ПРЕСТАНОК НА РАБОТНИОТ ОДНОС Примери за клаузули

ПРЕСТАНОК НА РАБОТНИОТ ОДНОС. (1) Актот за вработување на работникот во јавна високообразовна и научна установа престанува да важи: - со изминување на времето за коешто бил склучен; - со смрт на работникот или престанок на работодавачот; - со спогодбено раскинување; - со отказ од работникот; - со отказ од работодавачот поради лични причини и вина на работникот; - со отказ од деловни причини; - со отказ, доколку со правосилна одлука му е забрането да врши определени работи од работен однос или ако му е изречена воспитна, или безбедносна мерка, поради која не може да врши работи подолго од шест месеци, со денот на применување на таа мерка, како и со отказ ако поради издржување на затворска казна ќе мора да биде отсутен од работа повеќе од шест месеци, со денот на стапување на издржување на казната затвор; - поради губење на работната способност со денот на доставување на правосилното решение за утврдување на изгубената работна способност; - со исполнување на условите за пензија согласно со закон; - со предвремен престанок на изборот во звање и - во други случаи утврдени со закон. (2) При престанување на работниот однос, работодавачот е должен најдоцна во рок од три дена да му ги врати на работникот сите негови документи и да му издаде потврда за видот на работата што ја вршел, а во која не смее да наведе ништо што би му го отежнало на работникот склучувањето на нов акт за вработување. (3) Работникот кој е 5 години пред пензионирање, не може да биде прогласен за делумен или целосен технолошки вишок.
ПРЕСТАНОК НА РАБОТНИОТ ОДНОС. Видови на престанок на работен однос
ПРЕСТАНОК НА РАБОТНИОТ ОДНОС. XI.1. Видови на престанок на работен однос (1) На работникот му престанува работниот однос: - со спогодба; - по негово барање; - по сила на закон и - во други случаи утврдени со закон и овој договор. (2) На работникот му престанува работниот однос со спогодба, кога со работодавачот ќе склучи писмена спогодба за престанок на работниот однос. (3) На работникот му престанува работниот однос кај работодавачот, ако поднесе писмено барање за престанок на работниот однос. (4) Во случај на престанок на работниот однос по барање на работникот, отказниот рок трае 30 дена од денот на поднесувањето на барањето за престанок на работниот однос, освен ако со закон поинаку не е утврдено. (5) На работникот му престанува работниот однос по сила на закон, ако: - ја загуби работната способност со денот на доставувањето на правосилното решение за утврдување на загубената работна способност; - му престане државјанството на Република Македонија, со денот на доставувањето на решението за отпуст од државјанство на Република Македонија; - биде осуден за кривично дело во врска со службената должност, со денот на правосилноста на пресудата; - му е изречена казна забрана за вршење професија, дејност или должност, со денот на правосилноста на пресудата; - поради издржување на казна затвор во траење подолго од шест месеца, со денот на започнувањето на издржување на казната; - со денот на исполувањето на законските услови за старосна пензија; - неоправдано отсуствува од работа најмалку три работни дена последователно во еден месец; - се утврди дека при вработувањето премолчил или дал невистинити податоци во однос на општите и посебните услови за вработување; - во рок од три работни дена не се врати на работа по завршувањето на неплатеното отсуство поради стручното оспособување или усовршување; - органот на државната управа, надлежен за инспекциски надзор, во рок од една година утврди дека вработениот е вработен спротивно на законските одредби и - се исполнети други услови согласно закон. (6) Решението за престанок на работниот однос на работникот го донесува работодавачот. (7) Решението за престанок на работниот однос се врачува лично на работникот, по правило во работните простории, односно на адреса на неговото живеалиште, односно престојувалиште. (8) Ако работникот не може да се пронајде на адресата на живеалиштето, односно престојувалиштето или ако го одбие врачувањето, решението се прикачува на огласната табла во работните простории на работодавачот и по изминувањето на 8 (осум) ден...
ПРЕСТАНОК НА РАБОТНИОТ ОДНОС. Член 164 Работниот однос на вработениот му престанува согласно Законот за вработените во јавниот сектор, Законот за административните службеници, Законот за работните односи, друг закон, општите одредби за работните односи и Колективните Договори.

Related to ПРЕСТАНОК НА РАБОТНИОТ ОДНОС

  • Критериуми за утврдување на способност на понудувачот или кандидатот IV.2.1) За докажување на личната состојба, економскиот оператор треба да ги достави следниве документи: - изјава на економскиот оператор дека во последните пет години не му била изречена правосилна пресуда за учество во злосторничка организација, корупција, измама или перење на пари - потврда дека не е отворена постапка за стечај од надлежен орган - потврда дека не е отворена постапка за ликвидација од надлежен орган - потврда за платени даноци, придонеси и други јавни давачки од надлежен орган од земјата каде што економскиот оператор е регистриран - потврда од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица дека не му е изречена споредна казна забрана за учество во постапки за јавен повик, доделување на договори за јавна набавка и договори за јавно-приватно партнерство - потврда од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица дека не му е изречена споредна казна привремена или трајна забрана за вршење на одделна дејност - потврда дека со правосилна пресуда не му е изречена прекршочна санкција - забрана за вршење на професија, дејност или должност, односно привремена забрана за вршење одделна дејност IV.2.2) Способност за вршење професионална дејност на економскиот оператор: IV.2.3) Економска и финансиска состојба на економскиот оператор: Потребни документи за докажување на економската состојба на економскиот оператор: Минимум критериуми за утврдување на економската и финансиската состојба на економскиот оператор: IV.2.4) Техничка или професионална способност на економскиот оператор: Потребни документи за докажување на техничката или професионалната способност на економскиот оператор: Минимум критериуми за утврдување на техничката и професионалната состојба на економскиот оператор: IV.2.5) Стандарди за системи за квалитет: IV.2.6) Стандарди за управување со животна средина:

  • Доверливост на процесот на евалуација на понудите 5.2.1 Ниту една информација во врска со разгледувањето, оценката и споредбата на понудите во процесот на евалуација нема да им се откријат на економските оператори или на кои било други лица што не се службено вклучени во тој процес.

  • Способност На Економските Оператори 6.1 Економскиот оператор за да се квалификува за способен за извршување на предметот на рамковната спогодба за јавна набавка, потребно е да ги исполнува барањата на договорниот орган по однос на способност на економските оператори, а како доказ доставува изјава за докажување на способност или документи за утврдување на способност.

  • Право на учество 1.9.1 Економскиот оператор кој има една или повеќе негативни референци, групата економски оператори во која членува економски оператор кој има негативна референца, како и економскиот оператор кој претставува поврзано друштво со економскиот оператор кој има негативна референца, нема право на учество. 1.9.2 Право да достави понуда има секое заинтересирано домашно и странско правно и физичко лице - понудувач, кое е регистрирано за вршење на дејноста поврзана со предметот на договорот за јавна набавка. 1.9.3 Право да достави понуда има и група на понудувачи без обврска за здружување во соодветна правна форма. Договорниот орган нема да бара од групата на понудувачи да се здружи во посебна правна форма доколку истата биде избрана за носител на набавката. 1.9.4 Составен дел од групната понуда е договор за поднесување групна понуда со кој членовите во групата економски оператори меѓусебно и кон договорниот орган се обврзуваат за извршување на договорот за јавна набавка. Овој договор потребно е да ги содржи следниве податоци: членот на групата кој ќе биде носител на групата, односно кој ќе ја поднесе понудата и ќе ја застапува групата, членот на групата кој во име на групата економски оператори ќе го потпише договорот за јавна набавка, членот на групата кој ќе ја издаде фактурата и сметка на која ќе се вршат плаќањата, краток опис на обврските на секој од членовите на групата економски оператори за извршување на договорот. 1.9.5 Сите членови на групата на понудувачи се поединечно и солидарно одговорни пред договорниот орган за извршување на своите обврски. Договорниот орган ќе комуницира со претставникот на групата на понудувачи. 1.9.6 Економскиот оператор во рамките на иста постапка за доделување на договор за јавна набавка може да учествува само во една понуда. Сите понуди ќе бидат отфрлени ако економскиот оператор: 1.9.7 Лицата кои учествувале во изработка на тендерската документација не смеат да бидат понудувачи или членови во група на понудувачи во постапката за доделување на договорот.

  • Информации од доверлив карактер 1.13.1 Договорниот орган ќе ги заштити информациите кои економскиот оператор ги има означено како доверливи, особено кога станува збор за деловна тајна или права од интелектуална сопственост, освен во случаите каде по сила на закон Договорниот орган е должен да ги достави овие информации до надлежните органи (во случај на жалбена постапка, поведување на управен спор и слично). За таа цел, економскиот оператор треба да направи листа на доверливи информации со користење на Образецот на листа на доверливи информации во прилог на оваа тендерска документација и истата да ја достави заедно со својата понуда. 1.13.2 Доколку економскиот оператор не ја достави листата на доверливи информации заедно со својата понуда, договорниот орган ќе смета дека предметната понуда не содржи информации од доверлив карактер. 1.13.3 Цената на понудата не се смета за доверлива информација во ниту еден случај.

  • Набавки од мала вредност Набавки од мала вредност

  • Гаранција за квалитетно извршување на договорот 7.5.1 Услов за потпишување на Договорот со избраниот најповолен понудувач е обезбедување гаранција од страна на избраниот најповолен понудувач за квалитетно извршување на договорот во висина од 10% од вкупната вредноста на Договорот со вклучен ДДВ. 7.5.2 Гаранцијата од точка 7.5.1 се доставува во вид на банкарска гаранција во писмена форма. Гаранцијата треба да биде поднесена во оригинална форма. Копии не се прифаќаат. 7.5.3 Гаранцијата за квалитетно извршување на договорот ќе биде со важност најмалку 1 (еден) месец по истекот на рокот за целосно реализирање на договорот. Договорниот орган по извршениот избор на најповолен понудувач дополнително го утврдува крајниот датум на важност на гаранцијата. 7.5.4 Банкарската гаранција за квалитетно извршување на договорот ќе биде во валутата на која гласи договорот. 7.5.5 Гаранцијата за квалитетно извршување на договорот треба да биде издадена од банка. 7.5.6 Гаранцијата за квалитетно извршување на договорот избраниот најповолен понудувач ја доставува во рок од 20 дена од добиеното известување за извршениот избор, а пред склучување на договорот. 7.5.7 Гаранцијата за квалитетно извршување на договорот се доставува во определениот рок, и тоа: по пошта или лично во Царинската управа, Одделение за јавни набавки, ул. ,,Колекторска“ бб, Скопје. 7.5.8 Гаранцијата за квалитетно извршување на Договорот ќе биде наплатена доколку Носителот на набавката не исполни некоја од обврските од договорот за јавна набавка во рокот на стасаноста, за што писмено ќе го извести Носителот на набавката. Доколку дојде до наплата на гаранцијата за квалитетно извршување на договорот, договорниот орган ќе објави до ЕСЈН негативна референца. За наплатата на банкарската гаранција за квалитетно извршување на договорот и за објавувањето на негативна референца на ЕСЈН, Носителот на набавката може да покрене спор пред надлежниот суд. 7.5.9 Доколку договорот за јавна набавка е целосно реализиран согласно договореното, банкарската гаранција за квалитетно извршување на договорот договорниот орган му ја враќа на Носителот на набавката во рок од 14 дена од целосното реализирање на обврските по договорот. 7.5.10 Гаранцијата за квалитетно извршување на договорот, Договорниот орган му ја враќа на Носителот на набавката по пошта, лично во седиштето на економскиот оператор или лично во седиштето на Договорниот орган.

  • ПОСТАПКА III.1)Вид на постапка: Отворена постапка III.2)Меѓународна објава: Не III.3)Критериум за доделување на договор за јавна набавка: Најниска цена III.4)Дали постапката за доделување на договор за јавна набавка била реализирана со користење на електронски средства? Не III.5)Дали била користена електронска аукција? Да

  • Предмет на договорот за јавна набавка 1.3.1 Предмет на договорот за јавна набавка е : 1.3.2 Предметот на договорот за јавна набавка не е деллив. Понудувачот во својата понуда треба да ги вклучи сите составни делови. Во спротивно понудата ќе се смета за неприфатлива. 1.3.3 Детален опис на предметот на договорот за јавна набавка е даден во техничката спецификација која е составен дел на тендерската документација.

  • Применливи прописи 1.6.1 Оваа постапка се спроведува согласно со Законот за јавните набавки, објавен во Службен весник на Република Македонија број 27/15, 78/15, 192/15, 27/16, 120/16 и 165/17, како и донесените подзаконски акти. 1.6.2 При подготовка на својата понуда, понудувачот треба да ги има предвид важечките прописи од областа на даноците и другите јавни давачки, работните односи, работните услови и заштитата при работа и прописите кои ја регулираат материјата која е предмет на набавка. Сите прописи може да се најдат во соодветните изданија на Службен весник на Република Македонија. Дополнителни податоци во однос на важечките прописи од горенаведените области, понудувачот може да добие од Управата за јавни приходи, Царинската управа и Министерството за финансии (за даноците и другите јавни давачки), Министерството за труд и социјална политика (за работните односи, работните услови и заштитата при работа).