ИНФОРМИРАЊЕ НА РАБОТНИЦИТЕ. (комуникација помеѓу работодавачот и синдикатот) Работодавачот обезбедува задолжително редовно и навремено информирање на работниците за деловните и развојните решенија од влијание на економската и социјалната положба на работниците, а особено за: − годишни и повеќегодишни планови за развој; − организациски промени; − одлуки со кои се уредуваат правата од работен однос на работниците; − годишни деловни резултати; − други значајни деловни и развојни решенија; − други прашања од заеднички интерес. Информирањето се врши писмено, а за одредени работи и усно и може да се врши, преку гласило, билтен, на состаноци и на друг начин утврден од страна на работодавачот или со колективен договор на ниво на работодавач.
Appears in 4 contracts
Samples: www.pravdiko.mk, www.pravdiko.mk, www.pravdiko.mk