за обезбедување на услуги за превод на документи СПОРЕД ДОГОВОР ЗА ГРАНТ IPA/2017/391-843
Постапувајќи согласно со одредбите на склучениот Договор помеѓу Европската Унија, претставувана од Делегацијата на Европска Унија во Скопје и Македонско здружение за заштита при работа (МЗЗПР), со број на договор IPA/2017/391-843 , финансиран преку повикот EuropeAid/ 155322/DD/ACT/MK
Македонско здружение за заштита при работа (МЗЗПР) објавува ПОВИК ЗА ПРИБИРАЊЕ НА ПОНУДИ
за обезбедување на услуги за превод на документи СПОРЕД ДОГОВОР ЗА ГРАНТ IPA/2017/391-843
Буџетска линија 5.5
Почитувани,
Македонско здружение за заштита при работа во рамките на проектот “Подобрување на вклученоста и влијанието на граѓанското општество во јавните политики за безбедност и здравје при работа и при донесувањето одлуки како подршка на државата во процесите на пристапување кон ЕУ” Ве поканува да учествувате во постапка за обезбедување на улуги за превод на документи. Целосната документација е приложена кон ова писмо и содржи:
A. Упатства за понудувачи и барања
B. Aнекси:
❑ Барање за понуда и опис на работни задачи (Анекс 1)
❑ Образец на понуда ( Техничка и Финансиска понуда )
❑ Кратка биографија
Со почит,
МЗЗПР проект – “Подобрување на вклученоста и влијанието на граѓанското општество во јавните политики за безбедност и здравје при работа и при донесувањето одлуки како подршка на државата во процесите на пристапување кон ЕУ”
Скопје,
15.08.2018 година
Проектот е финансиран од Eвропската унија
УПАТСТВА ЗА ПОНУДУВАЧИТЕ
1. Услуги што треба да се обезбедат
Услугите што ги бара Нарачателот се опишани во Описот на разботни задачи (Анекс 2).
2. Предмет на договорт за набавка
Предмет на договорот за набавка е обезбедување на услуги за превод на документи. Детален опис на предметот на договорот е даден во техничките спецификации во прилог на оваа документација.
3. Содржина на понудите
Понудите, целата кореспонденција и документите поврзани со постапката кои ги разменуваат понудувачот и Xxxxxxxxxxx се пишуваат на македонски јазик со користење на неговото кирилско писмо. Понудата се изготвува во согласност со условите предвидени во електронска форма и печатена форма, со користење на обрасци дадени во прилог.
4. Начин на поднесување на понуди
Понудите мораат да се поднесат најдоцна до 27.08.2018 година до 16 часот на следната адреса: МЗЗПР - проект “Подобрување на вклученоста и влијанието на граѓанското општество во јавните политики за безбедност и здравје при работа и при донесувањето одлуки како подршка на државата во процесите на пристапување кон ЕУ” адреса: Востаничка 2/8 1000 Скопје или на: xxxxxxx.xxx-xxx@xxxxx.xxx.xx
Понудата која е поднесена по истекот на крајниот рок за поднесување на понудите нема да се разгледува.
5. Право на учество
Право да достави понуда има секое заинтересирано домашно правно лице или физичко лице- понудувач.
Елементи на понуда за физички лица:
• Образец понуда (техничка и финансиска понуда)
• Решение за овластен преведувач
• Кратка биографија (CV) со вклучени референци Елементи на понуда за правни лица:
Проектот е финансиран од Eвропската унија
• Образец понуда (техничка и финансиска понуда)
• ДРД образец за регистрирана дејност или тековна состојба
6. Цена на понудата
Цената на понудата се пишува со бројки и букви.
7. Валута на понудите
Цената на понудата се изразува во денари без вклучен данок на додадена вредност .
8. Критериуми за доделување на договор
8.1 Критериуми за доделување на договорот за набавка на услуги е економски најповолна понуда. За носителот на набавка ќе биде избран оној понудувач чија понуда ќе биде оценета како економски најповолна , односно која ќе освои најголем број на бодови како збир на бодовите за секој елемент на критериумот економски најповолна понуда.
8.2 Елементи на критериумот економски најповолна понуда се земаат:
• Цена - 60 бодови
• Квалитет, методологија и план за реализација со детален опис на пристапот и временската рамка- 40 бодови
МЗЗПР го задржува правото да ја прифати или одбие било која апликација. Изборот на кандидати ќе се врши според процедурите на проектот "Подобрување на вклученоста и влијанието на граѓанското општество во јавните политики за безбедност и здравје при работа и при донесувањето одлуки како подршка на државата во процесите на пристапување кон ЕУ".
9. Потпишување на договорот
По завршување на изборот за најповолен понудувач сите понудувачи во постапката ќе бидат известени за одлуката за прифаќање/одбивање на доставената понуда. Известувањето е од информативен карактер и не предизвикува правни последици.
Успешниот понудувач ќе биде информиран за прифаќањето на неговата понуда, најдоцна во рок од 3 дена од донесувањето на одлука за избор на најповолна понуда. Нарачателот го задржува правото да побара дополнителни документи од понудувачот. Најуспешниот понудувач ќе биде поканет да склучи договор за извршување на услугите.
Проектот е финансиран од Eвропската унија
АНЕКС II: ОПИС НА УСЛУГИ
Специфични активности
За потребите на проектот “Подобрување на вклученоста и влијанието на граѓанското општество во јавните политики за безбедност и здравје при работа и при донесувањето одлуки како подршка на државата во процесите на пристапување кон ЕУ” неопходна е подршка од страна на еден (1) преведувач од македонски јазик на албански и англиски јазик.
Активности:
- Преведувачот ќе биде потребен за:
Опис на бараните услугите по настан | Број на страни |
Превод на материјали од македонски на албански јазик | 100 |
Превод на материјали од македонски на англиски јазик | 200 |
Датум на започнување и Период на имплементација на задачите
Период на имлементација е од 01.09.2018-15.06.2020 по достаевно барање од страна на нарачателот. Услугите треба да бидат извршени во рок од 15 дена од денот на доставениот материјал за превод и прифаќање на порачката од страна на извршителот.
Цена
Финансиската понуда треба да биде пресметана согласно горенаведените барања и спецификации. Понудата треба да биде изразена во МКД и без вкалкулиран ДДВ или персонален данок.