Број на оглас:78/2013 ДЕЛ I:ДОГОВОРЕН ОРГАН
ОГЛАС ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ЈАВНА НАБАВКА
Број на оглас:78/2013 ДЕЛ I:ДОГОВОРЕН ОРГАН
I.1) Податоци за договорниот орган
I.1.1) Назив на договорниот орган:Јавно сообраќајно претпријатие СКОПЈЕ
I.1.2) Адреса:бул. X.Xxxxxxxxxx 10
I.1.3) Град и поштенски код:Скопје 1000
I.1.4) Интернет адреса:xxx.xxx.xxx.xx
I.1.5) Лице за контакт:Xxxxxxx XxxxxxxxxxxXxxxxx на е- пошта:valbona@jsp.com.mkТелефон/Факс:02/3122-635/3174266
I.1.6) Дополнителни информации и тендерската документација може да се добијат: На горната адреса
I.2) Категорија на договорен орган, негова главна активност или дејност:
Јавни претпријатија, акционерски друштва и друштва со ограничена одговорност од опфатени дејности-Друго
ДЕЛ II: ПРЕДМЕТ НА ДОГОВОРОТ ЗА ЈАВНА НАБАВКА
II.1) Предмет на договорот за јавна набавка:
Услуга за вршење на надзор над изградба на Панорамско тркало со придружни објекти и мост во централното градско подрачје на Скопје - Мал Ринг и вршење технички преглед на градба
II.1.1) Проценета вредност без ДДВ:7400000,00 ден.
II.2) Вид на договорот за јавна набавка:Услуги - Категорија на услуга: бр.12
Архитектонски услуги; инженерски услуги и интегрални инженерски услуги; услуги за просторно планирање и инженерски услуги за уредување на земјиштето; поврзани научни и технички советодавни услуги; услуги за технички испитувања и анализа
Место на испорака на стоките или извршување на услугите, или локација на извршување на работите:
Скопје - Мал Ринг, К.П.13677/1 во К.О Центар 1
II.3) Дали договорот е од опфатените дејности (секторски договор):Транспорт
II.4) Дали постапката ќе ја спроведе Централно тело: Не
II.5) Групна набавка:Не
II.6) Подетален опис на предметот на договорот за јавна набавка:
Подетален опис е даден во Тендерската докуметација -Техничката спецификација
II.7) Референтна номенклатура за доделување на договор за јавна набавка (ОПЈН):
II.8) Дали предметот на набавката е делив:Не
II.9) Рамковна спогодба:Не
II.10) Дозволено е поднесување на алтернативни понуди:Не
II.11) Времетраење на договорот:
Период во месеци: 61
ДЕЛ III: ПОСТАПКА
III.1) Вид на постапка:Отворена постапка
III.2) Постапката за доделување на договор за јавна набавка ќе биде со скратени рокови: Не
III.3) Критериум за доделување на договор за јавна набавка:Најниска цена
III.4) Дали постапката за доделување на договор за јавна набавка ќе биде со користење на електронски средства?Не
III.5) Дали ќе се користи електронска аукција?Да Дополнителни информации во врска со електронската аукција:
Подетални информации за користењето на електронски средства: За да можете да учествувате на електронската аукција, потребно е да се регистрирате во ЕСЈН. Економскиот оператор се регистрира во ЕСЈН со пополнување на регистрациска форма која е составен дел од ЕСЈН, по што ЕСЈН автоматски ги обработува податоците од регистрациската форма, генерира шифра и истата ја доставува на регистрираната електронска пошта на економскиот оператор. Повеќе информации за начинот на регистрација и користење на системот ќе најдете во Прирачникот за користење на ЕСЈН наменет за економски оператори, кој можете да го преземете од почетната страна на ЕСЈН во делот „Економски оператори“.
1.4.4 Подетални информации за електронската аукција: Договорниот орган ќе користи електронска аукција како последна фаза во отворената постапка. Предмет на електронската аукција е вкупната цена вклучувајќи ги сите трошоци и попусти, без ДДВ. Почетна цена на електронската аукција е најниската цена од прифатливите понуди подн
ДЕЛ IV: ПРАВНИ,ЕКОНОМСКИ,ФИНАНСИСКИ И ТЕХНИЧКИ ИНФОРМАЦИИ
IV.1) Гаранции и авансно плаќање
IV.1.1) Гаранција на понудата:Да [1,00%]
IV.1.2) Изјава за сериозност:Не
IV.1.3) Гаранција за квалитетно извршување на договорот:Да [10,00%]
IV.1.4) Авансно плаќање:Не
IV.1.5) Здружување на група економски оператори во соодветна правна форма заради извршување на договорот (по извршен избор на најповолна понуда):Да
IV.2) Критериуми за утврдување на способност на понудувачот или кандидатот
IV.2.1) За докажување на личната состојба, економскиот оператор треба да ги достави следниве документи:
- изјава на економскиот оператор дека во последните пет години не му била изречена правосилна пресуда за учество во злосторничка организација, корупција, измама или перење на пари
- потврда дека не е отворена постапка за стечај од надлежен орган
- потврда дека не е отворена постапка за ликвидација од надлежен орган
- потврда за платени даноци, придонеси и други јавни давачки од надлежен орган од земјата каде што економскиот оператор е регистриран
- потврда од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица дека не му е изречена споредна казна забрана за учество во постапки за јавен повик, доделување на договори за јавна набавка и договори за јавно-приватно партнерство
- потврда од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица дека не му е изречена споредна казна привремена или трајна забрана за вршење на одделна дејност
- потврда дека со правосилна пресуда не му е изречена прекршочна санкција - забрана за вршење на професија, дејност или должност, односно привремена забрана за вршење одделна дејност
IV.2.2) Способност за вршење професионална дејност на економскиот оператор:
- Документ за регистрирана дејност
-Економскиот оператор е должен да достави документ за регистрирана дејност како доказ дека е регистриран како правно лице за вршење на дејноста поврзана со предметот на договорот за јавна набавка или доказ дека припаѓа на соодветно професионално здружение согласно прописите на земјата каде што е регистриран и
- Лиценца Б за надзор над изградба на градби согласно Законот за градење („Службен весник на Република Македонија“ Бр. 130/09, 124/10, 18/11, 36/11, 54/11, 13/12, 144/12 и 25/13), заверена копија.
IV.2.3) Економска и финансиска состојба на економскиот оператор:
Потребни документи за докажување на економската состојба на економскиот оператор:
•Вкупни реализирани надзорни објекти со инвестициона вредност минимум 35 000 000,00 Евра на економски оператор во последните три финансиски години .
•Минимален вкупен годишен приход од минимум 4.000.000,00 денари за последните 3 години, за секоја година поединечно.
Минимум критериуми за утврдување на економската и финансиската состојба на економскиот оператор:
-Референтна листа со доказници уредно заверени за надзор на изградба на објекти, со вредности, датуми и договорни органи со инвестициона вредност минимум 35 000 000,00 Евра во последните три финансиски години и потврди од договорни органи каде вршел надзор .
- Извештај за биланс на состојба и xxxxxx на успехот за последните три години(2010г.,2011г. и 2012г);
IV.2.4) Техничка или професионална способност на економскиот оператор:
Потребни документи за докажување на техничката или професионалната способност на економскиот оператор:
- Економскиот оператор да има извршено работи од ист вид на услуги во последните три години, со вредност поголема од минимум 3.000.000,00 денари, за секоја година поединечно;
- Ангажиран технички персонал, без оглед на тоа дали тие непосредно му припаѓаат на понудувачот за извршување на работите предмет на набавката, и то тоа најмалку:
а) Еден дипломиран Електро инженери со Овластување Б за надзорен инженер, б) Дипломиран инженери Архитект со Овластување Б за надзорен инженер,
в) Еден дипломиран Градежен инженер со Овластување Б за надзорен инженер, г) Еден дипломиран Машински инженер со Овластување Б за надзорен инженер,
д) Xxxx Xxxxxxxx инженер со – хидро смер со Овластување Б за надзорен инженер,
- Да одреди Xxxxxx надзорен инженер, кој воедно ќе биде и одговорно и задолжено лице за реализација на договорот,
Минимум критериуми за утврдување на техничката и професионалната состојба на економскиот оператор:
- Референтна листа на исти услуги кои се извршени во последните три години;
•Економскиот оператор треба да има на располагање заверени договори од понудувачот и потврди од нарачателите, односно примателите за задоволително извршување на услугите на најмалку 3 (три) реализирани договори за изведени исти или слични услуги во последните 3 години, од кои минимум еден потпишан и реализиран договор за извршена иста или слична работа во последните три години со вредност не помала од 1.000.000,00 денари;
- Ангажиран технички персонал, без оглед на тоа дали тие непосредно му припаѓаат на понудувачот и тоа:
•Економскито оператор да има на располагање М1/М2 обрасци за најмалку 6(шест) постојано вработени од кои: најмалку 1 градежен и 1 архитектонски инженери со овластување Б за надзорен инженер од област “градежништво“, 1 (еден) градежен инжинер без овластување, 1 (еден) електро-инжиер со овластување Б за надзорен инжинер од област електротехника, 1 (еден) геодетски техничар и 1 (еден) машински инжинер со овластување Б за надзорен инжинер од област машинство,
-Техничка опременост и оспособеност на понудувачот, како и за други потенцијали со кои тој располага за извршување на конкретните услуги:
•понудувачот да има на располагање соодветен доказ дека има во сопственост најмалку едно патничко возило, не постаро од 7 години
IV.2.5) Стандарди за системи за квалитет:
Не
IV.2.6) Стандарди за управување со животна средина:
Не
ДЕЛ V: АДМИНИСТРАТИВНИ ИНФОРМАЦИИ
V.1) Услови за добивање на тендерска документација и дополнителни документи:
V.2) Услови за доставување на понудите или пријавите за учество
V.2.1) Понудите да се достават најдоцна до: 04.02.2014 во 12.00 часот
V.3) Период на важност на понудата: 90 денови
V.4) Услови за отворање на понудите
Јавното отворање на понудите ќе се одржи на денот и во часот определен како краен рок за доставување на понудите и на следното место:
04.02.2014 во 12.00 часот Место: Дирекција на ЈСП - СКОПЈЕ
V.5) Дополнителни информации
Контакт тел./факс за асминистративни прашања 00389 2 3122-635, електронска пошта xxxxxxxxxxxx@xxx.xxx.xx, интернет адреса : xxx.xxx.xxx.xx.
Лице за контакт за технички прашања кај договорниот орган е Ѓоргија Xxxxxxxxxxx, телефон 00000 0 0000-000 и 00000 0 0000-000 лок.152, електронска пошта xxxxx@xxx.xxx.xx.
V.6) Датум на објава: 30-12-2013