ДЕЛ I
ДОГОВОР МЕЃУ СОЦИЈАЛИСТИЧКА ФЕДЕРАТИВНА РЕПУБЛИКА ЈУГОСЛАВИЈА И РЕПУБЛИКА АВСТРИЈА ЗА МЕЃУСЕБНО
ИЗВРШУВАЊЕ СУДСКИ ОДЛУКИ ВО КРИВИЧНИ РАБОТИ ОД 1 ФЕВРУАРИ 1982 ГОДИНА*
* Договорот е објавен во „Службен весник на СФРЈ“ – Меѓународни договори, бр. 6/83, а влегол во сила на 1 јануари 1984 година.
ДЕЛ I
ОПШТИ ОДРЕДБИ
Обврски за надзор и извршување Член 1.
(1) Договорните држави се обврзуваат дека на барање, според долунаведените одредби и услови, заемно вршат:
1) надзор над лица на кои во едната договорна држава судот им изрекол правосилна условна кривична санкција додека трае проверувањето;
2) извршување казна затвор или превентивни мерки што правосилно ги изрекол суд на една од договорните држави.
(2) Надзорот или извршувањето се спроведуваат во една договорна држава само ако осуденото лице е државјанин на таа договорна држава и во престојува или
живее.
Судски одлуки што подлежат на надзор или извршување Член 2.
Надзорот или извршувањето се спроведуваат само ако делото на кое се заснова одлуката е судски казниво според правото на двете договорни држави.
Политички кривични дела Член 3.
(1) Надзорот или извршувањето не се спроведуваат само ако делото на кое се заснова одлуката, според мислењето на замолената држава, претставува
кривично дело од политички карактер.
(2) Не смета кривично дело од политички карактер делото кај кое, земајќи ги
предвид сите околности на поединечниот случај, особено начинот на извршување, применетите или средствата за закана или тежината на настаните или очекуваните последици, криминалниот карактер преовладува над политичкиот.
Воени кривични дела Член 4.
Надзорот или извршувањето не се спроведуваат ако делото на кое се заснова одлуката, според мислењето на замолената држава, се состои единствено во повреда на воените должности.
Фискални кривични дела Член 5.
Надзорот или извршувањето не се спроведуваат ако делото на кое се заснова одлуката, според мислењето на замолената држава, исклучиво претставува
повреда на прописите за данок, монопол, царина или девизи, или повреда на прописите за контингентирање на стоката или надворешна трговија.
Застареност Член 6.
Надзорот или извршувањето не се спроведуваат ако извршувањето на казната или на превентивните мерки е застарено според правилата на една од договорните држави.
Вонредни судови Член 7.
Надзорот или извршувањето нема да се спроведат ако одлуката ја донел вонреден суд.
Осудување во отсуство Член 8.
Надзорот или извршувањето нема да се спроведат ако судската одлука е донесена во отсуство на осуденото лице.
Начело ne bis in idem Член 9.
(1) Надзорот или извршувањето нема да се спроведат ако осуденото лице во замолената држава веќе е осудено со правосилна одлука за истото дело или е ослободено од некоја друга причина, освен за недостаток на судска надлежност.
(2) Осудителната пресуда во трета земја спречува надзор или извршување само ако казната што е изречена таму за осуденото лице е целосно извршена или
простена или простена за неизвршениот дел.
(3) Ако во договорната држава што треба да го преземе надзорот или
извршувањето во тек е кривична постапка против осуденото лице за дело на кое
се заснова барањето и ако е преземен надзор или извршување, таа договорна држава привремено ја запира кривичната постапка. Таа се стекнува со правото за повторно кривично гонење ако осуденото лице избегне надзор или извршување.
Државата што го презела надзорот или извршувањето конечно ја запира
кривичната постапка ако казната или превентивната мерка е целосно извршена или простена.
Јавен поредок Член 10.
Надзорот или извршувањето нема да се спроведат ако извршувањето на молбата би можело да ја повреди безбедноста на замолената држава или ако тоа е во спротивност со начелата на нејзиниот правен поредок.
ДЕЛ II НАДЗОР
Начела на надзорот Член 11.
Ако лицето кое во една договорна држава има престојувалиште или живеалиште се осуди во другата договорна држава (во натамошниот текст: државата што ја донела пресудата) за кривично дело на условна кривична санкција со одредување на време на проверка, секоја договорна држава може со молба да побара надзорот да се спроведе во онаа држава во која што осуденото лице има
престојувалиште или живеалиште (во натамошниот текст: државата која врши надзор).
Мерки на надзор Член 12.
(1) Надзорот (член 1 став 1 точка 1), од една страна, се состои во изрекување
мерки кои се предвидени според правото на државата што врши надзор и кои се насочени кон подобрување и на повторно вклучување на осуденото лице во
животот на заедницата и, од друга страна, во надзор над неговото однесување за, доколку е потребно, да се обезбеди отповикување на условно изречената
кривична санкција.
(2) При изрекувањето на мерките потребни за надзор се уважуваат колку што е можно повеќе мерки изречени во државата што ја донела пресудата.
(3) Мерките на надзор изречени во државата што врши надзор не смеат во никаков случај да бидат построги, во однос на видот и на времетраењето, од мерките
изречени во државата што ја донела пресудата.
(4) За отповикување на условната кривична санкција надлежна е исклучиво државата што ја донела пресудата.
(5) Надзорот се спроведува исклучиво според правото на државата што го врши надзорот.
Одобрување на надзорот Член 13.
(1) Врз основа на барањето, заедно со кое се приложуваат документите наведени во член 28 од овој договор, замолената држава ја известува државата молител во која мерка молбата е удоволена. Целосното или делумното одбивање треба да се образложат.
(2) Државата што го врши надзорот ѝ ги соопштува на државата што ја донела
пресудата условите и мерките на надзор на кои подлежи осуденото лице во текот на проверувањето.
(3) Државата што го врши надзорот, што е можно побрзо, ја известува државата што ја донела пресудата за сите околности што би можеле да доведат до отповикување на условната кривична санкција; таа во секој случај ја известува државата што ја донела пресудата во моментот на истекувањето на времето на проверување за сите околности што се однесуваат на надзорот.
Известувања Член 14.
(1) Државата што ја донела пресудата неодложно ја известува државата што го врши надзорот за сите околности што би можеле да имаат влијание врз надзорот. Таа посебно известува за помилувањето, амнестијата или за отповикувањето на условната кривична санкција.
(2) Ако државата што ја донела пресудата ја отповика условната кривична санкција, таа може да ја замоли државата што го врши надзорот за извршување на казната или превентивната мерка.
Дејство на надзорот Член 15.
Ако е преземен надзор, понатамошните мерки за извршување во државата што ја донела пресудата привремено се запираат. Правото на државата што ја донела пресудата на извршување конечно прекинува ако во времето на проверување не настанала ниту една околност која според правото на државата што ја донела
пресудата предизвикува отповикување на условната кривична санкција.
ДЕЛ III
ИЗВРШУВАЊЕ
Начела на извршување Член 16.
(1) Ако лицето кое во една договорна држава има престојувалиште или
живеалиште добие правосилна осудителна пресуда во другата договорна држава (во натамошниот текст: државата што ја донела пресудата) на казна затвор за
кривично дело или за тоа кривично дело се изрече превентивна мерка, тогаш секоја договорна држава може со молба да побара изврши казната или
превентивната мерка да се извршат во онаа држава во која што осуденото лице
има престојувалиште или живеалиште (во натамошниот текст: држава извршител).
(2) Ниту една одредба на овој договор не го исклучува правото на осуденото лице, неговиот законски застапник, брачен другар, сродно лице во права линија или
браќа и сестри, на поднесување молба за пренос на извршувањето.
Претпоставки за извршување Член 17.
(1) Покрај случаите предвидени во член 2 до 10 од овој договор, извршувањето нема да се спроведува и:
1) ако осуденото лице не даде согласност за извршување;
2) ако осуденото лице се наоѓа во затвор во државата што ја изрекла пресудата, а во времето на поднесување на молбата треба да се изврши казна затвор или
превентивна мерка во времетраење пократко од четири месеци.
(2) Извршувањето нема да се пренесе:
1) ако осуденото лице ужива азил во државата што ја изрекува пресудата;
2) ако пренесувањето на извршувањето не би било во согласност со обврските на државата што ја изрекла пресудата што произлегуваат од мултилатерални
спогодби.
(3) За оцена на претпоставката од став 1 точка 2 од овој член се собираат казните затвор или превентивните мерки или остатоци од казни затвори или превентивни мерки што треба да се извршат.
(4) Ако осуденото лице не е во можност да даде правно важечка согласност за извршување, треба да се добие согласност од законскиот застапник
(полномошник) според правото на онаа држава во која осуденото лице престојува.
Сопствени државјани
Член 18.
Сопствени државјани не се предаваат за извршување на казна или превентивна мерка.
Задолжителност на утврдената фактичка состојба Член 19.
(1) Во случај на извршување, државата извршител е обврзана за утврдување на фактите на кои се заснова судската одлука.
(2) За одлуката за барањето за повторување на кривичната постапка, надлежно е исклучиво државата што ја изрекла пресудата.
(3) Ако судската одлука на која се заснова молбата за извршување дополнително се укине или измени во државата каде што е изречена пресудата, таа држава неодложно ќе ја извести државата извршител.
Помилување и амнестија Член 20.
Помилување и амнестија во корист на осуденото лице можат да дадат и државата што ја изрекла пресудата и државата извршител. Ако таквите мерки ги презема државата што ја изрекла пресудата, таа неодложно ја известува државата
извршител за тоа.
Извршување Член 21.
Извршувањето, вклучувајќи го условниот отпуст, се спроведуваат исклучиво според правото на државата извршител.
Одобрување на извршувањето Член 22.
Врз основа на молбата, заедно со која се приложуваат документите наведени во член 28 од овој договор, замолената држава ја известува државата молител во
која мерка молбата е удоволена. Секое целосно или делумно одбивање треба да се образложат.
Постапка на извршување Член 23.
(1) Ако извршувањето се преземе, судовите на државата извршител, земајќи ја предвид казата затвор или превентивната мерка изречена во државата што ја изрекла пресудата, ја одредуваат казната затвор или превентивната мерка што треба да се изврши според своето право.
(2) Извршувањето во другата договорна држава не смее во никој случај да го стави осуденото лице во потешка положба отколку што би имало во државата што ја
изрекува пресудата.
(3) Времето поминато во затвор на државата што ја изрекла пресудата целосно се пресметува во казната затвор или превентивна мерка што треба да се издржува во државата извршител.
Раздвојување на казната Член 24.
(1) Ако осудителната пресуда се заснова врз повеќе дела, извршувањето може да следи само за дел од казната затвор што се однесува на поединечни дела и тогаш државата што ја изрекува пресуда го одредува делот од казната што се однесува на тие дела. Државата извршител има право на државаташто ја изрекува
пресудата да ѝ даде соодветен рок за донесување таква одлука.
(2) Ако државата што ја изрекува пресудата не донесе таква одлука во рокот од став 1 од овој член, државата извршител за тоа ќе донесе конечна одлука според своето право и своите начела за одмерување казни.
Дејство на извршување Член 25.
(1) Ако извршувањето се преземе, тогаш престанува натамошното извршување во државата што ја изрекува пресудата. Ако осуденото лице се наоѓа во затвор во државата што ја изрекла пресудата, затворот може да трае до неговото
предавање на државата извршител.
(2) Правото на државата што ја изрекува пресудата на извршување конечно
престанува кога осуденото лице целосно ја издржало казната или превентивната мерка во државата извршител или таа му е конечно простена.
(3) Ако осуденото лице избегне извршување во државата извршител, државата што ја изрекува пресудата повторно се стекнува со право на извршување на
остатокот на казната. Државата извршител неодложно ја известува државата што ја изрекува пресудата за таквите околности.
Предавање Член 26.
Ако осуденото лице се наоѓа во државата што ја изрекла пресудата и тоа треба да се предаде на државата извршител поради веќе одобрено извршување на казна
или превентивна мерка што му е изречена, на предавањето се применуваат одредбите на член 28 до 30 од Договорот за екстрадиција меѓу Социјалистичка Федеративна Република Југославија и Република Австрија.
Начело на специјалност Член 27.
(1) Ако во спроведувањето на извршувањето што настанало според овој договор, лицето се предава од државата што ја изрекува пресудата на државата
извршител, лицето таму не смее да биде гонето, осудено или да подлежи на некое друго ограничување на личната слобода, ниту да биде предадено на трета држава поради дело сторено пред предавањето или дело што од друга причина настанало пред предавањето на кое не се однесува одобрението за извршување.
(2) Ограничувањето од став 1 од овој член престанува:
1) ако државата која врши предавање поради извршување се согласни со кривично гонење, екстрадиција или извршување на судска казна или превентивна мерка;
2) ако предаденото лице по неговото конечно пуштање на слобода престојува
подолго од 45 дена во државата извршител иако можело и смеело да ја напушти или ако по напуштањето на таа држава доброволно се вратило таму.
(3) За согласноста од став 2 точка 1 од овој член се применуваат одредбите од Договорот за екстрадиција меѓу Социјалистичка Федеративна Република Југославија и Република Австрија.
ДЕЛ IV
ЗАЕДНИЧКИ ОДРЕДБИ ЗА ПОСТАПКАТА
Барање и документација Член 28.
(1) Барањата, согласно овој договор, се доставуваат во писмена форма.
(2) Ако државата што ја изрекува пресудата поднесе барање согласно овој договор, со барањето треба да се приложи;
1) примерок или заверен препис (копија) од пресудата, со потврда за правосилноста и, по потреба, за извршноста;
2) препис на применетите законски одредби;
3) што е можно поточни податоци за лицето над кое треба да се врши надзор во другата договорна држава или кое таму треба да ја издржува изречената казна затвор или превентивна мерка, за неговото државјанство и за неговото
престојувалиште или живеалиште;
4) по потреба, потврда за времето во затвор што треба да се пресмета;
5) во случај на извршување – записник составен со осуденото лице од кој се гледа согласноста за извршување;
6) останати документи што можат да бидат значајни за оценувањето на барањето.
(3) Ако државата што треба да го преземе надзорот или да ја изврши казната или превентивната мерка изречена во државата што ја изрекла пресудата според овој договор, покрај барањето треба да приложи:
1) препис на законските одредби што треба да се применат;
2) што е можно поточни податоци за лицето над кое треба да се врши надзор или кое треба да ја издржува казната или превентивната мерка, за неговото
државјанство и за неговото престојувалиште или живеалиште;
3) останати документи што можат да бидат значајни за оценувањето на барањето;
4) ако лицето кое треба да ја издржува казната или превентивната мерка во
државата извршител веќе се наоѓа во таа држава – тогаш, и записник составен со тоа лице од кој се гледа согласноста за извршување.
(4) Во случај на барањето од став 3 од овој член, државата што ја изрекла
пресудата истовремено со одобрувањето на барањето доставува примерок или пренос (копија) на пресудата на која се наоѓа потврда за правосилност, а, по
потреба, и за извршноста, препис на применетите законски одредби, како и потврда за времето поминато во затвор.
Дополнување на документацијата Член 29.
Ако замолената држава смета дека податоците и документацијата што ѝ се доставени не се доволни, бара дополнување. Таа може да одреди соодветен рок за доставување на ова дополнување кој, на образложена молба, може да се
продолжи. Во недостаток на дополнување, по молбата за извршување се одлучува врз основа на постојните податоци и документација.
Начин на комуницирање Член 30.
(1) Писмената кореспонденција за работите регулирани со овој договор се одвива меѓу секретаријатот надлежен за правосудни работи на социјалистичките републики или социјалистичките автономни покраини на Социјалистичка Федеративна Република Југославија, од една страна, и Сојузното министерство за правосудство на Република Австрија, од друга страна. Со тоа не се исклучува дипломатскиот пат на комуницирање.
(2) Во итни случаи, молбите и соопштувањата кои произлегуваат од овој договор може да се доставуваат со посредство на Меѓународната организација на
криминалистичка полиција – ИНТЕРПОЛ.
Јазик и легализација Член 31.
Барањата кои се доставуваат во согласност со овој договор и документацијата што треба да се приложи се изготвуваат на јазикот на државата молител. Легализација не е потребна. Не се приложуваат преводи.
Трошоци Член 32.
Трошоците настанати при примената на овој договор не се надоместуваат. Меѓутоа, државата која замолува за предавање на лица по воздушен пат ги сноси трошоците што ќе настанат од тоа предавање.
Дефиниции Член 33.
(1) Во смисла на овој договор, под „јазикот на државата молител“ се подразбира:
1) за целата територија на Социјалистичка Федеративна Република Југославија – српско-хрватско, словенечки или македонски јазик;
2) за територијата на Република Австрија – германски јазик.
(2) Во смисла на овој договор, поимот „превентивна мерка“ означува:
1) Во Социјалистичка Федеративна Република Југославија - мерки за безбедност и воспитни мерки што се предвидени во кривичниот закон, што ги изрекува кривичен суд и чијашто последица е одземање на слободата;
2) Во Република Австрија - секоја мерка што значи одземање на слободата, а која што е изречена со пресуда на кривичен суд покрај или наместо некоја казна.
(3) Ако времетраењето на извршувањето на превентивната мерка е неодредено, за оценување дали тоа времетраење изнесува најмалку четири месеци (член 17
став 1 точка 2), меродавен е моментот во кој мерката најдоцна мора да се укине според правото на државата што ја донела судската одлука.
(4) Во смисла на овој договор, под поимот„условна кривична санкција“ се подразбира:
1) Во Социјалистичка Федеративна Република Југославија – условна осудителна пресуда, условна осудителна пресуда со заштитен надзор и условен отпуст;
2) Во Република Австрија – условно опростување на казната, условно опростување на превентивни мерки, условни отпуст од казна затвор или од превентивна мерка (став 43 и 45 до 47 од Австрискиот кривичен законик), како и условна осудителна
пресуда (став 13 од Законот за судови за малолетници од 1961 година).
ДЕЛ V ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ
Член 34.
Овој договор треба да се ратификува. Инструментите за ратификација ќе се разменат во Виена.
Член 35.
Овој договор се применува и за судски одлуки изречени пред влегувањето во сила на овој договор.
Член 36.
(1) Овој договор влегува на сила на првиот ден од третиот месец по размената на инструментите за ратификација.
(2) Договорот се склучува на неопределено време. Секоја договорна држава може писмено да го откаже по дипломатски пат, со отказен рок од 6 месеци.
Составено на 1 февруари 1982 година во Белград, во два оригинални примероци на српско-хрватски и германски јазик, при што двата текста се со иста важност.