Common use of Заштита при работа Clause in Contracts

Заштита при работа. Работникот има право на заштита при работа. Заштитата на работа опфаќа мерки насочени кон создавање на сигурни услови за работа. За обезбедување на потребните услови за заштита на работниците на работа, работодавачот односно овластен орган, донесува општ акт со кој се уредува заштитата на работниците во согласност со закон. Работодавачот, при стапувањето на работникот на работа со договор за вработување, е должен да го запознае со сите опасности во работата и со правата и обврските во врска со заштитата на работа и услови за работа. Работникот има право да одбие да работи ако му се заканува непосредна опасност по живот или здравјето, поради тоа што не се спроведени пропишаните мерки за заштита при работа.

Appears in 9 contracts

Samples: Collective Agreement, Collective Agreement, Collective Agreement