Contract
Триглав Осигурување Живот АД бул. 8-ми Септември бр. 18, кат 2 1000 Скопје
ПГ-У-НАЛ | 21-05 |
ОПШТИ УСЛОВИ ЗА ИНВЕСТИЦИСКО ОСИГУРУВАЊЕ НА ЖИВОТ
Член 1: ОПШТИ ОДРЕДБИ
(1) Општите услови за инвестициско осигурување на живот (во натамошниот текст: Општи услови) се составен дел на Договорот за инвестициско осигурување на живот, кој е склучен меѓу договорувачот на осигурување (во натамошниот текст: договорувач) и Триглав Осигурување Живот АД, Скопје (во натамошниот текст: осигурувач).
(2) Инвестициското осигурување на живот ги вклучува вложувањето, поврзано со фондовите, како и осигурувањето на живот во случај на смрт со загарантирана осигурена сума. Со инвестициското осигурување на живот договорувачот презема инвестициски ризик, кој е поврзан со промената на вредноста на инвестициските удели, односно другите хартии од вредност на фондовите.
(3) Со Договорот за инвестициско осигурување на живот договорувачот се обврзува на осигурувачот да му плати одредени парични средства (премии), а осигурувачот се обврзува дека при настанувањето на осигурен случај ќе ги исполни предвидените обврски утврдени со Договорот за осигурување. Со Договорот за инвестициско осигурување на живот може да бидат осигурени едно или две лица (заемно инвестициско осигурување на живот). Обврските на осигурувачот се детално објаснети во член 4.
(4) Изразите наведени во овие Општи услови го имаат следново значење:
− осигурувач е Триглав Осигурување Живот АД, Скопје;
− осигуреник е лице на кое се однесува осигурувањето и од чие доживување или смрт зависи исплатата на осигурената сума;
− понудувач е лице кое сака да склучи Договор за осигурување и за таа цел поднесува писмена понуда до осигурувачот;
− договорувач е физичко или правно лице коешто склучува Договор за осигурување со осигурувачот;
− корисник е лице во чија корист се склучува осигурувањето и на кое му се врши исплата на осигурената сума за договорениот осигурен случај;
− полиса е исправа за склучен Договор за осигурување на живот;
− премија е износот кој договорувачот е должен да му го плати на осигурувачот врз основа на Договорот за осигурување на живот;
− осигурен случај е иден, неизвесен настан независен од исклучивата волја на договорувачот, кој може да предизвика штета и кој припаѓа во ризиците што осигурувачот ги покрива со својата дејност;
− осигурена сума во случај на доживување е вредност на инвестициското портфолио по истек на осигурувањето;
− загарантирана сума на осигурување или загарантирана осигурена сума е договорна осигурена сума која се исплаќа во случај на смрт на осигуреникот;
− основно осигурување согласно со овие Услови е склучен Договор за инвестициско осигурување на живот;
− дополнително осигурување е осигурување кое е склучено заедно со основното осигурување;
− математичка резерва е вид на техничка резерва која се пресметува и издвојува за подмирување на идните обврски по однос на долгорочните договори за осигурување на живот;
− друштво за управување со инвестициски фондови е акционерско друштво со седиште во Република Северна Македонија кое има дозвола од Комисијата за хартии од вредност за вршење на работи за основање и управување со инвестициски фондови;
− инвестициска сметка е сметка на договорувачот каде што се водат податоците за платените премии и движењето на ВЕП, како и вкупната вредност на имотот на договорувачот;
− инвестициски фонд е здружени парични средства наменети за инвестирање, прибрани од инвеститори преку јавен повик или приватна понуда, со кои за сметка на инвеститорите управува друштво за управување со фондови;
− удели во инвестициски фонд се сразмерен пресметковен дел од вкупната вредност од инвестицискиот фонд кој зависи од висината на влогот во инвестицискиот фонд;
− вредност на имотот на инвестициската сметка е вредност на инвестициското портфолио односно производот од бројот на купените удели и цената на уделот на денот на пресметката;
− вредност на единица имот (ВЕП) e цената на еден инвестициски удел на денот на финансирање;
− пресметковен ден – последниот работен ден во месецот;
− ден на пресметка на премијата во единица имот – петтиот работен ден по плаќањето на премијата за осигурување.
(5) Инвестициското осигурување на живот може да се склучи со или без лекарски преглед.
(6) Со инвестициското осигурување на живот може да се осигурат здрави лица, и тоа со наполнети 14 години до наполнети 65 години старост. Осигурувањето во секој случај завршува во календарската година кога осигуреникот (односно постариот од осигурените лица кај заемното осигурување) ќе наполни 75 години живот. Лицата кои не се целосно здрави, како и лицата постари од 65 години, може да се осигурат само со дополнителна процена на ризик и со одлука на осигурувачот. Ништовно (неважечко) е осигурувањето за случај на смрт на лице помладо од 14 години, како и на лице целосно лишено од деловната способност.
(7) Односите меѓу договорувачот и осигурувачот, како и сите нивни права и обврски, се одредени во писмениот договор. Составни делови на Договорот за инвестициско осигурување на живот се: понудата заедно со дополнувањата и изјавите, здравствениот прашалник, полисата, овие Општи услови, Општите и Посебните услови за дополнителните осигурувања, можните посебни писмени изјави на договорувачот, осигуреникот и осигурувачот, како и други прилози и додатоци кон полисата.
[8]Како составен и неразделен дел на договорот за инвестициско осигурување на живот се и Табелата на фактори на премијата за ризик за во случај на смрт и Информативната пресметка, кои претставуваат додатоци кон полисата за осигурување.
[9]Името на застапникот во осигурувањето, називот на друштвото за застапување во осигурувањето, односно осигурително брокерското друштво, доколку договорот за осигурување е склучен преку застапник, друштво за застапување односно осигурително брокерско друштво е наведено на понудата за склучување на инвестициско осигурување на живот.
10) Сите договори важат само ако се договорени писмено и ако при склучувањето, односно при промената на осигурувањето, е извршена лична идентификација. Сите изјави кои осигурувачот или договорувачот ги поднесуваат еден на друг важат од моментот,
односно денот на прием. Ако се праќаат по пошта, како ден на прием се смета денот кога препорачаното писмо било предадено во пошта. Сите промени кои за последица имаат промена на обврската на осигурувачот започнуваат да важат од првиот ден на следниот месец по приемот на барањето.
(11) Осигурувачот може за договорите склучени со комуникациски средства да одреди осигурувањето да биде склучено со самото
плаќање на првата премијата.
Член 2: ПОНУДА И ПОЛИСА
(1) Договор за инвестициско осигурување на живот се склучува врз основа на писмена понуда. Понудата за инвестициско
осигурување на живот се поднесува во писмена форма на образец на осигурувачот. Понудата ги содржи суштествените елементи на Договорот.
(2) Понудата мора да се пополни целосно, вистински и точно и во неа мора да се наведат сите факти значајни за преземањето на ризиците и за склучување на Договорот.
(3) Понудата за склучување на Договор за инвестициско
осигурување на живот, која била поднесена до осигурувачот, го обврзува осигурувачот да му одговори на понудувачот во рок од 8 дена од денот кога ја примил понудата, а ако е потребен лекарски преглед, тогаш во рок од 30 дена по приемот на целосната
документација. Ако осигурувачот во тој рок не ја одбие понудата за која понудувачот се обврзал согласно условите според кои тој го врши предложеното осигурување, се смета дека понудата е
прифатена и дека Договорот е склучен оној ден кога понудата пристигнала кај осигурувачот.
(4) Понудата е составен дел на Договорот за инвестициско
осигурување на живот и мора да биде потпишана од двете страни.
Ако договорувачот и осигуреникот не се исто лице, заради важност на Договорот, на понудата е потребен и потпис на осигуреникот. Ако осигуреникот е малолетно лице, понудата треба да ја потпише неговиот законски застапник.
(5) Осигурувачот ја издава полисата во еден примерок, според
податоците од понудата. Во полисата мораат да бидат наведени податоците за осигурувачот, договорувачот, односно
осигуреникот, со податоци за раѓање, осигурени опасности,
почеток и времетраење на осигурувањето, загарантираната сума на осигурување/осигурена сума, премија, избрани фондови,
називот на друштвото за управување со инвестициски фондови, корисници, табелата за намалени осигурени суми, табелата на фактори за опасност за ризик од смрт, датум на изработка на
полисата и потпис на овластено лице од осигурувачот. Ако
полисата суштински се разликува од понудата и другите писмени изјави на договорувачот, тој може писмено да достави приговор во рок од еден месец од приемот на полисата. Ако тоа не го стори, содржината на полисата важи.
[6] Покрај тоа полисата треба да содржи и констатација дека Договорувач на осигурувањето е предупреден дека Општите и
посебните услови на осигурувањето се составен дел на договорот и дека текстот на истите му е предаден.
Член 3: ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ОСИГУРУВАЊЕТО
(1) Осигурувањето започнува во 00:00 часот првиот ден од месецот кој следува по месецот на склучување на Договорот, доколку поинаку не е договорено. Денот, месецот и годината на почеток и на истекување на осигурувањето се наведени во понудата и полисата. Обврската на осигурувачот започнува од денот кој е наведен како почеток на осигурувањето, ако дотогаш е уплатена целосно првата премија. Осигурувачот може за договорите склучени на далечина да одреди осигурувањето да биде склучено со самото плаќање на премијата.
(2) Ако првата премија не е платена до почетокот на осигурувањето, осигурувачот доделува привремена осигурителна гаранција, и тоа од почетокот на осигурувањето, па до последниот ден во месецот на почетокот на осигурувањето. Осигурувањето во секој случај престанува ако целата прва премија не е платена до истекот на гаранцијата. Во тој случај, осигурувањето повторно започнува од 24:00 часот оној ден кога првата премија е платена во целост, под услов да не се влошила здравствената состојба на осигуреникот од потпишувањето на понудата.
(3) Осигурувањето истекува во 00:00 часот оној ден кој на полисата е наведен како ден на истекување на осигурувањето или при смрт
на осигуреникот, односно на едно од осигурените лица (кај заемното осигурување). Почетокот, времетраењето и истекот на осигурувањето се дефинирани во понудата и полисата.
(4) Договорувачот има право во рок од 30 дена од склучувањето на осигурувањето да отстапи (да се повлече) од Договорот за осигурување. Отстапувањето мора да биде писмено и поднесено до осигурувачот до истекот на рокот, при што се смета дека е поднесено во рок ако е предадено препорачано во пошта до истекот на рокот. Осигурувачот има право да ги пресмета фактичките трошоци поврзани со отстапувањето од Договорот, и тоа во висина во која тие се определени во важечкиот ценовник на денот на склучувањето на Договорот, а има право и на враќање на трошоците за извршениот лекарски преглед на осигуреникот кои осигурувачот ѝ ги платил на здравствената установа по цена важечка на денот на извршувањето на прегледот.
(5) „Осигурувањето на живот во секој случај престанува да важи кога:
• ќе настане осигурениот случај и ќе се исплати осигурената сума;
• ќе биде исплатена откупната вредност на полисата;
• ако не е платена премијата согласно роковите од овие општи услови;
• во календарската година кога осигуреникот ќе наполни 75 години старост;
• во случај на раскинување или поништување на договорот за осигурување согласно овие општи услови
Член 4: ОБВРСКИ НА ОСИГУРУВАЧОТ
(1) Осигурувачот се обврзува на корисникот одреден во полисата за осигурување да му ја исплати осигурената сума за доживување ако осигуреникот или двете осигурени лица (кај заемното
осигурување) го доживее/доживеат осигурениот период на осигурување. Осигурената сума за доживување е еднаква на
вредноста на имотот на инвестициската сметка на договорувачот, која е дефинирана во согласност со член 10 од овие Општи
услови.
(2) Ако осигуреникот или едно од осигурените лица (кај заемното осигурување) умре во времетраење на осигурувањето,
осигурувачот се обврзува на корисникот да му ја исплати
загарантирана осигурена сума за смрт или нејзин дел веднаш по смртта на осигуреникот или на едно од осигурените лица (кај
заемното осигурување).
(3) Ако осигуреникот или едно од осигурените лица (кај заемното осигурување) при осигурување склучено без лекарски преглед,
умре во првите 6 (шест) месеци од почетокот на осигурувањето, осигурувачот е должен на корисникот веднаш по смртта на
осигуреникот или на едно од осигурените лица (кај заемното осигурување) да му исплати половина од осигурената сума за случај на смрт.
(4) Без оглед на одредбите од став 3 на овој член, осигурувачот ќе изврши исплата на целата осигурена сума во првите 6 (шест)
месеци:
1) ако осигурувањето е склучено со лекарски преглед;
2) во случај на смрт на осигуреникот или на едно од осигурените лица (кај заемното осигурување) поради несреќа, бременост или породување;
3) при новото осигурување, склучено без лекарски преглед, со почеток најдоцна 3 месеци по доживувањето на претходното осигурување кај осигурувачот.
(5) Без оглед на одредбите од претходниот став на овој член, во случај на смрт на осигуреникот, осигурувачот ја исплаќа вредноста на имотот на инвестициската сметка, ако таа ја надминува вредноста на загарантираната осигурена сума.
(6) Xxxxxxxxxx има право да побара осигурената сума да му се исплаќа на рати како месечна рента доколку Осигурувачот има производ кој се однесува на рентно осигурување. Притоа се земаат предвид условите за осигурување за таквите осигурувања кои важат на денот на поднесување на барањето.
Член 5: ОГРАНИЧУВАЊЕ И ИСКЛУЧУВАЊЕ НА ОБВРСКИТЕ НА ОСИГУРУВАЧОТ
[1]Со договорот за осигурување за случај на смрт не е опфатен ризикот од самоубиство на осигуреникот, ако тоа се случило во првата година од осигурувањето. Во случај самоубиството да се
случило во рок од три години од денот на склучувањето на договорот, осигурувачот не е должен да му ја исплати на
корисникот осигурената сума, туку само математичката резерва од договорот.
[2] Осигурувачот се ослободува од обврската да му ја исплати на
корисникот осигурената сума, ако овој намерно предизвикал смрт на осигуреникот, но е должен ако дотогаш биле уплатени барем три годишни премии, да му ја исплати математичката резерва од договорот на договорувач на осигурувањето, а ако е тој
xxxxxxxxxx, на неговите наследници.
[3]Осигурувачот се ослободува од обврската од договорот за осигурување од несреќен случај, ако осигуреникот намерно го предизвикал несреќниот случај.
[4] Ако смртта на осигуреникот е причинета со воени операции, осигурувачот, ако нешто друго не е договорено, не е должен да му ја исплати на корисникот осигурената сума, но е должен да му ја исплати математичката резерва од договорот. Ако не е договорено нешто друго, осигурувачот се ослободува од
обврската од договорот за осигурување од несреќен случај ако несреќниот случај е причинет со воени операции.
(5) Осигурувачот не ја исплаќа загарантираната осигурена сума,
туку дотогаш стекнатата математичката резерва (посебна резерва) од договорот за осигурување ако осигуреникот умрел поради војна односно непријателства и ситуации слични на војна, дејство на мини и бомби од сите видови или друго воено оружје, како
последица на востание, немири, бунт или насилства кои настануваат или произлегуваат од такви настани.
Член 6: ОБВРСКИ НА ДОГОВОРУВАЧОТ И ПОСЛЕДИЦИ ОД НЕИСПОЛНУВАЊЕ НА ОБВРСКИТЕ
(1) Договорувачот при склучувањето на Договорот е должен на осигурувачот да му ги пријави сите околности кои се важни за оценувањето на опасноста и кои му се познати или не можеле да му останат непознати. За важни се сметаат особено оние
околности за кои осигурувачот писмено прашал во понудата.
(2) Договорувачот, како и самиот осигуреник, должни при приемот во осигурување и за време на траењето на
осигурувањето да го известат осигурувачот за секоја промена на околностите која може да биде од значење за оценка на ризикот и кои се битни за договореното осигурување, особено ако
осигуреникот за време на осигурувањето ја промени професијата или занимањето.
(3) Ако договорувач на осигурувањето намерно направил неточна пријава, или намерно премолчил некоја околност од таква
природа што осигурувачот не би склучил договор ако знаел за
правата состојба на работите и околностите, осигурувачот може да бара поништување на договорот, и нема обврска да ја исплати осигурената сума.
(4) Во случај на поништување на договорот од причините
наведени во став (3) од овој член, осигурувачот ги задржува
наплатените премии и има право да бара исплата на премијата за периодот на осигурувањето во кој побарал поништување на договорот, и не е должен да ја исплати осигурената сума.
(5) Правото на осигурувачот да бара поништување на договорот престанува ако тој во рок од 3 (три) месеци од денот на
дознавањето за неточноста на пријавата или за премолчувањето не му изјави на договорувачот или корисникот на осигурувањето дека има намера да го користи тоа право.
(6) Ако договорувач на осигурувањето направил неточна пријава, или пропуштил да го даде должното известување, а тоа не го
сторил намерно, осигурувачот може, по свој избор, во рок од еден месец од дознавањето за неточноста или нецелосноста на
пријавата, да изјави дека го раскинува договорот или да
предложи зголемување на премијата сразмерно со поголемиот ризик.
(7) Договорот во тој случај престанува по истекот на 14 дена од
кога осигурувачот својата изјава за раскинување му ја соопштил на договорувач на осигурувањето, а во случај на предлог од
осигурувачот премијата да се зголеми, раскинувањето настапува според самиот закон ако договорувач на осигурувањето не го
прифати предлогот во рок од 14 дена од кога го примил.
(8) Во случај на раскинување, осигурувачот е должен да го врати делот од премијата што отпаѓа на времето до крајот на периодот на осигурувањето.
(9) Ако осигурениот случај настанал пред да е утврдена
неточноста или нецелосноста на пријавата или по тоа но пред раскинувањето на договорот, односно пред постигнувањето на спогодба за зголемување на премијата, надоместот се намалува во сразмер меѓу стапката на платените премии и стапката на
премиите што би требало да се платат според вистинскиот ризик. Одредбите од овој член за последиците од неточната пријава или премолчувањето на околностите од значење за оцена на ризикот се применуваат и во случаи на осигурувања склучени од името и за сметка на друг, или во корист на трет или за туѓа сметка, или за сметка на оној на кого се однесува, ако овие лица знаеле за
неточноста на пријавата или за премолчувањето на околностите од значење за оцената на ризикот
Член 7: ДОГОВОР ЗА ОСИГУРЕНА СУМА И ПРЕМИЈА ЗА ОСИГУРУВАЊЕ
(1) Осигурената сума и премијата ја дефинираат договорувачот и осигурувачот, според податоците во понудата, особено од аспект на избраните тарифи на премии, староста на осигуреникот и
периодот на осигурување.
(2) Договорената премија на рати се плаќа месечно однапред, и тоа на први во месецот во кој достасува за наплата. Договорувачот и осигурувачот можат да се договорат и за поинаква динамика на плаќање на премијата. На осигурувачот му припаѓа премијата до
крајот на месецот во кој настанал осигурениот случај. Ако договорувачот доцни со плаќањето на една или повеќе премии, со плаќањето на премијата најпрво се подмируваат неплатените премии достасани за наплата.
(3) Во случај ако договорената премија на последниот работен ден во месецот (пресметковниот ден) не е доволна за
порамнување на достасаната премија за осигурување во случај на смрт, договорената премија може да се зголеми, во согласност со факторите за пресметка на премијата за ризик за опасност во
случај на смрт.
(4) Без оглед на договорената висина и динамика на плаќање на договорената премија за осигурување, договорувачот може, со претходна согласност од страна на осигурувачот, да уплати
дополнителна еднократна уплата. Загарантираната осигурена сума не се менува поради дополнителните плаќања.
(5) Премијата може да се плати преку банка или во пошта. Договорувачот е должен на осигурувачот да му плати премија, а осигурувачот пак е должен да ја прифати премијата од секое лице кое за тоа има правен интерес.
Член 8: ИЗБОР НА ФОНД СО КОЈ СЕ ВРЗУВА ВРЕДНОСТА НА ИМОТОТ
(1) Договорувачот при склучување на инвестициското осигурување на живот избира од инвестициските фондови понудени од осигурителот, кои ќе бидат наведени во полисата за животно осигурување издадена при склучување на Договорот за инвестициско осигурување, како и друштвото за управување на инвестициски фондови кое ќе управува со нив. Вредноста на единица имот (ВЕП) се врзува со цената на уделот на избраните фондови/фонд. ВЕП на инвестициската сметка на договорувачот зависи од движењето на вредноста на инвестициските удели, односно хартиите од вредност во кои инвестираат фондовите/фондот.
(2) Правата од Договорот за инвестициско осигурување на живот се непосредно поврзани со движењето на ВЕП.
(3) Фондовите меѓу себе се разликуваат особено според степенот на ризик на инвестициите и инвестициската политика. Инвестициската структура на фондовите и степенот на ризик на инвестициите можат да се видат од проспектот на поединечниот фонд.
(4) Договорувачот при склучувањето на Договорот ја дефинира распределбата на премијата помеѓу избраните фондови со кои се врзува ВЕП и тие ќе бидат наведени во полисата за животно осигурување издадена при склучување на Договорот за осигурување, како и друштвото за управување на инвестициски фондови кое ќе управува со нив. Договорувачот на осигурувањето може по писмен пат да побара од осигурителот промена на одбраниот инвестициски фонд/фондови, за да избере друг фонд/фондови, но само во рамки на фондовите со кои управува друштвото за управување со инвестициски фондови наведено во
понудата и полисата која е издадена при склучување на Договорот за осигурување, или може да ја промени распределбата на вложувањето на премијата во одбраните инвестициски фондови само во рамки на фондовите со кои управува друштвото за управување со инвестициски фондови наведено во понудата и полисата која е издадена при склучување на Договорот за осигурување. Промената на инвестицискиот фонд се врши на пресметковниот ден во месецот по приемот на писменото барање, кое мора да му биде предадено на осигурувачот најмалку 8 (осум) дена пред крајот на месецот. Во спротивно, преносот на средства се врши на пресметковниот ден во следниот месец по приемот на барањето.
(5) Во случај на престанок со работа на фондот, осигурувачот ќе ги пренесе средствата во друг фонд, само во рамки на фондовите со кои управува друштвото за управување со инвестициски фондови наведено во понудата и полисата која е издадена при склучување на Договорот за осигурување, но во таков фонд кој според карактеристиките и инвестициската политика најмногу одговара со заменетиот фонд. Осигурувачот го задржува правото да ги пресмета само вистинските трошоци за пренос.
(6) Осигурувачот е должен да го извести договорувачот за преносот на средствата од претходниот став. Договорувачот по приемот на писменото известување може да побара, по негов избор, средствата да се пренесат во друг фонд само во рамки на фондовите со кои управува друштвото за управување со инвестициски фондови наведено во понудата и полисата која е издадена при склучување на Договорот за осигурување.
(7) Сопственик на уделите во инвестицискиот фонд е Триглав Осигурување Живот АД, Скопје.
Член 9: ПРЕСМЕТУВАЊЕ НА ПРЕМИЈАТА ВО ЕДИНИЦИ ИМОТ
(1) Осигурувачот ја пресметува премијата, намалена за влезните трошоци на осигурувањето (чиста премија), во единици имот на инвестициската сметка, со земање предвид на ВЕП на избраниот фонд во петтиот работен ден од плаќањето на премијата за
осигурување, освен ако не е поинаку дефинирано. Се смета дека премијата е платена оној ден кога е евидентирана на сметката на осигурувачот.
(2) Бројот на единици имот на инвестициската сметка, врз основ на платената премија, се определува на тој начин што износот на чистата премија се дели со ВЕП на избраниот фонд, кој важи на денот на пресметувањето.
(3) ВЕП на инвестициската сметка зависи од видот на фондот и е еднаква на надворешната референтна вредност која е ВЕП на инвестицискиот фонд, односно цената на уделот на
инвестицискиот фонд која е јавно достапна.
(4) ВЕП на фондот, односно цената на уделот на фондот, се наоѓа на интернет-страницата xxx.xxxxxxxxxx.xx.
Член 10: ВРЕДНОСТ НА ИМОТОТ НА ИНВЕСТИЦИСКАТА СМЕТКА НА ДОГОВОРУВАЧОТ
(1) Осигурувачот за секој договорувач ќе води инвестициска сметка. Во инвестициската сметка се водат податоците за
платените премии и движењето на ВЕП, како и вкупната вредност на имотот на инвестициската сметка на договорувачот.
(2) Вредноста на имотот на инвестициската сметка на
договорувачот се пресметува на определен ден, на тој начин што бројот на единици имот на инвестициската сметка се множи со ВЕП на поединечниот фонд, која важи на тој ден.
(3) Осигурувачот, на крајот од пресметковниот ден за тековниот месец, ја пресметува достасаната премија за наплата за
дополнителните осигурувања, трошоците за водење на
инвестициската сметка, како и премијата за ризик за случај на
смрт. Пресметката се врши со намалување на соодветниот број на единици имот на инвестициската сметка на договорувачот, и тоа:
1) премијата за дополнителни осигурувања се пресметува со
намалување на бројот на единици имот, во противвредност на премијата достасана за наплата;
2) трошоците за водење на инвестициската сметка се пресметуваат со намалување на единиците имот, по
пресметувањето на премијата за дополнителните осигурувања;
3) премијата за ризик во случај на смрт се пресметува по
пресметувањето на трошоците за водење на сметката, на сметка на намалувањето на бројот на единици имот, во противвредност
на таа премија. Се пресметува врз основ на староста на осигуреникот на пресметковниот ден, како и врз основ на
разликата помеѓу загарантираната осигурена сума и вредноста на имотот на инвестициската сметка. Премијата за ризик во случај на смрт се пресметува само ако загарантираната осигурена сума ја
надминува вредноста на имотот на инвестициската сметка на осигурувачот.
(4) Премијата за дополнителни осигурувања, трошоците за водење на сметката и премијата за ризик за случај на смрт се пресметуваат со намалување на бројот на редовните единици имот, а доколку такви не постојат, со намалување на бројот на почетните единици имот.
(5) Премијата за дополнителните осигурувања, трошоците за водење на инвестициската сметка и премијата за ризик за случај на смрт се пресметуваат во уделот на распределбата на премијата помеѓу фондовите.
(6) Ако премијата е договорена во странска валута, таа се пресметува во денарска противвредност по средниот валутен курс на Народна банка на Република Северна Македонија, кој важи осмиот ден пред да достаса премијата за наплата.
Член 11: ТРОШОЦИ
(1) Осигурувачот има право да пресмета влезни и излезни трошоци, трошоци за водење на инвестициската сметка, која е дефинирана на полисата за осигурување.
(2) Осигурувачот пресметува влезни трошоци во согласност со важечкиот ценовник на осигурувачот. Поради тоа, трошоците во
првите две години се различни и се поголеми од оние во следните години.
(3) Осигурувачот пресметува трошоци за водење на
инвестициската сметка во согласност со важечкиот ценовник на осигурувачот. Трошоци за водење на сметката се пресметуваат дури и во случај на капитализација на осигурувањето.
Осигурувачот е должен претходно да го извести договорувачот за промената на висината на трошоците за водење на
инвестициската сметка.
(4) Осигурувачот има право при секое исплаќање од
инвестициската сметка да пресмета излезни трошоци за осигурувањето во висина од еден процент од исплатата
(осигурувачот не пресметува излезни трошоци за осигурувањето ако корисникот побара осигурената сума да му се исплаќа на рати како месечна рента). Осигурувачот има право да пресмета можна излезна провизија, којашто за осигурувачот ја пресметува
правното лице кое раководи со фондот.
(5) Влезните трошоци, излезните трошоци и трошоците за водење на инвестициската сметка се наведуваат во полисата за
осигурување. Посредните и непосредните трошоци, кои ја
намалуваат вредноста на единиците имот на поединечниот фонд, а не се наведени во овој член, се достапни во кратката содржина на проспектот кој е јавно објавен на интернет-страницата на
друштвото за управување со инвестициски фондови, за секој избран фонд.
(6) Осигурувачот при секоја исплата има право да ги пресмета сите даночни обврски во фондот во согласност со позитивните законски прописи.
Член 12: ПРОМЕНА НА РАСПРЕДЕЛБАТА НА СРЕДСТВА ПОМЕЃУ ФОНДОВИТЕ
(1) Ако од почетокот на осигурувањето изминале најмалку две години и се платени премиите за најмалку две години, договорувачот може, во рамките на важечката понуда на
осигурувачот, да побара средствата на инвестициската сметка да бидат пренесени на ВЕП на друг фонд од истото друштво за
управување со инвестициски фондови (пренос на средства).
(2) За пренос на средствата се пресметуваат трошоци за пренос, според ценовникот кој важи при секое барање за пренос.
(3) Преносот на средства се врши на пресметковниот ден, во месецот по приемот на писменото барање, кое мора да биде врачено до осигурувачот најмалку 8 (осум) дена пред крајот на месецот. Во спротивен случај, преносот на средства се врши на пресметковниот ден следниот месец по приемот на барањето.
Член 13: ПОСЛЕДИЦИ ПОРАДИ НЕПЛАЌАЊЕ НА ПРЕМИЈАТА
(1) Во случај кога премијата за тековниот месец не е платена, осигурувачот пресметува премија за дополнителните осигурувања и премија за осигурување во случај на смрт и трошоци за водење на инвестициската сметка на начин дефиниран во член 10, став 3. Намалувањето на единиците имот од инвестициската сметка на осигурувачот се врши во пропорционален дел со вредноста на имотот, врзан со поединечниот фонд.
(2) Ако премијата не е платена пет месеци по достасувањето за наплата, осигурувачот може да го повика договорувачот тој да ја плати премијата. Ако на барањето на осигурувачот, кое мора да му биде врачено со препорачано писмо, договорувачот не ја плати достасаната премија за плаќање во рокот кој е одреден во писмото, а кој не смее да биде пократок од еден месец сметано од денот кога барањето му било врачено, а тоа не го стори ниту некое друго заинтересирано лице, осигурувачот може – ако дотогаш биле платени премии најмалку за две полни години – да му каже на договорувачот дека осигурувањето е конвертирано во осигурување без понатамошно плаќање на премијата (капитализација), а во спротивно го раскинува Договорот. Осигурувачот не ги враќа премиите кои биле платени до раскинувањето на Договорот.
(3) Во случај на капитализација, осигуреникот е осигурен во висина на вредноста на имотот на инвестициската сметка за случај на смрт и доживување, а дополнителните осигурувања кои се приклучени кон основното осигурување престануваат да важат.
(4) Ако вредноста на имотот не е доволна за покривање на премијата за ризик за во случај на смрт, осигурувањето престанува.
Член 14: РЕВАЛОРИЗАЦИЈА
(1) Договорувачот може секоја година да врши ревалоризација на премијата и загарантираната сума во висина на зголемување на индексот на трошоците за живот во државите на Економската и монетарна унија на Европската Унија (ЕМУ), објавени на страната на Европската централна банка (ЕЦБ) за периодот на тековната календарска година.
Ревалоризацијата се прави само ако на денот кога се прави пресметката е помината барем една година од почетокот на осигурувањето.
На ист начин се врши ревалоризација на премијата и осигурената сума на дополнителните осигурувања, освен дополнителното осигурување за тешки болести и повреди со постојана осигурена сума, каде согласно методите на актуарската математика, без дополнителни услови се врши прием во осигурување во согласност со зголемување на премијата на новопресметаната осигурена сума, при што се зема предвид останатото време за плаќање на премијата и тогашната старост на осигуреникот.
(2) За промена на висината на премијата, сумата на осигурување, како и сумата на осигурување за дополнителни осигурувања, осигурувачот писмено го известува договорувачот. Договорувачот може ревалоризацијата писмено да ја одбие во рокот кој е наведен во извештајот.
Член 15: МИРУВАЊЕ НА ПЛАЌАЊЕТО НА ПРЕМИЈАТА
(1) Договорувачот кој ги исполнува условите од член 17, став 1 од овие Услови, може за споменатиот период да го оствари правото за мирување на плаќањето на премијата (во продолжение: мирување).
(2) Договорувачот го остварува правото од претходниот став врз основа на писмено барање, кое го поднесува до осигурувачот. Во барањето за мирување договорувачот мора да ги наведе причините за ослободување од плаќање на премијата, како и саканиот период на траење на мирувањето.
(3) Мирувањето може непрекинато да трае најмногу една година. Договорувачот може да побара мирување по вторпат ако од претходното мирување поминале барем две години и ако во тој период договорувачот редовно ја плаќал премијата за осигурување.
(4) Во текот на мирувањето, обврската на осигурувачот е во висина на капитализираниот износ на осигурената сума, одреден во согласност со член 13, став 3 од овие Општи услови. Во времето на мирување осигурувачот не гарантира за исплата на име дополнителни осигурувања.
(5) Триесет дена пред истекот на договорениот период на мирување, осигурувачот го повикува договорувачот да продолжи со плаќањето на премијата. Ако договорувачот по истекот на мирувањето не ги подмири првите премии достасани за наплата, осигурувачот се однесува во согласност со член 13 од овие Општи услови.
(6) Осигурувачот има право без образложение да го отфрли барањето за мирување.
Член 16: ЗГОЛЕМУВАЊЕ И НАМАЛУВАЊЕ НА ОСИГУРЕНАТА СУМА
[1] Договорувачот и осигурувачот можат да се договорат осигурената сума на основното осигурување на живот да се зголеми или
намали, и тоа под услов договорувачот да ја плати соодветно повисоката или пониската премија.
[2] Осигурената сума може без утврдување на здравствената состојба на осигуреникот да се зголеми најмногу за толку за новата
осигурена сума да не биде двојно поголема од основната
осигурена сума договорена при склучување на осигурувањето.
[3] Договорувачот го остварува правото на зголемување или
намалување на осигурената сума врз основа на писмено барање кое го поднесува до осигурувачот.
[4] Ако осигуреникот во првата година по зголемувањето на осигурената сума умре поради болест, односно изврши
самоубиство, осигурувачот ја исплаќа со договор утврдената осигурена сума договорена пред зголемувањето.
[5] Зголемување или намалување на осигурената сума не е можно во времето на мирување на плаќање на премијата и во случај на
плаќање на премијата во еднократен износ.
Член 17: ОТКУП НА ОСИГУРУВАЊЕТО
(1) По барање на договорувачот, осигурувачот мора да ја исплати откупната вредност на полисата за инвестициско осигурување на живот ако Договорот не бил раскинат, ако од почетокот на
осигурувањето до откупот поминале две години и ако премиите се платени за најмалку две години.
(2) Откупната вредност на полисата се пресметува на
пресметковниот ден во месецот по приемот на писменото барање, коешто мора да биде доставено до осигурувачот
најмалку 8 (осум) дена пред крајот на месецот. Во спротивно, откупната вредност на средствата се пресметува на
пресметковниот ден следниот месец по приемот на барањето.
(3) Откупната вредност е еднаква на вредноста на имотот на инвестициската сметка.
(4) Откуп на осигурувањето не е можен ако договорувачот е
ослободен од плаќање на понатамошните осигурителни премии.
(5) Правата на откуп не можат да ги остварат доверителите на договорувачот, ниту пак корисникот. Осигурувачот откупната вредност му ја исплаќа на корисникот, ако одредувањето на корисникот е неотповикливо.
[6] Осигурувачот ја исплаќа откупната вредност на полисата во рок од 14 дена од приемот на целосното барање за откуп.
(7) Обврската на осигурувачот при откупот на осигурувањето
престанува во 24:00 часот на денот на пресметување на откупната вредност.
Член 18: АВАНС
(1) Ако договорувачот ги исполнува условите од член 17, став 1 и ако вредноста на имотот на инвестициската сметка го надминува износот на најниската исплата на аванс, која се одредува согласно важечката тарифа на премии на осигурувачот и е во минимален износ од 150 евра во денарска противвредност согласно средниот курс на Народна Банка на Р.С. Македонија, договорувачот може да побара исплата на аванс.
(2) Износот на авансот е еднаков на дел од вредноста на имотот на инвестициската сметка, и тоа во висина до 90 % од вредноста на имотот.
(3) Вредноста на исплатата се одредува на пресметковниот ден во месецот, по приемот на писменото барање, кое мора да биде врачено до осигурувачот најмалку 8 (осум) дена пред крајот на месецот. Во спротивен случај, вредноста на авансот се пресметува на пресметковниот ден следниот месец по приемот на барањето. Авансот договорувачот може подоцна да го врати.
(4) Во случај на аванс, загарантираната осигурена сума се намалува за износот на исплатата. Максималниот износ на
xxxxxxx е согласно став 2 од овој член, при што не може да биде поголем од загарантираната осигурена сума. Исплаќањето на xxxxxxx, како и враќањето на xxxxxxx, не влијаат врз обврската за плаќање на премијата.
(5) Договорувачот може повторно да побара исплата на xxxxx
само ако од претходниот xxxxx изминале најмалку две години, а во меѓувреме тој редовно плаќал премија.
Член 19: КАПИТАЛИЗАЦИЈА
(1)Договорувач може да побара капитализација на осигурувањето без понатамошно плаќање на премијата со намалена договорена сума.
(2) Капитализација на осигурувањето е возможна ако од
почетокот на осигурувањето поминало барем две години и премиите да се платени за најмалку две години.
(3) Со капитализација престануваат да важат договорените дополнителни осигурувања.
Член 20: ОБНОВА НА ОСИГУРУВАЊЕТО
(1) Осигурувањето кое престанало да важи според член 13, став 2 од овие Општи услови, односно е капитализирано, може да се обнови по писмено барање на договорувачот.
(2) Обврската на осигурувачот при обновеното осигурување
започнува во 24:00 часот оној ден кога осигурувачот писмено
потврдил дека го прифаќа барањето за обновување, под услов да се платени сите премии што до тој ден се достасани за наплата и ако здравствената состојба на осигуреникот е добра за прием во осигурување. Одлуката за приемот или отфрлањето на барањето на обновување осигурувачот мора да му ја достави на
договорувачот во рок од 8 (осум) дена од денот кога го примил таквото барање, односно во рок од 8 дена од денот кога x
исполнет и последниот услов за обновување. Ако осигурувачот во тој рок не го извести договорувачот дека го отфрлил барањето за обновување, се смета дека тоа е прифатено.
(3) Ако осигуреникот умре во првата година по обновувањето на осигурувањето поради некоја болест која ја имал при
поднесувањето на барањето за обновување на осигурувањето, а тогаш не ја кажал, осигурувачот намалената осигурена сума во
xxxxxx на член 13, став 2 од овие Општи услови е должен да ја исплати само доколку премијата пред обновувањето на
осигурувањето била платена најмалку за две години. Ако
премијата не била платена за две години, осигурувачот нема никакви обврски.
(4) Ако договорувачот бара обновување на осигурувањето во рок од 3 (три) месеци по престанокот на осигурувањето, осигурувачот мора да го прифати барањето за обновување без оглед на
здравствената состојба на осигуреникот. Во овој случај одредбите од став 2 и став 3 од овој член не важат.
(5) Осигурувачот ја исплаќа само математичката резерва
(посебната резерва) на имотот на инвестициската сметка на договорувачот ако осигуреникот во првата година по
обновувањето на осигурувањето изврши самоубиство. При обновата на осигурувањето за пресметка на математичката
резерва (посебната резерва) се земаат во предвид и годините пред обновата на осигурувањето.
(6) Обновување на осигурувањето не е можно во случај на мирување на плаќањето на премијата.
(7) Автоматско обновување на договорот за животно осигурување не е можно.
Член 21: РАСПОЛАГАЊЕ СО ПРАВАТА ОД ОСИГУРУВАЊЕТО
(1) Сè додека не настапи осигурен случај, на договорувачот му припаѓаат сите права од осигурувањето.
(2) Сите дадени изјави и одлуки од страна на договорувачот се
задолжителни за осигурувачот само доколку му се доставени пред да настапи осигурениот случај.
(3) Ако корисникот умре пред настанувањето на осигурениот
случај, осигурената сума му припаѓа на следниот корисник, а ако тој не е одреден, на имотот на договорувачот.
(4) Ако осигурувањето се однесува на животот на некој друг, за одредување на корисникот е потребна и негова писмена
согласност.
Член 22: ИСПЛАЌАЊА СПОРЕД ДОГОВОРОТ ЗА ОСИГУРУВАЊЕ
(1) Лицето кое бара исплаќање според Договорот за инвестициско осигурување на живот, кога ќе настане предвидениот случај со Договорот, мора за тоа веднаш писмено да го извести
осигурувачот и што е можно побрзо на свој трошок да ги набави и поднесе следниве документи:
1) полиса;
2) извод од матичната книга на умрените, ако се работи за смрт, односно доказ за доживување, ако се работи за доживување;
3) документ од кој се очигледни податоците за раѓање на осигуреникот, ако тие не биле претходно поднесени;
4) доказ дека има право да бара исплата, ако тоа не е веќе очигледно од полисата;
5) осигурувачот може да бара и дополнителни докази кои се потребни за утврдување на правото на исплата.
(2) Вредноста на имотот на инвестициската сметка на договорувачот, при доживување, се пресметува на
пресметковниот ден во месецот, а пред истекот на осигурувањето.
(3) Во случај на смрт на осигуреникот, осигурувачот ја исплаќа
загарантираната осигурена сума, односно вредноста на имотот на инвестициската сметка на договорувачот, ако таа ја надминува
загарантираната осигурена сума. Вредноста на имотот на
инвестициската сметка се пресметува на пресметковниот ден, по приемот на доказите за постоење и висина на обврските на
осигурувачот.
(4) Ако не е поинаку одредено, осигурувачот мора својата обврска да ја исполни во рок од 14 дена од денот кога ги добил сите
докази за постоење на осигурен случај и истовремено е позната висината на обврските на осигурувачот.
(5) Ако сумата на осигурување е договорена во друга валута, исплатата се врши во денари, при што противвредноста се
пресметува на денот на исплата по средниот курс на Народната банка на Република Северна Македонија.
Член 23: ДОПОЛНИТЕЛНИ ОСИГУРУВАЊА
(1) Кон основното осигурување можат да се приклучат и
дополнителните осигурувања, кои се регулираат со Општите и Посебни услови за тој тип на осигурување, или со посебни
одредби на осигурување. Притоа важат следните ограничувања:
1) дополнителните осигурувања престануваат да важат во моментот кога престанува основното осигурување, односно можат да престанат да важат и пред истекот на основното
осигурување ако осигуреникот стане деловно неспособно лице или кај него настапи 100-процентна инвалидност, односно ако договорувачот е ослободен од плаќањето на следните премии од основното осигурување;
2) дополнителното осигурување за тешки болести и повреди престанува да важи кога осигуреникот ќе наполни 65 години;
3) премијата за основното осигурување и за дополнителните осигурувања е неделива. За плаќање на премијата и за
последиците од неплаќање на премијата на дополнителните осигурувања важат одредбите од овие Општи услови;
4) во случај на подоцнежно приклучување на дополнителното осигурување, на осигурувачот му припаѓа осигурителна премија од приклучувањето на тоа осигурување па натаму.
(2) За дополнителните осигурувања кои се приклучени кон
основното осигурување на живот не важат одредбите од член 15 (мирување на осигурувањето), член 16 (зголемување на
осигурената сума), член 17 (откуп на осигурувањето) и член 18 (аванс) од овие Општи услови. Исто така, осигурувачот нема обврски од член 13, став 2 (капитализација) од овие Општи
услови, без оглед на времето за кое биле платени премиите, а може во согласност со член 13, став 2 и да отстапи од Договорот.
Член 24: УСЛУГИ НА ОСИГУРУВАЧОТ
(1) Договорувачот се обврзува за сите услуги кои посебно ги бара од осигурувачот, како што се промена на осигурувањето,
издавање на дупликат од полисата, заложување на
осигурителната полиса и друго, да плати однапред според важечкиот ценовник во моментот на промената.
(2) Договорувачот е должен да го пријави кај осигурувачот исчезнувањето на полисата веднаш откако дознал дека таа
исчезнала и да го објави нејзиното исчезнување во „Службен весник на Република Северна Македонија“.
(3) Осигурувачот ја заменува изгубената полиса во рок од 15 дена од денот на објавувањето на нејзиното исчезнување во „Службен весник на Република Северна Македонија“, односно од денот на правосилноста на судското решение.
Член 25: ЗАСТАРУВАЊЕ НА БАРАЊАТА
(1) Побарувањата од договорите за осигурување на живот застаруваат во согласност со одредбите од Законот за
облигациони односи.
Член 26: ИНФОРМАЦИИ ВО ВРСКА СО ОБРАБОТКА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ
(1) Идентитет и контакт на податоците на контролорот и офицерот за заштита на личните податоци:
Назив: Триглав Осигурување Живот АД, Скопје
Седиште: Булевар 8-ми Септември бр. 18 кат 2, Општина Карпош,
Скопје
(2)Офицер за заштита на лични податоци:xxxxxx.xx@xxxxxxxxxxxx.xx
* Дополнителни информации за офицерот за заштита на лични
податоци може да најдете на интернет страницата на Друштвото.
Член 27: ОБРАБОТКА И ЗАШТИТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ
[1] Триглав Осигурување Живот АД, Скопје врши обработка
(собирање, евидентирање, организирање, чување итн.) на лични податоци на осигуреници, договорувачи на осигурување, нивните законски застапници или полномошници во согласност со
одредбите на Законот за заштита на лични податоци и другите релевантни позитивни законски прописи, применувајќи
соодветни технички и организациски мерки за обезбедување на безбедност на личните податоци. Собраните лични податоци се дел од збирките на лични податоци на Триглав Осигурување
Живот АД, Скопје, а Триглав Осигурување Живот АД, Скопје во својство на контролор на личните податоци, истите ги користи совесно, законито и согласно целта за која се собрани.
Член 28: ПРАВЕН ОСНОВ ЗА ОБРАБОТКА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ
[1] Триглав Осигурување Живот АД, Скопје собира, обработува, чува, користи и доставува лични податоци кои се неопходни при склучување на договорите за осигурување и исполнување на
правата и обврските кои произлегуваат од договорите за
осигурување, врз основа на член 109 од Законот за супервизија на осигурување, одредбите од Законот за облигациони односи и одредбите од Законот за спречување перење пари и
финансирање тероризам, а во согласност со Законот за заштита на личните податоци.
Член 29: ЦЕЛИ ЗА ОБРАБОТКА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ
(1) Личните податоци (телефонски број и електронска адреса – e- mail), Триглав Осигурување Живот АД, Скопје ги обработува со цел остварување на контакт заради ефикасно остварување на права и обврски кои произлегуваат од договорите за осигурување. Овие
податоци за цели доставување на рекламни материјали,
промоции, понуди како и за други цели на директен маркетинг од страна на Групацијата Триглав во Република Северна Македонија, ќе бидат искористени само доколку имате дадено согласност,
преку одбирање на соодветната опција за согласност.
(2)Со цел водење на постапка за прием во осигурување,
склучување на договори за осигурување, како и извршување на права и обврски преземени со склучување на договор за
осигурување, Триглав Осигурување Живот АД, Скопје обработува копии од документи во кои се содржани лични податоци.
(3) Личните податоци од став 1 и став 2 на овој член Триглав Осигурување Живот АД, Скопје ги обработува само врз основа на претходна согласност од субјектот на личните податоци, а
недавањето на согласност за обработка на податоците од став 2 на овој член може да има за последица одбивање во прием на
осигурување, несоодветно проценување или степен на оштета или пак неисплаќање на оштетно барање.
(4) Согласноста за обработка на личните податоци од ставот 3 на овој член може да се повлече во секое време преку доставување на известување за повлекување на согласност по пошта на
следната адреса: „xxx.0-ми Септември“ бр.18 кат2, 1000 Скопје“ со назнака за Офицерот за заштита на лични податоци или преку електронска адреса xxxxxx.xx@xxxxxxxxxxxx.xx. Со повлекување на согласноста за обработка на личнитe податоци Xxxxxxx
Осигурување Живот АД, Скопје ќе прекине со понатамошна
обработка на личните податоци и истите ќе ги избрише од базите на податоци со што можат да настанат последици на несоодветно проценување на степенот на оштета или неисплаќање на оштетно барање.
Член 30: РОКОВИ ЗА ЧУВАЊЕ НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ
[1] Личните податоци, Триглав Осигурување Живот АД, Скопје ги чува во рок за цело времетраење на договорниот облигационен однос, односно 10 години по истекот на договорот за осигурување или во случај на настанување на штета, 10 години по затворањето на случајот на настанување на штетата, односно од денот на
целосната исплата на надоместокот за настаната штета согласно член 109 став 8 од Законот за супервизија на осигурување.
[2] По истекот на роковите од став 1 на овој член личните
податоци ќе бидат избришани/уништени од базите на податоци на Триглав Осигурување Живот АД, Скопје и истите нема да се обработуваат за други цели.
Член 31: ПРАВАТА НА СУБЈЕКТИТЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ
[1] Остварување на правата кои произлегуваат од Законот за заштита на личните податоци (право на пристап, корекција, бришење, ограничување на обработката на лични податоци,
приговор и преносливост), се врши преку доставување на барање на електронската адреса на офицерот за заштита на лични
податоци: xxxxxx.xx@xxxxxxxxxxxx.xx. На истата електронска адреса може да се достави барање во врска со сите прашања поврзани со обработката на личните податоци.
[2] Доколку субјектот на лични податоци смета дека обработката на личните податоци за целите наведени во член 29, од страна на Триглав Осигурување Живот АД, Скопје не е во согласност со одредбите на Законот за заштита на личните податоци, или пак
смета дека е повредено некое право за заштита на личните податоци, има право да поднесе барање за утврдување на
прекршување на прописите за заштита на личните податоци до Агенцијата за заштита на личните податоци како надлежен орган
за вршење на надзор над законитоста на преземените активности при обработката на личните податоци на територијата на
Република Северна Македонија.
Член 32: ПРЕНОС НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ
[1] Триглав Осигурување Живот АД, Скопје е дел од Групацијата Триглав. Личните податоци на субјектите на лични податоци се пренесуваат во рамките на Групацијата, односно во матичното
друштвото Заваровалница Триглав каде што личните податоци се обработуваат само за цели на чување. При вршење на преносот на личните податоци се обезбедува високо ниво на технички и организациски мерки за обезбедување на тајност и заштита на личните податоци. Исто така, во рамките на Групацијата Триглав се обезбедуваат сите неопходни заштитни мерки за
обезбедување на тајност и заштита на личните податоци преку стандардни клаузули за заштита на личните податоци кои се
одобрени од страна на Европската комисија. Сите дополнителни информации во однос на заштитните мерки може да се добијат со поднесување на барање по пошта на следната адреса: „xxx.0-ми Септември“ бр.18 кат2, 1000 Скопје“ со назнака за Офицерот за
заштита на лични податоци или преку електронска адреса
Член 33: ОБРАБОТКА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА ЦЕЛИ НА ДИРЕКТЕН МАРКЕТИНГ
(1)Личните податоци за цели на директен маркетинг, Триглав Осигурување Живот АД, Скопје ги обработува само врз основа на изречна согласност за обработка на личните податоци за цели на директен маркетинг кои ги врши Триглав Осигурување Живот АД, Скопје или поврзаните друштва од рамките на Групација Триглав во Република Северна Македонија за своите услуги и услугите на поврзаните друштва од рамките на Групација Триглав во
Република Северна Македонија.
(2)Согласноста за обработка на личните податоци за цели на директен маркетинг може да се повлече во секое време,
бесплатно, со писмено барање (доставено на следната
електронска адреса: xxxxxx.xx@xxxxxxxxxxxx.xx, или по пошта до Триглав Осигурување Живот АД, Скопје, бул.„8-ми Септември“бр.18 кат2, 1000 Скопје, со назнака “Офицер за
заштита на лични податоци”).
Член 34.ЗАШТИТА НА ПОТРОШУВАЧИ
(1)Во случај кога договорувачот, осигуреникот, односно
корисникот на осигурувањето смета дека осигурувачот не се
придржува кон одредбите од договорот за осигурување, истиот може да достави претставка со цел вонсудско решавање на
настанатиот спор до:
1. 1)Соодветна организациона единица надлежна за решавање на спорови меѓу договорни страни во рамките на друштвото за
осигурување;
2. 2)Служба за внатрешна ревизија во друштвото за осигурување;
3. 3)Организација за заштита на потрошувачи, и
4. 4)Агенција за супервизија на осигурување
(2)Заемната согласност помеѓу осигурувачот и подносителот на претставката постигната во вонсудска постапката ќе биде во форма на меѓусебна спогодба.
(3) Осигурувачот е должен да го почитува принципот на доверливост на информациите кои се достапни во процесот на постапување со претставките.
Член 35: ВОНСУДСКО РЕШАВАЊЕ НА СПОРОВИТЕ
(1) Страните се согласни дека сите спорови што ќе произлезат од Договорот за осигурување, ќе се обидат да ги решаваат вонсудски на мирен начин.
(2) Договорувачот и осигуреникот, како и други лица на кои се однесува осигурувањето, се обврзуваат дека неодложно во писмена форма ќе го известат осигурувачот за сите спорни прашања, приговори и недоразбирања кои се однесуваат на Договорот за осигурување на живот.
(3) Приговорите од ст(.2) на овој член осигурувачот ќе ги проследи до Комисија за решавање на претставки на друштвото, која е должна во однос на истите да одлучи и писмено да се произнесе во рок од 30 (триесет) дена од приемот на приговорот.
(4) Во случаите кога договорувачот, осигуреникот и корисникот на осигурувањето сметаат дека осигурувачот не се придржува кон одредбите од Договорот за осигурување, можат да поднесат претставка до органот надлежен за вршење на надзор на осигурувачот-Агенција за супервизија на осигурување. Исто така овие лица, можат до Агенцијата за супервизија на осигурување да поднесат приговор односно жалба во писмена форма против целокупното работење на Друштвото за осигурување.
Член 36: НАДЗОР НАД ДРУШТВОТО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ
(1) Надзорно тело надлежно за надзор на осигурителното друштво е Агенцијата за супервизија на осигурување.
Член 37: ИЗЈАВА ЗА ИНФОРМИРАНОСТ
(1) Договорувачот на осигурувањето/осигуреникот (или двајцата осигуреници кај заемното осигурување) со потписот на понудата изречно потврдуваат дека при склучувањето на Договорот за осигурување писмено се известени од страна на осигурувачот за сите податоци согласно членовите 49 и 50 од Законот за супервизија во осигурувањето и дека пред склучувањето на осигурувањето им е оставено разумно време за донесување на конечна одлука за склучување на Договорот за осигурување. Согласно ова, договорувачот/осигуреникот (или двајцата осигуреници кај заемното осигурување) со потписот на понудата потврдуваат дека се известени и за правото за поднесување на жалба.
Член 38: ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ
(1) Во случај на судски спор, надлежен е стварно и месно надлежниот суд на Република Северна Македонија, во седиштето на осигурувачот.
(2) За односите меѓу осигурувачот и договорувачот кои не се уредени со овие Општи услови се применуваат позитивните законски одредби.
(3) Осигурувачот ќе го известува договорувачот за сите промени во согласност со законските прописи.
(4) Договорувачот е должен без одлагање да го извести осигурувачот за секоја промена на своето име или презиме, односно назив на фирмата доколку договорувачот е правно лице, како и за адресата на фактичкото живеалиште, односно седиште на фирмата, доколку договорувачот е правно лице.
(5) Овие Општи услови влегуваат во сила од моментот на нивното усвојување, а ќе се применуваат од 01.05.2021 година