Надоместоци и камати. Сите надоместоци, провизии и камати поврзани со картичката се одредени со Одлуката за тарифата на надоместоци на Банката и Одлуката за каматни стапки на Банката. Истите се променливи согласно деловната политика на Xxxxxxx и се достапни на web страната на Xxxxxxx и на шалтерите на Банката; • За износот на пресметаните надоместоци, провизии и камати се задолжува сметката на Корисникот на основната картичка. • За промените на сметката, како и за сите други промени поврзани со работењето со картичката, Xxxxxxx го известува Корисникот на картичката преку месечен извод, кој Корисникот го подигнува на шалтерите на Банката и/или во електронска форма (преку Интернет банка). • За сите информации за изработена картичка или печатење на ПИН, за нови и за постојни корисници на картички Банката го известува клиентот преку СМС порака, Интернет банка, извод од сметка или контакт центарот на Банката.
Appears in 4 contracts
Samples: Општи Услови За Издавање И Користење На Mastercard® Кредитни Картички, Општи Услови За Издавање И Користење На Кредитни Картички, Општи Услови За Издавање И Користење На Mastercard® Кредитни Картички