Издавање на апликација за мобилно банкарство Примери за клаузули

Издавање на апликација за мобилно банкарство. Апликацијата за мобилно банкарство претставува апликација за мобилен уред базирана на листата на поддржани мобилни оперативни системи. Апликацијата се инсталира на мобилниот телефон и/или таблет на Корисникот од прифатливите продавници на мобилни апликации достапни на интернет. За да се користи апликацијата за мобилно банкарство потребно е да се креира ПИН код преку внесување на корисничко име и лозинка за еднократна употреба кои Корисникот ќе ги добие од страна на Банката во два дела поради сигурносни причини: едниот дел Корисникот ќе го добие на меил а другиот дел на СМС порака. Аплицирањето на услугата се врши со поденсување на Пристапница во експозитурите на Банката или електронски преку апликацијата за електронско банкарство за физички лица каде што клиентот со мобилен токен ја верификува нарачката и означува дека се согласува со Општите услови за Електронско и Мобилно Банкарство. По верификацијата Корисникот на СМС порака добива активациски код за кориснички профил а преку електронска пошта добива иницијална лозинка. Со внесување на двете компоненти во апликацијата на Мобилното банкарство Корисникот дефинира ПИН. За аплицирањето за мобилно банкарство Банката наплатува соодветен надомест согласно важечката Одлука за надоместоци (тарифи) за услугите на Банката, важечка на денот на извршување на услугата. Наплатата се извршува со уплата од страна на корисникот или со директна наплата од трансакциската сметка на корисникот која се извршува од страна на Xxxxxxx. Во случај на апликација и активирање на услугата Мобилно банкарство преку апликацијата на електронско банкарство за физички лица, клиентот не потпишува Договор за користење на услугите за Електронско и Мобилно Банкарство за физичко лица и Простапница за електронско/мобилно банкарство за физички лица туку само ја дава својата согласност со Општите услови за Електронско и Мобилно Банкарство кои се достапни на линк даден во апликацијата на електронското банкарство и на web страната на Шпаркасе Банка АД Скопје. Апликацијата за мобилно банкарство се користи за пристап до услугите за мобилно банкарство на Банката, увид во состојбата и реализирање на трансакции од сметките на Корисникот во Банката. Дополнително клиентите имаат можност да ги користат јавно достапните информации кои се однесуваат на производи и услуги на Банката.
Издавање на апликација за мобилно банкарство. Апликацијата за мобилно банкарство претставува апликација за мобилен уред базирана на листата на поддржани мобилни оперативни системи. Апликацијата се инсталира на мобилниот телефон и/или таблет на Корисникот од прифатливите продавници на мобилни апликации достапни на интернет. За да се користи апликацијата за мобилно банкарство потребно е да се креира ПИН код преку внесување на корисничко име и лозинка за еднократна употреба кои Корисникот ќе ги добие од страна на Банката во два дела поради сигурносни причини: едниот дел Корисникот ќе го добие на меил а другиот дел на СМС порака. Апликацијата за мобилно банкарство се користи за пристап до услугите за мобилно банкарство на Банката, увид во состојбата и реализирање на трансакции од сметките на Корисникот во Банката. Дополнително клиентите имаат можност да ги користат јавно достапните информации кои се однесуваат на производи и услуги на Банката.

Related to Издавање на апликација за мобилно банкарство

  • Појаснување на тендерската документација 3.1.1 Економскиот оператор може да побара појаснување на тендерската документација од договорниот орган, исклучиво во електронска форма преку ЕСЈН со користење на модулот "Прашања и одговори", најдоцна 6 (шест) дена пред крајниот рок за поднесување на понудите.

  • Гаранција за квалитетно извршување на договорот 7.5.1 Услов за потпишување на договорот со избраниот најповолен по- нудувач е обезбедување гаранција од страна на избраниот најповолен по- нудувач за квалитетно извршување на договорот во висина од 10% од вкупната вредноста на договорот со вклучен ДДВ.

  • Јазик на понудата 4.2.1 Понудата, како и целата кореспонденција и документи поврзани со понудата се доставува на македонски јазик.

  • Содржина на понудата 4.1.1 Понудата треба да биде подготвена врз основа на оригиналната тендерска документација во електронска форма и се состои од следниве елементи: - пополнет образец на понуда составен од ОПШТ ДЕЛ и ТЕХНИЧКА И ФИНАНСИСКА ПОНУДА; - договор за групна понуда (задожително се доставува заедно со понудата, само во случај на групна понуда); - документи за утврдување на личната состојба наведени во тендерската документација; - документи за утврдување на способноста за вршење на професиоална дејност наведени во тендерската документација; - изјава за сериозност на понудата; - изјава за независна понуда (во случај на групна понуда, секој член на групата на понудувачи ја поднесува изјавата за независна понуда за својот субјект/правно лице, односно самостојно), - пополнет образец за општи информации (во случај на групна понуда образецот со општи информации се пополнува за секој член на групата на економски оператори), - пополнет образец на листа на доверливи информации (образецот не мора да се доставува ако нема доверливи информации). - Известување за елементите на договорот кои економскиот оператор има намера да го отстапи на подизведувач/и (се доставува само доколку постои каква намера) .

  • Начин на комуникација 1.12.1 Секое барање, информација, известување и други документи во постапката се испраќаат во електронска форма преку ЕСЈН (xxxxx://xxx.x- xxxxxxx.xxx.xx). Секој документ се евидентира во моментот на испраќање, односно во моментот на примање.

  • Изјава за сериозност на понудата 4.6.1 Во прилог на понудата, понудувачот доставува и електронски потпишана изјава за сериозност на понудата, при што треба да го користи образецот на изјава даден во прилог на тендерската документација. Доколку дојде до прекршување на дадената изјава за сериозност на понудата, истото ќе резултира со исклучување од натамошната постапка и издавање негативна референца против таквиот понудувач на начин и согласно условите утврдени во Законот за јавните набавки.

  • Критериуми за утврдување на способност на понудувачот или кандидатот IV.2.1) За докажување на личната состојба, економскиот оператор треба да ги достави следниве документи: - изјава на економскиот оператор дека во последните пет години не му била изречена правосилна пресуда за учество во злосторничка организација, корупција, измама или перење на пари - потврда дека не е отворена постапка за стечај од надлежен орган - потврда дека не е отворена постапка за ликвидација од надлежен орган - потврда за платени даноци, придонеси и други јавни давачки од надлежен орган од земјата каде што економскиот оператор е регистриран - потврда од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица дека не му е изречена споредна казна забрана за учество во постапки за јавен повик, доделување на договори за јавна набавка и договори за јавно-приватно партнерство - потврда од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица дека не му е изречена споредна казна привремена или трајна забрана за вршење на одделна дејност - потврда дека со правосилна пресуда не му е изречена прекршочна санкција - забрана за вршење на професија, дејност или должност, односно привремена забрана за вршење одделна дејност

  • Трошоци за поднесување на понуда 1.9.1 Економскиот оператор ги сноси сите трошоци поврзани со подготовката и со доставувањето на понудата, а договорниот орган не е одговорен за тие трошоци без оглед на водењето и на исходот од постапката за доделување на договор за јавна набавка.

  • Валута на понудата 4.4.1. Цената на понудата се изразува во денари.

  • ЗАВРШУВАЊЕ НА ПОСТАПКАТА ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ЈАВНА НАБАВКА 9.1 Постапката за доделување на договор за јавна набавка завршува на денот на конечноста на одлуката за избор или за поништување на постапката.