За потребите на проектот “Јакнење на капацитетите и механизмите за поддршка на реформскиот процес на Поглавје 20 (YESNetwork+)” финансиран од Европската Унија во рамките на ИПА програмата за поддршка на граѓанското општество и медиумите 2015, а врз...
За потребите на проектот “Јакнење на капацитетите и механизмите за поддршка на реформскиот процес на Поглавје 20 (YESNetwork+)” финансиран од Европската Унија во рамките на ИПА програмата за поддршка на граѓанското општество и медиумите 2015, а врз основа на Договорот за грант со референтен број IPA/2016/382-395, Фондацијата за менаџмент и индустриско истражување објавува:
БАРАЊЕ ЗА ПРИБИРАЊЕ НА ПОНУДИ
за набавка на услуга – Спроведување на експертска анализа на Поглавје 20 – Претпријатија и индустриска политика Инструкции за понудувачите
1. Договорен орган
Договорен орган е Фондација за менаџмент и индустриско истражување Скопје, со адреса на xx. 00xx Xxxxxxxxxx xxxxxxx 00x, Xxxxxx, телефон за контакт 02 3108 891, контакт лице Xxxxxxxx Xxxxxxxxx Богоеска.
2. Предмет на договорот за набавка
2.1 Предмет на договорот за набавка е ангажирање на надворешен експерт за спроведување на анализа на Поглавјето 20 – Претпријатија и индустриска политика за потребите на проектот YESNetwork+. Проектот цели да постигне координација помеѓу граѓанските организации во реформскиот процес на Поглавје 20; да ги зајакне капацитетите на граѓанските организации за креирање на политики, вмрежување и мониторирање на политиките за Поглавје 20; да ja подобри координацијата и трансферот на знаење меѓу граѓанските организации и останатите релевантни чинители и да ja подигне свеста за значењето на Поглавје 20 за целокупниот напредок на земјата за членство во Европската Унија.
Со цел обезбедување на адекватно вклучување на граѓанските организации во реформските процеси на Поглавје 20, потребно е да се осигура соодветно разбирање на самата област преку изведување на една основна студија на реформското поглавје. Експертската анализа што е предмет на ова барање е дел од основната студија и истата треба да обезбеди длабински приказ на структурата, приоритетните области и политиките релевантни за Поглавје 20. Изведувачот ќе треба пронајдоците од анализата да ги претстави во информативна Поглавје 20 брошура, подготвена на македонски јазик и доставена во електронска верзија (во word и pdf формат). Дополнително, изведувачот ќе треба да подготви извештај за својата работа и time-sheets.
2.2 Предметот на договорот е неделив. Понудувачот во својата понуда треба да ги вклучи сите чекори од анализата. Во спротивно понудата ќе се смета за неприфатлива.
3. Временска рамка
Носителот на набавката е должен да ја изврши услугата во следната временска рамка: 15.09 – 15.10.2017та година. Фондацијата за менаџмент и индустриско истражување го задржува правото на измена на временската рамка и испораката на нарачаната услуга од страна на изведувачот во зависност од потребите на идните активности што треба да се реализираат во рамките на проектот.
4. Изготвување на понудите
4.1 Набавката ќе се реализира од страна на изведувач со искуство во областа на економскиот развој и познавање на чинителите и опсегот на Поглавје 20, изведување на истражувања и анализи во областа на претприемништвото и креирање на препораки за креатори на политики.
Понудата треба да содржи:
• Предлог методологија со временска рамка
• Кратка биографија (CV)
• Референтна листа на активности на понудувачот
• Финансиска понуда
4.2 Финансискиот дел од понудата треба да содржи број на денови како количина за (1) изведување на анализата и (2) за подготовка на брошурата, како и единечна и вкупна цена во бруто износ.
5. Постапка за избор
5.1 Административна проверка
Административната проверка на добиените понуди ќе овозможи утврдување на прифатливи понуди, предмет на евалуација, а кои ги исполнуваат сите барања од точка 4.
5.2 Критериуми за доделување на договорот
Критериум за доделување на договорот е економски најповолна понуда. За носител на набавката ќе биде избрана онаа организација чија понуда ќе биде оценета како економски најповолна, односно која ќе освои најголем број на бодови како збир на бодовите за секој елемент на критериумот економска најповолна понуда. Елементите на критериумот економски најповолна понуда се изразуваат со број на бодови во распон од 1 до 100 бодови кои редоследно се наведуваат според нивната важност, а нивниот вкупен збир изнесува 100 бодови. Како елементи на критериумот економски најповолна понуда се земаат следниве:
Цена 65 бодови,
Методологија на анализата 20 бодови,
Искуство во слични задачи на експертот 15 бодови.
5.2.1 За елементот цена се утврдени вкупно 60 бодови. Заради евалуација цената на понудата ќе се пресметува како вкупна цена без данок на додадена вредност, при што најмногу бодови ќе добие понудата која има најниска понудена цена. Бодовите за елементот цена кај другите понуди ќе се доделат според следнава формула:
најниска цена (без ДДВ) | * | максимален број бодови за елементот цена | |
Број на бодови | = | ||
Цена (без ДДВ) |
5.2.2 За елементот Методологија на анализата се утврдени вкупно 25 бодови. Истиот ќе се евалуира на следниов начин: на скала од 0 (нула) – најлошо до 5 (пет) најдобро ќе се оцени адресирањето на следните под- елементи: (а) соодветност на методологијата од аспект на опфат (тематски опфат, целни групи), (б) запазеност на бараната временска рамка, (в) соодветност и разновидност на предложени методи и алатки за анализа, и (г) соодветност на опфатот и форматот на брошурата за Поглавје 20.
5.2.3 За елементот Искуство во слични задачи на експертот се утврдени вкупно 15 бодови. Истиот ќе се евалуира на следниов начин: со скала од 0 (нула) – најлошо до 5 (пет) – најдобро ќе се оценат следните под-елементи (а) искуство во изведување на истражувања/анализи, (б) искуство во работа со граѓански организации и други релевантни чинители за Поглавје 20, и (в) искуство во креирање и мониторинг на политики.
6. Краен рок и начин за поднесување на понудите
6.1 Краен рок за доставување на понудите е вторник, 12.09.2017 година до 16:00 часот. Понудите што ќе пристигнат по наведениот рок, како и оние што не се изработени според пропозициите на барањето, нема да бидат земени предвид.
6.2 Понудите се доставуваат по електронски пат на xxxxxxxx@xxx.xxx.xx или лично во просториите на Фондацијата за менаџмент и индустриско истражување.