Додаток за работна успешност Примери за клаузули

Додаток за работна успешност. Член 91 Додатокот за работна успешност на овластеното службено лице се определува сразмерно на извршените работи на работното место на кое работи, односно доверените работи и неговиот придонес во вкупното работење на организациската единица во која работи и Министерството во целина.
Додаток за работна успешност. Член 161 Додатокот за работна успешност на работникот се определува сразмерно на извршените работи на работното место на кое работи, односно доверените работи и неговиот придонес во вкупното работење на организациската единица во која работи и Министерството во целина.

Related to Додаток за работна успешност

  • Критериуми за утврдување на способност на понудувачот или кандидатот IV.2.1) За докажување на личната состојба, економскиот оператор треба да ги достави следниве документи: - изјава на економскиот оператор дека во последните пет години не му била изречена правосилна пресуда за учество во злосторничка организација, корупција, измама или перење на пари - потврда дека не е отворена постапка за стечај од надлежен орган - потврда дека не е отворена постапка за ликвидација од надлежен орган - потврда за платени даноци, придонеси и други јавни давачки од надлежен орган од земјата каде што економскиот оператор е регистриран - потврда од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица дека не му е изречена споредна казна забрана за учество во постапки за јавен повик, доделување на договори за јавна набавка и договори за јавно-приватно партнерство - потврда од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица дека не му е изречена споредна казна привремена или трајна забрана за вршење на одделна дејност - потврда дека со правосилна пресуда не му е изречена прекршочна санкција - забрана за вршење на професија, дејност или должност, односно привремена забрана за вршење одделна дејност

  • ПОНИШТУВАЊЕ НА ПОСТАПКАТА 8.1. Договорниот орган може да ја поништи постапката за доделување на договор за јавна набавка ако: - бројот на кандидати е понизок од минималниот број предвиден за постапките за доделување на договор за јавна набавка согласно со овој закон, - не е поднесена ниту една понуда или ниту една прифатлива понуда, - не е поднесена ниту една соодветна понуда во постапка каде што предметот на договорот е оформен во еден единствен дел, како и во постапките каде што предметот на договор е оформен во повеќе делови и каде што може да се утврди соодветноста на понудите, - се поднесени прифатливи понуди кои не можат да се споредат поради различниот пристап во техничките или финансиските понуди, - настанале непредвидени промени во буџетот на договорниот орган, - понудувачите понудиле цени и услови за извршување на договорот за јавна набавка кои се понеповолни од реалните на пазарот, - оцени дека тендерската документација содржи битни пропусти или недостатоци, до моментот на отворање на понудите, - поради непредвидени и објективни околности се промениле потребите на договорниот орган или - договорниот орган не може да изврши избор на најповолна понуда поради битни повреди на законот согласно со членот 210 од овој закон или - избраниот понудувач се откаже од склучување на договорот.

  • Гаранција за квалитетно извршување на договорот 7.5.1 Услов за потпишување на договорот со избраниот најповолен по- нудувач е обезбедување гаранција од страна на избраниот најповолен по- нудувач за квалитетно извршување на договорот во висина од 10% од вкупната вредноста на договорот со вклучен ДДВ.

  • Критериум за доделување на договорот за јавна набавка 1.10.1 Критериум за доделување на договорот за јавна набавка е најниска цена. За носител на набавката ќе биде избран оној економски оператор кој ќе понуди најниска цена во текот на електронската аукција, а чија понуда претходно е оценета како прифатлива. Со оглед на тоа дека конкретнава постапка завршува со спроведување на електронска аукција нема да се врши бодување на понудите, туку само рангирање на понудувачите според висината на понудените цени.

  • ЗАВРШУВАЊЕ НА ПОСТАПКАТА ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ЈАВНА НАБАВКА 9.1 Постапката за доделување на договор за јавна набавка завршува на денот на конечноста на одлуката за избор или за поништување на постапката.

  • Изјава за сериозност на понудата 4.6.1 Во прилог на понудата, понудувачот доставува и електронски потпишана изјава за сериозност на понудата, при што треба да го користи образецот на изјава даден во прилог на тендерската документација. Доколку дојде до прекршување на дадената изјава за сериозност на понудата, истото ќе резултира со исклучување од натамошната постапка и издавање негативна референца против таквиот понудувач на начин и согласно условите утврдени во Законот за јавните набавки.

  • Правна заштита 6.3.1 Секој понудувач кој има правен интерес за добивање на договорот за јавна набавка и кој претрпел или би можел да претрпи штета од евентуално прекршување на одредбите од овој закон, може да бара правна заштита против одлуките, дејствијата и пропуштањата за преземање дејствија од страна на договорниот орган во постапката за доделување на договор за јавна набавка, во согласност со условите и постапката предвидени со Законот за јавните набавки. Правото на жалба во постапка која завршува со електронска аукција во однос на утврдување на способноста на понудувачите и целосната евалуација на првичните понуди се остварува по донесување на одлуката за избор на најповолен понудувач или поништување на постапката.

  • Право на учество 1.8.1 Економскиот оператор кој има една или повеќе негативни референци, групата економски оператори во која членува економски оператор кој има негативна референца, како и економскиот оператор кој претставува поврзано друштво со економскиот оператор кој има негативна референца, нема право на учество.

  • ПОСТАПКА III.1)Вид на постапка: Отворена постапка III.2)Меѓународна објава: Не III.3)Критериум за доделување на договор за јавна набавка: Најниска цена III.4)Дали постапката за доделување на договор за јавна набавка била реализирана со користење на електронски средства? Не III.5)Дали била користена електронска аукција? Да

  • Исправка на аритметички грешки 5.3.1 Ако понудата е прифатлива и е составена и доставена во согласност со тендерската документација, договорниот орган ги коригира аритметичките грешки на следниот начин: - ако постои несовпаѓање меѓу зборовите и бројките, преовладува износот што е напишан со зборови, - ако постои разлика помеѓу единечната цена и вкупната цена, тогаш преовладува единечната цена.