Contract
Д. бр. 02-12520/33/1
30.12.2020 година
ОПШТИ УСЛОВИ ЗА ОСИГУРУВАЊЕ АВТОМОБИЛСКИ ГУМИ
УС-агу/18-11-мк
ВОВЕДНИ ОДРЕДБИ
(1) Изразите во овие Услови го имаат следното значење:
осигурувач – Триглав Осигурување АД, Скопје, кој врз основа на склучениот Договор за осигурување го презема осигурениот ризик;
договарач на осигурувањето – лице кое склучува Договор за осигурување; осигуреник - физичко или правно лице на кое му припаѓаат правата од осигурување;
корисник на услуги – осигуреникот или секое друго лице кое е овластен возач на возилото; полиса - исправа за склучениот Договор за осигурување;
премија за осигурување - износ кој договарачот му го плаќа на осигурувачот врз основа на Договорот за осигурување;
потврда – документ кој го примил осигуреникот и со кој се потврдува склучениот Договор за осигурување;
сума на осигурување – највисок износ на обврска на осигурувачот за еден осигурен случај;
вандализам - оштетување на гумите од страна на трето лице, поради што возилото станува неподобно за патен сообраќај, согласно важечките законски прописи;
кражба - крадење на гумите од страна на трето лице;
асистентска куќа - Europ Assistance s.r.o, седиште: Na Pankráci 1658/121, 140 00 Прага, Република Чешка, ЕМБС: 25287851, регистрирана во Трговскиот регистар при Општинскиот суд во Прага, оддел Ц, под бр. 87094;
Контакт-центар - повикувачки центар при асистентската куќа кој обезбедува асистенција за осигурениците;
договорен доставувач/Доставувач: Правно лице кое дава услуги или извршува работи по налог на асистентската куќа, а за осигуреникот;
осигурен случај – штетен настан кој се случил во периодот на осигурителното покритие и од кој настанува обврска на осигурувачот за надомест на штета;
франшиза –учество на осигуреникот во штета;
надомест од осигурување – износ кој го плаќа осигурувачот врз основа на склучениот Договор за осигурување, но по настанување на осигурен случај.
(2) Овие услови се темелат врз Законот за облигационите односи iЗаконот за супервизија на осигурувањето, како и останатите подзаконски акти донесени врз основа на овие закони, и на соодветен начин се применуваат на договорот за осигурување кој што го склучуваат договарачот на осигурувањето и осигурувачот.
(3)Општите услови се составен дел на договорот за осигурување што договарачот на осигурувањето, односно осигуреникот ќе го склучи со Триглав Осигурување АД, Скопје.
Член 1 – ПРЕДМЕТ НА ОСИГУРУВАЊЕ
(1) Предмет на осигурување се гуми на патнички моторни возила и возила чија тежина не надминува 3,5 тони, под услов да се наоѓаат на возилото, кои се осигурени со полиса издадена од страна на Триглав Осигурување АД, Скопје. Притоа, мора да бидат осигурени минимум две гуми кои се наоѓаат на иста оска на возилото во случај кога се купуваат две нови гуми. Доколку се купуваат четири гуми, задолжително се осигуруваат сите четири.
(2) Предметот на осигурување покрива и асистенција и трошоци за асистентски услуги во врска со издишана гума, вандализам и кражба.
Член 2 – ОСИГУРЕНИ ОПАСНОСТИ
(1) Доколку оштетувањето на гумите е предизвикано од шајки, остри рабови, скршено стакло или кој било друг остар предмет, осигурувачот исплаќа надомест за поправка или замена на оштетената гума. Во случај сервисот да потврди дека оштетената гума може да се поправи, корисникот на услугите има право само на поправка на оштетената гума.
(2) Доколку настане осигурен случај на возилото, доведувајќи го притоа возилото во состојба неподобна за копнен сообраќај, поради издишана гума, вандализам или кражба на една или повеќе гуми, осигурувачот преку асистентската куќа ќе му обезбеди на корисникот на услугите помош на пат, шлеп на возилото и чување на возилото.
Член 3 – ПРАВО НА НАДОМЕСТ
(1) Во случај на оштетување на гумите согласно член 2, став (1) од овие Услови, осигуреникот имa:
1. Право на поправка на оштетена гума
Oсигуреникот треба да го пријави случајот во Контакт-центарот, кој ќе го упати до најблискиот сервис за гуми заради поправка на оштетените гуми. Максималниот износ за поправка на оштетена гума во кој влегува и трошокот за монтажа/демонтажа и балансирање изнесува до 25 евра на територија на Европа, додека пак на територија на Република Македонија изнесува 15 евра. Овие износи се максимални лимити по штетен настан, без ограничување на бројот на штетни настани во текот на една осигурителна година.
2. Право на замена на оштетена гума
Доколку гумата се менува, доставувачот на услуги/продавачот на гуми е должен да ја измери длабочината на шарата на гумата и да изврши замена.
Осигурувачот ја плаќа замената на оштетената гума согласно прикажаната табела на амортизација. Правото на замена се признава максимално до договорената сума на осигурување, намалена за франшиза соодветно на амортизацијата . Потенцијалната разлика меѓу цената на нова гума и цената дефинирана согласно табелата на амортизација, е на товар на осигуреникот/корисникот.
Гумата за замена се купува кај продавач на гуми од мрежата на доставувачи (сервисери) или кај продавач на гуми одобрен од страна на осигурувачот преку Контакт-центарот.
Табела на амортизација според истрошеност на шарите на гумата:
истрошеност на шарите на гумата | франшиза |
0% - 25% | 0% |
25,1% - 50% | 25% |
50,1% - 75% | 50% |
75,1% - 90% | 80% |
90,1% - 100% | 100% |
Истрошеност од 100% означува шари од 1,6 мм или помалку за летни гуми и 4,0 мм или помалку за зимски гуми.
Кога осигурената гума ќе биде заменета со нова, осигурувањето за заменетата гума престанува да важи и не се продолжува по автоматизам за новата.
3. Монтажа
Вкупниот трошок за демонтажа на резервно тркало и монтирање тркало со нова гума, вклучувајќи и балансирање, го плаќа осигурувачот. Трошокот влегува во сумата на осигурување.
4. Недостапност на модел на гума за замена
Во случај моделот за замена на гума кој треба да се замени не е достапен, осигурувачот плаќа две гуми на иста оска со ограничување согласно договорената максимална сума на осигурување.
(2) Во случај на оштетување на гумите согласно член 2, став (2) од овие Услови, осигурувачот преку асистентската куќа ќе обезбеди:
1. Помош на патот со цел поправка на гумата на самото место. Во овој случај асистентската куќа ќе обезбеди поправка на возилото преку свој изведувач. Трошоците за резервните делови се на товар на клиентот. Трошокот влегува во сумата на осигурување.
2. Шлеп на возилото и превоз на патници (до 5 патници) до најблискиот сервис за автомобили од мрежата на доставувачи (сервисери) или друг договорен автомобилски сервис во радиус од 50 км од осигурениот случај, под услов поправките да не можат да се извршат на самото место во рок од 60 минути од страна на доставувачот на асистентската куќа. Трошокот влегува во сумата на осигурување.
3. Чување на возилото до приемот од страна на автомобилскиот сервис во случај тој сервис да е затворен во моментот на случување на осигурениот настан. Трошокот влегува во сумата на осигурување.
Исто така, по ова осигурително покритие, корисникот на осигурувањето може да ја контактира асистентската куќа и да го побара следното:
• контакт-информација за најблискиот автомобилски сервис, врз основ на барање на клиентот;
со овластен автомобилски сервис заради консултација во врска со технички проблем кај возилото.
Член 4 – ТЕРИТОРИЈАЛНА ВАЖНОСТ
Осигурителното покритие се однесува на секој штетен настан на територијата на Република Северна Македонија и надвор од неа, во европските држави чии национални бироа се наоѓаат во системот за зелена карта, под услов дека членството во тие земји да не е суспендирано од денот на штетниот настан.
Член 5 – ТРАЕЊЕ НА ОСИГУРУВАЊЕТО
(1) Осигурителното покритие се обезбедува за оние физички и правни лица кои купуваат гуми преку договарачот на осигурувањето и за кои лица е склучена полиса за осигурување, односно издадена потврда за склучено осигурување.
(2) Секое осигурително покритие започнува врз основа на издадена потврда за склучено осигурување од страна на договорачот на осигурувањето. Осигурителното покритие започнува во 24 часот на денот што во потврдата е наведен како почеток на осигурувањето. Датумот на почеток на осигурителното покритие мора да биде ист со датумот на купување на гумите, што се евидентира во потврдата.
(3) Траењето на осигурувањето е една година освен за осигурување на зимски пневматици каде што траењето на осигурувањето е 18 месеци.
(4) Осигурителното покритие завршува по истекот на 24 часот на денот кој во потврдата е наведен како завршување на траење на осигурувањето освен за осигурување на зимски пневматици кога осигурителното покритие истекува на 24 часот на последниот ден од месецот кога се навршуваат 18 месеци.
Член 6 – СУМА НА ОСИГУРУВАЊЕ
(1) Сумата на осигурување за автомобилски гуми е продажната цена на гумата наведена во потврдата за осигурување, а најмногу до износ од 300 евра во денарска противвредност по гума или 1.000 евра во денарска противвредност во вкупен годишен агрегат за сите четири гуми. Вредноста на автомобилска гума во моментот на купување претставува продажната цена која осигуреникот ја платил и истата е евидентирата во потврдата за склучено осигурување од страна на договарачот. Трошоците за шлеп и превоз на патници, чување на возило, монтажа и помош на пат влегуваат во сумата на осигурување со максимално покритие до 300 евра како разлика помеѓу продажната цена на гумата, наведена во потврдата и максималното покритие од 300 евра.
Член 7 – ОБВРСКИ НА ОСИГУРЕНИКОТ КОГА ЌЕ НАСТАНЕ ОСИГУРЕН СЛУЧАЈ
(1) Осигуреникот е должен веднаш да ја пријави штетата во Контакт центарот чиј број се наоѓа на полисата за осигурување или потврдата.
(2) При контактирање на асистентската куќа, осигуреникот, односно корисникот на осигурувањето, ќе ги даде следните информации:
• број на полиса за осигурување;
• телефон за контакт;
• марка на возилото, боја на возилото и број на регистарска табличка;
• локација на возилото во дефект;
• причина за дефектот и сите факти кои се неопходни за утврдување на најсоодветното решение за дадениот настан.
(3) Контакт-центарот е достапен 24 часа дневно / 7 дена во неделата.
(4) Осигуреникот е должен да ги преземе сите можни мерки со цел да се намали штетата и да придонесе за нејзино решавање.
(5) Осигуреникот е должен во целост да постапува согласно договорните обврски во однос на пријавата, давањето информации и добиените инструкции.
(6) Сите побарувања за надомест на штета кон трети лица се пренесуваат на осигурувачот во согласност со позитивните законски одредби до исплатениот износ, под услов тоа да нема негативни последици за осигуреникот.Заменската гума мора да се нарача и монтира кај продавачот на гуми од сервисната мрежа на осигурувачот.
(7) Осигуреникот е должен при пријава на осигурениот случај да ги наведе начинот и околностите на настанувањето и да достави фотографии од оштетената гума поединечно и во целина со предметното возило, а со видлива идентификација на гумата (тип,марка,модел, датум на производство..).
Член 8 – ПОСЛЕДИЦИ ОД НЕПОЧИТУВАЊЕ НА ОБВРСКИТЕ
(1) Во случај кога кршењето на обврските од страна на договарачот, осигуреникот или друго лице кое има право на надомест од осигурување имало значително влијание врз настанувањето на осигурениот настан, неговиот развој, зголемувањето на неговите последици, утврдување или одредување на износот на надоместокот од осигурување, осигурувачот може да го намали надоместокот од осигурување преку асистентската куќа, во сразмер со влијанието кое таквото кршење го имало врз обемот на обврските на осигурувачот за надомест.
Член 9 – ИСКЛУЧУВАЊЕ НА ОБВРСКИТЕ НА ОСИГУРУВАЧОТ
(1) Осигурувачот нема обврска за надомест од осигурување доколку осигурен случај:
• е предизвикан од елементарни непогоди;
• настане како последица на сообраќајна незгода, освен ако сообраќајната незгода е директна последица на пукната/дупната гума;
• е предизвикан од неправилно подесување на амортизери;
органите на власта; не настане на јавни патишта или официјални патишта, односно настане поради возење надвор од пат.
(2) Осигурувачот не е одговорен за штета која ја предизвикал сервисерот при извршување на услугите.
(3) Со осигурување не се покриени последични трошоци како што се трошоци за фелни или дискови на системот за кочење, кои се директна последица од возење со празна гума.
(4) Трошоци што се последица на нормално абење или прекумерно абење (на пример, прегревање) не се покриени.
(5) Xxxxxxx за замена на две гуми на иста оска се плаќаат само во случај ако двете гуми се оштетени поради некој од случаите наведени во член 2, освен во случајот наведен во член 3, став (1), точка 5.
(6) Доколку осигурениот случај постоел во моментот на склучување на Договорот за осигурување или доколку осигуреникот знаел за осигурениот случај во моментот на неговото склучување, не постои право за надомест од осигурување.
(7) Случаи кои не се покриени со осигурување се оние случаи кои ги предизвикал осигуреникот поради:
• Консумирање алкохол, опојни дроги или фармацевтски производи;
• Самоубиство или обид за самоубиство;
• Учество во штрајкови или граѓански немири;
• Учество во трки со моторни возила или тренинзи кои вклучуваат моторни возила;
• Учество во ризични ситуации во кои самиот свесно се изложува на опасност;
• Намерно постапување, односно намерно пропуштање. Доколку штетата настанала поради грубо невнимание, осигурувачот има право да го намали надоместот за износот кој е сразмерен на степенот на вина; осигуреникот ги сноси трошоците за докажување на отсуство на грубо невнимание;
• Извршување на кривично дело или прекршок или обид да се изврши, освен во случај кога кривичното/прекршочното дело е последица на пукната/дупната гума.
(8) Други штети кои немаат врска со осигурениот случај, на пример направени трошоци или трошоци за полициски цели, не се осигурени.
(9) Следните случаи и нивните последици не се осигурени: војна, терористички напади или немири од кој било вид, епидемија, пандемија, елементарни непогоди и случаи со нуклеарни, биолошки или хемиски супстанции.
(10) Осигурителното покритие не се однесува на:
• возила кои се видоизменети или изменети до таа мера што не ги исполнуваат условите за давање на стандардни асистентски услуги (на пр. возила за трки, возила со првенство на премин, возила наменети за превоз на опасен товар,
„олдтајмери“);
• услуги за редовна поправка на гуми и други услуги на одржување и контрола поврзани со стандардна работа на возилата, како и задолжителната опрема
или опрема наменета за нивно поврзување;
• гуми наменети за трки и препродавање (клиенти за големопродажба);
• гуми за возила чија вкупна тежина надминува 3.500 кг, приклучни возила и камп- приколки.
Осигурувачот не дава осигурително покритие, односно не ја покрива одговорноста на осигуреникот за настаната штета, без оглед на Договорот за осигурување доколку таквата исплата или плаќање на каква било друга погодност би го изложила осигурувачот на санкции, забрани или ограничувања во законите или прописите на Европската Унија,Обединетото Кралство или САД и резолуции на Обединетите Нации.
Член 10 ПЛАЌАЊЕ НА ПРЕМИЈАТА
(1) Договарачот на осигурувањето треба да ја плати премијата при склучување на Договорот за осигурување.
(2) За датум на плаќање на премијата се смета денот кога налогот ќе биде евидентиран од страна на банката на осигурувачот.
(3) Во случај на престанок на важноста на Договорот за осигурување поради неплаќање на доспеаната премија, договарачот мора да ја плати премијата за неплатеното време до денот на престанок на важноста на Договорот за осигурување или целокупната премија за тековната година на осигурување, ако до денот на престанок на осигурувањето настанал осигурен случај за кој осигурувачот мора да исплати надомест од осигурување.
Член 11 - ПОСЛЕДИЦИ ОД НЕПЛАЌАЊЕ НА ПРЕМИЈАТА
(1) Обврската на осигурувачот престанува ако договарачот не ја плати доспеаната премија за осигурување после склучување на Договорот за осигурување, освен ако тоа не го направи некој друг заинтересиран во рок од 30 дена од денот кога на договарачот му било врачено препорачано писмо од осигурувачот за доспеаноста на премијата. Тој рок не може да истече пред да поминат 30 дена од доспеаноста на премијата за осигурување.
(2) Осигурувачот може после истекот на рокот од став 1 од овој член, да го откаже Договорот за осигурување без отказен рок доколку договарачот доцни со плаќањето на премијата која треба да ја плати по склучувањето на Договорот, односно ако доцни со друга или следна премија. Откажувањето на Договорот за осигурување настапува по истекот на рокот од став 1 од овој член и со престанокот на осигурителното покритие ако договарачот е предупреден со препорачано писмо за доспеаноста на премијата, како и престанокот на осигурителното покритие.
(3) Во секој случај, Договорот за осигурување престанува да важи ако премијата не биде платена во рок од 1 година од доспеаноста, во согласност со законските одредби.
Член 12 ПОВРАТ НА ПРЕМИЈАТА
(1) Во случаите на престанок на важноста на Договорот за осигурување пред крајот на периодот за кој е платена премијата, осигурителното друштво го враќа делот од
настанал осигурителен случај.
(2) Осигурителното друштво го враќа делот од премијата за неискористеното време на осигурување од денот кога било писмено известено за престанок на важноста на Договорот за осигурување.
Член 13 - ИНФОРМАЦИИ ВО ВРСКА СО ОБРАБОТКА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ
Идентитет и контакт на податоците на контролорот и офицерот за заштита на личните податоци:
Назив: | Триглав Осигурување АД, Скопје |
Седиште: | бул.„8-ми Септември“ бр.16, Скопје |
e-mail: |
Офицер за заштита на личните податоци: | |
Член 14 - ОБРАБОТКА И ЗАШТИТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ
(1) Триглав Осигурување АД, Скопје врши обработка (собирање, евидентирање, организирање, чување итн.) на лични податоци на осигуреници, договорувачи на осигурување, нивните законски застапници или полномошници во согласност со одредбите на Законот за заштита на лични податоци и другите релеванти позитивни законски прописи, применувајќи соодветни технички и организациски мерки за обезбедување на безбедност на личните податоци. Собраните лични податоци се дел од збирките на лични податоци на Триглав Осигурување АД, Скопје, а Триглав Осигурување АД, Скопје во својство на контролор на личните податоци, истите ги користи совесно, законито и согласно целта за која се собрани.
Член 15 - ПРАВЕН ОСНОВ ЗА ОБРАБОТКАТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ
(1) Триглав Осигурување АД, Скопје собира, обработува, чува, користи и доставува лични податоци кои се неопходни при склучување на договорите за осигурување (полиси), врз основа на член 109 од Законот за супервизија на осигурување, а во согласност со Законот за заштита на личните податоци.
(2) Личните податоци се неопходни за обработка од страна на Триглав Осигурување АД, Скопје со цел исполнување на правата и обврските што произлегуваат од договорот за осигурување, односно обработката на истите претставува основа за оценување на осигурително покритие и степен на оштета.
Член 16 - ЦЕЛИ ЗА ОБРАБОТКАТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ
(1) Личните податоци (телефонски број и електронска адреса – e-mail), Триглав Осигурување АД, Скопје ги обработува со цел остварување на контакт заради ефикасно остварување на права и обврските кои произлегуваат од договорите за осигурување (полиси). Овие податоци за цели доставување на рекламни материјали, промоции, понуди како и за други цели на директен маркетинг од страна на Групацијата Триглав во Република Северна Македонија, ќе бидат искористени само доколку имате дадено согласност, преку одбирање на соодветната опција за согласност.
(2) Со цел водење на постапка за надомест на штета и воспоставување на бази на податоци за настанати штети, оценување на осигурително покритие и степен на оштета Триглав Осигурување АД, Скопје обработува и копии од документи во кои се содржани и лични податоци.
(3) Личните податоци од став 1 и став 2 на овој член Триглав Осигурување АД, Скопје ги обработува само врз основа на претходна согласност од субјектот на личните податоци, а недавањето на согласност за обработка на овие податоци може да има за последица несоодветно оценување на осигурително покритие или степен на оштета или пак неисплаќање на оштетно барање.
(4) Согласноста за обработка на личните податоци од ставот 3 на вој член може да се повлечево секое време преку доставување на известување за повлекување на согласност по пошта на следната адреса: „бул.8-ми Септември“ бр.16, 1000 Скопје“ со назнака за Офицерот за заштита на лични податоци или преку електронска адреса xxxxxx.xx@xxxxxxx.xx. Со повлекување на согласноста за обработка на лични податоци Триглав Осигурување АД, Скопје ќе прекине со понатамошна обработка на личните податоци и истите ќе ги избрише од базите на податоци со што можат да настанат последици наведени во став 3 од овој член.
Член 17 - РОКОВИ НА ЧУВАЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ
(1) Личните податоци, Триглав Осигурување АД, Скопје ги чува во рок за цело времетраење на договорниот облигационен однос, односно најмногу до 10 години по истекот на договорот за осигурување или во случај на настанување на штета, 10 години по затворањето на случајот на настанување на штетата, односно од денот на целосната исплата на надоместокот за настаната штета согласно член 109 став 8 од Законот за супервизија на осигурување.
(2) По истекот на роковите од став 1 на овој член личните податоци ќе бидат избришани/уништени од базите на податоци на Триглав Осигурување АД, Скопје и истите нема да се обработуваат за други цели.
Член 18 - ПРАВА НА СУБЈЕКТИТЕ НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ
(1) Остварување на правата кои произлегуваат од Законот за заштита на личните податоци (право на пристап, корекција, бришење, ограничување на обработката на лични податоци, приговор и преносливост), се врши преку доставување на барање на електронската адреса на офицерот за заштита на лични податоци: xxxxxx.xx@xxxxxxx.xx. На истата електронска
адреса може да се достави барање во врска со сите прашања поврзани со обработката на личните податоци.
(2) Доколку субјектот на лични податоци смета дека обработката на личните податоци за целите наведени член 16, од страна на Триглав Осигурување АД, Скопје не е во согласност со одредбите на Законот за заштита на личните податоци, или пак смета дека е повредено некое право за заштита на личните податоци, има право да поднесе барање за утврдување на прекршување на прописите за заштита на личните податоци до Агенцијата за заштита на личните податоци како надлежен орган за вршење на надзор над законитоста на преземените активности при обработката на личните податоци на територијата на Република Северна Македонија.
Член 19 - ПРЕНОС НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ
(1) Триглав Осигурување АД, Скопје е дел од Групацијата Триглав. Личните податоци на субјектите на лични податоци се пренесуваат во рамките на Групацијата, односно во матичното друштвото Заваровалница Триглав каде што личните податоци се обработуваат само за цели на чување. При вршење на преносот на личните податоци се обезбедува високо ниво на технички и организациски мерки за обезбедување на тајност и заштита на личните податоци. Исто така, во рамките на Групацијата Триглав се обезбедуваат сите неопходни заштитни мерки за обезбедување на тајност и заштита на личните податоци преку стандардни клаузули за заштита на личните податоци кои се одобрени од страна на Европската комисија. Сите дополнителни информации во однос на заштитните мерки може да се добијат со поднесување на барање до по пошта на следната адреса: „бул.8-ми Септември“ бр.16, 1000 Скопје“ со назнака за Офицерот за заштита на лични податоци или преку електронска адреса xxxxxx.xx@xxxxxxx.xx.
Член 20 - OБРАБОТКА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА ЦЕЛИ НА ДИРЕКТЕН МАРКЕТИНГ
(1) Личните податоци за цели на директен маркетинг, Триглав Осигурување АД, Скопје ги обработува само врз основа на експлицитна согласност за обработка на личните податоци за цели на директен маркетинг кои ги врши Триглав Осигурување АД, Скопје или поврзаните друштва од рамките на Групација Триглав во Република Северна Македонија за своите услуги и услугите на поврзаните друштва од рамките на Групација Триглав во Република Северна Македонија.
(2) Согласноста за обработка на личните податоци за цели на директен маркетинг може да се повлече во секое време, бесплатно, со писмено барање (доставено на следната електронска адреса: xxxxxx.xx@xxxxxxx.xx, или по пошта до Триглав Осигурување АД, Скопје, бул.„8-ми Септември“ бр.16, 1000 Скопје, со назнака “До Офицерот за заштита на лични податоци”).
Член 21 – ПОСТАПКА ПРИ ВЕШТАЧЕЊЕ
(1) Секоја договорна страна може да побара утврдување на одредени спорни околности од страна на вештаци.
Назначените вештаци пред почетокот на работата назначуваат трет вештак, кој дава свое мислење само кога заклучоците на првите двајца вештаци се различни, но само во рамките на нивниот заклучок.
(3) Секоја договорна страна ги покрива трошоците за вештакот кој го именувала, а за третиот вештак трошоците се делат на половина.
(4) Заклучоците од вештаците се обврзувачки за двете страни.
Член 22 – ПРИГОВОР ( ВОНСУДСКО РЕШАВАЊЕ НА СПОРОВИ)
(1) Договорните страни се согласни дека сите спорови што произлегуваат од овој договор ќе се решаваат по мирен пат.
(2) Договарачот на осигурувањето, осигуреникот односно корисникот на осигурување се согласни дека за сите спорни прашања, жалби и несогласувања кои произлегуваат од односот со осигурувачот ќе го известат истиот без одложување. Известувањата во форма на приговор од овој став се доставуваат во писмена форма, од што со сигурност може да се утврди содржината на известувањето и времето на неговото праќање.
(3) Договарачот на осигурувањето, осигуреникот односно корисникот на осигурување кој смета дека со одлуката (решението) на осигурувачот за оштетното побарување му се нарушени правата од осигурувањето, може да поднесе приговор до Комисијата за приговори (жалби) на осигурувачот.
(4) Комисијата од став 3 на овој член е должна да донесе одлука по приговорот во писмена форма без одложување, но најдоцна во рок од 30 дена од денот на прием на приговорот.
(5) За постапување и решавање по приговори е надлежен Триглав Осигурување АД Скопје, а не Асистентската куќа.
Член 23 – ПРОМЕНА НА УСЛОВИТЕ ЗА ОСИГУРУВАЊЕ И ТАРИФИТЕ
(1) Ако осигурувачот ги измени условите за осигурување или тарифата на премии, треба да го извести договарачот на осигурувањето во рок согласно законските прописи пред истекот на тековната година на осигурување.
(2) Осигуреникот има право да го откаже Договорот за осигурување во законски предвидениот рок по приемот на известувањето. Договорот за осигурување престанува да важи со завршување на тековната година на осигурување.
(3) Доколку осигуреникот не го откаже Договорот за осигурување, тој со почетокот на следниот период на осигурување се менува согласно со новите услови за осигурување или тарифата на премии.
Член 24- ПРОМЕНА НА ПОДАТОЦИ
(1) Осигуреникот е должен да го извести осигурувачот за промена на адресата на живеење, односно седиштето или своето име, односно името на фирмата во рок од 15 (петнаесет) дена од денот на промената.
(2) Ако осигуреникот ја промени адресата на живеење, односно седиштето или своето име, односно името на фирмата, а притоа не го известил осигурувачот, доволно е
адреса и да го наслови на последното име, односно фирма.
Член 25 – НАЧИН НА ИЗВЕСТУВАЊЕ
(1) Договарањата за содржината на Договорот за осигурување се важечки само ако се склучени во писмена форма.
(2) Сите известувања и изјави што треба да се дадат според одредбите на Договорот за осигурување мора да бидат во писмена форма.
(3) Известувањето или изјавата се дадени навремено ако пред истекот на рокот се испратат со препорачано писмо.
(4) Изјавата која треба да се даде на друго лице важи од моментот кога тоа лице ќе ја прими.
Член 26 - ПРИМЕНА НА ЗАКОНОТ
(1) За правата и обврските на договорните страни што не се регулирани со овие Услови, ќе се применуваат одредбите од Законот за облигационите односи и Законот за супервизија на осигурување. Ако со овие Услови некое прашање е утврдено спротивно на законските прописи, ќе се применуваат одредбите од Законот.
(2) Во случај осигуреникот да не е задоволен од односот на осигурувачот во текот на траењето на Договорот за осигурување, може да достави жалба до Агенцијата за супервизија на осигурување како надлежен орган за супервизија на осигурувањето.
Член 27- НАДЛЕЖНОСТИ ВО СЛУЧАЈ НА СПОР
(1) Споровите меѓу договарачот на осигурувањето, односно осигуреникот од една страна и осигурувачот од друга страна, ќе ги решава стварно и месно надлежниот суд според седиштето на осигурувачот.
Член 28 – НАДЗОР НАД ОСИГУРУВАЧОТ
(1) Орган надлежен за надзор на работата на осигурувачот е Агенцијата за супервизија на осигурување, до која може да се достави жалба во однос на осигурувачот.
Член 29- ЗАСТАРУВАЊЕ НА БАРАЊАТА
[1] Побарувањата од договорите за осигурување застаруваат во согласност со одредбите од Законот за облигациони односи.
Член 30 - ИЗЈАВА ЗА ИНФОРМИРАНОСТ
[1] Договарачот на осигурувањето/осигуреникот со потписот на договорот за осигурување/полисата изречно потврдуваат дека при склучувањето на Договорот за осигурување, од страна на осигурувачот писмено се известени за сите податоци согласно членовите 49 и 50 од Законот за супервизија во осигурувањето и дека пред
конечна одлука за склучување на Договорот за осигурување. Согласно ова, договарачот/осигуреникот со потписот на договорот за осигурување/полисата потврдуваат дека се известени и за правото за поднесување на жалба.
Член 31 - ВЛЕГУВАЊЕ ВО СИЛА
[1] Овие Општи услови влегуваат во сила со денот на нивното донесување, а ќе се применуваат од 01.01.2021 година.