Contract
УСЛОВИ ЗА ОСИГУРУВАЊЕ НА МАШИНИ ОД КРШЕЊЕ И ОД НЕКОИ ДРУГИ ОПАСНОСТИ
ПРЕДМЕТ НА ОСИГУРУВАЊЕ
Член 1
(1) Предмет на осигурување од опасности наведени во член 3 од овие Услови може да бидат ствари и тоа:
1) машини;
2) машински уреди;
3) електрични уреди и нивно полнење, доколку вредноста на полнењето е содржана во вредноста на осигурените ствари;
4) апарати и
5) инсталации, заедно со основата, лежиштето и темелот, доколку нивната вредност се содржи во вредноста на монтажата.
(2) Ако одделно се договори, предмет на осигурување можат да бидат и:
1) далноводи;
2) кабловски водови со висок напон;
3) цевководи, гасоводи, нафтоводи и топловоди;
4) водоводна канализациона мрежа;
5) котловските постројки - комплет и уреди за горење;
6) компресори со компресорска станица;
7) трафостаници;
8) инсталации и централно греење;
9) основи, лежишта и темели кога нивната вредност не се содржи во вредноста на осигурената ствар од став 1 на овој член;
10) багери во рудниците (површински коп);
11) метални силоси и слични метални конструкции;
12) антенски столбови;
13) дупчалки и тешки шипки, работни шипки, армирани свитливи цевки за плакнење под висок притисок, премини и стабилизатори на дупки;
14) ленти, синџири и јажиња на транспортни уреди;
15) валците на валалничните станови;
16) маслото на осигурените турбини и полнење на електрични уреди (масла за трансформатори и сл.);
17) крупен алат и
18) електронски сметачи.
(3) Со договорот за осигурување можат да бидат опфатени сите машини (групно) или само одделни машини.
(4) Осигурени се само оние ствари кои се означени во полисата.
СТВАРИ КОИ НЕ МОЖАТ ДА БИДАТ ПРЕДМЕТ НА ОСИГУРУВАЊЕ
Член 2
Предмет на осигурување неможат да бидат па ни во случај кога нивната вредност се содржи во вредноста на осигурената ствар:
1) сите видови алат кои служат за обработка на материјалот:
- со симнување на струготини (ножеви, глодала, сврдла, пили, камења за точење и сл.);
- со сечење (ножеви, сечиво на ножици и сл.);
- со деформација и лиење (матрици, кокили, калапи и сл.;
- круната од алат за дупчње на дупки.
2) алат за стегање, доколку не е составен дел на машина или ако според важечките прописи не се сметаат за основни средства;
3) делови на машини што служат за кршење и ситнење (кугли на млиновите, ударни чекани и плочи на мелници, вилични плочки на каменокршачки и сл.);
4) работни елементи на земјоделски машини, ралници, дискови, клинови на брани, ножеви, мотики и сл.;
5) делови на машини изложени на непосредно термичко влијание (разорување): облоги на садови, пламеник на горилникот, решетки на ложишта, електроотпорни греачи, електроди на индустриски печки, садови за топење и пренесување на растопениот метал и сл.;
6) делови на машини изложени на забрзано трошење и периодична замена: сита, релјефни и други заменливи облоги, заменлици облоги на валци, облоги на гребени - чешли, свитливи цевки, ремени, четки, влошки на филтер платна, средства за термичка изолација, делови на спојници (гумени прстени, ламели и сл.) преносливи кабли и сл.;
7) ленти, синџири и јажиња, освен кај транспортните уреди за кои, со примена на клаузулата 401 се предвидува можност за посебно договарање;
8) сигурносните елементи со еднократно дејство, освен катодни одводници;
9) експлоатационен (погонски) материјал: гориво, мазиво, разладни средства, средства за чистење и сл.;
10) катализатори.
ОСИГУРЕНИ ОПАСНОСТИ (РИЗИЦИ)
Член 3
(1) Со осигурувањето се дава осигурителна заштита од оштетување или уништување на осигурените ствари од незгода во погонот, под која се подразбираат настаните што се случуваат непредвидено и одненадеж во врска со користење на осигурената ствар, и тоа:
1) грешка во материјалот, изработката и конструкцијата;
2) непосредно дејство на електрична енергија при појава на куса врска, пренапон и електричен лак;
3) распаѓање поради дејство на центрифугална сила;
4) недостаток на вода во парни котли и апарати со пареа, освен во случаите во кои следи експлозија;
5) мраз, притисок на мраз или снег или непосредно движење на мразот;
6) надпритисок или подпритисок (имплозија);
7) откажување (затајување) на уредите за заштита и регулирање, како и на елементите за автоматско управување со кои машината е опремена;
8) неспретност, невнимание или лоша намера на работниците или некое друго лице;
9) поради паѓање на осигурени ствари, удар или навлегување на страно тело (предмет) во осигурениот предмет;
10) заглавување во текот на дупчење во дупки.
(2) Со осигурувањето по овие Услови не се дава осигурителна заштита од ризиците што не се наведени во став 1 од овој член, како и:
1) од основни и дополнителни ризици кои се опфатени со Условите за осигурување од опасност од пожар и од некои други опасности;
2) провална кражба и разбојништво, штетно дејство на нуклеарна енергија, ерупции, освен истражни ерупции, доколку тоа посебно се договори;
3) поради недостатоци или грешки кои постоеле во моментот на склучувањето на осигурувањето, а овие недостатоци или грешки биле или морале да му бидат познати на осигуреникот;
4) непосредни последици на трајни хемиски термички, механички, атмосферски и други влијанија и услови за
сместување и работа оксидации, стареење, корозија, зрачење, прекумерни вибрации и сл.
5) последици од сите видови на трошење, абење, ерозија, кавиттација и сл.;
6) прекумерни наслаги на рѓа, каменец на котловите, талог, тиња и сл., па и кога поради тоа настанало уништување или оштетување на осигурените ствари;
7) преоптовареност на машините, машинските и електрични уреди, апарати и инсталации преку границите на нивните проектни параметри;
8) ставање во погон пред конечната поправка;
9) монтирање и пробно испитување на новите ствари;
10) динамично вртење на ротациони делови на машините, ротори, турбини, генератори и сл., доколку посебно не се договори;
11) повреда на техничките и други прописи и упатства за техничка експлоатација на осигурените ствари, како и заштитни мерки.
(3) Осигурувачот исто така не е во обврска:
1) за посредни штети настанати во врска со осигурениот случај: загуба на заработувачка, xxxxxxx, казни и сл.;
2) за штети за кои по законските прописи или по договорот одговара производителот, односно испорачателот на стварите. Ако производителот односно испорачателот ја оспорува одговорноста, а штетата е предизвикана со незгода во погонот, одредена во член 3 од овие Услови, осигурувачот ќе му исплати надомест на договорувачот на осигурувањето, а потоа до износот на исплатениот надомест ќе стапи во сите права на осигуреникот спрема производителот, односно испорачателот.
(4) За трошоците за демонтирање и ремонтирање, кои се направени со цел за редовен преглед или одржување за осигурените ствари (периодични поправки замени на истрошените делови), па и кога во тој случај ќе се утврди оштетување на осигурената ствар од осигурениот ризик на осигурената опасност. Надоместот во овој случај ќе ги опфати само трошоците за поправка или замена на оштетените делови кои не биле предвидени за периодична поправка односно замена. Осигурувачот е во обврска да дава осигурителна заштита од опасностите од став 1 од овој член и на осигуреното постоље, лежиштето или на осигурените машини само ако оштетувањето на истите е последица од оштетување или уништување на машината од опасностите покриени со овие Услови.
(5) Ако посебно се договори осигурувачот е во обврска да даде осигурителна заштита од оштетување или уништување на стварите осигурени по овие Услови од опасноста ерупција која би настанала при опитно дупчење.
ВАЖНОСТ И МЕСТО НА ОСИГУРУВАЊЕТО
Член 4
(1) Стварите што се предмет на осигурување се осигурени на местото означено во полисата и за време:
1) кога се монтирани и готови за работа;
2) кога се наоѓаат во работа;
3) кога се дадени под наем или на послуга, доколку работат во услови и служат на намената за која се проектирани и градени;
4) кога се демонтираат и ремонтираат поради преместување или поправки, како и за времетраење на поправката на местото на користење на осигурените ствари или во работилници на осигуреникот, под услов преместувањето или поправката да ги обавуваат работници на осигуреникот;
5) кога заради проверка на исправноста, поправка или преместување, превезуваат, но само во границите на микролокацијата на погонот и најмногу до 15 км надвор од границите на микролокацијата.
(2) Стварите се осигурани и кога во целост се преместени на друго место на подрачјето на Републиката.
(3) Не се осигурани стварите за време додека се наоѓаат на изложба и саем.
ВРЕДНОСТА НА ОСИГУРЕНАТА СТВАР
Член 5
Вредноста на осигурената ствар, доколку поинаку не се договори, е вредноста на новата ствар намалена за износот на проценетото амортизирање (техничко и економско).
УТВРДУВАЊЕ НАДОМЕСТОК ОД ОСИГУРУВАЊЕТО
Член 6
(1) Висината на надоместокот од осигурувањето се утврдува:
1) во случај на уништување на стварите - според вредноста на осигурената ствар (член 5) во време на настанувањето на осигурениот случај, намалена за вредноста на остатоците;
2) во случај на оштетување на стварите - во висина на трошоците за поправка во време на настанување на осигурениот случај, намалени за износот на проценетото амортизирање, доколку поинаку не е договорено и за вредноста на остатоците.
Ако трошоците за поправка на една ствар се поголеми од вредноста на осигурената ствар, ќе се постапи како таа ствар да е уништена и надоместокот ќе се пресмета според точка 1 од овој став.
Поголемите трошоци за поправки настанати поради прекувремено, неделно, празнично и ноќно работење, се надоместуваат само ако е тоа посебно договорено.
(2) Поголемите трошоци за отстранување на штетата (со поправка или замена на осигурените ствари со нови) настанати поради извршени измени, подобрувања или усовршувања, паѓаат на товар на осигуреникот.
(3) Осигурувачот не е во обврска да ги надомести сите осигурени ствари (машини), ако оштетениот односно уништениот дел не може да се поправи или набави поради тоа што осигурената ствар е набавена во странство или повеќе не се произведува. Осигурувачот е во обврска само до вредноста на оштетениот односно уништениот дел на осигурената ствар која се утврдува со процена на сразмерно учество на вредноста на оштетениот или уништениот дел на осигурената ствар во вредноста на целата осигурена ствар или со споредување со истовидни, односно слични делови на стварта.
(4) Штетите на осигуреното полнење на електричните уреди и маслото на парните турбини се надоместуваат во сразмери одредени врз основа на пропишаниот век на траење и времето на употреба на полнењето, и под услов оштетувањето на истиот да е последица од оштетувањето на машината од опасностите опфатени со овие услови.
(5) Трошоците за земјени работи, вклучувајки го и асфалтирањето кај каблови и цевководи, како и трошоците за изнаоѓање на местото на оштетување на далекуводите, кабловите и цевководите се надоместуваат доколку е тоа посебно договорено.
(6) Ако сумата на осигурувањето е помала од вредноста на стварите во почетокот на соодветниот период на осигурување (подосигурување), штетата ќе се надомести сразмерно помеѓу сумата на осигурувањето и вредноста на осигурените ствари (член 5).
(7) Во секој штетен настан - осигурен случај, пресметаниот надомест од осигурувањето се намалува за 10% (франшиза) но најмалку во денарска противвреднсот од 250 ЕУР на денот на настанување на штетниот настан според средниот курс на Народна банка на Македонија, ако поинаку не е договорено.
НАДОМЕСТОК НА ТРОШОЦИТЕ
Член 7
(1) На име трошоци направени за расчистување во врска со настанатиот осигурен случај на осигурената ствар, осигурувачот
ги надоместува неопходните издатоци за расчистување и чистење на осигурената ствар.
(2) Осигурувачот ги надоместува неопходните трошоци предизвикани со разумен обид на осигуреникот, кога ќе настапи осигурен случај, преземе мерки заради отстранување и смалување на штетните последици од настанување на осигурениот случај.
(3) Неопходните трошоци за отстранување на непосредните опасности од настанувањето на осигурениот случај и ограничување на неговите штетни последици, направени во согласност со осигурувачот, се надоместуваат и кога со надоместокот на штетата се преминува сумата на осигурување, односно вистинската вредност на осигурените стври.
(4) Осигурувачот не е во обврска да ги надомести трошоците настанати на отстранување на причината на штетата.
(5) Во случај на подосигурување, трошоците за отстранување и намалување на штетата се надоместуваат во ист сразмер како и надоместокот на штетата, освен кога тие трошоци се направени по налог на осигурувачот.
ВАЖНОСТ НА ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ОСИГУРУВАЊЕ НА ИМОТИ
Член 8
На осигурувања склучени според овие Услови се применуваат и Општите услови за осигурување на имоти доколку не се во спротивност со овие Услови.
ПРАВНА ПОУКА
Член 9
Осигуреникот има право до Министерството за финансии како надлежен орган за супервизија на друштвото за осигурување, да достави жалба во однос на друштвото.
ОДРЕДБИТЕ КОИ ПОСЕБНО СЕ ДОГОВАРААТ И ЗАДОЛЖИТЕЛНО СЕ ВНЕСУВААТ ВО ПОЛИСАТА ЗА ОСИГУРУВАЊЕ СЕ ИСКАЖАНИ НИЗ СЛЕДНИТЕ КЛАУЗУЛИ:
I. ОПШТИ КЛАУЗУЛИ
102. Акумулаторски стационарни батерии.
Договорувачот на осигурувањето е обврзан да одреди стручно лице кое ќе се грижи за акумулаторските батерии.
Договорувачот на осигурувањето е обврзан да се придржува на Упатството од производителот при одржувањето на батериите. Ако договорувачот на осигурувањето повреди една од тие обврски, осигурувачот нема да биде во обвска да надомести дел од штетата која е причинета поради непридржување на овие обврски.
Ако во време на настанување на осигурениот случај постои договор за одржување, ќе се смета дека наведените обврски се извршени, а осигурувачот може да го користи правото на регрес од одржувателот на батериите, доколку не ги извршил обврските преземени со договорот за одржување.
103. Масленото полнење на турбината
104. Исклучување на штети поради тиња и поплавување кај хидро-електрани
Не се надоместуваат штети на осигурените ствари што би настанале од поплавување или од тиња настанати поради кршење на цевниот вод со висок притисок.
105. Вклучување на штета поради тиња и поплавување кај хидро-електрани.
Со осигурувањето на цевниот вод се покриени штети врз него и неговата основа. Со осигурувањето е покриена и штета на осигурените ствари од поплавување и од тиња, ако таа штета е во
причинска врска со штетата на цевниот вод со висок притисок која е покриена со осигурувањето.
106. Изотопи
Ако некоја од осигурените ствари работи со изотопи, тогаш осигурувачот ќе биде во обврска за штети што на осигурените ствари ќе настанат од изотопите како последица на некоја штета покриена со осигурување во смисла на договорените услови на осигурувањето.
Исто така, се надоместуваат и трошоците за деконтаминирање на осигурените ствари.
II. КЛАУЗУЛА ЗА РЕВИЗИЈА НА МАШИНИ И УРЕДИ
201. Ревизија на инсталациите на парните, гасните и хидротурбините
Во интерес за спречување на штети, договорувачот на осигурувањето - без оглед на почетокот на осигурителната заштита, должен е на свој трошок да врши редовно одржување, ревизија - периодичен преглед и ремонт во сообразност со прописите и упатствата за технички мерки на погонот и одржување на електро-енергетските постројки според: правилникот за техничките мерки за заштита на електро- енергетските инсталации, како и писмените упатства за погон, одржување, ревизија и ремонт што ги даваат производителите на уредите и постројките.
Доколку договорувачот на осигурувањето повреди некои од наведените обврски, па поради нивно пропуштање се оствари осигурен случај, тогаш осигурувачот нема да биде должен таквата штета да ја надомести.
Договорувачот на осигурувањето е должен на осигурувачот благовремено да му го пријави вршењето на ревизијата.
Осигурувачот може на свој трошок да испрати стручно лице кое ќе присуствува на ревизијата.
202. Ревизија на електричните мотори за наизменична струја со снага поголема од 750 KW во двополна изведба или повеќе од 1000 KW во четири или повеќеполна изведба.
Во интерес за спречување на штети договорувачот на осигурувањето - без оглед на почетокот на осигурителната заштита - должен е на свој трошок да врши редовно одржување, ревизија, периодични прегледи и ремонт во сообразност со прописите за технички мерки за погон и одржување на електро- енергетски постројки. Правилникот за технички мерки за заштита на електро - енергетските постројки, како и писмените упатства за погон, одржување, ревизија и ремонт што ги дава производителот на уредите и постројките од овој вид.
203. Ревизија на мотори за еднонасочна струја со обртни моменти поголеми од 1 Мрм. како и на главниот и помошниот погон за еднонасочна струја во валавниците.
Во интерес за спречување на штети договорувачот на осигурувањето - без оглед на осигурителната заштита - должен е на свој трошок да врши ревизија на главниот и помошниот погон во валавниците, како и моторите за еднонасочна струја, а во согласност со прописите и Правилникот за технички мерки за погон и одржување на постројките од овој вид и спрема писмените упатства за погон, одржување, ревизија и ремонт што ги дава производителот на овие уреди.
Договорувачот на осигурувањето е должен на осигурувачот благовремено да ја пријави ревизијата. Осигурувачот може на свој трошок да испрати стручњак кој ќе присуствува на ревизијата.
Ако договорувачот на осигурувањето повреди некоја од наведените обврски, па поради пропуст на истите се оствари осигурен случај, тогаш осигурувачот не може да биде во обврска да ја надомести таквата штета.
204. Ревизија на преси со грејни плочи во дрвна индустрија и индустрија за гумени производи.
Во интерес за спречување на штети, договорувачот на осигурувањето редовно и во согласност со упатствата на производителот, ќе врши на свој трошок и испитување на пресите со помош на соодветен стручњак, кој ќе го именува самиот, како би се утврдило евентуалното нивно оштетување.
Ангажираното стручно лице по извршеното испитување ќе го извести писмено договорувачот на осигурувањето за состојбата и сигурноста на испитаните грејни плочи.
Ангажираното стручно лице притоа ќе го одреди датумот за следното испитување.
Договорувачот на осигурувањето е должен благовремено да го извести осигурувачот за испитувањето на пресите. Осигурувачот може на свој трошок да испрати свое стручно лице кое ќе присуствува при испитување на пресите.
205. Ревизија на подводни пумпи
Договорувачот на осигурувањето е во обврска, во согласност со упатствата на производителот, да врши темелно освежување на подводните пумпи, за што благовремено ќе го известува осигурувачот.
Ако договорувачот на осигурувањето не се придржува на овие обврски, а поради пропуст на истите се оствари осигурен случај, осигурувачот нема да биде должен да ја надомести таквата штета.
III. КЛАУЗУЛИ ЗА БАГЕРИ ВО РУДНИЦИ - ПОВРШИНСКИ КОП
Багери во рудници
301. Кај багерите во рудници вклучени се штети од превртување, судар, удар, слизнување, урнување, паѓање или удар на некој предмет, рушење на мост и рушење на долниот строј од пругата.
IV. КЛАУЗУЛИ ЗА ОСИГУРУВАЊЕ НА АМОРТИЗИРАНАТА ВРЕДНОСТ КАЈ ДЕЛУМНИТЕ ШТЕТИ
401. Осигурување на амортизираната вредност кај лентите, синџирите и јажињата на транспортните уреди.
Не е осигурена амортизираната вредност на лентите, синџирите и јажињата на транспортните уреди. При ликвидација на штета се одбива на име амортизација проценетиот износ зависен од условите за сместување и работа како и од времето поминато во експлоатацијата.
402. Осигурување на амортизирана вредност кај валците и лежиштата на валците.
Не е осигурена амортизираната вредност кај валците и лежиштата на валците, а при ликвидација на штета се одбива износ на име амортизација во зависност од:
- проценетиот век на траење;
- изваланото количество на материјалот;
- ефективно време на работа;
- истрошеноста;
403. Осигурувањето на амортизираната вредност кај деловите што се трошат.
Кај деловите што се трошат во смисла на Условите за осигурување на машини од кршење и некои други опасности не се исклучени од осигурување, како на пример: фаќачи, лежишта, лопати за полнење и слично, делови кои поради зголемено трошење за време на работа мораат често да се менуваат, не е осигурена амортизираната-вредност, односно при ликвидација на штети се одбива соодветниот износ на име проценета истрошеност.
404. Осигурување на амортизираната вредност кај облогите на печките и обѕидот на котлите.
Не е осигурена амортизираната вредност на облогите на печките и обѕидување на котлите. При ликвидирање на штети се одбива соодветен износ на име проценета истрошеност.
405. Осигурување на амортизирана вредност кај сите клипни компресори и мотори со внатрешно согорување со снага над 147 KW (200 KS)
Не е осигурена амортизираната вреднсот на главата на цилиндерот, кошулката и цилиндерот и клиповите на моторот, односно компресорот. При ликвидирање на штети се одбива сооветен износ на име проценета истрошеност.
406. Осигурување на амортизирана вредност кај машините на гас.
Кај машините на гас, кај високите печки и гасните мотори не може да се осигура амортизираната вредност. При ликвидирање на штетите се одбива соодветен износ на име проценета истрошеност.
407.Осигурување на амортизираната вредност во угостителските објекти и кај машините и апаратите за одржување хигиена.
Не е осигурена амортизираната вредност на машини и апарати во угостителските објекти и кај машините и апаратите за одржување на хигиена.
408. Осигурување на амортизирана вредност кај разладните витрини, замрзнувачи, фрижидери и разладни комори.
Не е осигурена амортизираната вредност кај разладните витрини, замрзнувачи, фрижидери и разладни комори.
V. КЛАУЗУЛИ ЗА ИНСТАЛАЦИИ И СЛАБА СТРУЈА
501. Утврдување на вистинската вредност за рендгенските цевки и вентилите.
Вистинската вредност на рендгенските цевки и вентилите се одредува за поедини видови од овие цевки и вентили во зависност од времето на користење или бројот на вклучување спрема долу наведените таблици.
ТАБЛИЦА ЗА ОДРЕДУВАЊЕ НА ВИСТИНСКИТЕ ВРЕДНОСТИ
А. РЕНДГЕНСКИ ЦЕВКИ И ВЕНТИЛИ ЗА ДИЈАГНОСТИЧКИ АПАРАТИ
I. МИРНИ (СТАБИЛНИ) АНОДНИ ЦЕВКИ ВО ГЕНЕРАТОРИТЕ ЗА ПУМПАЊЕ
Време на користење | Стварна вредност во проценти од новата вредност |
1. | 2. |
До 24 месеци | 100% |
29 месеци | 90% |
39 месеци | 80% |
44 месеци | 70% |
49 месеци | 50% |
54 месеци | 40% |
59 месеци | 30% |
65 месеци | 20% |
72 месеци | 10% |
II. РОТАЦИОНИ АНОДНИ ЦЕВКИ ВО ГЕНЕРАТОРИТЕ ЗА ПОЛНЕЊЕ
2.Ротациони анодни цевки со пломбиран бројач на снимки | 1.Вртливи анодни цевки без бројач на снимки | ||
број на снимки | Стварна вредност во % од новата вредност | Време на користење | Остварена вредност во % од новата вредност |
1 | 2 | 1 | 2 |
До 10000 снимки | 100% | До 18 месеци | 100% |
13000 снимки | 90% | 20 месеци | 90% |
14000 снимки | 80% | 22 месеци | 80% |
17000 снимки | 70% | 24 месеци | 70% |
20000 снимки | 60% | 26 месеци | 60% |
22000 снимки | 50% | 30 месеци | 50% |
26000 снимки | 40% | 36 месеци | 40% |
30000 снимки | 30% | 42 месеци | 30% |
35000 снимки | 20% | 48 месеци | 20% |
40000 снимки | 10% | 60 месеци | 10% |
III. В Е Н Т И Л И
Време на корист ење | Ст варна вредност во процент и од новат а вредност |
1 | 2 |
До 36 месеци | 100% |
39 месеци | 90% |
42 месеци | 80% |
45 месеци | 70% |
48 месеци | 60% |
51 месеци | 50% |
53 месеци | 40% |
55 месеци | 30% |
57 месеци | 20% |
60 месеци | 10% |
Б. РЕНДГЕНСКИ ЦЕВКИ И ВЕНТИЛИ ЗА ТЕРАПЕВТСКИ АПАРАТИ
I. ДЛАБИНСКА ТЕРАПИЈА
Време на користење | Стварна вредност во проценти од новата вредност | |
1 | 2 | |
До 400 пог.часови најмногу | 18м. | 100% |
500 “ | 24м. | 90% |
600 “ | 27м. | 80% |
700 “ | 30м. | 70% |
800 “ | 34м. | 60% |
900 “ | 38м. | 50% |
1000 “ | 42м. | 40% |
1100 “ | 45м. | 30% |
1200 “ | 50м. | 20% |
1300 “ | 55м. | 10% |
II. АПАРАТИ ЗА ПОВРШИНСКА ПЛИТКА ТЕРАПИЈА СО ЗРАЧЕЊЕ
Време на користење | Стварна вредност во проценти од новата вредност |
1 | 2 |
До 24 месеци | 100% |
26 месеци | 90% |
28 месеци | 80% |
30 месеци | 70% |
32 месеци | 60% |
35 месеци | 50% |
38 месеци | 40% |
42 месеци | 30% |
50 месеци | 20% |
60 месеци | 10% |
В. ЦЕВКИ ЗА ЗАСИЛУВАЊЕ (ИЗОСТРУВАЊЕ) НА СЛИКИТЕ
Време на користење | Стварна вредност во проценти од новата вредност |
1 | 2 |
До 18 месеци | 100% |
2 месеци | 90% |
22 месеци | 80% |
24 месеци | 70% |
27 месеци | 60% |
30 месеци | 50% |
35 месеци | 40% |
40 месеци | 30% |
50 месеци | 20% |
60 месеци | 10% |
Г. РЕНДГЕНСКИ ЦЕВКИ И ВЕНТИЛИ НА АПАРАТОТ ЗА ИСПИТУВАЊЕ НА МАТЕРИЈАЛОТ
Време на користење | Стварна вредност во проценти од новата вредност | |
1 | 2 | |
До 300 пог.часови најмногу | 6м. | 100% |
380 “ | 8м. | 90% |
460 “ | 10м. | 80% |
540 “ | 12м. | 70% |
620 “ | 14м. | 60% |
700 “ | 16м. | 50% |
780 “ | 18м. | 40% |
800 “ | 20м. | 30% |
Преку 860 “ | преку 20м. | 20% |
502. Осигурување на електронски цевки за снимање и репродукција на слика кај телевизиските апарати.
503. Осигурување на кохерентни извори на свеетлина во ласерските апарати.
Осигурителната заштита се проширува на штети на кохерентните извори на светлината кај ласерските апарати.
Вистинската вредност на изворот на светлина се одредува врз основа на следната табела за амортизација на вредностите на овие извори на светлина.
ТАБЕЛА ЗА ОДРЕДУВАЊЕ СТВАРНА ВРЕДНОСТ НА ИЗВОРОТ НА СВЕТЛИНА КАЈ ЛАСЕРСКИТЕ УРЕДИ
Време на користење | Стварна вредност во проценти од новата вредност |
1 | 2 |
До 100 погонски час | 100% |
200 | 90% |
300 | 80% |
400 | 70% |
500 | 60% |
600 | 50% |
700 | 40% |
800 | 30% |
900 | 20% |
1000 | 10% |
Штетите се последица од разложување (дисоцијација) на гасовите од таложење и слично, не се покриени со осигурувањето.
504. Обем на покритие за штети на светлосните извори кај разни машини, апарати и инсталации.
Штетите на самите светлосни извори се надоместуваат само ако се во директна врска со штетите на апаратот што се покриени со осигурувањето
505. Обем на покритие за штети на комбинации од фолии кај рендгенските апарати.
508. Осигурување на канцелариски машини и апарати.
Штети на деловите на машини, апарати и инсталации што се трошат и кои редовно мора да се заменуваат, како на пример: ленти, фотоносачи, перфорирана хартија и слично, како и штети настанати под дејство на хемикалии или други погонски средства, не се покриени со осигурувањето.
509. Осигурување на апаратите за терапија со зрачење. Штетите настанати поради присуство на силни извори на зрачење не се покриени со ова осигурување.
Со ова осигурување не се покриваат штетите од грамофонските игли, магнетофонските ленти и магнетофонските глави.
601. Ерупција
Под ерупција се подразбира ненадејно и моментно избивање на исплака гас, нафта, вода и крути честички од дупките на површината, а заради поголемиот надворешен притисок од хидростатичкиот.
Покриени се штетите на осигурената опрема, што би настанале од ерупција предизвикана од неповолни геолошки услови (губење на циркулација и наидување на слоеви со неочекуван притисок). Не се покриени штетите на осигурената опрема што би настанале во јама која не е опремена според техничките прописи.
602. Осигурување на крупен алат.
1. Предмет на осигурување и обем на осигурителната заштита
1.1. Осигурувачот дава осигурителна заштита за штети на крупниот алат за изработка на делови со пластична деформација без одвојување во обем кој е даден во Условите за осигурување на машини од кршење и од некои други опасности, а исто така и во случаи кога оштетувањето на алатот ќе настапи како последица на оштетување или уништување на машината (на која е алатот монтиран) од опасностите покриени со овие услови.
1.2. Вредноста на осигурениот алат, доколку поинаку не е договорено, е цената на новиот алат намалена за износот на амортизирањето.
Можат да се осигураат само алати чија вредност е поголема од даден минимален износ. Овој износ на минимална вредност на алатот кој може да се осигура се менува во зависност од промената на цената на пазарот и се утврдува со посебна одлука на Одборот на директори на Сава Осигурување а.д Скопје.
2.1. Амортизираната вредност на алатот не може да се осигура. Во случај на пресметка на штета се одбива износ на име амортизација која се утврдува спрема:
- бројот на парчиња изработени или обработени со алат, а се однесува на вкупниот број на парчиња за кој е алатот проектиран;
- бројот на машинските часови (ефективна работа на машината) во однос на вкупниот број на часови предвидени со проектот;
- истрошеност;
- број на бришаните форми за секој алат посебно.
2.2. По изработка на предвидениот број на парчиња со проектот или со реализација на предвидениот број на часови спрема проектот, алатот се смета за потполно отпишан и како таков не може повеќе да биде предмет на осигурување, без оглед на неговата техничка состојба и употребливост.
3. За осигурување на крупниот алат важат одредбите за осигурување на машини од кршење и од некои други опасности, доколку не се во спротивност со одредбите од оваа клаузула.
4. Со оваа клаузула не се опфатени штетите кои настануваат од:
- оштетување на алатот поради истрошеност како последица на поголем број на бришење на формите;
- истрошеност на алатот и губење на мерката (котите).
5. Во текот на изработката на предвидениот број парчиња со проектот или предвидениот број работни часови со проектот, дозволено е двапати бришење и ново оформување. Секое бришење условува намалување на работното оптоварување.
6. Алатите мораат да бидат обележани, со свои броеви, а нивните технички и други податоци се внесуваат во посебна книга за евиденција - картотека во која се впишуваат и податоците за нивната работа, одржување и бришење.
603. Заглавување
Под заглавување се подразбира вклештување на алатот за дупчење во јамите. Штетите на осигурениот алат се покриени само кај заглавувањата настанати за време на работите за дупчењето. Не се покриени заштитните цевки за време на цементирањето.
Оваа Xxxxxxxx се применува за осигурување на посредни штети под услов да се настанати на имот осигурен со Полисата за осигурување на машини од кршење и од некои други опасности. Долу наведените изрази во Клаузулата го имаат следното значење:
“ПОСРЕДНА ШТЕТА” - е индиректна штета или загуба која настанува на осигурените суровини и полупроизводи. “СПЕЦИФИЦИРАН ИМОТ” - значи само имотот осигурен со Полисата за осигурување на машини од кршење и некои други опасности, наведени во Списокот-Спецификација-Прилог кон полисата.
“МЕСТО НА ОСИГУРУВАЊЕ” - значи местото на осигурување, односно просторијата на адресата означена на Списокот- Спецификација-Прилог кон полисата.
Предмет на осигурување
Покритие
Со осигурување се покриени посредни штети што ќе настанат на специфицираниот имот поради:
- оштетување или уништување на осигурениот имот од опасностите дефинирани во Условите за осигурување на машини од кршење и од некои други опасности.
Сите исклучувања на обврските на осигурувачот со Условите за осигурување на машини од кршење и од некои други опасности важат и во оваа Клаузула, освен:
- ненадејно прекинување со напојување на некој од енергентите: електрична струја ,пареа, гас, компримиран воздух, течни горива, средства за ладење и осветлување, поради што настанала штета на истите уреди и постројки со кое би се предизвикале посредни штети дефинирани со воведните одредби на оваа Клаузула.
Според оваа Клаузула не е покриена штета поради ненадеен прекин со напојување со некое од претходно наведените енергенти доколку прекинот бил најавен или постоел недостаток на тие средства на пазарот или пак поради немање на средства за нивна набавка, како и доколку прекинот на енергентите настанал поради дефект на постројките кои не се под контрола на осигуреникот.
Надомест на штета
(1) Осигурувачот е во обврска да ја надомести посредната штета доколку осигурената опрема е:
1) посебно наведена - специфицирана во списокот- спецификација на осигурени машини и постројки.
2) на “место на осигурување” посебно наведени во Список- спецификација на осигурени машини и постројки.
3) во користење или поврзана и подготвена за користење.
(2) Осигурувачот исто така е во обврска да му ги надомести на осигуреникот реалните трошоци направени од страна на осигуреникот или по налог на осигурувачот со цел да се намали или спречи посредната штета.
Сумата која осигурувачот ја надоместува за таквите трошоци е ограничена и е дефинирана во член 7 од Условите за осигурување на машини од кршење и од некои други опаности.
(3) Осигурувачот не е во обврска да му надомести на осигуреникот штета доколку осигуреникот не ги искористил сите расположиви средства и можности со цел да го заштити специфицираниот имот од загуба после незгодата. Осигурувањето е склучено на прв ризик, со напомена дека е покриена штета до цената на чинење на оштетените предмети, но најмногу до висина на сумата на осигурување на прв ризик
Ако поинаку не е договорено, осигуреникот во секоја настаната штета учествува со 20% (франшиза), овој износ се пресметува од признаената оштета.
Осигуреникот е должен:
- што е можно во покус временски период по “незгодата” да ги искористи сите расположиви средства и можности со цел да ја намали штетата делумно или во целост.
Останатата стока или друг имот како што се резервни машини, резервни делови, опрема, материјали и полуфабрикати, потоа вишоци или резервна стока која е негова сопственост или под негова контрола или може да ја набави, треба да ја искористи за брза интервенција и спасување на имотот кој што е наведен во Список-спецификацијата на осигурени машини и постројки и суровини и полупроизводи
Исто така осигуреникот е во обврска ВЕДНАШ да го извести осигурувачот за штетата настаната на суровините и/или полупроизводите.