ПРАВНА ПОУКА: Против овa Решение може да се поднесе жалба до Комисијата за решавање на жалби од областа на енергетиката, преку Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија во рок од 15 дена од денот на приемот на истото.
Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија, врз основа на член 7 став 3 од Правилата за снабдување со електрична енергија (Службен весник на Република Македонија бр.144/12 и 91/13), на седницата одржана на 8 јули 2014 година, донесе
Р Е Ш Е Н И ▇
за одобрување на изменување и дополнување на образецот на Договорот за начинот и условите за користење на електропреносната мрежа и надоместокот за користење на електропреносниот систем (Анекс бр.1)
1. Измените и дополнувањата на образецот на Договорот за начинот и условите за користење на електропреносната мрежа и надоместокот за користење на електропреносниот систем (Анекс бр.1), на АД МЕПСО – Скопје како носител на лиценца за вршење на енергетската дејност пренос на електрична енергија, СЕ ОДОБРУВААТ.
2. Одобрениот образец од точка 1 е во прилог на ова Решение.
3. Жалбата изјавена против ова Решение не го одлага нејзиното извршување.
4. Ова Решение влегува во сила со денот на донесувањето.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И ▇
АД МЕПСО – Скопје согласно член 7 став 3 од Правилата за снабдување со електрична енергија (Службен весник на Република Македонија бр.144/12 и 91/13), до Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија на 30 мај 2014 година достави текст за изменување и дополнување на образецот на Договорот за начинот и условите за користење на електропреносната мрежа и надоместокот за користење на електропреносниот систем, заради одобрување.
Целта на изменувањето и дополнувањето на образецот на Договорот за начинот и условите за користење на електропреносната мрежа и надоместокот за користење на електропреносниот систем е да се обезбеди примена на меница како инструмент за гарантирање на плаќањата со цел да се намалат трошоците на претпријатијата.
На 08.07.2014 година Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија одржа седница на која се одлучи да се одобрат измените и дополнувањата на образецот на Договорот за начинот и условите за користење на електропреносната мрежа и надоместокот за користење на електропреносниот систем, на АД МЕПСО – Скопје како носител на лиценца за вршење на енергетската дејност пренос на електрична енергија.
