Contract
0516
ПОСЕБНИ УСЛОВИ
ЗА ОСИГУРУВАЊЕ НА ЛИЧНА РЕНТА СО ОДРЕДЕНО ТРАЕЊЕ
I ОПШТИ ОДРЕДБИ
Член 1.
(1) Со овие Посебни услови за осигурување на лична рента со одредено траење (во понатамошниот текст: Посебни услови) се уредуваат меѓусебните односи на учесниците на договорот за осигурување со лична рента со одредено траење.
(2) Овие Посебни услови се составен дел на договорот за осигурување со лична рента со одредено траење што договорувачот на осигурувањето (во понатамошниот текст: договорувач) го склучува со Акционерското друштво за осигурување на живот KРОАЦИА ОСИГУРУВАЊЕ – АД Друштво за осигурување на Живот (во понатамошниот текст: осигурувач).
Член 2.
Одделните поими кои се користат во овие Посебни услови го имаат следното
значење:
-понуда е предлог за склучување на договор за осигурување со лична рента со одредено траење и се поднесува во пишана форма на образец на осигурувачот;
- понудувач е лице кое поднесува пишана понуда на осигурувачот;
- договорувач е лице кое склучува договор за осигурување со осигурувачот;
- осигуреник е лицето на чиј живот се однесува осигурувањето на лична рента
- корисник на рентата е лице на кое му се исплаќа рентата. Корисникот на рентата е осигуреникот. Во случај на смрт на осигуреникот, косрисникот на рентата е лице кое е наведено на полисата како
корисник во случај на смрт на осигуреникот;
- лична рента е договорен паричен износ кој осигурувачот е должен, месечно, да му го исплаќа на осигуреникот во договорениот износ кој е утврден со договорот за осигурување односно со полисата за осигурување;
- полиса е исправа за склучениот договор за осигурување на лична рента;
- премија на осигурувањето е износ кој договорувачот на осигурувањето е должен да му го плати на осигурувачот врз основа на договорот за осигурување на лична рента.
Член 3.
(1) Со договорот за осигурување на лична рента со одредено траење договорувачот се обврзува на осигурувачот да му ја уплати прмијата на осигурувањето, а осигурувачот се обврзува на корисникот да му ја исплати личната рента.
(2) Покрај осигурување на лична рента, по овие Посебни услови, може да се договори и дополнително осигурување, според доплнителните услови на осигурувачот.
(3) По овие посебни услови може да се осигураат лица со наполнети тресет дена живот, и тоа од првиот ден од месецот кој следи по месецот во кој осигуреникот стекнал право на осигурување на лична рента, па се до завршувањето на календарската година во која осигуреното лице навршило 65 шеесет и пет) години на живот.
(4) Сите изјави и барања на договорните страни се поднесуваат исклучително во писмена форма, а се смета дека се поднесени оној ден кога ги примила договорната страна до која се упатени. Во случај ако извештајот се доставува по
пошта, како ден на приемот, за секоја договорна страна, се смета датумот на поштенскиот жиг
II ПОНУДА
Член 4.
(1) Понудата за осигурување на лична рента поднесена на образец на осигурувачот, е составен дел на договорот и ги содржи сите битни елементи на договорот .
(2) Понудата мора да се исполни потполно, вистински и точно, и во неа мора да се наведат сите факти значајни за преземањето на ризиците и склучувањето на договорот .
(3) Осигурувачот има право, по приемот на понудата, да побара и дополнителни податоци, односно утврдување на дополнителни факти битни за склучување на договорот .
(4) Осигуреникот мора да ја потпише понудата во случај кога договорувачот не е воедно и осигуреник.
Член 5.
(1) Писмената понуда за склучување на договорот го обврзува осигурувачот да одговори на понудата 8 (осум) дена од денот кога осигурувачот ја примил понудата за осигурување и дополнителна документација доколку е потребна без лекарски преглед, а ако е потребен лекарски преглед, тогаш за време од 30 (триесет) дена сметано исто така од денот кога ја примил понудата и дополнителна документација доколку е потребна. Ако осигурувачот во тој рок не ја одбие понудата, која не отстапува од условите на осигурувачот под кои се склучува предложеното осигурување, ќе се смета дека ја прифатил понудата и дека договорот е склучен.
(2) Договорувачот, како и самиот осигуреник, должни се со писмен извештај да го известат осигурувачот ако во периодот од поднесувањето на понудата до склучувањето на договорот настапи зголемување на опасноста по здравјето или животот на осигуреникот, како што е потешко заболување или повреда на осигуреникот.
(3) Осигурувачот го задржува правото да ја одбие понудата за осигурување без наведување на причините за одбивање
на понудата, а понудата со приложените документи, освен документите предадени во оригинал, не му се враќаат на договорувачот.
III ПОЛИСА
Член 6.
(1) Полисата за осигурување на лична рента содржи: назив на осигурувачот, име и презиме или назив на договорувачот, име и презиме на осигуреникот и датум на раѓање, почеток и истек на осигурувањето, рокови и висина на уплатената премија, почеток и истек на рентата и износ на месечната рента, име и презиме на корисник во случај на смрт на осигуреникот и датум на издавање на полиста.
(2) Полисата за осигурување на живот е пишан облик на договорот за осигурување на живот.
(3) Потписите на договорувачот и осигуреникот на понудата за осигурување се сметаат за потписи на полисата.
(4) Покрај понудата, полисата и овие Посебни услови, составен дел од договорот за осигурување се и Таблицата на откупни вредности и Таблицата на намалени лични ренти без понатамошно плаќање на премијата (капитализација), кои се врачуваат со полисата. Составен дел од договорот за осигурување го сочинуваат и одредбите од член 2. И 6. Дополнителни услови за осигурување на лица како последица на несреќен случај со осигурување на живот. Ако со осигурувањето на лична рента се договори и дополнително осигурување, составен дел од договорот се и дополнителните услови на осигурувачот за соодветното дополнително осигурување. Ако осигурувачот утврдил зголемен ризик, составен дел од договорор се и Посебните услови за осигурување на зголемени ризици (анормален ризик) со осигурување на живот.
Член 7.
(1) Полиста може да гласи на одредено лице или по наредба, но неможе да гласи на донесувачот.
(2) Осигурувачот издава полиса во еден примерок.
IV ПОЧЕТОК И ИСТЕК НА ОСИГУРУВАЊЕТО
Член 8.
(1) Осигурувањето на лична рента започнува во 0,00 часот, оној ден кој е означен на полисата како почеток на осигурувањето.
(2) Осигурување на лична рента трае до денот кој во полисата е означен како датум за истек на осигурувањето.
V ПРЕМИЈА НА ОСИГУРУВАЊЕТО
Член 9.
(1) Премијата на осигурувањето, како и висината на личната рента ја одредуваат договорувачот и осигурувачот, врз основа на податоците од понудата, важечките ценовници, пристапната старост на осигуреникот, траење на лината рента и роковите на плаќање на премијата.
(2) Кај зголемен ризик во дополнително осигурување, може да се договорат дополнителни премии.
(3) Договорувачот и осигурувачот можат спогодбено да ја менуваат премијата и рентата за време траеење на договорот за осигурување.
Член 10.
(1) Премијата на осигурувањето и осигурената сума се договорат во ЕВРА. Премијата по правило се плаќа во денари. Доколку законските прописи кои го регулираат платниот промет со странски средства на плаќање дозволуваат уплати на премии во ЕВРА плаќањето може да биде извршено и во ЕВРА
(2) Ако е договорено под-годишно плаќање на премијата, осигурувачот пресметува дополнителен надомест за под-годишно плаќање на секоја рата на премијата.
Член 11.
(1) Договорувачот е должен да ја плаќа премијата во договорените рокови и на договорениот начин, а осигурувачот е должен да ја прими премијата од секое лице кое има правен интерес премијата да биде платена.
(2) Премијата е платена оној ден кога осигурувачот ја примил уплатата. Премијата се плаќа на благајната на осигурувачот или се уплатува преку пошта или банка.
(3) Ако уплатата на премијата не може да се спроведе од причини за кои е одговорен договорувачот, се смета дека премијата е платена оној ден кога е спроведена уплатата .
(4) Премијата се плаќа во полн износ без намалување за трошоците на платниот промет.
Член 12.
(1) Осигурувачот има право на законска затезна камата на задоцнетите рати на премијата. Пресметката на законската затезна камата почнува да тече 15 (петнаесеттиот) ден од денот на достасувањето.
(2) Осигурувачот нема право да бара плаќање на премијата по судски пат.
VI ПОСЛЕДИЦИ ОД НЕПЛАЌАЊЕ НА ПРЕМИЈАТА НА ОСИГУРУВАЊЕТО
Член 13.
(1) Ако договорувачот не ја плати премијата ниту 5 (пет) месеци по достасувањето, осигурувачот ќе го повика со препорачано писмо да ја плати достасаната премија во рок од 30 (триесет) дена од денот на врачувањето на препорачаното писмо.
(2) Ако во рокот утврден со препорачаното писмо од став (1) на овој член достасаната премија не ја плати договорувачот ниту тоа го направи некое друго заинтересирано лице, осигурувачот може:
1. Со изјава да го раскине договорот, ако премијата била платена за помалку од 3 (три) години и во тој случај дотогаш платената премија не му се враќа на договорувачот, или
2. со изјава да го извести договорувачот дека се намалува личната рента во случај кога се исполнети условите за капитализација, утврдени со член 24 од овие Посебни услови.
(3) Кај осигурување со еднократна уплата на премијата, не се применуваат
одредбите од ставките (1) и (2) од овој член.
VII ОБВРСКИ НА ДОГОВОРУВАЧОТ НА ОСИГУРУВАЊЕТО
Член 14.
(1) Договорувачот е должен при склучување на договорот да му ги пријави на осигурувачот сите околности кои се значајни за оцената на ризикот, а кои му се познати или не можеле да му останат непознати.
(2) Одредбата на став (1) од овој член особено се однесува на околностите за кои осигурувачот во понудата бара дополнителни податоци.
(3) Договорувачот е должен, на барање на осигурувачот, да ги обезбеди од осигуреникот сите потребни податоци кои се однесуваат на него.
Член 15.
(1) Договорувачот е должен по писме пат да го извести осигурувачот, за промена на адреса, адреса на електронско сандаче и место на плаќање на премијата, најкасно 3 (три) дена по направената промената. Осигурувачот го задржува правото да ги испраќа известувањата на последната позната адреса дадена од договорувачот.
(2) Ако договорувачот не постапи според одредбата на став (1) од овој член, сите последици од известувањата испратени на последната изјавена адреса на договорувачот влегуваат во сила како договорувачот да ги примил.
VIII НЕТОЧНА ПРИЈАВА
Член 16.
(1) Ако договорувачот намерно дал неточна пријава, односно дал неточни податоци или намерно премолчил некоја околност од таква природа што осигурувачот не би склучил договор да знаел за правата состојба на работите и околностите, осигурувачот може во првите две години од почеток на осигурувањето да бара поништување на договорот, односно доколку се работи за податоци кои се од таква природа кои можат да влијаат само на
условите и висината на премијата, осигурувачот може да предложи зголемување на премијата, размерно со зголемениот ризик.
(2) Во случај на поништување на договорот врз основа на став (1) од овој член, осигурувачот ја задржува наплатената премија и има право да бара премија за периодот на осигурувањето во кој побарал поништување на договорот.
(3) Правото на осигурувачот утврдено во став (1) од овој член престанува ако во рок од 3 (три) месеци од денот на дознавањето за неточноста на пријавата или за премолчувањето не му изјави на договорувачот дека има намера да се користи со тоа право.
Член 17.
(1) Ако договорувачот доставил неточна пријава, односно дал неточни податоци, или пропуштил да ги даде бараните известувања, а тоа не го извршил намерно, осигурувачот може во првата година од почеток на осигурувањето, во рок од еден месец од дознавањето за неточноста или непотполноста на пријавата, да изјави дека го раскинува договорот или да предложи зголемување на премијата во размер со зголемениот ризик
(2) Доколку договорот се раскинува врз основа на изјава на осигурувачот, осигурувањето престанува по истекот на 14 (четиринаесет) дена од денот кога осигурувачот му ја соопштил на договорувачот својата изјава за раскинување на договорот, а во случај ако постои предлог на осигурувачот за зголемување на премијата, раскинот настапува ако договорувачот не го прифати предлогот во рок од 14 (четиринаесет) дена од денот на приемот на предлогот.
(3) Во случај на раскин на договорот врз основа на одредбите на овој член, осигурувачот е должен да врати дел од премијата кој се однесува на времето до крајот на осигурувањето.
IX ОБВРСКИ НА ОСИГУРУВАЧОТ
Член 18.
(1) Врз основа на договорот за осигурување на лична рента, осигурувачот е долженсекој месец на денот кој е означен во полисата, однапред да му исплати на осигуреникот договорениот износ на месечната рента.
(2) Во случај на смрт на договорувачот на осигурувањето, кој во моментот кога настапила смрта не бил постар од 65 (шеесет и пет) години, под услов да се поминати 2 (две) години од почеток на осигурувањето, осигурувачот се обврзува, без обврска за понатамошно плаќање на премијата да му ја исплати на осигуреникот личната рента.
(3) Во случај на смрт на двајцата родители на осигуреникот во еден несреќен случај, осигурувачот се обврзува да му исплати на осигуреникот двојна договорена лична рента.
(4) Одредбите од ставовите (2) и (3) од овој член се однесуваат на договорена лична рента со одредно траеење и повеќекратна уплата на премијата, за осигуреници кои во моментот на склучување на договорот за лична рента се помлади од 18 години, а договорот за осигурување на лична рента истече најдоцна до 30 та година од животот на осигуреникот.
(5) Во случај на смрт на договорувачот на осигурувањето поради несреќен случај за време траеење на одложувањето на личната рента, осигурувачот се обврзува, доколку осигурувањето е договорено во евра, да му исплати на осигуреникот износ од 10.000 евра во денарска противвредност. Доколку осигурувањето е договорено во днеари, осигурувачот се обврзува дека на осигуреникот ќе му исплати денарска против вредност од 10.000 евра на денот на склучување на понудата.
(6) Одредбата од ставот (5) од овој член се однесува исклучиво на лична одложена рента со почеток на исплата на личната рента најкасно до 25 година од животот на осигуреникот.
X ИСКЛУЧУВАЊА И ОГРАНИЧУВАЊА НА ОБВРСКИТЕ НА ОСИГУРУВАЧОТ
Член 19.
(1) Ако смрта на осигуреникот настане пред почеток на исплата на рентата, осигурувачот, на крисникот во случај на смрт му ја исплаќа математичката резерва.
(2) Ако смрта настапи на денот на почеток на исплата на рентата или за времетраење на исплата на рентата, осигурувачот на корисникот во случај на смрт, му ја исплаќа личната рента.
Член 20.
(1) Осигурувачот не е обврзан да му ја исплати на корисникот во случај на смрт математичката резерва или личната рента, ако корисникот во случај на смрт намерно ја предизвикал смрта на осигуреникот.
(2) Во случај од став (1) од овој член, осигурувачот е должен, да ја исплати математичката резера на договорувачот или на неговите наследници доколку договорувачот е и осигуреник.
XI ДОГОВОРЕНИ ФОРМИ НА РЕНТА
Член 21.
(1) По овие Посебни услови може да се склучи осигурување за следниве видови на лични ренти со одреднео трааењ:
1. Неодложена лична рента со еднократна уплата на премија;
2. Одложена лична рента со еднкратна уплата на премија;
3. Одложена лична рента со годишна уплата на премија;
(2) На понудата и полисата обавезно се впишува кој вид на лична рента со одредено траење е договорена.
XII ИСПЛАТА НА ЛИЧНА РЕНТА СО ОДРЕДЕНО ТРАЕЊЕ
Член 22.
(1) Осигурувачот е должен да ја исплаќа личната рента согласно договорот за осигурување на денот кој е одреден за исплата, односно најкасно во рок од 3 дена од тој ден.
(2) Останатие обврски од договорот за осигурување , осигурувачот е должен да ги исплати во рок од 8 дена од денот на утврдување на обврската на осигуреникот.
(3) Ако осигурувачот не ја исплати личната рента xxxx останатите договорени одбврски согласно став (1) и (2) од овој член, должен е да пресмета и исплати пропишана затезна камата заедно со доспената рента, односно своите обврски.
XIII ПРАВА НА ДОГОВОРУВАЧОТ НА НА ОСИГУРУВАЊЕТО ПРЕД НАСТАПОТ НА
ОСИГУРЕНИОТ СЛУЧАЈ
Член 23.
(1) Договорувачот може најдоцна 30 (триесет) дена пред почетокот на новата осигурителна години да побара промени по полисата.
(2) Осигурувачот може од оправдани причини да го одбие барањето на договорувачот.
Член 24.
(1) Кај осигурување на лична рента со годишна уплата на премија, договорувачот може да побара капитализација на осигурувањето без понатамошно плаќање на премијата со намалена договорена сума според Таблицата на намалени осигурени суми без понатамошно плаќање на премијата (капитализација).
(2) Капитализација на осигурувањето е возможно ако изминале 3 (три) години и ако е платена премија за 3 (три) години.
(3) Со капитализација престануваат да важат договорените дополнителни осигурувања.
(4) Осигурувачот со допис го исзвестува договорувачот за новата лична рента.
(5) Кај осигурување со еднократно плаќње на премијата не се применуваат
одредбите од ставовите (1), (2), (3) и (4) од овој член.
Член 25.
(1) Осигурувачот може, на барање на договорувачот, да ја исплати откупната вредност на полисата врз основа на Таблицата на откупни вредности, ако откупот е возможен.
(2) Откуп е возможен ако изминале 3 (три) години и ако е платена премија за 3 (три) години.
(3) Кај осигурување со еднократна уплатена премија , договорувачот може да побара откуп на осигурувањето според Таблицата на откупни вредност под услов да е помината најмалку една година од денот на ппочеток на осигурувањето.
(4) Обврската на осигурувачот во случај на откуп настанува во 00,00 часот оној ден кога е исплатена откупната вредност.
Член 26.
(1) На барање на договорувачот, осигурувачот може да одобри заем врз основа на склучениот договор.
(2) Ако договорувачот не е осигуреник, заемот може врз основа на согласност на договорувачот да побара и осигуреникот, во кој случај договорувачот воедно е и солидарен гарант на осигуреникот.
(3) Осигурувачот и договорувачот на осигурувањето склучуваат договор за заем кои се бележи на полисата.
XIV ОБНОВА НА ДОГОВОРОТ ЗА ОСИГУРУВАЊЕ
Член 27.
(1) Осигурување со одложена лична рента со годишна уплата на премија кое престанало да важи поради раскин на договорот или е претворено во осигурување со намалена осигурена сума без понатамошно плаќање на премијата (капитализација) може да се обнови на писмено барање на договорувачот, најдоцна во рок од 12 (дванаесет) месеци од истекот на месецот за кој е платена последната премија.
(3) Осигурувањето кое престанало да важи поради раскин на договорот или е претворено во осигурување со намалена осигурена сума без понатамошно плаќање на премијата (капитализација) може да се обнови само ако до денот на обновата се платени сите достасани премии под услов здравствената состојба на осигуреникот да е поволна за прифаќање во осигурувањето .
XV УЧЕСТВО ВО ДОБИВКА
Член 28.
(1) Договорувачот, осигуреникот, односно корисникот учествува во распределбата на остварената добивка на осигурувачот во осигурување на живот
(2) Како остварена добивка се подразбира добивката што осигурувачот може да ја припише кон личната рента, а произлегува од располагањето со средствата на договорувачот. Висината и начинот на учеството во добивката се утврдуваат со посебна одлука на Собранието на акционери на Друштвото.
(3) Лицата од став (1) на овој член право на учество во распределбата на остварената добивка на осигурувачот при осигурување на одложена лична рента со годишна уплата на премијата се стекнуваат со истекот на рокот од 24 (дваесетичетири) месеци од датумот на почетокот на осигурувањето, под услов премијата да е платена во целост до денот на пресметката.
(4) Лицата од став (1) од овој член кои иматат договорено осигурување со еднократна платена премија, право на учество во распределба на добивкаата на осигурувачот стекнуваат со истек на рокот од 12 (дванасет) месеци од датумот на почетокот на осигурувањето.
(5) Уделите во добивката се пресметуваат на ден 31 декември секоја година, а договорувачот за тоа се известува во тековната година за изминатата година.
(6) Кај лична рента уделот во добивката се исплаќа заедно со месечната рента.
XVI РАСПОЛАГАЊЕ СО ПРАВАТА ОД ОСИГУРУВАЊЕТО
Член 29.
(1) На договорувачот му припаѓаат сите
права од склучениот договор, сè додека не настапи смрт на осигуреникот.
(2) Сите изјави и барања на договорувачот се обврзувачки за осигурувачот доколку се дадени во пишана форма или на
образец на осигурувачот, и примени се од страна на осигурувачот пред настапи смрт на осигуреникот.
(3) Доколку корисникот умре пред доспевање на личната рента, осигурената сума не му припаѓа на неговите наследници, туку на следниот корисник, а ако тој не е одреден, тогаш на имотот на договорувачот
XVII КОРИСНИК
Член 30.
(1) Договорувачот го одредува корисникот на полисата.
(2) Xxxxxxxxxx не мора да биде одреден по име, туку е доволно во полисата да се наведени нужните податоци за неговото одредување.
(3) Кога за корисници се одредени децата или потомците, користа им припаѓа и на оние кои се родени подоцна, а користа наменета на сопружникот му припаѓа на лицето кое било во брак со осигуреникот во моментот на неговата смрт.
(4) Ако корисникот е малолетно лице, личната рента им се исплаќа на родителите односно на законските старатели. Во случај на спор, осигурувачот има право да бара од родителите односно старателите да обезбедат решение од законодавното тело за старателство со кое се одредува лицето овластено за прием на договорената сума која му припаѓа на малолетното лице.
(5) Договорувачот може и со некој подоцнежен правен акт, вклучувајќи и тестамент, да именува лице на кое му припаѓа правото од договорот.
(6) Право на исплата на личната рента има само корисникот и тоа од самото склучување на договорот, без оглед на тоа како и на кој начин е одреден за корисник.
XVIII ВАЛУТА НА ОБВРСКАТА
Член 31.
(1) Ако премијата е договорена во ЕВРА, премијата се уплаќа во денарска противвредност по средниот курс на Народна банка на Република Македонија на денот на уплатата.
(2) Личната рента договорена во ЕВРА и припишаната добивка се исплаќаат во денарска противвредност според средниот курс на Народна банка на Република Македонија на денот на исплатата.
XIX ИЗДАВАЊЕ НА ЗАМЕНСКА ПОЛИСА
Член 32.
(1) Договорувачот е должен да го пријави кај осигурувачот исчезнувањето на полисата веднаш откако дознал дека исчезнала и да го објави нејзиното исчезнување во службен весник на Република Македонија.
(2) Осигурувачот може да побара, за винкулирана или заложена полиса или полиса на која е забележена некоја друга правна работа, како и за полиса до одредена висина на личната рента, да бара извршување на амортизациска постапка, односно да го условува издавањето на заменската полиса со доставување на правосилна судска пресуда со која исчезнатата изворна полиса се прогласува за неважечка.
(3) Осигурувачот издава заменска полиса во рок од 15 (петнаесет) дена од денот на објавувањето на исчезнатата полиса во Службен Весник на Република Македонија, односно од денот на правосилноста на судската пресуда.
(4) Договорувачот ги сноси сите трошоци во врска со издавањето на заменската полиса.
XX НАДОМЕСТОЦИ
Член 33.
(1) Договорувачот е должен на осигурувачот однапред да му плати надомест за сите услуги кои посебно ги бара од осигурувачот во висина која тој ја одредува .
(2) Договорувачот е должен, со договорената премија, да ги плати и сите придонеси и даноци воведени со прописите .
XXI. ЗАШТИТА НА ПОТРОШУВАЧИ Член 34
(1) Во случај кога договорувачот, осигуреникот, односно корисникот на осигурувањето смета дека осигурувачот не се придржува кон одредбите од договорот за осигурување, истиот може да достави претставка со цел xxxxxxxxx решавање на настанатиот спор до:
1) Соодветна организациона единица надлежна за решавање на спорови меѓу договорни страни во рамките на друштвото за осигурување;
2) Служба за внатрешна ревизија во друштвото за осигурување;
3) Организација за заштита на потрошувачи, и
4) Агенција за супервизија на осигурување
(2) Заемната согласност помеѓу осигурувачот и подносителот на претставката постигната во вонсудска постапката ќе биде во форма на меѓусебна спогодба.
Член 35
(1) Осигурувачот е должен да го почитува принципот на доверливост на информациите кои се достапни во процесот на постапување со претставките.
XII. ЗАШТИТА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ Член 36
Сите лични податоци со кои Друштвото располага како резултат на склучувањето на договорите за осигурување ќе бидат користени и обработувани во согласност со Законот за заштита на личните податоци и во согласност со интерните акти за заштита на лични податоци кај KРОАЦИА ОСИГУРУВАЊЕ – АД за осигурување на Живот.
XXIII. ЗАСТАРЕНОСТ
Член 37
(1) Рокот за застареност за поднесување на барање по договор за осигурување изнесува 5 години.
(2) Застарувањето се смета дека настапило по истекот на годината во која било можно да се бара надоместокот.
XXIV ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ
Член 38.
За односите помеѓу осигурувачот,
осигуреникот, договорувачот, корисникот и другите лица на кои се однесува, а не се уредени со овие Посебни услови, се применуваат одредбите на Законот за облигационите односи.