Полиса - документ кој го потпишуваат договорните страни при договарање на осигурувањетo и кој воедно претставува потврда дека договорот за осигурување е склучен; Сума на осигурување - највисок износ до кој осигурувачот е во обврска при настанување на...
Друштво за осигурување ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје
ОПШТИ УСЛОВИ ЗА ОСИГУРУВАЊЕ НА ПОСЕВИ И ПЛОДОВИ
Ознака: УС-пло- 04.24
Број: 1101-21/05/02
Датум на примена: 09.04.2024
ВОВЕДНИ ОДРЕДБИ
[1] Овие Општи услови за осигурување на посеви и плодови – (во понатамошниот текст: Услови) се составен дел на понудата и договорот за осигурување што договорувачот на осигурувањето ќе го склучи со ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје (во понатамошниот текст: осигурувач).
[2] Изразите во овие услови го имаат следново значење:
Договорувач -лице со кое осигурувачот склучува договор за осигурување;
Осигуреник - лице на кое му припаѓаат правата од осигурувањето;
Осигурувач - ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД, Скопје;
Полиса - документ кој го потпишуваат договорните страни при договарање на осигурувањетo и кој воедно претставува потврда дека договорот за осигурување е склучен; Сума на осигурување - највисок износ до кој осигурувачот е во обврска при настанување на осигурениот случај;
Премија - износ кој се плаќа за осигурување по договор за осигурување;
Надомест од осигурување - износ кој го плаќа осигурувачот врз основа на склучениот договор за осигурување по настанување на осигурен случај;
Франшиза - износ со кој осигуреникот учествува во штета;
Осигурен случај - иден, неизвесен штетен настан, независен од исклучивата волја на осигуреникот, кој има како последица настанување на штета;
[3] Овие услови се темелат врз Закон за облигационите односи, Законот за супервизија на осигурувањето како и останатите подзаконски акти донесени врз основа на овие закони, и на соодветен начин се применуваат на договорот за осигурување кој што го склучуваат договарачот на осигурувањето и осигурувачот.
[4] Општите услови се составен дел на понудата и договорот за осигурување што договарачот на осигурувањето, односно осигуреникот ќе го склучи со ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД, Скопје.
ОБЕМ НА ОСИГУРИТЕЛНО ПОКРИТИЕ
Член 1
[1] Осигурувачот ги надоместува штетите на осигурените посеви и плодови, ако за времетраењето на осигурувањето се уништени или оштетени поради град, пожар или удар од гром.
[2] Ако посебно се договори и плати дополнителна премија, со осигурувањето се покриени и штети на осигурените посеви и плодови од ризиците пролетен мраз, поплава и луња.
[3] Осигурувачот има обврска да плати надомест за штета што настанала со оштетување или уништување на осигурените посеви и плодови само за изгубениот количински принос, а не и за изгубениот квалитет на плодовите. Ако се договори и дополнително осигурување според Посебните услови и ако се плати соодветна дополнителна премија, се осигурува и квалитетот кај посеви за производство на семе и овошни плодови.
[4] Осигурувачот не покрива штети што настанале како резултат на елементарни непогоди кои не се наведени во овие услови, како и штети предизвикани од растителни болести.
[5] Осигурувачот не покрива штети што настанале како резултат на атомска реакција, атомска радијација или радиоактивна контаминација.
ПРЕДМЕТ НА OСИГУРУВАЊЕ
Член 2
[1] Предмет на осигурување се посеви и плодови, лековити билки, украсни билки, овошен,
лозов и шумски посадочен материјал, млади овоштарници и лозја пред стапување во род, млади шумски култури (во натамошниот текст: посеви и плодови).
[2] Со осигурувањето се опфатени посевите и плодовите кои се наведени во полисата и тоа:
1) житни култури, маслодајни и семенски билки; со посебен договор може да се осигураат житни култури за слама и сирак за метли;
2) кај коренестите и кртолестите билки - коренот и кртолата;
3) зеленчук, лековити, мирисни и украсни билки според целта на одгледување;
4) кај конопот - стеблото; ако конопот се осигурува за семе, осигурено е само семето, освен ако не епосебно осигурено и стеблото;
5) кај ленот - стеблото и семето;
6) кај тутунот - листот, ако се произведува за семе тогаш и семето доколку тоа е посебно договорено;
7) кај хмељот - плодот;
8) кај крмните растенија - крмниот принос, а доколку се осигурени за семе, само семето;
9) кај расадот - садниците;
10) лозјата за принос на грозје и шира;
11) кај овошките - плодот;
12) кај јагодестото (ситно) овошје - плодот;
13) кај младите шумски насади - стеблото;
14) кај овошните садници - за подлога и калемење.
[3] Меѓупосевите и страничните посеви треба посебно да се осигураат.
[4] Неродните овошни и лозови насади, освен младите неродни овошни и лозови насади не се предмет на ова осигурување.
[5] Посевите и плодовите кои во тековната година веќе биле еднаш оштетени од ризиците опфатени со ова осигурување, не можат да бидат повторно осигурени од овие ризици во истата година. Доколку подоцна се утврди дека било склучено такво осигурување, истото се поништува, при што на осигуреникот му се враќа платената премија.
[6] Посевите и плодовите кои во текот на годината се косат или берат повеќе пати, се осигуруваат за целокупниот принос.
ОБВРСКА ЗА ОСИГУРУВАЊЕ НА СИТЕ ПОСЕВИ И ПЛОДОВИ ОД ИСТ ВИД
Член 3
[1] Осигуреникот има обврска да ги осигури сите површини под посеви и плодови од ист вид. Тоа се однесува и на посевите и плодовите кои колективно се осигуруваат, освен ако не е поинаку договорено. Поголемите осигуреници имаат обврска да ги осигураат сите посеви и плодови од ист вид, поделени по економски единици.
[2] Доколку осигуреникот не ги осигури сите посеви, односно плодови од ист вид, се исплаќа само оној дел од штетата на осигурените посеви и плодови што одговара на соодносот меѓу осигурената и реалната површина под тие посеви и плодови, односно соодносот меѓу осигурениот и реалниот број на стебла или пенушки.
[3] Ако за времетраењето на осигурувањето настапи промена во планот за сеидба или во површината, осигуреникот е должен без одлагање да го пријави истото кај осигурувачот заради измена на полисата и тоа во рок од 15 дена од денот кога ја извршил сеидбата или садењето. Доколку не го стори тоа и ако при ликвидација на штетата се утврди неусогласеност меѓу осигурената и реално засеаната или засадената површина, односно меѓу осигурениот и реалниот број на стебла или пенушки, надоместот од осигурување се пресметува според одредбите од став 2 на овој член.
СУМА НА ОСИГУРУВАЊЕ
Член 4
[1] Сумата на осигурување за посеви и плодови е еднаква на висината на очекуваниот производ, вреднуван по договорена цена.
[2] Осигуреникот има право да побара намалување на сумата на осигурување ако докаже дека реалната вредност на осигурениот посев, односно плод од ист вид е помала од сумата на осигурување, но само ако разликата изнесува најмалку 20% и ако во меѓувреме не настанал осигурен случај. Намалување на сумата на осигурување за поединечни видови посеви и плодови може да се побара за времетраењето на осигурувањето, но најдоцна до крајот на оној месец пред месецот во кој посевите се жнеат, односно во кој плодовите се берат.
[3] Осигуреникот има право да бара и зголемување на сумата на осигурување со доплата на премија ако за времетраењето на осигурувањето дојде до зголемување на реалната вредност на осигурените посевиили плодови и ако во меѓувреме не настанал осигурен случај. Зголемувањето на сумата на осигурување за поедини видови посеви може да се побара за времетраењето на осигурувањето, но најдоцна до крајот на оној месец пред месецoт кога се жнеат посевите, односно се берат плодовите.
[4] Доколку осигуреникот не побара промена на осигурувањето во наведениот рок, го губи правото на намалување или зголемување на сумата на осигурување.
[5] Осигурувачот има право за времетраењето на осигурувањето да врши преглед на осигурените посеви и плодови заради утврдување на нивната состојба. Прегледот и утврдувањето на состојбата на посевите и плодовите го вршат осигурувачот и осигуреникот заедно. Врз основа на извршениот преглед се составува записник за утврдување на состојбата на посевите и плодовите, при што осигурувачот има право да побара корекција на сумата на осигурување во моментот кога сé уште не настанал осигурен случај.
ПОЧЕТОК И ПРЕСТАНОК НА ОБВРСКИТЕ НА OСИГУРУВАЧОТ
Член 5
[1] Обврската на осигурувачот за исплаќање надомест на штета започнува во 24:00 часот на третиот ден од денот кој во договорот за осигурување е означен како почеток на осигурување, ако до тој ден е платена премија или било дозволено одложено плаќање на премија.
[2] Обврската на осигурувачот за исплаќање надомест на штета согласно со став 1 од овој член, во никој случај не почнува:
1. кај лозовите насади - додека не излезе ластарот од пупката, што значи дека мора да бидат отворени најмалку 20% од пупките и да има видливи зелени ливчиња кај поединечни сорти (фенофаза Д);
2. кај овошките - додека не се отворени најмалку 20% од цветовите во насадите на поединечни овошни видови и сорти;
3. кај хмељот - додека ластарот не изникне од земјата;
4. кај овошниот, лозовиот и шумскиот посадочен материјал - додека не изникнат од земја, односно не се засадени;
5. кај класираните и калемени лози - додека калемените делови не сраснат со основата. Калемот мора да почне да пупи - посадениот калем мора да расте;
6. кај зеленчукот, тутунот, украсните цвеќиња и младите шумски насади - додека растенијата не се посадени или расадени; ако зеленчукот и украсните растенија се одгледуваат на места каде се посадени, додека не никнат од земја;
7. кај житните култури и останатите посеви кои не се посебно наведени - од моментот на никнување.
8. кај рибизлите- кога ќе се отворат барем 20% од цветовите во насадот;
[3] Обврската на осигурувачот за надомест на штета престанува:
1. кај житните култури, маслените билки, конопот, ленот, крмните билки и посевите наменети за семе - кога ќе бидат окосени, ожнеани или на друг начин обрани;
2. кај коренестите и кртолестите билки – кога коренот или кртолата ќе се извадат од земја;
3. кај грозјето, овошјето и зеленчукот, ако плодовите се обрани;
4. кај овошниот, лозовиот и шумскиот посадочен материјал, како и кај младите шумски култури, украсните билки - по извршеното вадење или режење;
5. За сите останати посеви и плодови кои не се посебно наведени, најдоцна до 31 октомври во 24:00часот, освен за културите каде агротехничкиот рок на жетва, односно берба е продолжен и по 31 октомври и кај кои обврската на осигурувачот за надомест од осигурување престанува по извршената жетва, берба, режење и вадење од земја, но најдоцна до 31 декември во 24:00 часот.
[4] Ако осигурените посеви, односно плодови не се ожнеани или обрани најдоцна во рок од 10 дена по завршувањето на жетвата, односно бербата во соодветното место, обврската на осигурувачот престанува во 24 часот од десеттиот ден, сметајќи од денот на завршување на жетвата или бербата во соодветното место, додека потоа настанатите штети не се надоместуваат.
ОСИГУРЕН СЛУЧАЈ
Член 6
[1] Кај осигурување на посеви и плодови се смета дека настанал осигурен случај во моментот кога поради една од осигурените опасности дошло до оштетување на осигурените посеви и плодови.
ОБВРСКИ НА ОСИГУРЕНИКОТ ПО НАСТАНУВАЊЕ ОСИГУРЕН СЛУЧАЈ
Член 7
[1] По настанување на осигурен случај врз основа на кој се бара надомест, осигуреникот е должен веднаш, а најдоцна во рок од три дена по дознавањето писмено да го извести осигурувачот дека настанал осигурен случај. Доколку осигуреникот не ја пријави штетата во наведениот рок, истиот е должен да му ја врати можната штета на осигурувачот која тој би ја претрпел како резултат на ненавремена пријава.
[2] Осигуреникот е должен веднаш по настанување на осигурен случај да ги преземе сите мерки со цел дасе спречи зголемување на штетата, притоа придржувајќи се до советите на осигурувачот. Пред сé, должен е да ги преземе сите агротехнички мерки (плевење, окопување, прскање, запрашување и друго). Во случај на оштетување на посевите, односно плодовите за време на жетвата (бербата), осигуреникот е должен и пред да се изврши процена на штетата да ја продолжи жетвата или бербата, а со цел спречување натамошно зголемување на штетата. Доколку осигуреникот не постапи како што е наведено, нема да му се надомести оној дел од штетата кој настанал поради тоа.
[3] Кога оштетениот посев или плод мора да се ожнее или обере, а сé уште не е извршена процена и утврдување на штетата, осигуреникот е должен на почетниот, средниот и крајниот дел од парцелата да остави 10 м2 оштетен посев или плод, 5-10 необрани пенушки кај лозјата, односно необрани во овоштарник неколку стебла дијагонално, коишто ќе послужат како основа за процена на штетата.
ПРОЦЕНА НА ШТЕТА
Член 8
[1] По добивање пријава за настанат осигурен случај, осигурувачот е должен да изврши утврдување и процена на штетата.
[2] Процената на штета може да биде претходна (претпроцена), конечна и контролна. Кога процената е претходна (претпроцена) се утврдува состојбата на посевите и плодовите, природата на оштетувањата и другите елементи кои се од важност за конечно утврдување, односно процена на штетата.
[3] Кај конечната процена на штета се утврдува количината на приносот што се намалува како резултат на осигурениот случај.
[4] Осигурувачот може да ја повтори процената (контролна процена) и да побара нејзина корекција.
[5] Ако еден ист посев или плод е оштетен повеќе пати, процентот на штета се утврдува според состојбата на посевите или плодовите при последното оштетување.
[6] Ако осигуреникот не се согласува со процената, должен е своето несогласување со процентот да го соопшти во писмена форма на осигурувачот во рок од три дена од денот на соопштување на резултатите од процената. Доколку осигуреникот не постапи така, процената се смета за конечна.
[7] Доколку постои неусогласеност со процената, страните можат заеднички да определат вештачење од овластена институција или агенција за вештачење, при што трошоците за истата ги сносат двете страни подеднакво.
ОСИГУРЕНА ВРЕДНОСТ
Член 9
[1] Осигурената вредност на посевите и плодовите е еднаква со висината на остварениот принос вреднуван по откупните цени на големо за време на подготовката на приносот, односно во време на жетвата или бербата.
ОБВРСКИ НА ОСИГУРУВАЧОТ (НАДОМЕСТ ОД ОСИГУРУВАЊЕ)
Член 10
[1] Обврските на осигурувачот се одредуваат врз основа на следново:
1) сумата на осигурување, ако осигурената вредност е еднаква или поголема од сумата на осигурување;
2) осигурената вредност, ако истата е пониска од сумата на осигурување.
[2] Ако вкупната штета на посевите и плодовите од ризиците опфатени со осигурување изнесува 5% или помалку, штетите не се надоместуваат (интегрална франшиза), освен ако не е поинаку договорено.
[3] Ако е договорено осигуреникот сам да сноси дел од штетата (одбитна франшиза), надоместокот од осигурување кој осигурувачот мора да го исплати, се намалува за договорениот дел од сумата на осигурување или од висината на настаната штета во зависност од договорената одбитна франшиза.
[4] Кога штетата е тотална, на осигуреникот во случаите од став 1 точка 1 од овој член му се исплаќа надомест во висина на сумата на осигурување, а во случаите од став 1 точка 2 од овој член се исплаќа надомест во висина на осигурената вредност.
[5] Кога штетата е делумна, на осигуреникот како надомест му се исплаќа процент од осигурената сума или од осигурените вредности кој е пропорционален со оштетените посеви или плодови и намален за договорената одбитна франшиза. Надоместот се пресметува од сумата на осигурување како во случајот од став 1 точка 1 од овој член, а од осигурената вредност како во случајот од став 1 точка 2 од овој член.
[6] Ако процентот на оштетување изнесува 80% или повеќе, износот на надоместот се намалува за висината на трошоците потребни за работите кои не биле извршени поради штетата, и тоа од нејзиното настанување до жетвата, односно бербата и се намалува за договорената одбитна франшиза.Тој одбиток се одредува според вистинската висина на тие
трошоци за оштетените култури, а изнесува најмалку 20% од износот на надоместот во зависност од развојната фаза на оштетената култура.
[7] Во случај кога младите посеви или ново засадените насади се тотално уништени, а според годишното време, временските услови и соодветноста на земјиштето сè уште може да се засее или посади истата култура, на осигуреникот му се исплаќа 30% од сумата на осигурување. Кога посевите или плодовите се тотално уништени, а според годишното време, временските услови и соодветноста на земјиштето не е можно повторно сеење или садење на истата култура, на осигуреникот му се исплаќа 50% од сумата на осигурување.
[8] Исплатата на штета доспева четиринаесеттиот ден по комплетирањето на потребната документација. Ако е потребен увид за утврдување на осигурениот случај и обемот на обврските на осигурувачот или доколку утврдувањето на правата за оштета не може да се заврши во рок од 14 дена, доспевањето настапува на четиринаесеттиот ден по завршените увиди. Во никој случај доспеаноста не може да настапипред истекот на 14 дена од денот кога посевите или плодовите биле ожнеани или обрани.
ПЛАЌАЊЕ ПРЕМИЈА
Член 11
[1] Првата рата или еднократна премија, договорувачот на осигурувањето мора да ја плати при склучување на договорот за осигурување, а остатокот од премијата за кој е договорена динамика за плаќање на рати треба да се плати најдоцна пред истекот на осигурувањето. При настанување на осигурен случај за наплата доспева целата ненаплатена премија од тековната година на осигурување.
[2] Ако е договорено плаќање на премијата на рати, а ратата не е платена до денот на доспевање, може да се пресмета законска камата.
[3] Ако и без разлика на договореното време на осигурување во договорот била определена пониска премија, а осигурувањето од било кои причини престанало пред истекот на тој период, Осигурувачот има право да ја наплати разликата до онаа премија која договорувачот на осигурувањето би морал да ја плати доколку договорот за осигурување би бил склучен само за толкав период колку што навистина траело осигурувањето.
[4] Во случај на престанок на важноста на договорот за осигурување поради неплаќање на доспеаната премија, договорувачот мора да ја плати премијата за неплатениот период до денот на престанок на важноста на договорот за осигурување или целокупната премија за тековната година на осигурување, ако до денот на престанок на осигурувањето настанал осигурен случај за кој Осигурувачот има обврска да исплати надомест од осигурување.
ПОСЛЕДИЦИ ОД НЕПЛАЌАЊЕ НА ПРЕМИЈАТА
Член 12
[1] Ако е договорено премијата да се плаќа при склучувањето на договорот, обврската на осигурувачот да го исплати надоместот или сумата определена со договорот почнува третиот ден од денот на уплатата на премијата.
[2] Ако е договорено премијата да се плаќа по склучувањето на договорот, обврската на осигурувачот да го исплати надоместот или сумата определена со договорот почнува од денот определен во договорот како ден на почеток на осигурувањето, односно од третиот ден.
[3] Ако договарачот на осигурувањето премијата што стасала по склучувањето на договорот не ја плати до стасаноста, ниту тоа го стори некое друго заинтересирано лице, договорот за осигурување престанува, по истекот на рокот од 30 дена од кога на договарачот на осигурувањето му е врачено препорачано писмо од осигурувачот со известување за стасаноста на премијата, но со тоа што тој рок да не може да истече пред да поминат 30
дена од стасаноста на премијата.
[4] Во секој случај договорот за осигурување престанува ако премијата не биде платена во рок од една година од стасаноста.
ПОВРАТ НА ПРЕМИЈА
Член 13
[1] На осигурувачот му припаѓа целокупната премија ако осигурените посеви и плодови се уништени илиоштетени од осигурените опасности.
[2] Во случај на намалување на сумата на осигурување, на осигуреникот му се враќа дел од платената премија за осигурување кој е пропорционален со намалувањето на сумата на осигурување и тоа за времето од денот кога е предадено писменото барање за намалување на сумата на осигурување до истекот на осигурувањето.
[3] Ако осигурените посеви и плодови не биле засеани или засадени или биле целосно уништени пред почетокот на осигурителното покритие, осигурувачот ја враќа премијата што била платена за тие посевии плодови.
[4] Осигурувачот враќа дел од премијата за неискористениот дел од осигурувањето, ако осигурените посеви или плодови за времетраењето на осигурувањето се уништени од неосигурена опасност. Осигуреникот има право да побара поврат на премијата во рок од 15 дена откако биле уништени осигурените посеви и плодови.
ОСИГУРУВАЊЕ ПО ОСИГУРЕН СЛУЧАЈ
Член 14
[1] Кога ќе настане осигурен случај, преостанатите, односно повторно посеаните посеви или засадени насади се осигурени во висина на разликата меѓу првичната сума на осигурување или осигурената вредност и исплатената оштета.
НАЧИН НА ИЗВЕСТУВАЊЕ
Член 15
[1] Сите поинакви договарања за содржината на договорот за осигурување се во важност само ако се склучени во писмена форма.
[2] Сите известувања и изјави што треба да се дадат според одредбите на договорот за осигурување мораат да се напишани.
[3] Известувањето или изјавата се дадени правовремено ако пред истекувањето на рокот се испратат со препорачано писмо.
[4] Изјавата која треба да се даде на лицето важи од моментот кога истото ќе ја прими.
ПРОМЕНА НА ИМЕ И АДРЕСА
Член 16
[1] Осигуреникот е должен да го извести осигурувачот за: промена на адресата на живеење, односно седиштето, промена на своето име или презиме, односно називот на фирмата, промена на трансакциска сметка, промена на телефонски број за контакт, во рок од 15 дена од денот на настанување на промената.
[2] Доколку осигуреникот ја променил адресата на живеење, односно седиштето или своето име, односно името на фирмата, а за тоа не го известил осигурувачот, доволно е осигурувачот известувањето кое мора да му го соопшти на осигуреникот да го испрати на адресата на неговото последно постојано живеалиште или седиште или да го адресира на последното познато име, односно фирма.
[3] Во случај кога обидот да се достави препорачаната пратка до осигуреникот не успее (поради преселување или одбивање да се прими) осигурувачот вратената пратка ќе ја смета
како доставена и ќе ја депонира во своето седиште. Осигуреникот се согласува дека вратените недоставени пратки се сметаат како примени на денот од првиот обид за доставување и дека е запознат со содржината на пратката.
[4] Осигурувачот исто така има овбрска да го извести осигуреникот за: промена на седиштето на друштвото, промена на називот на друштвото промена на контактите на друштвото телефон, емаил адреса и сл.
ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ
Информации во врска со обработка на лични податоци
Член 17
1.Идентитет и контакт на податоците на контролорот и офицерот за заштита на личните податоци: Контролор: Друштво за осигурување ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје, седиште во Скопје на ул. Мајка Тереза бр.1 влез 2, e-mail: xxxx@xxxxxxxxxxxxx.xxx.xx, Офицер за заштита на личните податоци: xxx@xxxxxxxxxxxxx.xxx.xx. Дополнителни податоци за офицерот за заштита на личните податоци може да најдете на интернет страницата на Друштвото xxx.xxxxxxxxxxxxx.xxx.xx.
Обработка и заштита на личните податоци Член 18
1.Друштвото за осигурување ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје врши обработка на лични податоци на осигуреници, договорувачи на осигурување, нивните законски застапници или полномошници во согласност со одредбите на Законот за заштита на лични податоци и другите релеванти позитивни законски прописи, применувајќи соодветни технички и организациски мерки за обезбедување на безбедност на обработката на личните податоци. Собраните лични податоци се дел од збирките на лични податоци на Друштвото за осигурување ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје, а Друштвото за осигурување ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје во својство на контролор на личните податоци, истите ги користи согласно основните начела за обработка на лични податоци дефинирани во Законот за заштита на личните податоци.
Правен основ за обработката на личните податоци Член 18-а
1.Друштвото за осигурување ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје обработува лични податоци кои се неопходни при склучување на договорите за осигурување (полиси), врз основа на член 109 од Законот за супервизија на осигурување, а во согласност со Законот за заштита на личните податоци.
2.Личните податоци се неопходни за обработка од страна Друштвото за осигурување ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје со цел исполнување на правата и обврските што произлегуваат од договорот за осигурување, односно обработката на истите претставува основа за оценување на осигурително покритие и степен на оштета.
Цели за обработката на личните податоци Член 18-б
1.Личните податоци (телефонски број и електронска адреса – e-mail), Друштвото за осигурување ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје ги обработува со цел остварување на контакт заради ефикасно остварување на права и обврските кои произлегуваат од договорите за осигурување (полиси). Овие податоци за цели доставување на рекламни материјали, промоции, понуди како и за други цели на директен маркетинг од страна на Друштвото за осигурување ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје ќе бидат искористени само доколку имате
дадено согласност, преку одбирање на соодветната опција за согласност.
2.Со цел водење на постапка за надомест на штета и воспоставување на бази на податоци за настанати штети, оценување на осигурително покритие и степен на оштета Друштвото за осигурување ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје обработува и копии од документи во кои се содржани и лични податоци.
3.Личните податоци од став 1 и став 2 на овој член Друштвото за осигурување ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје ги обработува само врз основа на претходна согласност од субјектот на личните податоци, а недавањето на согласност за обработка на овие податоци може да има за последица несоодветно оценување на осигурително покритие или степен на оштета или пак неисплаќање на оштетно барање.
4.Согласноста за обработка на личните податоци од ставот 3 на овој член може да се повлече во секое време преку доставување на известување за повлекување на согласност по пошта на следната адреса: ул. Мајка Тереза бр.2, 1000 Скопје, со назнака за Офицерот за заштита на лични податоци или преку електронска адреса dpo@halkinsurance.com.mk. Со повлекување на согласноста за обработка на лични податоци Друштвото за осигурување ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје ќе прекине со понатамошна обработка на личните податоци и истите ќе ги избрише од базите на податоци со што можат да настанат последици наведени во став 3 од овој член.
Рокови на чување на лични податоци Член 18-в
1.Личните податоци, Друштвото за осигурување ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје ги чува во рок за цело времетраење на договорниот облигационен однос, односно најмногу до 10 години по истекот на договорот за осигурување или во случај на настанување на штета, 10 години по затворањето на случајот на настанување на штетата, односно од денот на целосната исплата на надоместокот за настаната штета согласно член 109 став 8 од Законот за супервизија на осигурување.
2.По истекот на роковите од став 1 на овој член личните податоци ќе бидат избришани/уништени од базите на податоци на Друштвото за осигурување ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје и истите нема да се обработуваат за други цели.
Права на субјектите на личните податоци Член 18-г
1.Остварување на правата кои произлегуваат од Законот за заштита на личните податоци (право на пристап, корекција, бришење, ограничување на обработката на лични податоци, приговор и преносливост), се врши преку доставување на барање на електронската адреса на офицерот за заштита на лични податоци: dpo@halkinsurance.com.mk. На истата електронска адреса може да се достави барање во врска со сите прашања поврзани со обработката на личните податоци.
2.Доколку субјектот на лични податоци смета дека обработката на личните податоци за целите наведени во член 18-б, од страна на Друштвото за осигурување ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје не е во согласност со одредбите на Законот за заштита на личните податоци, или пак смета дека е повредено некое право за заштита на личните податоци, има право да поднесе барање за утврдување на прекршување на прописите за заштита на личните податоци до Агенцијата за заштита на личните податоци како надлежен орган за вршење на надзор над законитоста на преземените активности при обработката на личните податоци на територијата на Република Северна Македонија.
Пренос на личните податоци Член 18-д
1.Друштвото за осигурување ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје може да изврши пренос на лични податоци во земји членки на Европската Унија, земји членки на Европскиот економски простор и трети земји. За вршење на преносот на лични податоци во земји членки на Европската унија и Европскиот економски простори се известува Агенцијата за заштита на личните податоци, а преносот на лични податоци во трети земји се врши по претходно добиено одобрение од страна на Агенцијата за заштита на личните податоци. При вршење на преносот на личните податоци се обезбедува високо ниво на технички и организациски мерки за обезбедување на тајност и заштита на личните податоци. Исто така, се обезбедуваат сите неопходни заштитни мерки за обезбедување на тајност и заштита на личните податоци преку стандардни клаузули за заштита на личните податоци кои се одобрени и објавени од страна на Европската комисија. Сите дополнителни информации во однос на заштитните мерки може да се добијат со поднесување на барање до по пошта на следната адреса: ул. Мајка Тереза бр.1 влез 2 со назнака за Офицерот за заштита на лични податоци или преку електронска адреса dpo@halkisnurance.com.mk.
2.Друштвото за осигурување ХАЛК Осигурување АД Скопје, како дел од сопствената информатичко комуникациска инфраструктура, користи и облак услуги. Облак услугите се користат за правање на резервни копии на податоците кои се обработуваат. При пренос на податоците на облак услуги соодветно се применува ставот 1 од овој член.
Обработка на лични податоци за цели на директен маркетинг Член 18-ѓ
1.Личните податоци за цели на директен маркетинг, Друштвото за осигурување ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје ги обработува само врз основа на експлицитна согласност за обработка на личните податоци за цели на директен маркетинг за своите услуги.
2.Согласноста за обработка на личните податоци за цели на директен маркетинг може да се повлече во секое време, бесплатно, со писмено барање (доставено на следната електронска адреса: dpo@halkinsurance.com.mk, или по пошта до Друштвото за осигурување ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје, ул. Мајка Тереза бр.1 влез 2, 1000 Скопје, со назнака “До Офицерот за заштита на лични податоци”).
НАДЗОР НАД ДРУШТВОТО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ
Член 19
[1] Орган надлежен за надзор на осигурителното друштво е Агенцијата за супервизија на осигурување.
ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ
Член 20
Постапка по приговори
Во случај осигурувачот и осигуреникот да не се согласат по однос на обемот и висината на штетата, осигуреникот има право на приговор во рок од 30 дена од приемот на писмената понуда/образложен одговор од осигурувачот, до Второстепената комисија за решавање на штети по приговор, која е должна во рок од 30 дена да одговори по приговорот.
Решавање на спорови
Евентуалните спорови кои би произлегле од договорот за осигурување, договорните страни ќе ги решаваат спогодбено, а доколку до спогодба не дојде надлежен е Основниот граѓански суд Скопје.
Право на преставка
Ако осигуреникот кој е физичко лице смета дека осигурувачот не се придржува кон одредбите од договорот за осигурување, има право согласно одредбите од Законот за супервизија на осигурувањето да поднесе претставка до:
- Осигурувачот - Друштво за осигурување ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје,
- Агенцијата за супервизија на осигурувањето,
- Организацијата за заштита на потрошувачите.
САНКЦИСКА КЛАУЗУЛА
Осигурувачот нема да изврши исплата на надомест на оштетно побарување или каков било
друг вид надомест, по претходно склучен договор за осигурување врз основа на овие Услови, доколку плаќањето на надомест на оштетното побарување или друг вид надомест го изложи Осигурувачот на какви било рестриктивни мерки определени со позитивноправни акти на ООН, САД, Обединето Кралство, ЕУ или Република Северна Македонија.
Овие Услови се донесени врз основа на Овластување на Надзорниот одбор на Друштво за осигурување ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје утврдено со Одлука бр.0203-04/13 од 03.03.2023 година и Одлука на Управниот одбор бр. 0202-21/05 од 09.04.2024 година и ќе се применуваат од 09.04.2024 година.