Договорен орган е ЈП Комуналец Кавадарци, со адреса на Индустриска бб. Кавадарци, телефон за контакт 043/410-351, факс 043/410-351 електронска адреса velkovmilancе@gmail.com, контакт лице Миланчо Велков.
ПОЕДНОСТАВЕНА ТЕНДЕРСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА
ПОСТАПКА СО БАРАЊЕ ЗА ПРИБИРАЊЕ НА ПОНУДИ
[преку ЕСЈН со е-аукција]
Реконструкција на хлоринаторска станица
број на оглас
50/2018
Кавадарци , јуни, 2018 година
Инструкции за понудувачите
1. Договорен орган
Договорен орган е ЈП Комуналец Кавадарци, со адреса на Индустриска бб. Кавадарци, телефон за контакт 043/410-351, факс 043/410-351 електронска адреса xxxxxxxxxxxxx@xxxxx.xxx, контакт лице Xxxxxxx Xxxxxx.
2. Предмет на договорот за јавна набавка
2.1. Предмет на договорот за јавна набавка е: Реконструкција на хлоринаторска станица со оглас бр. 50/2018.
Детален опис на предметот на договорот е даден во техничките спецификации во прилог на оваа тендерска документација.
2.2. Предметот на договорот е неделив. Економскиот оператор во својата понуда треба да ги вклучи сите составни делови. Во спротивно понудата ќе се смета за неприфатлива.
3. Начин на испорака на стоките
Носителот на набавката е должен предметот на договорот да го испорача и вгради на лице место на одредената локација.
4. Разлики во цена (корекција на цени)
Не се предвидува корекција на цените, односно цените искажани во понудата на најповолниот понудувач ќе бидат фиксни за целото времетраење на договорот за јавна набавка.
5. Рок на испорака на стоките
Носителот на набавката е должен во рок од 15 дена по писмена порачка да ги испорачува стоките кои се предмет на договорот.
6. Начин на плаќање
Начин на плаќање е до 30 дена од доставена фактура.
7. Право на учество
7.1. Економскиот оператор кој има една или повеќе негативни референци, групата економски оператори во која членува економски оператор кој има негативна референца, како и економскиот оператор кој претставува поврзано друштво со економскиот оператор кој има негативна референца, нема право на учество.
7.2. Право да достави понуда има секое заинтересирано домашно и странско правно и физичко лице - понудувач, кое е регистрирано за вршење на дејноста поврзана со предметот на договорот за јавна набавка.
7.3. Право да достави понуда има и група на понудувачи без обврска за здружување во соодветна правна форма. Договорниот орган нема да бара од групата на понудувачи да се здружи во посебна правна форма доколку истата биде избрана за носител на набавката. / Договорниот орган ќе бара од групата на понудувачи да се здружи во посебна правна форма доколку истата биде избрана за носител на набавката,.
7.4. Составен дел од групната понуда е договор за поднесување групна понуда со кој членовите во групата економски оператори меѓусебно и кон договорниот орган се обврзуваат за извршување на договорот за јавна набавка. Овој договор потребно е да ги содржи следниве податоци: членот на групата кој ќе биде носител на групата, односно кој ќе ја поднесе понудата и ќе ја застапува групата, членот на групата кој во име на групата економски оператори ќе го потпише договорот за јавна набавка, членот на групата кој во име на групата економските оператори ќе ја обезбеди гаранцијата на понудата во форма на банкарска гаранција или депонирани средства .
7.5. Сите членови на групата на понудувачи се поединечно и солидарно одговорни пред договорниот орган за извршување на своите обврски. Договорниот орган ќе комуницира со претставникот на групата на понудувачи.
Напомена: Во моментот на поднесување на групна понуда, носителот на групата треба да биде регистриран на Електронскиот систем за јавни набавки. 1
Носителот на групата задолжително ги потпишува со дигитален сертификат: понудата, потребните изјави и целокупната документација која самиот ја изготвува и потпишува. Доколку членовите на групата не поседуваат дигитален сертификат, потребните изјави и документацијата која тие ја изготвуваат и потпишуваат може да биде своерачно потпишана и доставена во скенирана електронска форма.
7.6. Економскиот оператор во рамките на иста постапка за доделување на договор за јавна набавка може да учествува само во една понуда. Сите понуди ќе бидат отфрлени ако економскиот оператор:
учествува во повеќе од една самостојна и/или како член во групна понуда или
учествува како подизведувач во друга самостојна и/или како член во групна понуда.
7.7. Економскиот оператор може да учествува како подизведувач во повеќе од една понуда.
7.8. Доколку економската и финансиската состојба, односно техничката или професионалната способност е поддржана од друг субјект, понудувачот е должен поддршката да ја докаже со xxxxxxx доказ дека тој субјект ќе му ги стави на располагање соодветните финансиски средства, односно соодветните технички или професионални ресурси (член 151 и член 154 од законот)
7.9. Понудувачот може да ангажира подизведувачи. Доколку понудувачот има намера дел од договорот за јавна набавка да го отстапи на еден или повеќе подизведувачи, во понудата мора да наведе податоци за делот од договорот кој има намера да го отстапи на подизведувачи, како и податоци за сите предложени подизведувачи (фирма, седиште, единствен даночен број и слично). Понудувачот е одговорен пред договорниот орган за извршување на договорот за јавна набавка, без оглед на бројот на подизведувачите.
7.10. Лицата кои учествувале во изработка на тендерската документација не смеат да бидат понудувачи или членови во група на понудувачи во постапката за доделување на договорот.
8. Критериуми за утврдување на способност на понудувачите
За да учествуваат во постапката за доделување на договор, понудувачите мора да ги исполнуваат следниве критериуми за утврдување на нивната способност:
8.1. Лична состојба
во последните 5 години, на понудувачот да не му била изречена правосилна пресуда за учество во злосторничка организација, корупција, измама или перење пари;
понудувачот да не е во постапка за стечај или во постапка за ликвидација;
понудувачот да нема неплатени даноци, придонеси или други јавни давачки, освен ако на економскиот оператор му е одобрено одложено плаќање на даноците, придонесите или другите јавни давачки во согласност со посебните прописи и истите редовно ги плаќa
на понудувачот да не му е изречена споредна казна забрана за учество во постапки за јавен повик, доделување на договори за јавна набавка и договори за јавно приватно партнерство;
на понудувачот да не му е изречена споредна казна привремена или трајна забрана за вршење на одделна дејност;
на понудувачот да не му е изречена прекршочна санкција - забрана за вршење на професија, дејност или должност, односно привремена забрана за вршење одделна дејност, и
понудувачот е должен да дава точни податоци и да ги доставува податоците што ги бара договорниот орган.
8.2. Способност за вршење на професионална дејност
Понудувачот треба да е регистриран како физичко или правно лице за вршење на дејноста поврзана со предметот на договорот за јавна набавка или да припаѓа на соодветно професионално здружение согласно со прописите на земјата каде што е регистриран.
Понудувачот потребно е да достави:
-сертификат од производителот за предметот на набавка кои се нуди, |
|||
-сертификат и изјава за поседување на сервис, |
|
|
|
- изјава од понудувачот за инсталација, |
|
|
|
- изјава од понудувачот за пуштање во работа, и |
|
|
|
- изјава од понудувачот за обука на персоналот за понудените инструменти. |
|||
авторизација од производител за понудената опрема, инструменти. |
8.3. При проверката на комплетноста и валидноста на документацијата за утврдување на способноста на економскиот оператор и при евалуација на понудата, комисијата преку ЕСЈН задолжително ќе побара од понудувачите да ги појаснат или дополнат документите за утврдување способност во рок од пет работни дена од крајниот рок за поднесување на понудите.
Економскиот оператор преку ЕСЈН, го прикачува документот со појаснување или дополнување во делот "Појаснување/Дополнување на поднесени документи", во рок од 3 работни дена од денот на приемот на барањето од страна на понудувачот.
8.4 Во случај на група економски оператори, сите членови на групата поединечно ја докажуваат својата лична состојба и способноста за вршење професионална дејност.
Ако економски оператори поднесат групна понуда, економската и финансиската состојба, како и техничката и професионалната способност се докажува со земање предвид на ресурсите на сите членови во групата
9. Начин на докажување на способноста на понудувачот
Понудувачот го потврдува исполнувањето на критериумите за утврдување на личната состојба со изјава која ја доставува во прилог на својата понуда. Исполнетоста на останатите критериуми за утврдување на способност, понудувачот ја докажува со доставување на потребната документација утврдена во овој дел од тендерската документација:
9.1. За докажување на личната состојба:
изјава на понудувачот дека во последните 5 години не му била изречена правосилна пресуда за учество во злосторничка организација, корупција, измама или перење пари;
потврда дека не е отворена постапка за стечај од надлежен орган;
потврда дека не е отворена постапка за ликвидација од надлежен орган;
потврда за платени даноци, придонеси и други јавни давачки од надлежен орган од земјата каде економскиот оператор е регистриран
потврда од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица дека не му е изречена споредна казна забрана за учество во постапки за јавен повик, доделување на договори за јавна набавка и договори за јавно-приватно партнерство;
потврда од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица дека не му е изречена споредна казна привремена или трајна забрана за вршење на одделна дејност и
потврда дека со правосилна пресуда не му е изречена прекршочна санкција - забрана за вршење на професија, дејност или должност, односно привремена забрана за вршење одделна дејност.
Понудувачот за докажување на својата лична состојба поднесува изјава дека ги исполнува предвидените критериуми за утврдување на личната состојба, која е дадена во прилог на оваа тендерска документација.
Комисијата ќе побара само од понудувачот чија понуда е утврд за најповолна да ги достави потребните документи за личната состојба. Документите од точка 9.1 не смеат да бидат постари од 6 месеци од датумот определен како краен рок за поднесување на понуди. Ако договорниот орган се сомнева во документите за утврдување на личната состојба на понудувачот, тој го задржува правото да побара информации директно од надлежните органи кои ги издале документите за утврдување на личната состојба.
Комисијата ќе прифати документи за утврдување на личната состојба кои се издадени и по денот на јавното отворање на понудите/отворањето на понудите [доколку проценетата вредност на договорот е до 5.000 евра], но не подоцна од денот на донесувањето на одлуката за избор на најповолна понуда. Ако економскиот оператор не ги достави бараните документи во утвредниот рок од страна на комисијата за јавна набавка, или истите се невалидни или несоодветни за утврдување на личната состојба, ќе се смета дека понудувачот ја повлекол својата понуда што резултира со издавање негативна референца, а комисијата за јавна набавка ќе го покани наредниот рангиран економски оператор или ќе даде предлог за поништување на постапката.
Изјавата се поднесува во електронска форма преку ЕСЈН и истата треба да биде електронски потпишана со користење на дигитален сертификат од одговорното лице или овластениот потписник на економскиот оператор.
Подетални информации за начинот на дигитално потпишување се содржани во прирачникот “Општи и технички препораки за користење на ЕСЈН за економски оператори и договорни органи“ објавен на почетната страна на ЕСЈН во делот "Документи".
За да се избегнат технички пропусти при утврдување на валидноста на сертификатот, препорачливо е економскиот оператор во понудата да наведе со кој софтверски пакет (Microsoft Office 2003, 2007, 2010, OpenOffice итн.) се потпишани документите,
9.2. За докажување на способноста за вршење на професионална дејност
За докажување на способноста за вршење на професионалната дејност, понудувачот треба да достави со својата понуда документ за регистрирана дејност како доказ дека е регистриран како физичко или правно лице за вршење на дејноста поврзана со предметот на договорот за јавна набавка или доказ дека припаѓа на соодветно професионално здружение согласно со прописите на земјата каде што е регистриран.
Доказ издаден од надлежен орган за исполнување на посебните услови за вршење на дејноста пропишани согласно со закон кои се однесуваат на предметот на договорот.
10. Појаснување, измена и дополнување на тендерската документација
10.1 Појаснување на тендерската документација
10.1.1 Економскиот оператор може да побара појаснување на тендерската документација од договорниот орган, исклучиво во електронска форма, преку ЕСЈН, со користење на модулот "Прашања и одговори", најдоцна 3 дена пред крајниот рок за поднесување на понудите.
10.1.2 Појаснувањето договорниот орган ќе го достави преку ЕСЈН, во модулот „Прашања и одговори“, по што сите економски оператори што презеле тендерска документација ќе добијат автоматско електронско известување дека е даден одговор на поставеното прашање и ќе бидат во можност да го прочитаат појаснувањето, без при тоа да се идентификува економскиот оператор што побарал појаснување.
10.2 Измена и дополнување на тендерската документација
10.2.1 Договорниот орган го задржува правото најдоцна 3 дена пред истекот на крајниот рок за поднесување на понудите, по свое наоѓање или врз основа на поднесените прашања за објаснување поднесени од страна на понудувачите, да ја измени или да ја дополни тендерската документација, за што веднаш ќе ги извести сите економски оператори што неа ја подигнале.
10.2.2 Во случај на измена на тендерската документација, договорниот орган ќе го продолжи крајниот рок за доставување на понудата за најмалку 6 дена.
10.2.3 Во случај на измена и дополнување на тендерската документација објавена на ЕСЈН како и продолжување на крајниот рок, договорниот орган е должен да ја објави направената измена преку ЕСЈН, по што сите економски оператори што презеле тендерска документација до моментот на измената ќе добијат автоматско електронско известување дека е објавена измена за конкретниот оглас.
11. Изготвување и поднесување на понудите
11.1. Начин на изготвување на понудата
Понудата се изготвува во согласност со условите предвидени во тендерската документација во електронска форма, со користење на обрасците дадени во прилог.
Доколку понудувачот има намера дел од договорот за јавна набавка да го отстапи на еден или повеќе подизведувачи, во понудата мора да наведе податоци за делот од договорот кој има намера да го отстапи на подизведувачи, како и податоци за сите предложени подизведувачи (фирма, седиште, единствен даночен број и слично). Понудувачот е одговорен пред договорниот орган за извршување на договорот за јавна набавка, без оглед на бројот на подизведувачите.
11.2. Понудата се поднесува во електронска форма преку ЕСЈН и истата треба да биде електронски потпишана со користење на дигитален сертификат од одговорното лице на економскиот оператор или лице овластено од него. Дигиталниот сертификат треба да биде со важност најмалку до моментот на јавното отворање односно крајниот рок за поднесување на понудите.
Доколку понудата ја потпишува лице овластено од одговорното лице, во прилог се доставува и овластување за потпишување на понудата потпишано од одговорното лице. Подетални информации за начинот на дигитално потпишување се содржани во Прилог 2 од “Прирачник за користење на ЕСЈН“ објавен на почетната страна на ЕСЈН во делот "Економски оператори".
11.3. Економските оператори можат во хартиена форма да ја поднесат документација во нестандарден формат и големина пред крајниот рок за поднесување на понудите, доколку истите се преобемни за скенирање и прикачување на ЕСЈН.
11.4. Изјава со која понудувачот потврдува дека ги исполнува критериумите за утврдување на личната состојба
Со понудата, понудувачот доставува и електронски потпишана изјава со која потврдува дека ги исполнува критериумите за утврдување на личната состојба во целост утврдени во законот и во тендерската документација и дека ги има на располагање сите документи утврдени во тендерската документација за докажување на исполнувањето на овие критериуми, кои ќе му бидат доставени на договорниот орган доколку неговата понуда биде избрана за најповолна.
11.5. Изјава за сериозност на понудата
Во прилог на понудата, понудувачот доставува и електронски потпишана изјава за сериозност на понудата, при што треба да го користи образецот на изјава даден во прилог на тендерската документација. Доколку дојде до прекршување на дадената изјава за сериозност на понудата, истото ќе резултира со издавање негативна референца против таквиот понудувач на начин и согласно условите утврдени во Законот за јавните набавки.
11.6. Изјава за независнa понуда
Во прилог на понудата, покрај изјавата за сериозност на понудата, понудувачот доставува и електронски потпишана изјава за независнa понуда, при што треба да го користи образецот на изјава даден во прилог на тендерската документација, каде е подетално објаснето нејзиното значење како и кои дејствија ќе се преземат доколку договорниот орган добие сознанија дека дадените наводи се невистинити. Изјавата од ставот на овој член ја потпишува исклучиво одговорното лице, се доставува заедно со понудата и не може дополнително да се достави по истекот на рокот за поднесување на понудите.
Изјавата за независна понуда не може да гласи на ниту едно друго лице освен на одговорното лице. Изјавата се потпишува електронски со прикачување на валиден дигитален сертификат чиј носител е одговорното лице. Доколку образецот е потпишан од лице овластено за дигитално потпишување, тогаш истиот задолжително треба да е своерачно потпишан од одговорното лице, скениран и на таков формат да биде аплициран дигитален потпис.
11.7. Елементи на понудата
Понудата треба да е составена од следниве елементи:
Образец на понуда (Прилог 1),
Изјава со која понудувачот потврдува дека ги исполнува критериумите за утврдување на личната состојба (Прилог 2),
Изјава за сериозност на понудата (Прилог 3),
Изјава за независна понуда (Прилог 4)
Документ за регистрирана дејност,
11.8. Јазик на понудата
Понудата, како и целата кореспонденција и документи поврзани со понудата кои се разменуваат со понудувачот, се пишуваат на македонски јазик со користење на неговото кирилско писмо. Придружните документи и печатената литература кои се дел од понудата може да бидат на друг јазик, под услов да се придружени со точен превод на македонски јазик.
11.9. Период на важност на понудата
Периодот на важност на понудата ќе изнесува 180 дена од денот утврден како краен рок за поднесување на понудите/ на јавното отворање [Првата алтернатива се користи во постапки каде проценетата вредност е до 5.000 евра, додека втората во постапките до 20.000 евра. Непотребното се брише.] за чие времетраење понудата во сите нејзини елементи е обврзувачка за понудувачот. Понудите кои содржат покус период на важност од тој утврден во оваа точка од тендерската документација ќе бидат отфрлени како неприфатливи.
11.10. Принцип на една понуда
Едно право или физичко лице може да поднесе само една понуда, без оглед дали ја доставува поединечно или како член на група на понудувачи. Во спротивно сите понуди во кои се јавува тоа правно или физичко лице се отфрлаат.
12. Краен рок и место за поднесување на понудите
12.1. Краен рок за поднесување на понудите е 09-07-2018 година во 12.00 часот во просториите на ЈП Комуналец Кавадарци ул.Индустриска бб Кавадарци
12.2. Понудите се поднесуваат преку ЕСЈН достапен преку следнава веб адреса: xxxxx://xxx.x-xxxxxxx.xxx.xx.
12.3. Понудата која е поднесена по истекот на крајниот рок за поднесување на понудите нема да биде примена во ЕСЈН, односно ќе биде автоматски отфрлена за што и договорниот орган и економскиот оператор ќе бидат известени и истата нема да се прикаже при јавното отворање на понудите.
13. Јавно отворање и евалуација на понудите
13.1. Јавното отворање на понудите ќе се изврши на датумот и во часот утврдени како краен рок за поднесување на понудите на следнава локација ЈП Комуналец Кавадарци.
13.2. Понудувачот може да има свој овластен претставник на јавното отворање на понудите, при што овластениот преставник треба на Комисијата да и предаде писмено овластување од понудувачот.
13.3. Комисијата за јавни набавки ќе пристапи кон отворање на понудите доколку е пристигната и само една понуда. Во таков случај нема да се спроведе електронска аукција. Условот за спроведување на електронска аукција е во постапката да се пристигнати најмалку две прифатливи понуди.
14. Критериум за доделување на договорот
14.1 Критериум за доделување на договорот за јавна набавка е најниска цена. За носител на набавката ќе биде избран оној економски оператор кој ќе понуди најниска цена во текот на електронската аукција, а чија понуда претходно е оценета како прифатлива. Во постапка која завршува со спроведување на електронска аукција не се врши бодување на понудите, туку само рангирање на понудувачите според висината на понудените цени.
15. Посебни начини за доделување на договорот за јавна набавка
15.1. Договорот за јавна набавка ќе се додели со примена на постапка со барање за прибирање на понуди со објавување на оглас, која ќе заврши со електронска аукција како последна фаза во постапката.
15.2. Оваа постапка ќе се спроведува со користење на електронски средства преку Електронскиот систем за јавни набавки (ЕСЈН) (xxxxx://xxx.x-xxxxxxx.xxx.xx).
15.3. Подетални информации за користењето на електронски средства: За да можете да учествувате во постапката, потребно е да се регистрирате во ЕСЈН и да поседувате дигитален сертификат. Економскиот оператор се регистрира во ЕСЈН со пополнување на регистрациска форма која е составен дел од ЕСЈН2, по што ЕСЈН автоматски ги обработува податоците од регистрациската форма, генерира шифра и истата ја доставува на регистрираната електронска пошта на економскиот оператор. Повеќе информации за начинот на регистрација и користење на системот ќе најдете во Прирачникот за користење на ЕСЈН наменет за економски оператори, кој можете да го преземете од почетната страна на ЕСЈН во делот „Економски оператори“.
15.4. Подетални информации за електронската аукција: Договорниот орган ќе користи електронска аукција како последна фаза во постапката со барање за прибирање на понуди. Предмет на електронската аукција е вкупната цена вклучувајќи ги сите трошоци и попусти и увозни царини, без ДДВ. Почетна цена на електронската аукција е најниската цена, од прифатливите понуди поднесени во првичната фаза од постапката. Поканите за учество на аукцијата ќе се достават во електронска форма преку ЕСЈН по целосната евалуација на првичните понуди, до сите економски оператори кои доставиле прифатливи понуди во првата фаза од постапката и кои се регистрирани со активиран кориснички профил во ЕСЈН.
Поканата за учество на аукцијата ќе биде електронски испратена во поштенското сандаче на корисничкиот профил на ЕСЈН, на лицето кое ќе поднесе понуда за соодветната постапка по електронски пат. Во поканата за учество на аукцијата ќе бидат содржани следниве податоци: почетната цена на аукцијата, односно најниската цена од првично поднесените понуди почетната цена на квалификуваниот понудувач, односно неговата првично поднесена цена датумот и часот на започнување и завршување на аукцијата; интервалот во кој ќе се спроведува негативното наддавање (минимална и максимална разлика во понудени цени).
Доколку е поднесена само една понуда или само една прифатлива понуда, договорниот орган ќе го покани единствениот понудувач да поднесе конечна цена преку ЕСЈН. Во поканата за поднесување конечна цена се содржани следниве податоци: идентификување на делот на понудата кој ќе биде предмет на поднесување конечна цена, информации кои ќе му бидат достапни пред поднесувањето на конечната цена и временскиот период за поднесување конечна цена. Единствениот понудувач ја поднесува конечната цена во утврденото време само еднаш, а доколку не поднесе конечна цена, првично понудената цена ќе се смета за конечна.
16. Доделување на договорот за јавна набавка
16.1. Договорниот орган, по спроведената електронска аукција како последна фаза во постапката за барање за прибирање на понуди, договорот му го доделува на економскиот оператор чија понуда има најниска цена.
16.2 Доколку две или повеќе понуди имаат иста цена, за најповолен понудувач ќе биде избран оној кој прв ја поднел понудата
16.3 Доколку никој не поднесе нова цена во текот на електронската аукција, а притоа две или повеќе понуди имаат идентична цена,
16.4 Во случај во текот на аукцијата да нема негативно наддавање, договорниот орган може да му го додели договорот за јавна набавка на економскиот оператор чија првична прифатлива понуда има најниска цена.
16.5 По завршувањето на електронската аукција и изборот на најповолен понудувач, доколку предметот на набавката или поединечниот дел се состои од повеќе ставки, цената на секоја од поединечните ставки ќе се пресметува со соодветно намалување кое ќе биде еднакво на процентот на намалување на цената на првичната понуда на избраниот најповолен понудувач (пред електронската аукција) и цената на последната понуда (по завршувањето на аукцијата). / По завршувањето на електронската аукција и изборот на најповолен понудувач, доколку предметот на набавката или поединечниот дел се состои од повеќе ставки, избраниот понудувач ќе има обврска да го распредели намалениот износ на вкупната цена во споредба со првично понудената вкупна цена во рамки на ставките кои се составен дел на предметот на набавка.
17. Известување за доделување на договорот за јавна набавка
17.1 По завршувањето на електронската аукција на јавниот дел од ЕСЈН автоматски се објавува и до сите учесници на аукцијата автоматски се испраќа известување за економскиот оператор кој што поднел најповолна понуда во текот на негативното наддавање. Известувањето е од информативен карактер и не предизвиква правни последици. Исходот од електронската аукција е основ за донесување на одлука за избор на најповолна понуда.
17.2 Избраниот најповолен економски оператор ќе биде известен во електронска форма преку ЕСЈН дека неговата понуда е прифатена, најдоцна во рок од 3 дена од донесувањето на одлуката за избор на најповолна понуда. Во исто време, и сите други економски оператори ќе бидат известени за резултатите од постапката, одлуката кој е најповолен економски оператор како и за причините за неизбор на нивната понуда. Економските оператори што учествувале во постапката имаат право на увид во извештајот од спроведената постапка.
18. Правна заштита
Секој понудувач кој има правен интерес за добивање на договорот за јавна набавка и кој претрпел или би можел да претрпи штета од евентуално прекршување на одредбите од овој закон, може да бара правна заштита против одлуките, дејствијата и пропуштањата за преземање дејствија од страна на договорниот орган во постапката за доделување на договор за јавна набавка, во согласност со условите и постапката предвидени со Законот за јавните набавки. Правото на жалба во постапка која завршува со електронска аукција се остварува по донесување на одлуката за избор на најповолен понудувач или поништување на постапката.
19. Завршување на постапката за доделување на договор за јавна набавка
19.1 Постапката за доделување на договор за јавна набавка завршува на денот на конечноста на одлуката за избор или за поништување на постапката.
Прилог 1 – Образец на понуда
Врз основа на огласот број 50/2018 објавен од страна на ЈП Комуналец Кавадарци, за доделување на договор за јавна набавка на Реконструкција на хлоринаторска станица со спроведување на постапка со барање за прибирање на понуди, со електронска аукција преку Електронскиот систем за јавни набавки (xxxxx://xxx.x-xxxxxxx.xxx.xx), и на тендерската документација, ја поднесуваме следнава:
П О Н У Д А
Дел I – Информации за понудувачот
Дел II – Техничка понуда
I.1. Име на понудувачот: ______________________________________________________
I.2. Контакт информации
Адреса: ______________________________________________________________
Телефон: ____________________________________________________________
Факс: ________________________________________________________________
Е-пошта: _____________________________________________________________
Лице за контакт: _______________________________________________________
I.3. Одговорно лице: __________________________________________________________
I.4. Даночен број: ____________________________________________________________
Дел III – Финансиска понуда
Ред. бр. |
Опис |
Ед. мерка |
Количина |
Ед. Цена без ДДВ |
Вкупна цена без ДДВ |
ДДВ |
ДОЗИРНА СТАНИЦА ЗА ГАСЕН ХЛОР |
||||||
|
||||||
1 |
Набавка на вакуум регулатор |
парче |
2 |
|
|
|
Вакуумски
регулатор до 1,0 kg Cl2/h |
||||||
2 |
Ротаметар |
парче |
1 |
|
|
|
|
||||||
3 |
Набавка
на ѕиден адаптер за монтажа на хлорниот
апарат со хлорен вентил, внатрешно
и надворешно заштитен со дво-компонентна
антикорозивна смеса отпорна на гасен
хлор, |
парче |
2 |
|
|
|
4 |
Набавка на флексибилна цевка со холендар |
парче |
2 |
|
|
|
Флексибилната
цевка треба да ги има следниве
карактеристики: |
||||||
5 |
Набавка на продолжен вентил за гасовит хлор со холендар 1" работен притисок од min 16 bar за приклучок со флексибилна цевка за гасовит хлор според DIN 477 или еквивалентно |
парче |
2 |
|
|
|
6 |
Набавка на вакуумски преклопник за гасен хлор комплет со вакумметар |
парче |
1 |
|
|
|
Вакуумскиот
преклопник треба да е со следниве
карактеристики:
|
||||||
7 |
Набавка на вакуум црево специјално за гасовит хлор d8/d10 mm бела боја |
метар |
100 |
|
|
|
8 |
Дихтунзи за боца, d20.00/8.00x1,50 клингерит или PTFE. |
парче |
500 |
|
|
|
9 |
Реагенс за фотометар Hach II Pocket за мерење на слободен хлор 1/250 |
парче |
2 |
|
|
|
10 |
Сијаличка за процесен турбидиметар Hach 1720 E |
парче |
1 |
|
|
|
11 |
Течност за калибрација на процесен турбидиметар Hach 1720 E, 20 NTU |
литар |
1 |
|
|
|
ДОЗИРНА СТАНИЦА НА ТЕЧЕН ХЛОР |
||||||
12 |
Набавка на мембранска дозирна пумпа за течен хлор со опсег од 0÷6 l/h за пропорционално дозирање |
парче |
2 |
|
|
|
Kапацитет
опсег 0 - 1 l/h |
||||||
13 |
Набавка на електромагнетна дозирна пумпа за течен хлор со опсег од 0÷1l/h за пропорционално дозирање |
парче |
1 |
|
|
|
Kапацитет
опсег 0 - 1 l/h |
||||||
14 |
Набавка на ињекторски сет за течен хлор |
парче |
3 |
|
|
|
Составен
од |
||||||
15 |
Всисна Сонда за течен хлор |
парче |
3 |
|
|
|
Составена
од |
||||||
16 |
Мултифункционален вентил за одржување на притисок |
парче |
2 |
|
|
|
|
||||||
17 |
Сет усисни вентили за дозирна пумпа |
парче |
4 |
|
|
|
18 |
Сет потисни вентили за дозирна пумпа |
парче |
4 |
|
|
|
19 |
Компаратор за течен хлор МН2 со прецизни поделки 0,2:0,4.и 0,6мг/л |
парче |
4 |
|
|
|
|
ВКУПНО |
|
|
|
|
|
|
||||||
Б. Работен час за монтажа/сервис на опрема |
||||||
Ред. бр. |
Опис |
Ед. мерка |
Количина |
Ед. Цена без ДДВ |
Вкупна цена без ДДВ |
ДДВ |
1 |
Работен час |
паушал/ извршена работа |
100 |
|
|
|
РЕКАПИТУЛАР |
|
|
|
|
||
|
Опис |
Вкупна цена без ДДВ |
|
|
|
|
А |
Резервни делови за дозирни станици |
|
|
|
|
|
Б |
Работен час за монтажа/сервис на опрема |
|
|
|
|
|
|
ВКУПНА ЦЕНА (А+Б)* |
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
За секој дел од понудата, понудувачите да достават со понудата и придружна документација како: |
|||||
|
-сертификат од производителот за предметот на набавка кои се нуди, |
|
||||
|
-сертификат и изјава за поседување на сервис, |
|
|
|
|
|
|
- изјава од понудувачот за инсталација, |
|
|
|
|
|
|
- изјава од понудувачот за пуштање во работа, и |
|
|
|
||
|
- изјава од понудувачот за обука на персоналот за понудените инструменти. |
|
||||
|
авторизација од производител за понудената опрема, инструменти. |
|
||||
|
Гаранција на опремата мин 2 години |
|
|
|
|
|
III.1. Вкупната цена на нашата понуда , вклучувајќи ги сите трошоци и попусти, без ДДВ, изнесува: __________________________________________________ [собројки](__________________________________________________________) [со букви] денари. Вкупниот износ на ДДВ изнесува ________________.
III.2. Ги прифаќаме начинот и рокот на испорака утврдени во тендерската документација.
III.3. Нашата понуда важи за периодот утврден во тендерската документација. Се согласуваме со начинот на плаќање утврден во тендерската документација.
III. 4. Со поднесување на оваа понуда, во целост ги прифаќаме условите предвидени во тендерската документација.
Место и датум ___________________________ |
Одговорно лице ___________________________ (потпис) * |
*Овој образец не се потпишува своерачно, туку исклучиво електронски со прикачување на валиден дигитален сертификат чиј носител е одговорното лице или лице овластено од него.
Прилог 2 – Изјава со која понудувачот потврдува дека ги исполнува критериумите за утврдување на личната состојба
И З Ј А В А
Под целосна материјална и кривична одговорност изјавувам дека понудувачот _____________________________________________________________ [се наведува назив на понудувачот] во целост ги исполнува критериумите за утврдување на личната состојба на понудувачите утврдени во законот и во тендерската документација по огласот за доделување на договор за јавна набавка на Реконструкција на хлоринаторска станица објавен од страна на ЈП Комуналец Кавадарци со барање за прибирање на понуди и дека понудувачот ги има на располагање сите документи утврдени во тендерската документација за докажување на исполнувањето на овие критериуми, кои ќе му бидат доставени на договорниот орган доколку нашата понуда биде избрана за најповолна.
Место и датум ___________________________ |
Одговорно лице ___________________________ (потпис) * |
*Овој образец не се потпишува своерачно, туку исклучиво електронски со прикачување на валиден дигитален сертификат чиј носител е одговорното лице или лице овластено од него.
Прилог 3 – Изјава за сериозност на понудата
И З Ј А В А
Јас, долупотпишаниот ______________________________________ [име и презиме], врз основа на член 47 став 1 од Законот за јавните набавки, а во својство на одговорно лице на понудувачот________________________________________________________, изјавувам дека во целост ја гарантирам содржината на понудата и дека понудата е валидна и правно обврзувачка за нас во сите нејзини делови до истекот на периодот на нејзината важност.
Исто така, изјавувам дека сум целосно свесен за последиците од прекршување на оваа изјава во случаите од член 47 став 6 од Законот за јавните набавки, што ќе доведе до издавање негативна референца од страна на договорниот орган против понудувачот во чие име и за чија сметка сум овластен да ја дадам оваа изјава.
Место и датум
___________________________ |
Одговорно лице
___________________________ (потпис) * |
*Овој образец не се потпишува своерачно, туку исклучиво електронски со прикачување на валиден дигитален сертификат чиј носител е одговорното лице или лице овластено од него.
Прилог 4 – Изјава за независна понуда
И З Ј А В А
Јас, долупотпишаниот* ______________________________________ [име и презиме], врз основа на член 129 став 2 од Законот за јавните набавки, а во својство на одговорно лице на понудувачот ______________________________________, под целосна материјална и кривична одговорност изјавувам дека понудата во / понудата за дел 1, 2 3... од _ [да се наведе видот на постапката и договорот за јавна набавка и бројот на огласот/поканата] ја поднесувам независно, без договор со други економски оператори на начин кој не е спротивен на прописите за заштита на конкуренцијата.
Истовремено, под целосна материјална и кривична одговорност изјавувам дека при доставувањето на понудата за постапката бр./ понудата за дел 1, 2 3... од постапката бр. не учествувам со други економски оператори со кои сум капитално, сопственички или роднински поврзан.
Исто така, изјавувам дека сум целосно свесен за последиците од давање на невистинити наводи во изјавата, што може да доведе до поведување на соодветна постапка против понудувачот во чие име и за чија сметка сум овластен да ја дадам оваа изјава.
Место и датум Одговорно лице
_________________ ___________________
(потпис)**
*Изјавата за независна понуда не може да гласи на ниту едно друго лице освен на одговорното лице.
** Овој образец се потпишува електронски со прикачување на валиден дигитален сертификат чиј носител е одговорното лице. Доколку образецот е потпишан од лице овластено за дигитално потпишување, тогаш истиот задолжително треба да е своерачно потпишан од одговорното лице, скениран и на таков формат да биде аплициран дигитален потпис.
1 Доколку е потребно да се издаде негативна референца на групата понудувачи а некој од членовите на групата не е регистриран на ЕСЈН, договорниот орган ќе ја објави негативната референца за сите членови на групата, при што нерегистрираните претходно ќе ги регистрира на ЕСЈН врз основа на доставените податоци од понудата.
2 Линк „Регистрирај се“ во делот „Економски оператори“ на почетната страна на ЕСЈН