Со општите услови се пропишуваат правилата за користење на апликацијата „Telekom Fantasy Football“ (понатаму: апликацијата) од страна на корисниците. Со користењето на оваа апликација, корисниците изјавуваат дека се согласуваат со изнесените услови и...
УСЛОВИ НА КОРИСТЕЊЕ НА АПЛИКАЦИЈАТА
ОПШТИ УСЛОВИ
Со општите услови се пропишуваат правилата за користење на апликацијата „Telekom Fantasy Football“ (понатаму: апликацијата) од страна на корисниците. Со користењето на оваа апликација, корисниците изјавуваат дека се согласуваат со изнесените услови и правила.
Правото на користење на оваа апликација е лично право на корисникот и не може на ниту еден начин да се пренесе на други физички или правни лица. Корисникот е лично одговорен за
заштита на доверливоста на лозинките на својот профил, на оние места каде што тие постојат.
Корисникот целосно е запознаен и го прифаќа фактот дека, иако Интернетот е општо сигурна околина, понекогаш доаѓа до прекин на услугите. Македонски Телеком АД Скопје не може да биде одговорен за какво било губење податоци до кои може да дојде за време на преносот на информациите на Интернет.
Корисникот се согласува и прифаќа дека без оглед на причините, пристапот на апликацијата понекогаш може да биде во прекин, привремено недостапен или исклучен. Македонски Телеком го задржува правото во кое било време да измени или да укине кој било сегмент од своето работење, вклучувајќи, но не ограничувајќи се на содржината, времето на достапност, како и опремата потребна за пристап и користење на апликацијата.
ИЗМЕНА НА УСЛОВИТЕ
Македонски Телеком го задржува правото во кое било време и без претходно известување, да укине или да измени кој било од наведените Услови за користење. Затоа, корисниците се должни одвреме-навреме да ги прочитаат информациите содржани во Условите за користење, за да бидат информирани за евентуалните измени и дополнувања.
Доколку дојде до измена на Условите за користење и корисникот продолжи да ја користи
„Telekom Fantasy Football“ се подразбира дека ги прифаќа Условите за користење што се важечки во моментот.
ОПРЕМА
Корисникот е одговорен за набавката и одржувањето на својата компјутерска опрема, вклучувајќи го целокупниот софтвер и хардвер, како и друга опрема што е потребна за пристап и користење на овие или други интернет-страници, како и за трошоците поврзани со тоа. Македонски Телеком не е одговорен за какво било оштетување на опремата на корисникот, што може да настане како последица од користењето на оваа игра, ниту пак, за трошоците поврзани со тоа.
ОГРАНИЧУВАЊЕ НА ОДГОВОРНОСТА
Корисникот е согласен дека користењето на оваа апликација е исклучиво на негова одговорност. Македонски Телеком не гарантира дека користењето на оваа апликација нема да биде прекината или дека ќе биде без грешки; Македонски Телеком не гарантира за последиците што можат да настанат со користењето на оваа апликација.
Македонски Телеком не одговара за каква било штета или можна повреда причинета со грешка, прекин, дефект, доцнење на преносот, компјутерски вирус, прекин на комуникациската линија, кражба, неовластен пристап, злоупотреба на записите, несоодветно однесување или со кое било друго дејство.
Корисникот се согласува дека администраторите на оваа апликација, ангажирани од страна на Македонски Телеком, не се одговорни за навредливо, несоодветно или противзаконско
однесување на другите корисници или трети лица и дека ризикот од штетата што може да настане како последица на наведеното, во целост паѓа на корисникот.
Во ниту еден случај администраторот на апликацијата или друго физичко или правно лице
вклучено во создавањето, производството или дистрибуцијата на апликацијата, нема да бидат одговорни за каква било штета што може да настане како последица од користењето или неможноста за користење на апликацијата.
Корисникот јасно и директно потврдува дека овие одредби се однесуваат на целокупната содржина на апликацијата.
Администраторите на апликацијата нема да бидат одговорни за која било грешка, неточност или други недостатоци, несоодветност или неизворност на информациите што се наоѓаат на
апликацијата, како и за какво било доцнење или прекин во преносот на информациите до корисникот, за какво било побарување или загуба што произлегуваат од тоа.
Администраторите на апликацијата имаат право да вршат надзор над содржината на апликацијата, со цел да се обезбеди усогласеност и почитување на овие Услови за користење, како и на кои било други правила пропишани од страна на администраторите на апликацијата, како и
усогласеност со позитивната законска регулатива.
Администраторите на играта го задржуваат правото на отстранување на кој било материјал, за кој ќе заклучат дека не е во согласност со поставените правила овде, или за кој ќе заклучат дека е дискутабилен на друг начин. Овде се подразбира употреба на туѓ авторски материјал (во форма на аудио, видео или слика), како и употреба на недоличен, навредлив и вулгарен јазик. Коментарите коишто според сопствено наоѓање на Македонски Телеком ќе бидат оценети како навреда за компанијата, за администраторите или за останатите корисници, веднаш ќе бидат отстранети од
апликацијата.
Доколку администраторите забележат лажни профили, поклопување на IP адреси кај голем број различни профили или какво било друго однесување кое упатува на злоупотреба од секаков вид при користење на апликацијата, заради стекнување определена корист, таквиот корисник веднаш ќе биде дискфалификуван и нема да има право на понатамошно користење на апликацијата.
ОДНЕСУВАЊЕ НА КОРИСНИКОТ
Како корисник се смета секое лице коешто ја користи апликацијата „Telekom Fantasy Football“. Овие Услови на користење ги пропишуваат правилата според кои ќе се одвива целокупната комуникација и интеракција при користење на играта. Сите активности, во врска со користењето на апликацијата, од страна на корисниците мора да бидат во согласност со позитивните прописи на Република Македонија и токму затоа се бара од корисниците да ги почитуваат. Преку
апликацијата, корисниците не смеат да објавуваат материјали:
• Кои на кој било начин ги загрозуваат или ги кршат правилата на останатите корисници;
• Кои се незаконски по својата природа;
• Кои на кој било начин ја нарушуваат или ја загрозуваат приватноста;
• Кои се вулгарни или пак, на кој било начин навредливи во комуникацијата;
• Кои поттикнуваат противправни активности.
Секое однесување на корисникот, кое на кој било начин го ограничува или пак, го оневозможува правото на користење на натпреварот од страна на друг корисник, е строго забрането. Не е
дозволено користење на натпреварот за огласување на каква било верска и политичка
пропаганда, како и повикување на другите корисници да станат членови на која било друга услуга, што претставува директна или индиректна конкуренција на Македонски Телеком.
ИНТЕЛЕКТУАЛНА СОПСТВЕНОСТ
Апликацијата и сите материјали кои се дел од играта се ексклузивно право на Македонски
Телеком и тие можат да се користат единствено со одобрение на носителот на авторските права и на носителите на правото на трговските марки и/или индустриските дизајни. Забранета е каква било дистрибуција, пренос, копирање, објавување или пак, на каков било начин користење на материјалите на оваа игра без претходна јасно дадена согласност од страна на Македонски
Телеком.
Секое однесување со кое може да се настане повреда на авторските права, правото на трговска марка или право на каков било облик на интелектуална сопственост, може да предизвика иницирање на граѓански или друг вид постапки и/или да доведе до кривичен прогон против сторителот. Дозволено е преземање и печатење на материјали заштитени со авторско право од страна на корисникот, но исклучиво за лична употреба.
Корисникот на апликацијата не смее и нема право да поставува или да објавува било каков материјал што подлежи на авторско право, право на трговска марка или пак на други права на интелектуална сопственост, без претходно изречно одобрение од носителот на тие права.
Корисникот е целосно одговорен за штетата која може да настане со повредата на авторските права, правото на трговска марка или пак, на други права на интелектуална сопственост, како и за какви било проблеми настанати како последица на објавување на таков материјал.
ОСТАНАТИ ОДРЕДБИ
Насловите на Поглавјата користени во овие Услови за користење служат само за полесна ориентација и на никаков начин не влијаат на толкувањето на содржината што се наоѓа во нив.
Доколку надлежниот суд пронајде дека која било одредба од овие Услови е ништовна, таквата ништовност нема да влијае на валидноста и важноста на која било друга одредба од овие Услови, а преостанатите делови на овие Услови ќе останат на сила. Доколку која било страна не ги искористи своите права од овие Услови, тоа нема да се смета за откажување или за губење на тие права, како ни на кои било други тука наведени права. За сите спорови што можат да настанат
како последица на користењето на оваа апликација (освен доколку со посебен договор не е предвидено поинаку) надлежен е Основниот суд во Скопје и тие ќе се решаваат во согласност со позитивните прописи на Република Македонија.
ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
Ги молиме корисниците внимателно да ја прочитаат оваа Политика на приватност, како полесно би разбрале кои информации ги собираме од нив и како се користат информациите. Со пристапот или со користењето на апликацијата “Telekom Fantasy Football”, корисникот потврдува дека ги прочитал, разбрал и дека се согласува со сите услови на политиката за приватност и со начините на користење на нашата апликација. Доколку корисникот не се согласува со овие услови, го молиме да не пристапува и да не ја користи оваа апликација. Доколку корисникот има какви било прашања во врска со доверливоста на податоците, го молиме да ни испрати електронска порака на интернет страницата на Македонски Телеком.
ВИД НА ИНФОРМАЦИИ КОИ СЕ СОБИРААТ И КОРИСТЕЊЕ НА ТИЕ ИНФОРМАЦИИ
Кога корисникот ќе се вклучи во апликацијата “Telekom Fantasy Football”, од него може да бидат побарани одредени лични информации, како што се име и презиме, е-пошта и возраст. Во зависност од видот на активностите, некои информации се одредени како задолжителни, а некои како доброволни. Ако корисникот не достави некоја информација што е задолжителна за одредена активност, нема да му биде дозволено вклучување во апликацијата “Telekom Fantasy Football”.
Со самото прифаќање на апликацијата се смета дека корисникот слободно и изречно се согласува со обработката на неговите лични податоци.
Овој вид информации можат да вклучуваат ставки како вид на пребарувач што го користи корисникот и Internet Protocol (IP) адресата на корисникот. Ние и/или нашите овластени даватели на услуги можеме автоматски да ги прибираме овие информации кога корисникот ќе ја посети нашата апликација, со помош на достапните електронски алатки.
ОБЈАВУВАЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ
Вашите лични податоци нема да бидат проследени до трети лица. Македонски Телеком ќе ги собира, евидентира, организира и ги чува вашите податоци собрани преку апликацијата во согласност со Законот за заштита на лични податоци и во согласност со останатите важечки прописи во РМ. Истите ќе бидат заштитени и ќе се чуваат онолку долго колку што треба за да се извршува соодветната услуга, но не подолго од 10 години, согласно Правилникот за техничките и организациските мерки за обезбедување тајност и заштита на обработката на личните податоци.
Исто така, ние можеме да ги откриеме информациите што го идентификуваат корисникот кога веруваме дека нивното откривање ќе помогне во спроведување на законот, или кога тоа е неопходно поради постоење на судски налог, или налог на друг државен орган.
ОБЈАВУВАЊЕ НА ДРУГИ ПОДАТОЦИ
Можеме да откриеме, или да споделиме други информации на корисникот што не се лични со нашите соработници и со поврзаните друштва. На пример, ние можеме да ги споделиме собраните демографски информации (што не ги вклучуваат информациите што го идентификуваат корисникот) со трети лица, агенции за огласување што можат да ги користат информациите на корисникот што не се лични, со цел преку употреба на мрежни ознаки да се обезбедат содржини и услуги за кои корисникот би бил заинтересиран, односно за постојано подобрување на квалитетот на нашите интернет-страници. Овде не се работи за лични информации на корисникот, туку само за сумирани активности на нашите корисници. Овие податоци се собираат во наше име и според тоа претставуваат наша сопственост и само ние ги користиме.
ЗАШТИТА НА ПОДАТОЦИТЕ
Заштитата на податоците ја разбираме сериозно и преземаме мерки на претпазливост за да ги заштитиме личните податоци на корисниците во согласност со позитивната законска регулатива. Согласно Законот за заштита на лични податоци со цел да обезбедиме тајност и заштита на личните податоци за субјектите, применуваме соодветни технички и организациски мерки за заштита од случајно или незаконско уништување на личните податоци, или нивно случајно губење, преправање, неовлaстено откривање или пристап и заштита од какви било незаконски облици на обработка.
Во согласност со Правилникот за техничките и органиациските мерки за обезбедување тајност и заштита на обработката на лични податоци ја евидентираме и чуваме целокупната документација за софтверските програми за обработка на личните податоци и сите негови промени, односно личните податоци се чуваат на сервер на кој можат да пристапат само избрани личности и даватели на услуги. Ние вршиме енкриптирање на одредени чувствителни информации, за да обезбедиме сигурност на личните податоци на корисникот.
Сепак, тука мораме да напоменеме дека ниту еден пренос на податоци преку Интернет или која било безжична мрежа не може да биде целосно сигурен. Како последица на тоа и покрај тоа што преземаме разумни заштитни мерки за заштита на податоците, не можеме да ја гарантираме заштитата на која било информација пренесена на или од нашата апликација.
ИЗМЕНА НА ПОЛИТИКАТА НА ПРИВАТНОСТ
Оваа Политика за приватност може да биде изменета во кое било време со објавување на изменетиот текст на Политиката за приватност на нашата апликација. Измените на Политиката за приватност стапуваат на сила веднаш по објавата на нашата апликација. На секој Корисник паѓа одговорноста периодично да ја прегледа оваа фан-страница и да ја проучи измената на Политиката за приватност на податоците. Продолжувањето на користењето на нашата апликација од страна на корисникот, по стапувањето на сила на таквите измени, подразбира дека корисникот ги прифаќа условите на изменетата Политика на приватност.