e-mail:gocedelcevnegotino@gmail.com
XXX Xxxx Xxxxxx Xxxxxxxx
xx.Xxxxxx Xxxx xx.000
Тел.043/361-534
e-mail:xxxxxxxxxxxxxxxxxx@xxxxx.xxx
НАБАВКА ОД МАЛА ВРЕДНОСТ ЗА НАБАВКА НА УСЛУГИ –Критеруим за доделување на договорот: најниска цена
За набавка на услуги:
ПОПРАВКА И ОДРЖУВАЊЕ НА СОФТВЕР, ХАРДВЕР И ДРУГА ОПРЕМА ( КОМПЈУТЕРИ, ФОТОКОПИРИ И СЛ.)
(за централно и подрачни училишта)
[Неготино, февруари 2021 година]
Врз основа на член 48 и 81 од Законот за јавните набавки (Службен весник на РМ бр.24/19), подготвена е:
ТЕНДЕРСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА
За набавка од мала вредност за Услуги за Поправка и одржување на софтвер, хардвер и друга опрема ( компјутери, фотокопири и сл.) за централното и подрачните училишта
Тендерската документација содржи:
1. ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ ВО ВРСКА СО ДОГОВОРНИОТ ОРГАН И ПРЕДМЕТОТ НА НАБАВКА 3
2. ПОЈАСНУВАЊЕ, ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ТЕНДЕРСКАТА ДОКУМЕНТАЦИЈА 4
4. ПОДНЕСУВАЊЕ И ОТВОРАЊЕ НА ПОНУДИТЕ 6
6. СКЛУЧУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ ЗА ЈАВНА НАБАВКА ИЛИ НА РАМКОВНАТА СПОГОДБА 10
7. ПРАВО НА ЖАЛБА И ЗАВРШУВАЊЕ НА ПОСТАПКАТА ЗА ЈАВНА НАБАВКА 11
1. ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ ВО ВРСКА СО ДОГОВОРНИОТ ОРГАН И ПРЕДМЕТОТ НА НАБАВКА
1.Договорен орган
1.1.Договорен орган е XXX XXXX XXXXXX Неготино со адреса на xx.Xxxxxx Xxxx xx.000,тел. за контаркт 043/361-534 електронска адреса xxxxxxxxxxxxxxxxxx@xxxxx.xxx,контакт лице Xxxxx Xxxxxxx
2. Предмет на договорот за јавна набавка
2.1.Предмет на договорот за јавна набавка е услуги ( Поправка и одржување на софтвер, хардвер и друга опрема ( компјутери, фотокопири и сл.) во централното и подрачните училишта во с.Xxxxxxxx, с.Д.Дисан, с.Тремник и с.Курија.
Детален опис на предметот на договорот е даден во техничките спецификации во прилог на оваа тендерска документација.
2.2.Предметот на договорот е неделив.Економскиот оператор во својата понуда треба да ги вклучи сите составни делови.Во спротивно понудата ќе се смета за неприфатлива.
3. Општи мерки за спречување на корупцијата
3.1 Договорниот орган во постапката за јавна набавка и при извршување на договорот, ќе ги преземе сите потребни мерки со цел навремено откривање на корупцијата и отстранување или намалување на штетните последици од истата.
4. Вид на постапка за јавна набавка
4.1 Договорот за јавна набавка ќе се додели со примена на набавка од мала вредност.
4.2 Набавката од мала вредност ќе се изврши со објавување оглас.
4.3 Оваа постапка ќе се спроведува со користење на електронски средства преку Електронскиот систем за јавни набавки (во натамошниот текст: ЕСЈН), достапен на следнава интернет адреса xxxxx://xxx.x-xxxxxxx.xxx.xx и Правилникот за начинот на користење на електронскиот систем за јавни набавки („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 64/2019).
5. Посебни начини за доделување на договорот за јавна набавка
Електронска аукција
5.1 Договорот за јавна набавка ќе се додели со користење електронска аукција на која ќе се добијат нови цени коригирани надолу.
5.1.1 Предмет на електронската аукција ќе биде:
- само цената,
5.1.2 Сите понудувачи што поднеле прифатливи понуди, истовремено ќе се поканат, да достават нови цени за делот на понудата кој е предмет на електронска аукција.
5.1.3 Сите понудувачи во секоја фаза од аукцијата ќе имаат пристап до информациите кои ќе им овозможат во секое време да го утврдат својот ранг.
5.1.4 Доколку во постапката за јавна набавка остане само една прифатлива понуда, електронска аукција нема да се спроведе.
5.1.5 По завршувањето на електронската аукција, доколку предметот на набавката или поединечниот дел се состои од повеќе ставки, цената на секоја од поединечните ставки ќе се пресметува со соодветно намалување кое ќе биде еднакво на процентот на намалување на цената на првичната понуда на избраниот најповолен понудувач (пред електронската аукција) и цената на последната понуда (по завршувањето на аукцијата).
Рамковна спогодба
5.2 Оваа постапка нема да заврши со склучување на рамковна спогодба.
2. ПОЈАСНУВАЊЕ, ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ТЕНДЕРСКАТА ДОКУМЕНТАЦИЈА
2.1 Појаснување на тендерската документација
2.1.1 Економскиот оператор може да побара појаснување на тендерската документација преку модулот "Прашања и одговори" на ЕСЈН, најмалку четири дена пред крајниот рок за поднесување на понудите.
2.1.2 Појаснувањето договорниот орган ќе го достави преку истиот модул, без да го открие идентитетот на економскиот оператор кој го поставил прашањето, за што економските оператори што презеле тендерска документација ќе добијат автоматско електронско известување дека е даден одговор на поставеното прашање.
2.2 Изменување и дополнување на тендерската документација
2.2.1 Договорниот орган може, по свое наоѓање или врз основа на поднесените прашања за објаснување поднесени од страна на економските оператори, да ја измени или да ја дополни тендерската документација, при што во најкус можен рок, но не подоцна од два дена пред истекот на крајниот рок за поднесување на понудите ги прави достапни измените и дополнувањата на ист начин како што ја направил достапна тендерската документација, по што сите економски оператори што ја презеле ќе добијат автоматско електронско известување дека е објавена измена.
2.2.2 Во случај на измена на тендерската документација, договорниот орган може крајниот рок за поднесување на понудите да го продолжи пропорционално на сложеноста на измената или дополната на тендерската документација и тоа најдоцна четири дена пред истекот на рокот за поднесување понуди.
3. ПОДГОТОВКА НА ПОНУДАТА
3.1 Право на учество
3.1.1 Право да достави понуда има секое заинтересирано физичко или правно лице или група такви лица, вклучувајќи ги и сите привремени здружувања, кои на пазарот или во постапката за јавна набавка го нудат предметот на набавка.
3.1.2 Составен дел од групната понуда е договор за поднесување групна понуда со кој членовите во групата економски оператори меѓусебно и кон договорниот орган се обврзуваат за извршување на договорот за јавна набавка. Овој договор потребно е да ги содржи следниве податоци:
-членот на групата кој ќе биде носител на групата, односно кој ќе ја поднесе понудата и ќе ја застапува групата,
-членот на групата кој во име на групата економски оператори ќе го потпише договорот за јавна набавка,
-членот на групата кој ќе ја издаде фактурата и сметка на која ќе се вршат плаќањата,
-краток опис на обврските на секој од членовите на групата економски оператори за извршување на договорот
3.1.3 Членовите на групата економски оператори одговараат неограничено и солидарно пред договорниот орган за обврските преземени со понудата.
3.1.4 Економскиот оператор кој има една или повеќе негативни референци, групата економски оператори во која членува економски оператор кој има негативна референца нема право на учество во постапката согласно со член 101 став 7 од законот.
3.1.5 Економскиот оператор во рамките на иста постапка за доделување на договор за јавна набавка може да учествува само во една понуда. Сите понуди ќе бидат отфрлени ако економскиот оператор:
учествува во повеќе од една самостојна и/или како член во групна понуда или
учествува како подизведувач во друга самостојна и/или како член во групна понуда.
3.1.6 Економскиот оператор може да учествува како подизведувач во повеќе од една понуда.
3.1.7 Лицата кои учествувале во изработка на тендерската документација не смеат да бидат понудувачи или членови во група на понудувачи во постапката за јавна набавка.
3.1.8 За да учествува во постапката, економскиот оператор треба да се регистрира во ЕСЈН и да поседува квалификуван сертификат за електронски потпис согласно прописите за електронски потпис. Економскиот оператор се регистрира во ЕСЈН со пополнување на регистрациска форма која е составен дел од ЕСЈН1, .
Напомена: Во моментот на поднесување на групна понуда сите членови на групата треба да бидат регистрирани на Електронскиот систем за јавни набавки.
3.2 Трошоци за поднесување на понуда
3.2.1 Економскиот оператор ги сноси сите трошоци поврзани со подготовката и со доставувањето на понудата, а договорниот орган не е одговорен за тие трошоци без оглед на водењето и на исходот од постапката за јавна набавка.
3.3 Јазик на понудата
3.3.1 Понудата, документите поврзани со понудата како и целата кореспонденција е на македонски јазик со користење на неговото кирилско писмо.
3.4 Алтернативна понуда
3.4.1 Договорниот орган не дозволува поднесување алтернативни понуди.
3.5 Цена на понудата
3.5.1 Во цената на понудата треба да се засметани сите трошоци и попусти на вкупната цена на понудата, без ДДВ кој се искажува посебно, во денари.
3.6 Корекција на цени
3.6.1 При реализација на договорот за јавна набавка не се предвидува корекција на цените, односно цените искажани во конечната понуда, после е-аукцијата, на најповолниот понудувач ќе бидат фиксни за целото времетраење на договорот за јавна набавка.
3.7 Начин и рок на извршување на услугата
3.7.1 Економскиот оператор е должен, во случај на потреба, да му ја обезбеди услугата која е предмет на договорот, на договорниот орган во било кое време во текот на неделата. Во случај на проблем, договорниот орган упатува повик до економскиот опрератор усно (телефонски), писмено или преку електронска пошта. Економскиот оператор е должен да одговори во рок од 2 часа.
3.8 Начин на плаќање
3.8.1 Плаќањето ќе се врши, после секој изминат месец во рок од 30 дена по доставување на фактура за извршената услуга.
Договорниот орган се обврзува плаќањето на Носителот на набавката да го врши во определениот рок од денот на приемот на фактурата во архивата на Договорниот орган, на сметка и банка за која писмено ке го извести Носителот на набавката.
3.9 Период на важност на понудата
3.9.1 Понудата треба да е со важност од 90 дена.
3.9.2 Договорниот орган може, во исклучителни случаи кои не настанале по негова вина, да побара од понудувачите продолжување на периодот на важност на понудите.
3.10 Средства за обезбедување
3.10.1 Со понудата економскиот оператор доставува изјава за сериозност на понудата.
3.10.2 Со изјавата економскиот оператор изјавува дека:
нема да ја повлече својата понуда пред истекот на периодот на нејзината важност,
ќе ја прифати исправката на аритметичките грешки од страна на комисијата,
ќе го потпише договорот за јавна набавка согласно со условите од тендерската документација и доставената понуда или
ќе ја обезбеди гаранцијата за квалитетно и навремено извршување на договорот, ако договорниот орган ја предвидел во тендерската документација.
4. ПОДНЕСУВАЊЕ И ОТВОРАЊЕ НА ПОНУДИТЕ
4.1 Поднесување на понудите
4.1.1 Понудата се поднесува во согласност со тендерската документација, со користење на обрасците дадени во прилог.
4.1.2 Понудата е обврзувачка за целиот период на важност што го утврдил договорниот орган.
4.1.3 Понудувачот ја доставува понудата со цена во која се засметани сите трошоци и попусти на вкупната цена на понудата, без ДДВ кој се искажува посебно, во валута утврдена во тендерската документација.
4.1.4 Цената на понудата се изразува за вкупниот предмет на набавка. [Доколку предметот на набавка е поделен во делови, цената на понудата се изразува посебно за оној дел за кој се поднесува понудата].
4.1.5 Понудувачот може да ја измени, замени или да ја повлече својата понуда пред истекот на крајниот рок за поднесување на понудите.
4.1.6 Понудата се поднесува во електронска форма преку ЕСЈН и истата треба да биде електронски потпишана со користење на квалификуван сертификат за
електронски потпис од одговорното лице на економскиот оператор или лице овластено од него. Сертификатот треба да биде со важност најмалку до моментот на јавното отворање односно крајниот рок за поднесување на понудите.
4.1.7 Доколку понудата ја потпишува лице овластено од одговорното лице, во прилог се доставува и овластување за потпишување на понудата потпишано од одговорното лице.
Напомена: Подетални информации за начинот на дигитално потпишување се содржани во прирачникот “Општи и технички препораки за користење на ЕСЈН за економски оператори и договорни органи“ објавен на почетната страна на ЕСЈН во делот "Документи".
4.1.8 Економските оператори можат во хартиена форма да ја поднесат документација во нестандарден формат и големина пред крајниот рок за поднесување на понудите, доколку истите се преобемни за скенирање и прикачување на ЕСЈН.
4.1.9 Понудите кои содржат покус период на важност од тој утврден во точка 3.10.1 од тендерската документација ќе бидат отфрлени како неприфатливи.
4.2. Краен рок за поднесување на понудите
4.2.1 Краен рок за доставување на понудите е 08.02.2021 година до 10 часот.
4.2.2 Понудите се поднесуваат преку ЕСЈН на следнава веб адреса: xxxxx://x-xxxxxxx.xxx.xx.
4.2.3 По истекот на крајниот рок за поднесување на понудите истите нема да може да се поднесат преку ЕСЈН.
4.3. Елементи на понудата
4.3.1 Понудата треба да е составена од следниве елементи:
Образец на понуда (Прилог 1),
Документ за регистрирана дејност,
Изјава за сериозност на понудата (Прилог 2)
4.4 Подизведување
4.4.1 Понудувачот може дел од договорот за јавна набавка да додели на подизведувач. Доколку понудувачот користи подизведувач при извршувањето на договорот за јавна набавка, во понудата:
ги наведува сите подизведувачи, како и секој дел од договорот за кој има намера да го додели на подизведувачи;
доставува контакт податоци за законските застапници на предложените подизведувачи;
доставува документација за утврдување способност на предложените подизведувачи и
доставува барање од подизведувачот за директно плаќање, доколку подизведувачот го бара тоа.
4.5 Отворање на понудите
4.5.1 Отворањето на понудите е јавно, а ќе се изврши на ден 08.02.2021 во 10 часот во време определено во тендерската документација како краен рок за поднесување на понудите, на следнава локација, ООУ Гоце Делчев Неготино ул.Маршал Тито бр.117 Неготино
4.5.2 Понудувачот може да има свој овластен претставник на јавното отворање на понудите, при што овластениот преставник треба на комисијата да и предаде писмено овластување од понудувачот, доколку сака да даде забелешки на постапката на јавно отворање.
4.5.3 Комисијата за јавни набавки ќе пристапи кон отворање на понудите доколку е пристигната и само една понуда.
5. ЕВАЛУАЦИЈА НА ПОНУДИТЕ
5.1 Критериуми за утврдување на способност на понудувачите
За да учествуваат во постапката за јавна набавка, економските оператори треба да докажат дека ја имаат потребната способност за вршење на професионална дејност.
5.1.1 Економскиот оператор треба да е регистриран како физичко или правно лице за вршење на дејноста поврзана со предметот на договорот за јавна набавка или да припаѓа на соодветно професионално здружение согласно со прописите на земјата каде што е регистриран.
5.2 Начин на докажување на способноста на понудувачот
5.2.1 За докажување на способноста за вршење на професионална дејност
5.2.1 Документот од точка 5.1.1, го издава надлежен орган во земјата каде е регистриран економскиот оператор. Во Република Северна Македонија надлежен орган за издавање на документ за регистрирана дејност (ДРД Образец) е Централниот регистар на Република Северна Македонија.
5.3 Критериум за избор на најповолна понуда
5.3.1 Договорниот орган како критериум за избор на најповолна понуда ќе ја користи економски најповолната понуда врз основа на:
цената
5.3.2 За најповолна понуда ќе биде избрана понудата која има најниска понудена цена.
5.4 Евалуацијата на понудите
5.4.1 Кај набавката од мала вредност, комисијата најпрво ја проверува комплетноста и валидноста на способноста за вршење на професионална дејност на понудувачот. Истовремено, согласно со член 101 став 13 од законот, комисијата во генерираниот извештај на ЕСЈН за негативни референци, проверува дали понудувачите се на листата на издадени негативни референци.
5.4.2 При проверката на комплетноста и валидноста на документацијата за утврдување способност на понудувачот и при евалуација на понудата, комисијата може да побара понудувачите да ги појаснат или дополнат документите, доколку не станува збор за значителни отстапувања од бараната документација, внимавајќи со бараното појаснување или дополнување да не создава предност во корист на одреден економски оператор.
5.4.3 Договорниот орган ќе побара од економскиот оператор, во рок не пократок од пет дена, да ја објасни цената или трошокот наведен во понудата, доколку смета дека понудата содржи невообичаено ниска цена во однос на услугите што се предмет на набавка или доколку постои сомнеж дека договорот ќе биде извршен.
5.4.4 Договорниот орган, ќе побара објаснување на цената доколку вредноста на понудата е за повеќе од 50 % пониска од просечната цена на прифатливите понуди и е за повеќе од 20 % пониска од следната рангирана понуда, во случај да има добиено најмалку три прифатливи понуди.
5.4.5 Бараното објаснување понудувачот го доставува преку ЕСЈН во рок кој го определила комисијата.
5.4.6 Комисијата не смее да бара, ниту да дозволува никакви промени во финансиската и техничката понуда, освен исправката на аритметички грешки.
5.4.7 Евалуацијата на понудите ќе се врши согласно со критериумите наведени во тендерската документација.
5.4.8 По извршената евалуација, комисијата ќе пристапи кон рангирање на понудите и изготвување предлог за избор на најповолна понуда.
5.5 Заштита на податоци
5.5.1 Договорниот орган нема да открива информации доставени од страна на економскиот оператор кои се означени како тајна или утврдени како класифицирана информација.
5.5.2 Економскиот оператор може, врз основа на закон, друг пропис или општ правен акт да означи одредени податоци за деловна тајна или за класифицирани, вклучувајќи ги техничките или трговските тајни содржани во понудата или пријавата за учество, под услов да го наведе правниот основ врз основа на кој истите се означени за тајни или за класифицирани.
5.5.3 Економскиот оператор не смее да ги означи за деловна тајна или за класифицирана информација: цената на понудата, трошоците на животниот век, спецификациите на понудените стоки, услуги или работи, количините, податоците во врска со критериумите за избор на најповолна понуда, јавните исправи, извадоците од јавни регистри и другите податоци кои согласно со посебните прописи мора јавно да се објавуваат или не смее да се означат како деловни тајни или како класифицирани информации.
Напомена: Понудата на економскиот оператор која е подготвена спротивно на точка 5.5.3 од оваа тендерска документација, комисијата ќе ја смета за неприфатлива и нема да ја евалуира.
5.6 Исправка на аритметички грешки
5.6.1 Ако понудата е прифатлива и е составена и доставена во согласност со тендерската документација, договорниот орган ги коригира аритметичките грешки на следниот начин:
ако постои несовпаѓање меѓу зборовите и бројките, преовладува износот што е напишан со зборови;
ако постои разлика помеѓу единечната цена и вкупната цена, тогаш преовладува единечната цена.
5.6.2 Во случај на несовпаѓање помеѓу цената внесена на ЕСЈН и цената внесена во образецот на понудата, за валидна се смета цената внесена во образецот на понуда. Во овој случај комисијата ќе ја измени цената внесена на ЕСЈН.
5.7 Поништување на постапката
5.7. 1 Договорниот орган може да ја поништи постапката за јавна набавка, за што носи одлука за поништување на постапката ако:
бројот на кандидати е понизок од минималниот број предвиден за постапките за јавна набавка согласно со овој закон,
не е поднесена ниту една понуда или ниту една прифатлива понуда,
настанале непредвидени промени во буџетот на договорниот орган,
понудувачите понудиле цени и услови за извршување на договорот за јавна набавка кои се понеповолни од реалните на пазарот,
оцени дека тендерската документација содржи битни пропусти или недостатоци,
добие инструкции од Бирото да ја поништи постапката во управна контрола или поради технички проблем на ЕСЈН кој не може да се надмине на поинаков начин, или
поради непредвидени и објективни околности се промениле потребите на договорниот орган.
5.7.2 Договорниот орган ги известува сите учесници во постапката за јавна набавка преку ЕСЈН, најдоцна во рок од три дена од денот на поништувањето, во врска со престанокот на обврските на учесниците што произлегуваат од поднесувањето на понудите и за причините за поништување на постапката.
6. СКЛУЧУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ ЗА ЈАВНА НАБАВКА ИЛИ НА РАМКОВНАТА СПОГОДБА
6.1 Доделување на договорот за јавна набавка
6.1.1 Договорниот орган ќе донесе одлука за избор или за поништување на постапката во рок кој не е подолг од рокот за поднесување на понудите, сметајќи од денот определен како краен рок за поднесување на понудите, а не сметајќи ги деновите во кои договорниот орган чека преземање одредено дејствие од друг субјект.
6.1.2 Договорниот орган го склучува договорот за јавна набавка со понудувачот чија понуда е избрана за најповолна врз основа на техничката и на финансиската понуда во рок од 30 дена од денот на конечноста на одлуката за избор, но не подоцна од периодот на важност на понудата.
6.1.3 Ако избраниот понудувач се откаже од склучување на договорот или дојде до раскинување заради негово ненавремено или неквалитетно извршување, договорниот орган може да склучи договор со следниот рангиран понудувач, ако цената не е повисока од 5% во однос на првично избраната понуда.
6.2 Известување за доделување на договорот за јавна набавка
6.2.1 Договорниот орган ќе ги извести понудувачите за одлуките во врска со утврдената способност, извршениот избор на најповолна понуда, склучувањето на рамковната спогодба или поништувањето на постапката за јавна набавка. Известувањето се доставува во рок од три дена од денот на донесувањето на соодветната одлука.
6.2.2 Во прилог на известувањето ќе се достави и примерок од соодветната одлука, а истото ќе се испрати преку ЕСЈН.
6.2.3 По доставување на одлуката за избор на најповолна понуда или за поништување на постапката, а до истекот на рокот за вложување жалба, економските оператори што учествувале во постапката имаат право на увид во целокупната документација од постапката, вклучувајќи ги доставените понуди или пријави за учество, освен оние документи што се означени како деловна тајна.
6.3 Склучување на договорот
6.3.1 Договорните страни го склучуваат договорот за јавна набавка во писмена форма во рамки на рокот на важност на најповолната понуда, но не подоцна од 30 дена од денот на конечноста на одлуката за избор.
6.3.2 Договорот за јавна набавка или рамковната спогодба се склучува согласно со условите утврдени во тендерската документација и понудата.
6.4. Извршување на договорот
6.4.1 Договорните страни го извршуваат договорот за јавна набавка или рамковната спогодба согласно со условите утврдени во тендерската документација и избраната најповолна понуда.
6.4.2 Договорниот орган ќе врши контрола дали извршувањето на договорот за јавна набавка е во согласност со условите од договорот.
6.4.3 При извршувањето на договорот договорните страни покрај одредбите од Законот за јавните набавки, соодветно ќе ги применат одредбите од законот што ги уредува облигационите односи и материјалните прописи со кои се уредува предметот на набавка.
7. ПРАВО НА ЖАЛБА И ЗАВРШУВАЊЕ НА ПОСТАПКАТА ЗА ЈАВНА НАБАВКА
7.1 Право на жалба
7.1.1 Секој економски оператор кој има правен интерес за добивање на договорот за јавна набавка или рамковната спогодба и кој претрпел или би можел да претрпи штета од евентуално прекршување на одредбите од овој закон, може да бара правна заштита против одлуките, дејствијата и пропуштањата за преземање дејствија од страна на договорниот орган во постапката за јавна набавка.
7.1.2 Жалбата се изјавува до Државната комисија во електронска форма, а се доставува истовремено до Државната комисија и договорниот орган преку ЕСЈН.
7.1.3 Кај набавката од мала вредност, жалба се изјавува во рок од пет дена, од денот на:
објавување на огласот за јавна набавка, во однос на содржината на огласот или тендерската документација;
објавување на известувањето за измени и дополнителни информации, во однос на содржината на измените и дополнителните информации;
отворање на понудите, во однос на пропуштањето на договорниот орган соодветно да одговори на навремените прашања или барања за појаснување или измени на тендерската документација или
прием на одлуката за избор на најповолна понуда или за поништување, во однос на постапката на евалуација и избор на најповолна понуда, или за причините за поништување на постапката.
Жалителот кој пропуштил да изјави жалба, нема право на жалба во подоцнежната фаза на постапката за истиот правен основ.
7.2 Завршување на постапката за јавна набавка
7.2.1 Постапката за јавна набавка завршува на денот на конечноста на одлуката за избор или за поништување на постапката.
7.2.2 Веднаш по завршување на постапката, договорниот орган ќе ги врати мострите, урнеците и документите за кои во оваа тендерска документација е предвидено дека ќе се вратат на понудувачите.
8. ЗАДОЛЖИТЕЛНИ ЕЛЕМЕНТИ ОД ДОГОВОРОТ ЗА ЈАВНА НАБАВКА
8.1 Задолжителни одредби од договорот:
предмет на договорот-Услуги -Поправка и одржување на софтвер, хардвер и друга опрема ( компјутери, фотокопири и сл.),
времетрање на договорот-до 31.12.2021 година
проценета вредност,
рок и начин на извршување на услугите,-согласно точка 3.7
начин, услови и рокови на плаќање – согласно точка 3.8;
разлики во цена-не;
Техничка спецификација
Ред. Бр.
|
О П И С |
Количина |
1. |
Месечно сервисирање и одржување на компјутерска опрема: Софтверско и хардверско одржување на компјутерска опрема и тоа: -Персонални компјутери x 35 парчиња,во конфигурација, –client server-45 парчиња, -thin client -200 парчиња -Router x 7 парчиња, -Switch x 2 парчиња
Во рамки на софтверското одржување, понудувачот во својата понуда треба да предвиди одржување на следниве софтвери: --инсталација /надградба на постоечката верзија на оперативен систем и кориснички апликации, -одржување и надградба на софтвер за сметководство/плати/вработени/архива/библиотека, -превентивно и тековно одржување и остранување на сите неправилности во работењето на софтверот за сметководство/плати/вработени/архива/библиотека -вградување на технички подобрувања во софтверот и инкорпорирање на законски измени, -бекап на податоците најмалку два пати месечно, -одржување на компјутерска мрежа, -администрирање на мрежен систем и сервер, -администрирање на безжична мрежа, -одржување и организација на мрежна инсталација
|
Цена за месечно одржување |
2.
|
Одржување на Лаптоп Classmate x 80 парчиња Одржувањето ќе се врши на повик и на барање на договорниот орган.Економскиот оператор е должен да одговори на повикот на договорниот орган во рок од 2 часа
|
Цена за работен час
|
3.
|
Одржување на Лаптоп HP 655 и Лаптоп Asus Aspire es 15 Одржувањето ќе се врши на повик и на барање на договорниот орган.Економскиот оператор е должен да одговори на повикот на договорниот орган во рок од 2 часа
|
Цена за работен час
|
4.
|
Одржување на Thin Client XD2/Monitor x 318 парчиња. Одржувањето ќе се врши на повик и на барање на договорниот орган.Економскиот оператор е должен да одговори на повикот на договорниот орган во рок од 2 часа
|
Цена за работен час
|
5. |
Одржување на метален ормар 36 U за лаптопи x 8. Одржувањето ќе се врши на повик и на барање на договорниот орган.Економскиот оператор е должен да одговори на повикот на договорниот орган во рок од 2 часа
|
Цена за работен час |
6. |
Одржување на Проектор х 5. Одржувањето ќе се врши на повик и на барање на договорниот орган.Економскиот оператор е должен да одговори на повикот на договорниот орган во рок од 2 часа
|
Цена за работен час |
7. |
Одржување на Интерактивни табли х 5. Одржувањето ќе се врши на повик и на барање на договорниот орган.Економскиот оператор е должен да одговори на повикот на договорниот орган во рок од 2 часа |
Цена за работен час |
8. |
M/B Intel LGA 775
|
1 бр. |
9. |
Тастатура ПС/2 |
1 бр. |
10. |
Глувче ПС/2 |
1 бр. |
11. |
Тастатура USB со кабел |
1 бр. |
12. |
Глувче USB со кабел |
1 бр. |
13. |
HDD 500 GB SATA
|
1 бр. |
14. |
SSD 256 GB |
1 бр. |
15.
|
DDR2 2GB |
1 бр. |
16. |
DDR2 4GB |
1 бр. |
17. |
DDR4 4GB |
1 бр. |
18.
|
Power Supply 500W |
1 бр. |
19.
|
Ethernet Card 10/100 |
1 бр. |
20. |
Ethernet Card 10/100/1000 |
1 бр. |
21. |
MB Gigabyte A520M H AM4 DDR4 5000MHz OC SATA3 M.2 USB 3.2 HDMI/DVI GBit LAN |
1 бр. |
22. |
MSI GeForce GT730 2GB DDR3 OC HDMI/DVI/VGA Low Profile Noise Free |
1 бр. |
23. |
Испорака и поставување кабел FTP CAT 5e за ЛАН мрежа |
1 м. |
24. |
Испорака и поставување кабел FTP CAT 6a за ЛАН мрежа |
1 м. |
25. |
Испорака и поставување пластични ПОК канали за исталација димензија 25 х 25 мм. |
1 м. |
26. |
Испорака и поставување пластични ПОК канали за исталација димензија 40 х 25 мм. |
1 м. |
27. |
Wireless Router 4 cores, CPU 716MHz, Memory 128MB, Ethernet ports 2xGB, PoE in – PoE out ports, Wireless 2.4GHz and 5GHz, Operating temperature -40°C - +50°C
|
1 бр. |
28. |
5-Port Desktop Fast Ethernet Switch - Metal Housing |
1 бр. |
29. |
8-Port Desktop Fast Ethernet Switch - Metal Housing |
1 бр. |
30. |
5-port Desktop Gigabit Ethernet Switch, v3, metal housing |
1 бр. |
31. |
8-port Desktop Gigabit Ethernet Switch, v3, metal housing |
1 бр. |
32. |
16-port Gigabit Unmanaged Switch with 16-port 10/100/1000 ports |
1 бр. |
33. |
24-port Gigabit Unmanaged switch, Fanless, 802.3az (Green), desktop/19" rackmount |
1 бр. |
34. |
Испорака и поставување на Rack ормар 19" 6U, набавка, транспорт и монтажа на ѕиден Rack. Комплет со целокупната потребна опрема во орманот, комплет со стандардна опрема ( 1 полица, водилки за кабли, со 3 шуко приклучници со заштита), со сите поврзувања, испитување и пуштање во работа, со просторна резерва за вградување на активна опрема. Орманот треба да има можност за заклучување |
1 бр. |
35. |
Испорака
и поставување на печ панел, со 24 RJ45
CAT 6a конектори,
1U,
за монтажа во |
1 бр. |
36. |
Испорака
и монтажа на Patch Cord, RJ45-RJ45 F/UTP 4P, |
1 бр. |
37. |
Испорака
и монтажа на Patch Cord, RJ45-RJ45 F/UTP 4P, |
1 бр. |
38. |
Испорака
и монтажа на Patch Cord, RJ45-RJ45 F/UTP 4P, |
1 бр. |
39. |
Испорака
и монтажа на Patch Cord, RJ45-RJ45 F/UTP 4P, |
1 бр. |
40. |
HDMI cable 10m. 4K |
1 бр. |
41. |
HDMI cable 15m. 4K |
1 бр. |
42. |
WEB Camera 640x480 |
1 бр. |
43. |
USB memory 32GB |
1 бр. |
44. |
Wireless N USB Adapter 300Mbps |
1 бр. |
45. |
HDMI to VGA and audio adapter |
1 бр. |
46. |
Antivirus 1 Device/1Year + Safe Kids App Free |
1 бр. |
47. |
CPU Cooler LGA 775
|
1 бр. |
ЗАБЕЛЕШКА: Замената на резервните делови ќе се врши согласно понудената листа на делови и цени, а доколку се работи за дел кој не е содржан во листата на делови, потребно е да се достави влезна фактура за заменетиот резервен дел. Заменетите резервни делови стануваат сопственост на договорниот орган.
Од ставка бр.8 до бр.47, во делот количина, е внесено 1 бр. но тоа не значи дека ќе бидат набавени само по 1 број од истите односно доколку се јави потреба еден ист дел може воопшто да не се набави или да се набави во повеќе броеви, се до исцрпување на вредноста на договорот.
Прилог 1 – Образец на понуда
Врз основа на огласот за доделување договор за јавна набавка на услуги – Поправка и одржување на софтвер, хардвер и друга опрема ( компјутери, фотокопири и сл ) во постапка од мала вредност оглас бр.____________ и на тендерската документација, ја поднесуваме следнава:
П О Н У Д А
Дел I – Информации за понудувачот
I.1.Име на понудувачот:
_____________________________________________
I.2. Контакт информации
Адреса: _______________________________________________________
Телефон: _____________________________________________________
Факс: _______________________________________________________
Е-пошта: ______________________________________________________
Лице за контакт:
______________________________________________
I.3.Овластено лице:
_________________________________________________
I.4.Даночен број:
____________________________________________________
II Техничка понуда
I.5. Согласни сме да ја дадеме оваа понуда за предметот на договорот за јавна набавка- Поправка и одржување на софтвер, хардвер и друга опрема ( компјутери, фотокопири и сл).
I.6. Нашата понудата е составена од следниве делови:
пополнет образец на Понуда составена од IV.1 ОПШТ ДЕЛ и IV.II ФИНАНСИСКА ПОНУДА,
документ за докажување на способноста за вршење на професионална дејност,
изјава за сериозност
I.7. Со поднесување на оваа понуда, во целост ги прифаќаме условите предвидени во огласот и тендерската документација и не го оспоруваме Вашето право да ја поништите постапката за доделување на договор за јавна набавка согласно со член 169 од Законот за јавните набавки.
III-Финансиска понуда
Ред. број
|
О П И С |
Количина |
Единечна цена
|
ДДВ
|
Вкупен износ со ДДВ |
1 |
Месечно сервисирање и одржување на компјутерска опрема: Софтверско и хардверско одржување на компјутерска опрема и тоа: -Персонални компјутери x 35 парчиња,во конфигурација, –client server-45 парчиња, -thin client -200 парчиња -Router x 7 парчиња, -Switch x 2 парчиња
Во рамки на софтверското одржување, понудувачот во својата понуда треба да предвиди одржување на следниве софтвери: --инсталација /надградба на постоечката верзија на оперативен систем и кориснички апликации, -одржување и надградба на софтвер за сметководство/плати/вработени/архива/библиотека, -превентивно и тековно одржување и остранување на сите неправилности во работењето на софтверот за сметководство/плати/вработени/архива/библиотека -вградување на технички подобрувања во софтверот и инкорпорирање на законски измени, -бекап на податоците најмалку два пати месечно, -одржување на компјутерска мрежа, -администрирање на мрежен систем и сервер, -администрирање на безжична мрежа, -одржување и организација на мрежна инсталација
|
Цена за месечно одржување |
|
|
|
2 |
Одржување на Лаптоп Classmate x 80 парчиња Одржувањето ќе се врши на повик и на барање на договорниот орган.Економскиот оператор е должен да одговори на повикот на договорниот орган во рок од 2 часа
|
Цена за работен час
|
|
|
|
3 |
Одржување на Лаптоп HP 655 и Лаптоп Asus Aspire es 15 Одржувањето ќе се врши на повик и на барање на договорниот орган.Економскиот оператор е должен да одговори на повикот на договорниот орган во рок од 2 часа
|
Цена за работен час
|
|
|
|
4 |
Одржување на Thin Client XD2/Monitor x 318 парчиња. Одржувањето ќе се врши на повик и на барање на договорниот орган.Економскиот оператор е должен да одговори на повикот на договорниот орган во рок од 2 часа
|
Цена за работен час
|
|
|
|
5 |
Одржување на метален ормар 36 U за лаптопи x 8. Одржувањето ќе се врши на повик и на барање на договорниот орган.Економскиот оператор е должен да одговори на повикот на договорниот орган во рок од 2 часа
|
Цена за работен час |
|
|
|
6 |
Одржување на Проектор х 5. Одржувањето ќе се врши на повик и на барање на договорниот орган.Економскиот оператор е должен да одговори на повикот на договорниот орган во рок од 2 часа
|
Цена за работен час |
|
|
|
7 |
Одржување на Интерактивни табли х 5. Одржувањето ќе се врши на повик и на барање на договорниот орган.Економскиот оператор е должен да одговори на повикот на договорниот орган во рок од 2 часа |
Цена за работен час |
|
|
|
8 |
M/B Intel LGA 775
|
1 бр. |
|
|
|
9 |
Тастатура ПС/2 |
1 бр. |
|
|
|
10 |
Глувче ПС/2 |
1 бр. |
|
|
|
11 |
Тастатура USB со кабел |
1 бр. |
|
|
|
12 |
Глувче USB со кабел |
1 бр. |
|
|
|
13 |
HDD 500 GB SATA
|
1 бр. |
|
|
|
14 |
SSD 256 GB |
1 бр. |
|
|
|
15 |
DDR2 2GB |
1 бр. |
|
|
|
16 |
DDR2 4GB |
1 бр. |
|
|
|
17 |
DDR4 4GB |
1 бр. |
|
|
|
18 |
Power Supply 500W |
1 бр. |
|
|
|
19 |
Ethernet Card 10/100 |
1 бр. |
|
|
|
20 |
Ethernet Card 10/100/1000 |
1 бр. |
|
|
|
21 |
MB Gigabyte A520M H AM4 DDR4 5000MHz OC SATA3 M.2 USB 3.2 HDMI/DVI GBit LAN |
1 бр. |
|
|
|
22 |
MSI GeForce GT730 2GB DDR3 OC HDMI/DVI/VGA Low Profile Noise Free |
1 бр. |
|
|
|
23 |
Испорака и поставување кабел FTP CAT 5e за ЛАН мрежа |
1 м. |
|
|
|
24 |
Испорака и поставување кабел FTP CAT 6a за ЛАН мрежа |
1 м. |
|
|
|
25 |
Испорака и поставување пластични ПОК канали за исталација димензија 25 х 25 мм. |
1 м. |
|
|
|
26 |
Испорака и поставување пластични ПОК канали за исталација димензија 40 х 25 мм. |
1 м. |
|
|
|
27 |
Wireless Router 4 cores, CPU 716MHz, Memory 128MB, Ethernet ports 2xGB, PoE in – PoE out ports, Wireless 2.4GHz and 5GHz, Operating temperature -40°C - +50°C
|
1 бр. |
|
|
|
28 |
5-Port Desktop Fast Ethernet Switch - Metal Housing |
1 бр. |
|
|
|
29 |
8-Port Desktop Fast Ethernet Switch - Metal Housing |
1 бр. |
|
|
|
30 |
5-port Desktop Gigabit Ethernet Switch, v3, metal housing |
1 бр. |
|
|
|
31 |
8-port Desktop Gigabit Ethernet Switch, v3, metal housing |
1 бр. |
|
|
|
32 |
16-port Gigabit Unmanaged Switch with 16-port 10/100/1000 ports |
1 бр. |
|
|
|
33 |
24-port Gigabit Unmanaged switch, Fanless, 802.3az (Green), desktop/19" rackmount |
1 бр. |
|
|
|
34 |
Испорака и поставување на Rack ормар 19" 6U, набавка, транспорт и монтажа на ѕиден Rack. Комплет со целокупната потребна опрема во орманот, комплет со стандардна опрема ( 1 полица, водилки за кабли, со 3 шуко приклучници со заштита), со сите поврзувања, испитување и пуштање во работа, со просторна резерва за вградување на активна опрема. Орманот треба да има можност за заклучување |
1 бр. |
|
|
|
35 |
Испорака
и поставување на печ панел, со 24 RJ45
CAT 6a конектори,
1U,
за монтажа во |
1 бр. |
|
|
|
36 |
Испорака
и монтажа на Patch Cord, RJ45-RJ45 F/UTP 4P, |
1 бр. |
|
|
|
37 |
Испорака
и монтажа на Patch Cord, RJ45-RJ45 F/UTP 4P, |
1 бр. |
|
|
|
38 |
Испорака
и монтажа на Patch Cord, RJ45-RJ45 F/UTP 4P, |
1 бр. |
|
|
|
39 |
Испорака
и монтажа на Patch Cord, RJ45-RJ45 F/UTP 4P, |
1 бр. |
|
|
|
40 |
HDMI cable 10m. 4K |
1 бр. |
|
|
|
41 |
HDMI cable 15m. 4K |
1 бр. |
|
|
|
42 |
WEB Camera 640x480 |
1 бр. |
|
|
|
43 |
USB memory 32GB |
1 бр. |
|
|
|
44 |
Wireless N USB Adapter 300Mbps |
1 бр. |
|
|
|
45 |
HDMI to VGA and audio adapter |
1 бр. |
|
|
|
46 |
Antivirus 1 Device/1Year + Safe Kids App Free |
1 бр. |
|
|
|
47 |
CPU Cooler LGA 775
|
1 бр. |
|
|
|
III.1.Согласни сме да ги понудиме следниве услуги:
III.2. Ги прифаќаме начинот и рокот на извршување на услугите утврдени во тендерската документација.
III.3. Според тоа вкупната цена на нашата понуда, вклучувајќи ги сите трошоци и попусти, без ДДВ, изнесува: _______________________________________________________ [со бројки] (__________________________________________________________) [со букви] денари. Вкупниот износ на ДДВ изнесува ________________.
III.4. Нашата понуда важи за периодот утврден во тендерската документација. Се согласуваме со начинот на плаќање утврден во тендерската документација.
Место и датум ___________________________ |
Овластено лице ___________________________ (потпис ) |
*Овој образец не се потпишува своерачно, туку исклучиво електронски со прикачување на валиден дигитален сертификат чиј носител е одговорното лице или лице овластено од него
Прилог 2 – Изјава за сериозност на понудата
И З Ј А В А
Јас, долупотпишаниот __________________________________________ [име и презиме] врз основа на член 101 став 4 од Законот за јавните набавки, а во својство на одговорно лице на понудувачот________________________________________________________________ изјавувам дека нема да ги преземам дејствијата од став 6 на член 101 од Законот за јавните набавки во постапката која се спроведува по огласот за доделување на договор за јавна набавка број ______________________ за набавка на Поправка и одржување на софтвер, хардвер и друга опрема ( компјутери, фотокопири и сл ) објавен од страна на ООУ Гоце Делчев Неготино и дека понудата е правно обврзувачка за нас во сите нејзини делови до истекот на периодот на нејзината важност.
Исто така, изјавувам дека сум целосно свесен со последиците од прекршување на оваа изјава, што ќе доведе до издавање на негативна референца од страна на договорниот орган против понудувачот во чие име и за чија сметка сум овластен да ја дадам оваа изјава согласно со член 101 став 7 од Законот за јавните набавки.
Место и датум
___________________________ |
Одговорно лице*
___________________________ (потпис) |
*Изјавата се потпишува електронски со прикачување на валиден дигитален сертификат чиј носител е одговорното лице или лице овластено од него.
|
1На почетната страна на ЕСЈН во делот „Економски оператори“ се наоѓа линкот „Регистрирај се“.