договорните услови на кредитните изложености кај банките и штедилниците (Службен весник на Република Северна Македонија бр.80 од 27.03.2020 година), со цел ублажување на последиците од пандемијата на COVID-19, Капитал Банка АД Скопје на ден 03.04.2020...
Понуда на Капитал Банка АД Скопје – за промена на договорните услови за кредитни производи предизвикани од корона кризата
Во услови на пандемија од невидени размери, Капитал Банка АД Скопје им пристапува на своите клиенти, а со тоа и на севкупната економија, со понуда која помага да се надминат негативните финансиски ефекти од корона-кризата.
Врз основа на Одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за методологијата за
управување со кредитниот ризик на НБРСМ („Службен весник на Република Северна Македонија бр.76/20 од 24.03.2020 година) и Уредбата со законска сила за начинот на промената на
договорните услови на кредитните изложености кај банките и штедилниците (Службен весник на Република Северна Македонија бр.80 од 27.03.2020 година), со цел ублажување на последиците од пандемијата на COVID-19, Капитал Банка АД Скопје на ден 03.04.2020 година, ја објавува
следната
ЈАВНА ПОНУДА - за промена на договорните услови за кредитните производи на физички лица
Понудата се однесува на сите физички лица - клиенти на Банката, кои имаат кредити, кредитни картички и/или дозволени пречекорувања кои на 29.02.2020 година се класифицирани во А, Б или В категорија на ризик (редовен статус), и немаат статус на нефункционална кредитна изложеност.
Понудата е во важност од 10 (десет) дена од денот на нејзино објавување и е со овие карактеристики:
I. Понуда за КРЕДИТИ
1. Потрошувачки ненаменски кредити
- се воведува грејс период на отплата на главница од 6 (шест) месеци, со обврски за плаќање само на редовна камата и други побарувања (без редовна главница).
- одложената главницата ќе биде распределена во преостанатиот договорен рок, по истекот на грејс периодот.
- за време на грејс периодот, правното дејство на променетите услови од договорите за кредитна изложеност има важност на целокупната договорна пропратна документација
- за време на грејс периодот имате право самостојно да вршите уплата и на поголем износ од редовната камата и други побарувања, а со истите Банката ќе постапува на следниот начин:
a. Сите уплати на кредитната партија извршени во грејс периодот, за кредитна партија која нема доспеани обврски, ќе се евидентираат како примени аванси во тек на грејс периодот. По истекот
на грејс периодот ќе се евидентираат како уплата за намалување на недоспеана главница и без доставување писмено барање од страна на корисникот на кредитот ќе се направи намалување на кредитното побарување.
б. Сите уплати на кредитната партија извршени во грејс периодот, за кредитна партија која има доспеани обврски, ќе се евидентираат за затворање на доспеаните обврски по редослед и во рок предвиден во Договорот за кредит.
- по евидентирање на сите промени на кредитното салдо по истекот на грејс периодот Банката ќе изготви нов амортизационен план на отплата на кредитот и ќе продолжи редовното достасување на ануитети по кредитот. Банката ќе го извести корисникот на кредитот за новиот износ на ануитетот на начин предвиден во Договорот за кредит.
- доколку корисникот на кредитот, во текот на грејс периодот изврши целосна отплата на кредитот, се применуваат одредбите предвидени во Договорот за кредит.
Правното дејство на изменетите услови од договорот за кредит има важност и на целокупната договорна пропратна документација (амортизациони планови, трајни налози и друга
документација), сите нотарски исправи и обезбедувања (договори за залог владетелски -
невладетелски, меници, гаранции, договори за пристапување кон долг, и останати договори за какво било друго обезбедување), и тоа без склучување нови договори/анекси кон постоечките договори, нотарски исправи и останати инструменти на обезбедување, како и без да се врши
промена на веќе запишаните податоци во јавните книги и регистри.
Понудата е неделива и важи само со кумулативно исполнување и прифаќање на сите погоре наведени услови за секој поединечен Договор за кредит.
Сите останати договорни одредби од постоечкиот договор, кои не се опфатени во оваа понуда, остануваат во важност за цело времетраење на Договорот.
За договорите за кредит за кои не е предвидено плаќање на камата, односно каматната стапка е 0, не се воведува грејс период и истите продолжуваат согласно договорните одредби во постоечките договори.
2. Станбени и хипотекарни кредити
- се воведува грејс период на отплата на главница од 6 (шест) месеци, со обврски за плаќање само на редовна камата и други побарувања (без редовна главница).
- крајниот рок на отплата на кредитот се продолжува за 6 (шест) месеци.
- одложената главницата ќе биде распределена во преостанатиот рок (продолжен за 6 месеци) по истекот на грејс периодот.
- за време на грејс периодот имате право самостојно да вршите уплата и на поголем износ од редовната камата и други побарувања, а со истите Банката ќе постапува на следниот начин:
a. Сите уплати на кредитната партија извршени во грејс периодот, за кредитна партија која нема доспеани обврски, ќе се евидентираат како примени аванси во тек на грејс периодот. По истекот на грејс периодот ќе се евидентираат како уплата за намалување на недоспеана главница и без
доставување писмено барање од страна на корисникот на кредитот ќе се направи намалување на кредитното побарување.
б. Сите уплати на кредитната партија извршени во грејс периодот, за кредитна партија која има доспеани обврски, ќе се евидентираат за затворање на доспеаните обврски по редослед и во рок предвиден во Договорот за кредит.
- по евидентирање на сите промени на кредитното салдо по истекот на грејс периодот Банката ќе изготви нов амортизационен план на отплата на кредитот и ќе продолжи редовното достасување на ануитети по кредитот. Банката ќе го извести корисникот на кредитот за новиот износ на ануитетот на начин предвиден во Договорот за кредит.
- доколку корисникот на кредитот, во текот на грејс периодот изврши целосна отплата на кредитот, се применуваат одредбите предвидени во Договорот за кредит.
Правното дејство на изменетите услови од договорот за кредит има важност и на целокупната договорна пропратна документација (амортизациони планови, трајни налози и друга
документација), сите нотарски исправи и обезбедувања (договори за залог владетелски -
невладетелски, меници, гаранции, договори за пристапување кон долг, и останати договори за какво било друго обезбедување), и тоа без склучување нови договори/анекси кон постоечките договори, нотарски исправи и останати инструменти на обезбедување, како и без да се врши
промена на веќе запишаните податоци во јавните книги и регистри.
Понудата е неделива и важи само со кумулативно исполнување и прифаќање на сите погоре наведени услови за секој поединечен Договор за кредит.
Сите останати договорни одредби од постоечкиот договор, кои не се опфатени во оваа понуда, остануваат во важност за цело времетраење на Договорот.
II. Понуда за КРЕДИТНИ КАРТИЧКИ
- се воведува грејс период од 6 (шест) месеци во кој ќе се врши пресметка и задолжување на
наплатата само на каматата на искористениот дел од кредитниот лимит, односно минимумот за плаќање ќе биде само пресметаната камата на искористениот дел од кредитниот лимит.
- висина на кредитниот лимит нема да се намалува до истекот на греј периодот.
- по истекот на грејс периодот како основа за пресметката на минимален износ за плаќање предвиден во Договорот за кредитна картичка, со состојба затекната на тој ден.
- за време на грејс периодот имате право самостојно да вршите уплати на кредитната картичка. Сите уплати на сметката на кредитната картичка извршени во грејс периодот, ќе се евидентираат како приливи на сметката и ќе бидат на располагање на корисникот за користење со картичката.
Правното дејство на изменетите услови од договорот за користење кредитна картичка има важност без склучување нов договор/анекс кон постоечкиот договор.
Понудата е неделива и важи само со кумулативно исполнување и прифаќање на сите погоре наведени услови за секој поединечен Договор за кредитна картичка.
Сите останати договорни одредби од постоечкиот договор, кои не се опфатени во оваа понуда, остануваат во важност за цело времетраење на Договорот.
III. Понуда за ДОЗВОЛЕНО ПРЕЧЕКОРУВАЊЕ НА ТРАНСАКЦИСКА СМЕТКА
- се продолжува рокот на користење на дозволеното пречекорување до 30.09.2020 година на сите лимити на дозволени пречекорувања кои на 29.02.2020 се класифицирани во А, Б и В редовна категорија на ризик.
- Банката ќе пресметува и наплатува камата согласно одредбите предвидени во Договорот со кој е регулирано дозволено пречекорување. Доколку на сметката не стасува редовен месечен прилив
за износот на пресметана и наплатена камата и редовни месечни надоместоци, Банката ќе го
зголеми износот на дозволеното пречекорување и сметката нема да има третман на недозволен минус.
- износот на дозволеното пречекорување нема да се намалува до 30.09.2020 година, без оглед дали на сметката стасува редовен месечен прилив.
- по 30.09.2020 година, ќе се применуваат редовните одредби предвидени во Договорот со кој е регулирано дозволеното пречекорување.
Правното дејство на изменетите услови од договорот за дозволено пречекорување на
трансакциска сметка има важност без склучување нов договор/анекс кон постоечкиот договор.
Понудата е неделива и важи само со кумулативно исполнување и прифаќање на сите погоре
наведени услови за секој поединечен договор со кој е регулирано дозволеното пречекорување.
Сите останати договорни одредби од постоечкиот договор, кои не се опфатени во оваа понуда, остануваат во важност за цело времетраење на Договорот.
ДОГОВОРНИ УСЛОВИ ЗА СИТЕ ТИПОВИ ПРОИЗВОДИ и ТЕХНИЧКИ ПОЈАСНУВАЊА НА ПОНУДАТА
Со објавувањето на оваа Понуда на веб-страницата на Xxxxxxx, се смета дека Понудата е
доставена до сите физички лица корисници на кредитни производи, солидарните должници и заложните должници, на денот на објавувањето.
Сите физички лица корисници на кредитни производи, солидарните должници и заложните должници, кои ги исполнуваат условите на оваа Понуда, а кои сакаат да продолжат со редовна отплата на истите без промена на договорните услови, во рок од 10 (десет) дена од објавата на оваа Понуда, односно најдоцна до 13.04.2020 година, до 16:00 часот, имаат право да ја ОДБИЈАТ Понудата со известување до Банката по електронски или писмен пат, а во спротивно ќе се смета дека Понудата е прифатена. Доколку физичкото лице има повеќе кредитни производи и/или
партии во Банката, има право поединечно да одлучи да ја одбие Понудата за секој производ
и/или партија и потребно е да го наведе секој поединечен производ и партија за која ја одбива Понудата.
Доколку физичкото лице одлучи по истекот на рокот за изјаснување да го промени свето мислење и направи избор да ја одбие понудата и изрази подготвеност да продолжи со редовна отплата на кредитот, Xxxxxxx ќе излезе во пресрет на клиентите при што условите ќе бидат дополнително
определени..
Воедно Ви укажуваме дека Капитал Банка АД Скопје со голема внимателност ќе го следи развојот на настаните, заради соодветно приспособување на работата и соодветна и навремена реакција, па доколку околностите се изменат Ве уверуваме дека Банката ќе ги преземе сите активности, и ќе овозможи дополнителни олеснувања и навремено ќе Ве извести.
Физичките лица коишто нема да ја одбијат Понудата на Банката до 13.04.2020 година, се смета дека ја прифатиле Понудата, со што сите услови од оваа Понуда стануваат договорни одреби кои се составен дел на склучените договори со физичките лица корисници на кредитни производи,
солидарните должници и заложните должници.
Променетите услови од Договорите за кредити, Договорите за кредитни картички и Договорите за дозволено пречекорување, како и сите нотарски исправи и обезбедувања (договори за залог владетелски - невладетелски, меници, гаранции, договори за пристапување кон долг, и останати договори за какво било друго обезбедување) спрема физичките лица корисници на кредитни
производи, солидарните должници и заложните должници, произведуваат правно дејство по истекот на рокот од 10 (десет) дена од објавата на оваа Понуда, без склучување нови договори и/или анекси кон постоечките договори, нотарски исправи и останати инструменти на
обезбедување, како и без да се врши промена на веќе запишаните податоци во јавните книги и регистри.
Физичките лица кои ја ПРИФАЌААТ Понудата НЕ ИСПРАЌААТ никакво известување до Банката и договорните услови се сметаат за променети согласно оваа Понуда на 13.04.2020 година.
Известување испраќаат исклучиво клиентите кои ја ОДБИВААТ Понудата, и тоа само преку ЕДЕН од понудените начини за известување наведени во продолжение:
- по електронски пат на e-mail адреса xxxxxxxxxx00@xxxxxxxxxxx.xxx.xx , најдоцна до 13.04.2020 г. или
- со писмено известување на адреса ул.Xxxxxx Xxxxxx бр.1, Скопје
Во дописот за известување (електронски или документарен) задолжително да ја стават назнака “Одбивање на Xxxxx понуда“ од 03.04.2020 година и да ги наведат следниве податоци:
- Име и презиме
- ЕМБГ
- Кредитна партија (број на договор) за производот за кој понудата се одбива (број на сите поединечни кредитни партии ако се повеќе)
- Изјава за согласност дека за наведените кредитни партии/производи, клиентот е согласен да продолжи со договорената динамика на плаќање
- Број на трансакциска сметка каде има одобрено дозволено пречекорување
- Последните 6 цифри од бројот на кредитната картичка
ЗНАЧАЈНА НАПОМЕНА: Oвие мерки се од големо значење и се однесуваат на клиентите кои
најсилно ги чувствуваат ефектите од кризата. Оттука, Xxxxxxx апелира клиентите кои ќе продолжат да бидат во можност да ги отплаќаат своите месечни обврски, така и да постапат. Со тоа всушност помагаат, економските мерки од сите банки и од државата да имаат ефект за погодените субјекти, и дотолку повеќе, помагаат за побрзо опоравување на економијата по кризата.
ПРАВНИ ЛИЦА
Промената на договорните услови за сервисирање на кредитните изложености на корпоративните клиенти Банката олеснувања во сервисирањето на обврските ќе го врши по поединечни барања од клиентите и соодветни понуди кои ќе бидат усогласени со секое правно лице поединечно, во
зависност од природата и потребата
Можностите за правните лица вклучуваат соодветно прилагодување или одложување на отплатата на кредитите, можности за рефинансирање, како и понуда на кредитна поддршка за ликвидносни потреби.
Ве молиме да ни се обратите по електронски пат на следниот маил во рок не подолг од 10 календарски денови заклучно 13.04.2020 на е-маил: xxxxxxxxxxxx@xxxxxxxxxxx.xxx.xx , или пак во писмена форма на адресата на Банката: Ул.Xxxxxx Xxxxxx бр.1, 1000 Скопје со назнака за Сектор Правни лица.
Доставениот маил или допис ќе претставува основ за Банката да изврши анализа на потребата од користење нови договорни услови и врз основ на истата ќе Ви достави соодветна понуда за
олеснување .
Понудата, Капитал банка АД Скопје ја подготви во склад со Уредбата со законска сила за начинот на промена на договорни услови на кредитни изложености кај банките и штедилниците (Службен весник на РСМ бр. 80/20 од 30.03.2020г.) и Одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за методологијата за управување со кредитниот ризик на НБРСМ (Службен весник на РСМ
бр.76/20 од 24.03.2020г.).
Со почит,
Капитал Банка АД – Скопје