ОДРЖЛИВ РАЗВОЈ, БЕЗБЕДНОСТ И ЖИВОТНА СРЕДИНА Примери за клаузули

ОДРЖЛИВ РАЗВОЈ, БЕЗБЕДНОСТ И ЖИВОТНА СРЕДИНА. Во рамките на одржлив развој, КУПУВАЧОТ строго се обврзува за безбедност, здравје, социјален дијалог и животна средина. Заштитата при работа, посебно заштитата на персоналот на КУПУВАЧОТ и неговите добавувачи, изведувачи и посетители, е задолжителен приоритет за КУПУВАЧОТ и е од фундаментална важност, и не смее да има било кој друг приоритет пред заштитата на работа. Намарата и амбицијата на КУПУВАЧОТ е во целост да дејствува тој самиот и неговите добавувачи за заштита на животната средина. До таа мерка, КУПУВАЧОТ има намера и да врши континуирано подобрување на еколошката перформанса вклучително и константна грижа за околината и да посвети големо внимание за спречување на бучавата, како и на транспарантната комуникација. ИЗВЕДУВАЧОТ во целост ги прифаќа овие политики и ги признава како свои, доколку тие се однесуваат на исполнувањето на обврските од ДОГОВОРОТ. ИЗВЕДУВАЧОТ ќе му ги врши услугите околу РАБОТИТЕ И/ИЛИ ОПРЕМАТА на КУПУВАЧОТ кои целосно ги задоволуваат безбедносните, здравствените, социјалните и еколошките правила утврдени со ЗАКОНИ, меѓународни договори, самиот КУПУВАЧ и/или ГРАДИЛИШТЕТО. Понатаму, за време на целото спроведување на било кој ДОГОВОР на ГРАДИЛИШТЕТО, ИЗВЕДУВАЧОТ ќе ги задоволува тој и ќе ги натера и неговите под-изведувачи да ги почитуваат во целост сите прописи, а особено тие кои се применливи според важечката РЕГУЛАТИВА и условите и/или интерните правила особено тиа кои важат за ГРАДИЛИШТЕТО. ИЗВЕДУВАЧОТ изрично и веднаш ќе го известува КУПУВАЧОТ за време на целото извршување на односниот ДОГОВОР за било која околност односно барање за безбедност, здравје и животна средина и која се однесува за УСЛУГИТЕ. ИЗВЕДУВАЧОТ исто така ќе бара информации од КУПУВАЧОТ во поглед на сите посебни обележја (конфигурација, активности, превоз, сообраќај…) на ГРАДИЛИШТЕТО. Сите документи во врска со истите КУПУВАЧОТ ќе му ги соопшти на ИЗВЕДУВАЧОТ без одлагање по барање на ИЗВЕДУВАЧОТ. Споменатите информации на никој начин нема да влијае врз одговорноста на ИЗВЕДУВАЧОТ. Затоа ИЗВЕДУВАЧОТ целосно ќе прифати одговорност во поглед на било кое дејство кое произлегува од неговата акција, пропуст или небрежност во поглед на безбедноста, здравјето и животната средина и тоа да го прави спрема КУПУВАЧОТ, ГРАДИЛИШТЕТО како и било кое трето лице. Ако, како последица на горе наведеното, КУПУВАЧОТ го примени своето право да го откаже или раскине односниот ДОГОВОР, ова ќе настане со исклучив прекршок спрема ИЗВЕДУВАЧОТ.

Related to ОДРЖЛИВ РАЗВОЈ, БЕЗБЕДНОСТ И ЖИВОТНА СРЕДИНА

  • Извор на средства 1.7.1 Средствата за реализација на договорот за јавна набавка кој е предмет на оваа постапка се обезбедени од Буџетот на Република Македонија.

  • Појаснување на тендерската документација 3.1.1 Економскиот оператор може да побара појаснување на тендерската документација од договорниот орган, исклучиво во електронска форма преку ЕСЈН со користење на модулот "Прашања и одговори", најдоцна 6 (шест) дена пред крајниот рок за поднесување на понудите.

  • Период на важност на понудата 4.5.1 Понудите треба да важат најмалку 365 дена од денот на јавното отворање за чие времетраење понудата во сите нејзини елементи е обврзувачка за понудувачот. Доколку денот на отворањето на понудата е неработен, периодот на важноста на понудата се смета од наредниот работен ден. Понудите кои содржат покус период на важност од оној утврден во оваа точка од тендерската документација ќе бидат отфрлени како неприфатливи.

  • Начин на плаќање 7.1.1 Се предвидува следниов начин на плаќање: вирмански во рок од 60 (шеесет) дена од првиот нареден ден од денот на прием на фактурата во архивата на Царинската управа на Република Македонија, лоцирана на ул.,,Xxxxx Xxxxxxxxx‘‘ бр. 13, 1000 Скопје.

  • ПОНИШТУВАЊЕ НА ПОСТАПКАТА 8.1. Договорниот орган може да ја поништи постапката за доделување на договор за јавна набавка ако: - бројот на кандидати е понизок од минималниот број предвиден за постапките за доделување на договор за јавна набавка согласно со овој закон, - не е поднесена ниту една понуда или ниту една прифатлива понуда, - не е поднесена ниту една соодветна понуда во постапка каде што предметот на договорот е оформен во еден единствен дел, како и во постапките каде што предметот на договор е оформен во повеќе делови и каде што може да се утврди соодветноста на понудите, - се поднесени прифатливи понуди кои не можат да се споредат поради различниот пристап во техничките или финансиските понуди, - настанале непредвидени промени во буџетот на договорниот орган, - понудувачите понудиле цени и услови за извршување на договорот за јавна набавка кои се понеповолни од реалните на пазарот, - оцени дека тендерската документација содржи битни пропусти или недостатоци, до моментот на отворање на понудите, - поради непредвидени и објективни околности се промениле потребите на договорниот орган или - договорниот орган не може да изврши избор на најповолна понуда поради битни повреди на законот согласно со членот 210 од овој закон или - избраниот понудувач се откаже од склучување на договорот.

  • Гаранција за квалитетно извршување на договорот 7.5.1 Услов за потпишување на договорот со избраниот најповолен по- нудувач е обезбедување гаранција од страна на избраниот најповолен по- нудувач за квалитетно извршување на договорот во висина од 10% од вкупната вредноста на договорот со вклучен ДДВ.

  • ЗАВРШУВАЊЕ НА ПОСТАПКАТА ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ЈАВНА НАБАВКА 9.1 Постапката за доделување на договор за јавна набавка завршува на денот на конечноста на одлуката за избор или за поништување на постапката.

  • Цена на понудата 4.3.1 Економскиот оператор во листата на цени ја внесува цената за секој дел поединечно.

  • Посебни начини за доделување на договорот за јавна набавка 1.5.1 Оваа постапка ќе заврши со доделување на договор за јавна набавка, односно нема да се користи посебниот начин за доделување на договорот со рамковна спогодба.

  • Критериум за доделување на договорот за јавна набавка 1.10.1 Критериум за доделување на договорот за јавна набавка е најниска цена. За носител на набавката ќе биде избран оној економски оператор кој ќе понуди најниска цена во текот на електронската аукција, а чија понуда претходно е оценета како прифатлива. Со оглед на тоа дека конкретнава постапка завршува со спроведување на електронска аукција нема да се врши бодување на понудите, туку само рангирање на понудувачите според висината на понудените цени.