членовите 99 и 198 од овој закон,
- во случај кога во постапката учествувал само еден понудувач чија понуда е избрана за најповолна или
- во случај на поединечни договори за јавни набавки врз основа на рамковна спогодба.
6.4 Склучување на договорот за јавна набавка
6.4.1 Договорниот орган ќе го достави договорот за јавна набавка до избраниот најповолен понудувач во 6 (шест) примероци на потпишување.
6.4.2 Избраниот најповолен понудувач има обврска да го потпише договорот за јавна набавка во рок од 15 (петнаесет) дена од денот на добивање на договорот и истиот да му го врати на договорниот орган. Договорниот орган презема обврска на избраниот најповолен понудувач да му го испрати потребниот број на примероци од договорот откако истиот ќе го потпише овластеното лице на договорниот орган.
6.4.3 Доколку избраниот најповолен понудувач не го потпише дого- ворот во рокот утврден во точка 6.4.2 од тендерската документација, дого- ворниот орган го задржува правото да смета дека избраниот најповолен по- нудувач се откажал од склучување на договорот, да ја активира гаранцијата на понудата и да објави негативна референца во ЕСЈН.
7. ЗАДОЛЖИТЕЛНИ ЕЛЕМЕНТИ ОД ДОГОВОРОТ ЗА ЈАВНА НАБАВКА
7.1 Начин на плаќање
7.1.1 Се предвидува следниов начин на плаќање: вирмански во рок од 60 (шеесет) дена од првиот нареден ден од денот на прием на фактурата во архивата на Царинската управа на Република Македонија.
Доколку Носителот на набавката е странско правно/физичко лице самиот ги сноси трошоците за провизии на странски банки, со исклучок на провизијата на банката на Договорниот орган, која ја сноси самиот Договорен орган.
Начинот на плаќање е задолжителен. Секоја понуда која содржи начин на плаќање поинаков од утврдениот во оваа точка ќе се смета за неприфатлива и како таква ќе биде одбиена од страна на комисијата за јавни набавки.
7.2 Начин, рок и место на испорака
7.2.1 Носителот на набавката е должен да го испорачува предметот на договорот на следниов начин:
- испорака на мобилната лабораторија и компјутерската опрема – во рок од 4 (четири) месеци од склучување на договорот
Носителот на набавката при испораката е должен да обезбеди упатства за користење на македонски и англиски јазик и листа со резервни делови и нивни референтни кодови за возилото и сите инструменти во мобилната лабораторија.
Исто така, Носителот на набавката при испораката треба да ги достави сите материјали (кабли, конектори, алатки, прибор, итн) потребни за инсталирање и одржување на опремата, како и да обезбеди привремен регистарски број на возилото за 30 дена.
Опремата која е предмет на оваа набавка треба да се испорача во Царинска управа на Република Македонија на уx.Xxxxx Xxxxxxxxx xx.00, Скопје.
7.2.2 Начинот, рокот и местото на испорака се задолжителни. Секоја понуда која содржи начин, рок и место на испорака поинакови од тие утврдени во оваа точка ќе се смета за неприфатлива и како таква ќе биде одбиена од страна на комисијата за јавни набавки.
7.3 Разлики во цена (корекција на цени)
7.3.1 Не се предвидува корекција на цените, односно цените искажани во понудата на најповолниот понудувач ќе бидат фиксни за целото време- траење на договорот за јавна набавка.
7.4 Авансно плаќање
7.4.1 За извршување на договорот за јавна набавка не е дозволено авансно плаќање.
7.5 Гаранција за квалитетно извршување на договорот
7.5.1 Понудувачот чија понуда е избрана како најповолна и му е доделен договор за јавна набавка, треба најдоцна во рок од 20 работни дена од датумот на склучување на договорот да достави гаранција за квалитетно извршување на договорот, во висина од 10% од вредноста на договорот со вклучен ДДВ.
7.5.2 Гаранцијата од точка 7.5.1 се доставува во вид на банкарска гаранција во писмена форма. Гаранцијата треба да биде поднесена во оригинална форма. Копии не се прифаќаат.
7.5.3 Гаранцијата за квалитетно извршување на договорот ќе биде со важност најмалку 3 (три) месеца по истекот на рокот за целосно реализирање на договорот.
7.5.4 Банкарската гаранција за квалитетно извршување на договорот ќе биде во валутата на која гласи договорот.
7.5.5 Гаранцијата за квалитетно извршување на договорот треба да биде издадена од банка. Доколку банкарската гаранција за квалитетно извршување на договорот е издадена од банка надвор од Република Македонија, истата треба да е оценета со најмалку BBB согласно кредитниот рејтинг систем на Standard and Poor’s, Fitch, IBCA и Xxxxxxx Bank Watch или со Baa3 согласно рејтинг системот на Xxxxx’x.
7.5.6 Гаранцијата за квалитетно извршување на договорот се доставува во определениот рок, и тоа: по пошта или лично во Царинската управа, Одделение за јавни набавки.
7.5.7 Гаранцијата за квалитетно извршување на договорот ќе биде наплатена доколку Носителот на набавката не исполни некоја од обврските од договорот за јавна набавка во рокот на стасаноста, за што писмено ќе го извести Носителот на набавката. Доколку дојде до наплата на гаранцијата за квалитетно извршување на договорот, договорниот орган ќе објави во ЕСЈН негативна референца. За наплатата на банкарската гаранција за квалитетно извршување на договорот и за објавувањето на негативна референца во ЕСЈН, Носителот на набавката може да покрене спор пред надлежниот суд.
7.5.8 Доколку договорот за јавна набавка е целосно реализиран согласно договореното, банкарската гаранција за квалитетно извршување на договорот договорниот орган му ја враќа на носителот на набавката во рок од 14 дена од целосното реализирање на обврските по договорот.
7.5.9 Гаранцијата за квалитетно извршување на договорот Договорниот орган му ја враќа на Носителот на набавката по пошта, лично во седиштето на економскиот оператор или лично во седиштето на договорниот орган.
7.6 Гаранција за гарантен период
7.6.1 Избраниот најповолен понудувач е должен да обезбеди гаранција за гарантен период во висина од 1 % од вкупната вредност на договорот.
7.6.2 Гаранцијата од точка 7.6.1 се доставува во вид на банкарска га- ранција во писмена форма. Гаранцијата треба да биде поднесена во ори- гинална форма. Копии не се прифаќаат.
7.6.3 Гаранцијата за гарантен период ќе биде, со важност најмалку 1 (еден) месец по истекот на гарантниот период. Договорниот орган по склу- чување на договорот дополнително го утврдува крајниот датум на важност на гаранцијата.
7.6.4 Банкарската гаранција за гарантен период ќе биде во валутата на која гласи договорот.
7.5.5 Гаранцијата за гарантен период треба да биде издадена од банка.
7.6.6 Гаранцијата за гарантен период избраниот најповолен понуду- вач ја доставува најдоцна 15 (петнаесет) дена пред истекот на рокот за целосно реализирање на договорот.
7.6.7 Гаранцијата за гарантен период се доставува во определениот рок, и тоа: по пошта или лично во Царинската управа, Одделение за јавни набавки.
7.6.8 Гаранцијата за гарантен период ќе биде наплатена доколку носителот на набавката не исполни некоја од обврските од договорот за јавна набавка во гарантниот период, за што писмено ќе го извести носителот на набавката.
7.6.9 Доколку договорот за јавна набавка е целосно реализиран сог- ласно договореното, банкарската гаранција за гарантен период догворниот орган му ја враќа на носителот на набавката во рок од 14 дена од истекот на гарантниот период.
7.6.10 Гаранцијата за гарантен период договорниот орган му ја враќа на носителот на набавката по пошта, лично во седиштето на економскиот оператор или лично во седиштето на договорниот орган.
7.7 Елементи во договорот кои произлегуваат од спроведената аукција
7.7.1 По завршувањето на електронската аукција / поднесувањето на конечна цена во ЕСЈН и изборот на најповолен понудувач, доколку предметот на набавката или поединечниот дел се состои од повеќе ставки, цената на секоја од поединечните ставки ќе се пресметува со соодветно намалување кое ќе биде еднакво на процентот на намалување на цената на првичната понуда на избраниот најповолен понудувач (пред електронската аукција/пред поднесувањето на конечна цена во ЕСЈН) и цената на последната понуда (по завршувањето на аукцијата / по поднесувањето на конечна цена во ЕСЈН).
8. ПОНИШТУВАЊЕ НА ПОСТАПКАТА
8.1 Договорниот орган може да ја поништи постапката за доделување на договор за јавна набавка ако:
- бројот на кандидати е понизок од минималниот број предвиден за постапките за доделување на договор за јавна набавка согласно со овој закон,
- не е поднесена ниту една понуда или ниту една прифатлива понуда,
- не е поднесена ниту една соодветна понуда во постапка каде што предметот на договорот е оформен во еден единствен дел, како и во постапките каде што предметот на договор е оформен во
повеќе делови и каде што може да се утврди соодветноста на понудите,
- се поднесени прифатливи понуди кои не можат да се споредат поради различниот пристап во техничките или финансиските понуди,
- настанале непредвидени промени во буџетот на договорниот орган,
- понудувачите понудиле цени и услови за извршување на договорот за јавна набавка кои се понеповолни од реалните на пазарот,
- оцени дека тендерската документација содржи битни пропусти или недостатоци, до моментот на отворање на понудите,
- поради непредвидени и објективни околности се промениле потребите на договорниот орган,
- договорниот орган не може да изврши избор на најповолна понуда поради битни повреди на законот согласно со членот 210 од овој закон или
- избраниот понудувач се откаже од склучување на договорот.
9. ЗАВРШУВАЊЕ НА ПОСТАПКАТА ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ЈАВНА НАБАВКА
9.1 Постапката за доделување на договор за јавна набавка завршува на денот на конечноста на одлуката за избор или за поништување на постапката.
II. ТЕХНИЧКА СПЕЦИФИКАЦИЈА
Реден Број | ДЕЛ 1 - Мобилна лабораторија | Количина (парче) |
1. | Специјализирано моторно возило за мобилна лабораторија | 1 |
• Категорија на возилото: N1 или N2 (параметар на целосно опремено возило со каросерија, во зависност од понудената техничка спецификација). • Надворешни димензии на специјализираното моторно возило: - должина: минимум 5,0 m максимум 8 m - ширина: максимум 2,5 m - висина: максимум 3.5 m - вкупната оперативна маса на целосно опремено возило (мобилна лабораторија: максимум 3,5 t. • Внатрешни димензии на работниот простор на мобилната лабораторија: - ширина: минимум 1,8 m - должина: минимум 3,5 m - висина: минимум 2 m • Технички карактеристики на специјализираното моторно возило: - Мотор: дизел со волумен на моторот од максимум 3,0 литри, моќност од минимум 95 kW, минимум Euro 5 норма за емисија на гасови или еквивалент; - Волан: Серво поставен на левата страна на возилото; - Систем на сопирачки: ABS систем и ESP систем или еквивалент; - Резервоар за гориво: големината да обезбеди возење од најмалку 500 km во комбиниран режим на возење (урбани – рурални); - Амортизација: задниот дел на шасијата да биде опремен со соодветен систем за суспензија со цел да се обезбеди заштита на лабораториската опрема; - Систем за навигација: GPS систем за надгледување или еквивалент, кој ќе овозможи следење на возилото и неговата брзина, следење на потрошувачката на гориво, како и далечинско гасење на моторот; - Распоред на кабината: опремена со 3 седишта (седиште за возачот, интегрално и прилагодливо, со сигурносни појаси и две патнички седишта со сигурносни појаси); систем за климатизација. • Дополнителна опрема во возилото: - Централна брава и алармен систем; - инсталација за акустична и оптички сигнализација; - имобилизатор на моторот; - Аудио систем; |
- Противпожарен апарат; - пумпа за тркала (гуми) со манометар; - стопери за тркалата; - светилка; - резервна гума; - хидраулична дигалка; - комплет за прва помош; - сет-алати. • Технички карактеристики на работниот простор на мобилната лабораторија - Ѕидови, таван, под и изолација: изработени од материјали кои целосно ги задоволуваат барањата на стандардот МКС ISO 3795:2010 или еквивалент во однос на запаливоста; - Лабораториски мебел: отпорен на механички удари и влијанија на вообичаените хемикалии; работни површини, 2 компактни лабораториски столици, шкафови со лизгачки врати над и под работните станици за складирање на потрошен материјал, резервни делови и документи; мијалник изработен од нерѓосувачки челик, сад за отпадоци отпорен на влијание на киселини (минимален капацитет од 20 L), специјален систем за течен отпад отпорен на хемикалии со вграден јаглероден филтер за излезни гасови (минимален капацитет од 10 L) контејнер за отпадна вода (минимален капацитет од 20 L) и контејнер за дестилирана вода ( минимален капацитет 10 L); - Заштитен ормар (противпожарен мин. 30 min отпорност) за чување на запалливи узорци изработен према стандардите МКС EN 14470-1, EN 14727 или еквивалент, мин. 200 L капацитет; - Вграден фрижидер од минимум 80 L; - Инсталација за вода; Анти-вибрациски систем: за секој инсталиран лабораториски инструмент; - Систем за климатизација кој се состои од клима единица за ладење и греач за топол воздух кој го користи горивото од резервоарот на возилото за загревање на воздухот, што треба да обезбедат услови за работа во лабораторијата на температура од 23 ˚C ± 2 ˚C; - Ефикасен систем за вентилација на лабораторискиот простор кој се состои од вентилатори со капацитет доволен да се изврши најмалку 10 измени на воздухот во 1 час, во лабораторискиот простор; - Простор за сместување на 1 боцa со гасови, за понатамошна инсталација инструмент кој работи со гасови. • Технички карактеристики на електричната инсталација: - Извор на електрична енергија (220V – 240V, 50/60 Hz) составена од два меѓусебно поврзани системи: - Интегрирана батерија со UPS способна да подржи целокупна потрошувачка на електрична енергија генерирана од |
анализаторите, безбедносни системи и IT опрема за време на автоматскиот премин меѓу различните извори на електрична енергија, за време од најмалку 15 минути; - Систем за надворешно напојување со електрична енергија од 380 V/50 Hz со соодветен кабел за струја намотан на цилиндричен котур со минимална должина од 25 m;. - Меѓусебно поврзаните системи кои ќе обезбедат стабилизација на електричниот напон со цел спречување на појава на шокови кои може да доведе до губење на постоечките бази на податоци и тековни резултатите од анализа. • Технички карактеристики на безбедносниот систем: - Детектор за чад и оган, со звучен сигнал и батерија како извор на енергија; - Мерен инструмент за Температура и Релативна влага на воздух со прецизност на температура минимум 0,5˚C и влажност на воздух минимум 3% RH со калибрационен сертификат издаден од акредитирана лабораторија по ИСО 17025 или еквивалентно; - Еден СО2 рачен апарат за гасење пожар min. 6L и еден рачен апарат за гасење пожар со сув прав (тип АВС) min. 5kg; - Фиксен детектор (комбиниран) за детекција на гасови: VOC и јаглерод моноксид со систем за звучен и светлосен аларм доколку се надминат вредностите. | ||
2 | АВТОМАТСКИ МЕРАЧ НА ГУСТИНА | 1 |
• Технички карактеристики: - Инструмент за на маса, за употреба во мобилна лабораторија, отпорен на вибрации; - Мерења во согласност со ASTM D4052, ASTM D5002, IP 365, МКС ISO 12185, DIN 51757 или еквивалент; - Мерен опсег: - густина од 0 до 3 g/cm³ - температура од 10 до 100 °C - опсег на притисок 0 до 10 bar - вграден детектор за воздушни меурчиња - автоматско земање на примерок - вграден екран на допир - автоматско чистење со растворувачи - Мерна прецизност: - густина: min 0,0001 g/cm³ - температура: min 0,03 ° C - Волумен на проба: 0,3 - 2 ml - Однапред дефинирани минимум табели и функции: °BRIX; °PLATO; %ALC/V; %ALC/W; °PROOF; °BAUME; API број; - Да поседува најмалку еден од следниве приклучоци: RS-232, RS-485, 100/1000 Ethernet LAN (RJ-45), USB интерфејс или еквивалент; - Способност за интеграција со LIMS (Laboratory instrument management system). |
Напомена: Целиот потрошен материјал (стандарди за калибрација односно хемикалии кои се користат за калибрација на инструментот, сертифицирани референтни материјали, садови за ставање на пробата за мерење и др.) неопходен за нормално функционирање на понудениот инструмент да биде вклучен во понудата и да овозможи непречена анализа на минимум 1000 мостри. | ||
3 | АВТОМАТСКИ ДЕСТИЛАЦИСКИ АНАЛИЗАТОР | 1 |
• Технички карактеристики: - Инструмент за на маса, за употреба во мобилна лабораторија, отпорен на вибрации; - Мерења во согласност со MKC EN ISO 3405, ASTM D86, ASTM D850, IP 123, IP 195, ASTM D1078 или еквивалент; - Принцип на работа: дестилација под атмосферскиот притисок; - Систем за автоматско внесување на примероците за анализа во инструментот; - Температурен опсег на анализа: 0˚С до 400 ˚C; - Осетливост: ± 0.1˚C; - Вграден сензор за притисок за автоматска барометарска корекција; - Автоматско позиционирање на дестилациониот сад, термометарот и приемниот сад; - Автоматска детекција на чистотата на кондензаторската цевка; - Автоматска детекција на соодветната грејна плоча во согласност со ASTM групи на производи; - Можност за автоматска дестилација на непознати примероци без потреба за пробна дестилација; - Започнување на дестилација со внесување на една наредба без потреба од внесување на параметри за дестилација; - Ниско напонски и со мала маса греач на дестилацискиот сад; - Да поседува најмалку еден од следниве приклучоци: RS-232, RS-485, 100/1000 Ethernet LAN (RJ-45), USB интерфејс или еквивалент; - Соодветен компјутерски софтвер за обработка на резултатите и изработка на извештаи од резултати; - Способност за интеграција со LIMS (Laboratory instrument management system). Напомена: Целиот потрошен материјал (стандарди за калибрација односно хемикалии кои се користат за калибрација на инструментот, сертифицирани референтни материјали, садови за ставање на пробата за мерење и др.) неопходен за нормално функционирање на понудениот инструмент да биде вклучен во понудата и да овозможи непречена анализа на минимум 1000 мостри. | ||
4 | АВТОМАТСКИ ИНСТРУМЕНТ ЗА ОДРЕДУВАЊЕ НА ТОЧКА НА ПАЛЕЊЕ | 1 |
• Технички карактеристики: - Инструмент за на маса, за употреба во мобилна лабораторија, отпорен на вибрации; - Одредување на точка на палење според стандардите: МКС EN ISO |
2719, МКС EN ISO 13736, ASTM D 93, ASTM D 56 , DIN 51758, IP 34, JIS K 2265 TAG, EN ISO 3679/3680, ASTM D3828 A/B, IP 523/IP 524 или еквивалентно; - Температурен опсег на мерење: 0° C до 400° C со резолуција од 0,1 oC; - Тестирање без отворен пламен; - Автоматска корекција на барометарски притисок; - Автоматска контрола на затворачот на мерниот сад; - Автоматска идентификација на Pt-100 сондата со меморирани термички корекции; - Мониторинг и регулирање на силата на запалувачот со прилагодување на силата на палење; - Приклучок за надворешен аларм; - Термална детекција со елиминација на влијанието на водата и сликатите во примероците; - Ладење на системот после мерење, со вграден вентилатор; - Опционо гасење на пламенот надвор од мерниот сад со CO2 или N2; - Да поседува најмалку еден од следниве приклучоци: RS-232, RS-485, 100/1000 Ethernet LAN (RJ-45), USB интерфејс или еквивалент; - Соодветен компјутерски софтвер за обработка на резултатите и изработка на извештаи од резултати; - Способност за интеграција со LIMS (Laboratory instrument management system). Напомена: Целиот потрошен материјал (стандарди за калибрација односно хемикалии кои се користат за калибрација на инструментот, сертифицирани референтни материјали, садови за ставање на пробата за мерење и др.) неопходен за нормално функционирање на понудениот инструмент да биде вклучен во понудата и да овозможи непречена анализа на минимум 1000 мостри. | ||
5 | АВТОМАТСКИ ПЕТРОЛ АНАЛИЗАТОР | 1 |
• Технички карактеристики: - Инструмент за на маса, за употреба во мобилна лабораторија, отпорен на вибрации; - Автоматски анализатор базиран на FT-IR спектроскопија за одредување на октански и цетански број во дизелско гориво и моторен бензин со идентификација и квантификација на аромати, олефини, оксигенати, кислород, густина, RVP, дестилациони параметри и содржина на FAME; - Во согласност со следниве стандарди: ASTM D5845, D6277, D7777, МКС EN 238 или еквивалентно; - Во корелација со следниве стандарди: ASTM D2699, D2700, D86, D323, D5191, D4052, D613, D976, D2425, МКС EN 14078, D4814 или еквивалентно; - База со калибрирани примероци од различни земји; - Без претходна припрема на примерокот; - Време на мерење помалку 150 секунди; - Волумен на пробата: од 5 ml до 10 ml; - Автоматско земање на примерокот; |
- Да поседува најмалку еден од следниве приклучоци: RS-232, RS-485, 100/1000 Ethernet LAN (RJ-45), USB интерфејс или еквивалент; - Соодветен компјутерски софтвер за обработка на резултатите и изработка на извештаи од резултати; - Способност за интеграција со LIMS (Laboratory instrument management system). Напомена: Целиот потрошен материјал (стандарди за калибрација односно хемикалии кои се користат за калибрација на инструментот, сертифицирани референтни материјали, садови за ставање на пробата за мерење и др.) неопходен за нормално функционирање на понудениот инструмент да биде вклучен во понудата и да овозможи непречена анализа на минимум 1000 мостри. | ||
6 | БРАНОВО ДИСПЕРЗИОНЕН РЕНТГЕН-ФЛУОРЕСЦЕНТЕН СПЕКТРОМЕТАР - WDXRF (WAVELENGTH DISPERSIVE X-RAY FLUORESCENCE ANALYZER) | 1 |
• Технички карактеристики: - Инструмент за на маса, за употреба во мобилна лабораторија, отпорен на вибрации; - Мерење на содржина на сулфур во нафтени деривати и сурова нафта во согласност со МКС EN ISO 20884, ASTM D2622-10, ASTM D7039 или еквивалент; - Работа без употреба на хелиум; - X-ray цевка со Cr анода, max. 40W, max. 40 kV; - Без никаква припрема на примерокот; - Вклучена вакуум пумпа; - Да поседува најмалку еден од следниве приклучоци: RS-232, RS- 485, 100/1000 Ethernet LAN (RJ-45), USB интерфејс или еквивалент; - Способност за интеграција со LIMS (Laboratory instrument management system). Напомена: Целиот потрошен материјал (стандарди за калибрација односно хемикалии кои се користат за калибрација на инструментот, сертифицирани референтни материјали, садови за ставање на пробата за мерење и др.) неопходен за нормално функционирање на понудениот инструмент да биде вклучен во понудата и да овозможи непречена анализа на минимум 1000 мостри. | ||
7 | ЛАПТОП | 1 |
• Технички барања: - Оперативен систем: Windows 7 Professional 32-bit или еквивалент; - Минимум MS Office 2013 Professional или еквивалент; - Минимум двојадрен процесор, со минимум 3МB cache и минимална фреквенција 2,2 GHz; |
- RAM меморија минимум 6 GB DDR3; - Хард диск од минимум 500 GB; - DVD writer (снимач, режач); - LAN Gigabit; - безжичен LAN 802.11 b/g/n или еквивалент; - Bluetоoth минимум верзија 3.0; - Вклучен VGA или HDMI порт; - Минимум 3 USB 2.0 порти; - Читач на картички (SD, SDHC, ММС); - Екран најмалку 15 "LED HD; - Безжичен глушец; - web камера. | ||
8 | ПЕЧАТАР | 1 |
• Технички барања: - Достапни опции: печатење, копирање, скенирање; - Технологија на печатење: ласерска; - Резолуција на печатење: минимум 1200 x 600 dpi; - Двострано печатење: автоматско; - Големина на хартија: A4, B5, A5, писмо, пликови; - Поврзување: минимум USB 2.0 интерфејс, безжично поврзување Wireless LAN 802.11 b/g/n или еквивалент, 100/1000 Ethernet LAN (RJ- 45); - вклучен соодветен тонер. | ||
9 | СОФТВЕР | 1 |
Софтвер за поврзување на целата мерна опрема во мобилната лабораторија со цел нивно автоматско следење, како и добивање, обработка и издавање на резултатите од мерењето, заради придржување кон стандардот за управување со квалитет со кој се наметнува мониторинг на сите операции на главната дејност. |
Напомени:
- Избраниот понудувач е должен да обезбеди упатства за користење на македонски и англиски јазик и листа со резервни делови и нивни референтни кодови за возилото и сите мерни инструменти предмет на набавка.
- Понудувачот треба да обезбеди минимум 24 месеци гаранцијата на возилото, компјутерската опрема и сите мерни инструменти, кои се предмет на набавката.
- Понудувачот да обезбеди бесплатно одржување на целокупната набавка и замена на расипаните делови без надоместок во гарантниот рок.
- Обука од 2 работни дена за 8 (осум) корисници за користење на специјализирано моторно возило за мобилната лабораторија како целина.
- Обука од 10 работни дена за 8 (осум) корисници за користење на сите мерни инструменти, односно 5 работни дена веднаш по инсталација и 5 работни дена после совладување на определените техники.
- Oбука од 2 работни дена за 8 (осум) корисници за работа на софтверот за поврзување на целата мерна опрема и да обезбеди навремено и континуирано одржување и надградување на истиот во период од 2 години.
- Избраниот понудувачот треба да ги достави сите материјали (кабли, конектори, алатки, прибор, итн) потребни за инсталирање и одржување на опремата.
- Избраниот понудувачот треба да oбезбеди привремен регистарски број на возилото за 30 дена.
- Трошоците за потребната документација (според законските прописи на РМ), поврзани со доставата на целокупната набавка (метрологија, хомологација...) ќе бидат на терет на избраниот понудувач.
МОДЕЛ НА ДОГОВОР
ДОГОВОР
ЗА ЈАВНА НАБАВКА НА МОБИЛНА ЛАБОРАТОРИЈА
склучен во Скопје на ден _
ДОГОВОРНИ СТРАНИ
1. Царинска управа на Република Македонија, со седиште на ул. „Лазар Личеноски” бр. 13, ЕМБС 4641655, ЕДБ 4030992228017, застапувано од директорот Xxxxxx Xxxxxxx-Xxxxxxxxx (во понатамошен текст: Договорен орган) од една страна и
2. _ _____________ ______, со седиште на
, ЕМБС , ЕДБ _ од
(во понатамошен текст: Носител на набавката) од друга страна.
Член 1
Со овој Договор се уредуваат меѓусебните права и обврски на договорните страни во врска со набавката и испораката на
(во натамошен текст: стоки), согласно
Одлука за јавна набавка бр.
од _
година,
спроведената отворена постапка со оглас бр. 07/2016 објавен на веб страната на Бирото за јавни набавки и Одлуката за избор на најповолна понуда бр.
од _ _ година. ПРЕДМЕТ НА ДОГОВОРОТ
Член 2
Предмет на овој Договор е набавка на Мобилна лабораторија согласно техничката спецификација од тендерската документација (во понатамошниот текст: стоки) и прифатената понуда на Носителот на набавката број година, кои се составен дел на договорот.
ВРЕДНОСТ НА ДОГОВОРОТ
Член 3
Договорните страни се согласни дека вкупната вредност на овој Договор ќе се утврди врз основа на реално испорачаната стока, потврдена со
уредно потпишани и заверени испратници, при што Договорниот орган може да набави, а Носителот на набавката може да испорача стоки најмногу
до износ од денари без вклучен ДДВ, односно
денари со вклучен ДДВ.
Договорните страни се согласни дека единечните цени се цени со вклучени трошоци за испорака на стоките, други зависни трошоци и јавни давачки и истите се фиксни и непроменливи за целокупното времетраење на договорот.
ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ДОГОВОРОТ
Член 4
Договорот се склучува на определено време од 1 (една) година, сметано од денот на потпишување на овој Договор од страна на двете договорни страни.
НАЧИН, МЕСТО И РОК НА НА ИСПОРАКА
Член 5
Носител на набавката е должен стоките, предмет на овој Договор, да ги испорача во рок од 4 (четири) месеци од потпишувањето на договорот .
Во текот на примопредавањето се утврдува квалитетот на испорачаната стока, според перфомансите видливи со голо око. За примопредавањето се изготвува Записник за привремено прифаќање потпишан од двете договорни страни.
Договорниот орган може да изврши и дополнителна контрола на квалитетот кај овластена институција.
Испораката на стоките се смета за извршена по потпишување на испратница или записник за конечно примопредавање од страна на овластените лица на двете договорни страни.
Носителот на набавката при испораката е должен да обезбеди упатства за користење на македонски и англиски јазик и листа со резервни делови и нивни референтни кодови за возилото и сите инструменти во мобилната лабораторија.
Исто така, Носителот на набавката при испораката треба да ги достави сите материјали (кабли, конектори, алатки, прибор, итн) потребни за инсталирање и одржување на опремата, како и да обезбеди привремен регистарски број на возилото за 30 дена.
Трошоците за обезбедување на потребната документација поврзана со доставата на целокупната опрема ќе бидат на товар на Носителот на набавката.
НАЧИН, УСЛОВИ И РОКОВИ НА ПЛАЌАЊЕ, ЗАТЕЗНА КАМАТА ЗА ЗАДОЦНЕТО ПЛАЌАЊЕ
Член 6
Договорниот органот се обврзува плаќањето на Носител на набавката да го изврши во денари во рок од 60 дена од денот на приемот на фактурата во архивата на Царинската управа на Република Македонија.
Носителот на набавката се обврзува во рок од 3 (три) дена од склучување на договорот до договорниот орган да достави известување за Овластено лице за потпишување на фактури и при секоја промена на Овластеното лице веднаш да го извести договорниот орган.
Прилог кон фактурата е уредно заверена испратница и/или записник за конечно примопредавање потпишан од страна на овластените лица на дветте договорни страни.
Договорниот орган го плаќа износот на фактурата на банкарска сметка на Носителот на набавката, наведена на фактурата.
Во случај Договорниот орган да не ја плати фактурата во договорениот рок, се засметува затезна камата за задоцнето плаќање согласно позитивните законски прописи на Република Македонија. За пресметаниот износ на затезна камата за задоцнето плаќање Xxxxxxxxx на набавката има право да издаде одделна фактура и истата да ја достави до Договорниот органот заедно со писмено барање.
Член 7
При изготвување на фактурата, согласно важечките законски прописи на Република Македонија, носителот на набавката има обврска да ги наведе посебно следните елементи:
- Име на Договорен орган, место, седиште, единствен даночен број (ЕДБ),
- Број и датум на договорот,
- Количина на испорачаниот предмет на Договорот,
- Опис на испорачаниот предемет на овој Договор,
- Единечна цена
- Вкупен износ на фактура ,
- Валута на плаќање x
- Банкарска сметка на која треба да се изврши плаќањето.
НАДОМЕСТ НА ШТЕТА И ДОГОВОРНА КАЗНА ЗА ЗАДОЦНУВАЊЕ ИЛИ НЕИСПОЛНУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ
Член 8
Договорните страни се согласија дека доколку Xxxxxxxxx на набавката не ги испорача стоките во рокот и на начин утврдени во член 5 од овој Договор, Договорниот орган има право да бара од Носителот на набавката да му исплати договорна казна во висина од 0,5% од вредноста на неиспорачаната стока за секој започнат нареден ден од денот во кој Носителот на набавката бил должен да ја изврши испораката на стоките до денот кога ја испорачал стоката, но не повеќе од 5% од вредноста на неиспорачаната стока. Износот на договорната казна се одбива од износот на фактурата доставена од Носителот на набавката.
ГАРАНЦИЈА ЗА КВАЛИТЕТНО ИЗВРШУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ
Член 9
Квалитетното, односно целосно, совесно и навремено извршување на обврските по овој Договор, Носителот на набавката го гарантира со доставена безусловна банкарска гаранција за квалитетно извршување на Договорот во висина од 10 % од вкупната вредност на овој договор без ДДВ.
Договорниот орган има право да ја активира/наплати банкарската гаранција од став 1 на овој член, во следните случаи:
- Во случај кога Xxxxxxxxx на набавката не ја испорача стоката предмет на овој договор во рокот утврден во член 5 од овој Договор и кога доцнењето е подолго од 10 дена од овој рок.
- Во случај на несовпаѓање на техничките и квалитативните карактеристики на испорачаната стока предмет на овој Договор, споредени со бараните карактеристики во техничката спецификација
- Во случај кога Носителот на набавката не ги исполнува обврските во гарантниот рок
- во случај на раскинување на Договорот по вина на Носителот на набавката.
Доколку Договорот се спроведе навреме и квалитетно во согласност со стандардите за квалитет и одредбите на овој Договор, гаранцијата за квалитетно извршување на Договорот му се враќа на Носителот на набавката во рок од 3 месеци по целосното извршување на Договорот.
ГАРАНТЕН ПЕРИОД И ГАРАНЦИЈА
Член 10
Носителот на набавката е должен да обезбеди гарантен рок за возилото, мобилната лабораторија и целокупната опрема инсталирана во мобилната лабораторија, 24 месеци од денот на привремено прифаќање на целокупната опрема и да обезбеди гаранција за гарантен период во висина од 1 % од вкупната вредност на договорот.
Носителот на набавката треба да обезбеди поправка на настанатиот дефект на возилото или опремата во мобилната лабораторија во рок од 15 работни дена по известување за дефект од страна на Царинска управа.
Во случај на сервисирање, гарантниот рок на опремата предмет на сервисирање, ќе се продолжи за време во кое истата била предмет на сервисирање.
Во гарантниот период Носителот на набавката бесплатно ќе ги отстрани сите дефекти кои се поврзани со:
- воочени функционални недостатоци на испорачаната и инсталирана стока, кои се сметаат за отстапување од бараните услови,
- сите технички недостатоци кои предизвикуваат застој во работата или недостапност на одредени функционалности на испорачаните стоки,
- сите недостатоци или разлики помеѓу функционалноста или техничките карактеристики на стоките и документацијата која била испорачана за дефинирање на сооветните карактеристики на истите
- одржување и замена на искршени и расипани делови
Гаранцијата за гарантен период Носителот на набавката ја доставува најдоцна 10 (десет) дена пред истекот на рокот на важност на договорот.
Гаранцијата за гарантен период се доставува во вид на банкарска га- ранција во писмена форма. Гаранцијата треба да биде поднесена во ори- гинална форма. Копии не се прифаќаат.
Гаранцијата за гарантен период е со важност најмалку 1 (еден) месец по истекот на гарантниот период.
Гаранцијата за гарантен период ќе биде наплатена доколку носителот на набавката не исполни некоја од обврските од договорот за јавна набавка во гарантниот период, за што писмено ќе го извести носителот на набавката.
Доколку договорот за јавна набавка е целосно реализиран согласно договореното, банкарската гаранција за гарантен период договорниот орган му ја враќа на носителот на набавката во рок од 14 дена од истекот на гарантниот период.
ОБУКИ
Член 11
Носителот на набавката е должен да изврши
- Обука од 2 работни дена за 8 (осум) корисници за користење на специјализирано моторно возило за мобилната лабораторија како целина.
- Обука од 10 работни дена за 8 (осум) корисници за користење на сите мерни инструменти, односно 5 работни дена веднаш по инсталација и 5 работни дена после совладување на определените техники.
- Oбука од 2 работни дена за 8 (осум) корисници за работа на софтверот за поврзување на целата мерна опрема и да обезбеди навремено и континуирано одржување и надградување на истиот во период од 2 години.
Обуките треба да се извршат во рок од 10 дена по инсталација на стоката предмет на овој договор, на македонски/англиски јазик.
ВИША СИЛА
Член 12
Ниту една од договорните страни нема да биде одговорна за неисполнување на овој Договор во случај на Виша сила. Договорната страна, за која станало невозможно да ги исполни обврските по овој договор, во рок од 10 (десет) календарски денови ќе ја извести другата договорна страна за почетокот, можното траење и престанокот на таквите околности и доколку е можно ќе обезбеди релевантни докази.
По престанок на Вишата сила Договорот може да се реализира по потреба со заеднички прифатено дополнување или да се раскине договорно.
РЕШАВАЊЕ НА СПОРОВИ
Член 13
Сите евентуални спорови и недоразбирања кои би произлегле од овој Договор, договорните страни ќе ги решаваат во духот на добрите деловни обичаи со меѓусебно договарање.
Доколку тоа не даде резултат во рок од 10 (десет) дена, спорот ќе се решава пред надлежниот суд во Скопје.
РАСКИНУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ
Член 14
Кога една од договорните страни нема да ја исполни својата обврска, другата договорна страна има право да го раскине овој Договор со доста- вување на писмено известување во рок од 7 (седум) дена пред раскинувањето на Договорот.
КОРУПЦИСКО ИЛИ ИЗМАМНИЧКО ОДНЕСУВАЊЕ
Член 15
Договорните страни се согласни да ги применат највисоките стандарди за етичко и законито однесување за време на реализација на овој Договор.
ПРИМЕНЛИВ ЗАКОН
Член 16
За се што не е регулирано со овој договор ќе се применуваат одредбите од Законот за облигациони односи и позитивните законски прописи во Република Македонија.
ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ
Член 17
Договорот стапува на сила веднаш по неговото потпишување од страна на двете договорните страни.
Член 18
Договорот се склучува на македонски јазик и неговото кирилско писмо.
Член 19
Изменување и дополнување на овој Договор можe да се врши со заедничка согласност на договорните страни доставена по писмен пат.
Договорот може да се менува со Анекс-Договор само во согласност со одредбите на Законот за јавни набавки и тендерската документација.
Член 20
Овој Договор е склучен во 6 (шест) истоветни примероци од кои по 4 (четири) за Договорен органот и 2 (два) за Носител на набавкатаот.
ЗА ДОГОВОРЕН ОРГАНОТ ЗА НОСИТЕЛОТ НА НАБАВКАТА
Царинска управа на РМ
Составни делови на овој Договор се: а) Спецификација на понудени цени
III. ОБРАЗЕЦ НА ПОНУДА
Врз основа на огласот број 07/2016 објавен од страна на Царинска управа на Република Македонија, за доделување на договор за Јавна набавка на мобилна лабораторија, со спроведување на отворена постапка, со електронска аукција преку Електронскиот систем за јавни набавки (ЕСЈН), и на превземена тендерската документација која е објавена од договорниот орган, ја поднесуваме следнава:
П О Н У Д А
III.1. ОПШТ ДЕЛ
III.1.1. Име на понудувачот:
III.1.2. Контакт информации
- Адреса:_
- Телефон:
- Факс
- Е-пошта:
- Лице за контакт:
III.1.3. Одговорно лице: или
III.1.3. Овластено лице (со задолжително приложено овластување / полномошно):_
III.1.4. Даночен број:_
III.1.5. Матичен број: _
III.1.6. Нашата понудата е составена од следниве делови:
- Пополнет образец на Понуда составена од III.1 ОПШТ ДЕЛ и III.2 ЛИСТА НА ЦЕНИ и ТЕХНИЧКА ПОНУДА вклучително Технички опис на понуденото софтверско решение
- Документи за докажување на личната состојба;
- Документ за докажување на способноста за вршење на професионална дејност;
- Изјава за сериозност
- Изјава за независна понуда,
- Техничка документација на стоката
- Договор за групна понуда (само за група на економски оператори),
- Пополнет образец за општи информации (ако нема групна понуда, образецот не мора да се доставува),
- Пополнет образец на листа на доверливи информации (ако нема доверливи информации, образецот не мора да се доставува).
III.1.7. Согласни сме да ја дадеме оваа понуда за предметот на договорот за јавна набавка согласно со цените дефинирани во Листата на цени .
III.1.8. Со поднесување на оваа понуда, во целост ги прифаќаме условите предвидени во огласот и тендерската документација и не го оспоруваме Вашето право да ја поништите постапката за доделување на договор за јавна набавка, согласно со член 169 од Законот за јавните набавки.
III.2. ЛИСТА НА ЦЕНИ и ТЕХНИЧКА ПОНУДА
Мобилна лабораторија
1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 |
Назив | Модел и производител | Единица мерка | Количина | Единечна цена без ДДВ | Вкупна цена без ДДВ (4x5) | ДДВ |
Мобилна лабораторија, согласно техничка спецификација | парче | 1 | ||||
Вкупна цена без ДДВ (со бројки): _ | ||||||
Вкупна цена без ДДВ (со букви):_ | ||||||
Вкупнo ДДВ (со бројки): _ Вкупно ДДВ ( со букви) |
Вкупната цена на понудата, вклучувајќи ги сите трошоци и попуст без ДДВ,
изразена во денари / евра изнесува: (со бројки).
_ ____ __ ___ ___ __ __ ___ __ ____ __ _
_______ ___________________ ______________ _______ __ (со букви).
(Во случај понудата да е поднесена од странски економски оператор, вкупната цена се изразува со букви на англиски јазик.)
Вкупниот износ на ДДВ изнесува (со бројки).
(со букви).
Место и датум Одговорно лице*
_
(потпис)
*Образецот на понудата може да биде потпишан и од лице овластено од одговорното лице
Напомена: Доколку понудата ја потпишува лице овластено од одговорното лице, во прилог се доставува и овластување за потпишување на понудата потпишано од одговорното лице
IV. ИЗЈАВА ЗА НЕЗАВИСНА ПОНУДА
И З Ј А В А
Јас, долупотпишаниот_ _ [име и презиме], врз основа на член 129 став 2 од Законот за јавните набавки, а во својство на одговорно лице на понудувачот
, под целосна материјална и кривична одговорност изјавувам дека понудата во отворена постапка за доделување на договор за јавна набавка на Мобилна лабораторија по оглас број 07/2016 ја поднесувам независно, без договор со други економски оператори на начин кој не е спротивен на прописите за заштита на конкуренцијата.
Истовремено, под целосна материјална и кривична одговорност изјавувам дека при доставувањето на понудата за постапката по оглас број 07/2016 не учествувам со други економски оператори со кои сум капитално, сопственички или роднински поврзан.
Исто така, изјавувам дека сум целосно свесен за последиците од давање на невистинити наводи во изјавата, што ќе доведе до поведување на соодветна постапка против понудувачот во чие име и за чија сметка сум овластен да ја дадам оваа изјава.
Место и датум
Одговорно лице*
_ (потпис)
*Изјавата за независна понуда не може да биде потпишана од ниту едно друго лице освен од одговорното лице.
VII. ОБРАЗЕЦ НА ЛИСТА НА ДОВЕРЛИВИ ИНФОРМАЦИИ
Информации кои се доверливи | Бројот на страниците со тие информации, | Причини за доверливост на тие информации | Временски период во кој тие информации ќе бидат доверливи |
Место и датум Одговорно лице*
(потпис)
*Образецот може да биде потпишан и од лице овластено од одговорното лице, со приложено овластување
VIII. ОБРАЗЕЦ ЗА ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ (се пополнува за секој член на групата на економски оператори, само во случај на групна понуда)
1. Назив на член на група економски оператори: | |
2. Адреса на седиштето: | |
3. Телефон: | 4. Контакт: |
5. Факс: | 6. e-mail: |
7. Место на основањето/регистрацијата: | 8. Година на основањето/регистрацијата: |
9. Основни дејности на економскиот оператор: |
Место и датум
Одговорно лице*
_ (потпис)
*Образецот може да биде потпишан и од лице овластено од одговорното лице, со приложено овластување
IX. ИЗЈАВА ЗА СЕРИОЗНОСТ НА ПОНУДАТА
И З Ј А В А
Јас, долупотпишаниот
[име и
презиме] врз основа на член 47 став 1 од Законот за јавните набавки, а во својство на одговорно лице на понудувачот
изјавувам дека во целост ја гарантирам содржината на понудата за јавната набавка на мобилна лабораторија број 07/2016 и дека понудата е валидна и правно обврзувачка за нас во сите нејзини делови до истекот на периодот на нејзината важност.
Исто така, изјавувам дека сум целосно свесен со последиците од прекршу- вање на оваа изјава во случаите од член 47 став 6 од Законот за јавните набавки, што ќе доведе до издавање на негативна референца од страна на договорниот орган против понудувачот во чие име и за чија сметка сум овластен да ја дадам оваа изјава.
Место и датум Одговорно лице
_
(потпис) *
*Изјавата за сериозност на понудата може да биде потпишана и од лице овластено од одговорното лице