Начин на докажување на способноста на понудувачот. Понудувачот го потврдува исполнувањето на критериумите за утврдување на личната состојба со изјава која ја доставува во прилог на својата понуда. Исполнетоста на останатите критериуми за утврдување на способност, понудувачот ја докажува со доставување на потребната документација утврдена во овој дел од тендерската документација: 12.1. За докажување на личната состојба: 12.2. За докажување на способноста за вршење на професионална дејност 12.2.1. За докажување на способноста за вршење на професионалната дејност, понудувачот треба да достави со својата понуда документ за регистрирана дејност како доказ дека е регистриран како физичко или правно лице за вршење на дејноста поврзана со предметот на договорот за јавна набавка или доказ дека припаѓа на соодветно професионално здружение согласно со прописите на земјата каде што е регистриран, односно да достави: - Потврда за регистрирана дејност или Тековна состојба. за чие издавање надлежен орган во РМ е Централен регистар на РМ; не постар од 6 / шест / месеци – сметано наназад од денот утврден за јавното отварање на понудите 12.3. При проверката на комплетноста и валидноста на документацијата за утврдување на способноста на економскиот оператор и при евалуација на понудата, комисијата задолжително бара од понудувачите да ги појаснат или дополнат документите за утврдување способност во рок од пет работни дена од крајниот рок за поднесување на понудите. Бараното објаснување економскиот оператор го доставува во писмена форма во рокот кој го определил договорниот орган, а кој не смее да е покус од три работни дена, од денот на приемот на барањето од страна на понудувачот. 12.4. Во случај на група економски оператори, сите членови на групата поединечно ја докажуваат својата лична состојба и способноста за вршење професионална дејност. Ако економски оператори поднесат групна понуда, економската и финансиската состојба, како и техничката и професионалната способност се докажува со земање предвид на ресурсите на сите членови во групата.
Appears in 6 contracts
Samples: Tender Documentation, Tender Documentation, Tender Documentation