I Општо за Договорот за грант и Проектот 6 II Спроведени постапки и фактички наоди 14
ИЗВЕШТАЈ ЗА ФАКТИЧКИ НАОДИ
ЦИВИКА МОБИЛИТАС
Договор за акциски грант ЦМ-АКТ-02
Скопје, мај 2018 година
СОДРЖИНА
I Општо за Договорот за грант и Проектот 6
II Спроведени постапки и фактички наоди 14
Анекс 1 Финансиски извештај за Договорот за грант 19
ИЗВЕШТАЈ ЗА ФАКТИЧКИ НАОДИ
Xxxxxx Xxxxxxxx, извршен директор
Здружение за унапредување на родовата еднаквост Акција Здруженска Скопје
Ул. Никола Тримпаре 12-1/12, 1000 Скопје
7 мај 2018
Почитувана Xxxxxx Xxxxxxxx,
Во согласност со Писмото за ангажирање со датум 01.02.2018 година кое го потпишавте со нас, го издаваме нашиот Извештај за фактички наоди („Извештајот“) на приложениот финансиски извештај за периодот од 01.07.2016 до 31.03.2018. На ваше барање, ние извршивме одредени постапки во врска со вашиот финансиски извештај и Договорот за грант финансиран од Швајцарска амбасада во Република Македонија, ЦИВИКА МОБИЛИТАС, Договор за акциски грант ЦМ-АКТ-02 („Договорот за грант“).
Цел
Нашата ревизија беше во насока на проверка на трошоците, ревизија која опфаќа извршување на договорени постапки во врска со финансискиот извештај од Договорот за грант помеѓу вас и Швајцарска амбасада во Република Македонија
„Донатор“.
Целта на оваа проверка на трошоците е да извршиме одредени постапки кои ги договоривме со вас и да поднесеме Извештај за фактички наоди до вас во согласност со истите.
THE POWER OF BEING UNDERSTOOD
AUDIT | TAX | CONSULTING
Стандарди и етика
Нашата ревизија беше спроведена во согласност со:
- Меѓународен стандард за поврзани услуги („МСПУ“) 4400 Ангажмани за извршување на договорени постапки во врска со финансиски информации објавен од Меѓународната федерација на сметководители („МФС“);
- Кодексот за етика на професионални сметководители издаден од МФС. Иако МСПУ 4400 предвидува дека независноста не е барање при ангажманите за договорени постапки, Донаторот бара ревизорот да се придржува и до барањата за независност од Кодексот за етика на професионални сметководители.
Извршени постапки
Подолу во извештајот се спомнати постапките што ги извршивме.
Овие постапки се спроведени со цел да му овозможат на Донаторот јасен увид во исправноста на трошоците.
Бидејќи спроведените постапки не претставуваат ниту ревизија, ниту проверка направена во согласност со Меѓународните стандарди за ревизија или Меѓународните стандарди за ангажмани за проверка, ние не изразуваме никакво уверување за придружниот финансиски извештај.
Доколку извршевме дополнителни постапки или пак извршевме ревизија или проверка на финансиските извештаи во согласност со Меѓународните стандарди за ревизија или Меѓународните стандарди за ангажмани за проверка, можеби ќе забележивме други прашања за кои би ве известиле.
Извори на информации
Извештајот ни дава информации добиени од ваша страна како одговор на одредени прашања или информации добиени од вашето сметководство.
Фактички наоди
Вкупните трошоци кои се предмет на овој извештај за фактички наоди изнесуваат
1.897.200 МКД.
THE POWER OF BEING UNDERSTOOD
AUDIT | TAX | CONSULTING
Вкупните трошоци кои се предмет на овој извештај се еднакви на вкупниот износ на трошоци известени од ваша страна во финансискот извештај.
Ние ги прикажуваме деталите за фактичките наоди кои произлегуваат од извршените постапки дадени во Дел 2 од овој извештај.
Намена на Извештајот
Нашиот извештај е наменет исклучиво за целта наведена погоре во овој извештај и за ваше информирање и не треба да се користи за било која друга цел или да се дистрибуира на кои било други страни. Овој извештај се однесува само на сметките и ставките кои се определени погоре и не се протега на кои било финансиски извештаи на Здружение за унапредување на родовата еднаквост Акција Здруженска Скопје, земени како целина.
Донаторот не се појавува како странка во Договорот (Писмото за ангажирање) помеѓу вас и нас и затоа немаме никакви обрски кон Донаторот кој може да се повика на овој извештај на свој ризик и дискреција. Донаторот може да ги процени постапките и наодите известени од наша страна и да донесе свои заклучоци врз основа на фактичките наоди за кои сме известиле.
Донаторот може да го објави извештајот само на оние кои имаат право на пристап до истиот.
Овој извештај се однесува само на финансискиот извештај наведен подолу и не ги опфаќа вашите други финансиски извештаи.
Со задоволство ќе бидеме на ваше располагање за било какви информации или прашања кои би ги побарале во врска со нашиот извештај.
7 мај 2018
Со почит,
Друштво за ревизија РСМ Македонија ДООЕЛ Скопје Xxxxxx Xxxxxxxx ,Овластен ревизор
THE POWER OF BEING UNDERSTOOD
AUDIT | TAX | CONSULTING
I Општо за Договорот за грант и Проектот
1. КЛУЧНИ ПОСТИГНУВАЊА
14 членки на 4 локални женски организации од 5 општини ги зајакнаа капацитетите за програмска и буџетска анализа од родова перспектива, развија препораки за надминување најочигледните пропусти на ЕЛС во поглед на транспарентноста, вклученоста на жените во процесите на планирање и донесување одлуки, унапредување на генералниот третман на родовата еднаквост и заснованоста на политиките и буџетите врз потребите и приоритетите на жените. Со тоа остварени се неопходните претпоставки за понатамошно застапување на транспарентно и отчетно управување со јавните финансии кај локалните власти.
Организациите остварија директна комуникација со 498 жени од 5 локални заедници обезбедувајќи им пристап до буџетски информации, можност да ги изразат проблемите и потребите, како и да ја оценат работата на локалните власти во областите на надлежност, зајакнувајќи ја на тој начин врската со своите конституенти.
Преку дијалог помеѓу локалните организации 100 тина претставници на локалните власти од 5 општини вклучени во мониторингот, средбите за консултации и дебати, промовирана e релевантноста на родовата еднаквост во управувањето со јавните финансии. Воедно, зајакната е јавната промоција на правото на информираност и граѓанско учество на жените во локалните процеси на одлучување, што придонесува во унапредувањето на правата на жените и локалната демократија.
2. ВЛИЈАНИЕ
Со реализацијата на акцијата, проширен е бројот на зајакнати локални женски организации, односно дополнителни 4 локални организации се оспособени за активно да придонесат во промоцијата на интересите на жените и родовата еднаквост во процесите на годишно планирање и буџетирање, преку застапување базирано на докази. Клучните промени од реализација на акцијата врз локалните организации како една од целните групи се состои во самодовербата на вклучените претставнички, која е резултат на значителни промени во разбирањето на сопствената улога како граѓанки, познавањата и разбирањето надлежностите и работата на локалната власт, особено на општинскиот буџет. Исто така, зголемено е разбирањето за придобивките од континуирана, непосредна комуникација со конституентите која е во функција на испитување на потребите и на нивно информирање, како и поттикнување на нивниот интерес за јавните финансии и на граѓанско учество, како неопходна претпоставка за успешно застапување.
„Ги осознав моите права како граѓанка, а воедно на моите блиски им го пренесов своето искуство дека тие (ЕЛС) се тука за нас, а не ние за нив)„.
„Преку проектот разбрав колку малку, односно скоро воопшто не им се обрнува внимание, т.е. дека жените во целост се исклучени од примарните цели и активности на општината„
Особено важна е и промената на односот на локалните власти кон организациите во повеќето општини во кои се реализираше акцијата, како резултат на аргументираниот пристап во застапувањето на идентификуваните потреби и приоритетите на жените кај клучните носители на одлуки (претседатели/ки на советите, градоначалниците, секретари/ки на општини), наместо кај вообичаените структури, односно комисиите и координаторите за еднакви можности на жените и мажите.
„Спроведените активности, особено презентирањето на резултатите од мониторингот придонесоа да бидеме сфатени како сериозен фактор кој може да и помогне на општината во решавањето на некои прашања поврзани со жените„
„Нашето значење е повеќе ценето од новата власт. Побараа соработка, но резултатите од неа допрва ќе следат во иднина„.
Сите вклучени организации ќе продолжат да ги користат знаењата и искуствата од примената на методолошката рамка за идно застапување, преку идентификација на потребите и приоритетите на локалните жени, следење и известување за транспарентноста и третманот на учеството на жените и родовата еднаквост во процесите на годишно планирање и донесување одлуки, како и дебата со локалните власти, со што се исполнети претпоставките за остварување на општата цел, односно унапредување на третманот на родовите прашања во програмското и буџетското планирање на локално ниво.
3. ЕФЕКТИВНОСТ
Во функција на зајакнување на знаењата и вештините на женските НВО за следење и застапување на специфичните потреби на жените во буџетските процеси на ЕЛС, 14 претставнички од 4 организации, селектирани за учество во програмата за следење и застапување на специфичните потреби на жените во буџетските процеси на ЕЛС во Струмица, Кавадарци, Радовиш, Центар и Карпош, ги надградија знаењата за родот и различните концептуални и стратешки пристапи кон родовата нееднаквост; Стекнаа основни вештини за родова анализа; Стекнаа подетален увид и разбирање на децентрализацијата и локалните процеси на планирање и буџетирање, вклучувајќи ја и улогата на НВО во идентификацијата и застапувањето на потребите на нивните корисници, имајќи ги предвид законските и политичките обврски на ЕЛС во поглед на унапредувањето на родовата еднаквост; Се стекнаа со основна буџетска писменост и вештини за анализа на буџетските документи и нивната поврзаност со годишните програми на ЕЛС. Воедно, се стекнаа со практични вештини за примена на основни методи за реализација на партиципативни истражувања, за континуирано следење на процесите на консултации, планирање и донесување одлуки за годишните програми и буџет на општините, како и за известување и застапување на приоритетните потреби на жените во заедницата.
Во функција на обезбедување релевантни информации за приоритетните потреби изразени од самите жени во заедницата и нивниот третман во буџетските процеси, идентификувано е нивото на информираност и вклученоста во буџетските процеси на 407 жени од 5 општини. Исто така идентификувани и оценети се приоритетни локални услуги во областите на надлежност на општинските власти преку квалитативно истражување реализирано преку 10 фокус групи со опфат на 92 жена од 5 општини. Во рамките на мониторингот
спроведен од страна на локалните организации со континуирана менторска поддршка на АЗ, идентификувани се пропустите на ЕЛС во поглед на: Информирањето за плановите и буџетот, вклучуваќи ја и достапноста на администрацијата за обезбедување информации; Вклученоста на жените во програмските и буџетските процеси; Планираните и усвоените мерки и буџетските алокации за унапредување на родовата еднаквост; активностите и влијанието на институционалните механизми за ЕМЖМ; Заснованоста на програмите и мерките на анализи и родово релевантни податоци и нивна употреба за следење и известување за постигнатиот напредок; Опфатот на жените (особено самохраните мајки) како целни групи на мерките во предложените и усвоените програми и буџетските алокации во областите социјална заштита и локален развој.
Во функција на промовирање на релевантноста на родовата еднаквост во управувањето со јавните финансии помеѓу жените во заедницата и локалните чинители, 407 жени од 5 локални заедници се стекнаа со информации за висината и структура на општинскиот буџет, се запознаа со важноста и придобивките од поголемо вклучување во процесите на одлучување, давајќи 509 предлози како приоритети за финансирање. Преку 7 медиумски објави со информации за активностите од теренската кампања, пошироката јавност во овие општини беше запознаена со проблемот на граѓанското (не)учество на жените во планирањето и буџетирањето. Приоритетните услуги идентификувани со партиципативното истражување, сумирани во куси извештаи се застапувани преку 5 консултативни состаноци на претставнички од АЗ и локалните организации со новоизбрани/именувани власти и тоа: 3 градоначалници, 2 секретари на општина, 1 раководител на ЛЕР и 1 лице за односи со јавност. Препораките, развиени врз основа на клучните наоди сумирани во поединечни извештаи од страна на мониторинг тимовите и споредбениот збирен извештај од следењето се споделени и дебатирани со 94 претставници од различни структури на локалната власт и други чинители во рамките на 5 дебати организирани во просториите на секоја од опфатените ЕЛС. Клучните наодите и препораките се оценети како релевантни и прифатени со јавно изразена подготвеност од присутните учесници/чки за нивна употреба во унапредување на процесите на програмирање и буџетирање, а во соработка со локалните организации. Преку 8 објави од медиуми и општински веб страни, јавноста е дополнително запознаена со релевантноста на потребата од поголема сензибилизација, скроени мерки според потребите на жените, особено маргинализираните групи жени, како и потребата од приоретизирање и поголема ефикасност и ефективност на буџетските трошења.
Вмрежувањето со останати грантисти на ЦИВИКА во функција на промовирање на резулататите и научените лекции од акцијата не е остварено според планираното заради неучество на поканетите. Отсуството на претставици/чки и покрај навремено доставените информации и покани, и дополнителните напори да се обезбеди нивно присуство делумно се должи на многубројните настани на граѓански организации организирани во терминот на одржување на настанот за вмрежување.
4. ЕФИКАСНОСТ
Од пријавените 7 на објавениот повик за вклучување во програмата за зајакнување во септември 2016, избрани се 5 организации од 5 општини, кои
предложија тричлени тимови составени од две мониторки и една локална асистентка. На подготвителна средба на 5 октомври 2016 детално се запознаа со условите и придобивките од учеството и начинот на реализација на акцијата. По откажувањето на една од организациите, беше идентификуван дополнителен тим од две мониторки во една од организациите кои го продолжија учеството во програмата. Во периодот октомври – ноември 2016 беше подготвена и реализирана воведната програма за обука која се состоеше од три тридневни модули и тоа: Вовед во родова анализа; Обврски на ЕЛС за воведување на родот во процесите на годишно планирање и Вовед во буџетското планирање на локално ниво, со постојано учество на десетте номинирани мониторки. Обуките беа дизајнирани како работилници на кои учесничките ги споделуваа постоечките знаења и искуства за специфичните теми, стекнувајќи се на тој начин со увид во сличностите и разликите на одделните општински контексти. Оценката на успешноста на обуките во однос на остварување на специфичните цели, темите и содржините кои им биле од корист и начинот на реализација, покажуваат висок степен на задоволство кај учесничките.
По обуката, тимовите ги обезбедија и анализираа општинските буџети за тековната година, идентификувајќи буџетски ставки/потставки во одделни буџетски програми за кои не може да се утврди намената или крајниот корисник. На дополнителна средба одржана во Скопје на 25 февруари 2017, беа споделени резултатите од анализата, дефинирани конечните износи, беа споделени сценаријата за реализација на теренската кампања, како и сценаријата за фокус групите за партиципативното истражување.
По финализацијата на материјалите, во периодот 12-22 март 2017, преку 5 настани на фреквентни локации и во период утврдени во соработка со локалните организации, спроведена е теренската кампања „Жените буџетираат“ помеѓу 407 жени минувачи. Тимови од локалните организации и АЗ во рамки на кампањата спроведоа улична анкета заради испитување на нивните познавања за висината и намената на општинските буџети и степенот на вклученост во буџетските процеси. Оваа анкета ги потврди претходните сознанија за речиси комплетната исклученост на жените од процесите на консултации и донесување одлуки со оглед на тоа што ретко која од нив била на каков било начин вклучена во овие процеси. Дополнително загрижува и речиси непостоечко ниво на информираност за локалните финансии. Имено, идентификувана е само една од анкетираните жени со сознанија за висината на буџетот, додека останатите немаат ниту приближна претстава за износот. Илустративен пример е изјавата на една од жените, која на прашањето со колкав износ според нејзино мислење располага општинската власт, одговори „околу 50 000 евра“. Воедно, во рамки на кампањата тимовите споделија информации со жените за висината и структурата на локалниот буџети и ги поттикнуваа да „одлучат“ како со определен износ ќе го подобрат секојдневието на жените во заедницата запишувајќи го предлогот како јавен чин на панел. Голем дел од жените имаа потешкотии да се стават во улога на некој што одлучува, уште помалку за финансии, но и да размислуваат во контекст на специфичните потреби на жените. Оттука, преку разговори и прашања тимовите, повеќе или помалку успешно ги „водеа“ до моментот на конкретизација на еден или повеќе предлози за мерки кои можат да се реализираат со ограничен износ на средства, а кои се во надлежност на локалната самоуправа. Во рамките на кампањата се прибрани 509 предлози. Од резултатите се подготвени куси сумирани извештаи кои се достапни на веб страницата на АЗ.
Освен преку кампањата, за потребите на партиципативното истражување, дополнително беа реализирани 10 фокус-групи со учество на 91 жена, коишто се спроведени во две серии. За да се добијат што е можно порелевантни податоци, секоја од фокус-групите беа составени од жени од различно професионално и социјално милје. Првата серија фокус-групи беше структурирана на начин кој обезбеди отворен процес за изразување на проблемите и потребите на жени од различни профили. Најголем број препораки жените предлагаа во областа на социјалната заштита, економските можности и комуналните дејности, што упатува на тоа дека општинските власти треба да ги приоретизираат и да планираат мерки во овие области на начин кој ќе биде од корист за жените. На втората серија фокус-групи жените од локалните заедници го оценуваа нивото на услугите коишто општината ги нуди во однос на проблемите и потребите коишто произлегоа во првите фокус-групи. Врз основа на резултатите и оценките добиени од фокус-групите, а соодветно на мисиите и клучните области на дејствување на локалните организации, беа идентификувани два приоритета (пристап за економски можности на жени и пристап до услуги од социјална заштита на жени) за петте општини соодветно, кои од страна на учесничките беа оценети со најниска средна вредност.
Процесот на мониторинг се одвиваше во текот на јуни 2017- јануари 2018. Специфичната цел на следењето е да се идентификува дали и на кој начин ЕЛС ги третира потребите на жените од локалната заедница, односно предмет на следење се активностите/мерките и ресурсите на ЕЛС во однос на избран приоритет идентификуван од самите жени, а чие решавање спаѓа во директна надлежност на ЕЛС. Следењето е спроведено во 5 општини преку примена на тестирана методолошка алатка во којашто за секоја од 6 те фази се поместени специфични прашања/индикативни насоки за прибирање информации и анализа, преку кои мониторките ги идентификуваа специфичните активности/мерки и ресурсите коишто општинските власти ги планираат во однос на еднаквите можности и избраниот приоритет. Прашањата делумно ги зафаќаат и аспектите поврзани со транспарентноста на планирачките и процесите на донесување одлуки, особено оние коишто се однесуваат на буџетот. Методолошката алатка за следење вклучи и подготвена матрица за систематизација и бележење на информациите прибрани за време на следењето. Процесот на спроведување на следењето се одвиваше со поинаква динамика од планиранатаа, односно во исклучително куси рокови и потешкотии во обезбедување релевантни информации, особено документи заради одржувањето на локалните избори во октомври 2017. И покрај ограниченото искуството со ваков вид активности и ограничениот пристап до информации, процесот на следење е успешно комплетиран од страна на вклучените организации.
Во текот мониторингот и за време на подготовката на поединечните извештаи, организирани се три групни работилници и 7 поединечни менторски средби со мониторките и локалните асистентки од вклучените организации.
Како резултат на првата работилница учесничките се стекнаа со воведни знаења и вештини за примена на методолошка рамка за следење на процесот на програмирање и буџетирање на локално ниво. На втората работилница мониторките ги споделија впечатоците и искуствата од текот на мониторингот преку преглед на прибраните податоци по фази и дискусија за информациите кои недостасуваат или треба понатаму да се доработат, како и потешкотиите со
пробирањето информации во услови на неорганизирани локални власти по изборите. Тимовите добија и поединечна повратна информација и специфични препораки и сугестии за понатамошниот тек на следењето, методите на прибирање и начинот на бележење на прибраните податоци. За време на подготовката на поединечните извештаи се јави потреба од одржување на 7 поединечни менторски средби по основ на нацрт извештаите изработени од тимовите. Третата работилница беше наменета за финална подготовка на извештаи од следење со заклучоци и препораки од мониторинг и подготовка на тимовите за унифицирана презентација на наодите и препораките од мониторингот, преку конкретни насоки за структурирано претставување и аргументирање на наодите пред претставниците на локалните власти за време дебатите.
Во текот на февруари 2018, секоја од организациите подготвија извештаи со клучни наоди и препораки од следењето, со цел да послужат како ресурс за идно застапување пред локалните власти. Извештаите, и покрај разликите во квалитетот, претставуваат веродостоен извор на верификација на стекнатите знаења и вештини на учесничките во моделот за зајакнување, имајќи го предвид фактот што повеќето од нив за прв пат се соочија со најголем дел од прашањата и процесите идентификувани како релевантни за следење, особено буџетските процеси и документи, а за некои од нив ова беше прв обид за подготовка на ваков вид текст. Од информациите прибрани преку следењето и дополнителните анализи, подготвен е и сумарен компаративен извештај со наоди за сите вклучени општини со препораки за наминување на клучните идентификувани предизвици.
Во текот на месец март 2018, организирани се 5 локални дебати „Кон родово инклузивни локални буџети“ за промоција на поединечните наоди и препораките од следењето со учество на 94 претставници/чки на општинската администрација и советите, вклучувајќи ги и жените од заедницата. Предмет на дискусија на овие дебати организирани во соработка со локалните организации беа поединечните резултати и препораки за начините на кои можат да се унапредат овие процеси со локалните власти да бидат транспарентни, инклузивни и отчетни кон жените од локалната заедница. Претставниците на локалните самоуправи се согласија со клучните заклучоци од мониторингот кои укажуваат на потребата од вложување дополнителни напори да се унапредат мерките за тие да бидат во корист на жените вклучувајќи ги и маргинализираните групи на жени, да се работи на поголемо вклучување на жените заради идентификација на приоритетните проблеми, да се прибирааат родово релевантни податоци како основа за планирање на сите секторски програми и буџетот, како и да се подобри внатрешната координација и мерењето на ефектите од програмите и мерките. Воедно, беше истакната потребата од поставување на прашањето на еднаквоста на жените и мажите во рамки на дебатата на советите во општините.
На 27 март 2018 во Јавна Соба во Скопје се одржа завршен настан заради промоција и споделување на резултатите и искуствата од реализација на проектот со грантистите на ЦИВИКА Мобилитас, и промоција на публикацијата
„Третманот на родот во општинските програми и буџети - Сумарен извештај од следење во општините Струмица, Кавадарци, Радовиш, Центар и Карпош“. Со оглед на отсуството на други организации-грантисти, настанот беше искористен за оценување на промените кај присутните учеснички, научените лекции од повторената реализација на моделот на зајакнување. Истовремено, на
присутните претставнички од организациите им беа доделени потврди за учество во програмата за зајакнување.
5. МЕТОДОЛОГИЈА И ПРИСТАПИ
Клучниот методолошки пристап при реализацијата на акцијата е учење низ пракса, кој ги вклучува и формалните аспекти на трансферот на знаење и искуственото учење. Моделот на зајакнување вклучува комбинирани форми на учење на возрасни (обука, пракса и менторство) фокусирани на обезбедување поголемо разбирање на проблемот на родовата нееднаквост и вештини за справување со него, а врз основа на кредибилни информации добиени од жените во заедницата и општинските власти. Ваквиот пристап подразбира двонасочен процес на трансфер на знаење, преку критичко преиспитување на сопствените знаења, вредности, навики и начини на интеракција со околината на сите вклучени во процесот, односно носителите на одлуки, вклучените организации и корисничките. Придобивките од ваквиот пристап вклучуваат продукција на ново знаење, меѓусебна доверба и сојузништва кои овозможуваат понатамошно заедничко дејствување, а со самото тоа и поголема одржливост на резултатите.
Постојаната, доследна, информирана комуникација и упорност на мониторките за добивање официјални податоци, влијаеше на воспоставување на доверба и професионален однос помеѓу организациите и претсавници/чките на локалната власт.
Избраниот пристап на фокусирање на клучните носители на одлуки и стратегијата на критички, аргументиран приод во споделување на наодите од следењето, и тоа на „домашен терен„ на општинските власти, се покажа како поефикасна во споредба со претходната пракса на првична комуникација со механизмите за ЕМЖМ. Ваквиот приод беше значаен за локалните организации и нивната самодоверба во комуникацијата со клучните актери на локалната власт.
6.АКТЕРИ
Организацијата на Жени - Струмица; Организацијата на жени Xxxxxx – Кавадарци; Женска Акција-Радовиш и Организацијата за унапредување на правата на еднородителските семејства Една Може- Скопје кои беа вклучени во моделот на зајакнување и спроведување на активности преку пристап кој овозможува меѓусебна доверба и поддршка, како и размена на информации, искуства и знаења што е клучна претпоставка за понатамошно градење сојузништва и заедничко дејствување.
Граѓанки од заедницата со различна возраст, социјален и економски статус, кои од страна на локалните здруженија преку директна комуникација беа поттикнувани на граѓанска одговорност и поддршка за прашања од заеднички интерес за жените.
Различни структури на локалните власти и од општините Струмица, Радовиш, Карпош, Кавадарци и Центар кои преку учество во интервјуа и писмени барања за прибирање на информации во текот на мониторингот, како и преку средби за консултации и дебати во општините беа поттикнувани на транспарентност, одговорност и поголема ефикасност и ефективност во управувањето со јавните
финансии преку интегрирање на потребите на жените и прашањата за родовата еднаквост.
АЗ придонесе во дебатата во рамки на двете национални конференци „Заштита и поддршка на жени-жртви на родово базирано насилство организирана од Националниот совет за родова рамноправност.
Исто така АЗ учествуваше на две средби за вмрежување на граѓанските организации поддржани од програмата Цивика мобилитас, преку размена на знаења и искуства од секојдневната работа и дискусија за тоа како да се направат повидливи промените што ги прават во општеството. Истовремено АЗ присуствуваше на тематскиот форум „Соработка помеѓу новата Влада и граѓанскиот сектор во Македонија“ кој се одржа во рамки на третата средба на вмрежување на грантисти.
Грантист: | Здружение за унапредување на родовата еднаквост АКЦИЈА ЗДРУЖЕНСКА -СКОПЈЕ |
Име на акцијата: | Застапување на родово инклузивни локални буџети |
Период на спроведување: (датум од – до) | 01.07.2016 ДО 31.03.2018 |
Број и датум на договор: | БР. 11-243/1-2016 ОД 01.07.2016 Г. |
Период на известување: | 01.07.2016 Г. – 31.03.2018 Г. |
Реализирани трошоци во периодот на известување: | 1.897.200 МКД. |
II Спроведени постапки и фактички наоди
Постапките кои ги спроведовме опфаќаат:
1. Општи постапки
2. Постапки со кои се потврдува усогласеност на трошоците со буџетот и аналитички постапки
3. Постапки со кои се потврдува одреден трошок
Ние ги потврдивме трошоците избрани по пат на случаен избор и спроведовме, за секој трошок одделно, постапки кои се наведени во точките 3.1 до 3.6.
Ние известуваме за нашите фактички наоди кои произлегуваат од следните постапки:
1. Општи постапки
1.1 Рокови и услови од Договорот за грант
Ние се запознавме со роковите и условите од Договорот за грант.
Ние добивме копија од оригиналниот Договор за грант и го добивме и разгледавме финансискиот извештај и заклучивме дека е во согласност со Договорот за грант.
1.2 Финансиски извештај од Договорот за грант
Потврдуваме дека финансискиот извештај во целост го опфаќа предметот на ревизија.
1.3 Правила водење на сметководство и чување на документи
Потврдуваме дека сметките на корисникот:
a. се ажурни и точни
b. се изготвени во согласност со системот на двојно сметководство
c. лесно се идентификуваат и потврдуваат
1.4 Усогласеност на финансискиот извештај со сметководствениот систем на корисникот на средствата од грантот
Податоците во финансискиот извештај се усогласени со сметководствениот систем на корисникот на средствата од грантот и се вклучени во бруто билансот и билансот на успех на корисникот на средствата, и во сите други извештаи кои ги бараат локалните власти.
2. Постапки со кои се потврдува усогласеност на трошоците со буџетот и аналитички постапки
2.1 Буџет на Договорот за грант
Буџетот во финансискиот извештај одговара на буџетот од Договорот за грант. Сите настанати трошоци се наведени во буџетот од Договорот за грант.
2.2 Измени на буџетот од Договорот за грант
Со барање бр.09-17/1 од 7.02.2018 година, одобрено од донаторот, извршена е пренамена на средства во износ од 28.222 денари од буџетска линија III Директни трошоци на буџетска линија II Оперативни трошоци. За извршената пренамена изготвен е ревидиран буџет, кој е дел од финалниот финансиски извештај.
3. Постапки со кои се потврдува одреден трошок
При оваа проверка на трошоци беа спроведени постапките за потврдување наведени во точките 3.1 – 3.6 за секоја трошковна ставка одделно.
3.1 Исправност на трошоци
Ние го потврдивме, за секоја одбрана трошковна ставка, критеруимот за исправност.
3.2 Исправност на директни трошоци
Ние ги прегледавме настанатите директни трошоци и придружната документација, при што го заклучивме следното:
d. Сите прегледани трошоци се реално настанати
e. Сите трошоци настанале во текот на имплементирањето на проектот
f. Сите трошковни ставки се наведени во буџетот на проектот
g. Сите трошоци се неопходни за имплементирање на проектот
h. Сите трошоци се прокнижени според роковите и условите од договорот за грант, според локалните сметководствени правила и воспоставени сметководствени практитки
i. Сите трошоци се оправдани (постои доволна документација за прегледаните трошоци)
j. Сите парични вредности се во согласност со основните документи
k. Сите трошоци се класифицирани под точни наслови и поднаслови во финансискиот извештај
l. Сите процедури за набавка се во согласност со договорот за грант
3.3 Административни (индиректни) трошоци
За проектот не се направени административни (индиректни) трошоци.
3.4 Придонеси во натура
Не постојат придонеси во натура вклучени во финансискиот извештај.
3.5 Неисправни трошоци
Ние не потврдивме трошоци кои би можеле да се дефинираат како неисправни во нашиот извештај.
3.6 Приходи од проектот
Швајцарска амбасада во Република Македонија е единствениот донатор на проектот кој е предмет на ревизијата. Приходите од донаторот се уредно евидентирани.
Здружение за унапредување на родовата еднаквост Акција Здруженска Скопје Финансиски извештај за период од 01.07.2016 до 31.03.2018
Анекс 1 Финансиски извештај за Договорот за грант
ЗАВРШЕН ФИНАНСИСКИ ИЗВЕШТАЈ (КУМУЛАТИВЕН)
Име на грантистот Големина на одобрен грант Вкупно реализирани трошоц Кофинансирање (ако има): Период на известување (ОД Буџетска линија | : и: -ДО): Буџет Вкупно (МКД) | Здружение за уна 1.899.816 1.897.200 / 01.07.2016 до 31 Реализиран Вкупно за 4 квартали | предување на родовата .03.2018 и трошоци Вкупно за 3 1 квартал квартали | еднаквост 2 квартал | Акција Здру 4 квартал 3 квартал | женска и (јули 2016 4 квартал | - јуни 2017 Вкупно | Финансиски извештај ) 3 квартали (јули 2017 - март 2018) Остаток % 5 квартал 6 квартал 7 квартал 8 квартал Вкупно Остаток % | Вкупно Кумулативен трошоци остаток Вкупно (МКД) Вкупно (МКД) | ||||||||||
I. ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ | 868.280 | 529.300 | 338.979 | 0 | 124.040 | 322.337 | 82.923 | 529.300 | 338.980 | 39% | 85.731 | 135.513 | 117.735 | 0 | 338.979 | 1 | 0% | 868.279 | 1 |
II. ОПЕРАТИВНИ ТРОШОЦИ | 368.959 | 171.001 | 198.040 | 0 | 32.991 | 82.318 | 55.692 | 171.001 | 197.958 | 54% | 39.809 | 45.457 | 112.774 | 0 | 198.040 | -82 | 0% | 369.041 | -82 |
III. ДИРЕКТНИ ТРОШОЦИ | 662.577 | 258.327 | 401.553 | 0 | 206.256 | 24.631 | 27.440 | 258.327 | 404.250 | 61% | 69.658 | 149.471 | 182.424 | 0 | 401.553 | 2.697 | 0% | 659.880 | 2.697 |
ВКУПНО I+II+III | 1.899.816 | 958.628 | 938.572 | 0 | 363.287 | 429.286 | 166.055 | 958.628 | 941.188 | 50% | 195.198 | 330.441 | 412.933 | 0 | 938.572 | 2.616 | 0% | 1.897.200 | 2.616 |
IV. ИНДИРЕКТНИ ТРОШОЦИ | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0% | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0% | 0 | 0 |
V. РЕЗЕРВА | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0% | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0% | 0 | 0 |
ВКУПНО (I+II+II+IV+V) | 1.899.816 | 958.628 | 938.572 | 0 | 363.287 | 429.286 | 166.055 | 958.628 | 941.188 | 50% | 195.198 | 330.441 | 412.933 | 0 | 938.572 | 2.616 | 0% | 1.897.200 | 2.616 |
Јас, долупотпишаниот, во улога на законски застапник (овластено лице) на акцискиот грантист ја потврдувам точноста и веродостојноста на податоците наведени во овој финансиски извештај:
Xxxxxx Xxxxxxxx, извршна директорка, 26.04.2018 Име и презиме, функција, потпис и датум