Contract
ОПШТИ УСЛОВИ
ЗА ИЗДАВАЊЕ ДЕВИЗНИ ГАРАНЦИИ
БИТНИ КАРАКТЕРИСТИКИ НА РАБОТЕЊЕТО СО ДЕВИЗНИ ГАРАНЦИИ
Комерцијална банка АД Скопје (во понатамошниот текст “Банка”) издава девизни гаранции (во понатамошниот текст “гаранции” ) согласно примените инструкции (поднесеното барање и придружна документација) од Барателот.
На воспоставувањето на правните односи на банкарската гаранција му претходи одреден договорен однос (распишување на тендер, склучување на договор за купување на стока, опрема, изведување на градежни работи и сл.), во кој е содржана финансиската клаузула за обврската на Барателот да обезбеди банкарска гаранција во корист на доверителот од основниот договор, односно Корисникот на гаранцијата. Со финансиската клаузула во основниот договор се дефинираат сите прашања во врска со гаранцијата: банката гарант, износот на гаранцијата, рокот на важењето, видот на гаранцијата, условите на гаранцијата и сл.
Правните односи кои произлегуваат од банкарската гаранција се самостојни и независни. Односот меѓу Банката и Барателот на гаранцијата настанува со склучување на договор за издавање на гаранцијата, додека правниот однос помеѓу Банката и Корисникот на гаранцијата се воспоставува со издавање на гаранцијата.
Барателот е должен да и го надомести на Банката секој износ што Банката го има платено врз основа на гаранција.
Доколку Корисникот на гаранцијата побара плаќање во согласност со условите на гаранцијата (изврши активирање на гаранцијата) и Банката утврди дека барањето за плаќање е формално исправно и одговара на условите на гаранцијата, Xxxxxxx мора веднаш да го изврши плаќањето по активираната гаранција, без оглед на било какви забелешки и спорови кои произлегуваат од основниот договор или од основниот долг и без обврска за проверка на вистинитоста на изјавата што ја дава Корисникот во неговото барање за плаќање.
Барателот нема право на ниеден начин, вклучително и со поднесување барање за судска забрана или тужба, да ја спречува Банката да изврши плаќање по активираната гаранција. Барателот може да изрази забелешки, приговори и тужби по основниот договор исклучиво директно кон Корисникот, на свој сопствен ризик. Ова се применува и во случаи кога гарантираната обврска не може да се исполни заради причини кои се надвор од контрола на Барателот на гаранцијата.
Имајќи го предвид горенаведоното, пред да даде инструкции и да поднесе барање за издавање гаранција, Xxxxxxxxx мора внимателно да ја дефинира финансиската клаузула од основниот договор со Корисникот на гаранцијата.
Барателот е должен пред издавање на гаранцијата, да го провери предлог текстот на бараната гаранција со корисникот на гаранцијата и по целосно усогласување на текстот и на сите елементи на бараната гаранција, на Банката да и достави потпишан предлог текст со кој ќе ја изрази својата согласност за издавање на бараната гаранција со дадениот текст.
НАДОМЕСТОЦИ, ПРОВИЗИИ, ТРОШОЦИ
Од моментот на издавањето на гаранцијата (сметкводствено евидентирање), па се до нејзината ликвидација (сметководствено раскнижување), Банката од Барателот на гаранцијата наплатува надомест за издадената гаранција.
Банката наплатува надоместоци и провизии за измени на гаранцијата или било какви други услуги што Банката ги врши во врска со гаранцијата. Наведените услуги Банката има обврска да ги изврши по плаќањето на надоместоците и трошоците за истите.
Барателот исто така ќе ги сноси и сите останати трошоци на Банката во врска со гаранцијата, вклучувајќи ги и трошоците кои ги наплатуваат другите банки, како и правните трошоци кои може да настанат во врска со гаранцијата.
За сите надоместоци, провизии и трошоци кои ќе настанат во врска со гаранцијата, Банката е овластена да се наплатува од сметките на Барателот отворени во Банкат, во странска валута или во денари, Доколку на сметките на Барателот нема доволно средства, Банката ќе го задолжи Барателот соодветно.
Барателот на гаранцијата е согласен и со потпишување на договорот за издавање на гаранција ја овластува Банката, без негова дополнителна согласност, да воспоставува налози и да ги искористи средствата од сите негови сметки отворени во Банката, заради плаќање на било кои обврски настанати во земјата или странство по основ на гаранцијата.
ПРЕГЛЕД НА ДОКУМЕНТИ
Сите барања за плаќање, изјави и документи кои ќе бидат презентирани по издадената гаранција, Xxxxxxx ги прегледува со разумна грижа и внимание, за да се утврди дали тие по својата форма и изглед се во согласност со условите на гаранцијата.
Банката нема обврска да врши проверка на исправноста и автентичноста на доставената придружна документација кон барањето (на пример: фактури, товарни листови, коносмани, протоколи, церификати, потврди, царински и шпедитерски документи, пакинг листи и било каква друга придружна документација), како и на потписите на придружната документација доставена со барањето за плаќање по гаранцијата, ниту пак да ја утврдува вистинитоста на дадените изјави од страна на Корисникот на гаранцијата.
КОМУНИКАЦИИ
Доколку Xxxxxxx побара од Барателот инструкции и не прими без одложување негов писмен одговор или писмена потврда, или пак Xxxxxxx не може без одложување да стапи во контакт со Xxxxxxxxx, тогаш Банката има право да делува по свое сопствено видување и дискреција, имајќи ги во предвид интересите на Барателот и околностите кои и биле познати.
Банката ќе го информира Xxxxxxxxx, за секое задолжување, намалување или ликвидирање на гарантираниот износ како и за прием на барање за плаќање или било кои документи од Корисникот кои се од значење за Барателот.
ЛИКВИДИРАЊЕ НА ГАРАНЦИИ
По истекувањето на рокот на важност, Xxxxxxx ќе ги ликвидира гаранциите во својата сметководствена евиденција.
Во секој друг случај, Xxxxxxx ќе изврши ликвидирање или соодветно намалување на гарантираниот износ на издадените гаранции во својата сметководствена евиденција, само по исполнување на одредени услови:
- прием на шифрирана СЊИФТ порака од банката на Корисникот или од банката корисник на контрагаранција, за ослободување од сите или на дел од обврски по гаранцијата,
- враќање на оригиналната гаранција во Банката,
- по исполнување на одредени услови прецизирани во текстот на гаранцијата,
- по извршено плаќање по барање за плаќање од Корисникот на гаранцијата (активирана гаранција), или по извршено редовно плаќање на гарантираните обврски кај еднократните плативи гаранции извршено од страна на барателот на гаранцијата со повикување на бројот на гаранцијата.
Поради тоа, Xxxxxxxxx на гаранцијата е должен при секое плаќање по активирање на гаранцијата или при плаќање на гарантираните обврски кај еднократните плативи гаранции во налогот за плаќање (Образец 1450) задолжително да се повика на бројот на гаранцијата.
Барателот има обврска да ги преземе сите потребни активности и да стори се што е во негова моќ за да може да се изврши ликвидирање на издадената гаранција.