Contract
КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА АД СКОПЈЕ
Општи услови за работење со хартии од вредност на Македонската берза АД Скопје на Комерцијална банка АД Скопје
(во продолжение: Банка )
I. ВОВЕД
Со Општите услови на работење со хартии од вредност се уредуваат меѓусебните права и обврски на Банката и клиентот, и други прашања поврзани со давање на услуги со хартии од вредност од страна на Банката и тоа:
• купување и продавање на хартии од вредност по налог и за сметка на клиентот;
• купување и продавање на хартии од вредност во свое име и за своја сметка;
• управување со портфолио на хартии од вредност по налог и за сметка на индивидуален клиент;
• вршење на трансакциите и активностите за сметка на издавачот на хартиите од вредност потребни за успешна јавна понуда на хартии од вредност, без задолжителен откуп на непродадените хартии од вредност;
• вршење на трансакции и активности за сметка на издавачот на хартиите од вредност потребни за успешна јавна понуда на хартии од вредност, со задолжителен откуп на непродадените хартии од вредност;
• дејствување како покровител при котација;
• инвестиционо советување;
• извршување на трансакции и активности за сметка на трети лица потребни за преземање на едно акционерско друштво во согласност со Законот за преземање на акционерски друштва;
• чување на хартии од вредност што вклучува отворање и водење на сметки на хартии од вредност во свое име, а за сметка на клиенти во депозитар, отворање и водење на сметки на хартии од вредност и за своите клиенти кои не се сопственици на тие хартии од вредност, а за сметка на нивните клиенти и други услуги со хартии од вредност по налог на клиентот (исплата на достасани побарувања од издавачите врз основа на достасани хартии од вредност, камати и дивиденди за сметка на сопствениците на тие хартии од вредност, известување за собранија на акционерите и застапување на тие собранија, плаќање на даночни обврски на клиентот врз основа на хартии од вредност кои се во негова сопственост и слично);
ДЕФИНИЦИИ
Член 1
Изразите што се употребени во овие Општи услови го имаат следново значење, доколку во одделен случај од текстот на Договорот за берзанско посредување ( во понатамошен текст: Договорот) не произлегува поинаку.
БЕРЗАНСКО ПОСРЕДУВАЊЕ
Берзанско посредување е купување, односно продажба на хартии од вредност по налог и за сметка на клиентот, подетално уредено во дел II од овие Општи услови за работење.
ИНВЕСТИЦИОНО СОВЕТУВАЊЕ
Инвестиционо советување е советување на клиентите во врска со купувањето, односно продажбата на хартиите од вредност, согласно дел III од овие Oпшти услови за работење.
УПРАВУВАЊА СО ПОРТФОЛИО НА ХАРТИИ ОД ВРЕДНОСТ ПО НАЛОГ ЗА СМЕТКА НА ИНДИВИДУАЛЕН КЛИЕНТ
Управување со портфолио на хартии од вредност е управување со хартиите од вредност како и со паричните средства на клиентот и нивното вложување во хартии од вредност врз основа на Договорот склучен помеѓу Банката и клиентот, согласно дел IV од овие Oпшти услови за работење.
ЧУВАЊЕ НА ХАРТИИ ОД ВРЕДНОСТ
Чување на хартии од вредност е посебна услуга која Банката ја дава врз основа на посебен склучен Договор помеѓу Xxxxxxx и клиентот, а во кој детално се уредуваат правата и обврските помеѓу Банката и клиентот согласно дел V од овие Општи услови за работење.
ДРУГИ УСЛУГИ
Други услуги се: вршење на трансакциите и активностите за сметка на издавачот на хартиите од вредност потребни за успешна јавна понуда на хартии од вредност, дејствување како покровител при котација и извршување на трансакции и активности за сметка на трети лица потребни за преземање на едно акционерско друштво во согласност со Законот за преземање на акционерски друштва, кои Банката ги врши врз основа на посебен Договор склучен помеѓу Xxxxxxx и клиентот.
ХАРТИИ ОД ВРЕДНОСТ
Хартии од вреднот претставуваат следниве инструменти:
а) акции во трговски друштва; б) обврзници;
в) инструменти на пазарот на пари;
г) акции во инвестиционите фондови кои работат според Законот за инвестициони фондови; д) деривативни финансиски инструменти;
ѓ) потврда за странска хартија од вредност; и
е) други финансиски инструменти кои според Комисијата се сметаат за хартии од вредност.
НАЛОГ ОД КЛИЕНТ
Налог од клиент е еднострана инструкција на клиентот кој може да биде даден усно, писмено или во електронска форма, а со кој на Банката и се наложува да изврши определена трансакција со хартии од вредност за сметка на клиентот.
ВИДОВИ НАЛОЗИ
• Пазарен налог
• Лимитиран налог
• Xxxxxxx во лимитиран налог
• Стоп налог
ТРГОВСКИ ТРАНСАКЦИИ
Трговски трансакции се промени на сопственоста на хартиите од вредност на секундарниот пазар како резултат на нивно купување или продавање врз основа на налозите на клиентите.
ПОРАМНУВАЊЕ НА ОБВРСКИТЕ
Порамнување на обврските е исполнување на паричните обврски и обврските на пренос на хартии од вредност од извршениот налог на начин и под услови, како што определуваат соодветните прописи.
СМЕТКА НА ХАРТИИ ОД ВРЕДНОСТ
Сметка на хартии од вредност е сметка за хартии од вредност во сопственост на клиентот, а која што се води во Централниот депозитар за хартии од вредност
ОРГАНИЗИРАН ПАЗАР НА ХАРТИИ ОД ВРЕДНОСТ или БЕРЗА
Организиран пазар на хартии од вредност или берза е пазар на хартии од вредност кој што на јавноста и е достапен посредно или непосредно, каде што тргувањето се одвива редовно и кој што e уреден и е под надзор на надлежните органи.
ТРГУВАЊЕ СО ХАРТИИ ОД ВРЕДНОСТ
Тргување со хартии од вредност е склучување на правни зделки на купување, односно продажба на хартии од вредност.
ДОГОВОР ЗА СОРАБОТКА ВО БЕРЗАНСКАТА ТРГОВИЈА СО ХАРТИИ ОД ВРЕДНОСТ
Договор врз основа на кој Xxxxxxx за платен надомест се обврзува да ги извршува налозите за сметка на клиентот.
ДЕПОЗИТАР НА ХАРТИИ ОД ВРЕДНОСТ
Акционерско друштво, коешто во Република Северна Македонија, врз основа на дозвола од Комисијата за хартии од вредност на Република Северна Македонија, извршува услуги на регистрација на хартии од вредност, порамнување на трговски трансакции, нетрговски преноси и други услуги во согласност со соодветните прописи.
ИЗВЕСТУВАЊА
Писмени известувања, определени во член 16 од овие Општи услови за работење.
ОВЛАСТЕНО ЛИЦЕ
Лице, кое врз основа на поседување на дозвола за работење на брокер има право да склучува договори, да прима и извршува налози и да посредува, односно да дава други услуги со хартии од вредност.
ТАРИФА НА БАНКАТА
Секогаш важечка тарифа на Банката утврдена согласно Одлуката за Тарифата на надоместоци за услугите што ги врши Комерцијална банка АД Скопје.
РАБОТЕН ДЕН
Ден (освен саботите, неделите и празниците), во кој работи Банката, доколку овие општи услови на работење, односно договорот не определуваат поинаку.
II. БЕРЗАНСКО ПОСРЕДУВАЊЕ
Налози за купување и/или продажба на хартии од вредност
Член 2
Банката прима налози од клиентите во рамките на своето работно време за работа со клиенти, во работниот ден.
Секој налог добива реден број и време на внесување во книгата на налози. По внесот на налогот во книгата на налози, Xxxxxxx истиот може да го прифати или одбие. Со прифаќањето на налогот настанува обврската за негов внес во БЕСТ - системот за тргување.
Банката на клиентот му доставува потврда за прифаќање односно одбивање на налогот. Во потврдата за одбивање на налогот, се наведува и причината за неговото одбивање.
Член 3
Банката може да прима налози за тргување од своите клиенти директно во своите деловни простории или по e-mail кои во најкраток можен рок треба да се достават и во оригинал или друг вид на електронска комуникација.
Банката може да врши прием на налози за тргување од клиенти и во други свои деловни простории
– Филијали или Експозитури. Налозите од своите деловни простории - експозитури и xxxxxxxx Xxxxxxx ги прима согласно Упатството за прием на документација поврзана со тргување со хартии од вредност во филијалите и експозитурите на Банката.
Банката може да прима налог од клиент доколку клиентот претходно со Банката има склучено посебен Договор за соработка во берзанската трговија со хартии од вредност( во понатамошен текст: Договорот) . Составен дел на Договорот се овие Општи услови за работењето со хартии од вредност на Банката.
Налозите добиени од нерезиденти - клиенти на Банката, првично се обезбедуваат потпишани и доставени преку e-mail или друг вид на електронска комуникација , а во најкраток можен рок и во оригинал по пошта.
Член 4
Одредбата од Договорот за соработка со берзанска трговија со хартии од вредност со која е предвидено дека Xxxxxxx ќе прима налози по телефон се става вон сила и истата нема да се применува од денот на објавувањето на овие Општи услови за работење.
Содржина на налогот
Член 5
Клиентот со налогот кој што го доставува до Банката, на начин и во форма, определена во Договорот, ги определува пред се:
-каков е налогот (за продажба, за купување),
-видот на хартијата од вредност (акција, обврзница),
-издавачот на хартијата од вредност,
-количината на хартијата од вредност,
-видот на налогот (член 8 од овие Општи услови за работење)
-други составни делови, коишто овозможуваат разликување на хартиите од вредност со исти карактеристики од претходните алинеи на овој член (на пример, сериски број на хартијата од вредност или означување на серијата на хартиите од вредност).
Промена, повлекување и неприфаќање на налогот
Член 6
Доколку клиентот, откако Xxxxxxx го одобрила и прифатила налогот, ја промени цената, количината или кој и да е друг елемент од налогот, се смета дека го повлекол иницијалниот налог и дека дал нов налог.
Клиентот има право да го повлече налогот се додека трансакциите не се склучени и реализиран во Бест системот.
Трансакциите кои се реализирaни пред повлекувањето на налогот во БЕСТ системот се полноважни и Клиентот не може за нив да бара повлекување на налогот и откажување на трансакцијата. Повлекувањето се врши на еден од начините на кои може да се даде налог. Банката е должна веднаш по барањето за повлекување на налогот од клиентот да го повлече налогот од БЕСТ системот, а потоа и да го евидентира во книгата на налози.
Xxxxxxx има право по своја оценка да не го прифати приемот и извршувањето на налогот во случај ако според нејзино мислење налогот, односно неговото извршување, е во спротивност со соодветните прописи или со деловната политика на Xxxxxxx.
Банката мора клиентот да го извести за неприфаќањето на приемот на налогот.
ВИДОВИ НАЛОЗИ, НАЛОЗИ ЗА БЛОК ТРАНСАКЦИИ И НАЛОЗИ ПО ЕЛЕКТРОНСКИ ПАТ – Е-
Trader
Член 7
1. ВИДОВИ НАЛОЗИ ШТО КЛИЕНТОТ МОЖЕ ДА И ГИ ДАДЕ НА БАНКАТА:
1. 1. Пазарен налог
• Клиентот не поставува ценовни ограничувања при купувањето или продажбата на хартиите од вредност, односно ја прифаќа најдобрата цена на пазарот.
1. 2. Лимитиран налог
• Клиентот определува ценовно ограничување при купувањето или продажбата на хартии од вредност. Ја дефинира прифатливата цена за купување (највисоката цена) или за продавање (најниската цена).
Банката ги прифаќа следниве видови лимитирани налози за тргување:
• Налози без дополнителни или специјални услови
• Налози со дополнителни услови за реализација
- налог со дополнителен услов за реалзиација – изврши или откажи.
• Налози со дополнителни услови за рокот на важност
- дневен налог.
- налог со важност до одреден датум.
• Налози со специјални услови за реалзиација на количината.
- Налог со специјален услов за реализација на количината “се или ништо”.
1. 3. Xxxxxxx во лимитиран налог
Пазарен во лимитиран налог е вид на налог во кој што клиентот не утврдува ограничувања во цената, односно ја прифаќа најдобрата цена на пазарот, при што, доколку налогот не се изврши во целост, остатокот од налогот се трансформира во лимитиран налог за преостанатата количина по цена по која е делумно извршен во фазата на отворен пазар или по аукциската цена формирана во фазата на отворање на пазарот или при прекинувачка аукција.
1. 4. Стоп налог
Стоп налог е вид на налог во кој што клиентот утврдува стоп цена, при што налогот се активира во БЕСТ системот доколку при тргувањето со хартијата од вредност на која гласи налогот биде постигната утврдената стоп цена. До постигнување на стоп цената, овој вид на налог е неактивен и скриен во пазарната длабочина.
За овој вид на налог не е дозволена употреба на специјални услови, ниту дополнителни услови за реализација на налогот, освен задолжителните елементи на налогот.
Банката прифаќа два вида на стоп налози:
• Стоп пазарен налог, кај кој клиентот не утврдува ограничувања во цената и кај кој при постигнување на стоп цената налогот се активира како пазарен налог и може да се изврши доколку постојат услови за негово извршување на пазарот и
• Стоп лимитиран налог, кај кој при постигнување на стоп цената налогот се активира како лимитиран налог по цена утврдена од клиентот и може да се изврши доколку постојат услови за негово извршување на пазарот, каде што:
− стоп куповен налог е налог во кој клиентот утврдува цена за извршување на налогот и стоп цена при која се активира куповниот налог, и
− стоп продажен налог е налог во кој клиентот утврдува цена за извршување на налогот и стоп цена при која се активира продажниот налог.
2. НАЛОЗИ ЗА БЛОК ТРАНСАКЦИИ
▪ Налог за администраторска блок трансакција – трансакција со хартии од вредност (акции) која се склучува со посредство на една или повеќе членки на Берзата, со внесување на трансакцијата од страна на Берзата, вон редовното тргување на БЕСТ системот. Членките на Берзата можат да склучат администраторска блок трансакција доколку вредноста на трансакцијата изнесува најмалку 5.000.000,00 денари.
▪ Налог за системска блок трансакција - трансакција со хартии од вредност (акции) која се склучува со посредство на една или повеќе членки на Берзата, со внесување на блок налози во рамките на редовното тргување со хартии од вредност во БЕСТ системот од страна на членките на Берзата. Членките на Берзата можат да склучат системска блок трансакција единствено доколку вредноста на блок трансакцијата изнесува најмалку 2.000.000 денари и доколку цената на трансакцијата е во рамките на важечките динамички лимити за предметната хартија од вредност.
3. НАЛОЗИ ПО ЕЛЕКТРОНСКИ ПАТ – Е-Trader
Банката прима налози по електронски пат преку Е-Тrader – апликација наменета за давање на електронски налози за тргување со хартии од вредност и следење на пазарни податоци од Македонската берза АД Скопје од страна на клиентите на Банката. За користење на апликацијата, клиентот склучува посебен Договор за користење на софтверска апликација за електронско давање на налози - E-Trader со Банката.
При прием на налози по електронски пат преку апликацијата E-Trader, Дирекцијата ќе ги прифаќа
следните видови на налози:
- пазарен налог;
- лимитиран налог без дополнителни или специјални услови;
- лимитиран налог со дополнителни услови за реализација:
o налог со дополнителен услов за реализација - изврши или откажи;
o налог со скриена количина
- Пазарен во лимитиран налог;
- Стоп налог:
o Стоп пазарен налог
o Стоп лимитиран налог
• стоп куповен налог
• стоп продажен налог
При прием на налози по електронски пат преку апликацијата E-Trader, Дирекцијата нема да ги прифаќа следните видови налози:
− лимитиран налог со инструкции, и
− налог со услов СЕ или НИШТО.
Дирекцијата при прием на налози по електронски пат преку апликацијата E-Trader, ќе ги прифаќа налозите со следните рокови на важност:
- за пазарен налог – дневна важност;
- за пазарен во лимитиран налог - дневна важност;
- за лимитиран налог – од еден ден до 30 дена, но не повеќе од 30 дена.
- за стоп налог – од еден ден до 30 дена, но не повеќе од 30 дена.
Начин на извршување на налозите на клиентите и водење на евиденции
Член 8
Банката е должна веднаш да го внесе прифатениот/одобрен налог на клиентот во БЕСТ системот на Македонската берза во согласност со редениот број на налози во книгата на налози и ќе го изврши налогот, односно ќе склучи трансакција согласно дадените инструкции од клиентот и типот на налогот веднаш штом условите на пазарот на хартии од вредност дозволуваат негово извршување.
Банката нема да купува и/или продава хартии од вредност за своја сметка или за сметка на вработено лице во Банката, ако со ваквото купување или продавање би се оневозможило извршување на налог на клиент за купување и/или продавање или ако поради тоа тој налог би можел да се реализира по понеповолни услови за клиентот.
Банката е должна да го почитува следниот редослед на извршување на добиените налози за тргување: 1) налози од клиенти, 2) налози на вработените во Банката, кои се заведени во книгата на налози како клиент на Банката, 3) налози на самата Банка како принципал.
Надомест,трошоци и давачки
Член 9
За извршување на услугите на берзанско посредување, Клиентот на Банката и плаќа надомест и ги плаќа трошоците што произлегуваат и се поврзани со берзанското посредување, во висина и на начин, определен во секогаш важечката тарифа на Банката, доколку со овие Општи услови , или со некој друг акт, не е определено поинаку.
Клиентот е должен да ги плати надоместоците и трошоците од претходниот став на овој член пред извршувањето на налогот, освен ако со Договорот не е определено поинаку или ако Xxxxxxx не му постави на клиентот поинакви барања. Во надоместот на Банката покрај цената за нејзино извршување на услугите на берзанското посредување, пресметани се и провизиите, односно трошоците од трансакциите со хартии од вредност, и тоа берзански провизии, провизии на Централниот депозитар на хартии од вредност. Сите евентуални даноци, такси и други оптоварувања (во продолжение: даноци) се на товар на клиентот и тој мора во случај тие да бидат платени од страна на Xxxxxxx да и ги врати на Банката, веднаш по известувањето од страна на Банката, но најдоцна еден ден пред денот на порамнувањето, освен ако поинаку не определено.
Член 10
Без оглед на претходниот член на овие Општи услови на работење, Банката, во случај на извршување на налогот за продажба, ќе ги пресмета и ќе ги наплати надоместокот, трошоците и даноците од претходниот член на овие Општи услови на работење на товар на примените средства од продажбата на хартиите од вредност. Доколку Банката од која и да е причина нема да може во целост или делумно да ги пресмета и наплати надоместоците, трошоците и даноците од претходниот член на овие Општи услови, од средствата од продажбата на хартии од вредност, клиентот е должен да и ги плати на Банката сите надоместоци, трошоци и даноци, веднаш по известувањето од страна на Банката, но најдоцна еден ден пред денот на порамнувањето, освен ако поинаку не определено, во спротивно Банката има право да ги искористи сите можности и правни лекови за наплата.
Депонирање на средства
Член 11
Клиентот е должен пред давањето на куповен налог, однапред да обезбеди доволно парични средства за плаќање на купопродажната цена на хартиите од вредност и на сите трошоци во поглед
на трансакцијата. Клиентот е должен паричните средства за секоја трансакција одделно однапред да ги депонира на посебната клиентска сметка на Банката во НБРСМ (сметка за порамнување).
Банката во исклучителни случаи, може да определи и други рокови за депонирање на средствата на сметката за порамнување, најдоцна до денот на порамнување на трансакцијата.
Депонирање на средства на посебната клиентска сметка на Банката во НБРСМ по основ на купување ХВ од страна на клиентот
Член 12
Клиентот кој има намера да купува хартии од вредност, паричните средства ќе ги уплати директно на сметката за порамнување најдоцна до денот на порамнување на трансакцијата.
Доколку клиентот, во согласност со член 11 и член 14 од овие Општи услови на работење, депонирал средства на посебната клиентска сметка на Банката во НБРСМ, за исполнување на паричните обврски од налогот за купување, износот, платен за купување, се порамнува од депонираните средства. Ако Банката не побарала депонирање на средства во времето на изготвување на налогот, или ако износот на депонираните средства не е доволен за порамнување на паричните обврски од купувањето на хартии од вредност, клиентот е должен веднаш по известувањето од страна на Банката, но најдоцна до денот на порамнувањето на трансакцијата, да ги доплати потребните парични средства.
Доколку клиентот достави барање до Банката дека неискористените средства кои се евидентирани на посебната клиентска сметка на Банката во НБРСМ сака да ги искористи за подоцнежни налози за купување, тогаш неискористените средства може да останат на посебната клиентска сметка на Банката во НБРСМ најмногу 30 дена.
Доколку клиентот во рок од 30 дена не реализира ниту една куповна трансакција, Xxxxxxx е должна паричните средства и/или паричните средства за кои добил писмена инструкција од клиентот да му ги исплати во целост по истекот на 30-тиот ден (односно првиот нареден работен ден).
Доколку клиентот во рок од 30 дена реализира купoвна трансакциjа чија вредност е пониска од средствата кои се на сметката за порамнување врз основа на писмената инструкција на клиентот, Банкатае должна по истекот на 30-тиот ден (односно првиот нареден работен ден) да ја исплати разликата односно преостанатите парични средства во целост.
Доколку во периодот од 30 дена клиентот континуирано врши купување и продавање на хартии од вредност рокот од 30 дена ќе се смета за сите продажни трансакции и уплати по методот FIFO (прв влезен прв излезен).
Доколку клиентот направи отповикување на налогот за купување, за кое клиентот има депонирано средства, во тој случај Xxxxxxx ќе му ги уплати неискористените средства исклучиво (освен во случаите пропишани со закон кога не зависи од волјата на клиентот) во име и за сметка на клиентот на неговата трансакциска сметка во деловна банка врз основа на негово писмено барање, следниот ден по отповикувањето на налогот за купување.
Уплата на средствата во корист на клиентот по основ на продажба на ХВ
Член 13
Банката се обврзува паричните средства од клиентот добиени од продажба на хартии од вредност, намалени за давачките во согласност со овие Општи услови за работење и договорот веднаш, но не подоцна од еден работен ден од приемот на средствата од продажбата, од сметката за порамнување во Народната Банка на Република Северна Македонија да ги уплати исклучиво (освен
во случаите пропишани со закон кога не зависи од волјата на клиентот) во име и за сметка на клиентот на неговата трансакциска сметка во деловна банка.
Доколку клиентот даде писмена инструкција паричните средства од продажба на хартиите од вредност да не му се исплатуваат на неговата сметка, односно истите да останат на сметката за порамнување во Народната Банка на Република Северна Македонија за идни куповни трансакции, во тој случај паричните средства може да останат на сметката за порамнување најмногу 30 дена од денот на порамнување на продажната трансакција.
Член 14
Депонираните средства, односно неискористените средства, не се сметаат за депозит и за нив Банката не пресметува камата.
Во случај на блокада на сметките на клиентот во ЕРИС системот, Xxxxxxx неискористените средства веднаш ќе му ги уплати исклучиво во име и за сметка на клиентот на неговата трансакциска сметка во деловна банка без оглед на дадените инструкции од страна на клиентот.
Паричните средства на посебната клиентска сметка на Банката во НБРСМ можат да се употребат само во согласност со инструкциите на клиентот. Банката не смее да врши плаќања поврзани со склучените трансакции со хартии од вредност во свое име и за своја сметка од паричните средства на клиентите и не смее да ги користи паричните средства на еден клиент за сметка на кој било друг клиент. Паричните средства на клиентите не влегуваат во имотот на Банката во случај на стечај или ликвидација и не можат да се користат за намирување на обврските на Банката.
Пресметка за извршената работа
Член 15
Банката го известува клиентот за реализираните трансакции/порамнувањато на обврските од склучените трансакции, во согласност со соодветните позитивни законски прописи и Договорот.
Известување
Член 16
Банката е должна да му достави на клиентот извештај за склучување и порамнување на трансакцијата со хартии од вредност до крајот на работниот ден на склучување на трансакцијата, но не подоцна од денот на порамнувањето. Банката мора да поседува доказ за уредна достава на извештајот.
Банката на начин предвиден во Договорот и во овие Општи услови му го доставува извештајот за склучување и порамнување на трансакцијата со хартии од вредност.
Извештајот содржи податоци за:
- називот на издавачот на хартиите од вредност со кои е тргувано;
- видот, родот и класата на хартиите од вредност со кои е тргувано;
- видот на налогот – куповен или продажен;
- количината на хартиите од вредност со кои е тргувано;
- цената по која хартиите од вредност се купени, односно продадени;
- надоместокот за извршената трансакција;
- датумот на приемот на налогот за тргување, и
- датумот на порамнување на трансакцијата.
Во случај на писмен налог, барање, задолжително или дозволено известување или порака (во продолжение:писмено известување) според овие или во врска со овие Општи услови на работење и Договорот, се смета дека писменото известување е уредно доставено до Клиентот, доколку писменото известување до клиентот е доставено во писмена форма на рака, или во форма на компјутерски запис - e-mail кој клиентот го пријавил во Банката.
Доколку Клиентот навремено не ја известил Банката за промена на адреса, седиштето на правно лице, телефонски број, факс,емаил адреса за комуникација, секоја достава ќе се смета за уредна, доколку е испратена на еден од каналите за комуникација пријавени од страна на Клиентот..
Судир на интересите
Член 17
Банката е должна да го извести клиентот за евентуалните судири меѓу интересите на клиентот и интересите на Xxxxxxx, односно интересите на другите клиенти на Банката. Банката е должна да работи на начин со која ќе се минимизира можноста за судир на интереси меѓу клиентите, Xxxxxxx, и/или лицата вработени во Банката.
Ризици
Член 18
Банката во насока на заштита на интересите на клиентот веднаш ќе го извести клиентот за сите околности од значење за одлучување на клиентот во врска со налогот за купување или продавање на хартии од вредност и/или други услуги кои треба да ги изврши, како и за ризиците во врска со вложувањето во хартии од вредност.
Потребните податоци и информации од клиентите во врска со нивното искуство во вложување во хартии од вредност и нивните финансиски можности и цели, значајни за заштита на нивните интереси, Xxxxxxx ги обезбедува по пат на пополнување на следниве образци - Формулар за нов клиент” и “Апликација за идентификација/ажурирање на клиент согласно Одлуката број 08-102/1 од 18.01.2019 година на КХВ на РСМ” од страна на клиентот при воспоставување на деловниот однос.
Вложувањата во хартии од вредност е врзан и со соодветен финасиски ризик поради што клиентот, со самото потпишување на Договорот за соработка во берзанска трговија со хартии од вредност, потврдува дека е свесен и дека го прифаќа ризикот заради движењата на пазарот и други фактори што влијаат на пазарот на хартии од вредност, врз коишто Банката нема никакво влијание, вредноста на хартиите од вредност, коишто се предмет на овој Договор и на налогот, неочекувано да се промени.
БЕРЗАНСКО ПОСРЕДУВАЊЕ ВО СТРАНСТВО
Член 19
Банката врз основа на дозвола за работа од Комисијата за хартии од вредност на Република Северна Македонија, посредува во тргувањето со хартии од вредност на странски берзи, односно ја врши услугата прием и пренос на налози за купување/продавање на хартии од вредност на странски пазари при што, Банката не сноси одговорност за правилно извршување на налозите за купување/продавање на хартии од вредност на странски пазари.
Со посебен Договор се регулираат правата и обврските на Банката и клиентот што произлегуваат од нивниот меѓусебен однос при вршење услуги за посредување во берзанско тргување, порамнување и чување на хартии од вредност во странство.
III. ИНВЕСТИЦИОНО СОВЕТУВАЊЕ
Член 20
Клиентот, во насока на што подобро реализирање на налозите за тргување со хартии од вредност, може да побара инвестиционо советување од страна на Xxxxxxx, која смее согласно со пропишаните правила и прописи да посредува со сите расположиви информации, односно податоци за пооделните хартии од вредност или за општи ситуации на пазарот на хартии од вредност.
За вршење на овој вид на услуга Xxxxxxx и клиентот склучуваат посебен Договор.
Во посебниот договор, клиентот и Банката, во поглед на бараното инвестиционо советување од страна на клиентот се договара секое барање посебно, и се утврдува висината на надоместокот и начинот на плаќање за извршената услуга согласно важечката тарифа на Банката.
Ризикот и одлучувањето во врска со работењето со хартии од вредност го презема клиентот.
IV. УПРАВУВАЊА СО ПОРТФОЛИО НА ХАРТИИ ОД ВРЕДНОСТ ПО НАЛОГ ЗА СМЕТКА НА ИНДИВИДУАЛЕН КЛИЕНТ
Член 21
Управување со портфолио на хартии од вредност е управување со хартиите од вредност како и со паричните средства на клиентот и нивното вложување во хартии од вредност врз основа на Договорот склучен помеѓу Банката и клиентот. Банката за вршење на услугата управување со портфолио на хартии од вредност ќе наплатува соодветен надоместок утврден согласно важечката тарифа на Банката.
Договор за портфолио менаџмент
Член 22
Договор за портфолио менаџмент е договор со кој Xxxxxxx, во согласност со политиката за вложување содржана во Договорот, во име и за сметка на клиентот, ги вложува неговите парични средства во хартии од вредност, а со цел распределување на ризикот, за што клиентот е согласен да плати надоместок.
Договорот за портфолио менаџмент се склучува во писмена форма и во истиот задолжително се утврдува износот на паричните средства што клиентот и ги доверува на Банката, политиката на вложување на клиентот, изјава за преземање на ризиците од инволвираноста во тргувањето со финсиските иснстументи, видот, содржината и фреквенцијата на доставување на извештаи за извршените активности од страна на Банката до клиентот, висината на надоместокот и начинот на пресметување на истиот и раскинување на договорот .
V. ЧУВАЊЕ НА ХАРТИИ ОД ВРЕДНОСТ
Член 23
Чување на хартии од вредност е посебна услуга за која пред нејзиното извршување Банката и клиентот задолжително склучуваат посебен Договор во писмена форма, во кој подетално се уредуваат меѓусебните права и обврски при давањето на овој вид на услуга од страна на Банката. Чувањето на хартии од вредност вклучува отварање и водење на сметки на хатрии од вредност во свое име, а за сметка на клиентот во Депозитарот, отварање и водење на сметка на хартии од вредност и за свои клиенти кои не се сопственици на тие хартии од вредност, а за сметка на нивните клиенти и други услуги по налог на клиентот, како што се: исплата на достасани побарувања од издавачот врз основа на достасани хартии од вредност, камати и дивиденди за сметка на сопствениците на хартиите од вредност, известување за собранија на акционери и застапување на тие собранија, плаќање на даночните обврски на клиентот врз основа на хартии од вредност кои се во негова сопственост и сл.
Член 24
Со хартиите од вредност кои се водат на посебна сметка во Банката, може да се располага само по налог на клиентот како налогодавач.
Хартиите од вредност кои за сметка на клиентот се водат на посебна сметка во Банката се во сопственост на клиентот и не влегуваат во имотот на Банката, во ликвидационата односно стечајна маса, ниту пак можат да се користат за намирување на обврските на Банката.
Член 25
За извршената услуга чување на хартии од вредност, Банката му наплаќа на клиентот надоместок кој се утврдува во Договорот склучен помеѓу Банката и клиентот.
VI. ЗАЕДНИЧКИ ОДРЕДБИ
Водење и чување на документацијата
Член 26
Банката смее во согласност со секогаш важечките прописи да собира, да води, да обработува и да чува податоци поврзани со овие општи услови на работење.
Банката е должна да води евиденција и да ги чува сите документи кои во секое време овозможуваат потврдување дека одредена трансакција е извршена во свое име и за своја сметка или за сметка на клиентот.
Грижа
Член 27
При извршување на работи според овие општи услови на работењето Xxxxxxx ќе се однесува професионално и со грижа на добар стопанственик, согласно со соодветните позитивни законски прописи.
Член 28
Клиентот се обврзува дека за непречено извршување на услугите со хартии од вредност на Банката, на нејзино барање, ќе и достави соодветна документација, односно направи достапни соодветно потребни информации и податоци. Клиентот е должен да ја известува Банката за сите околности, коишто се важни за извршување на услугите на Банката во согласност со овие општи услови на работење и договорот.
Одговорност
Член 29
Без оглед на другите одредби на овие Општи услови на работење:
(I) Банката пред клиентот или трети лица не одговара за евентуалната непосредна или посредна штета, обврските и/или загубата, настанати како последица на исполнувањето на обврските на Банката согласно овие Општи услови на работење и Договорот, освен во случај на нејзино делување со умисла или голема негрижа, чијашто содржина се оценува во согласност со стандардите за грижливост на добра членка на Македонската берза АД Скопје.
Банката нема да биде одговорна за штети кои можат да настанат, како резултат на виша сила, ризик од вложување и чување на средства, промени на пазарните правила, промени во пазарните услови кои влијаат на извршување на трансакциите и вредноста на средствата, берзански и контролни ограничувања, конфискација, експропријација, национализација, вооружени конфликти и сл.
Банката не одговара ниту за пропусти, несовесно работење или било каква штета причинета на клиентот од страна на трети лица, како и во случај кога штетата настапила поради причини кои се надвор од контрола на Банката.
Xxxxxxx е одговорна за штетата настаната од неизвршување на обврските од овие Општи услови за работење и Договорот и штетата која е предизвикана на клиентот со сторување или несторување на дејствија од страна на брокерот или инвестициониот советник вработен во Банката.
(II) Клиентот гарантира дека сите документи, податоци и информации кои ги доставува до Банката при склучување на Договорот се веродостојни, целосни и точни.
Клиентот гарантира дека податоците кои ги наведува во инструкциите и налозите до Банката, се целосни и точни и одговара за сите последици кои може да настанат во случај на доставување на нецелосни или неточни податоци. Клиентот е должен да доставува јасни и недвосмислени инструкции и налози. Во случај на прием на нејасни, непотполни или погрешни налози или инструкции,Xxxxxxx ќе побара писмено појаснување од клиентот или нови инструкции,односно налози, при што како време нa прием на налозите ќе се смета времето кога се примени појаснувањата, односно новите налози или инструкции.
Клиентот се обврзува дека на Банката ќе и ја надомести секоја штета, трошоци и дека воопшто ќе ја ослободи од сите обврски настанати кон Банката од односот кон кое и да е лице, коишто се последица од извршувањето на услугите според овие Општи услови за работење и Договорот, освен во случај на однесување со умисла или голема негрижа на Банката, чијашто содржина се оценува согласно стандардите за грижливост на добра членка на Македонската берза АД Скопје.
Промени на општите услови на работењето
Член 30
Во случај на промена на соодветните прописи или/и одлуки коишто влијаат на исполнувањето на обврските на Банката, според овие или во врска со овие Општи услови на работење, Договорот и налогот (во продолжение: промена на прописи), како и по сопствена проценка и одлука Банката има право да ги измени, односно да ги дополни овие општи услови на работење.
Секоја промена на Општите услови ќе биде јавно објавена на web страната на Xxxxxxx со што се смета дека клиентите се уредно известени . Се смета дека клиентот се согласува со промените на Општите услови за работење доколку во рок од 7 работни дена од објавувањето на изменетите Општи услови писмено не ја извести Xxxxxxx за тоа дека не се согласува со таквите промени. Доколку не се согласи со измените Договорот за соработка во берзанската трговија со хартии од вредност ќе се смета за автоматски раскинат.
Траење на договорниот однос
Член 31
Времетраењето на Договорот и условите за откажување од него во случаите коишто не се наведени во овие Општи услови за работење, страните ги договараат во самиот договор.
Во случај на откажување на наведениот договор, од причини наброени во овие Општи услови за работење и наведениот Договор, наведениот Договор се продолжува до конечното порамнување на сите обврски на клиентот и Xxxxxxx според тој Договор, односно трансакциите, склучени пред откажувањето.
Банкарска тајна
Член 32
Заради заштита на интересите на клиентот, Xxxxxxx се обврзува дека сите податоци и информации, кои ги дознала при извршување на Договорот, или во врска со извршување на договорот, ќе ги третира како банкарска тајна.
Податоците и информациите од став 1 на овој член можат да се соопштат во следните случаи:
- ако клиентот дал писмена согласност за нивно откривање;
- на писмено барање или налог на надлежен суд;
- на барање на Комисијата за хартии од вредност за вршење на контрола врз работењето на Банката;
- на писмено барање на Народната банка за потребите на супервизијата;
- наУправата за финансиско разузнавање;
- на писмено барање на друг орган овластен со закон.
Податоците и информациите кои се стекнати при вршење на финансиските активности, а кои претставуваат банкарска тајна, Банката е должна да ја заштити и чува.
Судска надлежност и избор на правото
Член 33
Евентуалните спорови од договорните односи, коишто се темелат врз овие Општи услови за работење, клиентот и Xxxxxxx ќе ги решаваат договорно, а во случај на судски спор договараат надлежност на стварно и месно надлежниот суд во Скопје.
За проценка на сите договорни односи, коишто се темелат на овие Општи услови за работење се користи македонското право.
Неважење на одредбите
Член 34
Неважењето или неизвршливоста на одделна одредба на овие Општи услови за работење и Договорот, не влијае на важноста и извршноста на другите одредби.
Во случај некоја одредба од овие Општи услови за работење да е неважечка или неизвршлива, Xxxxxxx таквата одредба, ќе ја замени со нова којашто е најблиска до неважечката, односно одредбата што не може да се исполни.
Членство во саморегулирачка организација
Член 35
Банката е член на Македонската берза АД Скопје и на Централниот депозитар за хартии од вредност АД Скопје.
VII. ПРЕОДНИ И ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ
Член 36
За се што не е утврдено во овие општи услови за работење се применува постоечката важечка регулатива од областа на хартии од вредност.