Contract
Број
РАМКОВЕН ДОГОВОР
за платежна сметка и платежни услуги за физичко лице
Склучен во на ден помеѓу:
1. ТТК БАНКА АД Скопје
Назив: | ТТК Банка АД Скопје | |||
Седиште: | Ул. ‘’Народен Фронт’’ 19а Скопје | |||
ЕМБС: | 6121110 | ЕДБ: | 4030006597638 | |
Застапници по закон: | Проф. д-р Xxxxxxxx Xxxxxxxx Xxxxxxxx Xxxxxxxx | Претседател на Управен одбор Член на Управен одбор | ||
Јавен регистар во кој е запишана Банката: | Трговскиот регистар и регистарот на други правни лица при Централниот регистар на Република Северна Македонија | |||
Застапувани во овој Договор од овластено лице: | Xxx и презиме: | Работно место: | ||
Контакт e-mail: | Контакт тел: | 00 0000 000 | ||
Орган надлежен за надзор на работењето на Банката: | Народна Банка на Република Северна Македонија |
(во натамошниот текст: ‘’Банката’’)
2. КОРИСНИКОТ - РЕЗИДЕНТ
Име и презиме: | |
Дата и Место на раѓање: | |
Адреса на живеење | |
ЕМБГ: | |
Бр. на л.к./пасош: | |
Контакт e-mai и Телефонl: | |
Податоци за законски застапник на Корисникот (доколку е применливо): | |
Име и презиме: | |
Адреса: | |
ЕМБГ: | |
Контакт e-mail: | Контакт тел: |
(во натамошниот текст: ‘’Корисникот’’)
Член 1
I. ОПШТИ ОДРЕДБИ
Предмет
Со овој Договор се регулираат меѓусебните права, обврски и одговорности помеѓу Xxxxxxx и Xxxxxxxxxx во врска со отворање, одржување и затворање на :
Платежна сметка во денари со број Платежна сметка во странски валути со број Платежна сметка со основни функции со број
Платежна сметка со основни функции за корисници на права согласно закон со број и со идните извршувања на поединечни и последователни платежни трансакции во земјата и во странство согласно со важечките законски прописи и интерните акти на Банката.
Член 2
Составен дел од овој Договор се: Барањето за отворање на платежна сметка од Корисникот, („Барањето“), Општите услови и претходни информации за отворање и одржување на платежна сметка и вршење на други платежни услуги на физички лица на TTK Банка АД Скопје („Општите услови“), важечката Тарифа за надоместоци на услуги што ги врши TTK Банка АД Скопје односно делот кој се однесува за услугите за физички лица кои се предмет на овој договор; важечката Одлука за висина на каматни стапки на ТТК Банка АД Скопје односно делот кој се однесува на услугите за физички лица кои се предмет на овој договор; важечкиот Термински план за вршење на платен промет во земјата на ТТК Банка АД Скопјe, важечкиот Термински план за вршење на платен промет со странство на ТТК Банка АД Скопје, Информативниот документ за надоместоци на ТТК Банка АД Скопје, Поимникот за платежни услуги на ТТК Банка АД Скопје.
Член 3
Овој Договор, заедно со документите наведени во член 2 погоре го сочинуваат Рамковниот договор за платежни услуги помеѓу Банката и Корисникот („Рамковниот договор“).
Страните се согласуваат дека Xxxxxxx го задржува правото да ги измени, дополни или ажурира Општите услови за времето на важење на овој Договор, без да се склучи посебен анекс на овој Договор. Начинот на измена, дополнување или ажурирање на Општите услови и известување на Корисникот е уреден во Општите услови. Корисникот потврдува дека пред потпишувањето на овој Договор, на јасен и недвосмислен начин бил информиран и запознаен со содржината на Рамковниот договор преку доставување на примерок на предлог рамковен договор и дека пред склучувањето на овој Договор бил запознаен и согласен со условите од документите кои го сочинуваат Рамковниот договор.
Поимите кои не се изречно дефинирани во овој Договор го имаат значењето што им е пропишано во Општите услови и/или Законот за платежни услуги и платни системи.
Корисникот може да користи и други платежни услуги што ги нуди Банката само под услови предвидени во важечките закони и други прописи во Република Северна Македонија и во актите и политиките на Банката.
II. ПЛАТЕЖНИ УСЛУГИ
Опис на платежни услуги
Член 4
Банката како давател на платежни услуги, по барање на Корисникот ги овозможува следниве платежни услуги:
1) отворање, одржување и затворање на платежна сметка, како и активности за внесување и повлекување готовина на/од платежната сметка;
2) извршување на платежни трансакции, вклучувајќи пренос на парични средства на платежна сметка кај Банката на Корисникот или кај друг давател на платежни услуги:
- извршување на платежни трансакции со платежни картички или слични телекомуникациски, дигитални или информатички уреди и
- извршување на кредитни трансфери, вклучувајќи трајни налози;
3) извршување на платежни трансакции кај коишто паричните средства се обезбедени со кредитна линија за корисникот:
- извршување на платежни трансакции со платежни картички или слични телекомуникациски, дигитални или информатички уреди и
- извршување на кредитни трансфери, вклучувајќи трајни налози;
4) издавање платни инструменти и/или прифаќање платежни трансакции;
5) парични дознаки.
III. ПЛАТЕЖНА СМЕТКА
Отворање на платежна сметка
Член 5
Банката го склучува овој Рамковен договор врз основа на Барањето на Корисникот кој е составен дел на Договорот.
Xxxxxxx ја отвора платежната сметка по поднесено писмено Xxxxxx, доставување на важечката документација за идентификација, останатата потребна документација и по направена анализа согласно важечките прописи и интерните акти на Банката која е составен дел на Договорот.
Врз основа на овој Договор страните се согласни Xxxxxxx да му отвори на Корисникот платежна сметка наведена во член 1 од овој Договор и истата да ја користи на начин и во согласност со Општите услови и во согласност со важечките прописи.
Корисникот во Барањето за отворање платежна сметка депонира сопствен потпис како и потписи на овластени од него лица кои дејствуваат во негово име и за негова сметка доколку е потребно.
Платежната сметка станува активна во согласност со одредбите за отворање на сметка од Општите
услови. 2
Страните се согласуваат Xxxxxxx да ги извршува поединечните платежни трансакци во земјата и странство и други услуги поврзани со платежната сметка во согласност со Барањето и на начин утврден со важечките прописи, овој Договор и Општите услови.
Обврски на договорните страни
Член 6
Банката се обврзува да ги извршува исправните платни налози од Корисникот во согласност со важечките прописи и Општите услови, да го информира Корисникот за промените на платежната сметка во согласност со Општите услови и важечките прописи, да врши други услуги доколку се исполнети условите од Општите услови.
Xxxxxxx го задржува правото да одбие воспоставување деловна соработка или извршување на платежна трансакција во согласност со важечките прописи, овој Договор и Општите услови.
Член 7
Корисникот како учесник во платежната трансакција се обврзува да располага со средствата на платежната сметка во согласност со важечките прописи, овој Договор и Општите услови, да доставува правилно и точно пополнети платни налози во согласност со и на начин утврден со важечките прописи, овој Договор и Општите услови, за што дал соодветна согласност, уредено со Општите Услови, писмено да ја извести Xxxxxxx за сите промени согласно условите предвидени во Општите услови, за релевантни факти кои имаат влијание врз нивниот меѓусебен однос (приговори, жалби и сл.).
Располагање со средства на платежната сметка
Член 8
Корисникот во моментот на отворање на сметката или дополнително писмено може да овласти друго/други лица за работење со сметката во согласност со одредбите од општите услови.
Повлекување или измена на даденото овластување за располагање со средствата се врши само врз основа на писмено барање на Корисникот на сметката.
Овластувањето не може да се пренесува на други лица и не може да се однесува на затворање на сметката.
Банката на Корисникот за редовно работење и располагање со средствата од платежната сметка, на сопственикот и/или овластеното лице му издава картичка за платежна сметка.
Корисникот се обврзува дека ќе постапува во согласност со овој Договор и применливите позитивни законски и подзаконски прописи, дека ќе го запознае овластеното лице за работа со платежната сметка со содржината на овој Договор и на документите кои го сочинуваат Рамковниот договор при што се што ќе преземе овластеното лице во име и за сметка на Корисникот, ќе се смета како да е преземено од страна на Xxxxxxxxxx и Корисникот е целосно и неограничено одговорен за доследно почитување на одредбите од овој Договор, применливите законски и подзаконски прописи од страна на овластеното лице.
Корисникот е должен да ги следи овластувањата за користење што им ги дал на овластените лица за располагање со средствата на платежната сметка и е одговорен пред Банката за секоја штета настаната како резултат на надминување и/или злоупотреба на овластување од страна на овластените лица.
Со потпишувањето на овој Договор, Xxxxxxxxxx ја овластува Xxxxxxx да ги корегира грешките кои можат да настанат при извршувањето на обврските од Договорот, со задолжување или одобрување на неговата сметка во согласност со законската и подзаконската регулатива. Во случај Xxxxxxx да го искористи ова овластување, таа е должна да го извести Корисникот за извршената корекција без одложување преку Изводот на корисникот.
Ажурирање на документација за идентификација на клиент
Член 9
Банката врши ажурирање на документацијата за идентификација на клиентот- резидент физичко лице веднаш по истекувањето на рокот на важност на документот за идентификација, врз основа на важечки документ за идентификација.Xxxxxxx го задржува правото да побара и друга документација во согласност со важечките прописи.
Банката врши ажурирање на документацијата за идентификација на клиентот- нерезидент физичко лице најмалку еднаш годишно врз основа на важечки документ за идентификација. Xxxxxxx го задржува правото да побара и друга документација во согласност со важечките прописи.
Ажурирање на документација за идентификација на клиент може да се врши и во пократок рок, врз основа
на нивото на ризик од ПП\ФТ на Корисникот и во согласност со релевантните интерни акти на Банката. 3
Корисникот на сметката се обврзува да ја известува Xxxxxxx и за сите други промени кои ќе настанат, а се однесуваат на одржување на сметката.
Банката не ja превзема одговорноста за евентуална настаната штета поради непочитување на обврските во врска со точното и навремено известување на Банката за промена на податоци.
IV. ПЛАТНИ НАЛОЗИ Извршување на платни налози
Член 10
Корисникот издава платни налози и Банката ги извршува платните налози под услови предвидени во Општите услови и во Законот за платежни услуги и платни системи и применливите подзаконски акти вклучително и прописите од областа на девизното работење.
Банката извршува плаќања од сметката на Корисникот до висината на покритието на сметката, односно до износот на расположивото салдо на сметката.
При обработка на плаќање, Xxxxxxx го прифаќа Налогот за плаќање кога се исполнети следниве услови:
-Ако налогот ги содржи сите потребни информации и податоци, согласно законската регулатива, и ако е потпишан од Корисникот или од овластено лице.
-Ако е обезбедено покритие на сметка на Корисникот кај Банката за извршување на налогот за плаќање и плаќање на надоместоци и трошоци на Банката.
-Ако налогот како и самото плаќање е во согласност со важечките домашни и меѓународни закони и прописи.
Член 11
Корисникот на сметка е одговорен за точноста и вистинитоста на податоците во налогот, и Xxxxxxx не презема никаква одговорност за евентуалната штета настаната за Корисникот на сметката поради погрешни, нејасни или нецелосни податоци содржани во налогот.
Член 12
Xxxxxxx е овластена да врши плаќања како и да го ограничи располагањето со средствата на сметка, без дополнителна согласност односно налог од Корисникот во следниве случаи:
- Заради плаќање по основ на судски одлуки, Налози за извршување, Решенија за присилна наплата на други надлежни органи или во други случаи предвидени со законски прописи.
- Врз основа на одлука на суд или друг надлежен орган а во согласност со важечките прописи (при блокирање на сметката во случај на обезбедување, привремени мерки итн).
- Врз основа на посебни договори, договорни овластувања, писмено овластување од Корисникот и во други случаи предвидени со законски и други прописи.
- Заради спроведување на постапка за исправка на грешка кај платежни трансакции Банката ќе постапува во согласност со важечките законски и подзаконски акти.
Корисникот ја овластува Xxxxxxx да ја одобрува неговата платежна сметка, доколку изврши уплати на поголеми износи од пресметаните достасани обврски по основ на користење на други производи или услуги во Банката, освен во случаите кога изричито ќе се произнесе поинаку.
V. ПЛАТЕЖНИ КАРТИЧКИ И ДОЗВОЛЕНО ПРЕЧЕКОРУВАЊЕ Дебитна картичка
Член 13
На Барање на Корисникот, физичко лице резидент по отворање на платежната сметка, Xxxxxxx може да му издаде дебитна картичка врз основа на посебен договор за користење кој Корисникот ќе го склучи со Xxxxxxx и посебни општи услови.
Кредитна картичка
Член 14
На Барање на Корисникот, физичко лице резидент по отворање на платежната сметка, Xxxxxxx може да му издаде кредитна картичка врз основа на посебен договор за користење кој Корисникот ќе го склучи со Xxxxxxx и посебни општи услови.
Дозволено пречекорување
Член 15
На Барање на Корисникот, физичко лице резидент по отворање на платежната сметка, Xxxxxxx може да му одобри дозволено пречекорување врз основа на посебен договор за користење кој Корисникот ќе го склучи со Банката и посебни општи услови.
VI. УСЛУГИ НА ЕЛЕКТРОНСКО И МОБИЛНО БАНКАРСТВО
Член 16
На Барање на Корисникот, физичко лице резидент по отворање на платежната сметка, Xxxxxxx може да 4му
одобри користење на услугите електронско банкарство TTK E-bank и мобилно банкарство TTK M-bank врз основа на посебен договор за користење кој Корисникот ќе го склучи со Банката.
На Барање на Корисникот, физичко лице нерезидент по отворање на платежната сметка, Xxxxxxx може да му одобри исклучиво користење на услугите за преглед и увид без можност за вршење трансакции во електронско банкарство TTK E-bank и мобилно банкарство TTK M-bank врз основа на посебен договор за користење кој Корисникот ќе го склучи со Банката.
VII. НАДОМЕСТОЦИ, КАМАТНИ СТАПКИ И ДЕВИЗНИ КУРСЕВИ
Член 17
За платежните услуги кои Банката му ги обезбедува на Корисникот, Xxxxxxx пресметува и наплаќа надоместоци, трошоци, провизии и каматни стапки под услови, во рокови и на начин утврден во Тарифата за надоместоци на услуги на Банката и Одлуката за висина на каматни стапки на ТТК Банка АД Скопје.
Сите побарувања кои може да настанат со користење на платежната сметка и платежните услуги од Рамковниот договор, се уредени со Општите услови.
Банката наплатува надомест во висина, во рокови и на начин согласно Xxxxxxxx за надоместоци на услугите што ги врши Банката и со директно задолжување на платежната сметка од сопствените средства на Корисникот, односно од расположивото салдо на платежната сметка што го вклучува износот на сопствените средства на Корисникот и до износот на дозволено пречекорување доколку Корисникот е корисник на истото.
Доколку при наплата на надоместоците и трошоците по основ работењето со платежната сметка се надмине износот на дозволеното пречекорување, Корисникот е должен веднаш да го подмири истиот.
Средствата на сметката на Корисникот се средства по видување со кои Корисникот може да располага во секое време. Xxxxxxx пресметува и плаќа камата на средствата на Корисникот согласно со Одлуката за каматни стапки на Банката и пресметаните камати ги припишува на состојбата на сметката на крајот на пресметковниот период и при затворање на сметката.
Пресметката на каматата на средствата по видување на денот на потпишување на овој Договор е декурзивна, со месечна пресметка и исплата.
Член 18
При доспевање на обврските по основ надоместоци и трошоци по основ работењето со платежната сметка доколку Xxxxxxxxxx нема обезбедено покритие од сопствени средства, истиот е должен веднаш да обезбеди покритие односно да ги подмири достасаните обврски.
Со потпишување на овој Договор, Xxxxxxxxxx ја овластува Xxxxxxx и дава неотповиклив налог да ги наплатува надоместоците и трошоците од претходниот став на терет на средствата и од другите негови сметки отворени во Банката.
При конверзии на валути, Xxxxxxx применува девизни курсеви како што е предвидено во Општите услови.
Член 19
Корисникот ја овластува Xxxxxxx да ја задолжува сметката за измирување на доспеани, а ненеплатени обврски кон Банката по сите основи, за кое го известува со изводи или на друг договорен или определен начин. Корисникот и се обврзува да обезбеди покритие на сметката при доспевање на обврска по било кој основ.
На достасани и ненаплатени побарувања по основ на надоместоци и трошоци од извршените услуги, Банката пресметува и наплатува законска казнена камата по стапка на законска казнена камата.
VIII. КОМУНИКАЦИЈА ПОМЕЃУ СТРАНИТЕ НА ДОГОВОРОТ Информирања и известувања
Член 20
Страните се согласни комуникацијата помеѓу нив да се одвива преку податоците за контакт наведени во овој Договор, односно последните познати / ажурирани податоци за контакт на Корисникот кои Банката ги има во својата евиденција, преку сите расположливи канали и согласно Општите услови.
Член 21
Банката за сите промени на состојбата на платежната сметка изготвува Извод на состојба и промет од платежната сметка кој го става на располагање на корисникот најдоцна наредниот ден по настанување на промената преку расположливите канали на достава по избор на Корисникот на шалтерите на Банката или преку пристап во електронското банкарство.
Корисникот има обврска да подига/пристапува до изводите за состојбата и промените на сметката, кои 5му
се ставени на располагање најмалку еднаш месечно, во спротивно ќе се смета дека Xxxxxxxxxx е уредно известен за состојбата и прометот на сметката.
Сите приговори/рекламации во врска со работењето со платежната сметка и извршувањето на платежните трансакции, Xxxxxxxxxx е должен да ги пријави кај Банката во рок од 20 (дваесет) дена по завршување на месецот во кој е евидентирана спорната трансакција на платежната сметка.
Член 22
Банката го информира корисникот за видот и висината на трошоците, провизиите, надоместоците како и условите поврзани со работењето на сметката коишто клиентот има обврска да и ги плаќа на Xxxxxxx при склучување на овој Договор преку
- Општите услови и претходни информации за отворање и одржување на платежна сметка и вршење на други платежни услуги на физички лица на TTK Банка АД Скопје кои се составен дел на овој Договор;
- Важечката Тарифа за надоместоци на услуги што ги врши ТТК Банка АД Скопје во делот кој се однесува на услугите за физички лица кои се предмет на овој на договор:
- Важечката Одлука за висината на каматните стапки на ТТК Банка АД Скопје во делот кој се однесува на услугите за физички лица кои се предмет на овој договор.
- Терминските планови за вршење на платен промет во земјата/странство кои се составен дел на Општите услови.
IX. ЗАШТИТНИ И КОРЕКТИВНИ МЕРКИ
Член 23
При користење на платежна сметка Xxxxxxxxxx се обврзува да ги применува заштитните и корективните мерки предвидени во Општите услови и применливите прописи. Одговорноста за неавторизирани платежни трансакции се утврдува согласно Општите услови и применливите закони.
X. ВАЖЕЊЕ, ИЗМЕНИ И РАСКИНУВАЊЕ НА РАМКОВНИОТ ДОГОВОР
Време на важење на овој Договор
Член 24
Овој Договор се склучува на неопределено време. Овој Договор стапува на сила со денот на неговото потпишување од двете страни.
Измени на овој Договор
Член 25
Начинот и условите за измена на Рамковниот договор се уредени во Општите услови.
Услови за престанување на важноста на Договорот
Член 26
Страните можат да го раскинат овој Договор односно Рамковниот договор под услови, на начин и во рокови предвидени во Општите услови.
Раскинување и затворање
Член 27
Договорните страни можат да го раскинат овој Договор, односно Рамковниот договор под услови, на начин и во рокови предвидени во Општите услови.
Затворањето на платежната сметка се извршува на начин и во рокови предвидени во Општите услови.
XI. ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ, АЖУРИРАЊЕ, ДЕЛОВНА ТАЈНА Обработка на личните податоци на Корисникот
Член 28
Информации и услови за обработка на личните податоци на Xxxxxxxxxx, како и на неговите законски застапници и неговите Овластени лица за работа со платежна сметка, од страна на Xxxxxxx и платежните системи во кои учествува Банката за целите на овој Договор се дадени во Општите услови.
Со потпишување на овој Договор, Xxxxxxxxxx се согласува за обработката на неговите лични податоци од страна на Xxxxxxx согласно одредбите предвидени во Општите услови и потврдува дека за истото се
запознаени и согласни и неговите Овластени лица за работа со платежна сметка. 6
Обврска на Корисникот за ажурирање на податоци
Член 29
Корисникот има обврска да ги ажурира своите податоци во случај на промена на начин и во рокови предвидени во Општите услови.
Корисникот се обврзува за сите промени во адресните и контакт податоците, промени поврзани со работењето со сметката, промена на податоците на неговите законски застапници доколку е применливо, неговите Овластени лица за работа со платежна сметка, и сите други податоци кои Корисникот ги доставил при склучувањето на Рамковниот договор и/или во Барањето за користење на платежна услуга писмено да ја извести Банката веднаш, но не подоцна од 3 (три) дена од денот на настанувањето на промените.
Xxxxxxxxx и деловна тајна
Член 30
Документите, податоците и/или информациите стекнати при вршењето на платежните услуги поврзани со платежните сметки и/или со платежните трансакции во врска со овој Договор претставуваат банкарска односно деловна тајна согласно закон и Банката е должна да ги чува во тајност и со нив да постапува во согласност со одредбите од Законот за банките, Законот за платежни услуги и платни системи и други закони и прописи кои се применуваат во работењето на Банката.
Заради заштита на своите интереси, Xxxxxxxxxx е должен како строго доверливи да ги заштити и чува сите податоци поврзани со работењето со неговата платежна сметка во Банката и услугите поврзани со истата што му ги обезбедува Банката.
Банката не одговара за било каква штета која може да настане за Корисникот како резултат на непочитувањето на обврските на Корисникот за чување на тајност.
Корисникот, неговите законски застапници и неговите Овластени лица за работа со платежна сметка, со склучувањето на овој Договор, слободно и изречно, ја изјавуваат својата волја и даваат согласност на Банката да ги користи податоците кои се сметаат за банкарска односно деловна тајна, како и сите документи, податоци и информации кои се стекнати при вршење на банкарски и други финансиски активности односно кои претставуваат банкарска тајна и да ги открива истите на трети лица, со цел ажурирање на наплата, како и да ги открива истите на други трети лица во согласност со применливите закони.
Банката е должна податоците што претставуваат банкарска тајна да ги чува, и може да ги користи исклучиво за целите за кои се добиени и не смее да ги открие на трети лица, освен во случаите дозволени со применливите позитивни прописи.
XII. ПРАВНА ЗАШТИТА НА КОРИСНИКОТ
Член 31
Доколку Корисникот смета дека Xxxxxxx не се придржува до одредбите од дел трети од Законот за платежни услуги и платни системи (кои се однесуваат на барања за информирање за платежни услуги) или до одредбите од дел четврти од Законот за платежни услуги и платни системи (кои се однесуваат на правата и обврските во однос на давањето и користењето на платежни услуги), има право да поднесе приговор до Банката.
Повеќе информации за оваа постапка се достапни на веб страната на Банката. Xxxxxxx ќе одговори на приговорот на начин кој е спогодбено утврден за комуникација во рок од 15 работни дена од денот на приемот на приговорот, односно, по исклучок, ако не може тоа да го стори поради оправдани причини надвор од нејзина контрола, најдоцна во рок од 35 работни дена од денот на приемот на приговорот.
Откако ќе поднесе приговор до Банката или други заинтересирани страни,Корисникот има право да поднесе поплака до Народна банка на Република Северна Македонија, како орган надлежен за вршење на надзор на Банката, согласно со одредбите за поплака до Народната банка од Законот за платежни услуги и платни системи: или
Да поведе вонсудска постапка за решавање на спорови. Таква постапка може да се поведе согласно Законот за медијација пред овластени медијатор. Именикот на медијатори е достапен на интернет страницата на Комората на медијатори (xxxxx://xxx.xxxxx.xxx.xx/xxxxxxxxxx/).
Поднесувањето поплака до Народна банка на Република Северна Македонија, или поднесувањето на барањето за вонсудска постапка за решавање на споровите и исходот на таквата постапка, не го исклучува
или ограничува правото на Xxxxxxxxxx да покрене судска постапка против Xxxxxxx пред надлежен суд. 7
XIII ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ
Останати и завршни одредби
Член 32
Корисникот се обврзува дека ќе ги почитува позитивните законски и подзаконски акти, Општите услови на Банката и останатите акти.
Со потпишувањето на овој Договор, Xxxxxxxxxx потврдува дека му е предаден еден примерок од Општите услови и претходни информации за отворање и одржување на платежна сметка и вршење на други платежни услуги за физички лица и дека истите во целост ги прифаќа.
Корисникот потврдува дека го запознал овластеното лице со содржината на овој Договор и Општите услови како составен дел на овој Договор и дека овластеното лице се согласило истите да ги почитува во целост.
Член 33
На Корисникот на сметката му се овозможува и користење на дополнителни услуги поврзани со платежна сметка за што Банката и Корисникот се договораат и ги утврдуваат условите со посебен Договор.
Член 34
Банката не одговара за прекин на услугите поврзани со извршување на платниот промет и за последиците од настантиот прекин, а кој е надвор од контрола на Банката, односно кој е последица на виша сила и околности кои не можеле да бидат предвидени, спречени, отстранети или избегнати.
Доколку настанат промени во законските прописи што го регулираат работењето со сметката и платниот промет.
Xxxxxxx ќе ги примени новите законски прописи и одредби кои што ќе влезат во сила во времето на важење на овој Договор. Доколку таквите промени се несоодветни на Корисникот, тој има право да го раскине Договорот во рок од 15 дена од денот на настанување на промената, по претходно исполнување на сите обврски кои произлегуваат од Договорот.
Член 35
Насловите во овој Договор се користени исклучиво за цел подобра прегледност на Договорот и нема да се применуваат и толкуваат во интерпретација или користењето на Договорот.
Член 36
Вонсудската постапка за решавање на спорови согласно Законот за платежни услуги и платни системи е со примена од ден 01.01.2026 година.
За одредбите од Законот за платежни услуги и платни системи кои имаат примена во друг определен рок, соодветно ќе бидат имплементирани во Општите услови/Договорите.
Член 37
За се што не е предвидено со овој Договор, важат законските одредби и актите на деловната политика на Xxxxxxx.
Член 38
Договорните страни се согласни да ги решаваат рекламациите и можните спорови кои би произлегле во текот на спроведувањето на овој Договор во духот на заемно разбирање. Во спротивно, евентуалниот спор ќе го решава месно и стварно надлежниот Суд за Банката.
Член 39
Договорот е составен во два идентични примероци, од кои по еден за секоја договорна страна.
Член 40
Договорот е склучен и стапува во сила со денот на потпишувањето од двете договорни страни.
Корисник ТТК Банка АД Скопје
8