Common use of Појаснување на понудите Clause in Contracts

Појаснување на понудите. 5.3.1 При проверката на комплетноста и валидноста на документацијата за утврдување на способноста на понудувачот и при евалуација на понудата, комисијата може да побара понудувачите да ги појаснат или дополнат документите, доколку не станува збор за значителни отстапувања од бараната документација, внимавајќи со бараното појаснување или дополнување да не создава предност во корист на одреден економски оператор. 5.3.2 Бараното објаснување понудувачот го доставува преку ЕСЈН во рок кој го определила комисијата. 5.3.3 Комисијата не смее да бара, ниту да дозволува никакви промени во финансиската и техничката понуда, освен исправката на аритметички грешки. 5.3.4 Комисијата во примерен рок може да побара од понудувачот, а со цел за објаснување на понудата, превод на делот од понудата кој е во врска со техничката документација за кој во тендерската документација дозволил истата да биде изработена на странски јазик.

Appears in 3 contracts

Samples: Договор За Јавна Набавка На Стоки, Договор За Јавна Набавка На Стоки, Договор За Јавна Набавка На Стоки