„Грантова шема за спроведување на проекти за зголемување на конкурентноста на земјата- корисник" - EuropeAid /138495/ID/ACT/MK
„Грантова шема за спроведување на проекти за зголемување на конкурентноста на земјата- корисник" - EuropeAid /138495/ID/ACT/MK
Договорен орган:
Централно финансирање и склучување на договори (ЦФСД), Министерство за финансии на Република Северна Македонија
Приоритетна област
Лот 3: Подобрување на капацитетите на МСП за иновации, истражување и развој, соработка помеѓу јавниот, приватниот и образовниот сектор
ТЕМА НА ОБУКАТА: ОСНОВНИ МЕНАЏЕРСКИ ВЕШТИНИ
Име на проект: „Акцелератор на знаење за МСП (МЕКА)“
The project is implemented by:
03-04 Мај, 2019 година Локација: мотел Вардар, Гевгелија
ИЗВЕШТАЈ
Цел: Стекнување на дополнителни знаења и вештини со кои претприемачите ќе ги претворат своите компании во успешни и профитабилни бизниси.
Опис на настанот:
Во рамки на проектот „Акцелератор на знаења за МСП“ (МЕКА), на 03-04.05.2019 беше одржана обука на тема „Основни менаџерски вештини“. Третата обука по ред, на тема
„Основни менаџерски вештини“ предизвика голем интерес кај присутните учесници.
Првиот ден се разговараше за управувањето со проектниот циклус како и за вештините за дизајнирање и управување со проект. Комуникациски и презентациски вештини, вештини на продажба, мотивација на вработени и лидерство беа дел од темите на кои приутните учесници имаа можност да дискутираат. Вториот ден се посвети внимание на комуникациските и презентациските вештини на претприемачите.
Учесниците на обуката ја истакнаа потребата од подобра комуникација помеѓу малото стопанство и образовните институции, со оглед на тоа што се потешко локалното стопанство наоѓа стручен кадар со вештини кои одговараат на потребните на стопанството. Квалитетното и соодветно образование е темел на општествениот и економскиот развој. Исто така, усогласувањето на понудата и побарувачката на пазарот на труд, е можност за намалување и на миграцијата која се повеќе го зафаќа и југоисточниот регион, истакнаа дел од учесниците на обуката. Обуката ја одржа Д-р. Xxxx Xxxxxx.
Главна цел на проектот: Воспоставување на одржлив и ефикасен акцелератор за знаење на МСП за зголемување на капацитетите на МСП за поефикасно користење на фондовите на ЕУ.
Целни групи: Мали и средни претпријатија, микро претпријатија, бизнис асоцијации, кластери, стопански комори.
Од гледна точка на целните групи на обуката учествуваа вкупно 28 претставници на микро, мали и средни претпријатија, вклучително експерти и проектниот тим. Од нив, 19 мажи и 9 жени.
Промотивен материјал:
The project is implemented by:
Од промотивен материјал на учесниците им беше доставено папка, пенкало, лифлет, како и покана и агенда за настанот. Флипчарт, фломастери и друг потребен материјал за реализација на вежбите беа исто така достапни. Исто така од промотивен материјал достапен беше и банер со лого на проектот.
АГЕНДА
The project is implemented by:
03-04 Мај, 2019 година Локација: мотел Вардар, Гевгелија
03 мај 2019 (петок) | ||
Време | Активност/Тема | Опис на активност |
Сесија 1 | ||
12.00 – 13.00 | Ручек | |
13.00 – 13.30 | Регистрација на учесниците | |
13.30 – 14.00 | Претставување и очекувања | ▪ Претставување од страна на обучувачите ▪ Претставување на учесниците ▪ Усогласување на очекувањата на учесниците и целите на обуката ▪ Преглед на Агендата, пристап на работа и логистички прашања |
Сесија 2 | ||
14.00– 15.00 | Основни менаџерски вештини | ▪ Комуникациски и презентациски вештини ▪ Вештини на продажба ▪ Мотивација на вработени ▪ Лидерство |
Сесија 3 | ||
15.00– 16.00 | Управување со проектен циклус | ▪ Основни елементи на проект ▪ Вештини за управување со проекти ▪ Дискусија |
16.00 – 16.30 | Xxxx xxxxx | |
Сесија 4 | ||
16.30 – 17.30 | Вештини за дизајнирање и управување со проект | ▪ Анализа на ситуација и дефинирање на проблем ▪ Дефинирање на цели |
Сесија 5 | ||
17.30 – 18.30 | Вештини за дизајнирање и управување со проект (прод.) | ▪ План на активности ▪ Ланец на резултати |
Сесија 6 | ||
18.30 – 19.00 | Завршна сесија | ▪ Оценување на денот, рекапитулација на активностите ▪ Заклучоци и завршни обсервации |
19:00 | Вечера |
04 мај 2019 (сабота) | ||
Време | Активност/Тема | Опис на сесија |
Сесија 1 | ||
08.30 – 09:00 | Регистрација на учесниците | |
09.00 – 09.30 | Вовед во активностите | ▪ Консолидирање на знаење од претходниот ден ▪ Вовед во активностите |
Сесија 2 | ||
09.30 – 10.30 | Седум навики на успешни менаџери | ▪ Принцип на лична визија ▪ Принцип на лично лидерство ▪ Принцип на личен менаџмент |
Сесија 3 | ||
10.30 – 11.30 | Седум навики на успешни менаџери | ▪ Принципи на меѓусебно лидерство ▪ Принципи на емпатичка комуникација ▪ Принципи на креативна соработка ▪ Принцип на обнова |
11.30 – 12.00 | Xxxx xxxxx | |
Сесија 4 | ||
12.00 – 14.30 | Презентациски вештини | ▪ Елементи за успешна презентација ▪ Вежба за презентирање на својот продукт/услуга |
Сесија 5 | ||
14.30 – 15.00 | Завршна сесија | ▪ Заклучоци ▪ Оценување на обуката |
15:00 | Ручек |
ФОТОГРАФИИ
The project is implemented by:
ТЕМА НА ОБУКАТА:
„ОСНОВНИ МЕНАЏЕРСКИ ВЕШТИНИ“
The project is implemented by:
03-04 Мај, 2019 година Локација: мотел Вардар, Гевгелија