Обезбедување на комуникациски услуги Примери за клаузули

Обезбедување на комуникациски услуги. Македонски Телеком АД - Скопје обезбедува комуникациски услуги во согласност со Законот како и подзаконските акти, прописите и стандардите донесени во согласност со овој закон. Јавните комуникации во внатрешниот и во меѓународниот сообраќај се достапни на секој корисник, според недискриминаторски, објективни и транспаренти рокови и услови, освен во случаи на ограничувања што се во врска со капацитетот на давателот на услугата. Македонски Телеком АД - Скопје нема да одбие да задоволи разумно барање за телекомуникациска услуга од страна на било кое лице што е спремно да ги прифати и да ги почитува роковите и условите за услуга на Македонски Телеком АД - Скопје и коешто претходно ги почитувало овие рокови и услови за услуга. Од Македонски Телеком АД - Скопје нема да се бара да обезбедува која било комуникациска услуга доколку може да покаже дека комуникациската услуга се користи или е наменета за користење за цел спротивна на Законот или на друг закон или пропис. Македонски Телеком АД обезбедува приклучок и/или пристап до јавната комуникациска мрежа и/или до јавните комуникациски услуги на своите претплатници - крајни корисници во согласност со листата на јавно објавени услуги, содржана во официјалниот Ценовникот на Македонски Телеком АД, врз основа на склучен договор, а по претходно добиено барање за склучување на претплатнички договор, освен во случаи на ограничувања што се во врска со капацитетот и техничките можности на Македонски Телеком АД, за кои во писмена форма го известува подносителот на барањето.