Начин на изготвување на понудата. Понудата се изготвува во согласност со условите предвидени во тендерската документација, со користење на оригиналните обрасци дадени во прилог. Понудувачот подготвува еден оригинален примерок со ознака „оригинал“ . Понудата се пишува со неизбришливо мастило и ја потпишува и заверува одговорното лице на понудувачот или лице овластено од него. Доколку понудата ја потпишува лице овластено од одговорното лице, во прилог се доставува и овластување за потпишување на понудата потпишано од одговорното лице. Сите страници на понудата, освен за неизменетата печатена литература, ги парафира /округол печат и потпис / лицето кое ја потпишува понудата. Секое пишување меѓу редовите, бришење или пишување врз претходен текст важи само доколку е парафирано од лицето кое ја потпишува понудата.
Appears in 8 contracts
Samples: Tender Documentation, Tender Documentation, Tender Documentation