Издавање ПУК код и активирање мТокен Примери за клаузули

Издавање ПУК код и активирање мТокен. Банката на новите корисници на Интернет банка/мБанка им издава ПУК код на одредени шалтери назначени за таа намена, кој ќе им служи во процесот на активација на мТокенот. Постојан корисник на Интернет банка/мБанка со доделени претплати на вршење трансакции може самостојно да го прегледа ПУК кодот преку Интернет банка, односно мБанка. Корисникот или Овластеното лице, кои ќе го подигнат ПУК кодот од шалтерите на Банката, потпишуваат Потврда за издаден ПУК код, и тоа поединечно секој за својот ПУК код. Активирањето на мТокенот се спроведува од страна на Корисникот, односно Овластеното лице, со одбирање на алатката мТокен која е вградена во Мобилната апликација мБанка, и со внесување на ПУК кодот и активацискиот код, кој Корисникот ќе го добие на својот мобилен телефонски број или преку електронската пошта, кои ги има доставено во базата на податоци за Корисникот во Банката. Издадениот ПУК код има неограничен рок на важност, додека активацискиот код за мТокен е валиден 24 часа од моментот на негово испраќање.

Related to Издавање ПУК код и активирање мТокен

  • Јазик на понудата 4.2.1 Понудата, како и целата кореспонденција и документи поврзани со понудата се доставува на македонски јазик.

  • Применливи прописи 1.6.1 Оваа постапка се спроведува согласно со Законот за јавните набавки, објавен во Службен весник на Република Македонија број 27/15, 78/15, 192/15, 27/16, 120/16 и 165/17, како и донесените подзаконски акти.

  • Период на важност на понудата 4.5.1 Понудите треба да важат најмалку 365 дена од денот на јавното отворање за чие времетраење понудата во сите нејзини елементи е обврзувачка за понудувачот. Доколку денот на отворањето на понудата е неработен, периодот на важноста на понудата се смета од наредниот работен ден. Понудите кои содржат покус период на важност од оној утврден во оваа точка од тендерската документација ќе бидат отфрлени како неприфатливи.

  • Содржина на понудата 4.1.1 Понудата треба да биде подготвена врз основа на оригиналната тендерска документација во електронска форма и се состои од следниве елементи: - пополнет образец на понуда составен од ОПШТ ДЕЛ и ТЕХНИЧКА И ФИНАНСИСКА ПОНУДА; - договор за групна понуда (задожително се доставува заедно со понудата, само во случај на групна понуда); - документи за утврдување на личната состојба наведени во тендерската документација; - документи за утврдување на способноста за вршење на професиоална дејност наведени во тендерската документација; - изјава за сериозност на понудата; - изјава за независна понуда (во случај на групна понуда, секој член на групата на понудувачи ја поднесува изјавата за независна понуда за својот субјект/правно лице, односно самостојно), - пополнет образец за општи информации (во случај на групна понуда образецот со општи информации се пополнува за секој член на групата на економски оператори), - пополнет образец на листа на доверливи информации (образецот не мора да се доставува ако нема доверливи информации). - Известување за елементите на договорот кои економскиот оператор има намера да го отстапи на подизведувач/и (се доставува само доколку постои каква намера) .

  • Авансно плаќање 7.4.1 За извршување на договорот за јавна набавка не е дозволено авансно плаќање.

  • Валута на понудата 4.4.1. Цената на понудата се изразува во денари.

  • Цена на понудата 4.3.1 Економскиот оператор во листата на цени ја внесува цената за секој дел поединечно.

  • Спречување на судир на интереси 1.11.1 За спречување на судир на интересите во постапките за доделување на договори за јавни набавки соодветно се применуваат одредбите од Законот за спречување судир на интереси.

  • Критериуми за утврдување на способност на понудувачот или кандидатот IV.2.1) За докажување на личната состојба, економскиот оператор треба да ги достави следниве документи: - изјава на економскиот оператор дека во последните пет години не му била изречена правосилна пресуда за учество во злосторничка организација, корупција, измама или перење на пари - потврда дека не е отворена постапка за стечај од надлежен орган - потврда дека не е отворена постапка за ликвидација од надлежен орган - потврда за платени даноци, придонеси и други јавни давачки од надлежен орган од земјата каде што економскиот оператор е регистриран - потврда од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица дека не му е изречена споредна казна забрана за учество во постапки за јавен повик, доделување на договори за јавна набавка и договори за јавно-приватно партнерство - потврда од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица дека не му е изречена споредна казна привремена или трајна забрана за вршење на одделна дејност - потврда дека со правосилна пресуда не му е изречена прекршочна санкција - забрана за вршење на професија, дејност или должност, односно привремена забрана за вршење одделна дејност

  • Изјава за сериозност на понудата 4.6.1 Во прилог на понудата, понудувачот доставува и електронски потпишана изјава за сериозност на понудата, при што треба да го користи образецот на изјава даден во прилог на тендерската документација. Доколку дојде до прекршување на дадената изјава за сериозност на понудата, истото ќе резултира со исклучување од натамошната постапка и издавање негативна референца против таквиот понудувач на начин и согласно условите утврдени во Законот за јавните набавки.