ПОЧЕТОК И ИСТЕК НА ОСИГУРУВАЊЕТО. 1. Почетокот и истекувањето на осигурувањето секогаш е во 00.00 часот првиот ден од месецот. Денот, месецот и годината на почеток и истекот на осигурувањето се наведени во понудата и во полисата.
2. Почетокот на осигурувањето по правило е првиот ден во месецот по месецот на поднесување на понудата и уплатата на првата премија.
3. Обврската на осигурителот започнува од денот на почнување на осигурувањето, доколку до тој датум е уплатена првата премија или првата рата, односно еднократната премија.
4. Во случаите кога првата премија или нејзината прва рата, односно еднократна премија не е уплатена до почетокот на осигурувањето или во договорениот рок, обврската на осигурителот започнува во 24.00 часот на денот кога договорената премија ќе се плати во целост, но не пред почетокот на осигурувањето.
5. Осигурувањето на живот важи до смртта на осигуреникот, а најдолго до 00.00 часот на денот кој на осигурителната полиса е назначен како истекување на осигурувањето.
ПОЧЕТОК И ИСТЕК НА ОСИГУРУВАЊЕТО. (1) Осигурувањето на живот започнува во 0,00 часот првиот ден во месецот кој следи по месецот на склучување на договорот и плаќање на првата премија.
(2) Обврската на осигурувачот почнува од датумот на почетокот на осигурувањето во смисла на став (1) на овој член само ако до тој ден е платена првата премија.
(3) Ако првата премија или нејзината прва рата не е платена до почетокот на осигурувањето или во договорениот рок, обврската на осигурувачот почнува во 0,00 часот оној ден кога договорената премија ќе биде платена во целост, но не пред почетокот на осигурувањето.
(4) Обврската на осигурувачот трае до 0,00 часот на денот кој во полисата е наведен како истек на осигурувањето.
(5) Како исклучок од одредбата на овој член, во периодот од приемот на понудата и капарот кај осигурувачот до почетокот на осигурувањето според овие Посебни услови, осигуреникот има привремена осигурителна заштита за случај на смрт поради несреќен случај. Привремената осигурителна заштита му одговара на износот на осигурената сума за доживување наведена во понудата, но не може да биде поголема од денарската противвредност на 10.000 ЕВРА и во сила е само ако осигуреникот во време на поднесувањето на понудата бил во потполност способен за работа и ако не бил на лекување или лекарска контрола, или боледувал од некоја болест, или се занимавал со професија или спорт кои би го попречувале приемот во осигурување. Ако се понудени повеќе осигурувања на живот на исто лице, горната граница на вкупното привремено покритие не може да биде поголема од денарската противвредност на 10.000 ЕВРА.
(6) Ако за склучување на осигурувањето е потребен лекарски преглед врз основа на одредбата на член 3, став (4) од овие Посебни услови, привремената осигурителна заштита почнува од денот кога потребните лекарски наоди и мислења ќе пристигнат кај осигурувачот.
(7) Привремената осигурителна заштита престанува со почетокот на обврската на осигурувачот во смисла на став (2) на овој член или со одбивањето на понудата.
(8) На осигурувачот, во случај на исплата на надомест врз основа на став (5) на овој член, му припаѓа првата годишна премија и тој износ се одбива при исплатата на надоместот.
ПОЧЕТОК И ИСТЕК НА ОСИГУРУВАЊЕТО. (1) Ова осигурување се склучува на одредено траење, со тоа што не може да биде склучено на времетраење пократко од една година.
(2) По правило осигурувањето се склучува за целовреметраење на кредитот.
(3) Осигурувањето почнува првиот ден месецот во кој е одобрен кредитот, и тоа во 00.00 часот, а тој на полисата е наведен како ден на почеток на осигурувањето.
(4) До денот кој на полисата е наведен како почеток на осигурувањето мора да биде платена првата премија.
(1) Осигурувањето престанува во 00.00 часот оној ден кој во полисата е наведен како истек на осигурувањето.
(2) Осигурувањето престанува да важи, без разлика на тоа на колку е договорено осигурувањето, оној ден кога: - ќе настапи смрт на осигуреникот, - истече календарската година во која осигуреникот навршил 75 годишна возраст, - не е платена премијата согласно роковите предвидени во овие Услови, - една од договорените страни го раскине договорот согласно овие Услови.
(3) Осигурувањето важи и понатаму, по отплата на кредитот во банка, ако осигуреникот продолжи уредно да ја плака премијата.
ПОЧЕТОК И ИСТЕК НА ОСИГУРУВАЊЕТО. 1. Доколку дополнителното осигурување е склучено или обновено во исто време со животното осигурување, почетокот на обврската на осигурителот е дефиниран во Општите услови за осигурување на живот.
2. Доколку ова дополнително осигурување не е склучено заедно со животното осигурување, договарачот може да поднесе писмено барање (формулар) од осигурителот најдоцна 30 (триесет) дена пред почеток на новата осигурителна година.
3. Доколку дополнителното осигурување е склучено по почнувањето на животното осигурување, обврската на осигурителот започнува во 00.00 часот на денот што е утврден во писмениот договор како почеток на дополнителното осигурување, доколку до тој момент е платена првата премија. Доколку првата премија не е платена до датумот на почетокот на осигурувањето, обврската на осигурителот почнува во 24.00 часот оној ден кога во целост била платена првата договорена премија.
4. Почетокот на дополнителното осигурување е дефиниран во понудата и во полисата.
5. Во случај на операција како последица на несреќен случај, обврската на осигурителот по овие Дополнителни услови почнува истовремено со почетокот на осигурувањето.
6. Во случај на операција како последица на болест, обврската на осигурителот по овие Дополнителни услови почнува по изминати 180 дена од денот на почетокот на ова дополнително осигурување. Во случај на операција – царски рез при бременост, обврската на осигурителот по овие Дополнителни услови почнува по изминати 365 дена од денот на почетокот на осигурувањето доколку своеволно е избран царскиот рез и 180 дена доколку царскиот рез е индициран од некоја компликација.
7. Обврската на осигурителот секогаш почнува во 00:00 часот по истекот на периодот на одложеноста.
8. Обврската на осигурителот престанува:
1) Во 00:00 часот од денот кога е утврден како истек на дополнителното осигурување;
2) Во 24:00 часот на денот кога осигурителот го примил Барањето од осигуреникот за прекинување на дополнителното осигурување, односно во 24:00 часот до денот кога е платена премијата;
3) Истовремено со престанување на обврската за осигурување на живот по истата полиса од која било причина;
4) Доколку осигуреникот стане душевно болен или во целост лишен од своите лични способности;
5) Кога ќе настапи смрт на осигуреникот.
ПОЧЕТОК И ИСТЕК НА ОСИГУРУВАЊЕТО. (1) Осигурувањето на живот започнува во 00:00 часот првиот ден во месецот кој следи по месецот на склучување на договорот и плаќање на првата премија.
(2) Обврската на осигурувачот почнува од датумот на почетокот на осигурувањето во смисла на став (1) на овој член само ако до тој ден е платена првата премија.
(3) Ако премијата или нејзината прва рата не е платена до почетокот на осигурувањето или во договорениот рок, обврската на осигурувачот почнува во 00:00 часот оној ден кога договорената премија или нејзината прва рата ќе биде платена во целост, но не пред почетокот на осигурувањето.
(4) Осигурувањето на живот престанува со смртта на осигуреникот.
ПОЧЕТОК И ИСТЕК НА ОСИГУРУВАЊЕТО. Ова осигурување се склучува на одредено траење, со тоа што не може да биде склучено на времетраење пократко од една година.
ПОЧЕТОК И ИСТЕК НА ОСИГУРУВАЊЕТО. (1) Детско штедно осигурување започнува во 0,00 часот на денот кој на полисата е наведен како почеток на осигурувањето.
(2) Обврската на осигурувачот почнува од датумот на почетокот на осигурувањето во смисла на став (1) на овој член исклучиво ако до тој ден е платена првата премија или рата од премија.
(3) Обврската на осигурувачот трае до 0,00 часот на денот кој во полисата е наведен како истек на осигурувањето.
ПОЧЕТОК И ИСТЕК НА ОСИГУРУВАЊЕТО. (1) Осигурувањето на живот започнува во 00:00 часот првиот ден во месецот кој следи по месецот на склучување на договорот и плаќање на премијата.
(2) Обврската на осигурувачот почнува од датумот на почетокот на осигурувањето во смисла на став (1) на овој член само ако до тој ден е платена премијата за целото договорено временатраење на осигурувањето.
(3) Ако премијата не е платена до почетокот на осигурувањето или во договорениот рок, обврската на осигурувач отпочнува во 00:00 часот оној ден кога договорената премија ќе биде платена во целост, но не пред почетокот на осигурувањето.
(4) Обврската на осигурувачот трае до 00:00 часот на денот кој во полисата е наведен како истек на осигурувањето.
ПОЧЕТОК И ИСТЕК НА ОСИГУРУВАЊЕТО. (1) Осигурувањето на лична рента започнува во 0,00 часот, оној ден кој е означен на полисата како почеток на осигурувањето.
(2) Осигурување на лична рента трае до денот кој во полисата е означен како датум за истек на осигурувањето.
ПОЧЕТОК И ИСТЕК НА ОСИГУРУВАЊЕТО. (1) Ова осигурување се склучува на одредено траење, со тоа што не може да биде склучено на времетраење пократко од една година.
(2) По правило осигурувањето се склучува за целовреметраење на кредитот.
(3) Осигурувањето почнува првиот ден од месецот во кој е одобрен кредитот, и тоа во 00.00 часот, а тој на полисата е наведен како ден на почеток на осигурувањето.
(4) До денот кој на полисата е наведен како почеток на осигурувањето мора да биде платена првата премија.
(1) Осигурувањето престанува во 00.00 часот оној ден кој во полисата е наведен како истек на осигурувањето.
(2) Осигурувањето престанува да важи, без разлика на тоа на колку е договорено осигурувањето, оној ден кога: - ќе настапи смрт на осигуреникот, - истече календарската година во која осигуреникот навршил 75 годишна возраст, - не е платена премијата согласно роковите предвидени во овие Услови, - една од договорените страни го раскине договорот согласно овие Услови.
(3) Осигурувањето важи и понатаму, по отплата на кредитот во банка, ако осигуреникот продолжи уредно да ја плаќа премијата.
(4) Во случај на предвремена отплата на кредитот и престанок на уплатите на премија за осигурување пред истек на рокот наведен во Договорот за осигурување како ден на истек на осигурувањето, во случај на спор во врска со постоењето на осигурителна обврска за ден на раскин на договор се смета денот кога е отплатен вкупниот долг кон банката – кредиторот.