Начин и рок на плаќање. Се предвидува следниов начин и рок на плаќање: Плаќањето на работите кои се предмет на овој договор, ќе се врши по доставување на ситуација заедно со градежна книга и градежен дневник како составен дел на ситуацијата за стварно изведени работи (времена или завршна), што ја доставува Носителот на набавката, со дефинирани и изведени позиции, одложено до 60 /шеесет/ дена , сметано од денот на приемот на истата во архивата на Договорниот орган. Времената ситуација Носителот на набавката ја доставува до Договорниот орган во примерен рок по истекот на периодот за кој се однесува, потпишана и заверена од страна на определен Надзорен орган од Договорниот орган. Завршната ситуација Носителот на набавката ја составува и поднесува на исплата до Договорниот орган, врз основа на стварно изведени и завршени работи, потпишана и заверена од страна на определен Надзорен орган од Договорниот орган.
Appears in 7 contracts
Samples: Договор За Јавна Набавка, Договор За Јавна Набавка, Договор За Јавна Набавка