Contract
УСЛОВИ ЗА ОСИГУРУВАЊЕ НА ЖИВОТ ВО СЛУЧАЈ НА СМРТ НА КОРИСНИК НА КРЕДИТ (0518)
I ОПШТИ ОДРЕДБИ
Член 1
(1) Овие Посебни услови за осигурување на живот во случај на смрт на корисникот на кредит (во понатамосниот текст: Услови) се составен и неразделен дел од договорот за осигурување на живот само во случај на смрт на корисникот на кредит кој Договорувачот го склучува со КРОАЦИА ОСИГУРУВАЊЕ – АД Друштво за осигурување на Живот (во понатамошниот текст: осигурувач).
(2) Посебни поими кои се користат во овие Услови го имаат следното значење:
- Осигурувач е Кроациа Осигурување АД – Друштво за осигурување на живот Скопје
- Договорувач е лице кое склучува договор со осигурувачот за осигурување на живот во случај на смрт на осигуреникот и кое се обврзува да врши уплата на премија. Ако се склучува осигурување на живот за две лица, договорувач на осигурувањето мора да биде еден од осигурениците;
- Осигуреник е лицето во случај на чија смрт се склучува осигурувањето, а кое во свое име и за своја сметка склучува со банката договор за кредит,
- Корисник на осигурувањето е банката која на осигуреникот му одобрила кредит и тоа до преостанатиот износ на неисплатениот дел на главницата и соодветните камати, а над тој износ до висината на осигурената сума корисник на осигурувањето е лицето одредено за корисник;
- Полиса е исправа за склучено осигурување,
- Осигурена сума е најголемиот износ со кој осигурувачот е обврзан кога ке настане смрт на осигуреникот во текот на траењето на осигурувањето.
- Премија на осигурувањето е износ што договорувачот е должен да му го плати на осигурувачот врз основа на договорот за осигурување на живот.
- Математичка резерва е техничка резерва која се издвојува и пресметува и претставува разлика помеѓу обврските на осигурувачот и обврските на договорувачот во одредена година од времетраење на осигурувањето.
(3) Со договорот за осигурување на живот склучен по овие Услови договорувачот се обврзува на осигурувачот да му ја уплати премијата за осигурувањето во договорените рокови, а осигурувачот се обврзува, со настанувањето на осигурениот случај, да му ја исплати на корисникот осигурената сума, односно нејзиниот дел.
(4) Покрај осигурување на живот по овие Посебни услови можат да се договорат и дополнителни осигурувања, според дополнителните услови на осигурувачот.
(5) Со договорот за осигурување се уредуваат меѓусебните права и обврски на договорувачот, осигуреникот, корисникот и осигурувачот. Составен и неразделен дел на договорот за осигурување на живот се понудата, полисата, овие Услови за осигурување.
(6) Ако со осигурување на живот се договори и дополнително осигурување, составен дел на договорот се и дополнителните услови на осигурувачот за соодветното дополнително осигурување.
(7) По овие Посебни услови мозат да се осигураат здрави лица од навршени 18 (осумнаесет) години на живот и тоа од првиот ден на месецот кој следи по месецот во кој осигуреникот стекнал право на осигурување на својот живот, па сè до завршувањето на календарската година во која осигуреното лице навршило 65 (шеесетипет) години на живот. Осигурувањето треба да заврши во календарската година во која осигуреникот ке наврши 75 години старост.
(8) Сите понуди, изјави, барања и измени од било која договорена страна мора да биде во писмена
форма.
II ПОЧЕТОК И ИСТЕК НА ОСИГУРУВАЊЕТО
Член 2.
(1) Ова осигурување се склучува на одредено траење, со тоа што не може да биде склучено на времетраење пократко од една година.
(2) По правило осигурувањето се склучува за целовреметраење на кредитот.
(3) Осигурувањето почнува првиот ден од месецот во кој е одобрен кредитот, и тоа во 00.00 часот, а тој на полисата е наведен како ден на почеток на осигурувањето.
(4) До денот кој на полисата е наведен како почеток на осигурувањето мора да биде платена првата премија.
Член 3.
(1) Осигурувањето престанува во 00.00 часот оној ден кој во полисата е наведен како истек на осигурувањето.
(2) Осигурувањето престанува да важи, без разлика на тоа на колку е договорено осигурувањето, оној ден кога:
- ќе настапи смрт на осигуреникот,
- истече календарската година во која осигуреникот навршил 75 годишна возраст,
- не е платена премијата согласно роковите предвидени во овие Услови,
- една од договорените страни го раскине договорот согласно овие Услови.
(3) Осигурувањето важи и понатаму, по отплата на кредитот во банка, ако осигуреникот продолжи уредно да ја плаќа премијата.
(4) Во случај на предвремена отплата на кредитот и престанок на уплатите на премија за осигурување пред истек на рокот наведен во Договорот за осигурување како ден на истек на осигурувањето, во случај на спор во врска со постоењето на осигурителна обврска за ден на раскин на договор се смета денот кога е отплатен вкупниот долг кон банката – кредиторот.
III ОБВРСКИ НА ОСИГУРУВАЧОТ
Член 4.
(1) Со договорот за осигурување на живот во случај на смрт на корисник на кредит или ако е договорено осигурување на живот за две лица, во случај на смрт на едниот осигуреник или истовремена смрт на двајцата осигуреници, осигурувачот има обврска да исплати осигурена сума односно нејзин дел:
1. Доколку осигурувањето е склучено без лекарски преглед се исплаќа 50% од осигурената сума во случај на смрт на осигуреникот во првите шест месеци од траењето на осигурувањето;
2. Доколку осигурувањето е склучено со лекарски преглед осигурувачот има обврска да ја исплати целата осигурена сума без разлика колку траело осигурувањето;
(2) Осигурувачот исплаќа цела осигурена сума и при осигурување без лекарски преглед кога смртта на осигуреникот настапила во текот на првите шест месеци од осигурувањето како последица на несреќен случај согласно важечките Општи услови за осигурување од последици на несреќен случај.
(3) Осигурувачот ја исплаќа осигурената сума на корисникот банка – кредиторот на начин одреден на полисата за осигурување, а согласно член 1 став (2) од овие Услови.
(4) Согласно овие услови, осигурувачот нема други обврски за исплата на договорувачот, осигуреникот или корисникот.
Член 5.
(1) Осигурувачот не исплаќа на осигуреникот осигурена сума туку само до тогаш пресметаната математичка резерва доколку смртта настапила како резултат на војна или воени операции.
(2) Доколку корисникот намерно ја предизвикал смртта на осигуреникот, осигурувачот нема обврска за исплата кон корисникот, но ја исплаќа осигурената сума односно нејзиниот дел кон банката – кредиторот и тоа во висина на вкупниот долг.
IV ОБВРСКИ НА ДОГОВОРУВАЧОТ И ОСИГУРЕНИКОТ
Член 6.
(1) Договорувачот односно осигуреникот се обврзани со склучување на договорот за осигурување да ги пријават сите околности кои се од значење за оценка на ризикот, а кои му се познати или не можеле да му останат непознати.
(2) Договорувачот е должен, на барање на осигурувачот, да ги обезбеди сите потребни податоци кои се однесуваат на осигуреникот.
(3) Договорувачот, како и самиот осигуреник, должни се за време на траењето на осигурувањето да го известат осигурувачот за секоја промена на околностите која може да биде од значење за оценка на ризикот и кои се битни за договореното осигурување, особено ако осигуреникот за време на осигурувањето ја промени професијата, занимањето или започне да се занимава со некои од спортовите односно дејностите за кои осигурувачот пресметува доплатна премија.
(4) Договорувачот е должен писмено да го извести Осигурувачот во случај на промена на адресата во полисата за осигурување на живот, како и за промена на адресата на електонското сандаче, пријавена од договорувачот, најдоцна во рок од 5(пет) дена од денот на извршената промена.
(5) (2)Договорувачот е должен да го писмено извести Осигурувачот за секоја промена на адресата и местото на плаќање на премијата најдоцна во рок од 3(три) дена од извршената промена, во спротивно Осигурувачот го задржува правото сите писма да ги испраќа на последната пријавена адреса од Договорувачот, и сите последици од испратените писма на последната пријавена адреса од Договорувачот се сметаат за уредно доставени.
(6) (3)Доколку Договорувачот, кај Осигурувачот достави адреса на електронско сандаче, Осигурувачот може да ги доставува писмената наменети за Договорувачот на наведената адреса на електронско сандаче.
(7) Ако договорот за осигурување, вклучувајки го и осигурувањето на два животи, се склучува во име или за сметка на друг или во корист на трет или за туѓа сметка или за сметка на оној на кој се однесува, одредбите на ова поглавје и на поглавје V од овие Посебни услови се однесуваат и на тоа лице, ако знаело дека податоците кои се нужни за оцена на ризикот се непотполни или неточни.
V НЕТОЧНА ПРИЈАВА
Член 7.
(1) Ако договорувачот на осигурувањето намерно направил неточна пријава, односно дал неточни податоци, или намерно премолчил некоја околност од таква природа што осигурувачот не би склучил договор ако знаел за правата соштојба на работите и околностите, осигурувачот може да бара поништување на договорот.
(2) Во случај на поништување на договорот од причините наведени во став (1) од овој член, осигурувачот ги задржува наплатените премии и има право да бара исплата на премијата за периодот на осигурувањето во кој побарал поништување на договорот, а не е должен да ја исплати настанатата обврска.
(3) Правото на осигурувачот утврдено во став (1) од овој член престанува ако во рок од 3 (три) месеци од денот на дознавањето за неточноста на пријавата или за премолчувањето не му изјави на договорувачот дека има намера да се користи со тоа право.
Член 8.
(1) Ако договорувачот доставил неточна пријава, односно дал неточни податоци, или пропуштил да ги даде бараните известувања, а тоа не го извршил намерно, осигурувачот може за време на траењето на осигурувањето, по свој избор, во рок од еден месец од дознавањето за неточноста или непотполноста на пријавата, да изјави дека го раскинува договорот или да предложи зголемување на премијата во размер со зголемениот ризик.
(2) Доколку договорот се раскинува врз основа на изјава на осигурувачот, осигурувањето престанува по истекот на 14 (четиринаесет) дена од денот кога осигурувачот му ја соопштил на договорувачот својата изјава за раскинување на договорот, а во случај ако постои предлог на осигурувачот за зголемување на премијата, раскинот настапува по самиот Закон, ако договорувачот не го прифати предлогот во рок од 14 (четиринаесет) дена од денот на приемот на предлогот.
(3) Во случај на раскин на договорот врз основа на одредбите на овој член, осигурувачот е должен да врати дел од премијата кој се однесува на времето до крајот на осигурувањето.
(4) Ако осигурениот случај настане пред утврдувањето на неточноста или непотполноста на пријавата или после тоа, но пред раскинот на договорот, односно постигнувањето на спогодба за зголемување на премијата, осигурената сума се намалува во размер помеѓу платената премија и премијата која требало да се плати.
Член 9
(1) Договорот за осигурување на живот е ништовен и осигурувачот е должен да ја врати примената премија ако за време на склучувањето на договорот се неточно пријавени годините на старост на осигуреникот, а неговите вистински години на старост ја надминуваат границата до која осигурувачот склучува договор за осигурување на живот.
(2) Ако е неточно пријавено дека осигуреникот има помалку години, а неговите вистински години на живот не ја надминуваат границата до која осигурувачот склучува договор за осигурување на живот, договорот е важечки, а осигурената сума се намалува во размер помеѓу договорената премија и премијата предвидена за осигурување на живот на лице кое има години колку и осигуреникот.
(3) Ако осигуреникот има помалку години отколку што е пријавено при склучување на договорот, премијата се намалува на соодветниот износ, а осигурувачот е должен да ја врати разликата помеѓу примените премиии и премиите на кои има право.
(4) Ако осигуреникот има помалку години отколку што е пријавено, а годините се под поставениот возрасен минимален услов за склучување на договор за осигурување на живот, односно лицето имало под 18 години живот, договорот е ништовен и осигурувачот е должен да ја врати примената премија.
VI ДОГОВАРУВАЊЕ НА ОСИГУРЕНАТА СУМА И ПЛАЌАЊЕ НА ПРЕМИЈА
Член 10.
(1) Висината на осигурената сума и премија спогодбено ја утврдуваат договорувачот и осигурувачот зависно од висината на кредитот кој банката – кредиторот го одобрува на осигуреникот. Осигурената сума и премијата се договараат во евра или денари врз основа на податоците на понудата, пристапната старост на осигуреникот, полот, професијата, занимањето, занимавање со спорт, време траење на осигурувањето и начинот и роковите на плаќање на премијата.
(2) По правило осигурената сума се договара во висина на износот на кредитот и каматата, одобрени од банката – кредиторот. Договорената премија се плаќа во денари по однапред договорени рокови. Доколку е договорена премија во евра уплатата се врши во денари според среден курс на Народна Банка на Република Македонија на денот на уплатата. Осигурената сума се исплаќа во денари. Доколку осигурената сума е договорена во евра
исплатата се врши во денари според средниот курс на Народна Банка на Република Македонија на денот на исплата.
(3) Ако е договорено под-годишно плаќање на премијата, осигурувачот пресметува дополнителен надомест за под-годишно плаќање на секоја рата на премијата.
Член 11.
(1) Договорувачот е должен да ја плаќа премијата во договорените рокови и на договорениот нацин, а осигурувачот е должен да ја прими премијата од секое лице кое има правен интерес премијата да биде платена.
(2) Се смета дека премијата е платена на осигурувачот оној ден кој е наведен на потврдата за плаќање.
VII. ПОСЛЕДИЦИ ОД НЕПЛАЌАЊЕ НА ПРЕМИЈАТА НА ОСИГУРУВАЊЕТО Член 12
(1) Ако договорувачот не ја плати премијата ниту 5 (пет) месеци по достасувањето, осигурувачот ке го повика со препорачано писмо да ја плати достасаната премија во рок од 30 (триесет) дена од денот на врачувањето на препорачаното писмо.
(2) Ако во рокот утврден со препорачаното писмо од став (1) на овој член достасаната премија не ја плати договорувачот ниту тоа го направи некое друго заинтересирано лице, осигурувачот може:
1. со изјава да го раскине договорот и во тој случај дотогаш уплатената премија не му се враќа на договорувачот, или
2. доколку премијата за осигурување на живот е платена еднократно и се договорени
дополнителни осигурувања да му изјави на договорувачот дека ги исклучува дополнителните осигурувања.
(3) Ако осигурениот случај настанал пред раскинувањето на договорот, а се исполнети претпоставките за раскин на договор се смета дека договорот е xxxxxxxx.
(4) Како исклучок, ако осигуреникот почине пред истекот на 6 (шест) месеци од уплатата на последната премија, осигурувачот е должен да ја исплати осигурената сума согласно со одредбите на член 4 и 5 на овие Посебни услови, намалена за неплатената премија по полисата за осигурителната година во која настапила смрт на осигуреникот.
(5) Во случај на промена на адреса наведена во полисата за осигурување на живот, Договорувачот е должен да го извести Осигурувачот, во рок од 5 дена од денот на промената.
(6) Доколку Договорувачот, кај Осигурувачот достави адреса на електронско сандаче, Осигурувачот може да ги доставува известувањата наменети за Договорувачот на наведената адреса на електронско сандаче.
(7) Во случај на промена на адресата на електронско сандаче наведена од Договорувачот, истиот е должен да го извести Осигурувачот, во рок од 5 дена од денот на промената.
VIII РАСПОЛАГАЊЕ СО ПРАВАТА ОД ОСИГУРУВАЊЕТО
Член 13.
Сите права кои произлегуваат од овој договор за осигурување на живот припаѓаат на договорувачот се додека не настапи осигурен случај.
Член 14.
(1) Кога ке се случи осигурен случај корисникот/ банката/ кредиторот до осигурувачот поднесува писмено барање во рок од 7 дена со кое ја прилозува и полисата за осигурување во оригинал.
(2) Со барањето задолжително се приложува и извод од матична книга на умрени и медицинска документација и други исправи со кои се утврдуваат фактите за причините за смртта на осигуреникот, решение за наследување ако како корисници на полисата се наведени законските наследници, доказ за сродство ако корисникот не е одреден со именување..
(3) Осигурувачот има право да бара и други материјални докази потребни за утврдување на правото за исплата на осигурена сума.
IX ИСПЛАТА НА ОСИГУРЕНА СУМА
Член 15.
(1) Осигурувачот е должен да исплати осигурена сума во согласност со договорот за осигурување во рок од 14 (четиринаесет) дена пресметувајќи од денот кога го примил барањето за исплата и целата потребна документација за настанатиот осигурен случај.
(2) ако за утврдување на постоењето на обврската на осигурувачот и нејзиниот износ е потребно одредено време, односно ако не може да се утврди основаноста за постоење на обврската на осигурувачот или висината на надоместот, рокот од став (1) на овој член почнува да тече од денот на утврдувањето на основаноста на обврската и нејзината висина.
(3) Осигурувачот во секој случај е должен да го исплати, на барање на овластено лице, неспорниот дел од својата обврска на име на аконтација, ако не е во можност да ја утврди вкупната обврска за исплатата во рокот утврден во став (1) на овој член.
(4) Осигурувачот има право сите ненаплатени рати на премијата да ги наплати при секоја исплата која ја врши врз основа на договорот за осигурување.
(5) Право на исплата на осигурена сума согласно овие Услови има само корисникот наведен на полисата и тоа од самото склучување на договорот за осигурување.
X ИЗДАВАЊЕ НА ЗАМЕНСКА ПОЛИСА
Член 16
(1) Договорувачот е должен да го пријави кај осигурувачот исчезнувањето на полисата веднаш откако дознал дека исчезнала и да го објави нејзиното исчезнување во службен весник на Република Македонија.
(2) Осигурувачот може, за винкулирана или заложена полиса или полиса на која е забележана некоја друга правна работа, како и за полиса до одредена висина на осигурената сума, да бара извршување на амортизациска постапка, односно да го условува издавањето на заменската полиса со доставување на правосилна судска пресуда со која исчезнатата изворна полиса се прогласува за неважечка.
(3) Осигурувачот издава заменска полиса во рок од 15 (петнаесет) дена од денот на објавувањето на исчезнатата полиса во Службен Весник на Република Македонија, односно од денот на правосилноста на судската пресуда.
(4) Договорувачот ги сноси сите трошоци во врска со издавањето на заменската полиса.
XI НАДОМЕСТОЦИ
Член 17
(1) Договорувачот е должен на осигурувачот однапред да му плати надомест за сите услуги кои посебно ги бара од осигурувачот за времетраење и по истекот на осигурувањето во висина која ја определува и ќе ја побара осигурувачот.
(2) Договорувачот се обврзува, заедно со договорената премија, да ги плати и сите надоместоци и даноци предвидени со важечките прописите.
XII ЗАШТИТА НА ПОТРОШУВАЧИ
Член 18
(1) Страните се согласни дека сите спорови што ке произлезат од Договорот за осигурување, ке се обидат да ги решаваат на мирен начин.
(2) Договорувачот и осигуреникот, како и други лица на кои се однесува осигурувањето, се обврзуваат дека неодложно во писмена форма ке го известат осигурувачот за сите спорни прашања, приговори и недоразбирања кои се однесуваат на Договорот за осигурување на живот.
(3) Приговорите од ст.(2) на овој член осигурувачот ке ги проследи до Комисија за решавање на претставки на друштвото, која е должна во однос на истите да одлучи и писмено да се
произнесе во рок од 30 (триесет) дена од приемот на приговорот.
(4) Во случаите кога договорувачот, договорувачот и корисникот на осигурувањето сметаат дека осигурувачот на осигурување не се придржува кон одредбите од Договорот за осигурување, можат да поднесат претставка до органот надлежен за вршење на надзор на осигурувачот- Агенција за супервизија на осигурување.
Член 19
(1) Осигурувачот е должен да го почитува принципот на доверливост на информациите кои се достапни во процесот на постапување со претставките.
XIII ЗАШТИТА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ
Член 20
Сите лични податоци со кои Друштвото располага како резултат на склучувањето на договорите за осигурување ке бидат користени и обработувани во согласност со Законот за заштита на личните податоци и во согласност со интерните акти за заштита на лични податоци кај КРОАЦИА ОСИГУРУВАЊЕ – АД за осигурување на Живот.
XIV ЗАСТАРЕНОСТ
Член 21
(1) Побарувањата од договорот за осигурување на живот застаруваат во согласност со одредбите од Законот за облигациони односи.
XV ЗАВРШНА ОДРЕДБА
Член 22
За регулирање на сите односи, права и обврски помеѓу осигурувачот, осигуреникот, договорувачот, корисникот и другите лица на кои се однесува осигурувањето на живот, а не се уредени со овие Посебни услови, се применуваат одредбите на Општите услови за осигурување на живот на осигурувачот и одредбите на Законот за облигационите односи и позитивните законски норми.
Член 23
Овие услови влегуваат во сила од и ќе се применуваат од 01 Ноември 2018 година.