Претплатник, субјект на договорот Примери за клаузули
Претплатник, субјект на договорот. Претплатник на услугите на Македонски Телеком АД - Скопје може да биде физичко или правно лице што за користење на јавните комуникациски услуги склучува договор со Македонски Телеком АД - Скопје за добивање на определен вид јавни комуникациски услуги. На име на претплатникот е регистрирана комуникациската линија со посредство на која претплатникот има пристап на јавната комуникациска мрежа на Македонски Телеком АД - Скопје во мрежната приклучна точка во која е приклучена терминалната опрема на претплатникот (компјутер, телефонски уред и сл.).
