во рамки EIDHR 2016-2017 EUROPEAID/155319/DD/ACT/MK
Анекс 1. ДОГОВОР ЗА НАБАВКА НА УСЛУГИ
Договор за набавка на услуги за организирање настани, изработување на промотивни материјали и брендирање
СПОРЕД ДОГОВОР ЗА ГРАНТ
во рамки EIDHR 2016-2017 EUROPEAID/155319/DD/ACT/MK
Проект: Поттикнување на принципите за бизнис и човекови права
(Број на договор 2017/393-738)
Проектот: Поттикнување на принципите за бизнис и човекови права, застапуван од Xxxxxx Xxxxxxxxxx, Извршна директорка
Здружение Конект
Ул. „Xxxxxxxx Xxxxxxxxxxxx“ бр.19-1/6, 1000 Скопје, ("Договорен орган"),
од една страна,
и :
……………………….. застапуван од ………………..………………
…………………………. [ДДВ број]1, (“Изведувач”)
од друга страна,
се согласија за следното:
Предмет
Предмет на овој рамковен договор e набавка на услуги за организирање настани, изработување на промотивни материјали и брендирање-0307-х/х („услугите“).
Структура на договорот
Изведувачот ќе ги обезбеди услугите според условите наведени во овој договор, кој според нивото на важност, се состои од овие посебни услови („Посебни услови“) и од следните анекси, таму каде што е применливо:
Xxxxx X: Опис на проектот
Xxxxx XX: Техничка понуда
Xxxxx XXX: Буџет
Во случај на контрадикторноста меѓу горенаведените документи, овие одредби ќе се применуваат според горенаведениот редослед на важност.
Вредност на договорот
Овој договор, востановен во МКД, е договор со вкупна цена / договор заснован на давачка.
Вредноста на договорот изнесува најмногу до 16.346 ЕУР х 61,495 = 1.005.197,00 МКД без вклучен ДДВ.
Договорниот орган ќе го исплаќа Изведувачот по испорачана фактура за извршена услуга.
Датум на започнување
Датумот на кој започнува имплементацијата е датумот на потпишување на договорот од двете страни.
Период на имплементација
Периодот на имплементација на задaчите идентификувани во Анексите I и II е до крајот на имплементација на проектот.
Плаќања и банкарска сметка
6.1 Плаќањата ќе се вршат во МКД на следната банкарска сметка: …………………………… (банкарска сметка)
6.2 Договорниот орган ќе го исплаќа изведувачот по комплетирање и прифаќање на секоја реализирана задача опишана во Анекс 1, а врз база на фактури доставени од Изведувачот.
Право и јазик на договорот
7.1 Правото на земјата-корисник ќе се применува за сите прашања што не се опфатени со договорот.
Доцнење со имплементацијата на задачите
8.1. Доколку Изведувачот не ги обезбеди услугите во периодот на имплементација на задачите наведен во договорот, Договорниот орган, без никакво формално известување и без предрасуди, ќе има право да наплати обесштетување за секој ден од периодот меѓу денот на кој завршува имплементацијата на задачите наведени во договорот и реалниот датум на кој всушност завршила имплементацијата на задачите.
8.2. Дневниот износ на обесштетувањето се пресметува со делење на вредноста на договорот со бројот на денови од периодот на имплементација на задачите.
Завршување на договорот
9. 1. Овој договор автоматски ќе заврши после крајното плаќање.
9.2. Договорниот орган може да го прекине договорот после 7 дена од испраќање на известување до Изведувачот, доколку Изведувачот не успее да ги обезбеди услугите на задоволителен начин, во согласност со договорот.
Подготвено во два оригинала: еден оригинал за Договорниот орган и еден оригинал за Изведувачот.
За Изведувачот |
За Договорниот орган |
|
||
Име: |
|
Име: Xxxxxx Xxxxxxxxxx |
|
|
Функција: |
|
Функција: Извршна директорка |
|
|
Датум: |
|
Датум: |
|
|
1Освен кога договорната страна не е регистриран ДДВ обврзник.
Единечна тендерска постапка за набавка на услуги 1 of 2