Број на оглас: 35/2012 ДЕЛ I: ДОГОВОРЕН ОРГАН
ОГЛАС ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ЈАВНА НАБАВКА
Број на оглас: 35/2012 ДЕЛ I: ДОГОВОРЕН ОРГАН
I.1)Податоци за договорниот орган
I.1.1)Назив на договорниот орган:Служба за општи и заеднички работи на Владата на Република Македонија
I.1.2)Адреса:Xxxxxx Xxxxxxxxxx Xxxx бр.17 I.1.3)Град и поштенски код:Скопје 1000 I.1.4)Интернет адреса:
I.1.5)Лице за контакт:Xxxx Xxxxxxxxxx Адреса на е-пошта:Xxxxx.Xxxxxxxxxx@xx.xxx.xx Телефон/Факс:0000 000/0000 000
I.1.6)Дополнителни информации и тендерската документација може да се добијат: На горната адреса
I.2)Категорија на договорен орган, негова главна активност или дејност: Државни органи-Општи јавни услуги
ДЕЛ II:ПРЕДМЕТ НА ДОГОВОРОТ ЗА ЈАВНА НАБАВКА
II.1)Предмет на договорот за јавна набавка:
Изведување на градежни и градежно - занаетчиски работи за приклучување на вреловодот на објектот на Уставен суд, Државен архив и Археолошки музеј и објектот на Јавно обвинителство и Управа за финансиска полиција кон централниот топлификационен систем на градот.
II.2)Вид на договорот за јавна набавка: Работи - Изведување
Место на испорака на стоките или извршување на услугите, или локација на извршување на работите:
Кеј Димитар Влахов во Скопје
II.3)Дали договорот е од опфатените дејности (секторски договор):
II.4)Дали постапката ќе ја спроведе Централно тело: Не II.5)Групна набавка: Не
II.6)Подетален опис на предметот на договорот за јавна набавка:
Изведување на градежни и градежно - занаетчиски работи за приклучување на вреловодот на објектот на Уставен суд, Државен архив и Археолошки музеј и објектот на Јавно обвинителство и Управа за финансиска полиција кон централниот топлификационен систем на градот, согласно со Спецификација, која е составен дел на тендерската документација.
II.7)Референтна номенклатура за доделување на договор за јавна набавка (ОПЈН):
II.8)Дали предметот на набавката е делив: Не
II.9)Рамковна спогодба: Не
II.10)Дозволено е поднесување на алтернативни понуди: Не II.11)Времетраење на договорот:
45 денови
ДЕЛ III: ПОСТАПКА
III.1)Вид на постапка: Отворена постапка
III.2)Постапката за доделување на договор за јавна набавка ќе биде со скратени рокови: Не
III.3)Критериум за доделување на договор за јавна набавка: Најниска цена
III.4)Дали постапката за доделување на договор за јавна набавка ќе биде со користење на електронски средства? Не
III.5)Дали ќе се користи електронска аукција? Да Дополнителни информации во врска со електронската аукција:
Договорниот орган ќе користи електронска аукција како последна фаза во постапка. Предмет на аукцијата е вкупната цена на предметот на договорот за јавна набавка со сите вклучени попусти без данок на додадена вредност, односно најниската цена од прифатливите понуди поднесени во првичната фаза од постапката. Поканите за учество на аукцијата ќе се достават во електронска форма преку ЕСЈН по целосната евалуација на првичните понуди, до сите економски оператори кои доставиле прифатливи понуди во првата фаза од постапката и кои се регистрирани во ЕСЈН. Во поканата за учество на аукцијата ќе бидат содржани следниве податоци: почетната цена на аукцијата, односно најниската цена од првично поднесените понуди; датумот и часот на започнување и завршување на аукцијата; како и интервалот во кој ќе се спроведува негативното наддавање
(минимална и максимална разлика во понудени цени).
За да можете да учествувате на електронската аукција, потребно е да се регистрирате во ЕСЈН
ДЕЛ IV: ПРАВНИ,ЕКОНОМСКИ,ФИНАНСИСКИ И ТЕХНИЧКИ ИНФОРМАЦИИ
IV.1)Гаранции и авансно плаќање IV.1.1)Изјава за независна понуда: Да IV.1.2)Гаранција на понудата: Да [2,00%] IV.1.3)Изјава за сериозност: Не
IV.1.4)Гаранција за квалитетно извршување на договорот: Да [5,00%] IV.1.5)Авансно плаќање: Не
IV.1.6)Здружување на група економски оператори во соодветна правна форма заради извршување на договорот (по извршен избор на најповолна понуда): Не
IV.2)Критериуми за утврдување на способност на понудувачот или кандидатот
IV.2.1)За докажување на личната состојба, економскиот оператор треба да ги достави следниве документи:
- изјава на економскиот оператор дека во последните пет години не му била изречена правосилна пресуда за учество во злосторничка организација, корупција, измама или перење на пари
- потврда дека не е отворена постапка за стечај од надлежен орган
- потврда дека не е отворена постапка за ликвидација од надлежен орган
- потврда за платени даноци, придонеси и други јавни давачки од надлежен орган од земјата каде што економскиот оператор е регистриран
- потврда од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица дека не му е изречена споредна казна забрана за учество во постапки за јавен повик, доделување на договори за јавна набавка и договори за јавно-приватно партнерство
- потврда од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица дека не му е изречена споредна казна привремена или трајна забрана за вршење на одделна дејност
- потврда дека со правосилна пресуда не му е изречена прекршочна санкција - забрана за вршење на професија, дејност или должност, односно привремена забрана за вршење одделна дејност
IV.2.2)Способност за вршење професионална дејност на економскиот оператор:
-Документ за регистрирана дејност ДРД образец
IV.2.3)Економска и финансиска состојба на економскиот оператор:
Потребни документи за докажување на економската состојба на економскиот оператор: Позитивен Извештај за биланс на состојба за последната година, заверен од надлежен орган,
односно ревидиран биланс на состојба.
Минимум критериуми за утврдување на економската и финансиската состојба на економскиот оператор:
IV.2.4)Техничка или професионална способност на економскиот оператор:
Потребни документи за докажување на техничката или професионалната способност на економскиот оператор:
-Листа на понудувачот на ваков или сличен вид и обем на изведени работи во последните пет години со вредности, датуми и примачи ;
- Минимум три потврди за навремено и квалитетни извршени работи од ваков или сличен вид ;
- Изјава за кадровска екипираност - стручен и технички персонал задолжен за реализација на набавката;
- Изјава за техничка опременост за изведување на набавката ;
- Изјава за доставување на банкарска гаранција од 5% за квалитетно и навремено извршување на работите.
Минимум критериуми за утврдување на техничката и професионалната состојба на економскиот оператор:
Минимум 10 технички лица, од кои
- двајца машиниски инжинери,
- двајца градежни инжинери,
- еден електро инжинер,
- пет заварувачи
со приложени М1М2 обрасци, дипломи, овластувања, уверенија и други документи за докажување на стручноста за извршување на договорот за јавна набавка.
IV.2.5)Стандарди за системи за квалитет:
IV.2.6)Стандарди за управување со животна средина:
ДЕЛ V: АДМИНИСТРАТИВНИ ИНФОРМАЦИИ
V.1)Услови за добивање на тендерска документација и дополнителни документи:
Цена за подигање на тендерската документација: 500,00 ден. Начин и услови за плаќањето:
Надоместокот за тендерската документација се уплаќа со образец ПП 50 на сметка број 100000000063095, во корист на сметка на Службата број 040020008663111, даночен број 4030991222325, приходна шифра 725939 - 10 депонент Народна банка на Република Македонија Денарска Сметка: 040020008663111
Девизна сметка:
V.2)Услови за доставување на понудите или пријавите за учество
V.2.1)Понудите да се достават најдоцна до : 20.09.2012 во 10.00 часот V.2.2)Краен рок за поставување прашања:14-09-2012 15:30
V.3)Период на важност на понудата: 30 денови или до 20.10.2012
V.4)Услови за отворање на понудите
Јавното отворање на понудите ќе се одржи на денот и во часот определен како краен рок за доставување на понудите и на следното место:
20.09.2012 во 10.00 часот Место: Скопје
V.5)Дополнителни информации
Тендерската документација може да се подигне во просториите на Службата за општи и заеднички работи на Владата на Република Македонија, ул. Xxxxxx Xxxxxxxxxx Питу бр. 17 - комплекс Скопјанка - Скопје,секој работен ден од 13 - 16 часот, со приложување на доказ за извршена уплата за подигање тендерска документација.Само понудувачите кои ќе подигнат тендерска документација имаат право да поднесат понуда .
V.6)Датум на објава: 30-08-2012 ДЕЛ VI: ДОКУМЕНТИ
ДЕЛ VII: ПОНИШТУВАЊА
ДЕЛ VIII: ПРИЛОЗИ
ДЕЛ IX: ИЗВЕСТУВАЊА ЗА СКЛУЧЕН ДОГОВОР
1.