за издавање и користење на Master Card® Business кредитна картичка
ОПШТИ ПРАВИЛА И УСЛОВИ
за издавање и користење на Master Card® Business кредитна картичка
I. Дефиниции
- Банка - Шпаркасе Банка АД Скопје со седиште во Скопје, ул. „Орце Николов“ бр.54, со матичен број 4558669;
- Картичка – Master Card® Business кредитна картичка, која Банката ја издава на Корисникот на картичката врз основа на поднесено барање од Барателот правно лице;
- Барател - правно лице со отворена трансакциска сметка во Банката, застапувано од законски застапник, кое поднесува барање за издавање и користење на Master Card Business картичка;
- Корисник на картичка - физичко лице, вработен кај Барателот правно лице, на кое Банката му издадава Business кредитна картичка која гласи на правното лице со име и презиме на корисникот втиснато на картичката, на Барање на законскиот застапник на Барателот правно лице;
- Договор – Договор за издавање и користење на Business кредитна картичка;
- Трансакциска сметка - денарска сметка на Барателот отворена кај Банката, која се задолжува/одобрува за износот на трансакциите, трошоците, надоместоците и каматите кои настануваат со користењето на картичката во Државата и надвор од Државата;
- Плаќање - уплати на денарската сметка за подмирување на минусното салдо, согласно условите наведени во Договорот;
- Расположив кредитен лимит на картичка - износот на одобрениот кредитен лимит во МКД намален за потрошените износи, резервираните средства за авторизирани, а неискнижени трансакции;
- Дневен лимит - износ на средства, број на трансакции и максимален износ на трансакција кои Корисникот на картичката може да ги користи дневно, во трговија или готовина;
- Трошоци - сите задолжувања за износот на трансакциите, трошоците, членарините, надоместоците и каматите кои настануваат со користењето на картичката;
- Банкомат - електронски уред кој овозможува исплата на пари во готово, но и други услуги, без присуство на вработени од Банката;
- Продажно место - трговец, кој има склучено Договор за продажба на стоки и услуги со наплата преку картички од програмата на Master Card;
- Одобрен кредитен лимит – определен договорен износ во висина на кој корисникот на картичката може да ја користи кредитната картичка за плаќање и подигнување на готовина;
- Искористен кредитен лимит – износот на сите плаќања, подигнувања и други платежни операции со картичката, вклучувајќи ги и надоместоците и провизиите по нив;
- Пресметковен период – периодот за време на кој сите плаќања или подигнувања на готовина, вклучувајќи ги и провизиите за трансакции, се
одразуваат како обврска на корисникот на картичката. Пресметковниот период опфаќа период на искористување на износи до одобрениот кредитен лимит, пресметано од првиот до последниот ден во тековниот календарски месец, со исклучок на првиот период, кој е со рок од датумот на настапување на правото за користење на картичката до последниот ден во месецот;
- Датум на плаќање – краен датум до кој корисникот на картичката е должен да ја исплати целата обврска. За краен датум се смета секој 15- ти во месецот.
Гореспоменатите термини употребени во еднина, можат да се употребат и во множина и во членувана форма, без притоа да го изгубат дефинираното значење.
II. Издавање на Business кредитна картичка
II.1 Картичката со одобрен кредитен лимит се издава врз основа на поднесено барање за издавање и користење на business кредитна картичка и склучен Договор и во согласност со интерните правила, процедури и упатства на Банката. Банката го разгледува барањето и доколку одлуката е позитивна, одобрува определен кредитен лимит и ја издава картичката на Корисникот на картичка. Во спротивно Банката нема обврска за образложение на донесената одлука.
Барателот на картичка се обврзува да ги плаќа каматата, надоместоците и провизиите што ги должи и да ги враќа искористените износи по кредитниот лимит во договорениот рок.
II.2 Картичката се издава на правни лица, резиденти и нерезиденти клиенти на Банката.
II.3 Барателот на картичка мора да има отворено трансакциска сметка во Банката.
II.4 Управителот на правното лице, Xxxxxxx на картичка има право да ополномошти други лица кои се вработени кај Барателот на картичка и врз основа на тоа, Xxxxxxx изработува поединечни картички кои се издаваат за користење на Корисниците на картичка. Секое Барање за издавање и користење на картичка се смета за составен дел на Договорот без оглед на датумот на неговото доставување во Банката (во моментот на склучување на Договорот и во периодот на важењето на истиот).
II.5. Картичката е сопственост на Банката и е непренослива на друго лице. Картичката е со рок на важност од 3 (три) години од денот на нејзиното издавање, важи до последниот ден од месецот назначен на самата картичка и не смее да се употребува по истекот на нејзиниот рок на важење. Доколку Корисникот се придржува кон Општите правила и услови, картичката се продолжува автоматски со важност од нови 3 (три) години. Во спротивно Банката може да не ја обнови, временски да ја ограничи или одземе картичката. Xxxxxxx го задржува правото на промена на рокот на важност на картичката.
Картичката нема автоматски да се продолжи доколку Барателот на картичката најмалку 30 (триесет) дена пред истекот на важење на картичката достави
писмено барање до надлежниот референт во Банката за тоа.
Барателот на картичката треба да има предвид, дека само по себе недобивањето на картичката не води до раскинување на Договорот и страните продолжуваат да бидат обврзани со своите взаемни задолженија и Xxxxxxxxx на картичката ги поднесува трошоците за членарината за веќе обновената картичка.
Ако Корисникот на картичката не ја подигне картичката во рок од 6 (шест) месеци после нејзиното издавање, Банката, може поради безбедносни причини да ја уништи непримената картичка.
II.6 По добивање на картичката, Xxxxxxxxxx е должен да ја потпише картичката.
II.7. Банката на Корисникот на картичката му издава Личен Идентификационен Број (во понатамошниот текст: PIN), кој е таен и строго доверлив. Корисникот на картичката не смее да го кажува PIN-от, да го запишува на картичката или на други документи, по приемот должен е истиот да го запомни и веднаш да го уништи пликот во кој се наоѓа PIN-от.
Настаната штета од непочитување на претходно наведеното и евентуалната злоупотреба на картичката и PIN-от е на товар на Xxxxxxxxxx, односно Барателот на картичката.
II.8 Картичката и PIN-от, Корисникот на картичка ги подигнува лично или лице со писмено овластување од страна на Барателот на картичка
II.9 По примањето на картичката, Банката ќе прати барање до процесниот центар за активација на картичката. Корисникот на картичката ќе може да ја користи картичката по нејзиното активирање. Активирањето на картичката може да се направи на Xxxxxxxx на било која Банка.
III. Користење и пресметковно платежни активности со картичката
III.1 Картичката се употребува секаде каде што е истакнат знакот на MasterCard за плаќање на стоки и услуги, за подигнување готовина на Банкомат и на шалтер, во висина на расположивиот кредитен лимит.
III.2 Картичката може да ја користи исклучиво лицето на чие име гласи картичката, до истекот на рокот за важење означен на нејзината предна страна. Корисникот на картичката е должен на барање на продавачот на стоката, извршителот при користење на услугата и подигнување на готовина на шалтер да се легитимира со лична карта односно пасош.
Барателот на картичка, нерезидент правно лице, картичката може да ја користи само за плаќање на стоки и услуги, а не може да ја користи за подигнување на готовина на Банкомат или шалтер.
III.3 За плаќање на стоки и услуги и подигнување готовина од шалтер, Корисникот на картичката внесува PIN / потпишува потврда за купопродажба (слип) доколку е побарано на местото на трансакцијата. Еден примерок од потврдата за купопродажба корисникот на картичката задржува за своја евиденција.
За плаќање на стоки и услуги на продажни места преку POS терминал каде не е задолжителна идентификација на корисникот, одобрувањето на тансакцијата ќе се врши без внесување на PIN и без потпишување на слип од страна на Корисникот на картичка.
За подигнувањето на готовина од Банкомат, шалтер и плаќање на стоки и услуги на места кои се опремени со терминални уреди кои овозможуваат користење на PIN, авторизација се врши со користење на PIN-от.
III.4 Барателот на картичката е согласен PIN-от или потписот, кој е внесен (втипкан) од страна на Корисникот на картичката и проверен на Банкомат или POS, да биде исклучива и неспорна потврда за извршената трансакција, врз основа на која Банката ја товари сметката на Барателот на картичка за износот на извршената трансакција.
Доколку POS терминалот овозможува, односно поддржува извршување на бесконтактни трансакции, корисникот на картичката може да ја изврши трансакцијата, односно плаќањето само со доближување на картичката до POS терминалот.
За бесконтактни трансакции во висина до лимит одреден од Банката или до лимит поставен на POS терминалот кој прифаќа бесконтактни трансакции нема потреба од внесување на картичката во POS терминалот и нема потреба од авторизација на трансакцијата со PIN и/или авторизација со личен потпис. Лимитот за бесконтактни трансакции е јавно објавен на интернет страната на банката и истиот може да биде променет само по одлука на Банката.
III.5 Корисникот на картичка е должен да ги чува сите документи во врска со плаќањата извршени со картичката најмалку 6 (шест) месеци. На првото барање на Xxxxxxx доколку за тоа се појави потреба, Барателот на картичка е должен истите да ги достави до Банката.
III.6 За плаќања преку Интернет внес на PIN кодот не е потребен и идентификацијата на Корисникот на картичката се врши преку внес на дополнителен заштитен код (CVC2), кој е еднаков на последните 3 (три) цифри на панелот за потпис на задната страна на картичката.
Употребата на картичката за електронски плаќања преку Интернет е на целосна материјална и друга одговорност на Барателот и Корисникот на картичка и Банката не е во никаква обврска за надомест на трошоците или било кој друг вид на штета предизвикани од евентуaлната злоупотреба на картичката, CVC2 кодот или други податоци употребени при користењето картичката за трансакации преку интернет.
Доколку продажното место на интернет поддржува 3D Secure технологија, дополнително идентификацијата на Корисникот на картичка се врши и со внес на код, кој го добива преку СМС порака.
III.7. Барателот на картичка и Корисникот на картичката покрај одобрениот кредитен лимит е должен да ги почитува поединечните индивидуални, дневни и вкупни лимити за употреба на картичката за
користење во MasterCard системот, за кои е информиран при подигнувањето на картичката. Стандарден вкупен дневен лимит за Барателот на
картичка, резидент користен во земјата и во странство е POS 100.000 МКД за подигнување на готовина од Банкомат и за плаќање на POS терминали.
Стандарден вкупен дневен лимит за Барателот на картичка, нерезидент користен во земјата и во странство е 100.000 МКД за плаќање на POS терминали.
Лимитот за интернет трансакциите e во рамки на висината на лимитот за POS трансакции. Лимитот за интернет трансакции не може да биде повисок од
лимитот за трансакции на POS терминали.
За евентуални промени на наведениот лимит Корисникот на картичката може да се обрати писмено до Банката. Стандардните лимити се променливи на писмено барање на Барателот на картичката и се наплаќаат согласно постоечката Тарифа за услуги за правни лица на Банката.
III.8 Tрошоците направени во земјата во денари се дебитираат во денари. Кога Xxxxxxxxxx ја користи картичката за трансакции во странска валута, трансакцијата е конвертирана во ЕУР според курс на Master Card® International. Вредноста на трансакцијата е конвертирана во денари и книжена на сметката на датумот на порамнувањето по продажниот курс на Банката.
III.9 Надоместоците по трансакциите за подигнување
на готовина од Xxxxxxxx се плаќаат во денарска противвредност по среден курс на НБРСМ на денот на плаќање и се вклучуваат во општата сума што ја должи Барателот на картичката.
Сите други надоместоци во однос на блокирање на картичка, измена на податоци на картичка, генерирање на нов PIN код, промена на PIN код на Банкомат, промена на кредитни и дневни лимити, проверка на состојба на Банкомат и слично се наплаќаат при извршување на услугата, од трансакциската сметка на Барателот на картичка.
III.10 Банката наплаќа годишна членарина на 12 (дванаесет) еднакви месечни рати, на почетокот од секој месец, за секоја година додека картичката е валидна. Годишна членарина се наплаќа за секој Корисник на картичка согласно Xxxxxxxx за услуги на правни лица на Банката, од расположливото салдо на трансакциската сметка на Барателот на картичката.
III.11 Сите надоместоци и провизии кои ќе настанат во врска со издавањето и користењето на картичката се за сметка на Барателот на картичката.
Барателот на картичката е запознат со Xxxxxxxx за услуги на правни лица на Банката и се обврзува да ги плаќа надоместоците определени во неа во врска со користењето на картичката/картичките.
Банката во согласност со својата деловна политика го задржува правото за промена на Тарифата за услуги на правни лица на Банката за што Барателот ќе биде известен 14 (четиринаесет) календарски денови однапред за настанатата промена преку известувањето кое е истакнато во експозитурите на Банката и на официјалната интернет страна на Банката.
Сите промени и дополнувања на Xxxxxxxx ќе имаат влијание на Договорот за картичка по 14 (четиринаесет) календарски денови од нивното
објавување согласно претходнот став, без склучување на посебен Договор или Xxxxx кон Договорот.
Доколку Xxxxxxxxx на картичка не се согласува со промената може да побара раскинување на Договорот и да ја врати картичката на Банката.
IV. Кредитен лимит. Услови за користење и исплаќање
IV.1. Кредитниот лимит може да биде користен единствено со посредство на картичката.
IV.2. Корисникот на картичката има право во рамките на секој календарски месец да искористува кредитен лимит до поединечно определен износ.
IV.3. Вкупниот искористен износ по кредитниот лимит се определува како збир од сите трансакции и провизии за трансакции настанати за време на пресметковниот период зголемен за неотплатените, потрошени износи од претходните пресметковни периоди. Вкупниот искористен износ се намалува за износите, кои биле уплатени по кредитната партија на картичката во текот на пресметковниот период. Барателот на картичка е должен да ги измири обврските по вкупно искористениот кредитен лимит од секоја поеднинечна картичка преку налог за пренос ПП
30 од својата трансакциска сметка до 15-ти во тековниот месец за вкупно искористениот износ на кредитниот лимит во претходниот месец, за кој износ Банката не наплатува камата
Каматните стапки на депозитните средства, рамковниот кредитен лимит, достасните неизмирени обврски и пречекорувањето на дозволениот кредитен лимит се променливи согласно интерните акти за каматни стапки на банката, и се важечки со денот на промената без склучување на посебен договор. Вкупниот потрошен износ се намалува за износите, кои биле уплатени на шалтер по кредитната партија на картичката во текот на тековниот пресметковен период. Обврските доспеваaт последниот ден од секој календарски месец.
IV.4. Кредитниот лимит е со важност од 12 (дванаесет) месеци од датумот на склучување на Договорот, со можност за автоматско пролонгирање, доколку Барателот не достави писмено известување за откажување на издадените картички и тоа 30 (триесет) дена пред истекот на овој рок.
Xxxxxxx го задржува правото да го намали или укине кредитниот лимит, без претходна согласност од Барателот на картичка за што го известува Барателот на картичка.
Банката може да го зголеми кредитниот лимит само по претходно писмено барање на Барателот на картичка и согласно Договорот.
Барателот на картичка и Xxxxxxx се согласни дека во случај кога Барателот на картичка, поради намалување или укинување на кредитниот лимит, на Банката и должи износ кој е поголем од износот на кредитниот лимит или должи износ по картичка, а нема кредитен лимит, тој износ се смета за доспеан и за недозволено пречекорување и Банката на него пресметува казнена камата.
IV.5. Банката еднаш месечно на Барателот на картичката, доколу има промени, му изготвува извод за трансакциите направени со картичката, кој може да го подигне на шалтерите на Банката, да го добива преку
пошта или електронска пошта или да има увид на изводот преку апликацијата електронско банкарство за правни лица, доколку Барателот е нејзин корисник.
IV.6. Недобивањето на месечен извод не го ослободува Xxxxxxxxx на картичката од обврските да
ги плаќа износите што ги должи, ниту пак го променува крајниот датум за исплата.
IV.7. На сите побарувања по Договорот што нема да бидат измирени во договорениот рок, Xxxxxxx ќе наплаќа договорна казнена камата во висина на законската казнена камата согласно Законот за облигационите односи, зголемена за 50% (педесет проценти). Законската казнената камата е променлива и зависи од висината на референтна каматна стапка зголемена за 10% (десет) процентни поени согласно Законот за облигационите односи.
Пресметката на договорната казнена камата ќе се врши со примена на декурзивниот едноставен каматен метод на стасана главнина, без додавање на казнената камата на главнината.
IV.8. Побарувањата на Банката се исплаќаат по следниот ред: трошоци и провизии, казнена камата, искористен износ по кредитниот лимит.
IV.9. Секое плаќање на обврската по кредитниот лимит го обновува соодветниот расположлив дел од кредитниот лимит.
IV.10. Xxxxxxxxx ја овластува Xxxxxxx и и дава неотповиклив налог да ги наплати своите побарувања кои произлегуваат од Договорот од неговата девизна/и или денарска/и сметка/и во Банката. За таа цел, Xxxxxxx има право во име и за сметка на Xxxxxxxxx да ги пополни, потпише, завери и изврши потребните платни инструменти и обрасци.
Исто така Xxxxxxx е овластена да бара наплата на сите свои побарувања по Договорот и од девизните средства кои Xxxxxxxxx ги има кај други Банки и да ги блокира неговите денарски сметки во други Банки вклучително и преку Единствениот регистар на иматели на сметки.
IV.11. Плаќањето на износите кои што ги должи не предизвикува обврска на Банката да го обнови кредитот и користењето на картичката.
IV.12. Ако задоцнувањето со плаќањето продолжи повеќе од 90 (деведесет) дена, Договорот се раскинува, картичката се блокира, a користењето на расположливиот кредитен лимит се прекинува трајно, и неисплатените обврски се наплатуваат предвремено.
IV.13. За обезбедување по одобрениот кредитен лимит, Барателот на картичката, нерезидент депонира средства на посебна депозитна сметка и изјава за употреба на депозитот. На положениот депозит Xxxxxxx ќе плаќа камата согласно интерните акти за каматни стапки на Банката. Банката може да
ги користи средствата од депозитот за покривање на трошоците по картичката, без присуство и претходна согласност на Корисникот на картичката.
V. Губење, кражба и оштетување на картичката
V.1. Изгубената или украдената картичка Корисникот на картичката е должен веднаш да ја пријави во Банката или на телефон 02/15050 и во рок од 10 (десет) дена писмено да го потврди или отфрли пријавеното губење или кражба.
За сите настанати трансакции со картичката во периодот од пријавувањето до моментот на пренесување на информацијата до процесниот центар, вклучувајќи и евентуална злоупотреба при користење по основ на stand in и floor лимитите од страна на MasterCard® системот и после овој рок, но во рамки на периодот на важност на картичката, Барателот на картичката сноси целосна финансиска одговорност вклучувајки и злоупотреба на картичката и е согласен Xxxxxxx да ја задолжи неговата сметка.
По писмено барање на Барателот на картичката, банката може да бара картичката да биде ставена на листата на стопирани картички во MasterCard® системот, за што сите трошоци паѓаат на негов товар. Во случај на основано сомневање во кражба или злоупотеба Корисникот на картичката е должен случајот да го пријави во полиција во најкраток можен рок.
VI. Рекламации
VI.1 Банката не превзема одговорност за стоката или услугата платена со картичката или неприфаќањето на картичка од страна на некое продажно место или Банкомат. Сите рекламации Корисникот на картичка ги решава непосредно на продажното место.
VI.2 За сите рекламации или оспорувања по трансакции кои се однесуваат на употребата на картичката, Барателот треба да се обрати до надлежниот референт во Банката со доставување на документацијата во рок од 10 (десет) дена од датумот на изготвување на изводот. Во спротивно ќе се смета дека Xxxxxxxxx на картичката ги признава трошоците наведени во неговата сметка.
VI.3 Оспорувањето на трошоците не го одлага нивното намирување. Доколку се покаже дека рекламацијата е основана Xxxxxxx му го враќа оспорениот износ на Барателот на картичката.
За рекламации кои согласно MasterCard правилата нема да бидат прифатени од страна на MasterCard системот, Xxxxxxx ќе ги смета за неосновани и ќе наплати трошок за решавање на рекламацијата од Барателот на картичката, согласно Xxxxxxxx за услуги на правни лица на Банката.
Рокот за решавање на рекламациите го одредува Xxxxxxx во согласност со Правилата на MasterCard системот.
VII. Рок на договорот. Услови за промена и раскинување на договорот пред истекот на рокот
VII.1. Договорот се склучува на 12 (дванаесет) месеци со можност за автоматско пролонгирање, доколку Барателот не достави писмено известување раскинување на договорот и откажување на издадените картички и тоа 30 (триесет) дена пред истекот на овој рок.
Доколку Договорот за рамковен револвинг кредит лимит во меѓувреме истекол или е раскинат, престанува да важи и Договорот за картичката.
VII.2. Картичката нема автоматски да се продолжи доколку Xxxxxxxxx на картичка најмалку 30 (триесет) дена пред истекот на важење на картичката достави писмено барање за раскинување на Договорот до надлежниот референт во Банката. Ова писмено
барање ќе биде третирано како писменото барање од член VII.3. на овие Општи правила и усоови.
Во случај ако такво барање не биде доставено Банката му издава на корисникот нова картичка со нов број и нов рок на траење од 3 (три) години, а PIN-от останува ист (Pin-от не се менува)..
Барателот на картичка треба да има предвид, дека само по себе недобивањето на картичката не води до раскинување на договорот и страните продолжуваат да бидат обврзани со своите взаемни права, обврски и задолженија и Xxxxxxxxx на картичка ги поднесува трошоците за членарината за веќе обновената картичка.
Ако корисникот на картичката не ја подигне картичката во рок од 6 (шест) месеци по нејзиното изготвување, Xxxxxxx, може поради безбедносни причини да ја уништи непримената картичка.
VII.3. Барателот на картичка може предвремено и без дополнителни трошоци со писмено известување доставено до Банка да го раскине Договорот, при што е должен веднаш да ја врати картичката на Xxxxxxx и предвремено да ги подмири сите вкупни обврски по основ на картичката и кредитниот лимит при што провизијата за годишна членарина што Xxxxxxxxx на картичката ја има платено до денот на раскинување на Договорот, не се враќа.
Во известувањето за раскинување на Договорот, Xxxxxxxxx на картичка треба да го наведе отказниот рок кој не може да биде подолг од 30 (триесет) дена. Со раскинувањето на договорот Xxxxxxxxx на картичка е должен истата да ја врати во Банка.
VII.4. Банката може во писмена форма или преку друг траен медиум да го извести Барателот на картичка дека го откажува Договорот, со отказен рок од 15 (петнаесет) дена пред откажувањето.
VII.5. Банката има право еднострано да го намали износот на кредитот. Во тој случај таа испраќа до Xxxxxxxxx на картичката писмо со повратница, со коешто го информира за својата одлука. Намалувањето произведува дејство од месецот после кој што е примено известувањето.
VII.6. По исклучок Xxxxxxx без отказен рок ќе го откаже користењето на картичката, и ќе го раскине Договорот, доколку Xxxxxxxxx на картичката:
- Не се придржува кон Општите правила и услови за издавање и користење на MasterCard business кредитна картичка и обврските превземени со Договорот за картичка;
- Доцни со исполнувањето на обврските по Договорот за картичка или по друг договор со Xxxxxxx;
- Го пречекори дозволениот кредитен лимит и по барање во рок даден од Xxxxxxx не се измират пречекорените и доспеани побарувања;
- Не обезбеди средства на неговата трансакциска сметка за подмирување на обврските по основ на картичката;
- Има значајни промени во условите под кое се одобрило издавање на картичката и кои влијаат врз неговиот кредибилитет и способност за измирување на обврските (престанок со работа, промена во имотна состојба, поведување на судски
спор, доброволно или со извршен акт се ограничи некое од правата на сопственост и др.);
- Не ги ажурира податоците за својата сметка благовремено и во согласност со законските и подзаконските прописи за работење и не ги почитува другите законски прописи со кои се регулира предметната материја
- Доставил невистинити и неточни податоци или документација;
- Не достави дополнително обезбедување по оцена и барање на Xxxxxxx и други случаи по оцена на Xxxxxxx;
- При започнување на дејствие на присилно извршување спрема Барателот на картичка од Банката или од трети лица;
- Сака да го подигне блокираниот депозит пред истекот на рокот на кој истиот е блокиран и пред истекот на рокот на картичката, а во случај кога картичката е издадена врз основа на блокиран депозит даден како инструмент за обезбедување. Во овој случај банката има право да ги подмирува сите обврски настанати од користењето на
картичката од депозитот на Барателот на картичка даден како инструмент за обезбедување. Барателот на картичката е должен истата да ја врати при раскинување на договорот.
Доколку Xxxxxxx го откаже користењето на картичката, Барателот на картичката мора да ги врати издадените картички на Банката и да изврши целосно подмирување на сите обврски по основ на Договорот и надомест на сите штети.
VII.8. Во сите останати случаи, вклучувајќи го и зголемувањето на износот на кредитниот лимит, Договорот може да биде променет со взаемна согласност на страните.
VII.9. Банката може во секое време да го ограничи и правото на користењето на кредитната картичка, а особено:
- Кога 3 (три) пати последователно е внесен погрешен PIN;
- Кога сметката на картичката е во недозволено пречекорување;
- Кога трансакциската сметка на Барателот на картичка е блокирана;
- Кога е пријавена кражба или губење на картичката;
- Во случај картичката да се појави на листата на стопирани картички, во кој случај и секое продажно место и Банкомат е овластено да ја одземе картичката при обид за нејзино користење;
- Во останати случаи од значење за безбедност односно исклучување на ризик на било која од договорените страни.
VII.10. Барателот на картичка се обврзува:
- Да ги почитува Општите правила и услови за издавање и користење на business кредитна картичка
- Да ја чува картичката на сигурно место;
- Навреме да обезбедува средства во роковите на доспевање на својата сметка со денарски уплати на сметка на Xxxxxxx наменета за денарски уплати на картичка;
- Да ги почитува законските и други прописи за готовинско и безготовинско работење во земјата и странство;
- Веднаш писмено да ја извести Банката во случај на промена на основните податоци (адреса за комуникација, назив) и на сите останати податоци кои влијаат на правото на користење на картичката;
- При користење на картичката во странство, да ја користи во дозволените лимити согласно прописите за девизно работење;
- На барање на Xxxxxxx издавач да ја врати картичката без оглед на причината поради која Xxxxxxx тоа го бара;
- Без одложување да пријави кражба, губење од сопствено владение или друга причина од евентуална злоупотреба на платежната картичка на специјалниот телефон за поддршка на корисници 02/15050;
- По барање на Банката да достави дополнителни инструменти за обезбедување на побарувањето, доколку по преоцена на Банката, вредноста на обезбедувањето се намали и не е доволно за покривање на вредноста на лимитот;
- Да обезбеди осигурување на целокупниот заложен имот опишан во точка II.2 од Договорот за цело времетраење на договорот, при што полисата за осигурување да биде винкулирана во корист на Банката;
- Во случај Xxxxxxxxx на картичка да не обезбеди соодветна обнова на полисата за осигурување и винкулација, се согласува и ја овластува Xxxxxxx во негово име да склучи договор за осигурување и да уплати премија за осигурување во осигурително друштво по нејзин избор и да го задолжи истиот на било која сметка која ја има во Банката, како и да ја искористи првата наредна уплата по лимитот за намирување на побарувањето на Xxxxxxx по основ на извршена уплата за обнова на полисата;
- Редовно да доставува полугодишни и годишни пресметки во роковите предвидени за нивно доставување, како и друга документација по барање на Банката на начин и во рокови што ќе ги одреди таа;
- Редовно да доставува до Банката ревидирани финансиски извештаи и ревидирани консолидирани финансиски извештаи во законски определениот рок за нивна достава, кога барателот на картичка е обврзан да ги има истите согласно закон за трговски друштва. Доколку, барателот на картичка не е должен согласно Закон за трговски друшта да има ревидирани финансиски извештаи, се обврзува по барање на Xxxxxxx во рок што ќе го одреди таа, да достави ревидиран финансиски извештај;
Непочитувањето на овие обврски се смета за небрежност во однесувањето на Барателот на картичка и Банката се ослободува од секаква одговорност.
VIII. Останати одредби
VIII.1 Банката не носи никаква одговорност ако Корисникот не може да ја употреби картичката во следните ситуации кои се надвор од контрола на Банката:
- Технички проблеми со опрема, систем, телекомуникации и струја;
- Штрајк или други вонредни околности;
- Кога картичката е заробена на продажно место или на Банкомат и истата е оштетена;
- Кога од било која причина продажното место, банка или Банкомат не ја прифаќа картичката.
VIII.2 Во случај на измена на законските прописи кои се однесуваат на постоечките Општи правила и услови и Договорот за издавaње и користење на business кредитна картичка, секоја измена ќе се примени кога ќе стапи во сила, освен ако измената се однесува за незадолжителни правни норми.
Банката во согласност со својата деловна политика го задржува правото за промена на Општите правила и услови за издавање и користење на картичката, кои промени ќе бидат објавени на видно место на официјалната интернет страна на Банката.
Доколку Xxxxxxxxxx на картичката не се согласува со промената може да побара раскинување на договорот и да и ја врати картичката на Банката.
Се смета дека корисникот на картичката е запознаен и ги прифаќа промените на Општите правила и услови за издавање и користење на картичката доколку во рок од 30 дена од објавувањето не го ракине договорот и ja врати картичкaтa на Банката.
VIII.3
Податоците кои се однесуваат на работата со картички се банкарска тајна и банката се обврзува да ги употребува и чува согласно законските одредби.
Барателот на картичката е известен и запознаен и истиот ја овластува Банката, податоците на основачите и овластените лица на барателот на картичката и корисниците на картичка во врска со овој Договор, вклучително и личните податоци, да ги обработува сама или преку ангажирање на обработувач на податоци и да ги пренесува личните податоци во други држави во согласност со законските прописи и интерните акти на Банкатаво рамки на банкарското работење како и да ги стави на увид на овластени лица во Банката или на трети лица, во сите случаи предвидени со Законот.
Со потпишување на овој Договор како клиент на Банката која е дел од Групацијата, Барaтелот на картичката e e известен и запознаен податоците кои се собираат и обработуваат од страна на Банката, а се однесуваат на воспоставувањето на деловниот однос со Банката, да може да бидат пренесувани во другите членки на групацијата. Притоа овде може да се вклучат следниве податоци, но без ограничување на истите, и тоа:
- Сите деловни и лични податоци податоци во врска со Xxxxxxxx на основната и дополнинтелната картичка кои се доставени до Банката или во иднина ќе станат познати за Банката во текот на спроведување на деловниот односи;
- Сите податоци кои се однесуваат на секој деловен однос со Банката (особено името, видот на правното лице, адреса, сопственичката структура, земја на живеење/потекло, проценето ниво на ризик, банкарски односи);
- Податоци за одобрени кредити, кредитни картички, вклучувајќи ги и нивните услови; склучени финансиски термински договори/трансакции;
тужби; прекршување на договори; мерки за спроведување, обезбедување и сл;
- Најновите годишни финансиски извештаи, како и на соодветните анализи на овие податоци;
- Структурата на групацијата во која припаѓа компанијата (доколку е применливо).
Договорните страни се согласни Xxxxxxx да ги обработува личните податоци на основачите и овластените лица на барателот на картичката и корисниците на картичка за цели на директен маркетинг единствено по добивање на претходна писмена согласност за тоа издадена од истиот.
Барателот на картичката има право во секое време, без надоместок со писмено барање да ја повлече согласноста за користење на неговите лични податоци, а Xxxxxxx последователно ќе ги преземе соодветните мерки.
Барателот на картичката е согласен Банката да ги доставува податоците за состојбите, операциите и другите податоци за сметката на соодветниот процесен центар во земјата и странство и личните податоци за Корисникот на картичката.
Барателот на картичката е согласен Банката да ги соопштува податоците на истражни органи и полиција во случај на постоење основано сомневање за злоупотреба на картичката.
VIII.4 Секое користење на картичката спротивно на Договорот за издавање и користење на business кредитна картичка, повлекува автоматско одземање или згаснување на картичката и превземање на соодветни мерки согласно Кривичниот закон и други прописи, а целата материјална штета, заедно со евентуални камати, курсни разлики, провизии и трошоци паѓаат на товар на Барателот на картичка.
VIII.5 Во случај на спор надлежен е судот во Скопје.
Скопје,
Датум: Октомври 2021 година