Одржување на HW на SCOUT RTU
ТЕНДЕРСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА
ПОЕДНОСТАВЕНА ОТВОРЕНА ПОСТАПКА
/преку ЕСЈН – со е-аукција/
ЗА НАБАВКА НА
Одржување на HW на SCOUT RTU
Скопје, Декември 2019 година
1
Врз основа на член 49 и 81 од Законот за јавните набавки (Службен весник на РМ бр.24/19), подготвена е:
ТЕНДЕРСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА
за поедноставена отворена постапка за набавка на Одржување на HW на SCOUT RTU
Тендерската документација содржи:
1. Општи информации
2. Појаснување, изменување и дополнување на тендерската документација
3. Подготовка на понудата
4. Поднесување и отворање на понудите
5. Евалуација на понудите
6. Склучување на договорот за јавна набавка или на рамковната спогодба
7. Право на жалба и завршување на постапката за јавна набавка
8. Технички спецификации
Прилог 1 – Образец на понуда
Прилог 2 – Изјава за сериозност на понудата
Прилог 3 – Модел на рамковна спогодба за јавна набавка
1. ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ ВО ВРСКА СО ДОГОВОРНИОТ ОРГАН И ПРЕДМЕТОТ НА НАБАВКА
1.1 Дефиниции
1.1.1 Одредени поими употребени во оваа тендерска документација го имаат следново значење:
„Договор за јавна набавка“ е договор склучен во писмена форма меѓу еден или повеќе економски оператори и договорниот орган чиј предмет е снабдување стоки и обезбедување услуги;
„Постапка за јавна набавка“ е постапка што ја спроведува договорниот орган, чија цел или дејство е купување или стекнување стоки и услуги;
„Економски оператор“ е секое физичко или правно лице или група такви лица, вклучувајќи ги и сите привремени здружувања, кои на пазарот или во постапките за јавни набавки нудат стоки и услуги;
„Понудувач“ е економски оператор кој поднел понуда;
„Носител на набавката“ е понудувач или група на понудувачи кои склучиле договор за јавна набавка;
„Подизведувач“ е правно или физичко лице кое за понудувачот, со кој договорниот орган склучил договор за јавна набавка или рамковна спогодба, снабдува стоки, обезбедува услуги или изведува работи што се директно поврзани со извршувањето на договорот или рамковната спогодба;
„Тендерска документација“ е секој документ изработен од страна на договорниот орган или на кој упатува договорниот орган, а со кој се опишуваат или се утврдуваат елементите на одредена набавка или постапка, вклучувајќи го и огласот за јавна набавка, претходното информативно известување или периодичното индикативно известување кое се користи како замена за оглас за јавна набавка, техничките спецификации, описната документација, предложените услови на договорот, обрасците што ги пополнуваат кандидатите или понудувачите, информациите за општоприменливите прописи и сета дополнителна документација;
„Технички спецификации“ се:
- во случај на јавна набавка на стоки или услуги1, спецификација со која се дефинираат карактеристиките на производот или услугата, како што се ниво на квалитет, влијание врз животната средина и климатски влијанија, опис на сите услови (вклучувајќи и пристапност за лица со хендикеп) и оценка на сообразноста, ниво на изведба, користење на производот, безбедност или димензии, вклучувајќи ги и релевантните барања за производот во однос на називот под кој се продава, терминологијата, симболите, тестирањата и методите за тестирање, пакувањето, означувањето и етикетирањето, како и инструкции за користење, производствени процеси и методи во секоја фаза од животниот век на стоките или услугите, како и постапки за оценување на сообразноста;
„Еквивалентно“ значи дека понудената стока или услуга има исти или подобри технички карактеристики од оние наведени во техничката спецификација на предметот на набавка;
„Прифатлива понуда" е понуда поднесена од понудувачот, која ги исполнува условите за утврдување способност, потребите и барањата на договорниот орган наведени во техничките спецификации и останатата тендерска документација, што е навремена, која нема невообичаено ниска цена, а чија конечна цена не ги надминува средствата обезбедени или кои може да се дообезбедат од договорниот орган согласно со овој закон;
„Несоодветна понуда“ е понуда која не одговара на потребите и барањата на договорниот орган утврдени во тендерската документација без значителни промени;
„Писмено“ или „во писмена форма“ e секој израз што се состои од зборови или бројки што можат да се прочитаат, умножат и дополнително да се соопштат, како и информации што се пренесуваат и чуваат со помош на електронски средства, под услов сигурноста на содржината да е обезбедена и потписот да може да се идентификува;
„Електронско средство“ е електронска опрема за обработка и чување податоци (вклучувајќи и дигитална компресија), кои се пренесуваат, испорачуваат и примаат преку кабелски, радио или оптички средства или преку други електромагнетни средства;
„Електронски систем за јавни набавки (во натамошниот текст: ЕСЈН)“ е единствен информациски систем достапен на интернет, кој се користи со цел да се овозможи поголема ефикасност, транспарентност и економичност во областа на јавните набавки;
„Алтернативна понуда“ е понуда со која понудувачот нуди предмет на набавка кој ги задоволува минималните барања, односно стандарди што договорниот орган ги предвидел во тендерската документација, но на поинаков начин, со други технички карактеристики или методи, од оние кои биле утврдени со техничката спецификација.
1.2 Договорен орган
1.2.1 Договориот орган е Оператор на електропреносниот систем на Република Северна Македонија – Акционерско друштво за пренос на електрична енергија и управување со електроенергетскиот систем, во државна соспственост Скопје, со седиште на адреса: ул. Максим Горки бр. 4, 1000 Скопје,
1 Кога предмет на набавка се работи, овој дел се брише.
телефон xx 000 (0) 0000 000, 0000 000, електронска адреса: xxxxxxx@xxxxx.xxx.xx, интернет адреса: xxx.xxxxx.xxx.xx.
1.2.2 Лице за контакт кај договорниот орган е:
- за техничкиот дел:
Xxxxxx Xxxxxxxxxx, тел xx 000 (0) 0 000 000, e-mail xxxxxxx@xxxxx.xxx.xx
Xxxxx Xxxxxxxx тел xx 000 (0) 0 000 000, e-mail xxxxxx@xxxxx.xxx.xx
Xxxxxx Xxxxxxxxxxxx тел xx 000 (0) 0 000 000, e-mail xxxxxx.xxxxxxxxxxx@xxxxx.xxx.xx
- за комерцијалниот дел:
Xxxx Xxxxxxx, тел xx 000 (0) 0 000 000, e-mail xxxx.xxxxxxx@xxxxx.xxx.xx
1.3 Предмет на постапката за јавна набавка
1.3.1 Предмет на постапката за јавната набавка е набавка на стоки: Одржување на HW на SCOUT RTU.
Детален опис на предметот на набавка е даден во техничките спецификации.
1.3.2 Предметот на набавка е неделив.
1.4 Применливи прописи
1.4.1 Оваа постапка се спроведува согласно со Законот за јавните набавки („Службен весник на Република Македонија“ бр.24/2019) и важечките подзаконски акти.
1.4.2 При подготовка на својата понуда, економскиот оператор треба да ги има предвид важечките прописи од областа на даноците и другите јавни давачки, работните односи, работните услови, заштитата при работа, заштита на личните податоци, облигационите односи, заштитата на потрошувачите. Сите прописи може да се најдат во соодветните изданија на Службен весник на Република Северна Македонија. Дополнителни податоци во однос на важечките прописи од горенаведените области, понудувачот може да добие од Управата за јавни приходи, Царинската управа и Министерството за финансии (за даноците и другите јавни давачки), Министерството за труд и социјална политика (за работните односи, работните услови и заштитата при работа), Дирекцијата за заштита на личните податоци (за заштита на личните податоци), Министерството за правда (за облигационите односи), Министерството за економија (за заштита на потрошувачите.
1.5 Општи мерки за спречување на корупцијата
1.5.1 Договорниот орган, во постапката за јавна набавка и при извршување на рамковната спогодба, ќе ги преземе сите потребни мерки со цел навремено откривање на корупцијата и отстранување или намалување на штетните последици од истата.
1.6 Вид на постапка за јавна набавка
1.6.1 Рамковната спогодба за јавна набавка ќе се додели со примена на поедноставена отворена постапка.
1.6.2 Оваа постапка се спроведува со користење на електронски средства преку Електронскиот систем за јавни набавки (во натамошниот текст: ЕСЈН), достапен на следнава интернет адреса xxxxx://xxx.x-xxxxxxx.xxx.xx и Правилникот за начинот на користење на електронскиот систем за јавни набавки („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 64/2019).
1.7 Посебни начини за доделување на договорот за јавна набавка 1.7.1 Електронска аукција
1.7.1.1 Рамковната спогодба за јавна набавка ќе се додели со користење електронска аукција со цел
добивање нови цени коригирани надолу, односно нови вредности за одредени елементи од понудите.
1.7.1.2 За предметот на рамковната спогодба ќе се спроведе електронска аукција преку електронскиот систем за јавни набавки (xxxxx://xxx.x-xxxxxxx.xxx.xx
1.7.1.3 Предмет на електронска аукција ќе биде вкупната цена вклучувајќи ги сите трошоци и попусти и увозни царини, без ДДВ за предметот на рамковната спогодба за јавна набавка.
1.7.1.4 Сите понудувачи што поднеле прифатливи понуди, истовремено ќе се поканат да достават нови цени или нови вредности за делот на понудата кој е предмет на електронска аукција.
1.7.1.5 Сите понудувачи во секоја фаза од аукцијата ќе имаат пристап до информациите кои ќе им овозможат во секое време да го утврдат својот ранг.
1.7.1.6 Доколку во постапката за јавна набавка остане само една прифатлива понуда, електронска аукција нема да се спроведе.
1.7.1.7 По завршувањето на електронската аукција, доколку предметот на набавката или поединечниот дел се состои од повеќе ставки, цената на секоја од поединечните ставки ќе се пресметува со соодветно намалување кое ќе биде еднакво на процентот на намалување на цената на првичната понуда на избраниот најповолен понудувач (пред електронската аукција) и цената на последната понуда (по завршувањето на аукцијата).
1.7.2 Рамковна спогодба.
1.7.2.1 Оваа постапка ќе заврши со склучување на рамковна спогодба.
1.7.2.2 Рамковната спогодба ќе се склучи за временски период од 12 месеци, сметано од денот на нејзиното потпишување од двете договорни страни или до нејзиното вредносно исполнување, во зависност од тоа што попрво ќе истече или ќе се исполни.
1.7.2.3 Рамковната спогодба ќе се склучи со еден економски оператор, а поединечните договори ќе се доделуваат во согласност со условите од рамковната спогодба.
1.7.2.4 Поединечните договори за јавни набавки ќе се склучат пред истекот на рокот на рамковната спогодба.
2. ПОЈАСНУВАЊЕ, ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ТЕНДЕРСКАТА ДОКУМЕНТАЦИЈА
2.1 Достапност на тендерската документација
2.1.1 Тендерската документација е достапна на секој заинтересиран економски оператор преку ЕСЈН во формат кој економските оператори може директно да го користат.
2.2 Појаснување на тендерската документација
2.2.1 Економскиот оператор може да побара појаснување на тендерската документација преку модулот „Прашања и одговори” на ЕСЈН, најмалку 6 (шест) дена пред крајниот рок за поднесување на понудите.
2.2.2 Појаснувањето договорниот орган ќе го достави преку истиот модул, без да го открие идентитетот на економскиот оператор кој го поставил прашањето, за што економските оператори што презеле тендерска документација ќе добијат автоматско електронско известување дека е даден одговор на поставеното прашање.
2.3 Изменување и дополнување на тендерската документација
2.3.1 Договорниот орган може, по свое наоѓање или врз основа на поднесените прашања за објаснување поднесени од страна на економските оператори, да ја измени или да ја дополни тендерската документација, при што во најкус можен рок, но не подоцна од 4 (четири) дена пред истекот на крајниот рок за поднесување на понудите ги прави достапни измените и дополнувањата на ист начин како што ја направил достапна тендерската документација, по што сите економски оператори што ја презеле ќе добијат автоматско електронско известување дека е објавена измена.
2.3.2 Во случај на измена на тендерската документација, договорниот орган крајниот рок за поднесување на понудите ќе го продолжи пропорционално на сложеноста на измената или дополната на тендерската документација во последните 6 (шест) дена пред истекот на рокот за поднесување понуди.
3. ПОДГОТОВКА НА ПОНУДАТА
3.1 Право на учество
3.1.1 Право да достави понуда има секое заинтересирано физичко или правно лице или група такви лица, вклучувајќи ги и сите привремени здружувања, кои на пазарот или во постапката за јавна набавка го нудат предметот на набавка.
3.1.2 Составен дел од групната понуда е договор за поднесување групна понуда со кој членовите во групата економски оператори меѓусебно и кон договорниот орган се обврзуваат за извршување на договорот за јавна набавка. Овој договор потребно е да ги содржи следниве податоци:
- членот на групата кој ќе биде носител на групата, односно кој ќе ја поднесе понудата и ќе ја застапува групата,
- членот на групата кој во име на групата економски оператори ќе го потпише рамковната спогодба за јавна набавка,
- членот на групата кој ќе ја издаде фактурата и сметка на која ќе се вршат плаќањата,
- краток опис на обврските на секој од членовите на групата економски оператори за извршување на рамковната спогодба,
3.1.3 Членовите на групата економски оператори одговараат неограничено и солидарно пред договорниот орган за обврските преземени со понудата.
3.1.4 Економскиот оператор кој има една или повеќе негативни референци, групата економски оператори во која членува економски оператор кој има негативна референца нема право на учество во постапката согласно со член 101 став 7 од законот.
3.1.5 Економскиот оператор во рамките на иста постапка за доделување на рамковна спогодба за јавна набавка може да учествува само во една понуда. Сите понуди ќе бидат отфрлени ако економскиот оператор:
- учествува во повеќе од една самостојна и/или како член во групна понуда или
- учествува како подизведувач во друга самостојна и/или како член во групна понуда.
3.1.6 Економскиот оператор може да учествува како подизведувач во повеќе од една понуда.
3.1.7 Лицата кои учествувале во изработка на тендерската документација не смеат да бидат понудувачи или членови во група на понудувачи во постапката за јавна набавка.
3.1.8 За да учествува во постапката, економскиот оператор треба да се регистрира во ЕСЈН и да поседува квалификуван сертификат за електронски потпис согласно прописите за електронски потпис. Економскиот оператор се регистрира во ЕСЈН со пополнување на регистрациска форма која е составен дел од ЕСЈН2, .
Напомена: Во моментот на поднесување на групна понуда сите членови на групата треба да бидат регистрирани на Електронскиот систем за јавни набавки.
3.2 Посета на локација
3.2.1 Посета на локација може да се организира по барање на економскиот оператор заради технички увид во трансформаторските станици и инсталираните SCOUT RTU во време и термин претходно дефинирани од Договорниот орган, но не подоцна од 10 дена од крајниот рок за доставување на понудите.
3.3 Трошоци за поднесување на понуда
3.3.1 Економскиот оператор ги сноси сите трошоци поврзани со подготовката и со доставувањето на понудата, а договорниот орган не е одговорен за тие трошоци без оглед на водењето и на исходот од постапката за јавна набавка.
3.4 Јазик на понудата
3.4.1 Понудата, документите поврзани со понудата како и целата кореспонденција е на македонски јазик со користење на неговото кирилско писмо. Придружните документи и печатената литература кои се дел од понудата може да бидат на друг јазик, а во текот на евалуација на понудите, комисијата може да бара превод на македонски јазик.
3.5 Алтернативна понуда
3.5.1 Договорниот орган не дозволува поднесување алтернативни понуди.
3.6 Цена на понудата
3.6.1 Во цената на понудата треба да се засметани сите трошоци и попусти на вкупната цена на понудата, без ДДВ кој се искажува посебно, во денари или во евра.
3.7 Корекција на цени
3.7.1 При реализација на рамковната спогодба за јавна набавка не се предвидува корекција на цените, односно цените искажани во понудата на најповолниот понудувач ќе бидат фиксни за целото времетраење на рамковната спогодба за јавна набавка.
3.8 Рок, начин и место на испорака / извршување
3.8.1 Носителот на набавката е должен стоката / услугите предмет на спогодбата да ја/ги испорача / извршува на начин и под услови како што е дефинирано во техничките спецификации.
3.8.2 Носителот на набавката е должен стоката предмет на поединечните договори / нарачки кои произлегуваат од спогодбата да ја испорача во следните рокови:
- Стоката, нов XXXX RTU или еквивалентен систем, реден број 1 од Листа на количини и цени од Образецот на понуда, да ја испорача во рок од 120 дена од денот на добивање на писмена нарачка, испратена по e-mail или по пошта од овластени лица на Договорниот орган, на паритет ДДП (според ИНКОТЕРМС 2010) во Централниот магацин на Договорниот орган во ТС Скопје 1/5, ул. Крале Марко 142, с.Бутел, Скопје, со документ Испратница,
- Услугите на замена, инсталација, конфигурирање, тестирање и пуштање во работа на неисправен хардверски уред/елемент, реден број од 1 до 10 од Листа на количини и цени од Образецот на понуда, да ги извршува во рок од 60 дена од денот на добивање на писмена нарачка, испратена по e- mail или по пошта од овластени лица на Договорниот орган, во следните Трафостаници на Договорниот орган: ТС Битола 2 400/110 кV; ТС Битола 4 110/x кV;ТС Валандово 110/x kV; ТС Велес 2 110/x kV; ТС Г. Петров 110/x kV; ТС Кичево 110/x kV; ТС М. Каменица 110/x kV; ТС О. Поле 110/x kV; ТС Осломеј 110/x kV; ТС Охрид 1 110/x kV; ТС Охрид 2 110/x kV; ТС Полог 110/x kV и ТС ТЕ-ТО 110/x kV.
3.8.3 Поединечните договори / нарачки ќе се сметаат за извршени со изготвување на Записник за реализирана поединечна нарачка кој треба да биде потпишан од овластените лица на двете договорни страни.
2На почетната страна на ЕСЈН во делот „Економски оператори“ се наоѓа линкот „Регистрирај се“.
3.8.4 Количините од спогодбата се рамковни количини и Договорниот орган нема обврска сите и во целост да ги исполни и реализира.
3.8.5 Рокот, начинот и местото на испорака и извршување на услугите се задолжителни. Сите понуди кои предвидуваат поинаков рок, начин и место на испорака ќе бидат отфрлени како неприфатливи.
3.9 Начин и рок на плаќање
3.9.1 Начинот на плаќање по поединечните договори / нарачки од рамковната спогодба ќе биде вирмански или со дознака (важи за странски понудувач) по испорака / извршување на предметот на поединечниот договор / нарачка, во рок од 30 (триесет) дена од денот на приемот на фактурата во архивата на Договорниот орган, придружена со примерок од испратница и записник за реализирана поединечна нарачка (за стоките) или придружена со записник за реализирана поединечна нарачка (за услугите) потпишан од овластените лица на двете договорни страни.
3.9.2 Начинот и рокот на плаќање се задолжителни. Сите понуди кои предвидуваат поинаков начин и рок на плаќање од предвидениот ќе бидат отфрлени како неприфатливи.
3.10 Период на важност на понудата
3.10.1 Понудата треба да е со важност од 90 дена. Понудите кои содржат покус период на важност од тој утврден во оваа точка од тендерската документација ќе бидат отфрлени како неприфатливи.
3.10.2 Договорниот орган може, во исклучителни случаи кои не настанале по негова вина, да побара од понудувачите продолжување на периодот на важност на понудите.
3.11 Средства за обезбедување 3.11.1 Гаранција на понудата
3.11.1.1 Со понудата економскиот оператор доставува изјава за сериозност на понудата.
3.11.1.2 Со изјавата економскиот оператор изјавува дека:
- нема да ја повлече својата понуда пред истекот на периодот на нејзината важност,
- ќе ја прифати исправката на аритметичките грешки од страна на комисијата,
- ќе ја потпише рамковната спогодба за јавна набавка согласно со условите од тендерската документација и доставената понуда.
3.11.2 Гаранција за квалитетно извршување на спогодбата – не се бара
4. ПОДНЕСУВАЊЕ И ОТВОРАЊЕ НА ПОНУДИТЕ
4.1 Поднесување на понудите
4.1.1 Понудата се поднесува во согласност со тендерската документација, со користење на обрасците дадени во прилог.
4.1.2 Понудата е обврзувачка за целиот период на важност што го утврдил договорниот орган.
4.1.3 Понудувачот ја доставува понудата со цена во која се засметани сите трошоци и попусти на вкупната цена на понудата, без ДДВ кој се искажува посебно, во денари или во евра.
[доколку цената на понудата се искажува во евра курсната листа што ќе се користи за евалуације е онаа на Народната банка на Република Македонија, а курсот за размена е оној што важел 14 дена пред крајниот рок за поднесување на понудите].
4.1.4 Цената на понудата се изразува за вкупниот предмет на набавка.
[доколку предметот на набавка е поделен во делови, цената на понудата се изразува посебно за оној дел за кој се поднесува понудата].
4.1.5 Понудувачот може да ја измени, замени или да ја повлече својата понуда пред истекот на крајниот рок за поднесување на понудите.
4.1.6 Понудата се поднесува во електронска форма преку ЕСЈН и истата треба да биде електронски потпишана со користење на квалификуван сертификат за електронски потпис од одговорното лице на економскиот оператор или лице овластено од него. Сертификатот треба да биде со важност најмалку до моментот на јавното отворање односно крајниот рок за поднесување на понудите.
4.1.7 Доколку понудата ја потпишува лице овластено од одговорното лице, во прилог се доставува и овластување за потпишување на понудата потпишано од одговорното лице.
Напомена: Подетални информации за начинот на дигитално потпишување се содржани во прирачникот “Општи и технички препораки за користење на ЕСЈН за економски оператори и договорни органи“ објавен на почетната страна на ЕСЈН во делот "Документи".
4.1.8 Економските оператори можат во хартиена форма да ја поднесат документација во нестандарден формат и големина пред крајниот рок за поднесување на понудите, доколку истите се преобемни за скенирање и прикачување на ЕСЈН. Оваа документација се доставува во запечатен
внатрешен плик на кој се наведува полниот назив и адреса на економскиот оператор. Така запечатениот внатрешен плик се затвора во надворешен плик кој:
- е адресиран со точна адреса на договорниот орган;
- содржи информација за бројот на огласот за доделување на договор за јавна набавка и датумот на кој е објавен;
- во горниот лев агол стои предупредување „Не отвoрај“, за да не се отвора пред времето и датумот за отворање на понудата.
4.1.9 Понудите кои содржат покус период на важност од тој утврден во точка 3.10.1 од тендерската документација ќе бидат отфрлени како неприфатливи.
4.2. Краен рок за поднесување на понудите
4.2.1 Краен рок за доставување на понудите е 11.02.2020 година до 12.30 часот.
4.2.2 Понудите се поднесуваат преку ЕСЈН на следнава веб адреса: xxxxx://x-xxxxxxx.xxx.xx.
4.2.3 По истекот на крајниот рок за поднесување на понудите истите нема да може да се поднесат преку ЕСЈН.
4.3. Елементи на понудата
4.3.1 Понудата треба да е составена од следниве елементи:
− Образец на понуда (Прилог 1),
− Изјава за сериозност на понудата (Прилог 2),
− Документи за докажување на способност од точка 5.2,
− Документи за докажување на способност од точка 5.3,
− Модел на рамковна спогодба за јавна набавка (Прилог 3),
4.3.2 Понудата задолжително треба да биде комплетна и со сите елементи од точка 4.3.1.
4.3.2 Сите понуди кои не се комплетни и на кои им недостасуваат елементи / документи од точка 4.3.1, ќе бидат отфрлени како неприфатлив.
4.4 Подизведување
4.4.1 Понудувачот може дел од рамковната спогодба за јавна набавка да додели на подизведувач. Доколку понудувачот користи подизведувач при извршувањето на рамковната спогодба за јавна набавка, во понудата:
- ги наведува сите подизведувачи, како и секој дел од спогодбата за кој има намера да го додели на подизведувачи;
- доставува контакт податоци за законските застапници на предложените подизведувачи;
- доставува документација за утврдување способност на предложените подизведувачи и
- доставува барање од подизведувачот за директно плаќање, доколку подизведувачот го бара тоа.
4.5 Отворање на понудите
4.5.1 Отворањето на понудите е јавно, а ќе се изврши на ден 11.02.2020 година до 12.30 часот во време определено во тендерската документација како краен рок за поднесување на понудите, на следнава локација: АД МЕПСО, ул. Максим Горки бр. 4, Скопје, III кат.
4.5.2 Понудувачот може да има свој овластен претставник на јавното отворање на понудите, при што овластениот преставник треба на комисијата да и предаде писмено овластување од понудувачот, доколку сака да даде забелешки на постапката на јавно отворање.
4.5.3 Комисијата за јавни набавки ќе пристапи кон отворање на понудите доколку е пристигната и само една понуда.
5. ЕВАЛУАЦИЈА НА ПОНУДИТЕ
5.1 Утврдување способност
5.1.1 Во постапката за јавна набавка ќе може да учествуваат економски оператори за кои, договорниот орган преку придружната документација утврдува:
- дека не постојат причини за исклучување од постапката,
- дека се исполнети условите за квалитативен избор, и тоа:
а) способност за вршење професионална дејност; б) техничка и професионална способност.
5.1.2 Економскиот оператор во прилог на понудата задолжително доставува документи за утврдување способност.
5.1.3 Придружната документација се поднесува во скенирана електронска форма.
5.2 Причини за исклучување од постапката
5.2.1 Договорниот орган ќе го исклучи од постапката за јавна набавка економскиот оператор:
1) доколку утврди дека на економскиот оператор или на лицето кое е член на управниот или на надзорниот орган на тој економски оператор или кое има овластувања за застапување или донесување одлуки или надзор врз него, во последните пет години му е изречена правосилна судска пресуда за сторено кривично дело кое има елементи од кривичните дела учество во злосторничко здружување, корупција, затајување даноци и придонеси, тероризам или казнени дела поврзани со терористички активности, перење пари и финансирање тероризам и злоупотреба на детскиот труд и трговија со луѓе, утврдени во Кривичниот законик.
2) кој има неплатени даноци, придонеси или други јавни давачки, освен ако му е одобрено одложено плаќање на даноците, придонесите или другите јавни давачки во согласност со посебните прописи и истите редовно ги плаќа;
3) кој е во постапка на стечај или во постапка на ликвидација;
4) на кој му е изречена споредна казна забрана за учество во постапки за јавен повик, доделување договори за јавна набавка и договори за јавно приватно партнерство;
5) на кој му е изречена споредна казна привремена или трајна забрана за вршење на одделна дејност;
6) на кој му е изречена прекршочна санкција забрана за вршење професија, дејност или должност, односно привремена забрана за вршење одделна дејност или
7) кој дава лажни податоци или не ги доставува податоците што ги бара договорниот орган.
5.2.2 Договорниот орган го исклучува економскиот оператор од постапката за јавна набавка доколку до крајниот рок за поднесување на понудите или пријавите за учество е на листата на издадени негативни референци.
5.2.3 Договорниот орган ќе го исклучи економскиот оператор од постапката за јавна набавка во случаите доколку:
a) економскиот оператор покажал значителни или постојани недостатоци во исполнувањето клучни обврски во претходни договори за јавни набавки или претходни договори за концесии и јавно приватни партнерства склучени со договорниот орган, што резултирало со еднострано раскинување на договорот, барање оштета или преземање други слични санкции од страна на договорниот орган; б) економскиот оператор незаконски влијае врз одлуката на договорниот орган или да добие доверливи информации со кои би можел да стекне незаконска предност во постапката за јавна набавка.
5.2.4 За докажување дека не постојат услови за исклучување од постапката, економскиот оператор ги доставува следниве документи:
- изјава на економскиот оператор дека во последните 5 години на економскиот оператор или на лицето кое е член на управниот или на надзорниот орган на тој економски оператор или кое има овластувања за застапување или донесување одлуки или надзор врз него, во последните пет години не му е изречена правосилна судска пресуда за сторено кривично дело кое има елементи од кривичните дела учество во злосторничко здружување, корупција, затајување даноци и придонеси, тероризам или казнени дела поврзани со терористички активности, перење пари и финансирање тероризам и злоупотреба на детскиот труд и трговија со луѓе, утврдени во Кривичниот законик;
- потврда за платени даноци, придонеси и други јавни давачки од надлежен орган од земјата каде економскиот оператор е регистриран;
- потврда дека не е отворена постапка за стечај од надлежен орган или единствен документ за докажување на способноста;
- потврда дека не е отворена постапка за ликвидација од надлежен орган или единствен документ за докажување на способноста;
- потврда од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица дека не му е изречена споредна казна забрана за учество во постапки за јавен повик, доделување на договори за јавна набавка и договори за јавно-приватно партнерство или единствен документ за докажување на способноста;
- потврда од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица дека не му е изречена споредна казна привремена забрана за вршење на одделна дејност или единствен документ за докажување на способноста;
- потврда од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица дека не му е изречена споредна казна трајна забрана за вршење на одделна дејност или единствен документ за докажување на способноста;
- потврда дека со правосилна пресуда не му е изречена прекршочна санкција - забрана за вршење на професија, дејност или должност или единствен документ за докажување на способноста и
- потврда дека со правосилна пресуда не му е изречена прекршочна санкција - привремена забрана за вршење одделна дејност или единствен документ за докажување на способноста.
5.2.5 Изјавата од алинеја 1 од потточка 5.2.4 ја изготвува самиот економски оператор во електронска форма и ја потпишува со квалификуван сертификат за електронски потпис и истата не треба да биде заверена од надлежен орган.
5.2.6 Потврдите од потточка 5.2.4 ги издаваат надлежни органи во земјата каде е регистриран економскиот оператор. Ако земјата во која е регистриран економскиот оператор не ги издава овие документи или ако тие не ги опфаќаат сите горенаведени случаи, економскиот оператор може да достави изјава заверена кај надлежен орган.
5.2.7 Документите од потточка 5.2.4 не смеат да бидат постари од 6 (шест) месеци сметано од крајниот рок за поднесување на понудите наназад.
5.3 Услови за квалитативен избор
5.3.1 Способност за вршење на професионална дејност
5.3.1.1 Право на учество во постапката има секој економски оператор кој е регистриран како физичко или правно лице за вршење на дејноста поврзана со предметот на набавка или припаѓа на соодветно професионално здружение согласно со прописите на земјата каде што е регистриран.
5.3.1.2 За да ја докаже способноста за вршење професионална дејност, економскиот оператор треба да достави:
– Потврда за регистрирана дејност како доказ дека е регистриран како физичко или правно лице за вршење на дејноста поврзана со предметот на набавка или доказ дека припаѓа на соодветно професионално здружение согласно со прописите на земјата каде што е регистриран.
5.3.2 Економска и финансиска состојба – не се бара
5.3.3 Техничка и професионална способност
5.3.3.1 Потребната техничка и професионалната способност за квалитетно извршување на договорот, договорниот орган ќе ја утврди преку следниве минимални услови:
- да има на располагање најмалку еден обучен специјалист за работа со SCOUT RTU и најмалку еден обучен специјалист за работа со SEL опрема за SCOUT RTU.
5.3.3.2 Економскиот оператор го докажува исполнувањето на минималните услови од потточка
5.3.3.1 со доставување на:
- Образовни и професионални квалификации на давателот на услуги или на неговиот менаџерски кадар, со прилог Xxxxxx дека има на располагање најмалку еден специјалист со обука за работа со SURVALENT SCOUT RTU и најмалку еден специјалист со обука за работа со SEL опрема за SCOUT RTU.
5.3.3.3 Доказите од точка 5.3.3.2, за потточка 5.3.3.1 ги изготвува и електронски ги потпишува самиот економски оператор и тие не мора да бидат заверени од надлежен орган.
5.3.4 Користење способност од други субјекти
5.3.4.1 Во постапката за јавна набавка, економскиот оператор може заради исполнување на условите за квалитативен избор во делот на техничката или професионалната способност да ја користи способноста на други субјекти.
5.3.4.3 Ако економскиот оператор користи способност на друг субјект, тој е должен да ја докаже поддршката со xxxxxxx доказ дека тој субјект ќе му ги стави на располагање соодветните ресурси.
5.3.4.4 Со цел договорниот орган да може да провери дали субјектот чија способност ја користи економскиот оператор ги исполнува потребните услови за квалитативен избор и дали постојат причини за негово исклучување, економскиот оператор треба да ја достави документацијата наведена во точките 5.2.4, 5.3.1.3 и 5.3.3.2 од оваа тендерска документација.
5.3.4.5 Ако во постапката учествува групата економски оператори, истата може да ја користи способноста на членовите во групата или на други субјекти на начин утврден во точката 5.3.4.3 од оваа потточка.
5.6 Критериум за избор на најповолна понуда
5.6.1. Договорниот орган како критериум за избор на најповолна понуда ќе ја користи економски најповолната понуда врз основа на: цената.
5.7 Евалуацијата на понудите
5.7.1. Кај поедноставената отворена постапка, комисијата, најпрво ја проверува комплетноста и валидноста на способноста за вршење на професионална дејност на понудувачот. Истовремено, согласно со член 101 став 13 од законот, на ЕСЈН ја проверува листата на издадени негативни референци.
5.7.2. При проверката на комплетноста и валидноста на документацијата за утврдување на способноста на понудувачот и при евалуација на понудата, комисијата може да побара понудувачите да ги појаснат или дополнат документите, доколку не станува збор за значителни отстапувања од
бараната документација, внимавајќи со бараното појаснување или дополнување да не создава предност во корист на одреден економски оператор.
5.7.3 Бараното објаснување понудувачот го доставува преку ЕСЈН во рок кој го определила комисијата.
5.7.4. Комисијата не смее да бара, ниту да дозволува никакви промени во финансиската и техничката понуда, освен исправката на аритметички грешки.
5.7.5. Комисијата во примерен рок може да побара од понудувачот, а со цел за објаснување на понудата, превод на делот од понудата кој е во врска со техничката документација за кој во тендерската документација дозволил истата да биде изработена на странски јазик.
5.7.6 Договорниот орган ќе побара од економскиот оператор, во рок не пократок од 5 (пет) дена, да ја објасни цената или трошокот наведен во понудата, доколку смета дека понудата содржи невообичаено ниска цена во однос на стоките / услугите, што се предмет на набавка или доколку постои сомнеж дека спогодбата ќе биде извршена.
5.7.7 Договорниот орган, ќе побара објаснување на цената доколку вредноста на понудата е за повеќе од 50% пониска од просечната цена на прифатливите понуди и е за повеќе од 20% пониска од следната рангирана понуда, во случај да има добиено најмалку три прифатливи понуди.
5.7.8 Евалуацијата на понудите ќе се врши согласно со критериумите наведени во тендерската документација.
5.7.9 По извршената евалуација, комисијата ќе пристапи кон рангирање на понудите и изготвување предлог за избор на најповолна понуда.
5.8 Заштита на податоци
5.8.1. Договорниот орган нема да открива информации доставени од страна на економскиот оператор кои се означени како деловна тајна или утврдени како класифицирана информација.
5.8.2 Економскиот оператор може, врз основа на закон, друг пропис или општ правен акт да означи одредени податоци за деловна тајна или за класифицирани, вклучувајќи ги техничките или трговските тајни содржани во понудата или пријавата за учество, под услов да го наведе правниот основ врз основа на кој истите се означени за тајни или за класифицирани.
5.8.3 Економскиот оператор не смее да ги означи за деловна тајна или за класифицирана информација: цената на понудата, трошоците на животниот век, спецификациите на понудените стоки, услуги или работи, количините, податоците во врска со критериумите за избор на најповолна понуда, јавните исправи, извадоците од јавни регистри и другите податоци кои согласно со посебните прописи мора јавно да се објавуваат или не смее да се означат како деловни тајни или како класифицирани информации.
5.9 Исправка на аритметички грешки
5.9.1 Ако понудата е прифатлива и е составена и доставена во согласност со тендерската документација, договорниот орган ги коригира аритметичките грешки на следниот начин:
- ако постои несовпаѓање меѓу зборовите и бројките, преовладува износот што е напишан со зборови;
- ако постои разлика помеѓу единечната цена и вкупната цена, тогаш преовладува единечната цена.
5.9.2 Во случај на несовпаѓање помеѓу цената внесена на ЕСЈН и цената внесена во образецот на понудата, за валидна се смета цената внесена во образецот на понуда. Во овој случај комисијата ќе ја измени цената внесена на ЕСЈН.
5.10 Поништување на постапката
5.10. 1. Договорниот орган може да ја поништи постапката за јавна набавка, за што носи одлука за поништување на постапката ако:
- бројот на кандидати е понизок од минималниот број предвиден за постапките за јавна набавка согласно со овој закон,
- не е поднесена ниту една понуда или ниту една прифатлива понуда,
- настанале непредвидени промени во буџетот на договорниот орган,
- понудувачите понудиле цени и услови за извршување на рамковната спогодба за јавна набавка кои се понеповолни од реалните на пазарот,
- оцени дека тендерската документација содржи битни пропусти или недостатоци,
- добие инструкции од Xxxxxx да ја поништи постапката во управна контрола или поради технички проблем на ЕСЈН кој не може да се надмине на поинаков начин, или
- поради непредвидени и објективни околности се промениле потребите на договорниот орган.
5.10.2. Договорниот орган ги известува сите учесници во постапката за јавна набавка преку ЕСЈН, најдоцна во рок од три дена од денот на поништувањето, во врска со престанокот на обврските на учесниците што произлегуваат од поднесувањето на понудите и за причините за поништување на постапката.
6. СКЛУЧУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ ЗА ЈАВНА НАБАВКА ИЛИ НА РАМКОВНАТА СПОГОДБА
6.1 Доделување на рамковната спогодба за јавна набавка
6.1.1 Договорниот орган ќе ја донесе одлука за избор или за поништување на постапката во рок кој не е подолг од рокот за поднесување на понудите, сметајќи од денот определен како краен рок за поднесување на понудите, а не сметајќи ги деновите во кои договорниот орган чека преземање одредено дејствие од друг субјект.
6.1.2 Договорниот орган ја склучува рамковната спогодба за јавна набавка со понудувачот чија понуда е избрана за најповолна врз основа на техничката и на финансиската понуда во рок од 30 дена од денот на конечноста на одлуката за избор, но не подоцна од периодот на важност на понудата.
6.1.3 Ако избраниот понудувач се откаже од склучување на спогодбата или дојде до раскинување заради нејзино ненавремено или неквалитетно извршување, договорниот орган може да склучи спогодбата со следниот рангиран понудувач, ако цената не е повисока од 5% во однос на првично избраната понуда.
6.2 Известување за доделување на рамковната спогодба за јавна набавка
6.2.1 Договорниот орган ќе ги извести понудувачите за одлуките во врска со утврдената способност, извршениот избор на најповолна понуда, склучувањето на рамковната спогодба или поништувањето на постапката за јавна набавка. Известувањето се доставува во рок од 3 (три) дена од денот на донесувањето на соодветната одлука.
6.2.2 Во прилог на известувањето ќе се достави и примерок од соодветната одлука, а истото ќе се испрати преку ЕСЈН.
6.2.3 По доставување на одлуката за избор на најповолна понуда или за поништување на постапката, а до истекот на рокот за вложување жалба, економските оператори што учествувале во постапката имаат право на увид во целокупната документација од постапката, вклучувајќи ги доставените понуди или пријави за учество, освен оние документи што се означени како деловна тајна.
6.3 Склучување на спогодбата
6.3.1 Договорните страни ја склучуваат рамковната спогодба за јавна набавка во писмена форма во рамки на рокот на важност на најповолната понуда, но не подоцна од 30 дена од денот на конечноста на одлуката за избор.
6.3.2 Рамковната спогодба за јавна набавка се склучува согласно со условите утврдени во тендерската документација и понудата.
6.3.3 Договорниот орган ќе ја достави рамковната спогодба за јавна набавка до избраниот најповолен понудувач во 6 (шест) примероци на потпишување, откако истиот ќе го потпише овластеното лице на договорниот орган.
6.3.4 Избраниот најповолен понудувач има обврска да ја потпише рамковната спогодба за јавна набавка и да му ја врати на договорниот орган во рок од 5 (пет) работни дена од денот на добивање.
6.3.5 Доколку избраниот најповолен понудувач не ја потпише спогодбата во рокот утврден во точка
6.3.4 од тендерската документација, договорниот орган го задржува правото да смета дека избраниот најповолен понудувач се откажал од склучување на рамковната спогодба и ќе објави негативна референца.
6.4. Извршување на спогодбата
6.4.1 Договорните страни ја извршуваат рамковната спогодба за јавна набавка согласно со условите утврдени во тендерската документација и избраната најповолна понуда.
6.4.2 Договорниот орган ќе врши контрола дали извршувањето на рамковната спогодба за јавна набавка е во согласност со условите од спогодбата.
6.4.3 При извршувањето на спогодбата договорните страни покрај одредбите од Законот за јавните набавки, соодветно ќе ги применат одредбите од законот што ги уредува облигационите односи.
6.5 Измени на рамковната спогодба за јавна набавка во текот на неговата важност
6.5.1 Во текот на реализацијата на рамковната спогодба може да дојде до нејзино менување согласно со член 119 од Законот за јавните набавки.
7. ПРАВО НА ЖАЛБА И ЗАВРШУВАЊЕ НА ПОСТАПКАТА ЗА ЈАВНА НАБАВКА
7.1 Право на жалба
7.1.1 Секој економски оператор кој има правен интерес за добивање на договорот за јавна набавка или рамковната спогодба и кој претрпел или би можел да претрпи штета од евентуално прекршување на одредбите од овој закон, може да бара правна заштита против одлуките, дејствијата и пропуштањата за преземање дејствија од страна на договорниот орган во постапката за јавна набавка.
7.1.2 Жалбата се изјавува до Државната комисија во електронска форма, а се доставува истовремено до Државната комисија и договорниот орган преку ЕСЈН.
7.1.3 Кај поедноставената отворена постапка, жалба се изјавува во рок од 5 (пет) дена, од денот на:
1. објавување на огласот за јавна набавка, во однос на содржината на огласот или тендерската документација;
2. објавување на известувањето за измени и дополнителни информации, во однос на содржината на измените и дополнителните информации;
3. отворање на понудите, во однос на пропуштањето на договорниот орган соодветно да одговори на навремените прашања или барања за појаснување или измени на тендерската документација или
4. прием на одлуката за избор на најповолна понуда или за поништување, во однос на постапката на евалуација и избор на најповолна понуда, или за причините за поништување на постапката.
7.1.4 Жалителот кој пропуштил да изјави жалба, нема право на жалба во подоцнежната фаза на постапката за истиот правен основ.
7.2 Завршување на постапката за јавна набавка
7.2.1 Постапката за јавна набавка завршува на денот на конечноста на одлуката за избор или за поништување на постапката.
Изготвил – Xxxx Xxxxxxx Xxxxxxx – Xxxxxx Xxxxxxxxxxx
8. Технички спецификации
1. ПРЕДМЕТ НА ТЕХНИЧКИТЕ СПЕЦИФИКАЦИИ
Предмет на набавката е одржување на HW на SCOUT RTU - уреди за надзор и управување на 110/X kV Трафостаници на АД МЕПСО.
2. НАМЕНА И МЕСТО НА ПОСТОЈНАТА ИНСТАЛАЦИЈА НА SCUT RTU
Одржување на HW на системите за надзор и управување базирани на SCOUT RTU подразбира замена на неисправни или дефектни хардверски уреди или елементи од системот.
SCOUT RTU-ата кои се опфатени со ова одржување се наоѓаат во трафостаниците 110/X kV на АД МЕПСО : ТС Велес 1, ТС Јегуновце, ТС Самоков, ТС Делчево, ТС Ресен, ТС Сушица, ТС Струмица 1, ТС Струмица 2.
3. ТЕХНИЧКИ И ФУНКЦИОНАЛНИ БАРАЊА НА ОПРЕМАТА
3.1. Технички карактеристики
Техничките карактеристики на SCOUT RTU кои се предмет на одржување на HW се дадени во Табела бр.1 .
Табела бр. 1
Позиција | Опис |
1. | SCOUT RTU |
1.1. | Processor 533 MHz |
1.2. | RAM 512 MB DDR2 ECC RAM |
1.3. | Storage 4 GB |
1.4. | USB Ports 1 host port, Type A; 1 device port, Type B |
1.5. | Ethernet Ports 1 front: RJ45 female 2 rear: RJ45 female or LC fiber (single-mode or multimode, 100 Mbps only) |
1.6. | Serial Ports 12 front / rear (standard), EIA-232/-485 (software-selectable) 300 to 115200 bps |
1.7. | I/O Board Contact input (programmable) Contact output (programmable) |
1.8. | Protocols |
1.8.1. | Client (Master) IEC 61850 MMS and MMS Client File Services, DNP3 Serial,DNP3 LAN/WAN, Modbus RTU, Modbus TCP, IEEE C37.118 synchrophasor, SEL ASCII, SEL Fast Message, LG 8979, and IEC 00000-0-000/104 |
1.8.2. | Server (Outstation) IEC 61850 MMS and MMS Server File Services, DNP3 Serial,DNP3 LAN/WAN, Modbus RTU, Modbus TCP, SEL Fast Message, LG 8979, IEC 00000-0-000/104, and SES-92 |
1.9. | Power Supply 125/250 Vdc, 120/240 Vac, 50Hz |
Range: 85–300 Vdc or 85–264 Vac | |
1.10. | Mounting Horizontal rack mount |
Техничките карактеристики на Резервни делови те делови кои се сопственост на АД МЕПСО и кои се на залиха во магацин на АД МЕПСО се дадени во Табела бр.2 и истите не се предмет на испорака од страна на Носителот на набавката. Овие делови, при записнички детектиран дефект и со соодветен Записник потпишан од обете страни ќе му бидат дадени на Носителот на набавката за нивна инсталација/замена на дефектен дел/модул на SCOU RTU.
Табела бр.2.
Придружна опрема (резервни делови во сопственост на АД МЕПСО) | ||
Опис | Типска ознака | |
2.1. | Дигитални влезни модули | DPAC SEL 2440 |
2.2. | Аналогни влезни модули | 51494-01 Analog Input Board |
2.3. | Дигитални излезни модули | 51486 Control Output Board |
2.4. | Напојна единица | ZWS15-15 VDC 1 A PS LAMBDA |
2.5. | Напојна единица | ZWS 30-24 VDC 1.3 A PS LAMBDA |
2.6. | Комуникациска единица | Casco Board I/O INT Rack MTG Rev (7) |
2.7. | Главна процесорска плоча | Mother Board MPM2 64 MB |
2.8. | Мерен претворувач за наизменична струја | MI 400 |
2.9. | Мерен претворувач за еднонасочна струја | MI 456 |
4. ОПИС и ОБЕМ на работите
Опис на работитe е даден во Табела 3.
Во табелата се дефинирани максималните количини. Табела бр.3: Опис на работи
Ред. број | ОПИС | Количина |
1. | Испорака на нов XXXX RTU или еквивалентен систем дефиниран како во табела 1. точка 1.1. – 1.10. со негова инсталација и пуштање во работа | Парче 2 |
2. | Замена , инсталација, конфигурирање, тестирање и пуштање во работа на хардверски уред или елемент од системот , дефиниран како во Табела 2. (резервни делови во сопственост на АД МЕПСО ), точка 2.1. | Парче 2 |
3. | Замена , инсталација, конфигурирање, тестирање и пуштање во работа на хардверски уред или елемент од системот , дефиниран како во Табела 2. (резервни делови во сопственост на АД МЕПСО ), точка 2.2. | Парче 2 |
4. | Замена , инсталација, конфигурирање, тестирање и пуштање во работа на хардверски уред или елемент од системот , дефиниран како во Табела 2. (резервни делови во сопственост на АД МЕПСО ), точка 2.3. | Парче 2 |
5. | Замена, инсталација, конфигурирање, тестирање и пуштање во работа на хардверски уред или елемент од системот , дефиниран како во Табела 2. (резервни делови во сопственост на АД МЕПСО ), точка 2.4. | Парче 2 |
6. | Замена, инсталација, конфигурирање, тестирање и пуштање во работа на хардверски уред или елемент од системот , дефиниран како во Табела 2. (резервни делови во сопственост на АД МЕПСО ), точка 2.5. | Парче 2 |
7. | Замена, инсталација, конфигурирање, тестирање и пуштање во работа на хардверски уред или елемент од системот , дефиниран како во Табела 2. (резервни делови во сопственост на АД МЕПСО ), точка 2.6. | Парче 2 |
8. | Замена, инсталација, конфигурирање, тестирање и пуштање во работа на хардверски уред или елемент од системот , дефиниран како во Табела 2. (резервни делови во сопственост на АД МЕПСО ), точка 2.7. | Парче 2 |
9. | Замена, инсталација, конфигурирање, тестирање и пуштање во работа на хардверски уред или елемент од системот , дефиниран како во Табела 2. (резервни делови во сопственост на АД МЕПСО ), точка 2.8. | Парче 1 |
10. | Замена, инсталација, конфигурирање, тестирање и пуштање во работа на хардверски уред или елемент од системот , дефиниран како во Табела 2. (резервни делови во сопственост на АД МЕПСО ), точка 2.9. | Парче 1 |
Дадените количини се максимално предвидени, и нарачателот нема обврска да ги реализира сите во целост.
5. ОБВРСКИ
5.1. Обврски на Договорниот орган
Договорниот орган е во обврска активно да учествува при реализацијата на Договорот со координација, надзор при монтажа и испитување, надзор при пуштање во работа и верификација со интерен технички прием.
5.2. Обврски на Носителот на набавката
• Економскиот Оператор ќе обезбеди одржување и поддршка за сите хардверски
елементи на SCOUT RTU наведени во табела1 во Трафостаниците 110 / X kV на АД МЕПСО (ТС Велес 1, ТС Јегуновце, ТС Самоков, ТС Делчево, ТС Ресен,ТС Сушица,ТС Струмица 1, ТС Струмица 2) во период од 12 месеци.
• При дефект или проблем во функционирање на системот, по известувањето од страна на стручните лица на Договорниот орган доставено по пошта или по е-маил , од се бара да се изврши увид и да превземе дејствија за доведување на SCOUT RTU-то во
потполна функционалност така што:
o Во соработка со стручните лица на Договорниот орган, ќе обезбеди идентификување на проблемите односно неправилностите во работењето на уредот,
o Во рок од 2 дена да пристапи кон разрешување на идентификуваните проблеми односно неправилности во работењето
o Да обезбеди брзо воспоставување на нормален работен режим за дефектните или испаднатите сервиси/уреди/модули со ефикасно разрешување на
испадот/дефектот/ проблемот и за истото да се направи записник кој е должен да го достави до одговрните лица на Договорниот орган
• Носителот на набавката е обврзан за секој пријавен дефект да испрати лице/лица кои се со соодветна техничка обученост - оспособеност за одржување.
• Проблемите во работата на опремата кои подлежат на хардверското одржување на Системот треба да бидат реализирани на начин кој ќе овозможи минимизирање на времето на неработење на SCOUT RTU.
• Во Oдржувањето е вклучено:
• испорака, поправка или замена, инсталација, конфигурирање, тестирање и пуштање во работа на неисправен хардверски уред/елемент дефиниран во Табела 1 со резевен дел од квантумот на резервни делови со кои располага Договорниот орган дефинирани во табела бр.2. или доколку таков не постои со набавка, инсталација, конфигурирање, тестирање и пуштање во работа на нов.
Економскиот Оператор е обврзан да доставува детален извештај до Договорниот орган за секоја интервенција со опис на настанатиот дефект и опис на превземени активности:
o Датум на пријавување на проблемот,
o Лице назначено од Договорниот орган, кое го пријавило проблемот,
o Лице назначено од Носителот на набавката, кај кое е пријавен проблемот,
o Опис на извршени активности неопходни за отстранување на проблемот/дефектот
Извештајот треба да биде прифатен и потпишан од назначените лица на Договорниот орган.
• Рокот на испорака на Хардверски уред или елемент од системот дефиниран во Табела 1 кои би се користел при евентуална замена на неисправен хардверски уред или елемент од системот, не смее да е подолг од 120 дена, а место на испорака е Централниот
магацин на АД МЕПСО во ТС Скопје 1/5, xx. Xxxxx Xxxxx xx, Бутел, Скопје.
НАПОМЕНА: За извршената работа Xxxxxxxxx на набавката да даде гаранција од 12 месеци. Гаранцијата ќе важи од денот на записнички пуштена во работа опрема потпишана од двете договорни страни.
Изработиле:
Апостолоска Иванка
Ковачевски Xxxxxx Xxxxxxxx Xxxxx
Одобрил :
Xxx Xxxxxxxxxx
Прилог 1 – Образец на понуда
[меморандум на понудувачот]
Врз основа на огласот објавен од страна на Оператор на електропреносниот систем на Република Северна Македонија – Акционерско друштво за пренос на електрична енергија и управување со електроенергетскиот систем, во државна соспственост Скопје, за набавка на Одржување на HW на SCOUT RTU со спроведување на поедноставена отворена постапка, и тендерската документација, ја поднесуваме следнава:
П О Н У Д А
Дел I – Информации за понудувачот
I.1. Име на понудувачот:
I.2. Контакт информации
− Адреса:
− Телефон:
− Факс:
− Е-пошта:
− Лице за контакт:
I.3. Одговорно лице:
I.4. Даночен број:
I.5. Матичен број:
Дел II – Техничка понуда
II.1. Согласни сме да ги понудиме предметните стоки / услуги согласно техничката спецификација од тендерската документација.
II.2. Ги прифаќаме рокот, начинот и местото на испорака / извршување на стоките / услугите утврдени во тендерската документација и моделот на рамковна спогодба.
II.3. Гаранцијата за извршената работа е 12 (дванаесет) месеци. Гаранцијата ќе важи од денот на записнички пуштена во работа опрема.
Дел III – Финансиска понуда
III.1.1. Вкупната цена на нашата понуда , вклучувајќи ги сите трошоци, попусти и увозни царини, без вклучен ДДВ, изнесува денари / евра (со бројки),
(домашниот понудувач цената ја изразува во денари, а странскиот понудувач во евра)
(со букви). (странскиот понудувач цената на понудата ја пишува со букви на англиски јазик)
Вкупниот износ на ДДВ изнесува денари.
III.1.1.1. Детален приказ на вкупната цена на нашата понуда, е даден во следнава Листа на количини и цени:
Ред. број | ОПИС | Количина | Един мера | Един цена без ДДВ | Вк. цена без ДДВ | ДДВ |
1. | Испорака на нов XXXX RTU или еквивалентен систем дефиниран како во табела 1. точка 1.1. – 1.10. со негова инсталација и пуштање во работа | Парче | 2 | |||
2. | Замена, инсталација, конфигурирање, тестирање и пуштање во работа на хардверски уред или елемент од системот , дефиниран како во Табела 2. (резервни делови во сопственост на АД МЕПСО), точка 2.1. | Парче | 2 | |||
3. | Замена, инсталација, конфигурирање, тестирање и пуштање во работа на хардверски уред или елемент од системот , дефиниран како во Табела 2. (резервни делови во сопственост на АД МЕПСО), точка 2.2. | Парче | 2 | |||
4. | Замена, инсталација, конфигурирање, тестирање и пуштање во работа на хардверски уред или елемент од системот , дефиниран како во Табела 2. (резервни делови во сопственост на АД МЕПСО), точка 2.3. | Парче | 2 | |||
5. | Замена, инсталација, конфигурирање, тестирање и пуштање во работа на хардверски уред или елемент од системот , дефиниран како во Табела 2. (резервни делови во сопственост на АД МЕПСО), точка 2.4. | Парче | 2 | |||
6. | Замена, инсталација, конфигурирање, тестирање и пуштање во работа на хардверски уред или елемент од системот , дефиниран како во Табела 2. (резервни делови во сопственост на АД МЕПСО), точка 2.5. | Парче | 2 | |||
7. | Замена, инсталација, конфигурирање, тестирање и пуштање во работа на хардверски уред или елемент од системот , дефиниран како во Табела 2. (резервни делови во сопственост на АД МЕПСО), точка 2.6. | Парче | 2 | |||
8. | Замена, инсталација, конфигурирање, тестирање и пуштање во работа на хардверски уред или елемент од системот , дефиниран како во Табела 2. (резервни делови во сопственост на АД МЕПСО), точка 2.7. | Парче | 2 | |||
9. | Замена, инсталација, конфигурирање, тестирање и пуштање во работа на хардверски уред или елемент од системот , дефиниран како во Табела 2. (резервни делови во сопственост на АД МЕПСО), точка 2.8. | Парче | 1 | |||
10. | Замена, инсталација, конфигурирање, тестирање и пуштање во работа на хардверски уред или елемент од системот , дефиниран како во Табела 2. (резервни делови во сопственост на АД МЕПСО), точка 2.9. | Парче | 1 | |||
Вкупно : | / | / | / |
III.2. Нашата понуда важи за периодот утврден во тендерската документација. Се согласуваме со начинот и рокот на плаќање утврден во тендерската документација и моделот на рамковна спогодба.
III.3. Со поднесување на оваа понуда, во целост ги прифаќаме условите предвидени во тендерската документација.
III.4. Со поднесување на оваа понуда, во целост ги прифаќаме одредбите дадени во моделот на рамковна спогодба за јавна набавка.
Место и датум | Одговорно лице* (потпис) |
*Образецот на понудата може да биде потпишан и од лице овластено од одговорното лице
Прилог 2 – Изјава за сериозност на понудата
И З Ј А В А
Јас, долупотпишаниот [име и презиме на
одговорното лице]* врз основа на член 101 став 4 од Законот за јавните набавки, а во својство на одговорно лице на понудувачот изјавувам дека нема да ги
преземам дејствијата од став 6 на член 101 од Законот за јавните набавки во постапката која се спроведува по огласот за доделување на рамковна спогодба за јавна набавка број за набавка на Одржување на HW на SCOUT RTU. објавен од страна на Оператор на електропреносниот систем на Република Северна Македонија – Акционерско друштво за пренос на електрична енергија и управување со електроенергетскиот систем, во државна соспственост Скопје и дека понудата е правно обврзувачка за нас во сите нејзини делови до истекот на периодот на нејзината важност.
Исто така, изјавувам дека сум целосно свесен со последиците од прекршување на оваа изјава, што ќе доведе до издавање на негативна референца од страна на договорниот орган против понудувачот во чие име и за чија сметка сум овластен да ја дадам оваа изјава согласно со член 101 став 7 од Законот за јавните набавки.
Место и датум | Одговорно лице** (потпис) |
*Xxxxxxxx ја дава одговорното лице на понудувачот [се наведува полното име и презиме на одговорното лице].
**Изјавата се потпишува електронски со прикачување на валиден дигитален сертификат чиј носител е одговорното лице или лице овластено од него.
Прилог 3 – МОДЕЛ НА РАМКОВНА СПОГОДБА ЗА ЈАВНА НАБАВКА *
Склучен во Скопје во 2019 година, помеѓу
Договорни страни:
1. Оператор на електропреносниот систем на Република Северна Македонија – Акционерско друштво за пренос на електрична енергија и управување со електроенергетскиот систем, во државна соспственост Скопје, ул. Максим Горки бр.4 Скопје, со ЕМБС 5933781 застапувано од генералниот директор м-р Xxx Xxxxxxx, како набавувач, во понатамошниот текст Договорен орган, од една страна и
2. , ул. , со ЕМБС
, застапувано од одговорното лице , како добавувач, во понатамошниот текст Носител на набавката, од друга страна.
Предмет на спогодбата
Член 1
Предмет на оваа спогодба е набавка на стоки - одржување на HW на SCOUT RTU, во согласност со тендерската документација, техничките спецификации и понудата на Носителот на набавката по спроведена постапка за јавната набавка на Договорниот орган со број на оглас 00/2019.
Основ на спогодбата
Член 2
Основ на оваа спогодба е спроведена постапка за јавната набавка на Договорниот орган со број на оглас 00/2019.
Понудата на Носителот на набавка, тендерската документација и техничките спецификации по спроведена постапка за јавната набавка на Договорниот орган со број на оглас 00/2019 се составен дел на оваа спогодба.
Носителот на набавката е врзан за понудата и истата е во важност за целото времетраење на оваа спогодба.
Количини и единечни цени
Член 3
Количините и цените на стоката/услугата предмет на оваа спогодба, во денари/евра, се:
Ред. број | ОПИС | Количина | Един мера | Един цена без ДДВ | Вк. цена без ДДВ | ДДВ |
1. | Испорака на нов XXXX RTU или еквивалентен систем дефиниран како во табела 1. точка 1.1. – 1.10. со негова инсталација и пуштање во работа | Парче | 2 | |||
2. | Замена, инсталација, конфигурирање, тестирање и пуштање во работа на хардверски уред или елемент од системот , дефиниран како во Табела 2. (резервни делови во сопственост на АД МЕПСО), точка 2.1. | Парче | 2 | |||
3. | Замена, инсталација, конфигурирање, тестирање и пуштање во работа на хардверски уред или елемент од системот , дефиниран како во Табела 2. (резервни делови во сопственост на АД МЕПСО), точка 2.2. | Парче | 2 | |||
4. | Замена, инсталација, конфигурирање, тестирање и пуштање во работа на хардверски уред или елемент од системот , дефиниран како во Табела 2. (резервни делови во сопственост на АД МЕПСО), точка 2.3. | Парче | 2 |
5. | Замена, инсталација, конфигурирање, тестирање и пуштање во работа на хардверски уред или елемент од системот , дефиниран како во Табела 2. (резервни делови во сопственост на АД МЕПСО), точка 2.4. | Парче | 2 | |||
6. | Замена, инсталација, конфигурирање, тестирање и пуштање во работа на хардверски уред или елемент од системот , дефиниран како во Табела 2. (резервни делови во сопственост на АД МЕПСО), точка 2.5. | Парче | 2 | |||
7. | Замена, инсталација, конфигурирање, тестирање и пуштање во работа на хардверски уред или елемент од системот , дефиниран како во Табела 2. (резервни делови во сопственост на АД МЕПСО), точка 2.6. | Парче | 2 | |||
8. | Замена, инсталација, конфигурирање, тестирање и пуштање во работа на хардверски уред или елемент од системот , дефиниран како во Табела 2. (резервни делови во сопственост на АД МЕПСО), точка 2.7. | Парче | 2 | |||
9. | Замена, инсталација, конфигурирање, тестирање и пуштање во работа на хардверски уред или елемент од системот , дефиниран како во Табела 2. (резервни делови во сопственост на АД МЕПСО), точка 2.8. | Парче | 1 | |||
10. | Замена, инсталација, конфигурирање, тестирање и пуштање во работа на хардверски уред или елемент од системот , дефиниран како во Табела 2. (резервни делови во сопственост на АД МЕПСО), точка 2.9. | Парче | 1 | |||
Вкупно : | / | / | / |
Единечните цени од став 1 на овој член се фиксни за целото времетраење на оваа спогодба и не подлежат на измени до крајот на неговото исполнување.
Во цената се вклучени сите трошоци.
Количините од спогодбата се рамковни количини и Договорниот орган нема обврска сите и во целост да ги исполни и реализира.
Вредноста на единечните цени се пресметани со соодветно намалување кое е еднакво на процентот на намалување на цената на првичната понуда (пред електронската аукција) и цената на последната понуда (по завршување на електронската аукција), во висина од 0,00%.
Вредност на спогодбата
Член 4
Вкупната вредност на оваа спогодба изнесува:
- вкупно без ДДВ 000.000,00 денари/евра
- ДДВ 18% 00.000,00 денари/евра Вкупно со ДДВ 000.000,00 денари/евра
Со зборови денари, со вклучен ДДВ.
Вкупната вредност на оваа спогодба е максимална и Договорниот орган не е во обврска истата во целост да ја исполни
Времетраење на спогодбата
Член 5
Оваа спогодба се склучува за временски период од 12 месеци, сметано од денот на нејзиното потпишување од двете договорни страни или до нејзиното вредносно исполнување, во зависност од тоа што попрво ќе истече или ќе се исполни.
.
Права и обврски на договорните страни
Член 6
Правата и обврските на договорните страни кои произлегуваат од оваа спогодба стапуваат во сила од денот на потпишувањето на спогодбата од двете договорни страни.
Двете страни се должни да ги извршуваат своите обврски и се одговорни за нивно исполнување.
Носителот на набавката е должен при извршувањето на обврската да постапува со внимание на добар стопанственик и со внимание на добар стручњак.
Носителот на набавката се обврзува предметот на оваа спогодба да го испорача и извршува навремено и квалитетно, како и целосно да ги реализира едиечните договори доделени врз основа на оваа спогодба. во се во согласност со техничките спецификации по оваа јавна набавка.
Двете страни се должни да се воздржуваат од постапките со кои можат на другата страна да и предизвикаат штета.
Начин на реализација на спогодбата
Член 7
Оваа спогодба ќе се реализира сукцесивно, спрема потребите на Договорниот орган од овој вид на стоки/услуги, со доделување на единечни договори за јавна набавка, без повторно прибирање на понуди од Носителот на набавка, кој ќе биде страна на рамковната спогодба и со утврдени сите услови што остануваат непроменети за целото времетраење на спогодбата.
Единечните договори се сметаат за склучени со давање на писмена нарачка од Договорниот орган на Носителот на набавката, испратена по e-mail или по пошта од овластени лица на Договорниот орган.
Со потпишувањето на рамковната спогодба од двете договорни страни, Носителот на набавката потврдува дека без приговор ги прифаќа за реализација сите единични договори за јавна набавка доделени од Договорниот орган по оваа Рамковна спогодба.
Начин и рок на извршување на услугата
Член 8
Носителот на набавката е должен стоката/услугите предмет на спогодбата да ја/ги испорача/извршува на начин и под услови како што е дефинирано во техничките спецификации.
Носителот на набавката е должен стоката предмет на поединечните договори/ нарачки кои произлегуваат од спогодбата, да ја испорача во следните рокови:
- стоката, нов XXXX RTU или еквивалентен систем (реден број 1 од Листа на количини и цени од Образецот на понуда), да ја испорача во рок од 120 дена од денот на добивање на писмена нарачка, испратена по e-mail или по пошта од овластени лица на Договорниот орган, на паритет ДДП (според ИНКОТЕРМС 2010) во Централниот магацин на Договорниот орган во ТС Скопје 1/5, ул. Крале Марко 142, с.Бутел, Скопје, со документ испратница,
- Услугите на замена, инсталација, конфигурирање, тестирање и пуштање во работа на неисправен хардверски уред/елемент, (реден број од 1 до 10 од Листа на количини и цени од Образецот на понуда), да ги извршува во рок од 60 дена од денот на добивање на писмена нарачка, испратена по e-mail или по пошта од овластени лица на Договорниот орган, во следните Трафостаници на Договорниот орган: ТС Битола 2 400/110 кV; ТС Битола 4 110/x кV;ТС Валандово 110/x kV; ТС Велес 2 110/x kV; ТС Г. Петров 110/x kV; ТС Кичево 110/x kV; ТС М. Каменица 110/x kV; ТС О. Поле 110/x kV; ТС Осломеј 110/x kV; ТС Охрид 1 110/x kV; ТС Охрид 2 110/x kV; ТС Полог 110/x kV и ТС ТЕ-ТО 110/x kV.
Поединечните договори/нарачки ќе се сметаат за извршени со изготвување на записник за реализирана поединечна нарачка кој треба да биде потпишан од овластените лица на двете договорни страни.
Договорниот орган ги овластува и задолжува лицата --------------------и да ја следат
реализацијата на оваа спогодба.
Гарантен рок
Член 9
Носителот на набавка е должен да обезбеди гаранција за извршената работа во времетраење од 12 месеци, сметано од денот на записнички пуштена во работа опрема потпишана од двете договорни страни.
Начин и рок на плаќање
Член 10
Договорниот орган плаќањето по поединечните договори/нарачки од рамковната спогодба го врши вирмански или со дознака (важи за странски понудувач) по испорака/ извршување на предметот на поединечниот договор/нарачка, во рок од 30 (триесет) дена од денот на приемот на фактурата во архивата на Договорниот орган, придружена со примерок од испратница и записник за реализирана поединечна нарачка (за стоките) или придружена со записник за реализирана поединечна нарачка (за услугите) потпишан од овластените лица на двете договорни страни.
Носителот на набавката фактурата, поткрепена со Записник за реализирана поединечна нарачка, ја доставува до Договорниот орган на следната адреса: АД МЕПСО, ул. Максим Горки бр.4, 1000 Скопје, Сектор за финансиски работи, Оддел за комерцијални работи, со назначување на бројот и датумот на спогодбата и единечниот договор, како и количини и единечни и вкупни цени, со посебно искажан ДДВ.
Договорниот орган го задржува правото да поднесе рекламација на пресметката на фактурата во рок од 8 дена, сметано од денот на приемот на фактурата.
Виша сила
Член 11
Ниту една од договорните страни нема да биде одговорна за неисполнување на оваа спогодба до кое би дошло заради Виша сила.
Ако една од договорните страни е спречена во исполнувањето на своите обврски од оваа спогодба заради виша сила, должна е во рок од 24 часа писмено да ја извести другата страна, со наведување на причините за вишата сила и по можност обезбедување на соодветен доказ.
По отстранување на вишата сила спогодбата може да се реализира по потреба со заеднички прифатено дополнување или да се раскине договорно.
Раскинување и санкции за прекршување на спогодбата
Член 12
Кога една од договорните страни нема да ја исполни својата обврска другата договорна страна може да бара исполнување на обврската или да ја раскине спогодбата без отказен рок.
Договорната страна која поради неисполнување на договорните обврски бара продолжување на исполнување на обврската или раскинување на спогодбата, должна е тоа да и го соопшти на другата договорна страна без одлагање, по писмен пат.
Кога Xxxxxxxxx на набавката ќе задоцни со исполнување на својата обврска по единечениот договор, ќе му ја плати на Договорниот орган евентуалната разлика во цена ако се појави со воведување на друг економски оператор во реализацијата на единичниот договор.
Во услови кога Xxxxxxxxx на набавката повторно ќе задоцни со исполнување на својата обврска по единечен договор, ќе му ја плати на Договорниот орган евентуалната разлика во цена ако се појави со воведување на друг економски оператор во реализацијата на единичниот договор како и договорна казна во висина од 5% од вкупната вредност на единечниот договор, без ДДВ.
При наредно задоцнување на исполнување на обврска по единечен договор или неисполнување на било која друга обврска по оваа спогодба по вина на Носителот на набавката, Договорниот орган ја раскинува Рамковната спогодба и наплаќа договорна казна во висина од 5% од вкупната вредност на спогодбата без ДДВ.
Договорниот орган го задржува правото да бара и надомест на штета што би ја претрпел поради тоа, согласно Законот за облигациони односи.
Закон во сила и спорови
Член 13
За се што не е регулирано со оваа спогодба ќе се применуваат одредбите од законот за облигационите односи и другите позитивни законски прописи во Р. Македонија.
Член 14
Двете страни се согласни сите евентуалните спорови и недоразбирања кои би произлегле од оваа спогодба, да ги решаваат во духот на добрите деловни обичаи со меѓусебно договарање.
Доколку тоа не е можно, спорот ќе го решава стварно и месно надлежниот суд во Скопје.
Завршни одредби
Член 15
Составен дел на оваа спогодба се следнитe прилози, и тоа:
- тендерската документација,
- техничките спецификации x
- понудата на Носителот на набавката.
За сите права, обврски и одговорности кои произлегуваат за договорните страни, а кои не се наведени во спогодбата, соодветно ќе се применуваат одредбите содржани во прилозите (наведени во став 1 на овој член) кои се составен и интегрален дел на оваа спогодба.
Член 16
Измени и дополнувања на спогодбата може да се вршат со заедничка согласност на двете договорни страни по писмен пат.
Спогодбата може да се менува со Xxxxx само во согласност со одредбите на Законот за облигационите односи, Законот за јавните набавки и тендерската документација.
Член 17
Ниту една страна нема право своите обврски да ги пренесе на трета страна, без взаемна писмена согласност.
Член 18
Оваа спогодба е склучена во 6 (шест) истоветни примероци, од кои по 4 (четири) за Договорниот орган и 2 (два) за Носителот на набавката.
ДОГОВОРЕН ОРГАН НОСИТЕЛ НА НАБАВКАТА АД МЕПСО
Генерален директор Управител
м-р Xxx Xxxxxxx ------------------------------
* Моделот на договор за јавна набавка задолжително треба да се достави потпишан електронски заедно со понудата