ОТВОРЕНА ПОСТАПКА БРOJ 12/2016
ЦАРИНСКА УПРАВА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
ОТВОРЕНА ПОСТАПКА БРOJ 12/2016
ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ЈАВНА НАБАВКА НА КОНТРОЛНИ МАРКИ ЗА ОБЕЛЕЖУВАЊЕ НА ТУТУНСКИ ДОБРА, МЕЃУПРОИЗВОДИ И ЕТИЛ АЛКОХОЛ
ТЕНДЕРСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА ПОСТАПКА КОЈА СЕ СПРОВЕДУВА ВО ХАРТИЕНА ФОРМА И ЗАВРШУВА СО Е-АУКЦИЈА
Скопје, септември 2016 година
ПОКАНА ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ ПОНУДА
Почитувани,
Договорниот орган Царинска управа на Република Македонија, со адреса на ул.,,Лазар Личеноски’’ бр.13, 1000 Скопје, Република Македонија; телефон за контакт: xx000 0 0000 000; електронска адреса: info@customs. xxx.xx; има потреба од јавна набавка на контролни марки за обележување на тутунски добра, меѓупроизводи и етил алкохол, согласно техничката спецификација во прилог на оваа тендерска документација.
За таа цел, договорниот орган спроведува постапка за доделување на договор за јавна набавка на стоки со отворена постапка, во согласност со член 21 од Законот за јавните набавки („Службен весник на Република Македонија“ бр.27/15, 78/15, 192/15, 27/16 и 120/16), за што објави оглас број 12/2016.
Ве молиме да ни ја доставите Xxxxxx понуда за горенаведениот предмет на договорот за јавна набавка најдоцна до 12.10.2016 година, до 12:00 часот (по локално време) по пошта на горната адреса или лично со поднесување во архивата на договорниот орган, ул. ,,Лазар Личеноски” бр.13, 1000 Скопје, Република Македонија.
Со оваа покана Ви доставуваме тендерска документација која ги содржи сите информации кои ќе Ви помогнат за изработка на понудата. Тендерската документација се состои од следните делови: инструкции за економските оператори, техничка спецификација, задолжителни одредби што ќе ги содржи договорот за јавна набавка, модел на договор, изјава за нeзависна понуда, образец за општи информации, образец на листа на доверливи информации и образец на понудата.
Отворањето на понудите ќе биде јавно и ќе се одржи на ден 12.10.2016 година, во 12:00 часот (по локално време), во просториите на Царинска управа на Република Македонија, ул.,,Лазар Личеноски” бр.13, 1000 Скопје, Република Македонија.
Однапред благодариме на соработката.
Во Скопје 02.09.2016 година
Царинска управа на Република Македонија
I. ИНСТРУКЦИИ ЗА ЕКОНОМСКИТЕ ОПЕРАТОРИ
1. ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ
1.1 Дефиниции
1.1.1 Одредени поими употребени во оваа тендерска документа- ција го имаат следново значење:
- „Договор за јавнa набавкa“ е договор од финансиски интерес склу- чен во писмена форма меѓу договорниот орган од една страна и носителот на набавката од друга страна, а чиј предмет е изведување на работи, испорака на стоките или обезбедување на услуги кои претставуваат предмет на договорот;
- „Постапка за доделување на договор за јавна набавка“ е постапка што ја спроведува договорниот орган, чија цел или дејство е купување или стекнување на стоки, услуги или работи;
- „Отворена постапка“ е постапка во која секој економски оператор има право да поднесе понуда;
- „Електронска аукција“ е повторлив процес на негативно наддавање кој се реализира по првична целосна евалуација на понудите, во кој понудувачите имаат можност, исклучиво со користење на електронски средства, да ги ревидираат дадените цени или да подобрат одредени елементи од понудата, така што рангирањето се врши автоматски со помош на електронски средства;
- „Тендерска документација“ е збир на документи, информации и услови кои претставуваат основа за изготвување, доставување и оценување на пријавата за учество, односно понудата;
- „Техничка спецификација“ е збир на технички услови, прописи, препораки и стандарди со кои детално се дефинираат минималните барања од технички аспект кои стоките, услугите или работите предмет на договорот за јавна набавка треба да ги задоволат;
- „Економски оператор“ е секое физичко или правно лице или група на такви лица кои на пазарот нуди стоки, услуги или работи;
- „Поврзан економски оператор“ е економски оператор:
▪ врз кој економскиот оператор со кој е поврзан има доминантно влијание,
▪ кој има доминантно влијание врз економскиот оператор со кој е поврзан или
▪ кој заедно со економскиот оператор со кој е поврзан е предмет на доминантно влијание од страна на трет субјект;
- „Доминантно влијание“ е кога:
▪ едниот економски оператор директно или индиректно е сопственик на повеќе од половина од капиталот во дру- гиот економски оператор и на тој начин го контролира мнозинството гласови врз основа на акциите или удели- те издадени од страна на другиот економски оператор и може да назначи повеќе од половина членови во органите на управување или во надзорниот одбор на другиот економски оператор или
▪ постои роднинска поврзаност помеѓу основачите на двата економски оператори до втор степен.
- „Понудувач“ е секој економски оператор кој поднел понуда;
- „Понуда“ е предлог од понудувачот изготвен врз основа на тен- дерската документација и претставува основа за доделување на договорот за јавна набавка;
- „Техничка понуда“ е дел од понудата со која се докажува исполну- вањето на поставените технички барања и услови од тендерската документација;
- „Финансиска понуда“ е дел од понудата во кој се содржани пону- дените цени согласно со условите од тендерската документација;
- „Алтернативна понуда“ е понуда со која се нудат поинакви карак- теристики на предметот на договорот за јавна набавка од оние утврдени во тендерската документација;
- „Носител на набавката“ е понудувач или група на понудувачи кои склучиле договор за јавна набавка;
- „Евалуација на понуда“ е оцена на поднесена понуда во постапката за доделување на договор за јавна набавка;
- „Прифатлива понуда“ е понуда која е поднесена во утврдениот рок и за која е утврдено дека во потполност ги исполнува сите барања од тендерската документација и техничките спецификации и од- говара на сите критериуми, условите и евентуалните барања за способноста на понудувачите;
- „Соодветна понуда“ е прифатлива понуда која е во рамки на изно- сот што го утврдил договорниот орган со одлуката за јавна набавка или што може да го дообезбеди согласно со член 28 став (4) од Законот за јавните набавки;
- „Одговорно лице на договорен орган“ е функционер кој раководи со државен орган, градоначалник на единицата на локалната самоуправа или директор на правно лице, односно лице овластено од него;
- „Електронски средства“ е користење на електронска опрема за обработка и чување на податоци (вклучувајќи и дигитална компре- сија), кои се пренесени, испорачани и примени преку кабелски, радио или оптички средства или преку други електромагнетни средства;
- „Електронски систем за јавни набавки“ е единствен компјутери- зиран систем достапен на интернет, кој се користи со цел да се овозможи поголема ефикасност и економичност во областа на јав- ните набавки;
- „Писмено или во писмена форма“ e секој израз кој се состои од зборови или бројки кои можат да се прочитаат, умножат и допол- нително да се соопштат, како и информации кои се пренесуваат и чуваат со помош на електронски средства под услов сигурноста на содржината да е обезбедена и потписот да може да се иден- тификува;
- ,,Вишоци на работи“ се количества на изведени работи што ги преминуваат договорените количества на работи согласно описот од предмерот и пресметката;
- ,,Xxxxxx на работи“ се негативни отстапувања на изведените работи во однос на договорените количества на работи согласно описот од предмерот и пресметката;
- „Непредвидени работи“ се оние работи што со договорот не се опфатени, а кои мораат да се изведат заради пропусти и недостатоци во проектот утврдени од надзорниот орган и од проектантот, како и заради други работи утврдени со закон;
- „Дополнителни работи“ се оние работи што не се договорени, а договорниот орган бара да се изведат;
- „Профил на економски оператор“ е функционалност на Елек- тронскиот систем за јавни набавки со која се олеснува докажу- вањето на исполнетоста на одредени критериуми за утврдување способност од страна на регистрираните економски оператори.
1.2 Договорен орган
1.2.1 Договорен орган е Царинска управа на Република Македонија, со седиште на адреса: xx. ,,Лазар Личеноски” бр.13, 1000 Скопје, Република Македонија; телефон: xx000 0 0000 000; факс: xx000 0 0000 000; електронска адреса: xxxx@xxxxxxx.xxx.xx; интернет адреса: xxx.xxxxxxx.xxx.xx.
1.2.2 Лица за контакт кај договорниот орган се Весна Змајшек и Xxxxxxx Xxxxxxxx, телефон: xx000 0 0000 000, електронска пошта: xxxxx.xxxxxxx@xxxxxxx.xxx.xx и xxxxxxx.xxxxxxxx@xxxxxxx.xxx.xx.
1.3 Предмет на договорот за јавна набавка
1.3.1 Предмет на договорот за јавна набавка е набавка на контролни марки за обележување на тутунски добра, меѓупроизводи и етил алкохол за временски период од 3 (три) години. Детален опис на предметот на договорот е даден во техничката спецификација во прилог на оваа тендерската документација и истата е составен дел на тендерската документација.
1.3.2 Предметот на договорот е деллив на делови и тоа:
ДЕЛ 1 – Набавка на контролни марки за обележување на тутунски добра ДЕЛ 2 – Набавка на контролни марки за обележување на меѓупроизводи и етил алкохол
Понудувачот може да даде понуда за еден или за сите делови од предметот на договорот за јавна набавка. Понудувачот не може да ги дели составните елементи на поединечниот дел. За секој поединечен дел од предметот на договорот ќе се спроведе посебна електронска аукција преку електронскиот систем за јавни набавки (xxxxx://xxx.x-xxxxxxx.xxx.xx). Предмет на секоја аукција ќе биде вкупната цена вклучувајќи ги сите трошоци и попусти и увозни царини, без ДДВ за секој дел од предметот на договорот за јавна набавка.
1.4 Вид на постапка за доделување на договор за јавна набавка
1.4.1 Договорот за јавна набавка ќе се додели со примена на отворена постапка, која ќе заврши со електронска аукција како последна фаза во постапката.
1.4.2 Оваа постапка нема да се спроведува со користење на електронски средства преку Електронскиот систем за јавни набавки (ЕСЈН), освен во делот на електронската аукција која задолжително се спроведува преку ЕСЈН (xxxxx://xxx.x-xxxxxxx.xxx.xx).
1.4.3 Подетални информации за користењето на електронски средства: За да можете да учествувате на електронската аукција, потребно е да се регистрирате во ЕСЈН. Економскиот оператор се регистрира во ЕСЈН со пополнување на регистрациска форма која е составен дел од ЕСЈН1 , по што ЕСЈН автоматски ги обработува податоците од регистрациската форма, генерира шифра и истата ја доставува на регистрираната електронска пошта на економскиот оператор. Повеќе информации за начинот на регистрација и користење на системот ќе најдете во Прирачникот за користење на ЕСЈН
1 Линк „Регистрирај се“ во делот „Економски оператори“ на почетната страна на ЕСЈН
наменет за економски оператори, кој можете да го преземете од почетната страна на ЕСЈН во делот „Економски оператори“.
1.4.4 Подетални информации за електронската аукција: Договорниот орган ќе користи електронска аукција како последна фаза во отворената постапка. Предмет на електронската аукција е вкупната цена вклучувајќи ги сите трошоци и попусти и увозни царини, без ДДВ. Почетна цена на електронската аукција е најниската цена од прифатливите понуди подне- сени во првичната фаза од постапката. Поканите за учество на аукцијата ќе се достават во електронска форма преку ЕСЈН по целосната евалуација на првичните понуди, до сите економски оператори кои доставиле прифатливи понуди во првата фаза од постапката и кои се регистрирани во ЕСЈН.
Поканата за учество на аукцијата ќе биде електронски испратена во поштенското сандаче на корисничкиот профил на ЕСЈН на лицето за контакт наведено во Образецот за понуда кое претходно е регистрирано во ЕСЈН.
Во поканата за учество на аукцијата ќе бидат содржани следниве податоци: почетната цена на аукцијата, односно најниската цена од првично поднесените понуди; датумот и часот на започнување и завршување на аукцијата; интервалот во кој ќе се спроведува негативното наддавање (минимална и максимална разлика во понудени цени).
Доколку е поднесена само една понуда или само една прифатлива понуда, договорниот орган ќе го покани единствениот понудувач да поднесе конечна цена преку ЕСЈН. Во поканата за поднесување конечна цена се содржани следниве податоци: идентификување на делот на понудата кој ќе биде предмет на поднесување конечна цена, информации кои ќе му бидат достапни пред поднесувањето на конечната цена и временскиот период за поднесување конечна цена. Единствениот понудувач ја поднесува конечната цена во утврденото време само еднаш, а доколку не поднесе конечна цена, првично понудената цена ќе се смета за конечна.
1.5 Посебни начини за доделување на договорот за јавна набавка
1.5.1 Оваа постапка ќе заврши со доделување на договор за јавна набавка, односно нема да се користи посебниот начин за доделување на договорот со рамковна спогодба.
1.5.2 Oваа постапка ќе заврши со спроведување на електронска аукција.
1.6 Применливи прописи
1.6.1 Оваа постапка се спроведува согласно со Законот за јавните набавки објавен во „Службен весник на Република Македонија“ број 27/15, 78/15 , 192/15, 26/16 и 120/16, како и донесените подзаконски акти.
1.6.2 При подготовка на својата понуда, понудувачот треба да ги има предвид важечките прописи од областа на даноците и другите јавни давачки, работните односи, работните услови и заштитата при работа и прописите кои ја регулираат материјата која е предмет на набавка. Сите прописи може да се најдат во соодветните изданија на Службен весник на Република Македонија. Дополнителни податоци во однос на важечките прописи од горенаведените области, понудувачот може да добие од Управата за јавни приходи, Царинската управа и Министерството за финансии (за даноците и другите јавни давачки), Министерството за труд и социјална политика (за работните односи, работните услови и заштитата при работа).
1.7 Извор на средства
1.7.1 Извор на средствата за реализација на договорот за јавна набавка кој е предмет на оваа постапка е Буџетот на Република Македонија.
1.8 Право на учество
1.8.1 Економскиот оператор кој има една или повеќе негативни референци, групата економски оператори во која членува економски оператор кој има негативна референца, како и економскиот оператор кој претставува поврзано друштво со економскиот оператор кој има негативна референца, нема право на учество.
1.8.2 Право да достави понуда има секое заинтересирано домашно и странско правно и физичко лице - понудувач, кое е регистрирано за вршење на дејноста поврзана со предметот на договорот за јавна набавка.
1.8.3 Право да достави понуда има и група на понудувачи без обврска за здружување во соодветна правна форма. Договорниот орган нема да бара од групата на понудувачи да се здружи во посебна правна форма доколку истата биде избрана за носител на набавката.
1.8.4 Составен дел од групната понуда е договор за поднесување групна понуда со кој членовите во групата економски оператори меѓусебно и кон договорниот орган се обврзуваат за извршување на договорот за јавна набавка. Овој договор задолжително треба да ги содржи следниве податоци:
− членот на групата кој ќе биде носител на групата, односно кој ќе ја поднесе понудата и ќе ја застапува групата пред договорниот орган,
− членот на групата кој во име на групата економски опеаратори ќе ја обезбеди гаранцијата на понудата во форма на банкрска гаранција или депонирани средства,
− членот на групата кој во име на групата економски опеаратори ќе го потпише договорот за јаван набавка,
− членот на групата кој ќе ја издаде фактурата и сметка на која ќе се вршат плаќањата,
− краток опис на обврските на секој од членовите на групата економски опеартори за извршување на договорот,
1.8.5 Сите членови на групата на понудувачи се поединечно и солидарно одговорни пред договорниот орган за извршување на своите обврски. Договорниот орган ќе комуницира со претставникот на групата на понудувачи.
Напомена: Во моментот на поднесување на групна понуда, најмалку носителот на групата треба да биде регистриран на ЕСЈН2.
1.8.6 Член во групата економски опеартори не може да се повлече од групата економски оператори до склучување на договорот за јавна нбавка доколку:
− е носител на групата еконономски оператори,
− ја обезбедува гаранцијата на понудата во форма на банкарска гаранција или депонирани средства,
− групата на економски оператори не може да го докаже исполнувањето на критериумите за утврдување на способност што се барале во постапката без тој член или
− другите членови од групата солидарно не ги превземаат обврските на членот од групата кој сака да се повлече од групата економски оператори.
Повлекувањето на член од групата економски опрератори спротивно на наведеното од претходниот став се смета за повлекување на групната понуда .
1.8.7 Економскиот оператор во рамките на иста постапка за доделување на договор за јавна набавка може да учествува само во една понуда. Сите понуди ќе бидат отфрлени ако економскиот оператор:
- учествува во повеќе од една самостојна и/или како член во групна понуда или
- учествува како подизведувач во друга самостојна и/или како член во групна понуда.
1.8.8 Економскиот оператор може да учествува како подизведувач во повеќе од една понуда.
1.8.9 Понудувачот може да ангажира подизведувачи. Доколку економската и финансиската состојба, како и техничката или професионалната способност на понудувачот не е поддржана од други
2 Доколку е потребно да се издаде негативна референца на групата понудувачи а некој од членовите на групата не е регистриран на ЕСЈН, договорниот орган ќе ја објави негативната референца за сите членови на групата, при што нерегистрираните претходно ќе ги регистрира на ЕСЈН врз основа на доставените податоци од понудата.
субјекти во вид на подизведувачи, тој нема обврска да доставува документација за утврдување на способност од подизведувачите. Во спротивно, ќе се постапи согласно со членовите 151 и 154 од Законот за јавните набавки, без оглед на тоа дали другите субјекти се јавуваат како подизведувачи или не.
1.8.10 Доколку понудувачот има намера дел од договорот за јавна набавка да го отстапи на еден или повеќе подизведувачи, во понудата мора да наведе податоци за делот од договорот кој има намера да го отстапи на подизведувачи, како и податоци за сите предложени подизведувачи (фирма, седиште, единствен даночен број и слично). Понудувачот е одговорен пред договорниот орган за извршување на договорот за јавна набавка, без оглед на бројот на подизведувачите.
1.8.11 Лицата кои учествувале во изработка на тендерската документација не смеат да бидат понудувачи или членови во група на понудувачи во постапката за доделување на договорот.
1.9 Трошоци за поднесување на понуда
1.9.1 Економскиот оператор ги сноси сите трошоци поврзани со подготовката и со доставувањето на понудата, а договорниот орган не е одговорен за тие трошоци без оглед на водењето и на исходот од постапката за доделување на договор за јавна набавка.
1.10 Критериум за доделување на договорот за јавна набавка
1.10.1 Критериум за доделување на договорот за јавна набавка е најниска цена. За носител на набавката ќе биде избран оној економски оператор кој ќе понуди најниска цена во текот на електронската аукција, а чија понуда претходно е оценета како прифатлива. Во постапка која завршува со спроведување на електронска аукција не се врши бодување на понудите, туку само рангирање на понудувачите според висината на понудените цени.
1.10.2 Евалуацијата на понудите ќе се врши согласно со Методологијата за изразување на критериумите за доделување на договорот за јавна набавка во бодови („Службен весник на Република Македонија“ бр. 41/08).
1.11 Спречување на судир на интереси
1.11.1 За спречување на судир на интересите во постапките за доде- лување на договори за јавни набавки соодветно се применуваат одредбите од Законот за спречување судир на интереси.
1.11.2 Носителот на набавката не смее, при извршување на договорот за јавна набавка, да ангажира лица кои биле вклучени во евалуација на понудите поднесени во постапка за доделување на договор за јавна набавка, во времетраење на договорот. Во тој случај договорот се смета за ништовен.
1.11.3 Во постапката за доделување договор за јавна набавка, претсе- дателот, заменикот на претседателот, членовите и замениците на членовите на комисијата за јавна набавка, како и одговорното лице потпишуваат изјава за непостоење судир на интереси која претставува дел од досието од спро- ведена постапка.
1.11.4 Во случај на судир на интереси кај претседателот, неговиот заменик, членовите и нивните заменици во комисијата за јавна набавка, истите се повлекуваат од работа на комисијата и се заменуваат со други лица.
1.11.5 Во случај на судир на интереси кај одговорното лице, истото со посебно решение овластува друго лице од редот на функционерите или вра- ботените кај договорниот орган да ги донесе соодветните одлуки и да го пот- пише договорот.
1.12 Начин на комуникација
1.12.1 Секое барање, информација, известување и други документи во постапката се испраќаат во писмена форма. Секој документ се евидентира во моментот на испраќање, односно во моментот на примање.
1.12.2 Документите, освен понудата, се испраќаат (потпишани и скенирани) со електронски средства (е-mail), и/или по пошта на барање на Комисијата за јавна набавка.
1.12.3 Начинот на поднесување на понудата е утврден во точка 4.8 и точка 4.9 од Инструкциите за понудувачите.
1.13 Информации од доверлив карактер
1.13.1 Договорниот орган ќе ги заштити информациите кои економскиот оператор ги има означено како доверливи, особено кога станува збор за деловна тајна или права од интелектуална сопственост, освен во случаите каде по сила на закон договорнот орган е должен да ги достави овие информации до надлежните органи (во случај на жалбена постапка, поведување на управен спор и слично). За таа цел, економскиот оператор треба да направи листа на доверливи информации со користење на Образецот на листа на доверливи информации во прилог на оваа тендерска документација, и истата да ја достави заедно со својата понуда.
1.13.2 Доколку економскиот оператор не ја достави листата на доверливи информации заедно со својата понуда, договорниот орган ќе смета дека предметната понуда не содржи информации од доверлив карактер.
1.13.3 Цената на понудата не се смета за доверлива информација во ниту еден случај.
2. СПОСОБНОСТ НА ЕКОНОМСКИТЕ ОПЕРАТОРИ
2.1 Начин на докажување на способноста
2.1.1 Со понудата економскиот оператор задолжително треба да достави придружна документација со која ќе ги докаже:
− личната состојба,
− способноста за вршење професионална дејност,
− техничката или професионалната способност,
− стандарди за систем на квалитет
2.1.2 Бараната документација се поднесува во оригинал или во копија заверена од економскиот оператор со потпис на одговорното лице, со назнака ,,Верно на оригиналот“.
2.1.3 При проверката на комплетноста и валидноста на документацијата за утврдување на способноста на економскиот оператор и при евалуација на понудата, Комисијата задолжително бара од понудувачите да ги појаснат или дополнат документите за утврдување способност во рок од 10 (десет) работни дена од крајниот рок за поднесување на понудите.
2.1.4 Бараното објаснување економскиот оператор го доставува во писмена форма во рокот кој го определил договорниот орган, а кој не смее да е покус од 5 (пет) работни xxxx,,од денот на приемот на барањето од страна на понудувачот.
2.1.5 Никакви промени во понудата, освен исправката на аритметички грешки, не смеат да се бараат, нудат или да се допуштат од страна на комисијата или од економскиот оператор.
2.1.6 Во случај на група економски оператори, сите членови на групата поединечно ја докажуваат својата лична состојба и способноста за вршење професионална дејност.
2.2 Лична состојба
2.2.1 Договорниот орган ќе го исклучи од постапката за доделување на договор за јавна набавка секој економски оператор:
- на кој во последните 5 години му била изречена правосилна пре- суда за учество во злосторничка организација, корупција, измама или перење пари;
- кој е во постапка на стечај или во постапка на ликвидација;
- кој има неплатени даноци, придонеси и други јавни давачки, освен ако на економскиот оператор му е одобрено одложено плаќање на даноците, придонесите или другите јавни давачки во согласност со посебните прописи и истите редовно ги плаќа;
- на кој му е изречена споредна казна забрана за учество во постап- ки за јавен повик, доделување на договори за јавна набавка и до- говори за јавно приватно партнерство;
- на кој му е изречена споредна казна привремена или трајна заб- рана за вршење на одделна дејност;
- кому му е изречена прекршочна санкција - забрана за вршење на професија, дејност или должност, односно привремена забрана за вршење одделна дејност и
- кој дава лажни податоци или не ги доставува податоците што ги барал договорниот орган.
2.2.2 За докажување на својата лична состојба, економскиот оператор ги доставува следниве документи:
- изјава на економскиот оператор дека во последните 5 години не му била изречена правосилна пресуда за учество во злосторничка организација, корупција, измама или перење пари;
- потврда дека не е отворена постапка за стечај од надлежен орган;
- потврда дека не е отворена постапка за ликвидација од надлежен орган;
- потврда за платени даноци, придонеси и други јавни давачки од надлежен орган од земјата каде економскиот оператор е реги- стриран или доказ за одобрено одложено плаќање на истите;
- потврда од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица дека не му е изречена споредна казна забрана за учество во постапки за јавен повик, доделување на договори за јавна набавка и договори за јавно-приватно партнерство,
- потврда од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица дека не му е изречена споредна казна привремена или трајна забрана за вршење на одделна дејност и
- потврда дека со правосилна пресуда не му е изречена прекршочна санкција - забрана за вршење на професија, дејност или должност, односно привремена забрана за вршење одделна дејност.
2.2.3 Изјавата од алинеја 1 од потточка 2.2.2 ја изготвува и потпишува самиот економски оператор и истата не мора да биде заверена од надлежен орган.
2.2.4 Потврдите дека не е отворена постапка за стечај и постапка за ликвидација, како и потврдите од регистарот на казни за сторени кривични дела од xxxxxxx 5 и 6 од потточка 2.2.2, ги издаваат надлежни органи во земјата каде е регистриран економскиот оператор. Во Република Македо- нија надлежен орган за издавање на овие потврди е Централниот регистар на Република Македонија.
2.2.5 Потврдата за платени даноци, придонеси и други давачки ја издава надлежен орган од земјата каде е регистриран економскиот оператор Во Република Македонија надлежен орган за издавање на оваа потврда е Управата за јавни приходи.
2.2.6 Потврдата од алинеја 7 од потточка 2.2.2 ја издава надлежниот орган во државата каде е регистриран економскиот оператор. Во Република Македонија надлежен орган за издавање на оваа потврда е Централниот регистар на Република Македонија.
2.2.7 Документите од потточка 2.2.2 не смеат да бидат постари од 6 (шест) месеци сметано од крајниот рок за доставување на понудите наназад.
2.2.8 Ако земјата во која е регистриран економскиот оператор не ги издава документите наведени во потточка 2.2.2 или ако тие не ги опфаќаат сите погоренаведени случаи, економскиот оператор може да достави изјава заверена кај надлежен орган.
2.3 Способност за вршење на професионална дејност
2.3.1 За да ја докаже способноста за вршење на професионална деј- ност, економскиот оператор треба да достави документ за регистрирана дејност како доказ дека е регистриран како физичко или правно лице за вршење на дејноста поврзана со предметот на договорот за јавна набавка или доказ дека припаѓа на соодветно професионално здружение согласно со прописите на земјата каде што е регистриран .
2.4 Техничка или професионална способност
2.4.1 За да се квалификува како способен за извршување на предметниот договор за јавна набавка од аспект на неговата техничка или професионална способност, економскиот оператор треба да ги исполнува следниве минимални услови ( за ДЕЛ 1 и дел 2):
− За последните 3 години да има искуство најмалку 1 (еднa) испорака на испечатени производи со хартија со имплементирани заштити и холограмска лента со имплементирани заштити.
− Да поседува техничка опременост со опрема со која ќе може да го изврши квалитетно и навремено предметот на набавка.
− Кадровска опременост соодветна на предметот на набавка.
2.4.2 Економскиот оператор го докажува исполнувањето на минималните услови од точка 1 од Техничка или професионална способност на понудувачот, со доставување на:
− Листа на главни испораки на испечатени производи на кои се искористени хартија со имплементирани заштити и холограмска лента со имплементирани заштити извршени во последните 3
години, со приложување на најмалку една потврда за навремено извршена испорака или доколку таква потврда неможе да се обезбеди вон контрола на економскиот оператор само со изјава за извршена испорака.
− Список на машини и друга опрема со кои ќе се врши целиот процес на печатење до подготовката за финална испорака на контролните марки, со точен опис на нивниот тип, вид и марка.
− Изјава за ангажиран соодветен персонал.
2.4.3 Документите наведени во потточка 2.4.2 (освен потврдите) ги изготвува и потпишува самиот економски оператор и тие не мора да бидат заверени од надлежен орган.
2.4.4 Документите кои се поднесуваат во копија мора да се заверени од економскиот оператор со потпис на одговорното лице и со назнака “Верно на оригиналот“.
2.4.5 Техничката и професионалната способност на економскиот оператор може да биде поддржана од друг субјект, без оглед на правните врски меѓу економскиот оператор и тој субјект, освен во делот на референтната листа и претходно склучените договори.
Ако економскиот оператор ја докажува својата техничка и професионална способност повикувајќи се на поддршката од друг субјект тој е должен да ја докаже поддршката со xxxxxxx доказ дека тој субјект ќе му ги стави на располагање на економскиот оператор соодветните технички и професионални ресурси.
Против субјектот кој ја обезбедува техничка или професионална поддршка не смее да е изречена правосилна пресуда за учество во криминална организација, корупција, измама или за перење на пари.
2.4.6 Ако економски оператори поднесат понуда како група на економски оператори, техничката и професионалната способност се докажува со земање предвид на ресурсите на сите членови на групата.
Ако групата на економски оператори настапува со техничка или професионална поддршка од трет субјект или трети субјекти, техничката и професионалната способност се утврдува согласно наведеното во потточка 2.4.5.
2.5 Стандарди за системи за квалитет
2.5.1 За да се квалификува како способен за извршување на предметниот договор за јавна набавка од аспект на стандардите за системи на квалитет, економскиот оператор треба да ги исполнува следниве стандарди ( за Дел 1 и Дел 2):
- Имплементирани стандарди за системи за квалитет ISO 9001
2.5.2 Економскиот оператор го докажува исполнувањето на стандардите од подточка 2.5.1 со доставување на:
- Валидна копија од Сертификат ISO 9001
3. ПОЈАСНУВАЊЕ, ИЗМЕНА И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ТЕНДЕРСКАТА ДОКУМЕНТАЦИЈА
3.1 Појаснување на тендерската документација
3.1.1 Економскиот оператор може да побара појаснување на тендер- ската документација од договорниот орган, исклучиво во писмена форма, најдоцна 6 (шест) дена пред крајниот рок за поднесување понудите.
3.1.2 Појаснувањето договорниот орган ќе го достави до сите економски оператори што превзеле тендерска документација, без при тоа, да се идентификува економскиот оператор што побарал појаснување.
3.1.3 Појаснувањето, договорниот орган ќе го достави преку Електронскиот систем за јавни набавки (ЕСЈН) преку модулот „Одговор на прашања во хартиена форма“, при што откако ќе се објави одговорот, за истиот ќе биде доставена нотификација до сите економски оператори кои превзеле тендерска документација.
3.2 Измена и дополнување на тендерската документација
3.2.1 Договорниот орган го задржува правото најдоцна 6 (шест) дена пред истекот на крајниот рок за поднесување на понудите, по свое наоѓање или врз основа на прашања за објаснување поднесени од страна на понудувачите, да ја измени или да ја дополни тендерската документација, за што веднаш ќе ги извести сите економски оператори што неа ја подигнале.
3.2.2 Во случај на измена на тендерската документација, договорниот орган ќе го продолжи крајниот рок за доставување на понудата за најмалку 6 (шест) дена.
3.2.3 Во случај на измена и дополнување на тендерската документација објавена на ЕСЈН како и продолжување на крајниот рок, договорниот орган е должен да ја објави направената измена преку ЕСЈН, по што сите економски оператори што презеле тендерска документација до моментот на измената ќе добијат автоматско електронско известување дека е објавена измена за конкретниот оглас.
4. ПОДГОТОВКА И ПОДНЕСУВАЊЕ НА ПОНУДИТЕ
4.1 Содржина на понудата
4.1.1 Понудата треба да биде подготвена врз основа на оригиналната тендерска документација и се состои од следниве елементи:
- пополнет образец на понуда составен од ОПШТ ДЕЛ и ТЕХНИЧКА И ФИНАНСИСКА ПОНУДА ;
- договор за групна понуда (задожително се доставува заедно со понудата, само во случај на групна понуда),
- документи за утврдување на личната состојба наведени во точка
2.2. од тендерската документација;
- документ за утврдување на способноста за вршење на професи- онална дејност наведени во точка 2.3 од тендерската документација;
- докази за утврдување на техничката или професионалната спо- собност наведени во во точка 2.4 од тендерската документација;
- доказ за исполнување на стандардите за системи за квалитет, наведен во точка 2.5 од тендерската документација
- гаранција на понудата;
- изјава за независна понуда (во случај на групна понуда, секој член на групата на понудувачи ја поднесува изјавата за независна понуда за својот субјект/правно лице, односно самостојно);
- пополнет образец за општи информации (во случај на групна понуда образецот со општи информации се пополнува за секој член на групата на економски оператори),
- пополнет образец на листа на доверливи информации (образецот не мора да се доставува ако нема доверливи информации).
4.1.2 Економскиот оператор понудата ја изготвува и доставува врз основа на образецот на понуда даден во оваа тендерска документација.
Доколку на дадениот образец на понуда во оваа тендерска документација економскиот оператор не може целосно и сеопфатно да ја изрази својата понуда, може да користи друг образец на која ќе ја достави својата понуда под услов таквиот образец да ги содржи сите елементи од образецот на понуда даден во оваа тендерска документација.
Понудата поднесена на образец на понуда кој не ги содржи сите елементи согласно тендерската документација и која не е потпишана своерачно ќе биде отфрлена како неприфатлива.
Доколку тендерската документација врз основа на која се изготвува, доставува и оценува понудата, освен на македонски се подготви и на англис- ки јазик, македонската верзија на тендерската документација ќе се смета за валидна во случај на несовпаѓање на податоците во истата.
4.1.3 Доколку понудувачот има намера дел од договорот за јавна набавка да го отстапи на еден или повеќе подизведувачи, во понудата мора
да наведе податоци за делот од договорот кој има намера да го отстапи на подизведувачи, како и податоци за сите предложени подизведувачи (фирма, седиште, единствен даночен број и слично). Понудувачот е одговорен пред договорниот орган за извршување на договорот за јавна набавка, без оглед на бројот на подизведувачите.
4.2 Јазик на понудата
4.2.1 Понудата, како и целата кореспонденција и документи поврзани со понудата се доставува на македонски јазик.
4.2.2 При изразување на цената со букви, странскиот економски опе- ратор во делот на понудата може да се послужи со англиски јазик.
4.2.3 Придружната, печатена литература може да биде и на друг јазик. Договорниот орган го задржува правото во фазата на евалуација на понудите да побара од понудувачот да изврши превод на печатената литература која е поднесена на друг јазик.
4.3 Цена на понудата
4.3.1 Економскиот оператор во листата на цени ја внесува цената за секој дел поединечно.
4.3.2 Понудената цена треба да ги вклучува сите трошоци и попусти на економскиот оператор, да биде искажана без данок на додадена вредност кој се искажува посебно. Понудената цена треба да ги вклучува и увозните царини доколку ги има, како и сите трошоци за тричлената комисија од Царинска управа (превоз, престој и дневни трошоци) која ќе врши финална верификација (одобрување) пред печатење на контролните марки, како и трошоците за вработените кои ќе вршат најмалку квартални контроли на процесот на производство . Оттука, предмет на евалуација ќе биде вкупната понудена цена со вклучени увозни царини без ДДВ.
Доколку дојде до измени и дополнувања на законските и/или подзаконските одредби кои што ја регулираат оваа материја, економскиот оператор се обврзува во периодот на траење на договорот без дополнителен надомест и на свој трошок да изврши соодветни измени и усогласување на предметот на набавка а кои се последица на измени во законските прописи и/или подзаконските одредби со кои се регулира доменот на акцизното работење во Република Македонија.
4.3.3 Цената на понудата се пишува со бројки и букви. (Доколку понудата е поднесена од странски економски оператор, цената на понудата покрај со бројки, се пишува и со букви на англиски јазик.)
4.3.4 Доколку одделна понуда содржи невообичаено ниска цена која е значително пониска од реалната пазарна цена што предизвикува сомнеж дека договорот ќе биде извршен, договорниот орган од понудувачот бара во
писмена форма и пред одбивање на понудата, детали околу понудата за кои смета дека се важни и ги проверува доказите што биле доставени за оправдување на цената на понудата.
Ако економскиот оператор не успее да објасни на писмено, кои се причините за таквата цена во рок од 5 (пет) дена од датумот на поднесување на барањето, или пак ако Комисијата не ги прифати неговите причини, понудата ќе биде отфрлена.
4.4 Валута на понудата
4.4.1 Цената на понудата се изразува во денари или во евра. Македонскиот денар ќе се користи како валута за евалуација на понудите. Курсната листа која ќе се користи е курсната листа на Народната банка на Република Македонија, а курсевите за размена се оние кои важеле 14 дена пред крајниот рок за поднесување на понудите.
4.5 Период на важност на понудата
4.5.1 Понудите треба да важат најмалку 365 дена од денот на јавно отворање за чие времетраење понудата во сите нејзини елементи е обвр- зувачка за понудувачот. Доколку денот на отворањето на понудата е нера- ботен, периодот на важноста на понудата се смета од наредниот работен ден. Понудата што важи за пократок период од предвидениот, договорниот орган ја отфрла како понуда што не одговара на условите.
4.5.2 Доколку договорниот орган процени за потребно може да побара од понудувачот продолжување на периодот на важност на понудата.
4.6 Гаранција на понудата
4.6.1 Како дел од понудата економскиот оператор задолжително обез- бедува гаранција на понудата (гаранција за учество) во износ од најмалку 3 % од вкупната вредност на понудата без вклучен ДДВ.
4.6.2 Гаранцијата е во форма на банкарска гаранција. За договорниот орган се прифатливи сите банки.
4.6.3 Банкарската гаранција треба да е поднесена во оригиналната форма заедно со понудата. Скенирани / Копии не се прифаќаат.
4.6.4 Банкарската гаранцијата мора да има рок на важност најмалку 14 дена по денот на истекот на важноста на понудата.
4.6.5 Гаранција на понудата може да биде доставена и во форма на депонирани средства во денари -депозит уплатен на следниот начин:
− Назив на примач: Царинска управа на Република Македонија
− Банка на примач: НБРМ
− Сметка: 100 0000000630 95
− Износ: МКД
− Сметка на буџетски корисник - единка корисник: 0900300175 696 11
− Приходна шифра и програма: 725939 20
− Цел на дознака: Гаранција за учество на оглас ОП број 12/2016.
4.6.6 Секоја понуда што не содржи гаранција на понуда (банкарска гаранција или депозит), или содржи гаранција на понуда која не е во согласност со условите во тендерската документација, ќе биде отфрлена од страна на договорниот орган како неприфатлива.
4.6.7 Гаранцијата на понудата на неуспешните економски оператори се враќа во рок од 30 (триесет) дена по склучување на договорот со најповолниот економски оператор.
При враќање на депонираните средства уплатени како гаранција на понуда, сите трошоци (провизии, курсни разлики) паѓаат на товар на економскиот оператор кој ги депонирал средствата.
4.6.8 Гаранцијата на понудата може да се наплати /да се задржат де- понираните средства, ако понудувачот ја повлече својата понуда пред исте- кот на периодот на нејзината важност, не ја прифати исправката на ариметичките грешки од страна на комисијата, не го потпише договорот за јавна набавка согласно со условите од тендерската документација и не обезбеди гаранција за квалитетно извршување на договорот.
4.6.9 Доколку дојде до наплата на гаранцијата на понуда / задржување на депонираните средства, истото ќе резултира со исклучување од натамошната постапка и издавање негативна референца против таквиот понудувач на начин и согласно условите утврдени во Законот за јавните набавки.
4.6.10 За објавувањето на негативната референца договорниот орган ќе одлучи со одлуката за избор или за поништување на постапката, а истата ќе биде објавена во рок од 3 (три) работни дена од денот на конечноста на одлуката за избор или за поништување на постапката.
4.7. Изјава за независнa понуда
4.7.1 Во прилог на понудата понудувачот задолжително доставува и потпишана изјава за независнa понуда, при што треба да го користи образецот на изјава даден во прилог на тендерската документација, каде е подетално објаснето нејзиното значење како и кои дејствија ќе се преземат доколку договорниот орган добие сознанија дека дадените наводи се невистинити.
4.7.2 Изјавата за независнa понуда ја потпишува исклучиво одговорното лице, се доставува заедно со понудата и не може дополнително да се достави по истекот на рокот за поднесување на понудите.
4.7.3 Секоја понуда што не содржи потпишана изјава за независнa понуда ќе биде отфрлена од страна на договорниот орган како неприфатлива.
4.8 Форма и потпишување на понудата
4.8.1 Понудувачот подготвува еден оригинален примерок со ознака
„оригинал“. Понудата се пишува со неизбришливо мастило и своерачно ја потпишува3 одговорното лице на економскиот оператор или лице овластено од него .
Доколку понудата ја потпишува лице овластено од одговорното лице, во прилог на понудата задолжително се доставува и овластување за потпишување на понудата, потпишано од одговорното лице на економскиот оператор.
Сите страници на понудата, освен за неизменетата печатена литература, ги парафира лицето кое ја потпишува понудата. Секое пишување меѓу редовите, бришење или пишување врз претходен текст важи само доколку е парафирано од лицето кое ја потпишува понудата.
4.8.2 Доколку понудувачот има намера дел од договорот за јавна набавка да го отстапи на еден или повеќе подизведувачи, во понудата мора да наведе податоци за делот од договорот кој има намера да го отстапи на подизведувачи, како и податоци за сите предложени подизведувачи (фирма, седиште, единствен даночен број и слично). Понудувачот е одговорен пред договорниот орган за извршување на договорот за јавна набавка, без оглед на бројот на подизведувачите.
4.9 Затворање и обележување на понудите
Понудувачот го приложува оригиналниот примерок на понудата во затворен внатрешен плик кој го содржи називот на понудувачот со целосна и точна адреса.
Внатрешниот плик се приложува во затворен надворешен плик кој:
- е адресиран со точна адреса на договорниот орган,
- содржи назнака: Отворена постапка бр. 12/2016,
- во горниот лев агол стои ознака „Не отварај“, да не се отвора пред времето и датумот за отворањето на понудите.
Доколку двата плика не се затворени и обележани како што се бара, Договорниот орган не презема одговорност за затурање или предвремено отворање на понудата.
3 Понудата која е потпишана со xxxxxxxx ќе се смета за понуда со формален недостаток и истата ќе биде отфрлена како неприфатлива понуда.
Понудите кои се отворени предвремено или оштетени и притоа може да се види нејзината содржина поради непридржување кон условите за затворање и обележување на истите, ќе се отфрлат како неуредни.
4.10 Краен рок и место за поднесување на понудите
4.10.1 Краен рок за доставување на понудите 12.10.2016 година, до 12:00 часот.
4.10.2 Понудите се поднесуваат на следнава адреса: Царинска управа на Република Македонија, ул. ,,Лазар Личеноски” број 13, 1000 Скопје, Република Македонија, со назнака ,,За отворена постапка бр. 12/2016".
4.10.3 Понудата која е поднесена по истекот на крајниот рок за поднесување на понудите, се отфрла како задоцнета и истата ќе му биде вратена на економскиот оператор неотворена.
4.11 Алтернативни понуди
4.11.1 Во оваа постапка за доделување на договор за јавна набавка не се дозволени алтернативни понуди.
4.12 Измена, замена и повлекување на понудата
4.12.1 Понудувачите можат да ги изменат, заменат или повлечат своите понуди по поднесување на понудата, под услов измените, замените или повлекувањата да се доставени до договорниот орган пред крајниот рок за поднесување на понудите наведен во точка 4.10.
4.12.2 Измените, замените и повлекувањата на понудите ќе бидат подготвени, ковертирани, обележани и доставени согласно точка 4.9 и точка 4.10, со тоа што ковертот соодветно ќе биде обележан со "измена", "замена" или "повлекување".
4.12.3 Понудата не може да биде изменета, заменета или повлечена по крајниот рок за поднесување на понудите предвиден во точка 4.10.
4.12.4 Повлекувањето на понудата во периодот помеѓу крајниот рок за поднесување на понудите и истекувањето на периодот на важност на понудата ќе резултира со наплатување на гаранцијата на понудата и објава на негативна референца во ЕСЈН.
5. ОТВОРАЊЕ И ЕВАЛУАЦИЈА НА ПОНУДИТЕ
5.1 Отворање на понудите
5.1.1 На јавното отворање на понудите може да присуствува секое заинтересирано лице.
5.1.2 Само овластените претставници на понудувачите можат да учествуваат во постапката на јавно отворање на понудите со давање на свои забелешки во записникот од отворањето на понудите.
5.1.3 Овластените претставници на економските оператори на јавното отворање мораат да носат овластување потпишано од одговорното лице на економскиот оператор. Сите овластени претставници на економските оператори, присутни на јавното отворање, треба да потпишат евидентен лист.
5.1.4 Јавното отворање ќе се одржи на 12.10.2016 година, во 12:00 ча- сот, во Царинска управа на Република Македонија, ул. „Лазар Личеноски“ бр.13, 1000 Скопје.
5.1.5 Доставените понуди се отвораат согласно Законот за јавните набавки и тоа: една по една, со читање на името на економскиот оператор, при што се констатира дали понудите се доставени според точка 4.9 од тендерската документација и дали се во оригинал, а потоа се пристапува кон читање на понудите по истиот редослед по кој тие се отворени, освен понудите, кои согласно Законот за јавните набавки, се исклучуваат од натамошната постапка. При тоа, најпрво ќе се отворат и прочитаат замените, измените и повлекувањата на понудите. После тоа се пристапува кон читање на цените на понудата, вклучувајќи какви било попусти, постоењето на гаранција на понудата и изјава за независна понуда. Само попустите кои се прочитани на јавното отворање на понудата ќе се разгледуваат при евалуацијата на понудите. Ниту една понуда нема да биде отфрлена на отворањето на понудите, освен задоцнетите понуди.
5.1.6 Комисијата за јавни набавки ќе пристапи кон отворање на пону- дите доколку е пристигната и само една понуда.
5.1.7 Во текот на отворањето на понуди се води записник според Пра- вилникот за постапката на отворањето на понудите и Образецот за водење на записник за отворањето на понудите („Службен весник на Република Македонија“ бр. 154/07).
5.2 Доверливост на процесот на евалуација на понудите
5.2.1 Ниту една информација во врска со разгледувањето, оценката и споредбата на понудите во процесот на евалуација нема да им се откријат на економските оператори или на кои било други лица што не се службено вклучени во тој процес.
5.3 Појаснување на понудите
5.3.1 Во периодот на разгледување и оценување на понудите, комисијата задолжително бара од понудувачите за кои не е објавена негативна референца да ги појаснат или дополнат документите за утврдување на способност. Барањето од договорниот орган за појаснување или дополнување и одговорот се во писмена форма. Никаква промена во техничката или финансиската понуда нема да се бараат, нудат или дозволуваат, освен појаснување на понудата по претходно писмено барање на комисијата и исправка на аритметички грешки.
5.3.2 Секое појаснување доставено од страна на економскиот оператор во поглед на неговата понуда што не е дадено како одговор на барање од договорниот орган, нема да се разгледува.
5.4 Исправка на аритметички грешки
5.4.1 Ако понудата е прифатлива и е составена и доставена во соглас- ност со тендерската документација, договорниот орган ги коригира аритметичките грешки на следниот начин:
- ако постои несовпаѓање меѓу зборовите и бројките, преовладува износот што е напишан со зборови,
- ако постои разлика помеѓу единечната цена и вкупната цена, тогаш преовладува единечната цена.
5.4.2 Комисијата за јавни набавки ќе ги корегира грешките во пону- дата според опишаната постапка и таа ќе се смета обврзувачка за него.
5.4.3 Ако економскиот оператор не ја прифати корекцијата на аритметичките грешки, понудата ќе биде отфрлена и ќе биде активирана гаранцијата на понудата и објавена негативна референца во ЕСЈН.
6. ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ ЗА ЈАВНА НАБАВКА
6.1 Доделување на договорот за јавна набавка
6.1.1 Договорниот орган, по спроведената електронска аукција како последна фаза во отворената постапка, договорот му го доделува на еко- номскиот оператор кој понудил најниска цена во текот на негативното над- давање.
6.1.2. Доколку во текот на аукцијата нема негативно наддавање, односно намалување на почетната цена, договорниот орган може да му го додели договорот за јавна набавка на економскиот оператор кој понудил најниска цена во првичната фаза од постапката.
6.1.3 Доколку никој не поднесе нова цена во текот на електронската аукција, а притоа две или повеќе понуди имаат идентична цена, за најпо- волна ќе биде избрана порано поднесената понуда.
6.1.4. Во случај да е поднесена само една прифатлива понуда во првата фаза од постапката, односно да не се исполнети условите за одржување на електронската аукција, договорниот орган задолжително го поканува единствениот понудувач да поднесе конечна цена во ЕСЈН после што може да му го додели договорот за јавна набавка на единствениот економски оператор кој поднел прифатлива понуда или да ја поништи постапката доколку се поднесени цени понераеални од реалните на пазарот.
6.1.5 Доколку во текот на постапката за доделување договор за јавна набавка, најповолната прифатлива понуда согласно условите на постапката е со цена повисока од износот на средства утврден во одлуката за јавна
набавка, договорниот орган може да ја измени одлуката и да дообезбеди средства потребни за реализација на договорот, под услов понудената цена да не е понеповолна од реалните цени на пазарот и да не го надминува вредносниот праг пропишан за видот на постапката согласно со Законот за јавните набавки.
6.1.6 По завршувањето на електронската аукција/поднесување на конечна цена во ЕСЈН и изборот на најповолен понудувач, доколку предметот на набавката или поединечниот дел се состои од повеќе ставки, цената на секоја од поединечните ставки ќе се пресметува со соодветно намалување кое ќе биде еднакво на процентот на намалување на цената на првичната понуда на избраниот најповолен понудувач (пред електронската аукција/пред поднесувањето на конечна цена во ЕСЈН) и цената на последната понуда (по завршувањето на аукцијата / по поднесувањето на конечна цена во ЕСЈН).
6.2 Известување за доделување на договорот за јавна набавка
6.2.1 По завршувањето на електронската аукција на јавниот дел од ЕСЈН автоматски се објавува и до сите учесници на аукцијата автоматски се испраќа известување за економскиот оператор кој поднел најниска цена во текот на негативното наддавање. Известувањето е од информативен карак- тер и не предизвиква правни последици. Исходот од електронската аукција е основ за донесување на одлука за избор на најповолна понуда.
6.2.2 Избраниот најповолен економски оператор ќе биде известен во писмена форма дека неговата понуда е прифатена, најдоцна во рок од 3 (три) дена од донесувањето на одлуката за избор на најповолна понуда. Во исто време, и сите други економски оператори ќе бидат известени за резултатите од спроведената постапка, одлуката кој е најповолен економски оператор како и за причините за неизбор на нивната понуда. Економските оператори што учествувале во постапката имаат право на увид во извештајот од спроведената постапка.
6.3 Правна заштита
6.3.1 Секој економски оператор кој има правен интерес за добивање на договорот за јавна набавка и кој претрпел или би можел да претрпи штета од евентуално прекршување на одредбите од овој закон, може да бара правна заштита против одлуките, дејствијата и пропуштањата за преземање дејствија од страна на договорниот орган во постапката за доделување на договор за јавна набавка, во согласност со условите и постапката предвидени со Законот за јавните набавки. Правото на жалба во постапка која завршува со електронска аукција во однос на утврдување на способноста на понудувачите и целосната евалуација на првичните понуди се остварува по донесување на одлуката за избор на најповолен понудувач или поништување на постапката.
6.3.2 Жалбата треба да ги содржи следниве елементи:
- податоци за подносителот на жалбата (име презиме, назив на економскиот оператор, адреса на престојувалиште и седиште),
- податоци за застапникот или полномошникот,
- назив и седиште на договорниот орган,
- број и датум на постапката за доделување на договор за јавна набавка и податоци за огласот за доделување на договор за јавната набавка,
- број и датум на одлуката за избор на најповолна понуда, поништување на постапката или други одлуки на договорниот орган,
- податоци за дејствијата или пропуштањата за преземање на дејствија од страна на договорниот орган,
- опис на фактичката состојба,
- опис на неправилностите и образложение по истите,
- предлог на докази,
- жалбено барање и/или барање за надомест за трошоците на постапката и
- потпис на овластено лице .
6.3.3 Подносителот на жалбата е должен да приложи и доказ за уплата на надомест за водење на постапката.
6.3.4 Подносителот на жалбата кој нема седиште на територијата на Република Македонија е должен да определи полномошник за прием на писмена.
6.3.5 Жалбата се изјавува до Државната комисија. Жалбата се подне- сува лично или по препорачана пошта истовремено до договорниот орган и до Државната комисија. Денот на поднесување на жалбата по препорачана пошта се смета за ден на поднесување. Во случај на лично поднесување на жалбата договорниот орган е должен да му издаде на подносителот потврда за времето на приемот.
6.3.6 Во постапката пред Државната комисија подносителот на жал- бата, покрај административната такса, плаќа и надоместок за водење на постапката во зависност од висината на понудата, и тоа:
- до 20.000 евра во денарска противвредност, надоместок од 100 евра во денарска противвредност,
- од 20.000 до 100.000евра во денарска противвредност, надоместок од 200 евра во денарска противвредност,
- од 100.000 до 200.000 евра во денарска противвредност, надомес- ток од 300 евра во денарска противвредност или
- над 200.000 евра во денарска противвредност, надоместок од 400 евра во денарска противвредност.
6.3.7 Во случај на непостоење на понуда, висината на надоместокот за водење на постапката се пресметува врз основа на проценетата вредност на договорот за јавна набавка, при што Државната комисија го известува под- носителот на жалбата за висината на надоместокот и рокот во кој треба да достави доказ за негова уплата.
6.3.8 Надоместокот за водење на постапката е приход на Буџетот на Република Македонија.
6.3.9 Договорниот орган не смее да го потпише договорот за јавна набавка и да пристапи кон негово извршување во рок од 12 дена, сметајќи од денот на приемот на одлуката со која се одлучува за поединечно право во постапката за доделување на договорот за јавна набавка, освен:
- во случаите од членовите 99 и 198 од овој закон,
- во случај кога во постапката учествувал само еден понудувач чија понуда е избрана за најповолна или
- во случај на поединечни договори за јавни набавки врз основа на рамковна спогодба.
6.4 Склучување на договорот за јавна набавка
6.4.1 Договорниот орган ќе го достави договорот за јавна набавка до избраниот најповолен понудувач во 6 (шест) примероци на потпишување.
6.4.2 Избраниот најповолен понудувач има обврска во рок од 15 (петнаесет) дена да го потпише договорот за јавна набавка од денот на добивање на договорот и истиот да му го врати на Договорниот орган. Договорниот орган презема обврска на избраниот најповолен понудувач да му го испрати потребниот број на примероци од договорот откако истиот ќе го потпише овластеното лице на договорниот орган.
6.4.3 Доколку избраниот најповолен понудувач не го потпише дого- ворот во рокот утврден во точка 6.4.2 од тендерската документација, дого- ворниот орган го задржува правото да смета дека избраниот најповолен по- нудувач се откажал од склучување на договорот, да ја активира гаранцијата на понудата и да објави негативна референца во ЕСЈН.
7. ЗАДОЛЖИТЕЛНИ ЕЛЕМЕНТИ ОД ДОГОВОРОТ ЗА ЈАВНА НАБАВКА
7.1 Начин на плаќање
7.1.1 Се предвидува следниов начин на плаќање: вирмански во рок од
60 (шеесет) дена од првиот нареден ден од денот на прием на фактурата во архивата на Царинската управа на Република Македонија.
Доколку Носителот на набавката е странско правно/физичко лице самиот ги сноси трошоците за провизии на странски банки, со исклучок на провизијата на банката на Договорниот орган, која ја сноси самиот Договорен орган.
Начинот на плаќање е задолжителен. Секоја понуда која содржи начин на плаќање поинаков од утврдениот во оваа точка ќе се смета за неприфатлива и како таква ќе биде одбиена од страна на комисијата за јавни набавки.
7.2 Начин, рок и место на испорака
7.2.1 Носителот на набавката е должен да го испорача предметот на договорот сукцесивно согласно потребите на Договорниот орган, на следниов начин ( за ДЕЛ 1 и ДЕЛ 2):
- Носителот на набавката ќе започне со печатење на контролните марки (во количина и по димензии) само по примен писмен налог од страна на Договорниот орган. Налогот ќе може да се испраќа и преку систем на електронска размена на податоци помеѓу Носителот на набавката и Договорниот орган. (Договорниот орган до Носителот на набавката ќе доставува налози за печатење и испорака на контролни марки за тутунски производи и за алкохолни пијалоци во количини, согласно динамиката на месечните нарачки).
- Носителот на набавката е должен да ги спакува во соодветно пакување контролните марки за обележување на тутунски добра (контролни марки за обележување цигари) по 50.000 парчиња во едно пакување со наведени ознаки и сериски броеви на надворешното пакување согласно член 39 став 18 од Правилникот за спроведување на законот за акцизите.
Како исклучок Царинската управа може да нарача количини помали од 50.000 парчиња (контролни марки за обележување на пури и тутун за пушење), да бидат спакувани во едно пакување, со наведени ознаки и сериски броеви на надворешното пакување, согласно доставените налози за печатење од Царинската управа.
- Носителот на набавката е должен да ги спакува во соодветно пакување самолепливите контролни марки за обележување на меѓупроизводи и етил алкохол по 600 парчиња во едно пакување со наведени ознаки и сериски броеви на надворешното пакување согласно член 34 став 13 од Правилникот за спроведување на законот за акцизите.
Самолепливите контролни марки за обележување на меѓупроизводи и етил алкохол треба да бидат нанесени на ролна, поставени хоризонтално.
Пример:
7.2.2 Носителот на набавката е должен да го испорача предметот на договорот во следниве рокови:
- Првата количина на контролните марки (од 25-30 милиони контролни марки за тутунски добра и 0,5 до 1 милион контролни марки за меѓупроизводи и етил алкохол) да ја испорача во рок од 90 (девеесет) дена од датумот на склучување на Договорот со вклучени транспортни трошоци и трошоци за достава , на локација Трезор на Народна банка на Република Македонија или друго место во Скопје, назначено од Договорниот орган. Количината на првата нарачка ќе биде дефинирана од страна на Договорниот орган во рок од 10 (десет) дена од денот на склучување Договорот.
- Секоја наредна количина на контролни марки да ја испорача во рок од 10 (десет) дена по денот на добивање на налогот за печатење (кој ќе може да се испрати и по систем на електронска размена на податоци), со вклучени трошоци за транспорт и достава на локација Трезор на Народна банка на Република Македонија или друго место во Скопје, назначено од Договорниот орган.
7.2.3 Начинот, рокот и местото на испорака се задолжителни. Секоја понуда која содржи начин, рок и место на испорака поинакови од тие утврдени во оваа точка ќе се смета за неприфатлива и како таква ќе биде одбиена од страна на комисијата за јавни набавки.
7.3 Разлики во цена (корекција на цени)
7.3.1 Не се предвидува корекција на цените, односно цените искажани во понудата на најповолниот понудувач ќе бидат фиксни за целото време- траење на договорот за јавна набавка.
7.4 Авансно плаќање
7.4.1 За извршување на договорот за јавна набавка не е дозволено авансно плаќање.
7.5 Гаранција за квалитетно извршување на договорот
7.5.1 Понудувачот чија понуда е избрана како најповолна и му е доделен договор за јавна набавка, треба најдоцна во рок од 15 работни дена од датумот на склучување на договорот да достави гаранција за квалитетно
извршување на договорот, во висина од 15% од вредноста на договорот со вклучен ДДВ.
7.5.2 Гаранцијата од точка 7.5.1 се доставува во вид на банкарска гаранција во писмена форма. Гаранцијата треба да биде поднесена во оригинална форма. Копии не се прифаќаат.
7.5.3 Гаранцијата за квалитетно извршување на договорот ќе биде со важност најмалку 3 (три) месеца по истекот на рокот за целосно реализирање на договорот.
7.5.4 Банкарската гаранција за квалитетно извршување на договорот ќе биде во валутата на која гласи договорот.
7.5.5 Гаранцијата за квалитетно извршување на договорот треба да биде издадена од банка. Доколку банкарската гаранција за квалитетно извршување на договорот е издадена од банка надвор од Република Македонија, истата треба да е оценета со најмалку BBB согласно кредитниот рејтинг систем на Standard and Poor’s, Fitch, IBCA и Xxxxxxx Bank Watch или со Baa3 согласно рејтинг системот на Xxxxx’x.
7.5.6 Гаранцијата за квалитетно извршување на договорот се доставува во определениот рок, и тоа: по пошта или лично во Царинската управа, Одделение за јавни набавки.
7.5.7 Гаранцијата за квалитетно извршување на договорот ќе биде наплатена доколку Носителот на набавката не исполни некоја од обврските од договорот за јавна набавка во рокот на стасаноста, за што писмено ќе го извести Носителот на набавката. Доколку дојде до наплата на гаранцијата за квалитетно извршување на договорот, договорниот орган ќе објави во ЕСЈН негативна референца. За наплатата на банкарската гаранција за квалитетно извршување на договорот и за објавувањето на негативна референца во ЕСЈН, Носителот на набавката може да покрене спор пред надлежниот суд.
7.5.8 Доколку договорот за јавна набавка е целосно реализиран согласно договореното, банкарската гаранција за квалитетно извршување на договорот договорниот орган му ја враќа на носителот на набавката во рок од 14 дена од целосното реализирање на обврските по договорот.
7.5.9 Гаранцијата за квалитетно извршување на договорот Договорниот орган му ја враќа на Носителот на набавката по пошта, лично во седиштето на економскиот оператор или лично во седиштето на договорниот орган.
8. ПОНИШТУВАЊЕ НА ПОСТАПКАТА
8.1 Договорниот орган може да ја поништи постапката за доделување на договор за јавна набавка ако:
- бројот на кандидати е понизок од минималниот број предвиден за постапките за доделување на договор за јавна набавка согласно со овој закон,
- не е поднесена ниту една понуда или ниту една прифатлива понуда,
- не е поднесена ниту една соодветна понуда во постапка каде што предметот на договорот е оформен во еден единствен дел, како и во постапките каде што предметот на договор е оформен во повеќе делови и каде што може да се утврди соодветноста на понудите,
- се поднесени прифатливи понуди кои не можат да се споредат поради различниот пристап во техничките или финансиските понуди,
- настанале непредвидени промени во буџетот на договорниот орган,
- понудувачите понудиле цени и услови за извршување на договорот за јавна набавка кои се понеповолни од реалните на пазарот,
- оцени дека тендерската документација содржи битни пропусти или недостатоци, до моментот на отворање на понудите,
- поради непредвидени и објективни околности се промениле потребите на договорниот орган,
- договорниот орган не може да изврши избор на најповолна понуда поради битни повреди на законот согласно со членот 210 од овој закон или
- избраниот понудувач се откаже од склучување на договорот.
9. ЗАВРШУВАЊЕ НА ПОСТАПКАТА ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ЈАВНА НАБАВКА
9.1 Постапката за доделување на договор за јавна набавка завршува на денот на конечноста на одлуката за избор или за поништување на постапката.
II. ТЕХНИЧКА СПЕЦИФИКАЦИЈА
Техничка спецификација за набавка на контролни марки за обележување на тутунски добра, меѓупроизводи и етил алкохол
Царинската управа има потреба од набавка на контролни марки за обележување на тутунски добра, меѓупроизводи и етил алкохол за период од 3 (три) години.
Обрасците на контролни марки за обележување на меѓупроизводи и етил алкохол и за обележување на тутунски добра, пропишани се во Правилникот за изменување на Правилникот за спроведување на Законот за акцизите („Службен весник на РМ“ број 58/2016).
Набавката е деллвива во два дела и тоа:
Дел 1 - Набавка на контролни марки за обележување на тутунски добра и Дел 2 - Набавка на контролни марки за обележување на меѓупроизводи и етил алкохол.
Предмет на набавка:
Дел 1 - Набавка на контролни марки за обележување на тутунски добра
Контролни марки за обележување на тутунски добра, сечење на контролните марки на парчиња според дадени димензии, нивно соодветно пакување, обележување и безбедна испорака до Трезорот на Народната банка на Република Македонија или друго место во градот Скопје определено од страна на Царинската управа.
Kоличина за 1 (една) година изнесува:
− 300.000.000 парчиња контролни марки за обележување на тутунски добра.
Kоличина за 3 (три) години изнесува:
− 900.000.000 парчиња контролни марки за обележување на тутунски добра.
Димензиите на контролните марки се:
− за тутунски добра, Тип 1 Согласно Правилникот за спроведување на законот за акцизите (Сл.весник на РМ бр.58/16)
▪ димензија 44 mm (должина) x 20 mm (ширина)
Дел 2 - Набавка на контролни марки за обележување на меѓупроизводи и етил алкохол
Контролни марки за обележување на меѓупроизводи и етил алкохол, сечење на контролните марки на парчиња според дадени димензии, нивно
соодветно пакување, обележување и безбедна испорака до Трезорот на Народната банка на Република Македонија или друго место во градот Скопје определено од страна на Царинската управа.
Kоличина за 1 (една) година изнесува:
− 8.000.000 парчиња самолепливи контролни марки за обележување на меѓупроизводи и етил алкохол.
Kоличина за 3 (три) години изнесува:
− 24.000.000 парчиња самолепливи контролни марки за за обележување на меѓупроизводи и етил алкохол.
Димензиите на контролните марки се:
− за меѓупроизводи и етил алкохол, Тип 5 Согласно Правилникот за спроведување на законот за акцизите (Сл.весник на РМ бр.58/16)
▪ димензија 60 mm (должина) x 15 mm (ширина)
Пакување:
Пакувањето на акцизни контролни марки да биде:
Дел 1 - Набавка на контролни марки за обележување на тутунски добра
Контролните марки за обележување на тутунски добра треба да бидат спакувани по 50.000 парчиња (контролни марки за обележување цигари) во едно пакување со наведени ознаки и сериски броеви на надворешното пакување, согласно доставените налози од Царинската управа согласно член 39 став 18 од Правилникот за спроведување на законот за акцизите.
Како исклучок Царинската управа може да нарача количини помали од
50.000 парчиња (контролни марки за обележување на пури и тутун за пушење), да бидат спакувани во едно пакување, со наведени ознаки и сериски броеви на надворешното пакување, согласно доставени налози за печатење од Царинската управа.
Дел 2 - Набавка на контролни марки за обележување на меѓупроизводи и етил алкохол
Самолепливите контролните марки за обележување на меѓупроизводи и етил алкохол по 600 парчиња во едно пакување со наведени ознаки и сериски броеви на надворешното пакување согласно член 34 став 13 од Правилникот за спроведување на законот за акцизите.
Самолепливите контролни марки за обележување на меѓупроизводи и етил алкохол треба да бидат нанесени на ролна, поставени хоризонтално.
Пример:
Технички карактеристики на хартијата за печатење на контролни марки
Дел1 Набавка на контролни марки за обележување на тутунски добра
1. Хартијата за контролните марки е бездрвна 70 гр. (+/-5%) заштитна хартија (UV dull) направена од 100% целулоза и истата мора да има:
1.1 Континуиран двотонски воден печат (жиг) вграден во заштитната хартија, a на секоја контролна марка да има најмалку еден (1) жиг кој е јасно видлив со голо око.
1.2 Заштитни влакна во 2 бои видливи со голо око вградени во заштитната хартија.
1.3 Невидливи заштитни влакна (видливи со UV лампа) вградени во заштитната хартија.
1.4 Хемиска заштита осетлива на бази или киселини.
2. Деталите за конечните вид и форма на заштитните елементи наведени во точка 1, ќе ги определи Царинската управа при склучување на договорот со избраниот понудувач.
Дел2 Набавка на контролни марки за обележување на меѓупроизводи и етил алкохол
3. Хартијата за контролните марки е бездрвна 70 гр. (+/-5%) заштитна хартија (UV dull) направена од 100% целулоза и истата мора да има:
3.1 Континуиран двотонски воден печат (жиг) вграден во заштитната хартија, a на секоја контролна марка да има најмалку еден (1) жиг кој е јасно видлив со голо око.
3.2 Заштитни влакна во 2 бои видливи со голо око вградени во заштитната хартија.
3.3 Невидливи заштитни влакна (видливи со UV лампа) вградени во заштитната хартија.
3.4 Хемиска заштита осетлива на бази или киселини.
4. Деталите за конечните вид и форма на заштитните елементи наведени во точка 3, ќе ги определи Царинската управа при склучување на договорот со избраниот понудувач.
Технички карактеристики на холограмската лента од контролните марки
Дел1 Набавка на контролни марки за обележување на тутунски добра
1. Холограмската лента треба да е полиестер фолија за топло нанесување со широчина од 5мм и потенка од 20 микрони.
Холограмската лента мора да ги има најмалку следните сигурносни елементи:
Сигурносни елементи за визуелно препознавање без специјална опрема (видливи со голо око), и тоа:
− кинетички (гилошни) линии кои не надминуваат 30 микрони.
− промена на сликата помеѓу два елемента (на пример: помеѓу логото на Царинската управа и знамето на Република Македонија) кои се кинетички, а сликата се променува при ротација на холограмот за 90 степени.
Скриени знаци кои се препознаваат со портабл детектори, и тоа:
− холограмски кинетички микротекст со големина од 150 микрони и 75 микрони кој се репродуцира на 0 степени и/или на 90 степени,
− недифрактивен микротекст со големина од 20 до 40 микрони.
2. Деталите за конечните видови и форма на заштитните елементи наведени во точка 1, ќе ги определи комисија формирана од страна на директорот на Царинската управа при склучување на договорот со избраниот понудувач.
Дел 2 - Набавка на контролни марки за обележување на меѓупроизводи и етил алкохол
3. Холограмската лента треба да е полиестер фолија за топло нанесување со широчина од 5мм и потенка од 20 микрони.
Холограмската лента мора да ги има најмалку следните сигурносни елементи:
Сигурносни елементи за визуелно препознавање без специјална опрема (видливи со голо око), и тоа:
− кинетички (гилошни) линии кои не надминуваат 30 микрони.
− промена на сликата помеѓу два елемента (на пример: помеѓу логото на Царинската управа и знамето на Република Македонија) кои се кинетички, а сликата се променува при ротација на холограмот за 90 степени.
Скриени знаци кои се препознаваат со портабл детектори, и тоа:
− холограмски кинетички микротекст со големина од 150 микрони и 75 микрони кој се репродуцира на 0 степени и/или на 90 степени,
− недифрактивен микротекст со големина од 20 до 40 микрони.
4. Деталите за конечните видови и форма на заштитните елементи наведени во точка 3, ќе ги определи комисија формирана од страна на директорот на Царинската управа при склучување на договорот со избраниот понудувач.
Технички карактеристики на печатењето на контролните марки
Дел 1 - Набавка на контролни марки за обележување на тутунски добра
1. Печатењето на контролните марки треба да се врши во офсет или UV dry техника, со основни бои црна, црвена и жолта, a секоја контролна марка треба да ги содржи следните задолжителни елементи:
− Во средината во горниот дел во хоризонтална насока треба да содржат втиснати сериски броеви со 9 (девет) нумерички места и одредена серија (серија А,Б,Ц );
− На левата страна во вертикална насока треба да содржат текст “контролна марка“;
− На десната страна во вертикална насока треба да содржи број на цигари во пакување или (соодветен број) пури или цигарилоси, или (соодветно количество) грамови на тутун за пушење;
− Во средината на долниот дел во хоризонтална насока треба да содржат втиснати заштитни ознаки (со седум или повеќе букви или нумерички места).
2. Ознаките и сериските броеви на задолжителните елементи на контролните марки треба да бидат испечатени со боја која длабоко продира во хартијата и кои не може да се избришат без видливо оштетување на хартијата.
3. Секоја контролна марка при печатењето треба да ги содржи најмалку следните заштитни елементи:
− Позитивни и негативни гилошни антикопирни и антискенерни геометриски елементи, со варијабилна дебелина на линиите по целата површина на контролната марка видливи со голо око,
− Антикопирен геометриски елемент, поставен во средишниот дел на контролната марка видлив со голо око,
− Невидлива заштитна боја имплементирана на антикопирниот геометриски елемент (видлива со UV лампа),
− Микротекст нанесен на контролната марка во офсет технологија со најмалку 20 карактерни знаци (видливи со лупа или друго помошно средство).
4. Деталите за конечниот вид и форма на неведените заштитни елементи ќе ги определи комисија формирана од страна на директорот на Царинската управа при склучување на договорот со избраниот понудувач.
Дел 2 - Набавка на контролни марки за обележување на меѓупроизводи и етил алкохол
5. Печатењето на контролните марки треба да се врши во офсет или UV dry техника, со основни бои црна, црвена и жолта, a секоја контролна марка треба да ги содржи следните задолжителни елементи:
− На десната страна во вертикална насока треба да содржат отпечатен текст “контролна марка“;
− Во средината на горниот дел во хоризонтална насока треба да содржат отпечатени сериски броеви со 9 (девет) нумерички места и одредена серија (серија А,Б,Ц );
− Во средината на долниот дел под заштитните броеви во хоризонтална насока треба да содржат отпечатени заштитни ознаки (со седум или повеќе букви или нумерички места);
− Во долниот дел на левата страна, во хоризонтална насока треба да е отпечатен процентот на алкохол;
− Во долниот дел на десната страна, во хоризонтална насока треба да е отпечатена зафатнината на комерцијалното пакување во литри.
6. Ознаките и сериските броеви на задолжителните елементи на контролните марки треба да бидат испечатени со боја која длабоко продира во хартијата и кои не може да се избришат без видливо оштетување на хартијата.
7. Секоја контролна марка при печатењето треба да ги содржи најмалку следните заштитни елементи:
− Позитивни и негативни гилошни антикопирни и антискенерни геометриски елементи, со варијабилна дебелина на линиите по целата површина на контролната марка видливи со голо око,
− Антикопирен геометриски елемент, поставен во средишниот дел на контролната марка видлив со голо око,
− Невидлива заштитна боја имплементирана на антикопирниот геометриски елемент (видлива со UV лампа),
− Микротекст нанесен на контролната марка во офсет технологија со најмалку 20 карактерни знаци (видливи со лупа или друго помошно средство).
8. Деталите за конечниот вид и форма на неведените заштитни елементи ќе ги определи комисија формирана од страна на директорот на Царинската управа при склучување на договорот со избраниот понудувач.
За оваа цел, даден е пример на прикажувањето на дел од имплементарните заштити и ознаки на постојните контролни марки:
Дел 1 - Набавка на контролни марки за обележување на тутунски добра За тутунските производи, Тип 1 (димензија 44 мм х 20мм)
Дел 2 - Набавка на контролни марки за обележување на меѓупроизводи и етил алкохол
За алкохолните пијалоци, Тип 5 (димензија 15мм х 60мм)
Напомена:
Доколку дојде до измени и дополнувања на законските и/или подзаконските одредби кои што ја регулираат оваа материја, добавувачот се обврзува во периодот на траење на договорот без дополнителен надомест и на свој трошок да изврши соодветни измени и усогласување на предметот на набавка а кои се последица на измени во законските прописи и/или подзаконските одредби со кои се регулира доменот на акцизното работење во Република Македонија.
Деталите за конечниот вид и форма на заштитни елементи, споменати во техничката ,ќе ги утврди посебна Комисија формирана од страна на директорот составена од вработени лица во Царинската управа.
III. Модел на ДОГОВОР ЗА НАБАВКА НА КОНТРОЛНИ МАРКИ ЗА ОБЕЛЕЖУВАЊЕ НА ТУТУНСКИ ДОБРА, МЕЃУПРОИЗВОДИ И ЕТИЛ АЛКОХОЛ
ДОГОВОРНИ СТРАНИ
1. Царинска управа на Република Македонија со седиште на ул.„Лазар Личеноски” бр.13, 1000 Скопје, ЕМБС 4641655, ЕДБ 4030992228017, xxxxxxx- xxxx од директорот Xxxxxx Xxxxxxx–Xxxxxxxxx (во понатамошниот текст: Договорен орган) од една страна и
2. со седиште на ул. _ , бр. _ , ЕМБС _ , ЕДБ _ , застапувано од управителот (во понатамошниот текст: Носител на набавката) од друга страна.
Член 1
Со овој договор се уредуваат меѓусебните права и обврски на договорните страни за набавка на контролни марки за обележување на тутунски добра, меѓупроизводи и етил алкохол, согласно Одлуката за јавна набавка бр.
од _ _ 2016 година, спроведената отворена постапка со оглас број 12/2016 и донесената Одлука за избор на најповолна понуда број
од 2016 година.
ПРЕДМЕТ НА ДОГОВОРОТ
Член 2
Предмет на овој Договор е набавка на контролни марки за обележување на тутунски добра, меѓупроизводи и етил алкохол, нивно соодветно пакување и испорака до Народна банка на Република Македонија или друго место во градот Скопје, согласно наведеното во техничката спецификација и условите наведени во тендерската документација за отворената постапка број 12/2016, како и согласно прифатената понуда на Носителот на набавка со број _ од година кои се составен дел на Договорот.
Член 3
Заштитните елементи на контролните марки за обележување на тутунски добра, меѓупроизводи и етил алкохол се согласно наведеното во техничката спецификација од тендерската документација.
Договорниот орган е должен во рок од 2 (два) работни дена од склучување на овој Договор, до Носителот на набавка да достави документ во кој ќе бидат
дефинирани деталите за конечниот вид и форма на заштитните елементи, спомнати во на техничката спецификација од тендерската документација и истиот е составен дел на овој Договор (прилог 2).
Член 4
Носителот на набавка е должен во рок од 10 (десет) дена од денот на склучување на Договорот, да изработи СПЕЦИМЕНИ на контролни марки за обележување на тутунски добра, меѓупроизводи и етил алкохол.
Специмените се поединечни примероци од контролни марки согласно техничката спецификација од тендерската документација за отворената постапка број ХХ/2016 и договорените заштити доставени од страна на Договорниот орган, кои по дијагонала имаат испечатен текст "СПЕЦИМЕН".
Веднаш по изработката, Носителот на набавка е должен да ги овери со датум, потпис и печат од страна на овластено лице, СПЕЦИМЕНИТЕ од сите видови контролни марки наведени во тендерската документација и да го повика Договорниот орган истите да ги одобри.
По одобрувањето на СПЕЦИМЕНИТЕ од страна на Договорниот орган, Носителот на набавка е должен истите да ги достави во 3 (три) примероци на овластено лице од Договорниот орган, а 3 (три) да задржи за себе. При достава на СПЕЦИМЕНИТЕ да достави ковертиран допис со назнака
„СТРОГО ДОВЕРЛИВО“ во кој детално и прецизно ќе ги опише сите договорени и имплементирани заштити, начинот на нивно детектирање и уредите кои треба да се користат при нивното распознавање, согласно тендерската документација за отворената постапка број ХХ/2016.
Член 5
Носителот на набавката е обврзан:
− дефинираните заштити да ги чува ва најголема тајност,
− најдоцна во рок од 15 (петнаесет) дена од одобрувањето на СПЕЦИМЕНИТЕ на контролни марки од Договорниот орган, Носителот на набавката е должен на сопствен трошок да обезбеди поднесување барање за заштита на логото на договорениот за конечен холограм во соодветниот регистар на холограми кај Меѓународната асоцијација на производители на холограми (International Hologram Manufacturers Association-IHMA) и за истото писмено да го извести Договорниот орган. По добивањето на доказите за заштита од IHMA, Xxxxxxxxx на набавката веднаш ќе го извести Договорниот орган и ќе му ги достави релевантните докази за тоа.
− заштитеното лого на договорениот за конечен холограм да го користи единствено за контролните марки - предмет на овој Договор.
− на прво барање на Договорниот орган да изврши целосна организација и да ги надомести сите трошоци (за превоз, престој и дневни трошоци) на овластени лица (три члена Комисија) на Договорниот орган, за да истите извршат финална верификација (одобрување) на печатењето на контролните марки - предмет на набавка, како и последователно, а најмалку еднаш квартално, да извршат непосреден увид во работата и контрола на целиот процес на печатење на контролните марки–предмет на набавка (во сите фази на процесот од прием, издавање на репроматеријали, печатење и пакување на акцизните контролни марки, па се до уништување на отпадот).
− задолжително да побара присуство на овластени лица (три члена Комисија) на Договорниот орган и да ги надомести сите трошоци за нивното присуство (трошоците за превоз, престој и дневни трошоци) при уништувањето на оштетената хартија, холограмска лента, контролни марки, остатоци и шкарт настанат при печатење на контролните марки-предмет на овој Договор.
− да поседува и користи софтвер за контрола и евиденција на процесот за складирање на репроматеријалот, печатењето и испораката на контролните марки. Софтверот треба да ги има најмалку барем следниве функционалности:
▪ Евиденција на нарачки, прием, издавање на материјалите,
▪ Преглед на нарачките, испораките и доставата на акцизните марки до предвидената локација,
▪ Детална контрола на секоја фаза од производството: издавање на материјали од магацин, премин помеѓу различни фази на производството, складирање на готови производи во магацин за готови производи.
− да располага со доволен број на обучен и високо етички персонал за обезбедување на просториите на печатницата или да користи лиценцирана агенција за обезбедување на просториите на печатницата за време на изработката на нарачката.
− да обезбеди проверка на производствените капацитети односно контрола во печатницата од страна на вработени од Царинската управа на РМ во сите фази на процесот и тоа: од прием, издавање на репроматеријал, печатење, па се до уништување на отпадот( најмалку квартално).
Член 6
Доколку Носителот на набавката е странско правно лице, Договорниот орган е обврзан да плати ДДВ во државниот буџет за секоја пратка од предметот на Договорот, така овозможувајќи царинење на релевантната пратка на Носителот на набавката.
ВРЕДНОСТ НА ДОГОВОРОТ
Член 7
Вкупната вредност на Договорот ќе се утврди врз основа на реално испорачаните стоки, но не е повеќе од _ денари/евра без вклучен ДДВ, односно денари /евра со вклучен ДДВ.
Единечните цени на предметот на набавка, искажани во приложената спецификација на цени (прилог 1), се утврдени согласно поднесената понуда на Носителот на набавка со број _ од година и спроведената електронска аукција/поднесената конечна цена како посебна фаза од постапката за јавна набавка.
Единечните цени се цени во кoи се вклучени сите трошоци и попусти, вклучително и трошоците за транспорт и безбедна испорака на контролните марки - предмет на овој Договор, други зависни трошоци и јавни давачки.
Договорните страни се согласни дека единечните цени се фиксни и непроменливи за целокупното времетраење на Договорот, а евентуалните промени на цените на пазарот нема да влијаат на вредноста на овој Договор.
Испорачаните стоки над вкупната вредност на Договорот наведена во овој член, ќе бидат на товар на Xxxxxxxxx на набавката.
НАЧИН, РОК И МЕСТО НА ИСПОРАКА
Член 8
Носителот на набавката е должен да ги испорачува стоките-предмет на овој Договор сукцесивно, согласно потребите на договорниот орган, на следниов начин:
- Носителот на набавката ќе започне со печатење на контролните марки (во количина и по димензии) само по примен писмен налог од страна на Договорниот орган. Налогот ќе може да се испраќа и преку систем на електронска размена на податоци помеѓу Носителот на набавката и Договорниот орган. (Договорниот орган до Носителот на набавката ќе доставува налози за печатење и испорака на контролни марки за тутунски производи и за алкохолни пијалоци во количини, согласно динамиката на месечните нарачки),
- Носителот на набавката е должен контролните марки да ги спакува во соодветно пакување и тоа: контролни марки за тутунски производи по
50.000 парчиња во едно пакување, а самолепливите контролни марки за алкохолни пијалоци по 600 парчиња во едно пакување, со наведени ознаки и сериски броеви на надворешното пакување,
Член 9
Носителот на набавката е должен да ги испорачува стоките-предметот на овој Договор во следниве рокови:
- Првата количина на контролните марки да ја испорача во рок од 90 (деведесет) дена од датумот на склучување на Договорот, на локација Трезор на Народна банка на Република Македонија или друго место во Скопје, назначено од Договорниот орган. Количината на првата нарачка ќе биде дефинирана од страна на Договорниот орган во рок од 10 (десет) дена од денот на склучување Договорот.
- Секоја наредна количина на контролни марки да ја испорача во рок од 10 (десет) дена по денот на добивање на налогот за печатење (кој ќе може да се испрати и по систем на електронска размена на податоци), на локација Трезор на Народна банка на Република Македонија или друго место во Скопје, назначено од Договорниот орган.
КВАНТИТАТИВЕН И КВАЛИТАТИВЕН ПРИЕМ
Член 10
Квантитативен прием на секоја испорака на контролни марки-предметот на овој Договор се врши во Народна Банка на Република Македонија или друго договорено место во Скопје, каде се врши доставата на контролните марки.
Во текот на целото времетраење на овој Договор, Договорниот орган има право да го провери квалитетот на секоја испорачана пратка со споредба со наведеното во техничката спецификација и СПЕЦИМЕНИТЕ и тоа: визуелно и/или со користење на посебни уреди и/или во независен компетентен субјект, избран од Договорниот орган, за што го известува Носителот на набавката.
Проверката треба да покаже дали испорачаните контролни марки -предмет на овој Договор се во согласност со барањата наведени во техничката спецификација од тендерската документација за отворена постапка 12/2016 и СПЕЦИМЕНИТЕ.
Во постапката на проверка на квалитетот дозволено е присуство и учество на Носителот на набавката, доколку тој тоа го смета за потребно.
Доколку при проверка на квалитетот на испорачаните контролни марки - предметот на овој Договор се констатира дека истите се несоодветни, односно дека истите не се во согласност со наведеното во техничката спецификација и СПЕЦИМЕНИТЕ, Договорниот орган за тоа го известува Носителот на набавката и се составува Записник во присуство на Носителот на набавката, кој се потпишува од страна на двете договорни страни.
Носителот на набавката е должен несоодветните контролни марки - предмет на овој Договор да ги замени со нови во рок од 5 (пет) работни дена од денот на потпишување на Записникот.
Сите трошоци околу замената на несоодветните контролни марки - предмет на овој Договор, паѓаат на товар на Носителот на набавката.
НАДОМЕСТ НА ШТЕТА И ДОГОВОРНА КАЗНА ЗА ЗАДОЦНУВАЊЕ ИЛИ НЕИСПОЛНУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ
Член 11
Договорните страни се согласни дека во случај ако Xxxxxxxxx на набавката задоцни во испораката на стоките-предмет на овој Договор според роковите наведени во член 9 од овој Договор, Договорниот орган има право да наплати од Носителот на набавката договорна казна во износ од 0,5% од вредноста на неиспорачаните стоки-предмет на овој Договор за секој ден задоцнување, но не повеќе од 10 (дена) од утврдениот рок за извршување на обврските. После истекот на овој рок од 10 (десет) дена, Договорниот орган има право да го раскине Договорот и да бара надомест на штета.
Утврдениот износ на договорната казна поради задоцнување Договорниот орган ќе го засмета и одбие при исплата на износот на фактурата на Носителот на набавката доставена за исплата.
Во смисла на став 1 од овој член, се смета дека Xxxxxxxxx на набавката задоцнил или потфрлил во испораката на стоките-предметот на овој Договор ако Носителот на набавката не го испорача предметот на овој Договор ниту во дополнително дадениот рок, што е предмет на писмено известување што се доставува од Договорниот орган до Носителот на набавката. Дополнително дадениот рок не може да биде подолг од 5 (пет) работни дена од денот на прием на известувањето.
НАЧИН, УСЛОВИ И РОКОВИ НА ПЛАЌАЊЕ, КАЗНЕНА КАМАТА ЗА ЗАДОЦНЕТО ПЛАЌАЊЕ
Член 12
Носителот на набавката се обврзува во рок од 3 (три) дена од склучување на Договорот до Договорниот орган да достави известување за овластено лице за потпишување на фактури и при секоја промена на овластеното лице веднаш да го извести Договорниот орган.
Член 13
Договорниот орган се обврзува плаќањето на Носителот на набавката да го изврши вирмански во рок од 60 (шеесет) дена од првиот нареден ден од денот на прием на месечната фактура во архивата на Царинска управа на Република Македонија, ул.,,Лазар Личеноски” бр.13, 1000 Скопје.
Задолжително во прилог на фактурата се доставува приемница/испратница за испорачани стоки - предмет на овој Договор, уредно потпишанa од страна на овластени лица на двете договорни страни.
Носителот на набавката самиот ги сноси трошоците за провизии на странски банки, со исклучок на провизијата на банката на Договорниот орган, која ја сноси самиот Договорен орган. (само доколку Носителот на набавката е странско правно/физичко лице)
Доколку Договорниот орган не ја плати паричната обврска по фактурата во рокот од став 1 на овој член, Носителот на набавката има право на пресметка и наплата на казнена камата за задоцнето плаќање, како и право на надоместок за доцнење, согласно позитивните законски прописи.
За извршување на овој Договор не е дозволено авансно плаќање. ГАРАНЦИЈА ЗА КВАЛИТЕТНО ИЗВРШУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ
Член 14
Квалитетното извршување на овој Договор Носителот на набавката го гарантира со доставување на банкарска гаранција.
Носителот на набавката е должен најдоцна во рок од 15 работни дена од датумот на склучувањето на Договорот, да му достави на Договорниот орган, банкарска гаранција во висина од 15% од вкупната договорната вредност со вклучен ДДВ од банка прифатлива за Договорниот орган, со што безусловно гарантира квалитетно извршување на договорот, што подразбира и целосно, совесно и навремено извршување на предметот на овој Договор.
За прифатлива банкарска гаранција од став 1 на овој член се смета и гаранција што е издадена од странска банка која согласно кредитниот рејтинг систем на Standard and Poor’s, Fitch, IBCA и Xxxxxxx Bank Watch, е оценета со најмалку BBB или со Baa3, согласно рејтинг системот на Xxxxx’x.
Банкарска гаранција од став 1 на овој член треба да важи најмалку 3 (три) месеци по истекот на рокот за целосно реализирање на обврските по овој Договор.
Договорните страни се согласни дека Договорниот орган има право да ја активира банкарската гаранција од став 1 на овој член, во следниве случаи:
- Кога Носителот на набавката не ги извршува обврските по овој Договор навремено согласно одредбите од 9 од овој Договор и кога доцнењето е подолго од 10 (десет) дена од денот кога требало да ги испорача стоките предвиден во член 11 од овој Договор,
- кога Носителот на набавката испорачал несоодветни стоки-предмет на овој Договор кои не се во согласност со наведеното во техничката спецификација и СПЕЦИМЕНИТЕ и истите не ги заменува со нови во рокот наведен во член 10 од овој Договор,
- во случај на неисполнување на договорните обврски од страна на Носителот на набавката,
- кога Договорот е раскинат по вина на Носителот на набавката.
Недоставување на банкарска гаранција во договорениот рок, преставува основ за раскинување на овој Договор.
Доколку Договорот се спроведе навреме и квалитетно, согласно одредбите на овој Договор, гаранцијата за квалитетно извршување на Договорот му се враќа на Носителот на набавката во рок од 14 (четиринаесет) дена по целосното извршување на обврските по Договорот.
ВИША СИЛА
Член 15
Ниту една од договорните страни не одговара и нема да биде одговорна за неисполнување на обврските по овој Договор до кое би дошло поради Виша сила. Ако една од договорните страни е спречена поради Виша сила, должна е во рок од 24 часа писмено да ја извести другата страна, со наведување на причините за Вишата сила и по можност обезбедување на соодветен доказ.
По отстранување на Вишата сила Договорот може да се реализира по потреба со заеднички прифатено дополнување или да се раскине договорно.
ПРИМЕНЛИВ ЗАКОН
Член 16
Врз сите евентуални спорови кои би произлегле од овој Договор ќе се применуваат важечките прописи на Република Македонија.
РЕШАВАЊЕ НА СПОРОВИ
Член 17
Сите спорови кои ќе произлезат од овој Договор или во врска со него, ќе се решаваат пред надлежниот суд.
РАСКИНУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ
Член 18
Кога една од договорните страни нема да ја исполни својата обврска во договорените рокови за времетраењето на Договорот, а тоа неисполнување претставува суштествен дел на Договорот, другата Договорна страна има право да го раскине Договорот доколку достави писмено известување со кое ќе определи дополнителен рок од 15 (петнаесет) дена за исполнување на обврската, а обврската не се исполни ниту во ваквиот дополнително определен рок.
КОРУПЦИСКО ИЛИ ИЗМАМНИЧКО ОДНЕСУВАЊЕ
Член 19
Договорните страни се согласни да ги применат највисоките стандарди за етичко и законито однесување за време на реализација на овој Договор.
ЈАЗИК НА ДОГОВОРОТ
Член 20
Јазик на Договорот и на другите документи кои претставуваат составен дел на Договорот е македонскиот јазик.
Јазик на целата комуникација во писмена форма помеѓу договорните страни е македонскиот јазик.
ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ДОГОВОРОТ
Член 21
Договорот се склучува за временски период 3 (три) години сметано од денот на стапување на сила на Договорот.
ЗАВРШНИ И ОПШТИ ОДРЕДБИ
Член 22
Договорот стапува на сила на година.
Член 23
Договорните страни можат да ги дополнат и/или изменат одредбите од овој Договор само спогодбено.
Договорната страна која бара измена и/или дополнување е должна своето барање до другата страна да го достави во писмена форма.
Одредбите од овој договор можат да се изменат и/или дополнат со склучување на Договорот за изменување и дополнување на основниот Договор.
Дополнувањата и измените на овој Договор се важечки ако се направени во писмена форма и ако се потпишани од двете договорни страни.
Член 24
Ниту една договорна страна нема право своите обврски да ги пренесе на трета страна, без взаемна писмена согласност.
Член 25
Овој договор е склучен во 6 (шест) истоветни примероци од кои по 4 (четири) примероци за Договорниот орган и 2 (два) примероци за Носителот на набавката.
ДОГОВОРЕН ОРГАН
Царинска управа на РМ
Директор
Xxxxxx Xxxxxxx - Крстевска
НОСИТЕЛ НА НАБАВКА
Управител
______________________
Составни делови на овој Договор се:
а) Спецификација на цени (прилог 1),
б) Документ со детали за конечните вид и форма на сите барани заштитни елементи (прилог 2),
в) Техничка спецификација од тендерската документација, г) Понудата на Носителот на набавката.
IV. ОБРАЗЕЦ НА ПОНУДА
Врз основа на огласот број 12/2016 објавен од страна на Царинска управа на Република Македонија, за доделување на договор за јавна набавка на контролни марки за обележување на тутунски добра, меѓупроизводи и етил алкохол, со спроведување на отворена постапка, со електронска аукција преку Електронскиот систем за јавни набавки (ЕСЈН), и на превземена тендерската документација која е објавена од договорниот орган, ја поднесуваме следнава:
П О Н У Д А
IV.1. ОПШТ ДЕЛ
IV.1.1. Име на понудувачот:
IV.1.2. Контакт информации
- Адреса:_
- Телефон:
- Факс
- Е-пошта:
- Лице за контакт:
IV.1.3. Одговорно лице:
IV.1.4. Лице овластено од одговорното лице: _
(се пополнува само доколку понудата ја потпишува лице овластено од одговорното лице, со приложено овластување)
IV.1.5. Даночен број:
IV.1.6. Матичен број:
IV.1.7. Нашата понудата е составена од следниве делови:
- Пополнет образец на Понуда составена од ОПШТ ДЕЛ и ТЕХНИЧКА И ФИНАНСИСКА ПОНУДА ,
- Договор за групна понуда (задожително се доставува заедно со понудата, само во случај на групна понуда),
- Документи за докажување на личната состојба,
- Документ за докажување на способноста за вршење на професионална дејност,
- Докази за исполнување на техничката или професионалната способност,
- Докази за исполнување на стандардите за квалитет,
- Гаранција на понудата,
- Изјава за независна понуда (во случај на групна понуда, секој член на групата на понудувачи ја поднесува изјавата за независна понуда за својот субјект/правно лице, односно самостојно),
- Пополнет образец за општи информации (Во случај на групна понуда образецот со општи информации се пополнува за секој член на групата на економски оператори)
- Пополнет образец на листа на доверливи информации (ако нема доверливи информации, образецот не мора да се доставува),
IV.2. ТЕХНИЧКА И ФИНАНСИСКА ПОНУДА
IV.2.1. Согласни сме да ги понудиме стоките-предмет на договорот за јавна набавка со цените дефинирани во следниве Листи:
Листа на цени за ДЕЛ 1 - Контролни марки за обележување на тутунски добра
1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 |
Назив | Единица мерка | количини | Единечн а цена без ДДВ со вклучен и трошоци и попусти | Вкупна цена без ДДВ (3x4) | ДДВ |
Контролни марки за тутунски добра со димензии: 44 mm (должина) x 20 mm (ширина), согласно техничката спецификација | парче | 900.000.000 | |||
Вкупна цена без ДДВ (со бројки): | |||||
Вкупнo ДДВ (со бројки): |
IV.2.2. Според тоа, вкупната цена на понудата за ДЕЛ 1, вклучувајќи ги сите трошоци и попуст без ДДВ, изразена во денари / евра изнесува:
(со бројки),
(со букви).
(Во случај понудата да е поднесена од странски економски оператор, вкупната цена се изразува со букви на англиски јазик.)
Вкупниот износ на ДДВ изнесува (со бројки).
(со букви).
IV.2.3. Изјавуваме дека имаме намера дел од договорот за ДЕЛ 1 да го отстапиме на подизведувач/и, и тоа:*
- следниот дел од договорот:
- на следниот/те подизведувач/и (фирма, седиште, единствен даночен број и слично):
_
* (Податоците мора да бидат наведени само доколку понудувачот има намера дел од договорот за јавна набавка да го отстапи на еден или повеќе подизведувачи)
IV.2.4. Со поднесување на оваа понуда, во целост ги прифаќаме условите предвидени во огласот и тендерската документација и не го оспоруваме Вашето право да ја поништите постапката за доделување на договор за јавна набавка, согласно со член 169 од Законот за јавните набавки.
Место и датум Одговорно лице*
_
(потпис)
*Образецот на понудата може да биде потпишан и од лице овластено од одговорното лице
Напомена: Доколку понудата ја потпишува лице овластено од одговорното лице, во прилог се доставува и овластување за потпишување на понудата потпишано од одговорното лице
Листа на цени за ДЕЛ 2 - Контролни марки за обележување на меѓупроизводи и етил алкохол
1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 |
Назив | Единица мерка | количини | Единечн а цена без ДДВ со вклучен и трошоци и попусти | Вкупна цена без ДДВ (3x4) | ДДВ |
Контролни марки за обележување на меѓупроизводи и етил алкохол со димензии: 60 mm (должина) x 15 mm (ширина), согласно техничката спецификација | парче | 24.000.000 | |||
Вкупна цена без ДДВ (со бројки): | |||||
Вкупнo ДДВ (со бројки): |
IV.2.5. Според тоа, вкупната цена на понудата за ДЕЛ 2, вклучувајќи ги сите трошоци и попуст без ДДВ, изразена во денари / евра изнесува:
_(со бројки),
(со букви).
(Во случај понудата да е поднесена од странски економски оператор, вкупната цена се изразува со букви на англиски јазик.)
Вкупниот износ на ДДВ изнесува (со бројки).
(со букви).
IV.2.6. Изјавуваме дека имаме намера дел од договорот за ДЕЛ 2 да го отстапиме на подизведувач/и, и тоа:*
- следниот дел од договорот:
- на следниот/те подизведувач/и (фирма, седиште, единствен даночен број и слично):
_
* (Податоците мора да бидат наведени само доколку понудувачот има намера дел од договорот за јавна набавка да го отстапи на еден или повеќе подизведувачи)
IV.2.7. Со поднесување на оваа понуда, во целост ги прифаќаме условите предвидени во огласот и тендерската документација и не го оспоруваме Вашето право да ја поништите постапката за доделување на договор за јавна набавка, согласно со член 169 од Законот за јавните набавки.
Место и датум Одговорно лице*
_
(потпис)
*Образецот на понудата може да биде потпишан и од лице овластено од одговорното лице
Напомена: Доколку понудата ја потпишува лице овластено од одговорното лице, во прилог се доставува и овластување за потпишување на понудата потпишано од одговорното лице
V. ИЗЈАВА ЗА НЕЗАВИСНА ПОНУДА (во случај на групна понуда, секој член на групата на понудувачи ја поднесува изјавата за независна понуда за својот субјект/правно лице, односно самостојно);
И З Ј А В А
Јас, долупотпишаниот* [име x
презиме], врз основа на член 129 став 2 од Законот за јавните набавки, а во својство на одговорно лице на понудувачот
, под целосна материјална и кривична одговорност изјавувам дека понудата за ДЕЛ од
отворена постапка бр.12/2016 за доделување на договор за јавна набавка – Контролни марки за обележување на тутунски добра, меѓупроизводи и етил алкохол со спроведување на отворена постапка ја поднесувам независно, без договор со други економски оператори на начин кој не е спротивен на прописите за заштита на конкуренцијата.
Истовремено, под целосна материјална и кривична одговорност изјавувам
дека при доставувањето на понудата за за ДЕЛ од
отворената постапка бр.12/2016 не учествувам со други економски оператори со кои сум капитално, сопственички или роднински поврзан.
Исто така, изјавувам дека сум целосно свесен за последиците од давање на невистинити наводи во изјавата, што ќе доведе до поведување на соодветна постапка против понудувачот во чие име и за чија сметка сум овластен да ја дадам оваа изјава.
Место и датум
Одговорно лице
_ (потпис)* *
*Изјавата за независна понуда не може да гласи на ниту едно друго лице освен на одговорното лице.
**Изјавата за независна понуда не може да биде потпишана од ниту едно друго лице освен од одговорното лице.
VI. ОБРАЗЕЦ ЗА ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ (Во случај на групна понуда образецот со општи информации се пополнува за секој член на групата на економски оператори)
1. Назив на член на група економски оператори: | |
2. Адреса на седиштето: | |
3. Телефон: | 4. Контакт: |
5. Факс: | 6. e-mail: |
7. Место на основањето/регистрацијата: | 8. Година на основањето/регистрацијата: |
9. Основни дејности на економскиот оператор: |
Место и датум Одговорно лице*
(потпис)
*Образецот може да биде потпишан и од лице овластено од одговорното лице, со приложено овластување
VII. ОБРАЗЕЦ НА ЛИСТА НА ДОВЕРЛИВИ ИНФОРМАЦИИ (ако нема доверливи информации, образецот не мора да се доставува)
Информации кои се доверливи | Бројот на страниците со тие информации, | Причини за доверливост на тие информации | Временски период во кој тие информации ќе бидат доверливи |
Место и датум Одговорно лице*
(потпис)