ОБВРСКИ НА ОСИГУРУВАЧОТ Примери за клаузули

ОБВРСКИ НА ОСИГУРУВАЧОТ. (1) Осигурувачот има обврска врз основа на договореното осигурување да му исплати на корисникот: 1. за случај на доживување по истекот на договореното траење на осигурувањето, осигурената сума; 2. за случај на смрт на осигуреникот: 2.1. целата осигурена сума, без оглед на поминатото време на траење на осигурувањето: 2.1.1. при осигурување договорено врз основа на лекарски преглед; 2.1.2. ако настапи како последица на несреќен случај и ако не е договорена сумата од точка 2.3. на овој став; 2.1.3. поради пораѓање. 2.2. половина од осигурената сума при осигурување на живот договорено без лекарски преглед, ако смртта настапила како последица на болест во првата година од траењето на осигурувањето, а по истекот на тој рок, целата осигурена сума; 2.3. дополнителна двојна осигурена сума, ако настапила смрт на осигуреникот како последица на несреќен случај, доколку е договорена дополнителна сума и во кој случај како составен дел на договорот за осигурување се применуваат одредбите на член 2 и 6 од Дополнителните услови за осигурување на лица од последици на несреќен случај со осигурување на живот. (2) Ако е договорено взаемно осигурување, осигурувачот му исплаќа на корисникот на осигурувањето осигурена сума според одредбите на став (1) на овој член и тоа: 1. за случај на доживување, кога двајцата осигуреници ќе доживеат истек на договореното осигурување, 2. во случај на смрт на едниот осигуреник или истовремена смрт на двајцата осигуреници. (3) Осигурувачот има обврска во случаите од став (1) точка 1 и точка 2.1. и 2.2. и став (2) на овој член да ја исплати осигурената сума зголемена за до тогаш припишаниот удел во добивката, ако се исполнети претпоставките за учество во распределбата на остварената добивка, утврдени со овие Посебни услови.
ОБВРСКИ НА ОСИГУРУВАЧОТ. (1) Осигурувачот има обврска врз основа на договореното осигурување да му исплати на корисникот:
ОБВРСКИ НА ОСИГУРУВАЧОТ. Кога ќе ја прими пријавата за настанат осигуран случај, осигурувачот е должен веднаш, а најдоцна во рок од 3 дена, да пристапи кон утврдување и процена на штетата.
ОБВРСКИ НА ОСИГУРУВАЧОТ. [1] Осигурувачот се обврзува на корисникот одреден во полисата за осигурување да му ја исплати осигурената сума за доживување, ако осигуреникот или двете осигурени лица (кај заемното осигурување) го доживее/доживеат договорениот период на осигурување. Ако осигуреникот или едно од осигурените лица (кај заемното осигурување) умре/умрат во времетраењето на осигурувањето, осигурувачот се обврзува на корисникот да му исплати осигурена сума за смрт или нејзин дел веднаш по смртта на осигуреникот или на еден од осигурените лица (кај заемното осигурување). Корисникот може да побара износот да му биде исплатен на рати. [2] Ако осигуреникот или едно од осигурените лица (кај заемното осигурување) при осигурувањето, склучено без лекарски преглед, умре во првите шест месеци од почетокот на гаранцијата, осигурувачот е должен на корисникот веднаш по смртта на осигуреникот или на едно од осигурените лица (кај заемното осигурување) да му исплати половина од осигурената сума за случај на смрт. [3] Без оглед на одредбите од вториот став на овој член, осигурувачот ќе изврши исплата на целата осигурена сума: 1) ако осигурувањето е склучено со лекарски преглед; 2) во случај на смрт на осигуреникот или на едно од осигурените лица (кај заемното осигурување) поради несреќа, бременост или породување; 3) при новото осигурување, склучено без лекарски преглед, со почеток најдоцна три месеци по доживувањето на претходното осигурување кај осигурувачот.
ОБВРСКИ НА ОСИГУРУВАЧОТ. (1) Осигурувачот има обврска врз основа на договореното осигурување да му исплати на корисникот: 1. во случај на смрт на осигуреникот:
ОБВРСКИ НА ОСИГУРУВАЧОТ. Осигурувачот не исплаќа на осигуреникот осигурена сума туку само до тогаш пресметаната математичка резерва доколку смртта настапила како резултат на војна или воени случувања.
ОБВРСКИ НА ОСИГУРУВАЧОТ. Со договорот за осигурување на живот во случај на смрт на корисник на кредит, осигурувачот има обврска да исплати осигурена сума односно нејзин дел:
ОБВРСКИ НА ОСИГУРУВАЧОТ. Кога ќе настане несреќен случај (незгода) во смисла на овие Услови, Осигурувачот има обврска на корисникот на осигурувањето да му исплати надомест од осигурување: 1) Во случај на смрт на Осигуреникот како резултат на несреќен случај (незгода), Осигурувачот има обврска да исплати надомест во износ на неотплатениот долг од договорот за кредит согласно амортизациониот план но најмногу до договорената сума на осигурување, притоа не вклучувајќи ги каматите и доспеаните а неплатени месечни рати. 2) Во случај на траен инвалидитет повеќе од 50% како последица на несреќен случај (незгода), Осигурувачот има обврска да исплати надомест во износ на неотплатениот долг од договорот за кредит согласно амортизациониот план но најмногу до договорената сума на осигурување, освен доколку поинаку не се договори во договорот за осигурување (полисата), а притоа не вклучувајќи ги каматите и доспеаните а неплатени месечни рати. Конечниот степен на инвалидитет се одредува исклучиво по Табелата за определување процент на траен инвалидитет како последица на несреќен случај (незгода) која е составен дел од овие Посебни Услови и Општите Услови за осигурување на лица од последици на несреќен случај (незгода) (во понатамошниот текст: Табела за инвалидитет). Индивидуалните способности, социјалната положба или занимање (професионална способност) на Осигуреникот, не се земаат предвид при определувањето на процентот на инвалидитет. Степенот на траен инвалидитет Осигурувачот го одредува на основ на поднесена медицинска документација и извршен лекарски преглед, освен доколку поинаку не се договори. Исплатата на надомест по основа на траен инвалидитет кој изнесува повеќе од 50% може да се изврши во првата година по незгодата, само ако од медицински аспект може дефинитивно да се утврди видот и обемот на последицата од незгодата. Доколку не може да се утврди конечен степен на инвалидитет во согласност со претходниот став во периодот од три години по незгодата, Осигуреникот има право еднаш годишно да побара од Осигурувачот лекарска процена на степенот на инвалидитет. Ако ниту по истекот на три години од денот на настанувањето на незгодата не може да се утврди конечниот процент на трајниот инвалидитет, како конечна состојба се зема состојбата по истекот на тој рок и според тој процент се одредува процентот на инвалидитет. Ако кај Осигуреникот веќе постоел траен инвалидитет како последица од повреда, болест или дегенеративни промени пред настанување на осигурениот случај, обврската на Осигурувачот ...
ОБВРСКИ НА ОСИГУРУВАЧОТ. 1) Со Договорот за осигурување Осигурувачот се обврзува дека, во случај на настапување на осигурен случај престанок на работен однос на Осигуреникот, на корисникот на осигурувањето ќе му исплати надомест од осигурување еднаков на износите на ратите на неотплатениот долг на кредитот во согласност со договорот за кредит и амортизациониот план за времетраење на невработеноста, најмногу до 6 (шест) месеци по осигурен случај и за целото времетраење на осигурувањето, освен доколку поинаку не се договори во договорот за осигурување (полисата), притоа не вклучувајќи ги каматите и доспеаните а неплатени месечни рати. 2) Обврската на Осигурувачот настанува по истекот на каренцата односно по истекот на периодот на чекање. Каренцата, доколку поинаку не е договорено и наведено во договорот за осигурување, изнесува 30 (триесет) дена. Периодот на чекање, доколку поинаку не е договорено и наведено во договорот за осигурување, изнесува 30 (триесет) дена.
ОБВРСКИ НА ОСИГУРУВАЧОТ. [1] Доколку не е поинаку одредено, осигурувачот ја исплаќа заедничката оштета од сите осигурени случаи во една година која изнесува најмногу двојно од договорената осигурена сума. [2] Во случај на исплата на двојна осигурена сума, осигурителното покритие може да се продолжи единствено ако тоа е посебно договорено. Во тој случај премијата се одредува посебно.