MUNICIPALITY OF VELES
ОПШТИНА ВЕЛЕС
MUNICIPALITY OF VELES
ОТВОРЕНА ПОСТАПКА ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ ДОГОВОР
ЗА ЈАВНА НАБАВКА НА УСЛУГИ ОД АГЕНЦИЈА ЗА ПРИВРЕМЕНО ВРАБОТУВАЊЕ НА РАБОТНИЦИ
ТЕНДЕРСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА
Општина Велес / Municipality of Veles Panko Brasnar No 1
1400 Veles, Macedonia
Tel/fax: xx000 00 000 000
e-mail: xxxx@xxxxx.xxx.xx xxx.xxxxx.xxx.xx
Инструкции за понудувачите
1. Договорен орган
Договорен орган е Општина Велес, со адреса на ул. Панко Брашнар бр. 1, телефон за контакт 043/232-406 факс
043/232-966 електронска адреса: xxxxx.xxxxxxxx@xxxxx.xxx.xx контакт лице Xxxxx Xxxxxxxx.
2. Предмет на договорот за јавна набавка
Предмет на договорот за јавна набавка е услуги од Агенција за привремено вработување на работници.
3. Рок на испорака на материјалите
(НЕ СЕ БАРА)
4. Разлики во цена (корекција на цени)
Не се предвидува корекција на цените, односно цените искажани во понудата на најповолниот понудувач ќе бидат фиксни за целото времетраење на договорот за јавна набавка.
5. Начин и рок на плаќање
(НЕ СЕ БАРА)
6. Квалитет
Носителот на набавката е должен да го искаже квалитетот на услугите во согласност со релевантните европски или меѓународни стандарди. Референтна листа 10 пени, кадровска структура 10 поени, можност за авансно плаќање на вработените 10 поени.
7. Гаранциски период
(НЕ СЕ БАРА)
8. Постпродажен период
(НЕ СЕ БАРА)
9. Критериуми за утврдување на способност на понудувачите
За да учествуваат во постапката за доделување на договор, понудувачите мора да ги исполнуваат следниве критериуми за утврдување на нивната способност:
9.1. Лична состојба
- во последните 5 години, на понудувачот да не му била изречена правосилна пресуда за учество во злосторничка организација, корупција, измама или перење пари;
- понудувачот да не е во постапка за стечај или во постапка за ликвидација;
- понудувачот да нема неплатени даноци, придонеси или други јавни давачки;
- на понудувачот да не му е изречена прекршочна санкција - забрана за вршење на професија, дејност или должност, односно привремена забрана за вршење одделна дејност, и
- понудувачот е должен да дава точни податоци и да ги доставува податоците што ги бара договорниот орган.
9.2. Способност за вршење на професионална дејност
За докажување на способноста за вршење на професионалната дејност, понудувачот треба да има на располагање документ за регистрирана дејност ДРД образец издаден од Центарлен регистар, како доказ дека е регистриран како физичко или правно лице за вршење на дејноста поврзана со предметот на договорот за јавна набавка или доказ дека припаѓа на соодветно професионално здружение согласно со прописите на земјата каде што е регистриран.
9.3. Економска и финансиска состојба
Критериум за утврдување на економската и финансиската состојба на понудувачот се:
Извештај за билансот на состојба и билансот на успех и тековна состојба на понудувачот издадени од Централен регистар на Р.М.
9.4. Техничка или професионална способност
Критериуми за утврдување на техничката или професионалната способност на понудувачот се: Xxxxxxx ‘‘А‘‘ за вршење на привремени вработувања,
Бројчана и квалификациона структура на вработениот персонал на понудувачот, технички персонал и техничка опременост.
Изјава со која понудувачот ги прифаќа условите од повикот.
10. Начин на докажување на способноста на понудувачот
Понудувачот треба да ги поседува следниве документи за докажување на својата способност, во зависност од критериумите предвидени во точка 4 од оваа тендерска документација, и тоа:
10.1. За докажување на личната состојба:
- изјава на понудувачот дека во последните 5 години не му била изречена правосилна пресуда за учество во злосторничка организација, корупција, измама или перење пари;
- потврда дека не е отворена постапка за стечај од надлежен орган;
- потврда дека не е отворена постапка за ликвидација од надлежен орган;
- потврда за платени даноци, придонеси и други јавни давачки издадени од надлежен орган;
- уверение дека со правосилна пресуда не му е изречена прекршочна санкција - забрана за вршење на професија, дејност или должност, односно привремена забрана за вршење одделна дејност.
Документите од точка 9.1 не смеат да бидат постари од 6 месеци, а се доставуваат во оригинал или копија заверена од понудувачот. Ако договорниот орган се сомнева во документите за утврдување на личната состојба на понудувачот, тој го задржува правото да побара информации директно од надлежните органи кои ги издале документите за утврдување на личната состојба.
10.2. За докажување на способноста за вршење на професионална дејност
За докажување на способноста за вршење на професионалната дејност, понудувачот треба да има на располагање документ за регистрирана дејност ДРД образец издаден од Центарлен регистар, како доказ дека е регистриран како физичко или правно лице за вршење на дејноста поврзана со предметот на договорот за јавна набавка или доказ дека припаѓа на соодветно професионално здружение согласно со прописите на земјата каде што е регистриран.
10.3. За докажување на економската и финансиската состојба:
Извештај за билансот на состојба и билансот на успех и тековна состојба на понудувачот издадени од Централен регистар на Р.М.
10.4. За докажување на техничката или професионалната способност:
Критериуми за утврдување на техничката или професионалната способност на понудувачот се: Xxxxxxx ‘‘А‘‘ за вршење на привремени вработувања,
Бројчана и квалификациона структура на вработениот персонал на понудувачот, технички персонал и техничка опременост.
Изјава со која понудувачот ги прифаќа условите од повикот.
11. Изготвување и поднесување на понудите
11.1. Начин на изготвување на понудата
Понудата се изготвува во согласност со условите предвидени во тендерската документација, со користење на оригиналните обрасци дадени во прилог. Понудувачот подготвува еден оригинален примерок со ознака „оригинал”. Понудата се пишува со неизбришливо мастило и ја потпишува одговорното лице на понудувачот. Сите страници на понудата, освен за неизменетата печатена литература, ги парафира лицето кое ја потпишува понудата. Секое пишување меѓу редовите, бришење или пишување врз претходен текст важи само доколку е парафирано од лицето кое ја потпишува понудата.
11.2. Елементи на понудата
Понудата треба да е составена од следниве елементи и според следниов редослед:
- Образец на понуда (Прилог 2),
- Изјава со која понудувачот потврдува дека ги исполнува критериумите за утврдување на способност (Прилог 3), 11.3. Јазик на понудата
Понудата, како и целата кореспонденција и документи поврзани со понудата кои се разменуваат со понудувачот, се пишуваат на македонски јазик со користење на неговото кирилско писмо. Придружните документи и печатената
литература кои се дел од понудата може да бидат на друг јазик, под услов да се придружени со точен превод на македонски јазик.
11.4. Период на важност на понудата
Периодот на важност на понудата ќе изнесува минимум 90 дена од денот на јавното отворање за чие времетраење понудата во сите нејзини елементи е обврзувачка за понудувачот. Понудите кои содржат покус период на важност од тој утврден во оваа точка од тендерската документација ќе бидат отфрлени како неприфатливи.
11.5. Запечатување на понудата
Понуда може да поднесе само понудувач кој ја има набавено тендерската документација од договорниот орган. Понудувачот го приложува оригиналниот примерок во запечатен внатрешен плик кој го содржи називот на понудувачот со целосна и точна адреса.
Внатрешниот плик се приложува во запечатен надворешен плик кој:
- е адресиран со точна адреса на договорниот орган,
- го содржи бројот на огласот,
- во горниот лев агол стои ознака „Не отварај”, да не се отвора пред времето и датумот за отворањето на понудите.
Доколку сите плика не се запечатени и обележани како што се бара, договорниот орган не презема одговорност за затурање или предвремено отворање на понудата.
11.6. Принцип на една понуда
Едно правно или физичко лице може да поднесе само една понуда, без оглед дали ја доставува поединечно или како член на група на понудувачи. Во спротивно сите понуди во кои се јавува тоа правно или физичко лице се отфрлаат.
12. Краен рок и место за поднесување на понудите
12.1. Краен рок за поднесување на понудите е 26.02.2009 година во 10,00 часот.
12..2. Понудите се поднесуваат на следнава адреса Општина Велес, ул. Панко Брашнар бр. 1, Велес.
13. Јавно отворање на понудите
13.1. Јавното отворање на понудите ќе се изврши на датумот и во часот утврдени како краен рок за поднесување на понудите на следнава локација - во просториите на Општина Велес.
13.2. Понудувачот може да има свој овластен претставник на јавното отворање на понудите, при што овластениот преставник треба на Комисијата да и предаде писмено овластување од понудувачот.
13.3. Овластените претставници на понудувачите можат да учествуваат во постапката на отворањето на понудите со давање на свои забелешки во записникот од јавното отворање на понудите
14. Критериуми за доделување на договорот
Критериуми за избор на најповолна понуда и доделување на договорот за јавна набавка се:
Цена 70 бода
Квалитет 30 бода
15. Известување на понудувачите
Сите понудувачи кои учествувале во отворената постапката за доделување на договор за јавна набавка ќе бидат писмено известени за изборот на најповолна понуда во рок од три дена од денот на донесување на одлуката за доделување на договорот за јавна набавка, а во прилог на известувањето договорниот орган ќе достави и примерок од одлуката.
16. Правна заштита
Секој понудувач кој има правен интерес за добивање на договорот за јавна набавка и кој претрпел или би можел да претрпи штета од евентуално прекршување на одредбите од овој закон, може да бара правна заштита против одлуките, дејствијата и пропуштањата за преземање дејствија од страна на договорниот орган во постапката за доделување на договор за јавна набавка, во согласност со условите и постапката предвидени со Законот за јавните набавки.
17. Технички спецификации
18. Деливост на набавката Набавката не е делива.
ПРЕДЛОГ
ДОГОВОР
Склучен на ден 02.2009 година во Велес, помеѓу следните
ДОГОВОРНИ СТРАНИ
1. Општина Велес, xx. Xxxxx Xxxxxxx бр.1, Велес, застапувана од Градоначалникот Xxx Xxxxxxxx, во понатамошниот текст како Работодавач корисник од една страна,
2. , xx.
бр.
застапувано од
Директорот во понатамошниот текст Агенција од друга страна.
ПРЕДМЕТ НА ДОГОВОРОТ:
Член 1
Предмет на овој договор е отстапување на работници, со кој Агенцијата се обврзува на Работодавачот корисник да му отстапи работници за вршење на привремени работи, а Работодавачот корисник се обврзува да и плати на Агенцијата определен надомест, согласно Член 4 и 11 од Законот за агенциите за привремени вработувања.
Агенцијата за привремени вработувања има добиено Лиценца " A " од
Министерството за труд и социјалана политика, со која може да се склучат над 250 договори .
Член 2
Агенцијата за привремени вработувања може врз основа на овој договор за отстапување на работник да отстапи работник на работодавачот корисник за вршење на привремени работи во случај на :
1. замена на привремено отсутен работник
2. привремено зголемен обем на работа
3. сезонска работа
4. работа на проект
5. специфични неконтинуирани работи кои не се дел од претежната дејност на работодавачот корисник и
6. непредвидливи краткотрајни активности што се јавуваат во вршењето на претежната дејност на работодавачот корисник
ОБВРСКИ НА РАБОТОДАВАЧОТ КОРИСНИК
Член 3
Работодавачот корисник е должен до Агенцијата да достави Барање за привремено ангажирање на работник кое ќе содржи: (назив на фирмата, работно време, опис на работното место, висина на нето плата, и други надоместоци до колку ги исплатува работодавачот, потребните квалификации кои работникот треба да ги исполнува во поглед на стручната подготовка, работно искуство, познавање на странски јазици и останати квалификации кои потенцијалните кандидати треба да ги исполнуваат)
Барањето треба да биде потпишано од одговорно лице и да биде заверено со печат.
Член 4
Работодавачот корисник е должен да ги обезбеди просториите, опремата и средствата со кои привремениот работник треба да ја извршува работата како и да обезбеди инструкции за заштита на привремениот работник од несреќа или професионално заболување
Член 5
Работодавачот корисник се обврзува редовно да доставува списоци за редовност за лицата
ангажирани преку Агенцијата за привремени вработувања во текот на последниот
работен ден од месецот). Доколку ваков список не се достави ќе се смета дека работникот редовно си ги извршувал работните обврски.
Член 6
ОБВРСКИ НА АГЕНЦИЈАТА
Член 7
Агенцијата за привремени вработувања со овој договор ќе му понуди на
работодавачот корисник работници кои ги исполнуваат условите наведени во барањето, а работодавачот корисник се обврзува да ангажира определен број од понудените членови.
Член 8
Ако работникот претрпи несреќа или професионално заболување, клиентот е должен веднаш да ги извести надлежните органи и да биде составен извештај за настанот во кој ќе бидат наведени сите факти кои се поврзани со несреќата, со што би се утврдило во кој обем е несреќата и причините за несреќата или професионалното заболување.
Член 9
Лицата кои ќе бидaт ангажирани преку Агенцијата за привремени вработувања ќе бидат осигурани во осигурителна компанија. Тип на осигурување: колективно, осигурување на вработени од несреќен случај (незгода). Трошоците околу осигурањето ќе бидат фактурирни и исплатени од страна на работодавачот корисник на Агенциските услуги во вредност од по работник.
ЦЕНА НА НАДОМЕСТОК
Член 10
Агенцијата за привремени вработувања привремените вработувања ги врши со наплата на надоместок за услугите од работодавачот корисник во износ од од бруто платата на лицата ангажирани преку Агенцијата, вклучувајќи и други надоместоци до колку ги исплатува работодавачот. Процентот е фиксен и не се менува.
Член 11
Агенцијата за привремени вработувања
2008 година. Доколку Агенцијата за привремени вработувања
не е ДДВ обврзник за календарската
во текот на 2009год. има
услови и биде ДДВ обврзник потребно е да го извести навремено работодавачот.
НАЧИН И РОК НА ПЛАЌАЊЕ
Член 12
Плаќањето на цената на овој договор, ќе се врши по претходно доставена финансиска документација (фактура) за целиот утврден износ и тоа , со можност за авансно плаќање од дена однапред.
Член 13
Доколку работодавачот корисник не ја исплати фактурата добиена од Агенцијата во рок од 15 работни дена, тој се обврзува да плаќа камата согласно позитивните законски прописи, согласно (Член 19) од законот за Агенции за привремени вработувања .
Член 14
Договорните страни го склучуваат овој договор за период од еда година од датумот на неговото потпишување.
Член 15
Доколку работодавачот корисник не е задоволен од работата и однесувањето на ангажираните лица потребно е навреме писмено да ја извести Агенцијата.
Договорот за вработување агенцијата за привремени вработувања или отстапениот работник можат да го раскинат предвреме со писмено известување од страна на работодавачот корисник.
ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ
Член 16
Договорните страни можат да ги дополнат или изменат одредбите од овој Договор само спогодбено.
Договорната страна која бара измена или дополнување е должна своето барање до другата страна да го достави во писмена форма.
Одредбите од овој Договор можат да се изменат или дополнат со склучување на Xxxxx на Договорот.
Дополнувањата и измените на овој Договор се важечки, ако се направени во писмен облик и ако се потпишани од двете договорни страни.
За се што не е регулирано со овој Договор, ќе се применуваат одредбите од Законот за облигационите односи.
Член 17
Сите евентуални спорови кои би произлегле од овој Договор, а кои договорните страни не би можеле да ги решат спогодбено, во духот на взаемна соработка и добрите деловни односи, ќе ги решава Основниот суд во Велес.
Член 18
Овој Договор е составен во 4 (четири) примероци, од кои по 2 (два) примерока за секоја договорна страна.
За Работодавач корисник на услуги За Агенција за привремени врабувања Општина Велес
Градоначалник Директор:
-
Врз основа на огласот број 04/2009 објавен од страна на Општина Велес, за доделување на договор за јавна набавка на услуги од Агенција за привремено вработување на работници, во отворена постапка, и на тендерската документација која ја подигнавме од договорниот орган, ја поднесуваме следнава:
П О Н У Д А
Дел И – Информации за понудувачот
1. Име на понудувачот:
2. Контакт информации
− Адреса:
− Телефон:
− Факс:
− Е-пошта:
− Лице за контакт:
3. Одговорно лице:
4. Даночен број:
Дел I – Техничка понуда
1.Согласни сме да ги понудиме следните материјали:
.
2. Во прилог ги доставуваме бараните документи, и тоа:
3. Ги прифаќаме начинот и рокот на испорака утврдени во тендерската документација.
Дел III – Финансиска понуда
1. Вкупната цена на нашата понуда, вклучувајќи ги сите трошоци и попусти, без ДДВ, изнесува:
со бројки ( ) со букви
денари. Вкупниот износ на ДДВ изнесува .
Рок на испорака |
Начин и рок на плаќање |
Квалитет |
3. Нашата понуда важи за периодот утврден во тендерската документација. Се согласуваме со начинот на плаќање утврден во тендерската документација.
4. Со поднесување на оваа понуда, во целост ги прифаќаме условите предвидени во тендерската документација и приложениот нацрт – договор.
Место и датум | Одговорно лице (потпис и печат) |
Прилог – Изјава со која понудувачот потврдува дека ги исполнува критериумите за утврдување на способност
И З Ј А В А
Под целосна материјална и кривична одговорност изјавувам дека понудувачот
во целост ги исполнува критериумите за утврдување на способноста на понудувачите утврдени во тендерската документација по огласот за доделување на договор за јавна набавка бр. 04/09 објавен од страна на Општина Велес со отворена постапка и дека понудувачот ги има на располагање сите документи утврдени во тендерската документација за докажување на исполнувањето на овие критериуми, кои ќе му бидат доставени на договорниот орган доколку нашата понуда биде избрана за најповолна.
Место и датум | Одговорно лице (потпис и печат) |
Прилог – Изјава од техничкиот персонал одговорен за реализација на договорот
И З Ј А В А
Под целосна материјална и кривична одговорност во име на сите технички лица вработени во
кои превземаат конкретни активности и обврски утврдени во тендерската документација по огласот за доделување на договор за јавна набавка, изјавувам дека се целосно одговорни за реализацијата на овој договор, тие се компетентни и стручни, секој во рамките на својата професија. Доколку биде избрана нашата понуда за најповолна ГАРАНТИРААТ дека во целост ќе бидат реализирани превземените обврски од договорот.
Место и датум | Одговорно лице (потпис и печат) |
Прилог – Xxxxxx од понудувачот дека не му е изречена правосилна пресуда
И З Ј А В А
Понудувачот , со својот печат и
потпис на овластеното лице , изјавува дека во последните 5 (пет) години не му била изречена правосилна пресуда за учество во злосторничка организација, корупција, измама или перење пари на Огласот бр. 04/2009 објавен од страна на Општина Велес, за јавна набавка на услуги од Агенција за привремено вработување на работници.
Место и датум | Одговорно лице (потпис и печат) |
Прилог – Xxxxxx од понудувачот дека ги прифаќа условите од Огласот
И З Ј А В А
Понудувачот , со својот печат и
потпис на овластеното лице , изјавува дека во целост ги прифаќа условите на Огласот бр. 04/2009 објавен од страна на Општина Велес, за јавна набавка на услуги од Агенција за привремено вработување на работници.
Место и датум | Одговорно лице (потпис и печат) |