Contract
АКЦИОНЕРСКО ДРУШТВО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ ВИНЕР - ВИЕНА ИНШУРЕНС ГРУП СКОПЈЕ
УСЛОВИ
ЗА ОСИГУРУВАЊЕ ОД ОДГОВОРНОСТ НА АДВОКАТИ
(пречистен текст)
Усвоени и донесени со одлука на Управниот одбор на ВИНЕР Виена Иншуренс Груп АД Скопје
број 5276/0202/1/19 од 15.04.2019 год
A. ОПШТИ ОДРЕДБИ
Со осигурување од професионална одговорност на адвокати се обезбедува исполнување на законската обврска за надомест на штета која Осигуреникот jа причиинил на трето лице со извршување на својата професионална регистрирна дејност, при тоа не нанесувајки му лична матерјална загуба, ниту штета по неговиот углед и редовното одвивање на професијата.
ЗНАЧЕЊЕ НА ОДДЕЛНИ ИЗРАЗИ
Член 2 Одделните изрази во овие услови ги имаат следните значења:
ОСИГУРУВАЧ - Акционерското Друштво за осигурување ВИНЕР – Виена Иншуренс Груп ДОГОВОРУВАЧ НА ОИГУРУВАЊЕ” - лице коешто со осигурувачот го склучува договорот за осигурување; ОСИГУРЕНИК - лице чијашто одговорност е покриена со осигурувањето - адвокат;
АДВОКАТ – лице кое има лиценца за вршење на адвокатска дејност и е запишано во именикот на адвокати, при Адвокатската комора на Македонија.
АДВОКАТУРА – независна и самостојна служба што обезбедува правна помош на физички и
правни лица. ЗАСТАПУВАЊЕ – застапување или одбрана, односно превземање на правно дејство име на физичко и правно лице.
ТРЕТО ЛИЦЕ - лице кое не е субјект на договорот за осигурување, односно лице кое има право да остварува надомест на штета/оштетен, но не и работник на осигуреникот;
СУМА НА ОСИГУРУВАЊЕ” - највисок износ на обврската на осигурувачот за секој осигурен случај. ПРЕМИЈА - износ што се плаќа за осигурување врз основа на договорот за осигурување;
ПОЛИСА - исправа на договорот за осигурување;
ОСИГУРЕН СЛУЧАЈ” - иден неизвесен и независен од исклучивата волја на осигуреникот штетен настан кој
има за последица настанување на штета, за која надомест може да бара трето оштетно лице;
ИЗВОР НА ОПАСНОСТИ” - дејност (занимање), ствари (подвижни и неподвижни), правен однос или одредено својство од кои може да настане одговорност како ризик покриен со ова осигурување.
XXXXXXX XXXXXXX - е највисок износ на обврската на осигурувачот кој тој го плаќа за сите штети кои осигуреникот ќе ги предизвика за времетрањето на осигурувањето.
Б. ПОСЕБНИ ОДРЕДБИ
ПРЕДМЕТ НА ОСИГУРУВАЊЕ
Член 3
Предмет на осигурување според овие услови е законската одговорност на осигуреникот за штета настаната со ненавремено, несовесно и несоодветно обезбедување на правна помош во вршење на адвокатска дејност и пружање на адвокатски и правни услуги на физички и правни лица во остварување и заштита на нивните права и врз закон засновани интереси во постапките пред судовите, државните органи, други правни лица, вршење на јавни овластувања, како и оштетување или уништување на предмети, списи и ствари на трето лице.
Во рамките на осигурениот извор на опасноста од адвокатска дејност, опфатена е и одговорноста на осигуреникот:
• од обвинувањата од трети лица, за погрешно водена постапка;
Акционерско друштво за осигурување ВИНЕР - Виена Иншуренс Груп Скопје Бул. Xxxxx Xxxxxxxxxx бр.62, 1000 Скопје, Р. Македонија
Тел.x000 (00) 00 00 000 Факс.x000 (00) 00 00 000 е-пошта: xxxxxx@xxxxxx.xx | 1 |
• клиенти кои претрпеле загуби и штети од несовесното постапување на адвокатот
• пропуштање на дејствие
• за пропуштено дејствие, се смета случај на сомневање, дека пропуштањето настанало оној ден кога пропуштеното дејство требало најдоцна да се преземе, за да би се избегнало настанување на штетата.
• поради кражба или исчезнување на ствари, предмети или списи на трето лице
• грешка при обезбедување на правна помош, но не и непознавање на правото
• неправилно обезбедување на правна помош;
• штети причинети од дејствија сторени со намера или грубо невнимание со цел да прибави имотна или друга корист за себе, а на сметка на клиентот, само доколку намерата е утврдена согласно квалификацијата на кривичните дела дефинирани со КЗ.
Со ова осигурување е покриена одговорноста за штета која настанала важи - или од дејност на осигуреникот, од поседување ствари, од правен однос, или од одредено својство како извор на опасност, што се наведени во полисата за осигурување, односно во понудата за осигурување.
Осигурувањето се однесува и на одговорноста за евентуални штети од:
• зголемување на опасноста или проширување на осигурениот извор на опасности до кои дошло во текот на траењето на осигурувањето;
• нов извор на опасности кој се појавува кај осигуреникот по склучување на договорот за осигурување во смисла на член 5 од овие услови (осигурување од нови извори на опасности);
ПРОШИРУВАЊЕ НА ОСИГУРУВАЊЕТО
Член 4
1) Во рамките на осигурениот извор на опасноста од дејност, опфатена е и одговорноста на осигуреникот;
2) Ако е предвидено така во посебните одредби на овие услови, или ако е посебно така договорено, со осигурување се покрива и одговорноста за:
а) штета која не настанала ниту со повреда на правото, ниту поради несоодветно дадена, односно обезбедена правна помош на трето лице, ниту со оштетување, односно уништување на стварите, односно имотна штета на адвокатот на канцелариски и работен простор.
б) поради кражба или исчезнување на ствари, предмети или списи за лична употреба на работниците на осигуреникот освен на: пари, часовници, фото-апарати, скапоцености од сите видови, хартии од вредност и документи од сите видови, под услов стварите да се сместени во заклучени простории или во заклучени остави;
3) Штети причинети од дејствија сторени со намера,или грубо невнимание, претставуваат осигуран случај само доколку намерата е утврдена во кривична постапка согласно кфалификацијата на кривични дела уредени со КЗ, односно докажана со правосилна кривична пресуда во постапка која би ја водел или оштетениот или осигурувачот, но оштетениот ќе се стекне со правото на надомест на штета од осигурувачот тогаш кога со судска одлука ќе биде утврдена вина и одговорност кај осигуреникот.
4) Xxxxxxx кој намерно ја причинил работник на осигуреникот кој е во работен однос кај него, со што на осигурувачот му се отстапени правата на осигуреникот спрема работникот како одговорно лице за штета.
Акционерско друштво за осигурување ВИНЕР - Виена Иншуренс Груп Скопје Бул. Xxxxx Xxxxxxxxxx бр.62, 1000 Скопје, Р. Македонија
Тел.x000 (00) 00 00 000 Факс.x000 (00) 00 00 000 е-пошта: xxxxxx@xxxxxx.xx | 2 |
ОСИГУРУВАЊЕ ОД НОВИ ИЗВОРИ НА ОПАСНОСТИ
Член 5
1) За новите извори на опасност осигуреникот плаќа зголемена премија, пресметана од денот кога е воочена појавата или потребата од зголемен ризик (“про рата темпорис”).
2) Обврската на осигурувачот за надоместок од осигурувањето не настанува во случај на појава на нов извор на опасност, ако осигурувачот според овие услови на осигурување и тарифата на премии не осигурува таков извор на опасност, за што нема да побара доплаток, но само доколку тоа индиректно не влијае на свкупното работење или останатите покриени ризици, во спротивно осигурувачот ќе пресмета и побара доплата на премија.
3) За новите извори на опасност важи сумата на осигурување во полисата. Ако полисата за поедини извори на опасности содржи различни суми на осигурување, важечка ќе биде највисоката сума на осигурување.
4) Ако посебно се договори, се покриваат и штетите поради уништување или оштетување на ствари, предмети или списи. Овие штети се опфатени со осигурувањето, ако настанале поради ненадеен и неочекуван случај, па и тогаш кога самите штети настанале постепено.
5) Одговорноста за штети во врска новиот извор на опасности, не е опфатена со осигурувањето, ако тоа не е посебно договорено и наведено во полисата.
ОСИГУРУВАЊЕ ОД ОДГОВОРНОСТ НА ИМОТНИ ШТЕТИ
Член 6
1) Ако посебно се договори (чл. 4 ст. 2, точ.б) или ако тоа е предвидено со посебни одредби од овие Услови, осигурувањето се однесува на одговорноста за “имотни штети”, т.е. штети што не настанале ниту со повреда на правото, ниту поради несоодветно дадена, односно обезбедена правна помош на трето лице, ниту со оштетување, односно уништување на стварите, односно имотна штета на адвокатот.
2) Се смета дека осигурениот случај настанал тогаш кога е сторено дејство, односно настанало пропуштање при обавување на дејноста означена во полисата, поседување на некои ствари и друг (извор на опасности) со кои е предизвикана имотна штета на некое лице.
ИСКЛУЧУВАЊЕ ОД ОСИГУРУВАЊЕ
Член 7
1) Од осигурувањето се исклучени штети:
a) заради посредување во парични и други стопански работи;
b) заради неправилно таксирање и останати недостатоци во поглед на таксирањето, согалсно законски пропишаните Тарифници за јавни служби,државни органи, Судови, Тарифата за вршење на адвокатска дејност итн.;
c) одговорност на осигуреникот врз основа на договорно проширување на неговата одговорност и за случаи за кои, инаку, по Закон не одговара, како и за посебно склучени договори помеѓу осигуреникот и трето лице, односно поради неисполнување на таките договори
d) штети на ствари, извршени работи, платен налог или парични средства кои, осигуреникот или некое друго лице по негов налог или за негова сметка, ги превземал а не смеел тоа да го стори;
Акционерско друштво за осигурување ВИНЕР - Виена Иншуренс Груп Скопје Бул. Xxxxx Xxxxxxxxxx бр.62, 1000 Скопје, Р. Македонија
Тел.x000 (00) 00 00 000 Факс.x000 (00) 00 00 000 е-пошта: xxxxxx@xxxxxx.xx | 3 |
e) материјална штета или било која форма на финансиска загуба врз основа на пренесени овластувања со полномошно на осигуреникот (адвокат) или друго вработено лице од неговата канцеларија;
f) одговорноста на осигуреникот за намерно причинета штета и штети како последица на груба небрежност и пропуст
g) штети што се последица на заболување или отсуство на осигуреникот и на работниците на осигуреникот.
h) штети причинети поради одговорност во својство на заменик на адвокатот, а кој немал директно овластување од оштетениот за превземање на било каква правна помош, замени адвокат кој не работи во иста канцелари со осигуреникот и не е опфатен со осигурување, односно со полисата, како и секој друг вработен во адвокатската канцеларија кој не е опфатен со полисата за осигурување од одговорност од адвокатска дејност.
i) штети причинети поради доведување на странка (трето лице) во правна заблуда
j) за штети настанти како поселдица на прекорачување на овластувањата дадени во полномошното, со што директно му е нанесена материјална штета на оштетениот и за штети настанати при истек на законскиот рокот од 30 дена од денот наведен како отказ на полномоштвото (во кој период осигуреникот е должен да ги превзема дејствијата по закон) а не се работи за скратување на правна помош со закон предвидена.
k) штети настанати како резултат на злоупотреба на даденото овластување од оштетениот и наплата на парични средства на сметката на осигуреникот, а на штета на трето лице
l) незаконито постапување при постапки за извршување, договори за регулирање на имотно правни односи и уписи во катастар на недвижности
m) за штети која резултира со смрт или повреда на тело и здравје, оштетување , уништување или исчезнување на предметим вклучувајки и кражба на предмети на странки (трети лица).
n) Кражба на материјални добра
o) Xxxxxx и заблуда на оштетениот
p) Штети што се должат на нематерјални штети, поради злоупотреба на правото на оштетените
q) Штети како последица на располагање со примени пари,како и поради губењена пари,чекови или хартија кои странката(трето лице) ги поверила на Осигуреникот.
r) Штети настанати како последица на давање на погрешна информација од страна на осигуреникот на странка (трето лице) по усмен пат.
s) Штета настаната како злоупотреба на доверливи информации од страна на Осигуреникот или лица вработени кај него.
t) Оддавање на деловна тајна за правно лице или оддавање на приватни и интимни сознанија и доверени информации од физички лица
u) Штети како последица од губење на податоци и документи,списи, датотеки,(во
пишана,печатена и електронска форма) кои се дадени на чување кај Осигуреникот
v) Штети како можат да се покриат со други договори, странката(трето лице) ги склучила или морала да ги склучи.
w) Штети како последица од застапување по дејство на алкохол и наркотици.
x) Чисто финансиска штета - штета која се состои непосредно во пари, а не е во никаква врска со штета на предмети, ниту со штета на лица, освен ако поинаку не е договорено и тоа е назначено во полисата.
2) Со осигурувањето не се покриени штети кои настануваат на стварите заради:
a) трајно дејство на температури, гасови, пареа, влага или врнежи (чад, саѓи, прашина и др.), како и заради мувлосаност, потреси, шумови и сл. што има за последица постепено настанување на штетата;
b) спуштање и лизгање на земјиште или земјотрес;
c) поплава на стоечки, истечни и подземни води.
тероризам,политички и други судири и војна, без обзир дали е објавена или не.
Акционерско друштво за осигурување ВИНЕР - Виена Иншуренс Груп Скопје Бул. Xxxxx Xxxxxxxxxx бр.62, 1000 Скопје, Р. Македонија
Тел.x000 (00) 00 00 000 Факс.x000 (00) 00 00 000 е-пошта: xxxxxx@xxxxxx.xx | 4 |
ОСИГУРЕН СЛУЧАЈ
Член 8
1) Осигурен случај е иден, неизвесен,непредвидлив и независен од исклучивата волја на осигуреникот, штетен настан, врз основа на кој трето оштетено лице би можело да бара надомест на штета.
Се смета дека осигурениот случај настанал оној момент кога таквиот настан почнал да се остварува или кога реалната материјална штета, загуба е реално воочлива и проценлива.
2) Како еден осигурен случај се сметаат и повеќе временски поврзани штети ако се тие последица на иста причина.
ВРЕМЕНСКО ВАЖЕЊЕ НА ОСИГУРУВАЊЕТО
Член 9
Осигурувачот е во обврска само тогаш ако осигурениот случај настане за време на важење на осигурувањето, наведено како почеток и крај во полиста за осигурување (период на осигурително покритие)
СУМА НА ОСИГУРУВАЊЕ
Член 10
1) Сума на осигурување е горната граница на обврските на осигурувачот по еден осигурен случај. Ако повеќе лица одговараат за штетата сите задно одговараат најмногу до висина на договорената утврдена сума на осигурување .
2) Сумата на осигурувањето, зависно од тоа како е договорено, може да се однесува само на еден од ризиците чл.3 ст.2 од овие Услови или единствена сума на осигурување без оглед на видот на штетата.
3) По настанувањето на осигурениот случај и исплата на оштетата осигурувањето останува и понатаму на сила во висина на сумата на осигурување на полисата и договорениот Агрегатен износ како вкупна обврска на осигурувачот во периодот на осигурување.
ОБВРСКА НА ОСИГУРЕНИКОТ ПО НАСТАНУВАЊЕ НА ОСИГУРЕН СЛУЧАЈ
Член 11
1)Осигуреникот е должен да го извести осигурувачот за настанувањето на осигурениот случај како и за поднесеното барање за надомест на штетата најдоцна во рок од три дена по сознавањето.
2) Осигуреникот е должен да го извести осигурувачот и тогаш кога барањето за надомест на штета против него ќе биде истакнато преку суд, ќе биде ставен во притвор, како и тогаш кога ќе биде поведена постапка за обезбедување на докази.
3) Ако е подигнат обвинителен акт или е подонесена кривична пријава или е поведена кривична постапка, осигуреникот е должен за тоа веднаш да го извести осигурувачот, па и тогаш кога веќе го пријавил настанувањето на штетниот настан. Исто така е должен да го достави наодот на надлежниот орган во врска со настанатиот штетен настан.
4) Ако со осигурувањето е покриена штета што настанала заради кражба на ствари, предмети или списи, осигуреникот е должен без одлагање да ја пријави кражбата на органот на јавната безбедност.
5)Осигуреникот не е овластен без претходна согласност на осигурувачот да се изјасни за барањето за надомест на штета, а особено да го признае потполно или делумно, да за барањето за надомест за штета се израмни како ниту да изврши исплата, освен ако спрема фактичката состојба не можело да се одбие
признанието, порамнувањето односно исплатата, а да со тоа не се направи очигледна неправда. Ако
Акционерско друштво за осигурување ВИНЕР - Виена Иншуренс Груп Скопје Бул. Xxxxx Xxxxxxxxxx бр.62, 1000 Скопје, Р. Македонија
Тел.x000 (00) 00 00 000 Факс.x000 (00) 00 00 000 е-пошта: xxxxxx@xxxxxx.xx | 5 |
осигуреникот во заблуда сметал дека постои негова одговорност или дека се исправно утврдени фактите, тоа нема да го оправда.
6) Ако оштетениот поднесе тужба за надомест на штета против осигуреникот, осигуреникот е должен да му достави на осигурувачот судска покана односно тужба и сите писма во врска со штетниот настан и со барањето за надомест на штета како и водењето на спорот да му го препушти на осигурувачот.
7) Ако осигуреникот се спротивствани на предлогот на осигурувачот барањето за надомест на штета да се реши со порамнување, осигурувачот не е должен да го плати вишокот на надоместокот, ниту каматите и трошоците кои што при тоа настанале.
8) Во случај оштетениот со барањето за надомест на штета непосредно му се обрати на осигурувачот, осигуреникот е должен на осигурувачот да му ги даде сите докази и податоци со кои располага, а кои се неопходни за утврдување на одговорноста за причинетата штета и за оцена на основаноста на барањето, обемот и висината на штетата.
9) Доколку осигуреникот не се придржува на обврските од овој член ќе ги сноси штетните последици коишто настануваат при тоа освен ако тие би настанале и кога би се придржувал на обврските.
НЕПОСРЕДНО БАРАЊЕ НА ОШТЕТНО ЛИЦЕ
Член 12
1) Ако оштетното лице своето барање или тужбата за надомест на штета го упати само спрема осигурувачот, осигурувачот ќе го извести за тоа осигуреникот и ќе го повика за да му ги даде сите потребни податоци, документација, докази и сл., како и самиот осигуреник да ги преземе мерките заради заштита на своите интереси.
2) Доколку во случајов од претходниот став осигурувачот одлучи да му исплати надомест на оштетениот во потполност или делумно, должен е за тоа да го извести осигуреникот.
УТВРДУВАЊЕ НА ПРАВО НА НАДОМЕСТ НА ШТЕТА И ПРОЦЕНА НА ШТЕТАТА
Член 13
Штетата ја утврдуваат и проценуваат заедно осигурувачот и осигуреникот, а врз основа на доставени
материјални докази од страна на оштетениот и осигуреникот..
За утврдување на висината на штетата, на осигурувачот потребно е да му стоат на располагање целокупната потребна, релевантна и оригинална документација, од која би се утврдила основаноста на реалната штета која ја трпи оштетениот, како и висината на претрпената штета.
При решавањето на оштетените побарувања, осигурувачот се раководи од прецизно детерминираните одредби со овие Услови, Законот за облигационите односи и Закон за адвокатура и Измените и дополнувањата на законот за адвокатура и Кривичниот законик доколку за одреден осигуран случај е потребно утврдување на вина во Кривична постапка.
НАДОМЕСТ НА ШТЕТА
Член 14
1) Осигурувачот го исплатува надоместокот од осигурувањето во рок од 14 дена, сметано од денот кога ја утврдил својата обврска и висината на таа обврска, односно откако оштетениот му ја доставил комплетната документација за обработка на барањето.
Акционерско друштво за осигурување ВИНЕР - Виена Иншуренс Груп Скопје Бул. Xxxxx Xxxxxxxxxx бр.62, 1000 Скопје, Р. Македонија
Тел.x000 (00) 00 00 000 Факс.x000 (00) 00 00 000 е-пошта: xxxxxx@xxxxxx.xx | 6 |
2)Осигурувачот одговара за штетата која осигуреникот му ја предизвикал или нанел на некое трето лице и тоа најмногу до износот на висината на неговата обврска за надомест на штета, односно во висина на осигураниот случај, но најмногу до сумата на осигурување.
3) Ако осигуреникот има склучено осигурување како адвокат - индивидуално, а воедно е вработен во адвокатско друштво, кое има осигурување како правен субјект согласно законската регулатива, при осигурен случај, надомест на штета се покрива по индивидуланиот договор, додека ако реалната штета го надминува износот на сумата на осигурување по овој договор истата ќе се надомести и обезбеди од покритието по договорот за осигурување склучен со адвокатското друштво, но најмногу до висината на осигураната сума по оваа полиса.
4) Ако за предметниот осигурен случај, има поделена или солидарна одговорност од повеќе осигуреници, исплата на надоместок на штета се одредува во сооднос на поединечното учество на секој од нив во штетниот настан, како дел од осигурана сума на осигуреникот која е договорена на индивидуалната полиса.
5) Во случаи како во претходниот став, сите одговорни осигуреници за осигурениот случај, доклку се осигуреници кај ист осигурувач, учествуваат во соодносниот дел од штетата, ако во полисата за осигурување не е поинаку одредено, односно со договорот за осигурување склучен по овие услови, осигурувачот учествува во секој штетен настан за висина на договорената франшиза, доколку осигурувањето е склучено со франшиза.
НАДОМЕСТ НА ТРОШОЦИТЕ НА ПОСТАПКАТА
Член 15
Осигурувачот ги надоместува сите трошоци на процесната постапка доколку сам го водел спорот или дал согласност на осигуреникот за водење на спорот, сразмерно на успехот во спорот на оштетениот, но најмногу до висина на договорената сума на осигурување, што претставува и обврска на осигурувачот.
ФРАНШИЗА
Член 16
Осигуреникот може да договори со осигурувачот сам да учествува во секоја штета со одреден износ
од утврдената висина за надомест на штата.
Ако е договорено да осигуреникот учествува во секој штетен настан, во случај на настанување на осигуран случај, осигурувачот има обврска да исплати оној дел од штетата која го поминува износот на договорената франшиза.
РЕГРЕС (суброгација) Член 17
1) Осигурувачот го задржува правото на регрес од осигуреникот, во случај кога дополнително ќе се утврди дека штетата е предизвикана со намера, измама или грубо невнимание, со цел остварување на имотна корист за себе, на сметка на клиентот, а за која од страна на осигуреникот не му се презентирани на осигурувачот точни и вистинити податоци, односно докази при обработката на барањето и надоместот на штета.
2) Доколку намерата е утврдена согласно Кривичниот Законик, а докажана со кривична постапка која ја водел или оштетениот или осигурувачот, оштетениот не се стекнува со право на надомест на штета
Акционерско друштво за осигурување ВИНЕР - Виена Иншуренс Груп Скопје Бул. Xxxxx Xxxxxxxxxx бр.62, 1000 Скопје, Р. Македонија
Тел.x000 (00) 00 00 000 Факс.x000 (00) 00 00 000 е-пошта: xxxxxx@xxxxxx.xx | 7 |
пред завршувањето на постапката, а по извршена исплата на штетата, Осигурувачот има право на на регрес од осигуреникот.
3)Доколку се утврди дека штетата е намерно причинета од страна на работник на осигуреникот, на осигурувачот му се пренесени правата на осигуреникот спрема работникот како одговорно лице за штета.
4) Се смета дека Осигуреникот штетата ја направил намерно, ако со вршење на својата професионална дејност, штетата е направено со своја волја и знаење или со тенденциозно непочитување или неприменување на законската регулатива.
Своја волја и знаењето, како такви, мораат да се однесуваат подеднакво на причината и последицата од направеното штетно дејство.
ПРЕМИЈА НА ОСИГУРУВАЊЕ
Член 18
Премијата за осигурување стасува за плаќање веднаш со склучувањето на договорот за осигурување доколку со полисата или дополнителен придружен документ не е уредено поинаков начин на плаќање и рок на деспенаост.
Во случај на предвремено раскинување на договорот за осигурување на барање на договорувачот (во слгасност со закон регулирани причини), истиот е должен да ја плати премијата за осигурување пресметана до денот на престанокот на договорот за осигурување зголемена за евентуално одобрениот попуст или друга бенифиција од договоот за осигурување.
Член 19
(1 Ако правниот субјект - адвокатско друштво или адвокатот престане да врши адвокатска дејност, заради чија потреба е склучено осигурувањето од одговорност, односно изворот на опасност наведен во полисата ќе престане да постои пред почетокот на обврската на осигурувачот, на договорувачот на осигурувањето му се враќа дел од износот од платената премија, во соодност на периодот на покритие,односно на носењето на ризикот од страна на Осигурувачот, доколку премијата била платена во полн износ.
(2 Во сите други случаи, со престанување на договорот за осигурување, пред истек на времето за кое
е платена премија, премијата му припаѓа на осигурувачот само до истекување на денот до кој што бил во обврска, ако поинаку не е договорено.
ПРЕСТАНУВАЊЕ НА ОБВРСКАТА НА ОСИГУРУВАЧОТ
Член 20
Обврската на осигурувачот престанува:
1) кај договорот за осигурување со одреден рок на траење, со истекот на 24-от час од денот што е наведен во полисата како ден на истек на осигурувањето, доколку не е поинаку договорено;
2) со исцрпување на сумата на осигурувње или агрегатната сума утврдена во полисата за осигурување.
3) кај договорот за осигурување со неодреден рок на траење ако во полисата е наведен само почетокот на осигурувањето, осигурувањето се продолжува од година во година освен ако некоја од одговорните страни најдоцна три месеци пред истекот на тековната година на осигурувањето, писмено ја извести другата страна за откажување на договорот за осигурување. Во тој случај, договорот за
Акционерско друштво за осигурување ВИНЕР - Виена Иншуренс Груп Скопје Бул. Xxxxx Xxxxxxxxxx бр.62, 1000 Скопје, Р. Македонија
Тел.x000 (00) 00 00 000 Факс.x000 (00) 00 00 000 е-пошта: xxxxxx@xxxxxx.xx | 8 |
осигурување престанува со истек на дваесет и четвртиот час од последниот ден на тековната година на осигурување.
4) Побарувањата за надомест на штета по склучениот договор за осигурување, застаруваат во рок од три години, сметано од денот кога настапил осигурениот случај, а доколку за осигураниот случај е потребно утврдување на вина согласно Законот за кривична постапка рокот на застареност е 5 години.
НАЧИН НА ИЗВЕСТУВАЊЕ
Член 21
1) Сите известувања и пријави, што се должни да ги направат договорните страни во смисла на одредбите од овие Услови, мора задолжително да се потврдат писмено ако се направени усмено, по телефон, со телеграма или на некој друг сличен начин.
2) Како ден на прием на известувањето, односно пријавата, се смета денот кога е примено известувањето, односно пријавата. Ако известувањето, односно пријавата е испратена препорачано по пошта, како ден на прием се смета денот кога е предадена во пошта.
3) Спогодбите што се однесуваат на содржината на договорот полноважни се само ако се заклучени во писмена форма.
ИЗМЕНА НА НАЗИВОТ ИЛИ АДРЕСАТА (ФИРМА)
Член 22
1) Договорувачот на осигурувањето, односно осигуреникот е должен за измените на називот или адресата, да го извести осигурувачот во рок од 15 дена од денот на настанувањето на
промената.
2) Ако договорувачот на осигурувањето, односно осигуреникот не го извести осигурувачот за промените од претходниот став, за полноважност на известувањата што ги испраќа осигурувачот, доволно
е ако му упати на договорувачот на осигурувањето, односно осигуреникот препорачано писмо според последните податоци за адресата на станот, деловните простории, односно имињата и називите со кои располага. Известувањето станува полноважно на денот кога осигурувачот го примил истото.
ИЗМЕНИ НА УСЛОВИТЕ ЗА ОСИГУРУВАЊЕ И ТАРИФАТА НА ПРЕМИИ
Член 23
1) На договорите за осигурување, заклучени на траење, подолго од една година, измените во Условите за осигурување и Тарифата на премии, извршени по склучување на договорот за осигурување, ќе се применуваат дури по истекот на годината на осигурување, освен ако се поповолни за осигуреникот.
2) Осигурувачот е должен, на писмен или друг соодветен начин да го извести договорувачот на осигурувањето за извршените измени во Условите за осигурување, односно Тарифата на
премии.
3) Договорувачот на осигурувањето има право во рок од 30 дена од денот на приемот на известувањето за извршените измени во Условите за осигурување, односно Тарифата на премии, да го откаже договорот за осигурување.
4) Во случај на отказ од претходниот став, договорот за осигурување престанува во 24 часот од последниот ден на тековната година на осигурувањето во која е извршена измената во условите за осигурување, односно во Тарифата на премии.
Акционерско друштво за осигурување ВИНЕР - Виена Иншуренс Груп Скопје Бул. Xxxxx Xxxxxxxxxx бр.62, 1000 Скопје, Р. Македонија
Тел.x000 (00) 00 00 000 Факс.x000 (00) 00 00 000 е-пошта: xxxxxx@xxxxxx.xx | 9 |
5) Ако договорувачот на осигурувањето не го откаже договорот во рокот одреден во став (3) на овој член, договорот за осигурување се менува со почетокот на наредната година на осигурување, во согласност со извршените измени во условите за осигурување, односно Тарифата на премии.
НИШТОВНОСТ НА ДОГОВОРОТ ЗА ОСИГУРУВАЊЕ
Член 24
1) Ако според околностите во време на склучувањето на договорот, во согласност со одредбите од
овие услови, осигурувањето не можело да се заклучи договорот за осигурување е ништовен.
2) Ако ризикот по кој е склучено осигурувањето или ако осигурениот случај е веќе настанат во моментот на склучување на договорот за осигурување , или бил во фаза на настанување, или било извесно дека ќе настане, а за тоа Осигуреникот/Договорувачот можел и требал да знае, договорот за осигуурвање во целина или во соодветен одреден дел е ништовен.
ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ
Член 25
Постапка по приговори
Во случај осигурувачот и осигуреникот да не се согласат по однос на обемот и висината на штетата осигуреникот има право на приговор во рок од 8 дена од приемот на писменото известување од осигурувачот, до Второстепената комисија за решавање на штети по приговор.
Постапка по жалба
Договорувачот, односно осигуреникот во однос на работењето на Друштвото има право на жалба до Агенцијата за супервизија на осигурување како орган надлежен орган за супервизија на друштвата за осигуруавње.
Решавање на спорови
Евентуалните спорови кои би произлегле од договорот за осигурување, договорните страни ќе ги решаваат спогодбено, а доколку до спогодба не дојде надлежен е Основен суд Скопје 2 Скопје.
ВАЖНОСТ НА ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ОСИГУРУВАЊЕ НА ИМОТИ
Член 26
На осигурувањата склучени според овие Услови се применуваат и Општите услови за осигурување на
имоти при одредени осигурани ризици и до колку истите не се во спротивност со овие Услови.
ПРИМЕНА НА ОВИЕ УСЛОВИ
Член 27
Овие услови се применуваат со денот на нивното донесување.
Акционерско друштво за осигурување ВИНЕР - Виена Иншуренс Груп Скопје
Бул. Xxxxx Xxxxxxxxxx бр.62, 1000 Скопје, Р. Македонија 10
Тел.x000 (00) 00 00 000 Факс. x000 (00) 00 00 000 е-пошта: xxxxxx@xxxxxx.xx