ОТКУП НА ЗЕМЈИШТЕТО И ЗАКОНСКА РАМКА Примери за клаузули

ОТКУП НА ЗЕМЈИШТЕТО И ЗАКОНСКА РАМКА. Правата на сопственост на земјиште се уредени со Законот за катастар на недвижен имот (С.В. бр. 40/08, 158/10, 51/11); Законот за премер и катастар на недвижен имот (С.В. бр. 34/72, 13/78); и Законот за сопственички и други стварни права (С.В. бр. 18/01). Експропријацијата на имотот и недвижностите што ќе резултираат од реализацијата на проектот, а кој е од јавен интерес, е уредена со Законот за експропријација (С.В. бр. 33/95, 20/98, 40/99, 31/03, 46/05, 10/08, 106/08 и 76/10). Изградбата на железнички линии потпаѓа под законот за експропријација, како проекти од јавен интерес. Правното образложение на тоа зошто проектот се смета за проект од јавен интерес, заедно со барањето за експропријација од страна на корисникот на експропријацијата до службите за правно‐имотни прашања. Законот за експропријација препознава засегнати лица кои имаат формални законски права; оние без законска сопственост немаат право на надоместок според овој закон. Според Законот за експропријација, вредноста на имотите при експропријација кои подлежат на надоместување не може да биде пониска од пазарната вредност на засегнатите имоти и се оценуваат врз основа на последните пазарни трансакции во соседните подрачја. Според законот, надоместок може да се обезбеди со замена на имот или во готово. Македонскиот закон дозволува надоместување на изгубен профит/приход за засегнатите претпријатија, доколку тие се резултат на експропријација. Освен тоа, Законот за безбедност на железничките системи (С.В. бр. 48/2010) вклучува барања кои значат дека куќите треба да бидат оддалечени најмалку 11 m од оградата на новите железнички линии5. Долж проектната постројка, земјиштето ќе биде откупено за првите 65 km од Железничкиот коридор, почнувајќи од Куманово и завршувајќи со првата населба, Мождивњак, во општина Крива Паланка. Земјиште со променлива широчина од 10‐20 m на двете страни од железничката линија беше експроприрано во текот на периодот 1994‐2004. На сопствениците на земјиште им беше надоместено главно на тој начин што беа изградени нови куќи, оддалечени од предложената железничка линија. Проектот ќе биде спроведен согласно Политика на ЕБОР (2008) за животната средина и социо‐ економските аспекти, која содржи Барање за изведба (PR) 5, кое ги покрива прашањата на недоброволнаtа преселба и економско раселување. Според оваj PR, не само оние кои се законски сопственици и имаат право на надоместок, туку и оние кои немаат законски права се директно засегнати со Проектот. 4 xxxx://xxx.xxxx.xxx/xаg...

Related to ОТКУП НА ЗЕМЈИШТЕТО И ЗАКОНСКА РАМКА

  • Критериуми за утврдување на способност на понудувачот или кандидатот IV.2.1) За докажување на личната состојба, економскиот оператор треба да ги достави следниве документи: - изјава на економскиот оператор дека во последните пет години не му била изречена правосилна пресуда за учество во злосторничка организација, корупција, измама или перење на пари - потврда дека не е отворена постапка за стечај од надлежен орган - потврда дека не е отворена постапка за ликвидација од надлежен орган - потврда за платени даноци, придонеси и други јавни давачки од надлежен орган од земјата каде што економскиот оператор е регистриран - потврда од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица дека не му е изречена споредна казна забрана за учество во постапки за јавен повик, доделување на договори за јавна набавка и договори за јавно-приватно партнерство - потврда од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица дека не му е изречена споредна казна привремена или трајна забрана за вршење на одделна дејност - потврда дека со правосилна пресуда не му е изречена прекршочна санкција - забрана за вршење на професија, дејност или должност, односно привремена забрана за вршење одделна дејност

  • Период на важност на понудата 4.5.1 Понудите треба да важат најмалку 365 дена од денот на јавното отворање за чие времетраење понудата во сите нејзини елементи е обврзувачка за понудувачот. Доколку денот на отворањето на понудата е неработен, периодот на важноста на понудата се смета од наредниот работен ден. Понудите кои содржат покус период на важност од оној утврден во оваа точка од тендерската документација ќе бидат отфрлени како неприфатливи.

  • Исправка на аритметички грешки 5.3.1 Ако понудата е прифатлива и е составена и доставена во согласност со тендерската документација, договорниот орган ги коригира аритметичките грешки на следниот начин: - ако постои несовпаѓање меѓу зборовите и бројките, преовладува износот што е напишан со зборови, - ако постои разлика помеѓу единечната цена и вкупната цена, тогаш преовладува единечната цена.

  • Начин на плаќање 7.1.1 Се предвидува следниов начин на плаќање: вирмански во рок од 60 (шеесет) дена од првиот нареден ден од денот на прием на фактурата во архивата на Царинската управа на Република Македонија, лоцирана на ул.,,Xxxxx Xxxxxxxxx‘‘ бр. 13, 1000 Скопје.

  • Предмет на договорот за јавна набавка 1.3.1 Предмет на договорот за јавна набавка е набавка на услуга за одржување на опрема - принтери, скенери и телефонски централи. Детален опис на предметот на договорот е даден во техничката спецификација во прилог на оваа тендерската документација и истата е составен дел на тендерската документација.

  • Правна заштита 6.3.1 Секој понудувач кој има правен интерес за добивање на договорот за јавна набавка и кој претрпел или би можел да претрпи штета од евентуално прекршување на одредбите од овој закон, може да бара правна заштита против одлуките, дејствијата и пропуштањата за преземање дејствија од страна на договорниот орган во постапката за доделување на договор за јавна набавка, во согласност со условите и постапката предвидени со Законот за јавните набавки. Правото на жалба во постапка која завршува со електронска аукција во однос на утврдување на способноста на понудувачите и целосната евалуација на првичните понуди се остварува по донесување на одлуката за избор на најповолен понудувач или поништување на постапката.

  • Право на учество 1.8.1 Економскиот оператор кој има една или повеќе негативни референци, групата економски оператори во која членува економски оператор кој има негативна референца, како и економскиот оператор кој претставува поврзано друштво со економскиот оператор кој има негативна референца, нема право на учество.

  • Гаранција за квалитетно извршување на договорот 7.5.1 Услов за потпишување на договорот со избраниот најповолен по- нудувач е обезбедување гаранција од страна на избраниот најповолен по- нудувач за квалитетно извршување на договорот во висина од 10% од вкупната вредноста на договорот со вклучен ДДВ.

  • Способност за вршење на професионална дејност 2.3.1 За да ја докаже способноста за вршење на професионална дејност, економскиот оператор треба да достави документ за регистрирана дејност како доказ дека е регистриран како физичко или правно лице за вршење на дејноста поврзана со предметот на договорот за јавна набавка или доказ дека припаѓа на соодветно професионално здружение согласно со прописите на земјата каде што е регистриран.

  • Јазик на понудата 4.2.1 Понудата, како и целата кореспонденција и документи поврзани со понудата се доставува на македонски јазик.